Print Page | Close Window

Double Tree Hilton - Skopje

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=957
Printed Date: 19-Jul-2018 at 10:40


Topic: Double Tree Hilton - Skopje
Posted By: axel
Subject: Double Tree Hilton - Skopje
Date Posted: 08-Apr-2010 at 14:52
Распишана објава за локација во општина Аеродром наменета за изградба на хотели - 8.4.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување по пат на jавно наддавање на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Аеродром, наменето за изградба на хотели.

 

Предмет на јавното наддавање се две градежни парцели со вкупна површина од 11.972 m2. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.

 

Почетна цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари по метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат за да се доставуваат најдоцна до 12.05.2010година. Јавното наддавање ќе се одржи на ден година, во просториите на Министерството за транспорт и врски, со почеток во10:00 часот.

 

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерство за транспорт и врски: http://www.mtc.gov.mk/ -



Replies:
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-May-2010 at 11:40
na mtc.gov.mk e objaveno deka 'stone bridge' pobedil na tenderot za hotel vo aerodrom

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 14:08

Се надевам дека е лага или шпекулација..Confused 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2010 at 14:18
“Стоун Бриџ Хотел“ ќе гради хотел во Аеродром

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/72281/min-za-transport-i-vrski.jpg">

Скопската компанијата “Стоун Бриџ Хотел“ е избрана за најповолен понудувач на јавното наддавање за локацијата намената за изградба на хотел во општината Аеродром, соопшти Министерството за транспорт и врски.

За локацијата со вкупна површина од 5 175 метри квадратни “Стоун Бриџ Хотел“ понудиле 33 637 500 денари.

“Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени“, велат од Транспорт.

Компанијата има рок од девет месеци по потпишувањето на договорот да обезбеди дозвола за градба, а потоа хотелот да се изгради во роковите согласно Законот за градба. Ако објектот не биде изграден во законските рокови, договорот ќе биде раскинат.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=72281&kategorija=2


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2010 at 14:33
Знае ли некој која е локацијата - дали е кај 3-та Македонска Бригада или до кејот на Вардар, бидејќи и таму и таму се впишани маркици за хотели.

@Skyboy малку не ми е јасно што има лошо во тоа што победил Stone Bridge? Очекуваше некој светски ланец да победи?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2010 at 15:19
@ SkyBoy
Чим е објавено од Министерството за транспорт и врски, не ќе да е лага или шпекулација. Што те багира во однос на Стоун Бриџ?


@ La Linea





А за на 3-та Македонска бригада не сум приметил дека има вцртано хотели. Каде поточно?



Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 15:28
Кловер имаме информација на порталот за ова? Сега барав не можев да најдам (инфо за кога била најавена лицитацијава). Уствари тоа што сакам да те прашам е од каде си сигурен дека се работи за оваа локација? 


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-May-2010 at 15:28
Не бе момци немам забелешки на квалитетот на информацијата 
 
Повеќе реагирав разочарувачки дека очекував некој познат бренд и тука, особено не стоун бриџ, за кои воопшто немам позитивно мислење..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2010 at 15:30
@ pbanks

http://www.build.com.mk/?p=2689 - http://www.build.com.mk/?p=2689


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2010 at 15:33
Aaaa ok Klover, ја видов таа вест, само не ја отворив пошто мислев дека е само за облакодерите.

@SKajBoj

јас лично не сум разочаран, за големите брендови има многу поинтересни локации во Скопје (на кои уште не влегле), а од инвестициски аспект, секогаш ме радуваат домашните инвестиции.


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2010 at 15:34
Изгледа грешката во оваа вест постирана малку поназад ме избагирала малку

Originally posted by axel

ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Покрај Вардар ќе никнат два хотела Жителите на општина Аеродром ќе добијат тениски игралишта, сали за хокеј и забавен воден парк, кои ќе се градат во околина на два сосема нови хотели, покрај реката Вардар на крстосницата на булеварите Трета македонска бригада и Србија. За таа цел општината објави тендер, за кој ќе се собираат понуди од физички и од правни лица, кои ќе ги исполнуваат воспоставените услови за изградба на хотелите. Двете земјишта што се отуѓуваат се со вкупна површина од 11972 квадратни метри, а се очекува завршувањето на хотелите да биде за четири години, од денот на правосилноста на одобрението за градба. Оној што ќе го добие земјиштето за градење, како најповолен понудувач, должен е да обезбеди студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, која треба да биде одобрена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.                                                                                                                                                                                                                                                                    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1991&ArticleID=138188


