Print Page | Close Window

Скопски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96
Printed Date: 24-Oct-2017 at 05:08


Topic: Скопски сообраќај (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Скопски сообраќај (општо)
Date Posted: 14-Nov-2007 at 08:00
Користете ја оваа тема за се што е поврзано со состојбите во сообраќајот во Скопје, како се одвива, кои се проблемите, решенијата, планови за во иднина...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2007 at 14:50

 
Сообраќаен хаос во Скопје
Градот само од паркиралишта годишно заработува 1,8 милиони евра. Кога и сите неправилно паркирани автомобили би се ставиле на паркинг, заработката би била преку 7 милиони евра годишно. Знаете ли колку би можел да се разубави Скопје со тие пари?

Според некои неофицијални статистики, Скопје од понеделник до петок има над 1,5 милион жители. Реки автомобили од Куманово, Штип, Велес, Тетово Гостивар. . . се слеват секое утро во метрополата.
Ништо ненормално и сосема легитимно е да се оди на работа таму каде заработувачката е поголема (просечната плата во Скопје достига до 300 евра, а во некои провинциски градови не преоѓа 100). Но, дали метрополата е спремна секој ден да прифати и да сервисира нови 500 илјади жители и над 1.000 автомобили и да ги внесе во градскиот крвоток. Не е ! Тоа е толку очигледно, и поради тоа градската сообраќајна инфраструктура колабира од 9 до 19 часот.
Најголем проблем се паркиралиштата. Автомобилите се оставаат на третата лента на Партизанска, долж улиците Орце Николов и Рузвелтова, Никола Тесла. . . на тротоарите и велосипедските патеки на Партизанска, Теодсиј Гологанов и во сите сервисни улици кои ги поврзуваат главните градски артерии.
Поради грешки во проектирањето, (градени се без визија во време кога Скопје имало само неколку илјади автомобили) Партизанска, Илинденска и бившата Лола Рибар завршуваат пред ѕид, исто како и Булевар Јане Сандански. Просто кажано по овие улици автомобилите се движат релативно бргу и нормално се додека не дојдат до Соборниот храм, Судска палата или Нова Македонија. Тука се создава и почнува сообраќајниот хаос кој владее низ целото централно градско подрачје.
Единственото решение да се реши хаосот е изградба на три или четири надвозници или подвозници на овие критични места (или барем кај Судската палата и Нова Македонија, и еден подземен пешачки премин кај стариот “Кармин” на улица Македонија).

Пари има-нема
Во недостиг на вакво решение, најургентно е да се реши проблемот со паркиралишта, вели Љупчо Иванов, директор на ЈП Градски паркинзи. Неправилно пракирани автомобили долж коловозите создаваат дополнителен хаос. Градот во овој миг располага со 16 паркинга и нивниот капацитет е околу 3 илјади автомобили. Десет паркинзи работат 24 часа во денот, но сетоа не е доволно. Проблемот малку го ублажуват и паркингот во ГТЦ, и големото растеретување ќе биде изградбата на паркингот во населбата Капиштец. Но, дефинитивно на Скопје му е потребна катна подземна гаража во централното градско подрачје. Шансата е пропуштена кога се средуваше плоштадот. Тогаш можело да се изгради модерно паркиралиште кое ќе го опслужуваше целото централно градско подрачје”, вели Иванов.
Просечно на овие паркинзи дневно поминуваат околу 15.000 автомобили кои се задржувааат 2-3 часа. Само од овие паркинзи, дневната заработувачка на градот Скопје е 300.000 денари, или 5.000 евра, односно месечна заработка е 150.000 евра, или ако сакате годишна 1,8 милиони евра.
Кога и сите неправилно паркирани автомобили во Скопје би се сместиле на паркинзи, градот дневно би заработувал најмалку 20 илјади евра или годишно преку седум милиони евра. Морате да признаете дека сумата не е мала.

Заработка од хаосот
Зошто тогаш проблемот несе решава? Долгогодишниот сообраќаен инжинер кој како експерт меѓудругото и како консултант го решавал сообраќајниот хаос во неколку европски метрополи и главните градови во соседните земји има многу храбра теза. Тој, сакаше да остане анонимен и вели, дека, државата досега ни идејно, ни стручно, ни финансиски не била заинтересирана за решавање на сообраќајниот хаос, затоа што од тој хаос има директна финансиска корист преку цената на бензинот.
Тој со математичка прецизност пресметал дека автомобилите во Скопје во просек трошат скоро два литра гориво повеќе само поради сообраќаен хаос.
На пример, ако од Ѓорче Петров треба да стигнете во населбата Јане Сандански и Ново лисиче, а потоа да одите на Бит Пазар, времето поминато во автомообил за да го минете овој пат е околу 60 минути.
Времето би можело да се скрати и без големи инвестиции во надвозници и подвозници кога улиците, Илинденска, Орце Николов, и Теодосиј Гологанов (бивша Иво Лола рибар, кои се меѓусебно паралелни) би се прогласиле за едносмерни, заедно со некои попречни сервисни улици во Карпош и Тафталиџе кои би ги поврзувале.
Паралелно со намалување на потрошувачката на гориво би се намалиле и емисијата на ЦО2 и Сулфур диоксид со што воздухот во метрополата би станал почист.
Исто важи и за јавниот градски превоз. Не постои никакво оправдување дека на Партизанска не може да се одбележи жолтата лента по цела должина, по која би се движеле само аутобусите и такси автомобили.

Планови
Иванов вели дека проблемот со паркирање набрзо делумно ќе се реши. Во Ј.П. Градски паркинзи е направен план според кој централното градско подрачје и делови на Партизанска можеби ќе се растеретат од неправилно паркирани автомобили.
Но, според таа замисла во околните сервисни улици може да се создаде уште поголем хаос. Затоа што спред плановите на градската власт деловите на сервисните улици кои го затвораат кругот помеѓу Рузвелтова, Кочо Рацин, Булевар Илинден и Железничка, ќе се пренаменат во паркинг зона за околу 3.000 автомобили.
Можете да замислите на што ќе личат некои улички во Дебар маало, околу Орце Николов, Ленинова, Кружен тек, кога таму ќе се набутаат 3.000 автомобили.
Наплатата ќе се врши или преку паркинг автомати или преку СМС порака од мобилен телефон (пракса во соседните земји).
Постојат планови и за решавање на јавниот градски превоз. Веројатно дека веќе во март идната година ќе профункционира жолтата лента долж дел на Партизанска, од Рузвелтова до Соборниот храм. Нема да биде обележена само со боја, туку помеѓу неа и преостанатите две ленти ќе има бетонска ивица во висина од скоро 10 сантиметри за да автомобилите не можат да влезат во просторот резервиран само за автобуси и такси возилата. Тоа ќе биде воедно и трасата за евентуалнен трамвај, на кој Скопјани чекаат неколку децении.
Владата неодамна пријатно ги изненади Скопјани со пуштање во сообраќај на еден дел од скопската обиколница со што се обезбеди брзо транспортно сервисирање на деловите на населбите, Бутел, Чаир, Радишани и околните села.

Потрошувачка на гориво
Една просечна бензинска пумпа во Скопје дневно троши 30 тони гориво. Само во централното градско подрачје има 16 бензински пумпи. Значи, дневната потрошувачка на горивото во Скопје е околу 450 тони. Преведено во пари тоа е 450.000 евра дневно или 13,5 милиони евра месечно.
Според Јулијана Димовска која во регулаторна комисија за енергетика го раководи секторот за нафта и деривати, од цената на безоловен бензин од 95 октани, 33,63% или 21,692 денари одат за акцизи. За ДДВ отпаѓаат 18%, а само 0,08 денари од литар продадено гориво одат за животна средина (средства кои не одат директно во буџетот, туку преку Министерството за финасии се пренаменуваат за разни проекти и други корисници кои ја штитат животната околина).

Александар Писарев
pisarev@kapital.com.mk
 
Извор: http://www.total.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=141&EditionID=19&ArticleID=517 - Тотал


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2007 at 19:03


Од вакви дилетантски текстови искрено ми е преку глава. Или новинарот нека се запознае добро со материјата која што ја обработува, или нека консултира вистински познавачи. Не може со маалски муабети и наводни анонимни експерти да се решат проблемите во сообраќајот во Скопје.

Додуша во текстов има некои работи со кои што се сложувам:
- Решавањето на паркингот треба да биде приоритет, особено во центарот. Тоа ќе се одрази и на растоварување на сообраќајот.
- Пенов дефинитивно крајно неодговорно се впушти во брзоплето предизборно уредување на плоштадот и ја саботираше можноста ефтино да се изгради голем подземен паркинг во апсолутниот центар на градот.
- Парите што сепак се собираат од паркинг изгледа завршуваат сегде, само не таму каде што навистина треба.
- Неефикасното одвивање на сообраќајот во Скопје сите ние го пллаќаме со многу потрошен бензин, многу потрошено време, непотребно загадување од возила кои стојат во место или едвај се движат... Крупни инвестиции во примарната сообраќајна мрежа (иако релативно скапи), би се исплатиле многу брзо на најразлични начини.




Ама текстов е сепак преполн со глупости:

Според некои неофицијални статистики, Скопје од понеделник до петок има над 1,5 милион жители

Оваа бројка е дефинитивно далеку надвор од реалноста. И кои се тие „неофицијални“ статистики? Првата бројка што му прднала на памет кога го пишувал текстов?



Поради грешки во проектирањето, (градени се без визија во време кога Скопје имало само неколку илјади автомобили) Партизанска, Илинденска и бившата Лола Рибар завршуваат пред ѕид, исто како и Булевар Јане Сандански.

Визија дефинитивно имало, а и сеуште е важечка во форма на постоечкиот ГУП. Сега ни останува да работиме на проектите во ГУП-от, кои долго време се одлагани. И нормално да ги заштитиме планираните сообраќајници од урбаната мафија и од разни други крајно неодговорни обиди да се бришат или „поместуваат“.

