Print Page | Close Window

Виничка Тврдина (Кале) - Виница

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=962
Printed Date: 09-Jul-2025 at 16:18


Topic: Виничка Тврдина (Кале) - Виница
Posted By: Makedonij
Subject: Виничка Тврдина (Кале) - Виница
Date Posted: 29-Sep-2009 at 22:53
Добив информацији од личност во музејот Теракота, дека Виничко кале целостно ке се обновува....






Spored skicata na Mikučič vaka bi izgledala tvrdinata, približno...Yes


Poveke informaciji za kale:
http://www.opstinavinica.gov.mk/files/192/brosura_vinica_star_anticki_grad_mk.pdf
http://www.360macedonia.com/macedonia/en/images/vrtour/kale_vinica.html


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Jun-2010 at 19:45

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА

ВИНИЧКО КАЛЕ

Советниците едногласно ја усвоија предлог-одлуката за покренување на постапка за изготвување на Локална урбанистичка планска документација за Археолошкиот локалитет “Виничко Кале“. Вкупната површина на предвидениот опфат изнесува околу 11 ха, а целта на изработката на овој план е уредување на Калето со помошни објекти, пристапни патеки, опрема, осветлување на бедемите и просторот, и изведба на пристапен пат.

http://www.opstinavinica.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 09:45
Месноста „Градиште, Кале” лежи на југозападната периферија на Виница. Претставува 40—70 м висок рид на работ на Виничкото поле. Најлесно е пристапен од југ, преку мало седло кое вештачки е пресечено во одбранбени цели. Во северното подножје поминува патот Штип — Виница — Берово, античкиот пат Астибо — Баргала — Партикопол. Калето доминира над широката околина. Еден стар планински пат поаѓал од Калето на југ и преку сртот на Плачковица избивал во Радовишко Поле.

Просторот на ридот Кале, опфатен со обѕидие, мери 320 х 140 м (3,2 ха). Најстари наоди: атички сликани вази и монети на Филип II Македонски. Во 4. век н.е. било изградено обѕидие со малтер и оформен кастел голем 2 ха. Во 6. век обѕидието било обновено, исто така и челната кула, а на југоисточниот дел доѕидана е нова кула со премин низ неа. На тој сектор се откопани (во 1985—1990 г.) една ранохристијанска црква, дел од магацин со вкопани питоси и до него дел од богата куќа со перистил, вероватно епископска резиденција. Во неа се најдени бројни керамички плочи со библиски претстави во релјеф („Винички икони”) со кои биле украсени ѕидовите. Градбите страдале во пожар и биле целосно урнати во доцниот 6. век (повеќе монети на Јустин II, 569/70 г.).
Иако малечок по обем, кастелот во Виница со време бил издигнат до ранг на црковно средиште — веројатно епископски стол Келенидин (?). За ова зборува и концентрацијата од 10 базилики во Виница и во нејзината околина.

На просторот на акрополата што го зафаќала јужниот дел од кастелот (со големина 0,4 ха) во средниот век бил подигнат нов ѕид врз урнатиот доцноантички ѕид. Тој бил граден многу послабо и без малтер, а била обновена и челната кула. Најголем дел од ова обѕидие е уништено во наше време со земјоделски работи. Во северозападниот дел на новата крепост биле закопувани умрените. Истражените гробови се датирани со накит во 10.—13. век. И старата базилика веројатно била обновена (нејзиниот средишен кораб) во ова време.
Досегашните наоди наведуваат на заклучок дека на Калето егзистирала мала крепост во 10.—13. век (можеби и подолго), како стража покрај патот што од долината на Струма преку Малешево избивал на Брегалница, водејќи натаму на запад.