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2010 at 18:22
Се потврдува и според квадратурата на маркицата. Проверете во табелата, тоа е маркицата 2.9. А колку што гледам има и 198 паркинг места. Тоа се оние пред хотелот или се во рамки на маркицата како гаражи?! А ова 20 метра висина П+5 ми изгледа дека хотелов и нема да се разликува многу од околните станбени згради. Нема логика, можело да се пушти малку повеќе слобода на инвеститорот.

http://aerodrom.gov.mk/Images/dup/JaneSandanskiUEG.jpg - http://aerodrom.gov.mk/Images/dup/JaneSandanskiUEG.jpg


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2010 at 20:17
Хотелот во Аеродром. Ова заради ориентација.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jun-2010 at 09:24

Незнам како му е името..... но решив да му отворам нишка.... затоа што почнуваат пополека.... ако можеби сеуште е рано префрлете во друга нишка.....

иначе пред неколку дека се рамнеше..... сега заградуваат

па за понатаму ќе видиме....

инаку за апдејти сум тука, пред зграда ми е.... па ќе си земам задолжение.... ако има работа, ако се продолжи во градба..... 



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Jun-2010 at 13:34
Па можеше веројатно имево да го дадеш според адреса, од Google Earth или нешто приближно...а сликава, да си здрав и жив , се ни е јасно...може требаше да причекаш, па да напраиш барем 2-3 поубави...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jun-2010 at 13:59

го сменив името....

а за слики, имам десетина, ама не можам да ги ставам, ми се појавуваат проблеми.....

оваа ја направив од прозорец со зум оддалеку и затоа испадна вака... после искочив и направив неколку слики.... е сега од телефон се... што да праам .... немам камера.... 

ја направив колку да се знае дека се почнува со хотелот... ке помине некој да слика со асална камера, а јас со мобилниот, колку да се забележи напредок......



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jun-2010 at 14:09

еве почнаа да излегуваат..... и овие не се нешто којзнае што.... ама се трудам...зарем не... колку можам





Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jun-2010 at 14:13



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2010 at 14:30
Originally posted by FoSsiL

ама се трудам...зарем не... колку можам
  Thumbs%20Up  Cheers

Само би било добро да се намали резолуцијата, вака сликите се огромни, а без потреба. Практично сите сервиси за хостирање имаат опција за автоматско подесување на резолуција. Еве и кај овој што си го искористил (http://www.fotografija.com.mk/) пред да ја качиш сликата кликни на промени и кај посакувана ширина впиши 800.


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Jun-2010 at 14:45
Супер ти се сликите, јас не знаев дека плацов е заграден иако живеам на 100 метри од овде


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jun-2010 at 14:51

  попатно.... забележавте дека едниот автобус... тој кремастиот Волво го нема.....  

едит: забележивте е забележавте Big%20smile



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2010 at 15:12
Океј, нишкава е сега средена, потребните постови од други нишки се копирани или преместени овде, а дискусијата за дијалектите е избришана  Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2010 at 15:17
Добро, а зашто толкаво комплексно име за нишкава. Наједноставно Хотел Stone Bridge Аеродром.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2010 at 15:20
Ама тоа би сугерирало дека хотелот така ќе се вика, а за тоа нема никаква информација.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 15-Jun-2010 at 18:03
Па тогаш стави го во наводници де "Стоун Бриџ Хотел" Аеродром Big%20smile како дотичните подоле, алудираш на инвеститорот засега..
 
Originally posted by lslcrew

“Стоун Бриџ Хотел“ ќе гради хотел во Аеродром

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/72281/min-za-transport-i-vrski.jpg">

Скопската компанијата “Стоун Бриџ Хотел“ е избрана за најповолен понудувач на јавното наддавање за локацијата намената за изградба на хотел во општината Аеродром, соопшти Министерството за транспорт и врски.

За локацијата со вкупна површина од 5 175 метри квадратни “Стоун Бриџ Хотел“ понудиле 33 637 500 денари.

“Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени“, велат од Транспорт.

Компанијата има рок од девет месеци по потпишувањето на договорот да обезбеди дозвола за градба, а потоа хотелот да се изгради во роковите согласно Законот за градба. Ако објектот не биде изграден во законските рокови, договорот ќе биде раскинат.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=72281&kategorija=2


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 18-Jun-2010 at 16:00

го заградија целосно, ќе треба од повисоко да се слика...... во потреага сум по место, но зависи како ќе се одвиваат работите..... можеби брзо ќе излезе на површина и над оградата.... но ќе видиме.......

јас му давам 2 години до целосна изградба..... 2,5 до отварање..........

пс. најверојатно мостот ќе биде добро место за сликање..... и така парцелата е пониска од околните површини.....



Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jun-2010 at 00:10
Забеган, ако добро памтам ти имаше поглед на местово? Или некој друг член на форумов живееше тука?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Jun-2010 at 18:48

имам јас ќе сликам.... само брат ми ми го собра телефонот сега..... а асална камера немам... но ќе заврши работа

а баш сакав да сликам......