Ме нервира тоа што премногу често слушам како сообраќајната мрежа во Скопје е лошо испланирана... Луѓево ја гледаат моменталната ситуација и тоа е нивниот заклучок. Но напротив, Скопје има одлично испланирана сообраќајна мрежа, која треба да го направи ултра-ефикасен град. Ама таа во голем дел уште не е изградена и тоа причината зошто имаме ваква ситуација. А луѓето не знаат ни дека е проектирана, и тоа по скоро празни коридори каде што има многу малце за рушење а и тоа е безвредно...



Единственото решение да се реши хаосот е изградба на три или четири надвозници или подвозници на овие критични места (или барем кај Судската палата и Нова Македонија, и еден подземен пешачки премин кај стариот “Кармин” на улица Македонија).

Да, во Скопје треба да се градат многу надвозници/подвозници (како што и е планирано), ама ни еден на споменатите локации. Имено:

- Кај судска палата се ќе биде релаксирано доколку се растовари преку докомплетирање на мрежата на други места. Не е планирана денивелација, а не е ни потребна.
- Кај Нова Македонија е планиран надвозник, но не на раскрсницата како што мисли новинаров, туку над јужниот булевар што ќе поминува од таму. Јужниот булевар е тој што ќе го направи главното растоварување.
- Улица Македонија треба во континуитет да биде пешачка, а улицата Димитрија Чуповски доколку остане отворена за сообраќај треба да се спушти да поминува под пешачката зона.



Долгогодишниот сообраќаен инжинер кој како експерт меѓудругото и како консултант го решавал сообраќајниот хаос во неколку европски метрополи и главните градови во соседните земји има многу храбра теза. Тој, сакаше да остане анонимен и вели...     ...Времето би можело да се скрати и без големи инвестиции во надвозници и подвозници кога улиците, Илинденска, Орце Николов, и Теодосиј Гологанов (бивша Иво Лола рибар, кои се меѓусебно паралелни) би се прогласиле за едносмерни

Овој „експерт“, ако воопшто постои, кредибилитетот го губи веднаш со желбата да останел анонимен. Каков е тој експерт кој на ваков начин, анонимно се залага за одреедени свои ставови, токму во неговата стручна сфера? Ова е во најмала рака неетички и дилетантски пристап... Ако има што да каже, особено како експерт, нека си стои зад тоа што го тврди...

Дополнително ја доведувам под прашање стручноста на овј експерт ако воопшто постои, со неговата заложба, оние 3 споментати улици да биле претворени во еднонасочни...  Тотално погрешен пристап! Кој барем малку има осет за оваа проблематика, знае дека таквото решение ќе креира многу нови проблеми а нема да реши скоро воопшто од старите.

А и она сврстување на јаглерод диоксидот како локален загадувач ми изгледа смешно. Сообраќајот продуцира многу штетни гасови кои загадуваат и локално, ама CO2 некако не ми се вклопува во таа листа.



Нема да биде обележена само со боја, туку помеѓу неа и преостанатите две ленти ќе има бетонска ивица во висина од скоро 10 сантиметри за да автомобилите не можат да влезат во просторот резервиран само за автобуси и такси возилата. Тоа ќе биде воедно и трасата за евентуалнен трамвај, на кој Скопјани чекаат неколку децении.

Оваа бетонска ивица ми изгледа како уште едно фрлање на пари единствено за да се креираат само нови проблеми... Нема никаква потреба да правиме вакви лоши решенија... Кој не ја почитува жолтата лента нека си има работа со сообраќајната полиција (која дефинитивно треба многу повеќе да се ангажира, и во многу други ситуации, а не да спие)

Уште полудо звучи што и идниот трамвај го ставаат во целава каша... Вакво одвојување за трамвај е дефинитивно пожелно секаде каде што тоа може да се изведе. Ама зошто тука ги мешаат и автобусите и таксистите? Од милион проблеми што редовно би настанувале еве неколку:
- се расипува автобус и ја блокира лентата... автобусите и таксистите позади заобиколуваат со можност да се оштетат преминувајќи преку ивицата, а трамваите не можат да заобиколат и се натрупуваат и закрчуваат се додека не биде автобусот одвлечкан
- пренатрупаност со бројни трамваи, автобуси и такси возила, сите ограничени да возат само по една лента, без можност за претекнување
- проблеми во престројување за автобуси и тасксисти
- проблеми за таксисти да се вклучат или исклучат по потреба
- знаејќи колку добро се одбележани и каква е видливоста на слични заебанции изградени од локалните власти, ќе има голем потенцијал за бројни сообраќајни несреќи
- обични возила сепак ќе може да непречено да влегуваат зашто е јасно дека таа препрека е неизводливо да биде сегде континуирана

Воопшто ме плаши помислата дека нема да прават дополнителен простор за трамвај... Автобуси и трамваи континуирано на иста лента е лошо решение, дури и без дополнителни глупости како онаа „препрека“. Исто така дополнително закрчување на веќе преоптоварени улици и крстосници со трамвајска траса врз постоечките ленти е штетно решение.

Господа, трамвајот или изведете го како што треба, или воопшто не го почнувајте... Трамвајот да биде издвоен, на дополнителен простор, по можност во средина на трасите каде што тоа е изводливо. Мора да се примени и максимална можна денивелација. И нормално, не импровизирајте со трасите - почитувајте го ГУП-от.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2007 at 13:46
Ова е прилично општ напис, ама индиректно ја опишува токму денешната ситуација во Скопје каде една группа дилетанти запнале да ги сменат урбанистичките планови и да направат неколку колосални урбанистички грешки кои ужасно скапо ќе не чинат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5DE0E80AEB283941A4F1933DE40213C9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5DE0E80AEB283941A4F1933DE40213C9

Урбанистичките пропусти причина за сообраќајниот хаос во земјава

Последиците од пропустите во урбанистичкото планирање се тешки и непоправливи, рекоа учесниците на конференцијата во Скопје

Пропусти во урбанистичките планирања, заобиколување на сообраќајните проекти, отсуство на стручни лица при изработката на плановите и застарената методологија се главните виновници за сообраќајниот хаос во Македонија, констатираа учесниците на вчерашната конференција „Актуелни проблеми во безбедноста на сообраќајот на патиштата“.

„Последиците од пропустите во урбанистичкото планирање се тешки и непоправливи. Веќе изградените објекти е невозможно да се уриваат. Затоа при изградба на нови објекти, треба да се изработува и сообраќајно решение за нив“, рече на конференцијата Никола Крстаноски, професор на Техничкиот факултет во Битола.

Зборувајќи за безбедноста во сообраќајот, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ Орце Ѓорѓиевски ги посочи проблемите со кои се соочуваат секојдневно, како што се вандализам на нивните возила, напади врз вработените и неплаќање билети. Причините за ваквата состојба, според него, се нискиот животен стандард, високата цена на билетот во однос на просечната плата, политичките тензии и кризата во 2001 година.

„Во европските земји бројот на жртвите во сообраќајните несреќи е далеку помал во однос на бројот на жртвите во Македонија ако се земе предвид бројот на жители и територијата на нашата земја“, констатира Кузман Дамчевски од МВР. Според статистиките на МВР, на пример, на 100.000 жители, жртви на сообраќајни во Холандија се пет лица, а во Македонија осум. На конференцијата беше иницирана изработка на национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот. (Ј.К.-В.Д.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2007 at 16:49
Kојзнае која по ред посета на странски експерти... Цело време ни доаѓаат експерти, а и нашите „експерти“ ги праќаме да шетаат по светов, без никакви конкретни резултати Roll%20eyes

По кој пат веќе ветуваат: современо опремување на крстосниците, зелени бранови, сообраќаен контролен центар и што ли не друго... Добивам впечаток дека се што „работат“ се службени патувања и повторување на истите веќе одавна излитени изјави...

Bash

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1452&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1452&mid=24&tabId=1&tabindex=0

СООБРАЌАЈНИ ЕКСПЕРТИ ОД ГЕРМАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ

Двајца германски експери за планирање на транспортот, вчера, беа во посета на Град Скопје, во рамките на проектот Transpower, чиј партнер од неодамна е и Град Скопје. Целта на посетата беше запознавање со моменталните состојби и проблеми со кои се соочува Градот Скопје во областа на сообраќајот, јавниот транспорт и инфраструктурата. Покрај реалните состојби, на гостите од Германија, им беа презентирани и тековните проекти кои Град Скопје ги реализира во поглед на сообраќајната инфраструктура, како и планираните проекти за идната година.

Инженерите Никола Лехнхоф и Раинер Шварцман, се претставници на компанијата Планирање Транспорт Сообраќај (ПТВ),од Минхен, Германија
која е дел од експертскиот тим во проектот Transpower.
Во проектот, Фрнхофен институтот од Берлин е проектен менаџер, во кој членуваат 16 различни институции од европски држави, како и градови и општини од земји кадидати за членство во ЕУ. Секоја општина и град, учесници во проектот, одбираат конкретно поле на интерес за кое експертскиот тим на проектот им обезбедува консултантски услуги.
Град Скопје се определи за помош и поддршка во полето на сообраќајниот менаџмент.

Проектот вклучува градови со слични географски, социјални и економски карактеристики, со околу 500.000 жители. Овој приод треба да обезбеди дефинирање и размена на знаења и искуства меѓу градовите за соодветни и применливи решенија, бидејќи се претпоставува дека овие градови и нивниот развој на урбан транспорт е со слична проблематика.

- Наша специјалност е сообраќаен менаџмент, односно планирање на сообраќајот. Од сите градови кои земаа учество во проектот само Скопје и Ниш се изјаснија дека сакаат да работат на развивање на оваа дејност. Затоа дојдовме во Скопје да ги собереме сите потребни информации, да организираме размена на искуства и да им дадеме поддршка и совет на луѓето од градската администрација кои работат на оваа проблематика. Крајна цел на проектот е Град Скопје, да одбере најсоодветен транспортен модел, според кој ќе се планира идниот развој на сообраќајот во градот – истакна Шварцман.

Тој додава дека тимот од компанијата ПТВ веќе работел на развивање на сообраќаен менаџмент и контрола со белградските градски власти. Според него сообраќајот во Скопје е подобро органзиран отколку во Белград.

- Нè изненади просечната старост на автомобилите кои сообраќаат низ градот. Очекувавме дека ќе видиме постари автомобили по улиците. Бројачите за зелено и црвено светло кои се поставени на семафорите оставаат впечаток на добро организиран сообраќај. Недостасуваат само поголем број паркинг места, но состојбата не е катастрофална како што е случај со одреден број големи градови. Сообраќајот во Скопје се движи - вели Шварцман.

Секторот за сообраќај на Град Скопје, до крајот на проектот, кој завршува во август 2009 година, треба да изготви главен сообраќаен план на градот (транспротен модел), чиј дел ќе биде и отворањето центар за контрола и управување со сообраќајот.

Според Трајко Базерко, од Секторот за сообраќај во наредните три години Градот ќе треба да обезбеди софтвер и соодветни апарати за броење на мобилноста на сите учесници во сообраќајот, патници во автобуси, пешаци, велосипедисти, лица кои користат сопствени возила, број на возила итн. Софтверот ќе треба подолго време да се полни со податоци од бројачите кои потоа ќе бидат обработени. Добиените резултати ќе дадат алтернативи и симулации за генералниот сообраќаен план на Градот Скопје.

- Град Скопје со учеството во овој проект ќе ги добие сите потребни искуства и совети кои ќе му овозможат одбирање на најсоодветен сообраќаен модел за градот. Тој модел ќе ни даде можност за отворање на центар за контрола и управување со сообраќајот кој би бил лоциран во Транспортниот центар. Во овој центар ќе се слеваат податоците од сите семафоризирани крстосници во градот, што ќе овозможи контролерот со помош на компјутерски софтвер, доколку е потребно, да изврши промена во програмата на семафорите и да направи “зелен бран“ на одредена улица каде сообраќајот се закрчил – објаснува Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје.



Posted By: dejan
Date Posted: 24-Nov-2007 at 05:03
Pa do kolku eksperti trebat da dojdat od Germanija.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2007 at 01:51
И ова може да дојде тука. Само да не испадне најава од типот на претходната Roll%20eyes

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E4BDD03475F8441A8534FEF36AC3B12 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E4BDD03475F8441A8534FEF36AC3B12


„Улици и патишта“ ќе набави нови машини за 500.000 евра

Поради немање соодветна механизација, при реконструкција и изградба на улици се ангажираа подизведувачи

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе набави пет нови машини за поефикасно и посовремено одржување на улиците во Скопје. Претпријатието веќе побарало од Градот Скопје на следната седница на Советот да биде разгледана иницијативата за подновување на механизацијата. Според пресметките, сите машини на европскиот пазар чинат околу 500.000 евра. Доколку градските советници дадат зелено светло, планирано е да се набават скип машина, комбиниран валјак, гребалка за асфалт, компресор и машина за бележење на асфалтот. Со новата механизација во јавното претпријатие планираат да се извршуваат сите реконструкции и изградби на поголеми и помали улици во градското подрачје, без притоа да се ангажираат подизведувачи кои ја зголемуваат цената на изведбата. Во претпријатието засега не размислуваат за набавка на половни возила, иако веќе подолго време се преговара за земање донација од еден од нашите збратимени градови.

„’Улици и патишта’ веќе подолго време бара подновување на механизацијата, бидејќи поседуваме потенцијал, пред се', стручен, за да одговориме на сите барања на еден град како Скопје. Штета е што досега работевме само на помали проекти. Ни недостасуваат само нови машини, бидејќи тие што ги имаме се стари, а одредени видови, пак, воопшто и немаме, па мораме да користиме услуги на други фирми. Со тоа губи и претпријатието и Градот“, вели Илија Мартиновски, директор на „Улици и патишта“. (С.Н.)



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 10:02
Неколку проекти со висок ризик со оглед на тоа кој е на власт. Да се надеваме на најдоброто. Сепак прв пат слушам за оваа нова раскрсница на Александар Македонски. Кловер знаеш ли за некаква раскрсница што е планирана на тој булевар, или се работи за уште едно револуционерно привремено решение? На тој булевар му фали клучка наместо единствената постоечка раскрсница а не нови раскрсници Ohno
 

Повеќе пари за помал сообраќаен метеж

Буџетот изнесува околу 40 милиони евра, а дел од парите ќе се потрошат за проширување на Илинденска, за нова раскрсница на „Александар Македонски“ и за реконструкција на јавното осветление

В година, за непречен влез и излез на возила во главниот град, ќе се гради раскрсница на булеварот Александар Македонски, а за да се растовари сообраќајниот метеж во центарот ќе се изврши проширување на улицата Илинден, која во еден дел ќе стане булевар. Градските власти најавија и изградба на системи што ќе го спречат паркирањето на тротоари, реконструкција на јавното осветление, како и хортикултурно уредување на зелените површини. Ова се дел од новите капитални проекти планирани со Буџетот на Град Скопје за 2008 година, кој беше усвоен вчера на седница на Советот. Буџетот изнесува околу 3 милијарди, односно околу 49 милиона евра.

Градоначалникот Трифун Костовски објасни дека во буџетот за наредната година планираат зголемени приходи за 43,8 отсто во однос на 2007 година.

- Ова зголемување е базирано на планираните еднократни приходи како што се продажба на удели за спортската сала, приходи од давање концесии за користење јавен простор за огласување и планирани трансфери од државниот буџет, како дополна на изворните приходи на Градот - рече градоначалникот Костовски.

Освен капитални проекти, во наредната година непречено ќе се извршува одржувањето и заштитата на магистралните и на собирните улици, на урбаната опрема, украсувањето на Скопје со знамиња за време на празници, одржувањето на јавното осветление, расчистувањето на дивите депонии, дезинсекцијата, одржувањето на сигнализацијата итн.

Костовски од говорницата повтори дека најголем дел од приходите се' уште се администрираат на централно ниво. Но и покрај тоа, Градот успеал да го исплати заостанатиот долг од 11 милиони евра, наследен од претходниот градоначалник Ристо Пенов.

- Законски утврдениот процент за Градот е минимален, со што се оневозможува финансирање на децентрализираните надлежности - изјави Костовски.

Во буџетот се проектирани пари за повеќе културно-уметнички манифестации, но и за социјална грижа, како обезбедување непречен пристап до институциите и средните училишта за лицата со посебни потреби. Предвидени се и средства за повластени автобуски карти за инвалидизирани лица и за покривање на трошоците за организиран превоз на инвалидизираните студенти. Во однос на дотациите за институциите од културата, кои Градот ги добива од државата, беше кажано дека се значително намалени во однос на лани и недоволни за покривање на реалните потреби.

Јорданка Ивановска

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=913511AD5E671F49B43316832A463431 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=913511AD5E671F49B43316832A463431


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 10:07
 
еве што викаат на сајтот на градот
 
изградба на крстосница на бул. Александар Македонски кај хотелот Континентал, со која би се овозможил непречен влез и излез на возила во главниот Град; потоа проширување на булеварот Илинден како би се растеретил сообраќајот во централното градско подрачје; потоа хортикултурно уредување на зелените површини во градот, реконструкција на јавното осветлување; изградба на системи со кои би се оневозможил пристап на возила на пешачките површини.
 
се работи ваљда за збрка со зборови како и обично, сепак е во прашање трифуновата клучка.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 12:13


Очигледно да. Лошо е да се генерализира, ама новинариве стварно не се на ниво...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2008 at 18:33
Дејане ти ли го имаш ставено клипчево на јутјуб? LOL

[tube]AfGTDZ2FP74[/tube]

Фино нема што Big%20smile Звуците од Фолк Фест Валандово му даваат и дополнителен шмек LOL


Posted By: maxi
Date Posted: 07-Jan-2008 at 13:49
http://www.youtube.com/watch?v=AQ3zkg58gpE%5btube%5dAQ3zkg58gpE%5b/tube%5d -
[tube]AQ3zkg58gpE[/tube]
 
Big%20smileBig%20smileBig%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jan-2008 at 14:07


Нашата стара добра навика по секоја цена да се влегува во закрчена крстосница и со тоа да се закрчи уште повеќе, на штета и на тој што влегува.  Имаме и рационално решение - да се легне на сирената Nuts


Добредојде maxi Cheers


Posted By: maxi
Date Posted: 07-Jan-2008 at 15:13
Dobro ve najdov    Cheers


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Jan-2008 at 20:32
C c c c, ludilo Bonk


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Jan-2008 at 01:48
ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2008 at 02:17
Originally posted by mitatos

ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 


1. Семафорите со одбројувачи имаат одредени недостатоци (во однос на надисциплинирани возачи), но севкупно имаат повеќе предности.

2. Кај судска палата не треба никаков кружен тек или други импровизации. Таа ќе си функционира сосема добро кога ќе се изградат некои други планирани сообраќајници кои за жал долго време ги одложуваме. За кружните текови и зошто сум толку против имам зборувано во повеќе наврати. Не знам зошто толку луѓе мислат дека кружен тек е некакво си магично решение кое е одговор на сите проблеми. Да беше така, кружни текови ќе се правеа масовно насекаде во светот.

3. Кај НУБ и МНТ исто не гледам каде е ризикот во врска со нејзиното техничко решение. Ако има недисциплина кај возачите и пешаците, тоа е сосема друго прашање и не треба да се решава со подземен премин на пример. Плус тоа недисциплината баш оди спротивно на оваа логика, зашто дури и ако се изгради таков премин, тоа значи дека луѓето нема да го користат. Важно е да се бара коренот на проблемот и според тоа да се решава.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2008 at 02:51
Ајде сепак да илустрирам за кружните текови, мислам визуелно најлесно се сузбиваат некои заблуди.