се подготвуваат.......

поминаа едно 6-7 шлепери со арматури и други метални материјали..... и уште стигаат...сега баш помина еден........... а еден титка, рикверц беше... мајка ми мислеше нешто до компјутерот да не е.......

има и една дигалка..... и колку што гледам три паркирани шлепери..... 

сепак мислам дека прво ќе треба да ископаат уште за темели... така и ќе биде... 

ќе видиме деновиве



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Jun-2010 at 18:50
се уште не гледам некоја табла да имаат поставено..... ама и ова лисјава и гранкиве од дрвава многу ми сметаат...........


Posted By: Djole88
Date Posted: 21-Jun-2010 at 22:57
јас во среда ќе сликнам од мостот, од таму проаѓам за на факултет


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Jun-2010 at 12:53

еве нешто од денес.... вчера што се истовараа...... се гледа малку и од позади како се полни дупката...... 

се гледаат и двата Волво автобуси.... пак ги вратија...и уште седат така.... помислив да не биле да ги регистрираат.... ама табличките им е се уште странски.....



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Jun-2010 at 17:53
треба да се шири Авној и тоа што побрзо......


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Jul-2010 at 19:02

ништо посебно

има многу багери, булдужери, друго ништо посебно..... поготово повеќе ги има накај аквапаркот

и кај најдов на облачно време да сликам, ама досадно ми беше и отидов да видам....



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Jul-2010 at 11:38

Од вчера. Плус натаму накај аква-паркот. Ги тргнаа, па пак ги вратија автобусите, незнам што прават, како да ги провозуваат да не им стојат така, да бидат во форма, инаку мислам дека сеуште се со странски таблички. 



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Jul-2010 at 11:45
Мислам дека дупката во позадина, на левата страна на Вардар е таа за Космос. Незнам, ај видете.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jul-2010 at 17:07
ФОН отпозади уште е карабина? 

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Djole88
Date Posted: 11-Jul-2010 at 12:28
ФОН главната зграда која е во Г форма, е пола пола направена.Едниот крак кој е пуштен во употреба, на задниот дел има недовршени делови од фасадата. Другиот крак кој бил предвиден за студентски дом е на карабина + неколку прозори. До ФОН има уште два објекти кои немам појма што се, ама се шпекулира дека се на ФОН и дека било планирано Медицински факултет + Мед Центар да се отвара. Ама од тоа сега за сега ништо.


Posted By: Djole88
Date Posted: 14-Sep-2010 at 12:55
status quo нема никаков напредок тука. Вчера носев и апарат демек да сликам, ама нема ништо


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 14-Sep-2010 at 13:14
Огромни апетитни парцели стојат празни со години во строгиот центар на градот, потоа кај Александар Палас, Алумина и Карпош, кои се на навистина убави локации за секакви бизнис содржини, вие навистина ли очекувавте дека на полјаниве на крајот на градот, ќе никнат облакодер, трговски и други чуда?

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Oct-2010 at 19:18

се е исто..... плус фотки од аква паркот, зашто не знаев каде да ги ставам.... од вчера се....




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Oct-2010 at 17:48
Hotelot + akvaparkot(by fossil)
http://img811.imageshack.us/i/photo0019a.jpg/">




-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:33
Вака. Ај тука ќе пишам. Целиот тој потег кај што беше маврово монт заедно со хотелот, салата и аквапаркот, мислам дека сопствениците се имаа договорено како ќе се гради. Бидејќи салата би имала скоро ич пристап за градежна машинерија најверојатно ќе се работи од кај хотелот, а хотелот да се изгради по завршување на салата. Бидејќи тој има простор каде што би бил паркот што би бил изграден по неговата изградба.

Ај да не должам. На парцелата на хотелот има донесено неверојатно многу градежни материјали, оние контенјери што се за работници, нешто машинерија, И еден Кран. Кој засега не е поставен.

Најверојатно се спрема нешто. Сликав, ама сега веќе стари се сликите. Ме мрзеше да ги пуштам, многу беа, а нетот како и секогаш ми е бавен. Ќе сликам ако има нешто посериозно.

Друга работа е пак што аквапаркот најверојатно почна да се рамни. Имаше два валјаци и еден човек кој собираше поголеми камења пред па да не ве лажам мислам две недели, не сум бил да видам сега. Грешка моја, проверив 9 дена биле. Од 11 Април.

Така да мислам дека се спремаат да почнат со градење, ако ништо друго на салата. Која има ископано дупка за темели, но се наполни со вода. Тоа можеби е уште една причина зошто се што е потребно за градба е донесено на парцелата на хотелот. Најверојатно имаат во план брзо да ја испумпаат водата, да постават потпорни зидови, темели и хидроизолација и да почнат со градба.