Во кратки црти, ќе го повторам она што секогаш го кажувам:
Кружните текови нудат малку предности а имаат многу недостатоци. Пожелно е да се применат само во многу специфични ситуации.
Недостатоците особено доаѓаат до израз во средини со ниска собраќајна култура (како кај нас), па ние треба да сме уште попретпазливи во примена на кружни текови.
Особено е честа заблудата дека кружните текови имаат поголем капацитет од контролирана крстосница - напротив, кружните текови слабо се справуваат со интензивен сообраќај.

Не е ни чудо што на многу места во светот дури и се преправаат стари кружни текови во регулирани крстосници.

1
http://imageshack.us">

2
http://imageshack.us">

3
http://imageshack.us">

4
http://imageshack.us">



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2008 at 09:49
Originally posted by mitatos

ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 


мене па ми се свиѓаат семафорите со бројки. Немора веќе да нагаѓам уште колку има да чекам плус на подолги семафори можам комотно да ја угасам колата а и полесно е реално да процениш од далеку дали има шанси да го фатиш зеленото. Во многу градови вакви бројачи се ставаат токму на места каде многу се чека со цел да ги мотивираат возачите да ги угасат возилата во тој период со што би се намалило загадувањето.

кружен тек на таа локација спрема мене не одговара. Кружен тек може да изгледа многу убаво, често кружните текови се и симболи на некои големи градови и од тој аспект ми се свиѓаат. Но тука завршуваат предностите и аргументите на Кловер држат вода. Значи во тоа окружение (НУБ, Мавровка, Судска палата, УКИМ) мислам дека кружниот тек не би изгледал ништо посебно.

Во однос на подземниот пешачки премин. Во принцип сум за но под услов да се затвори скроз таа раскрсница. Доколку пешачкиот премин остане како алтернатива поголемиот дел луѓе ќе продолжат да го користат него. Од друг аспект мислам дека локацијата е изджана, таму има голем проток на луѓе што е еден од главните предуслови таков подземен премин да може да функционира комерцијално.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2008 at 16:43
Originally posted by pbanks

  Кружен тек може да изгледа многу убаво, често кружните текови се и симболи на некои големи градови и од тој аспект ми се свиѓаат.


Да во право си, естетски може да изгледаат многу убаво. Ама за решавање на сообраќајни проблеми не ни треба естетика туку ефикасност. Не знам зошто некои запнале допрва во Скопје да насадат кружни текови на секој чекор,  ваљда не ја ставаат естетиката на прво место Roll%20eyes

Прееска заборавив да кажам и дека не може секаде да се направи кружен тек (ради просторни ограничувања). Кружните текови бараат доста простор. Не можеш да ставиш пепељара на сред раскрсница и така да направиш кружен тек. За колку-толку да се ублажат некои проблеми кои произлегуваат од кружен тек, кругот мора да има пристоен радиус. А тоа ретко каде може да се изведе освен ако не е однапред планирано.


Еве следниве неколку примери се баш големи кружни текови, но сепак не ги бива.



Да почнеме со Париз и триумфалната капија. Него стално го истакнуваат поборниците за кружни текови. Демек дај да бидеме ко Париз, таму сето тоа супер функционира... Епа еве гледајте колку супер функционира! Единствено добра страна му е што има многу ленти, па има голема пропустна моќ (но бројот на лентите предизвикува нови проблеми). Да не знаев дека ова е Париз, ќе мислев дека е Калкута (според стилот на возење). Кај нас у иста ситуација би имало постојани тепачки и убиства на вакво место... Не се шалам Ohno

[tube]K9C6CGADbjU[/tube]




Ајде да видиме како изгледа приодот кон познатиот кружен тек „Бурџуман“ во Дубаи. Таму имало константен застој... Инаку во Дубаи е во тек тотално напуштање на постоечките кружни текови и градење на крстосници и клучки на нивно место. До толку добро што се покажале Crazy

[tube]VMMzBIfPGyw[/tube]




Еве ја и ветената земја за кружни текови - Англија. Таму се далеку најзастапени. Но и тие почнаа да ги напуштаат. А голем дел барем ги преправаат во регулирани кружни текови (со семафори). Ова оди против целата филозофија на кружниот тек, но тоа добро зборува колкави проблеми создаваат тие.
Ова што следи е цела епопеја на некоја типка од Лондон. За да се пробие до и низ кружниот тек и требало повеќе од еден час. Кога конечно ќе се извлече, во спротивен правец ќе регистрира колона кон кружниот тек долга над 5 миљи! Ова едноставно не би било добро за менталното здравје на Скопјани...

[tube]fTEXPYf6TLE[/tube]


Case closed!
Се надевам разбив некои заблуди Smile

Кружните текови се прилично застарено сообраќајно решение. Поготово во денешно време кога крстосниците можат да бидат компјутеризирано регулирани (и со тоа да се постигне максимална флексибилност и ефикасност), кружен тек е уште понеатрактивна варијанта.

Кружни текови да, ама само во специфични ситуации. Кои се тие ситуации ќе дискутираме во друга прилика, сега ме мрзи Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Jan-2008 at 14:41
Подвозник кај Судска палата? Што викате? Тука гужвите се ненормални, можеби најголеми во Скопје, почнувајќи од Влада па се до Мост и понатаму. Вака би имало непречен тек на сообраќај.. Мислење? Исплатливост? Или може да се реши на друг начин ( Урбани автопати?)






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2008 at 14:45


Момак, а како ќе вртат на лево луѓето? Big%20smile


Во секој случај, сум го кажал мојот став. Гужвата кај судска не произлегува од самата крстосница, туку од многу други планирани а уште неизградени делови на примарната сообраќајна мрежа. Затоа не треба да се импровизира кај судска, туку треба да се градат другите работи - така најдобро ќе се растерети кај судска.

Значи подвозник не, урбани автопати (меѓудругото) да! Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Jan-2008 at 14:49
Ohno BonkBonkDohRollinSuicide А гледам нешто...не ми ваља.. хаха

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2008 at 15:04


Самата раскрсница веќе и не е толку закрчена од кога ја проширија мене не ми се случило да чекам повеќе од еднаш на семафор во последниве години (а гужва има се повеќе). Но проблемот е на самиот булевар Гоце Делчев. Посебно кракот накај Илинденска што врти бидејќи тој мава во тесно грло, 3 ленти се стуткуваат во една.

Но дефинитивно би го елиминирал семафорот кај Скендербег. Единствено проблематично е вртењето од МНТ спрема влада тој правец неможе да се укине и незнам како би се решил, но правците од скендербег спрема судска палата и од скендербег спрема МНТ се комплетно непотребни, т.е. може и без нив.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2008 at 15:47
Абе дечки баталете кружни текови, укинување на правци и слично. Дај да ја комплетираме мрежата - таа е прилично избалансирана и кога ќе се реализира, многу од овие тесни грла ќе ги снема. Скопје сигурно ќе биде еден од најдобрите градови во Европа во поглед на одвивањето на сообраќајот.
Ако сепак и тогаш постојат позначајни проблеми, ќе се анализираат и решаваат. Ама уште од сега да правиме некакви си импровизации е избрзување. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:25


абе добро не фативме ние да копаме веќе LOL никој не вика ништо против планот за примарна сообраќајна мислам дека може и да приложуваме дополнителни идеи макар тие биле и фиктивни.

И да ги имаме сите проблеми решени и да имаме и LRT и метрото на lslcrew пак мислам дека раскрсницата кај Скендербег е сувишна.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:38
Originally posted by pbanks


И да ги имаме сите проблеми решени и да имаме и LRT и метрото на lslcrew пак мислам дека раскрсницата кај Скендербег е сувишна.


Не е сувишна крстосницата друже, таа улица треба да се продолжи на север и ќе добие сосема нова улога. А самата крстосница не би требало да претставува проблем ако се друго си функционира како треба. Дополнителен фактор што во иднина би извршил големо растоварување на сообраќајот е и компјутерско следење и регулирање на крстосниците. Со комплетирана примарна сообраќајна мрежа и централно компјутерско управување со сообраќајот, сите импровизации ќе бидат непотребни мислам.

http://imageshack.us">



Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:41
Debatite sekogas pomagaat do iznaoganje na podobro resenie ubavo vika pbanks nie ne pocnavme da kopame ))
no mi se dopaga idejata na la linea , mozebi so mali popravki moze da se napravi nekoe resenie na toj plan



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:43
@Clover

аааа ок добар демант онда се повлекувам. Сепак... неможам добро да сконтам улицава каде проаѓа. Зар не ја поткачува Турска чаршија и проаѓа сред Бит пазар? Баш ќе разгледам после на Гугл 'рт како точно изгледа таа траса одозгора.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:49
Originally posted by pbanks

@Clover

аааа ок добар демант онда се повлекувам. Сепак... неможам добро да сконтам улицава каде проаѓа. Зар не ја поткачува Турска чаршија и проаѓа сред Бит пазар? Баш ќе разгледам после на Гугл 'рт како точно изгледа таа траса одозгора.


Мислам проаѓа измеѓу чаршијата и пазарот. Едино тој кракот спрема исток го зафаќа пазарот, ама сигурно или треба да биде денивелирано, или тој мал дел од пазарот (јужно), во урбанистичките планови не е планиран за пазар.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 00:20
За ова скоро дискутиравме....


Експерти предлагаат најтесниот дел од „Илинденска“ да биде еднонасочен

Остатокот од улицата има можности за проширување во булевар со мост преку Вардар

Сања Наумовска

Делот на улицата „Илинденска“ од раскрсницата кај Владата до фонтаната „Лотос“ или евентуално до раскрсницата кај „Паркови и зеленило“ треба да биде еднонасочна и да не се проширува, советуваат сообраќајни инженери од ИН-ПУМА. На тој начин на жителите на зградите на овој најтесен дел од улицата нема да им се наруши нормалното живеење, нема да мора да се намалат тротоарите или, пак, да се сечат повеќедецениски дрвја, а наедно ќе се овозможи нормален проток на возила. Според предлогот од ИН-ПУМА, на овој дел од „Илинденска“ треба да се вози во правец од Центар кон Карпош, а спротивно, од Карпош кон центарот на градот, по улицата „Орце Николов“. Оваа улица, исто така, треба да биде еднонасочна од почетокот кај Технолошкиот факултет или, пак, од фонтаната „Лотос“. Остатокот од „Илинденска“, во правец кон населбата Карпош 4, има можности за проширување во булевар, со мост преку Вардар.

„Решението за еднонасочен сообраќај на дел од ’Илинденска’ и ’Орце Николов’ моментно е најеколошко и хумано оправдано иако има и други технички решенија кои се изводливи во практиката. Сепак, сообраќајот по еднонасочни улици е порелаксиран и со помалку конфликтни ситуации помеѓу возилата, што и му треба, всушност, на центарот на Скопје“, вели Стефан Калајџиски, сообраќаен инженер од ИН-ПУМА.

Според Калајџиски, зрели за еднонасочност се и улицата „29 Ноември“, од Католичката црква преку „Партизанска“, покрај слаткарницата „Апче“, и улицата „Ленинова“, од „Електро - Скопје“ кон Градски парк. Помеѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Капиштец, нагласува Калајџиски, треба да се пробие улица, точно покрај новата катна гаража што ја гради „Тинекс“. Со тоа ќе се овозможи еднонасочност на дел од „Васил Ѓоргов“, во правец кон семафорите и кон улицата „Железничка“. Со ова решение ќе се добие поголема проточност на возилата на оваа раскрсница и искористување на еднонасочноста и капацитетот на „Железничка“. Во спротивен правец еднонасочниот сообраќај од „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ ќе продолжи до Католичката црква. Дел од „Васил Ѓоргов“, во правец кон Козле, како и „Народен фронт“, според предлогот на Калајџиски треба да останат двонасочни.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7E334DA67015334B9BC857711ABE58A5 - Утрински весник



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 01:09
Илинденска од влада до фонтана останува тежок проблем... Имаме дискутирано за ова. Еднонасочен сообраќај е најлошо решение и смее да биде евентуално само привремено. Двете можни трајни решенија исто имаат многу маани - и проширувањето и тунелот. Сепак ако како деолгорочно решение се планира тунел, би било глупо да се прави проширување. Нека се импровизира во меѓувреме, макар и со еднонасочен ако мора.

Она за „Васил Ѓоргов“ и „Железничка“ не сум сигурен дека е точо објаснето, ама ако е, тогаш е лошо. Таму навистина треба да се регулира еднонасочно, ама треба да се пробие преодолжение на „Народен Фронт“ до „Железничка“. Со тоа ќе почне на некој начин да се емулира јужен булевар. Така е и во ГУП-от. Е за тие 100м улица ние зборуваме со години и никако да се направи Ohno. На времето мислам проблем беа тотално руинираните простории на МЖ... За толку важен, а толку краток сегмент во мрежата. Само во Македонија... Roll%20eyes

Инаку за другите улици што се спомнуваат - во принцип секогаш сум против еднонасочен сообраќај и тоа треба да се избегнува секаде каде што е можно. Искрено не сум запознаен со состојбата на секоја улица поединечно, ама мислам дека кога би се решавал проблемот со паркирањето, овие улици ќе станат многу попроточни и нема да има потреба да размислуваме за такви чекори како еднонасочен сообраќај.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 08:00
Продолжетокот на дискусијата за илинденска е префрлен овде:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=4285#4285 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=4285#4285


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Feb-2008 at 18:28
Еј ова се однесува за сите: да не случајно има некој мапа на сообраќајни знаци низ цело скопје ,доколку има би ми дошло многу од помош фала унапред 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2008 at 18:31


Не те разбирам на каква мапа мислиш. Можеш да објасниш подетално или да ставиш пример од некој друг град?


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Feb-2008 at 20:15
Па нели има евиденција пример низ секоја улица колку сообракајни знаци се поставени ,мене ми треба мапа од градот скопје со сите сообракајни знаци низ сите улици ,мислам дека има таква мапа на град скопје само што не можам да го најдам :( 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2008 at 20:27


Леле човеку ти каде живееш? LOL

Па ние немаме пристап до многу поосновни мапи и податоци, а не пак до некое такво чудо. Не знам дали постои, ама ако постои дефинитивно не и е достапна на јавноста. Во секој случај, судејќи од нередот, произволноста и неспособноста во начинот на кој се поставуват сообраќајни знаци, се соневам дека има некој таков сериозен пристап. Од она што го гледам низ градов, знаци поставуваат тотални лаици, на најбезвезни начини. Да не зборам за содржината и стандардизацијата на тие знаци... Можеби треба да почнеме да ги фотографираме и бисерите од оваа област!


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Feb-2008 at 20:51
)))
чим нема ништо тогаш здравје, имаш право претерав во ова хахах сеа ми текна дека сум во скопје ,пред малки замислував дека сум во некоја по елитна метропола ,сеа ми текна дека од пред некое време немаат ни нацрт план на канализација , водовод а камоли за сообракајни знаци 



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Mar-2008 at 20:40
Сакам да ви ја посочам оваа црна точка на скопските сообраќајници што подолго време ми боде очи. Се работи за новата раскрсница кај Порта Влае што води продолжува кон студентскиот дом Гоце Делчев (ваљда беше Адолф Циборовски улицата).

Можеби решението и не е толко страшно но ако се стават и нашата возачка некултура и ажурноста на сообраќајната полиција во предвид имаме смртоносна комбинација.



Прв момент е точка бр. 1. Тука има автобуска станица и трафики. Редовно лентата е блокирана или со луѓе што ги пуштаат магичните четири жмигавци и купуваат цигари или со автобуси а излезот кон Адолф Циборовски е само на неколку метри подолу. Колите кои идат од позади мора да ја заобиколуваат оваа ситуација и тоа најчесто со камиказа зафат да се вклучат во излезот (бр. 2), бидејќи толку место останува, колку да помине една кола. Тоа значи дека ако паркираните коли или автобусот тргне многу лесно може да настане сообраќајка и колата што се исклучува меѓу другото да се надене и во жардинеријата (бр. 3).
Жардинеријата на сликава од Гугл 'Рт е изгледа тазе направена но денеска е обрасната со зеленило. Колите што го користат излезот (бр. 2) како и колите кои се вклучувааат од спротивниот правец преку другиот излез (бр. 4) немаат никаква видливост, скоро се невидливи едни за други но редовно влегуваат со релативно голема брзина. Тука доаѓаме до втората црна точка. Во бр. 5 на самиот вклучување од излезот на Адолф Циборовски има редовно паркирани коли од околните згради кои пајак воопшто не ги есапи. Повторно редовно има камиказа зафат со кој колите кои доаѓаат од бр. 2 нагло се префрлаат во левата лента и тоа точно на позицијата каде се вклучуваат колите од бр. 4. Повторно да нагласам во голем број случаи возачите не се свесни за можната колизија бидејќи зеленилото е комплетно несоодветно и се нема никаква прегледност. Проблемите за кои зборувам во точките бр. 1 и бр. 5 се дури и евидентирани на Гугл 'Рт сликава од што не се чести.

Решението тука е јасно, дислокација на трафиките и автобуската станица како и серозно посветување на проблемот од пајак службата.

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2008 at 21:05


Да, сообраќајното решение е сосема во ред, проблем се другите работи што ги спомнуваш.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 09-Mar-2008 at 21:26
Лоша раскрсница за тие што немаат трпение. А МНОГУ често ми се случувало да стигнам до оваа раскрсница (најчесто од партизанска спремна ѓорче) и семафорите да бидат исклучено, односно да трепкаат жолто цело време. И знаеме што станува тогаш: кој има муда да лета преку раскрсница иде... а кој вози мотор треба да пази дали камионот или автобусот ќе го изгази попрво.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2008 at 21:34
Тука може за ефтина пара да се изведе некоја раскрсница како онаа пред влада.


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Mar-2008 at 21:37
Originally posted by pbanks

Сакам да ви ја посочам оваа црна точка на скопските сообраќајници што подолго време ми боде очи. Се работи за новата раскрсница кај Порта Влае што води продолжува кон студентскиот дом Гоце Делчев (ваљда беше Адолф Циборовски улицата).

Можеби решението и не е толко страшно но ако се стават и нашата возачка некултура и ажурноста на сообраќајната полиција во предвид имаме смртоносна комбинација.



Па не значи тоа дека, ако се преместат трафиките и автобуската, дека всушност се дава простор на сообраќајната некултура да си го прави своето, не значи дека ние се приспособуваме на неа? Решение највероватно  би било, сообраќајната полиција и пајак службата да си ја вршат работата, се другото ќе си дојде само.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Mar-2008 at 21:44
Originally posted by La Linea


Па не значи тоа дека, ако се преместат трафиките и автобуската, дека всушност се дава простор на сообраќајната некултура да си го прави своето, не значи дека ние се приспособуваме на неа? Решение највероватно  би било, сообраќајната полиција и пајак службата да си ја вршат работата, се другото ќе си дојде само.


Па автобуската дефинитивно треба да се премести, тоа веќе не е прашање на сообраќајна култура, едноставно автобуси неможе да застануваат толку блиску до излезот. Во принцип трафиките идат со автобуска така да.

Во принцип инаку се слагам со тебе не смее да има компромиси со сообраќајната некултура, урбаното дивјаштво и сличните девијантни појави.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 02:12
Originally posted by lslcrew

Тука може за ефтина пара да се изведе некоја раскрсница како онаа пред влада.


Па у суштина таква и е, само модифицирана како што диктира околината. Е сега не гледам како би можело нешто суштински да се смени тука, освен ако не сакаш и овде да рушиш Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2008 at 02:20
Да ти кажам право сакам! Ама само трафики и друга буѓаваштина, а згради не. Куќи може ако не фати скапо.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 02:26
Абе јас не ни зборев за трафики...