Ќе видиме...


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: dule
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:36
Некое си мало раздвижување околу изградбата на хотелот и аква паркот.Потребните челични конструкции за кранот се донесени и има ископано длабока дупка кај аква паркот како и има донесено посебни простории за работниците.
1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:43
Хехехех, а баш сакав сега јас да ги ставам моите. Но добро, твоите се и понови. А ете јас нека стои моето објаснување горе. Отприлика тоа се гледа и на сликите.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:49
Ништо, не можев да одолеам. Еве ај некако ќе ги ставам. Но имајте во предвид дека се од 11.04.2011. Па добро 9 дена не се многу. Е и ми текна касно да сликам, па на првите неколку сонцето право во мене удираше така да не замерувајте. Еве неколку со оглед дека Дуле ја скоро ја долови сликата.



















Туку Дуле, комшии сме. Само очигледно ти повеќе се трудиш од мене, јас сум мрза Ако сакаш некој ден може и да се видиме. Можеме да бидеме тандем за НЛ и Аеродром. Ако сака може и Н23 да ни се приклучи. И ќе имаме аеродромска лоби група на форумов.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:53
Дуле, Фосил, гледам на градилиштава има се освен работници...или само така се погодило кога сте сликале?


Posted By: dule
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:53
Хахах, не  во различно  време ни се погоди, ама тоа е тоа има некој дополнителни работи донесено да не се повторуваме па ќе видиме колку брзи ке бидат со изградбава, денес поминував и ја покрај кејот па си реков да пуштам неколку фотки дека одамна нема и  нема смисла веќе една година ако не се лажам го рамнат теренот,па што терен ќе беше ама нема везе ке си покаже времето какви ке бидат со изградбава.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:02
Кловер. Вака, не се работи многу. Да речеш има многу работници. Но секој ден си работат машините. Моиве слики се некаде од 6 часот попладне. А најголема активност има од 7-13, 14 часот. После тоа некако се стишуваат работите. Не ве лажам, пред прозор ми работат. А истоварот се врши, па незнам како се врши. Во секој случај секој ден истоваараат по нешто. На пример јас додека сликав еден камион жолт, незнам дали беше истиот, така ми се чинеше два пати, истовари песок. А ваљаците кај аквапаркот си рамнеа.

Работат, работат. Ама сега засега нема нешто конкретно и големо. Туку дупката ја ископаа, и веќе некое време стои така, но од друга страна пак се зголемува активноста околу неа.

Ќе пуштам слики и од аквапаркот. Се надевам.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:05
Кловер, извини вака што ќе постирам уште еден пост. Ќе може ли целиот тој потег по кејот и од страна на Аеродром и од страна на Ново Лисиче, или барем од Аеродром, да се стави во една нишка, бидејќи вака се некако се расцепкани, а парцелите реално не се многу разделени, или пак да знаеш која е која, од каде почнува и завршува, поготово на Пеце парцелите.  А кога сликаме ги сликаме најчесто заедно. 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: dule
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:06
Е иначе за идејата аеродромска лоби група не е лоша дека ја живеам во Ново Лисиче и ми е блиску а и последно време од кога се затопли времево идам покрај кејот за на кај школо така да почесто ке ставам слики доколку има некое си раздвижување од сите околни градби кој започнаа да се градат а ги има многу.Секако дека ке се видиме чим најдеме слободно време а доколку сме повеќе души можеме да лобираме подобро.Иначе сакав да прашам кај што е дупката Фосил ке се гради спортска сала или еден од базените за аква паркот.Позз.....


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:08
Дупката кај што е, ќе биде Спортската сала. Или како што ја викаат, повеќенаменска сала...

Таа е баш пред мене под прозор.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:19
Originally posted by FoSsiL

Кловер, извини вака што ќе постирам уште еден пост. Ќе може ли целиот тој потег по кејот и од страна на Аеродром и од страна на Ново Лисиче, или барем од Аеродром, да се стави во една нишка, бидејќи вака се некако се расцепкани, а парцелите реално не се многу разделени, или пак да знаеш која е која, од каде почнува и завршува, поготово на Пеце парцелите.  А кога сликаме ги сликаме најчесто заедно. 
Сосема различни проекти се, нема логика да ги пакуваме заедно затоа што се еден до друг, така би направиле една огромна хаотична нишка. А во понапредна фаза на проектите уште полошо ќе биде да се сите на еден куп. Сликите едноставно селектирај ги кои во која нишка ќе ги ставиш.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:26
Дуле, еве како се распоредени парцелите. Неодамна имаше промена во урбанистичкиот план, која е објаснета на мапава. Парцелата за аква-парк беше проширена на сметка на салата за зимски спортови, а таа беше префрлена на парцела каде што претходно беше вцртан хотел.