Мада сега кога видов на GE, гледам дека имаше право - има простор према север да се рашири крстосницата и да се направи сообраќајно поефикасна без рушење. Само не знам какви се урбанистичките планови и дали нешто е планирано на тој простор.

Ама проблемите што ги спомна pbanks не се поврзани со таква интервенција и тие треба посебно да се решаваат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2008 at 01:45

ГРАДОТ ГО ПРЕТСТАВИ АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ 2008/2009


Во Скопје стартува градежна офанзива


Проширување на клучката кај Тутунски комбинат, изградба на клучка Детелина на Бит Пазар, како и проширување на булеварот Гоце Делчев и Илинденска се четирите проекти, кои според градските власти се подготвени за изведба


Проширување на клучката кај Тутунски комбинат, изградба на клучка Детелина на Бит Пазар, како и проширување на булеварите Гоце Делчев и Илинденска, се четирите проекти, кои според градските власти, се подготвени за изведба. Според Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, за овие објекти е веќе подготвена техничка документација, а во тек е и избор на изведувач.

- Вредноста на клучката Бит Пазар е 40 милиони денари и ова е проект кој е планирано да заврши до 1 септември годинава. Се работи за сообраќајно прекројување на клучката во вид на детелина без семафорско решение. Ново сообраќајно решение ќе има и кај Тутунски комбинат, а овој зафат кој треба да заврши до 1 август, ќе го чини Градот 11 милиони денари. Потоа, проширување на булеварот Гоце Делчев во делот од влезот во Универзитетот до Скопски саем, инвестиција која ќе чини 22 милиони денари и треба да заврши до септември. Најобемен проект е сепак, изградба на втората фаза од булеварот Илинденска, на потегот од фонтаната до крстосницата со улицата "8 септември", во должина од 2,2 километри, за која ќе потрошиме 160 милиони денари, а изградбата треба да заврши до декември годинава, објаснува Шопар.

Според надлежните, проширувањето на крстосницата кај Тутунски комбинат е од огромно значење за градот. Поентата е во тоа што со завршувањето на клучката кај Континентал, целиот сообраќај ќе се пренасочи на новиот мост кај Транспортен центар и од тука кон крстосницата кај Тутунски, каде е всушност тромеѓето меѓу општините Центар, К.Вода и Аеродром. Сообраќајното решение предвидува и проширување на улицата Трета македонска бригада на потегот од амбулантата, до сообраќајна полиција и оформување на 4 сообраќајни ленти од крстосницата пред сообраќајната полиција до крстосницата со Тутунски комбинат и тоа на делот кај училиштето и кај делот на Министерството за образование.

Втората фаза од булеварот Србија, трета фаза од булеварот Илинденска, со мост преку Вардар, како и проширување на Гологанов и Првомајска се проекти кои треба да се реализираат во наредната година.



http://vecer.com.mk/?ItemID=611F2BC4799FAE4DB2DD110A40EC21B6


Posted By: ProMKD
Date Posted: 12-Mar-2008 at 19:31
А ако рачунаат да прават трета лента на Гоце Делчев (МРТВ - Новиот Мост) дали мислат и да стават нов асфалт на постојните 2 (4) ленти? Таму плаче за ново.. уште малце и не ќе можат трките да се оддржуваат (мада и сега не е за трки..)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2008 at 19:37
Originally posted by ProMKD

А ако рачунаат да прават трета лента на Гоце Делчев (МРТВ - Новиот Мост) дали мислат и да стават нов асфалт на постојните 2 (4) ленти? Таму плаче за ново.. уште малце и не ќе можат трките да се оддржуваат (мада и сега не е за трки..)


Па 100% ќе ставаат и нов асфалт, ама трките мене ми изгледаат прилично мизерни (ради обликот на „стазата“)


Posted By: ProMKD
Date Posted: 12-Mar-2008 at 19:47
Да се надеваме, таму одамна уствари има потреба, во двата правци. Трката е така-така, сигурно ништо посебно ама врши работа, со оглед дека е единствената кружна трка во МКД на градски улици


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 13:57
Еве малку подетална информација за тоа какви проекти не очекуваат (друг муабет е колку од нив ќе почнат а тек па колку ќе завршат). Ни боде очи дека во овој список не се наоѓа проектот на почеток на ЛРТ. Тоа е еден проект за кој сум спремен и да трпам раскопан град подолго време само да почне. Се плашам дека ако не се почне со реализација (макар тоа било само раскопување и поставување шини во должина од 100м) на најавената делинца Н. Лисиче - Транспортен центар ќе дојде до промена на локалната власт и ќе почнеме се од почеток. Консултанти, физибилити студија......................... Како што е редот кај нас нели.

ПРЕЗЕНТИРАН АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ НА ГРАД СКОПЈЕ

На денешната прес -конференција, Секторот за планирање и уредување на просторот го презентираше големиот Акционен план за капитални инвестиции на Град Скопје, за 2008 и 2009 година.

Раководителот на Секторот, Аљоша Шопар, најнапред потсети на тековните капитални инвестиции, чија реализација е во тек, како што се: клучката кај хотелот Континентал, пробивањето на булевар Србија(прва фаза) и изградбата на булеварот Македонски војски.

Во втората група проекти се вбројуваат оние капитални инвестиции на Град Скопје за кои е изготвена проектна документација и во моментов се спроведуваат тендерски постапки за избор на најповолни изведувачи. Значи, подготвени за изведба се Детелинката кај Бит пазар, клучката кај Тутунски комбинат, проширувањето на булеварот Гоце Делчев (кај МТВ) и започнување на изградбата на булеварот Илинден (втора фаза).

Детелинката кај Бит пазар, претставува целосна реконструкција на мостот и негово сообраќајно уредување како клучка. Изведбата е предвидено да трае пет месеци и ќе чини 40 милиони денари.

Клучката кај Тутунски комбинат ќе опфати проширување на сообраќајниците од Поликлиниката кон Комбинатот и се очекува работите да се изведиваат четири месеци, а ќе чинат 11 милиони денари.

Проширувањето на булеварот Гоце Делчев ќе се реализира на потегот од МТВ кон Саемот и со него треба да се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел. Работите треба да се изведуваат до почетокот на септември и нивната вредност е 22 милиони денари.

Со проектот за булеварот Илинден, во оваа фаза, е предвидено да се направи булеварско решение од фонтаната Лотос до крстосницата кај Воената болница. Градот за реализација на оваа фаза од булеварот Илинден ќе издвои 160 милиони денари и изведбата треба да се реализира до крајот на оваа година.

Град Скопје е во фаза на проектирање сообраќајни решенија, чија реализација треба да се очекува кон крајот на оваа година и во текот на 2009 година. Се работи за уште поголеми инфраструктурни проекти, со кои значителни ќе се подобрат состојбите во сообраќајот.

Се изработуваат проекти за изградба на втората фаза од булеварот Србија (вредност 120 милиони денари), трета фаза од булеварот Илинден (вредност 900 милиони денари), проширувањето на Теодосиј Гологанов во булеварско решение (470 милиони денари) и проширувањето на улицата Првомајска (550 милиони денари).

Раководитеот на Секторот за планирање и уредување ги информираше присутните новинари дека е започната и реализацијата на проектот за уредување на средишните делови на булеварите. Покрај булеварот Александар Македонски, со проектот се опфатени булеварите Партизански Одреди (во должина од 2.600 метри), К.Ј.Питу (750 метри), Гоце Делчев (1.200 метри), Октомвриска револуција (1.200 метри), Кочо Рацин (720 метри) и Крсте Мисирков (1.600 метри). Изведбата на жардиниерите и хортикултурното уредување ќе се изведува во една или две фази на секој булевар одделно).

Покрај големите капитални инвестиции, јавноста е известена дека се работи и на проекти за санација на 12 моста на реката Вардар. Со проектот се опфатени сите елементи на мостовите, коловозите, тротоарите, оградите и осветлувањето. По завршувањето на проектот ќе започне санирањето на мостовите. Во моментов се менува оградата на надвозникот Дијамант. Покрај санацијата на мостовите, Секторот изработува проект за унификација на изгледот и функционалноста на пешачките мостови, кои наскоро ќе се инсталираат на повеќе магистрални улици кои се во надлежност на Градот.

Свој идеен излед добива и проектот за уредување на мајор коритото на реката Вардар, со кој ќе се заживеат две локации на левиот брег. Во оваа фаза се решава проблемот со пристапните површини кон делот на Кајак кану клубот и од Камениот мост кон МКЦ.

Секторот за планирање изработува и два проекти за градските културни установи. Со едниот проект ќе се реставрира фасадата на Пионерски дом Карпош и ќе се уреди дворот, додека другиот прект е за КИЦ, за уредување на салонот 19,19.

Зоолошката градина, како посебен проект, засега се реализира според динамичкиот план и се очекува добар дел од работите предвидени со проекторт за целосна реконструкција, да бидат изведени во текот на оваа година.



Извор: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1656&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - Град Скопје


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 14:16


Станува епидемија да се мешаат термините клучка и крстосница... еве сега ова доаѓа дури директно од сајтот на градот. Не знам што е толку комплицирано... Тоа се прецизно дефинирани термини и нема простор за поетска слобода Roll%20eyes
Само со оглед на тоа колку им се добри сообраќајните решенија што ги туркаат, не зачудува ни нивното елементарно непознавање на термините од оваа област.

Ама вистински загрижувачко (ако се занемарат старите глупости за клучката континентал, клучката бит-пазар и разноразни жардињери), е ова ново непријатно изненадување - проширување на Теодосиј Гологанов. Контрапродуктивно фрлање на речиси 8 милиони евра Wallbash

Досега кукаа дека немаат пари, а еве сега буквално се расфрлаат со големи пари на лоши проекти. Со парите наменети за неколкуте лоши проекти, може да се изведе некоја навистина поголема инвестиција.