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:27
Кловер, А имаме ние нишка за Аквапаркот, и ако ја имаме кај е. Се забутала негде ваљда, од што е многу ажурирана. А не ни памтам ни дали имаше.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:29
Колку што знам, нема специфична, треба да се издвои од општата нишка за Базени и аквапаркови. Засега постирај таму.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:32
Аеродромска лоби група Може, може. Уствари јас повеќе го фаќам делот Мичурин, Тобако 2, амбулантата Јане Сандански и некаде до касарната. Барем тоа ми е така во близина. Иначе што се однесува до дупкава, коа бев задњи пут пред 2 месеци изгледаше речиси иста како оваа. Се повеќе мислам дека станува збор за неостварлива желба, веројатно недоволно финансии. Се залетаа сите. А можно е да има проблеми и со тлото, не знам, само шпекулирам, ама ако нема такви проблеми, не знам зашто не се форсира изградбава, еве и ова лето ќе го изгубат за аква паркот. Не би сакал да верувам во задскриени сценарија.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Apr-2011 at 21:32
Ај нека стојат овие тука. И така не е нешто којзнае колку забележителна промена, иако ја има за разлика од претходно, ако ја следиш редовно.

Но, ова со планов. Сум го гледал, сум го вртел, превртувал. Поставеноста е отприлика таа. Ама се некако како планов како да не ми соодвестува со реалната состојба, ситуација и обратно. Незнам, да не имаат утка со димензиите или размерите...?

Или пак оково мое чудно гледа. Најверојатно бидејќи планот е нацрт, а јас го гледам под агол.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Baze
Date Posted: 21-Apr-2011 at 14:56

Еве и јас се приклучувам на Аеродром - лоби групата. Јас сум во делот познат како Острово. Сега за сега нема некој работи таму да се прават но ако се размрда нешто први ќе дознаете Thumbs%20Up. Па ако сте расположени може и да седнеме негде на кафе посебно за викендов ако не одите некаде за празнициве на некој муабет за и околу општинава Cheers. Па се гледаме во скоро време. 



Posted By: alexgizh
Date Posted: 21-Apr-2011 at 15:20
Еве јас ќе ви бидам кум. Ќе се викате "Пилоти"

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:04
Доколку имаме своја Аеродромска лоби група составена од неколку членови би можеле да доставуваме и да лобираме  проекти и идеи до Општината Аеродром.Иначе идејата за лоби група ја покрена Фосил и браво за него.Но доколку ја основаме треба да ги зацртаме и целите по кој ќе дејствуваме.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:12
Точно така. Ќе се слушнеме за празнициве.

Како за почеток, проверете си ја поштата

Да не одиме офф-топик во нишкава...


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 18-Apr-2012 at 15:59
Чудно... на локацијава има еден немонтиран кран со натписи на ТАВ (TAV)...


Posted By: Portal
Date Posted: 18-Apr-2012 at 18:44
Originally posted by FoSsiL

Чудно... на локацијава има еден немонтиран кран со натписи на ТАВ (TAV)...
Kranot treba da e na izveduvacot na TAV, istata kompanija ja gradese City Plaza / NLB cij sopstvenik e City Plaza i City plaza Aerodrom i ovaa parcela...


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 14-May-2012 at 02:05
Originally posted by Cloverstack

Дуле, еве како се распоредени парцелите. Неодамна имаше промена во урбанистичкиот план, која е објаснета на мапава. Парцелата за аква-парк беше проширена на сметка на салата за зимски спортови, а таа беше префрлена на парцела каде што претходно беше вцртан хотел.





Дали на местото каде што пишува хотел треба за неколку дена да почне изградба на најавуваниот Рамада хотел и што ќе се гради на останатото земјиште?


Posted By: Portal
Date Posted: 15-May-2012 at 09:16
dali mostov odkaj MZT ima vo plan da se izgradi? Voopsto ne sum cul nisto nitu da se spomne!?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2012 at 23:20
Originally posted by mr bombastic

Дали на местото каде што пишува хотел треба за неколку дена да почне изградба на најавуваниот Рамада хотел
Да, таа е локацијата

Originally posted by mr bombastic

  и што ќе се гради на останатото земјиште?
На кое поточно?


Originally posted by Portal

dali mostov odkaj MZT ima vo plan da se izgradi? Voopsto ne sum cul nisto nitu da se spomne!?
План има, а и муабети веќе подолго време пуштаат често, ама неконкретни... така да има и план и муабети, ама вистинска воља изгледа нема.