:(


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 14:20


Се слагам но како што рече УрбанФрик во другана нишка, 90% од ова е предизборна пропаганда, да се надеваме само дека она 10% што ќе се реализира ќе бидат поубавите проекти од листава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:30
Нема везе! Не е никава предизборна пропаганда! Вака идат работите: Тоа што е планирано е само проектиран буџет. Колку пари ќе се слеат во градот зависи колку ќе се слеат во УЈП од даноци. Градот го нема годишниот буџет топтан на први јануари. Како се слеваат даноци во ујп, така се пренасочуваат во градот, па од тамо на проекти. Ако се слеат сите пари, тогаш све ќе се изгради!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:39


Средства во буџетот на град Скопје се слеваат од различни извори, не само тој минорниот процент што му следува на градот од даноците што ги собира УЈП.

Плус тоа да се има пари не значи и автоматска реализација на проектите. Колку само пати кај нас дури и тие скромни средства што сме ги одделувале за капитални проекти останувале неискористени, поради неспособност и неорганизираност за реализација на проектите.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:46
Добро како и да е, јас не гледам кампања во најавата на проектите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:51
Ок, тоа си е твое мислење. Мене на пример ми е тешко да го игнорирам цел овој наплив на капитални зафати кои демек треба да се реализираат во последната година на Трифке, особено во споредба со тоа што го правеше во претодните три.

Ама главната поента дури и не е тоа дали се работи за предизборен маркетинг. Главната поента е што упорно се туркаат неквалитетни па дури и штетни проекти. Нешто навистина многу лошо функционира кај градските власти...

Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:55
На Скопје најголема пречка му е законот. За законот имам дискутирано и несакам таа тема да ја отварам, многу се нервирам!! Да имавме саглам закон било кој градоначалник добро ќе раководеше со Скопје!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 18:02
Ја би рекол дека е обратно - со ваков закон било кој градоачалник нема да постигне добри резултати. Ама добар закон сепак не значи дека автоматски добро ќе се управува... Еве го Трифке на пример мислам би бил промашај у секакви околности.


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Apr-2008 at 23:39
Што е сега ова?! Илинденска под земја? Па нели ќе ја прошируваа?
А уште подобро- сериозно размислуваат да ја спуштат партизанска под плоштад. Ама сепак се работи само за проект - ќе покаже дека чини премногу, и се благодарение на Тифани.

Странски фирми ќе ги проектираат двете подземни сообраќајници во Скопје

Под земја треба да се спуштат дел од „Партизанска“ и „Илинденска“, од Владата до фонтаната „Лотос“

Градот Скопје ќе ангажира фирми од странство за да направат проекти за двете подземни сообраќајници што се предвидени со Генералниот урбанистички план. Се работи за продолжување на булеварот „Партизански одреди“, под објектот „Тифани“ и под плоштадот „Македонија“, во должина од 1,5 километар, кој ќе завршува кај Народната банка и делот „Илинденска“, од Владата до фонтаната „Лотос“ во должина од 700 метри.

Градските власти веќе контактирале со проектанти од Србија, Хрватска и Австрија, а деновиве ќе се обратат и до една јапонска фирма, која во моментот гради метро во Софија. Домашните фирми, велат во Градот, не се нафаќаат да проектираат подземна сообраќајница, бидејќи немаат искуство, со оглед на тоа дека кај нас нема ниту една ваква улица направена во урбани услови. Оттаму нагласуваат дека при вакви проекти се случува изработката на проектот да чини колку и изведбата, бидејќи треба да се работи долго и прецизно.

„Се обративме до неколку фирми во регионот, од кои се' уште очекуваме повратен одговор. Проектите ни се многу важни и мора да бидат добри за да ни ја олеснат изведбата во иднина. Од нив, практично, треба да дознаеме колку би го чинело Градот изградба на овие сообраќајници, кои одамна се предвидени во ГУП, а во последно време претставуваат и реална потреба“, вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, нагласувајќи дека покрај проектот, од странските фирми се очекува да кажат и дали би биле подготвени и да ги реализираат. (С.Н.)



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2008 at 00:23


Одлична вест!

Ова одамна го чекаме... Барем да се почне посериозно да се размислува на оваа тема и барем да имаме попрецизна проекција за цената.

Само да не остане на зборови...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 21-Apr-2008 at 00:31
Koa ke ima kazat kolku ke kosta,,,ke im se stemni i ke recat vo slednite 2-3 svetlosni godini ,,,ke pocneme da gi praime ,,,))

-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2008 at 09:39
Ако како така викаат две сообраќајници под земја кога се три. Една е инлинденска, а под плоштад има две.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2008 at 11:02
Епа добро де, таа под плоштад се спојува во една, па ваљда така си ја рачунаат LOL

Ама шала на страна, од тие под плоштад е ургентна таа на потегот Партизанска - Народна Банка (ради трамвајската траса... ваљда конечно увиделе дека не бива без тој тунел да се прави трамвајот, па можеби од тука потекнува оваа иницијатива). Другата, што се влева од кај собранието, не е воопшто ургентна.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2008 at 17:55
Како не е ургентна?!!! Цела гужва од рекорд ќе ја снема. Само незнам какво ќе биде доле поврзувањето.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2008 at 20:05
Епа така, едноставно не можеш да ги споредуваш по ниво на ургентност. Тој крак едноставно не е ургентен, затоа што главната оска Аеродром-Карпош ионака ќе биде многу позначајна од сообраќаен аспект, а уште поважно, таа е неопходна за реализација на трамвајот. Плус тоа, гужвата кај рекорд значително би се намалила со реализација на главната оска, дури и без реализација на кракот.

Мене ако ме прашаш најдобро е да се прават во пакет, зашто ионака кракот е многу пократок, поедноставен и поефтин за изведба, а кога би се граделе одделно, тоа би создало други компликации. Ама поентата ми беше дека без кракот ќе функционираме сосема задоволително, додека без главната оска е загрозен правилниот развој на градот. На крајот на краиштата реков дека којзнае што подразбираат под сообраќајницата под плоштад... Можеби така го ословуваат целиот „пакет“ - и главната оска и кракот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2008 at 23:53
Добро кловер, се слагам дека со реализација на главната оска ќе се намали гужвата на рекорд. Ама мене не ми е јасно како би го извеле доле спојот. Ваљда нема да биде како што сега е раскрсницата пред католичка!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:02
Па најверојатно би било крстосница, ама со семафори... Клучка би било идеално, ама некако не се надевам многу на тоа... Навистина би ја отерало цената можеби х2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:06
Абе и мене ми текна на клучка којашто реално не би чинело многу. Ај ќе остајме на времето и можностите, па ќе видиме што ќе излезе! Инаку клучка не би чинела како што мислаиш дупло. За ефтина пара би се извело супер решение!

п.с. Со колку ленти се планирани сообраќајниците?!


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:09
Дали зборите за градење клучка под земја или лошо сум разбрал?! 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:10
@La Linea  DA!

p.s. Abe taa renaultkata sho godina ti e, dobro se drzi. Da ne ja prodavash?!


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:14
@lslcrew Хаха - не ја давам за жива глава. 18 години

Постои ли такво нешто како подземна клучка? Знаете ли колкава дупка треба да се ископа за да се изгради такво нешто, да не збориме за компликациите понатаму. За клучка требаат кранови, не може под земја. Иначе ќе се прекопува плоштадот. Семафори е најдобро решение според мене.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:20
Еееее, како не требале кранови?! Абе како ги градат низ свет сите оние метро (lines-junction) станици. Може и под земја да се сработи, само колку ќе кошта. Ја мислам дека нема нешто многу повеќе да фати. Или па може понатаму кога ќе се има повеќе пари, тогаш да се размислува за вакво решение.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:25
Клучка под земја секако дека може, има такви мал милион низ светот. Ама мислам дека лсл забегува (и тоа многу) кога вика дека тоа би можело да се направи за ефтини пари LOL

Инаку од ДУП-от изгледа дека и оската и кракот треба да бидат 2х2. Во ДУП-от ме буни што не е предвиден простор за шини и станици за трамвајот. Најлогично би било сето тоа да оди во ист тунел.


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:29
Каква врска има метрото? Тоа се само тунели, тука нема ништо слично на клучки. За клучка е многу различно. Подземна клучка e научна фантастика, ние немаме пари за такво нешто, а сигурен сум дека има подобри решенија.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:31


Дека е скапо, скапо е... Ама технички воопшто не е научна фантастика. Едноставно копаш тунели.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:36


Еве на што мислев. Зарем ова би коштало многу повеќе?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:44
Да, во право си, нема потреба од комплетна клучка, затоа што нема потреба тука да се поврзуваат Аеродром и Кисела Вода. Доволна е само една „рампа“. Но кога ќе земеш во предвид дека треба да се внимава на радиуси и инклинации, таа рампа нема да биде воопшто мала и кратка, плус ќе треба да се оди подлабоко. Абе дај боже нека се изгради ова, па дури и крстосница не би ми пречела... Ама дефинитивно би навивал за клучка! Само нека тргне работава...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 00:49
Ѕирни во ГУП-от, тамо се познава дека нема маркица, за просторот кој го нацртав горе. Така да би можело и скроз да се отвори па да се работи и ско ранови, и покрај тоа што нема потреба од тоа. Со огледн на тоа што овој дел би требало да биде спуштен некои си 4-5м од останатиот, мислам дека не би требало да има поголеми поблеми околу запазување на инклинациите. можеби маку со радиусите би можело, ама мислам дека и тука нема да се јави проблем поради тоа што се работи за многу блага кривини. Сепак овдека е Y, а не класично Т, па да треба огромен простор.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:02


Епа сега да се раскопува плоштадот ли? На тоа требаше да мисли Пенов, кога сето ова плус огромен паркинг под плоштад можеше да се изведе многу поефтино. Али типот си имаше предизборна агенда, а да се зафати со поголеми проекти не беше кадарен...

Него не ги потценувај инклинациите. Прво 4m не е доволна висина. Мораш да рачунаш на повеќе од 5m со оглед на тоа што голем дел од просторот ќе биде пополнет со самата конструкција, а не само оние стандардни 4m максимална дозволена висина за возила. Ако на ова ставиш некоја пристојна инклинација (каква што би посакувале), ќе добиеш прилично голема должина. Ама главната поента е дека се работи за сосема друг тунел и комплицирање на работата од градежен аспект. А тоа комплицирање под земја кошта многу повеќе него на површина.