Posted By: Portal
Date Posted: 15-May-2012 at 23:36
Originally posted by Portal

dali mostov odkaj MZT ima vo plan da se izgradi? Voopsto ne sum cul nisto nitu da se spomne!?
План има, а и муабети веќе подолго време пуштаат често, ама неконкретни... така да има и план и муабети, ама вистинска воља изгледа нема.
[/QUOTE]
Po se izgleda bidejki ke treba da se "probie" patot do kaj podvoznikot kaj prugata dojrana kade bi trebalo da izleze ako dobro se sekavam.
A toa bi traelo, bidejki ke mine niz kukite vo keramidnica. Inaku e od golema vaznost da go povrze toj reon so drugata strana na vardar Avtokomanda-Zelezara-Cair-Butel. So sto bi se izbegnal soobrakajniot haos Bitpazar...


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 16-May-2012 at 15:44
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by mr bombastic

Дали на местото каде што пишува хотел треба за неколку дена да почне изградба на најавуваниот Рамада хотел
Да, таа е локацијата

[QUOTE=mr bombastic]  и што ќе се гради на останатото земјиште?
На кое поточно?


Мислев на се тоа што се наоѓа лево од хотелот, односно дали остануваат тие проекти за базен, сала за зимски спортови итн. или ќе се пренамени земјиштето за нешто друго?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-May-2012 at 16:00

Сега за сега, а се надевам и за во иднина дека остануваат и дека ќе се реализираат проектите и изградат планираните објекти...

Освен парцелата/маркичката за салата за зимски спортови која е пренаменета во парк и таму ќе се наоѓа Паркот на Езерата, кој е впрочем во изградба, во напредна/крајна фаза...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jul-2012 at 21:59
Тука почна да се копа... малку... ама почна...  

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 25-Aug-2012 at 03:12
Од она што го прочитав излегува дека хотелот Стоун Бриџ што треба да го гради Наумоски се наоѓа на местото како што си било предвидено, е сега дали тоа значи дека овој хотел Рамада се гради десно од таа парцела и со тоа автоматски имаме 2 хотела во непосредна близина?Roll%20eyes


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 25-Aug-2012 at 03:28

Не. Таму ќе се гради еден хотел. 

Наумовски ниту има врска со Стоун Бриџ ниту таму ќе гради хотел. На двете парцели кои ги има треба да изгради аквапарк и мултифункционална (спортска) сала...

Да... Стоун Бриџ има врска со овој хотел во Аеродром... но колку што знам и ако сум во право врската е сопственикот... на двата... а и на новиот трговски во Аеродром, тој помалиот дел (Сити Плаза) од НЛБ Тутунска објектот... и мислам дека има некоја врска и со Рамстор... како и да е... човекот е Ајдован Адемоски...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2012 at 22:04
Да Фосил е во право, еве нашкрабав нешто да да доловам:


1 - во сопственост на Ајдован Адемоски

2 - во сопственост на Петар Наумовски

3 - парцелата ја купија родителите на Златко Калеников, ама Каленикови се предомислија и спогодбено го раскинаа договорот со државата, под не баш јасни околности - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=434&PID=134699#134699 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=434&PID=134699#134699

4 - сега е „Паркот на езерата“





Posted By: stratus
Date Posted: 27-Aug-2012 at 15:41
Што мислите дали на парцела 2 ќе никнаи Аква парк или станбени згради со некој базен и топоган до нив?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2012 at 13:25


Одамна се шушка дека намерата е таа. Меѓутоа јас со целата опасност да звучам наивно навистина не гледам начин како може да се изведе таква вратоломија (од правен аспект).
...дури ни во Македонија



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Oct-2012 at 20:07



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Nov-2012 at 22:01

Конечно нешто конкретно околу реализацијата на хотелот...

 

 

 

 

Но морам да ги критикувам и да кажам дека воопшто не ми се допаѓа што го узурпирале кејот...

А видете само како е решена целата ситуација... Прилично небезбедно...

 

 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Nov-2012 at 22:08

А... еве уште две фотки што сум ги заборавил... 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 16-Nov-2012 at 22:09
A za invalidi i lica so posebni potrebi??? Ili oni ne se tolku bitni. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Nov-2012 at 20:49
аеродром е очигледно во сопственост на инвеститорите, си блокира секој кој како сака коловози, пешачки патеки, пристап до паркинзи и паркинг места и останато...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 17-Nov-2012 at 21:47
Originally posted by zabegan

аеродром е очигледно во сопственост на инвеститорите, си блокира секој кој како сака коловози, пешачки патеки, пристап до паркинзи и паркинг места и останато...

 
Не само Аеродром, забеган, туку и Центар.
 
Да не заборавиме дека додека се градеше Дарт Ведер на плоштад Македонија, беше блокирана пешачката патека над Вардар со години, се до летото 2012, кога почна да привршува изградбата на Дарт Ведер.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Nov-2012 at 21:48
 
Originally posted by Dexter26

Дарт Ведер

Big%20smile



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Nov-2012 at 19:59
Тука има поставено 4 рефлектори... најверојатно ќе работат и ноќно време... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Dec-2012 at 11:00

Овде се фатија со сериозна работа.... Бетонираат...

Ќе гледам да одам да сликнам нешто подоцна... 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Dec-2012 at 14:14
Originally posted by FoSsiL



Овде се фатија со сериозна работа.... Бетонираат...

Ќе гледам да одам да сликнам нешто подоцна... 


За оваа локација сакав да прашам пред некое време што се случува бидејќи се имаа стварно фатено за работа доле во дупката, подоцна тука видов дека е овој хотел.
Би требало да имаат поставено веќе една или две плочи доле во дупката


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Dec-2012 at 13:51

 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-Jan-2013 at 13:58

Тука веќе поставија кран... баш денес од сабајле... им требаше некои 5-6 часа...

 

 

 

 

 

Ете го готов... 

А еве и две видеа што ги направив така неспремно... направив три... ама не приметив дека ми е превртено, додека не приметив... па го прекинав, ама божем да почнам да снимам ново, дур ја да сфатам дека тоа не снима туку само така стои, го поставија сегментот... а беше најинтересниот дел... и извинете за лошиот квалитет... 

[tube]Dhb9BMmU4lM[/tube] 

[tube]Li0JKAqe4G8[/tube]  



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Jan-2013 at 15:21
Зошто ти се имињата на видеата на латиница напишани бе FoSsiL?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 12:20

Мене ми се допаѓа... Камо да имавме повеќе вакви објекти во Скопје...

Инаку интересно... DoubleTree... Hilton... ова од никаде се појави ко изненадување... ќе треба да се промени насловот на нишкава...

 

 

 

 

 

 

 

 

 




-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 13:18
А патем... ова... ќе да е првиот Хилтон во Македонија... 

А бидејќи е Хилтон... по тоа... моја претпоставка е дека ќе биде минимум 4 ѕвезди, а најверојатно ќе бидат 5... Нешто ќе биде ко пандан на Александар Палас... имајќи ги во предвид локациите на двата хотела... иако Александар Палас е сепак во подобра позиција од идниов во Аеродром... најмногу поради близината на СЦ Борис Трајковски, стадионот, SCM, итн... 

Но мене не ми јасно тоа... зошто вакви хотели се градат понастрана од Центар... 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: 46&2
Date Posted: 17-Jan-2013 at 13:43
И јас сум пријатно изненаден Cheersсамо да не е некако мал (4 ката) ќе се губи во просторот Roll%20eyes и не знам зошто им требало поткровјето за ваков хотел Bash


-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 14:11
Ова со поткровјето да... но немора да значи дека ќе испадне лошо... затоа што колку што можам да приметам се работи за стрмно поткровје... скоро ко кат му доаѓа... нешто што е пракса и во други држави... и не изгледа воопшто лошо... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 17-Jan-2013 at 16:48
Originally posted by FoSsiL

А патем... ова... ќе да е првиот Хилтон во Македонија... 

А бидејќи е Хилтон... по тоа... моја претпоставка е дека ќе биде минимум 4 ѕвезди, а најверојатно ќе бидат 5... Нешто ќе биде ко пандан на Александар Палас... имајќи ги во предвид локациите на двата хотела... иако Александар Палас е сепак во подобра позиција од идниов во Аеродром... најмногу поради близината на СЦ Борис Трајковски, стадионот, SCM, итн... 

Но мене не ми јасно тоа... зошто вакви хотели се градат понастрана од Центар...


Смири си ги аеродромските хормони и потсети се дека и Скопје Сити Мол е најголемиот трговски центар во цела источна Европа. 

Додека од Hilton Hotels или од нивниот сопственик Hilton Worldwide не објават официјална информација на нивните официјални веб сајтови, додека не го изградат и не го брендираат официјално во хотел кој е дел од Хилтон франшизата, ќе излезат со приказни за 1001 ноќ за секојдневната раја.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 17:01

E што не е... 

Па Стоун Бриџ не се ваљда до толку несериозни за да лажат околу хотелов... што го опнале на натпис цело име со се лого и све.... ниту пак мислам дека се неспособни за да обезбедат франшиза од Хилтон... 

Не е ова рендер ентериер на трговски па онака рандом и измислени брендови да се ставаат само колку за да се има претстава... 

А незнам што има SCM врска со ова... 