Ама во секој случај реков дека посакувам клучка, не знам што си толку упорен да ме убедиш во истото Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:07
Е сега тука се наметнува и друго прашање (доколку биде клучка).

Испаѓа дека накај Партизанска треба да биде поширок коридорот. Кај самава клучка 2х4, а понатака логично би било 2х3. Континуиран сообраќај кој би се влевал со 2х2 и од Аеродром и од Кисела Вода, наметнува таква потреба. Ама од Партизанска не можеш да спуштиш повеќе од 4 ленти (2х2)... Со крстосница би било многу поедноставно во овој поглед - на сите три страни 2х2, и без проблеми каде што тунелот ќе понира од Партизанска.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:07
Де бе кловер! Не се убедуваме него само разгледуваме решенија. Инаку за инклинацијата се слагам дека не треба да биде како влез за во гаража. Ама ја колку што знам, раскрсницата не доаѓа под плоштад, него некаде тамо под тие уличките кај пошта.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:12
Ама ја колку што знам, раскрсницата не доаѓа под плоштад, него некаде тамо под тие уличките кај пошта.


Да за ова си во право. Во суштина ти беше повеќе во право, мислам јас повеќе ја преценив цената на таква клучка отколку што ти ја потцени. Big%20smile

Ама останува она што го кажав со бројот на лентите. Имајќи го тоа во предвид, работава многу превагнува накај крстосница Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:14
Горе-доле се слагаме! Него мене една друга работа ме интересира. Некаде видов цена 220 милиони, што не ми е многу логична со оглед на тоа што обиколницата кошташе некаде околу 80 милиони, така?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:19
Дефинитивно цена надвор од памет (ако збориме само за подземните коридори под плоштад). Па колку е вкупната должина побогу, 2km? Не знам, кажи кај си наишол на ваков податок?

Вакви работи под земја е многу тешко да се предвидат, ама јас памтам податок од 30 милиони евра и тој како за првичн проценка ми изгледа сосема веродостојно, колку што можев да компарирам со други слични проекти.

Инаку за обиколницата знаеш дека има голема шареноликост на податоците (80-120-135 милиони). Моја претпоставка е дека 80 можеби се однесува само на градежните работи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:22
Абе кај обиколницата имаше проблеми со екпропријација (не дека сега ги нема...). Затоа отидоа тамо плус пари. Овде нема екпропријација. Мене ме зачуди 220 милиони, зашто да ги имавме ние тие пари за инфраструктура, до сега коридорите готови ќе беа. Не ми се верува мене да е толку, затоа прашувам. Ова 30 разумно ми изгледа, иако е малце повеќе. А трасата мислам дека нема 2 км. Може да е 1,5 комплет. Уствари па ај ако можеш измери на гугл, мене не ми работи гуглот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:33
Па зависи точно од каде ќе понираат тунелите и од некои други ситници, ама во суштина тоа не прави толкава разлика. Ова е неопходен стратешки проект за градот и дали ќе кошта 25 или 35 милиони евра не треба да ја поткопува нашата решеност да го изградиме.

Ајде да почекаме што ќе кажат овие студии и проекти што ќе се изработат, па да дискутираме подетално. Вака имаме премногу непознати во равенкава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:39
Кловер ја имам слабо "чувство за осет" кога се работи за време. Колку би требало одприлика за реализација на овој проект. И кога би се завршил ако се почне утре. А пошто нема да се почне утре, кога мислиш дека би се сечела лента на тунелов. Нормално со моторџии и ролеријада!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:43
Е тоа господ знае... Да почнеше да се гради утре и се да течеше како што треба и да имаше пари на претек да се дадат за брза изградба, веројатно би можело да биде готово за пола година... Ама чекај бе човек, ние уште чекаме студиите да почнат да се прават... Ај еве од рукав, ко за македонски прилики веројатно би требало да бидеме среќни со изградба од ~ две години... Само дај боже да стигнеме до стадиум на изградба во некое догледно време...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:43
Линеа, еве ти тунели со клучки Smile

Првиот клип е од Мадрид. Вториот е од Стокхолм и има интересна дополнителна содржина... И после Швеѓаните биле културни луѓе што почитувале закон и ред... LOL

[tube]IgCc4RAC3Tw[/tube]

[tube]W-QJLOVLg7M[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:49
Во Грција има еден тунел сличен, го градеа за олимпијадата. Проаѓа под Катерини. Може да е некаде по должина колку неколку овакви. Стварно е мерак ипол. Ако најдам фото по дома ке пратам.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:51
Ама чекај тоа е тунел на автопат или градски тунел?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 01:56


Сликано е од неперена кола, ама се гледа!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 02:00
Originally posted by Cloverstack

Ама чекај тоа е тунел на автопат или градски тунел?


И што бидна со одговорот? Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 02:03
АААА. Абе сега точно да ти кажам незнам, изгледа е дел од Е75. Некако проаѓа под еден дел од катерини. Изгледа се одлучиле за вакво решение, место обиколен пат. Инаку долу мислам дека немаше приклучоци, или па не сум ги видел. Порано па пред да се изгради, ич не ми текнува како се идеше. Ова е како сега под ѓорче да направиш тунел. Направен е за да се иде под еден крак на градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 02:04
Добро ама сепак е сосема различна приказната од она што треба ние да го градиме под центарот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 02:10
Добро ја онака сакав да пуштам едно кадро, само за споредба, да знаеме што да очекуваме. Инаку без заебанција крајниот исход би требало да биде нешто како ова горе. Барем според лентите, осветлувањето. Инаку има една работа која несмееме да си дозволиме, а тоа средишниот дел да биде со стубови. Многу се ризични стубовите при сообраќајќи. Ако е ѕид сепак колата сепак ќе излизга по краевите и ништо. А ако е стуб, има да се здрви директива. Се слагам дека приказната е различна, ама се надевам дека ќе го има истиот сречен крај како она горе!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Apr-2008 at 05:02
Сум бил во грчкиот тунел неколку пати, дел од самиот автопат е. До 2004 за олимпијадата тој пат го направија милина


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:15
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BA68E26F6A4B924C99345D567CD8BFED - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BA68E26F6A4B924C99345D567CD8BFED

ИЗВЕШТАЈ НА СВР СКОПЈЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО 2007 ГОД

Партизанска и Првомајска најнебезбедни улици

Главни причини за сообраќајните несреќи се брзо возење, непочитување на првенство на минување, неправилното свртување и возење наназад и неправилното движење на пешаците

Булеварот Партизански одреди и улиците Илинденска и Првомајска се најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важат за црни точки. Таму лани се случиле најмногу сообраќајни несреќи во кои повеќе граѓани загинаа, а десетици беа повредени. Од Секторот за внатрешни работи - Скопје како најчести причини за сообраќајните незгоди ги посочуваат брзото возење, непочитувањето на правилата на првенство на минување, неправилно свртување и возење наназад, како и неправилното движење на пешаците. Според документот, кој утре треба да биде усвоен на седница на Советот на Градот Скопје, лани во градот и во околината се случиле вкупно 9.411 несреќи, од кои 1.551 со потешки последици. Шеесет луѓе го загубиле животот, а 2.298 биле повредени. Во 100 случаи виновни биле пешаците,кои се движеле непрописно. Според согледувањата за 2007 година, најзагрозени беа фреквентните улици и булевари. На булеварот Партизански одреди лани имаше 44 сообраќајни незгоди, во кои беа повредени 52 лица. На „Илинденска“ се случија 39 сообраќајки, во кои едно лице загина, а 60 беа повредени. Тројца граѓани загинаа на „Првомајска“, каде што се случија 34 несреќи, а 49 лица беа повредени - се вели во извештајот.

БРЗО ВОЗЕЊЕ И БАВНИ ОРГАНИ

Улицата Првомајска со години важи за една од поопасните улици во градот. Особено откако пред неколку години беше обновена и проширена во делот на населбата Кисела Вода. Таму се вози брзо и непрописно се претекнува, исто како и на делот од „Првомајска“ кон Драчево. Овој дел остана необновен, темен и тесен.  Несовесните возачи престигнуваат на полна линија, возат со расипани фарови, а чести причинители на незгоди се и многуте запрежни коли и велосипедистите, кои возат без светла. Со години бараме Градот Скопје да изгради улично осветление на улицата кон Драчево - вели Ц.З., жителка на Драчево.На „Партизанска“ со децении најмногу страдаат пешаците, поради несовесните возачи што возат брзо и не застануваат на пешачки премин. По целиот булевар, од Центар до Ѓорче Петров, со години се случуваат сообраќајки и поради трките што несовесни граѓани ги организираат доцна навечер, кога возат многу брзо и не застануваат на црвено светло на семафорите. Скоро секоја вечер ги слушаме како се тркаат со возила и со мотори. Намалуваат и зголемуваат гас и не' вадат од памет. Тоа не е ништо ново, а органите ништо не преземаат - вели жител од Центар.Градските власти најавија дека ќе ги заштитат пешаците со тоа што годинава ќе изградат надземни пешачки премини на повеќе булевари.

СЕКОЕ ПЕТТО ВОЗИЛО Е НЕИСПРАВНО

Во извештајот на СВР-Скопје е посочено и дека секое петто возило од оние на кои им била извршена контрола е технички неисправно, а секој 22-ри возач бил пијан. Контролирани се вкупно 186.869 возила, при што е утврдено дека 37.281 биле технички неисправни. Од безбедносни причини од сообраќај се исклучени 512 неисправни и 6.606 нерегистрирани возила. Од околу 195.000 возачи, со алкотест беа проверени 10.111 возачи. За 8.877 од нив е утврдено дека консумирале алкохол - се вели во извештајот.

Јорданка Ивановска




Print Page | Close Window