Тоа што ме тера дека ова е сериозно околу хотелов.... е тоа што истиот инвеститор за 6 месеци го издигна City Mall & Residence во Аеродром...  





-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: daci92
Date Posted: 17-Jan-2013 at 17:49
Originally posted by Dexter26


Смири си ги аеродромските хормони и потсети се дека и Скопје Сити Мол е најголемиот трговски центар во цела источна Европа. 

Додека од Hilton Hotels или од нивниот сопственик Hilton Worldwide не објават официјална информација на нивните официјални веб сајтови, додека не го изградат и не го брендираат официјално во хотел кој е дел од Хилтон франшизата, ќе излезат со приказни за 1001 ноќ за секојдневната раја.


Ај провери си ги информациите пред да зборуваш ,најголемиот во Европа е Џеваир Мол во Инстанбул кој спаѓа во Источна Европа колку што знам и е 6-7ми во светот, а после него идат два во Москва кој се наоѓаат на листата најголеми во светот.
За разлика од СЦМ со 90.000м2 тие се над 200.000м2.
Само во една Словачка која е во Источна европа има едно 3-4 поголеми (ако не се лажам) трговски центри од СЦМ.
Да речеше во Југоисточна Европа или пак на бившојугословенските простори можеби и ќе ти поверував.


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jan-2013 at 17:50
Фосил-главен си Аеродром,ништо не ти промакнува


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jan-2013 at 17:59
Originally posted by daci92


Originally posted by Dexter26

Смири си ги аеродромските хормони и потсети се дека и Скопје Сити Мол е најголемиот трговски центар во цела источна Европа. 

Додека од Hilton Hotels или од нивниот сопственик Hilton Worldwide не објават официјална информација на нивните официјални веб сајтови, додека не го изградат и не го брендираат официјално во хотел кој е дел од Хилтон франшизата, ќе излезат со приказни за 1001 ноќ за секојдневната раја.




Ај провери си ги информациите пред да зборуваш ,најголемиот во Европа е Џеваир Мол во Инстанбул кој спаѓа во Источна Европа колку што знам и е 6-7ми во светот, а после него идат два во Москва кој се наоѓаат на листата најголеми во светот.За разлика од СЦМ со 90.000м2 тие се над 200.000м2.Само во една Словачка која е во Источна европа има едно 3-4 поголеми (ако не се лажам) трговски центри од СЦМ.Да речеше во Југоисточна Европа или пак на бившојугословенските простори можеби и ќе ти поверував.






Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 22:51

А бај д веј... нели многу личи на City Mall & Residence... барем генерално по формата... 

За споредба:



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: daci92
Date Posted: 07-Mar-2013 at 21:14
Денеска кога поминав забележав дека столбовите веќе виреат на земјата (иако уште со оплата на нив) и дека се припрема за првата плоча над земјата или рамна со земјата (најверојатно рамна со насипот од кејот на вардар а несваќам зашто).


Posted By: axel
Date Posted: 18-Mar-2013 at 11:24

Следната година Скопје добива уште еден хотел од светски бренд

Следната%20година%20Скопје%20добива%20уште%20еден%20хотел%20од%20светски%20бренд

Инвеститорот се уште не може да го каже официјално името на брендот, затоа што преговорите за франшиза не се завршени, но вели дека се работи за водечката светска хотелска групација


Покрај хотелот Мериот што треба да биде завршен до крајот на годинава, а се гради на скопскиот централен плоштад, македонската метропола ќе добие уште еден хотел од друг светски бренд, кој веќе се гради во населбата “Аеродром“, на 5-6 км од центарот на градот. Инвеститорот на овој хотел, бизнисменот Ајдован Адемоски, во моментов не може да го открие името на брендот, затоа што преговорите за франшизата се уште не се завршени, но вели дека се работи за водечката хотелска групација во светот, која во своето портфолио има десетина брендови, односно хотелски синџири.

Компаниите на Адемоски, City Plazа и Stone Bridge се инвеститори на хотелот, а градбата ја врши PERA Constuction, македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите. Хотелот ќе биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа центар од еден од најпознатите синџири на спа центри во светот.

Ајдован Адемоски во моментов е еден од најмоќните бизнисмени во Македонија, “човек за врска“ за секоја поголема турска инвестиција во земјата, како што се шопинг моловите Рамстор, аеродромскиот оператор ТАВ (концесионер на скопскиот и охридскиот аеродром), млечната индустрија Суташ и останатите. Франшизен застапник е на турските брендови за бела техника BEKO и Arcelik, модните брендови Koton, Roman, Sarar и Casharel, а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/93898/slednata_godina_skopje_dobiva_ushte_eden_hotel_od_svetski_brend.aspx




Print Page | Close Window