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 09:48

Деновиве започнаа нови ископувања како дел од владината археолошка кампања за откривање на културното и историското наследство. Истражувањата се вршат со 70- тина работници и со археолозите од Музејот Теракота. Овие неколку дена се работи на повеќе сектори. Откриени се фрагменти од икони и керамички материјал од доцната антика. Откриен е и вториот влез на Калето, кој се наоѓа на северната страна. До сега се откриени археолошки артифакти кои датираат во периодот од 3- тиот милениум од пред нашата ера до 12- тиот век од нашата ера т.е. ископани се 4200 години историја и култура. Ова е доволно провокативна квантитативност која треба да ја анимира туристичката љупопитност за посета на ова наше наследство. Ископувањата ќе трајат до крајот на Јули и за сите наоди опшината преку својот веб портал, општински весник и туристички флаери, уредно ќе ја информира локалната и пошироката државна и светска јавност.






-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 09:52







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 09:59







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 10:01

Виница  има најголеми шанси за презентација на дел од ранохристијанскиот период. Ниту Грција ниту која било друга европска
земја не може да го предизвика интересот на Европејците, ова тврдење на д-р. Коста Балабанов е како потсетување за вредноста на овој археолошки локалитет.



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 10:04







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 10:17
Во Македонија и во светот, Виница е позната пред се по теракотните икони,чија исклучителна вредност, автентичност и оргиналност ги вбројува во редот на најексклуѕивните  откритија од областа на ранохристијанска уметност во Македонија. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSaraf%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml">



file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSaraf%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml">
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSaraf%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml">
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSaraf%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 11:13
За името на градот, за кое денеска погрешно се поврзува со Вино..... АРМОНИЈА, АСТИБО или ТРАНУПАРА.

Радмило Петрович во трудот АРМОНИА ЛАТИНА дал своји толкувања со проблемот на локализирање на градовите АСТИБО, КЕЛЕНДИН, АРМОНИА, ЗАПАРА и ТРАНУПАРА. Посебно внимание обраќа на локацијата на градот АРМОНИА за кој семта дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло, кое Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор - Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница - Вина.
Р.Петрович,2001,8-15

Маријан Јованов во своето илагање КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби - Пауталија, тргнувајки од оргиналната варианта на картата ТАБУЛА ПУТЕНГЕРИАНА, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети локацијите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритиа во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град АСТИБО.
Неговото објаснување го аргументира вака, ''ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата не доведуваат на локација на денешна Виница. Овде на локалитетот Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време, која зафачќа површина од 3,5 хектари (денес веке 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат ѕа рудничко - металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на овој локалитет, а сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќке на значење, прераснувајки во еден културен центар за шо сведочат бројните базилики. Сметам следејки ги растојаниата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на оваа локалитет би тербало да ја лоцираме станицата АСТИБО.''
Марјан Јованов,2002


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Jun-2010 at 11:43







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jun-2010 at 18:58
Успешна археолошка година на Виничко кале http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=3273&pop=1&page=0&Itemid=71"> Испечати http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=3273&itemid=71"> Е-пошта


Истражувачката кампања на Виничкото кале во минатата 2008 година е богата и содржинска. Открени се теракотни икони кои археолозите ги сместуваат меѓу четвртиот и шестиот век, со застапени теми од Стариот завет, Давидовите псалми, како и христолошки теми и претстави на светители.

На иконите има досега непознати сцени и доминираат мотиви од тогашниот секојдневен живот на луѓето, коњаници, животороден извор, сцени од морски животни, риби, школки, а првпат на новооткриените теракотни икони се претставени историски настани од овој крај, кои допрва треба да бидат проучени.

Од 1985 до 2008 година на Виничкото кале археолозите во повеќе кампањи истражувале површина од 25.000 метри квадратни. Пронајдените артефакти зборуваат дека на тој простор постоел живот пред 4.200 години.

Во виничкиот трезор на теракоти има 50 цели икони и стотина фрагментирани со мотиви од 15 сцени во повеќе реплики.

Извор: Вечер



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jun-2010 at 19:36

ПРИКАЗНИТЕ НА АРХЕОЛОГОТ ЦОНЕ КРСТЕВСКИ ЗА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ

Највисок јарбол за Виничкото кале

Виничките икони се енигма. Има многу неодговорени прашања за нив, многу е напишано, и повторно се енигма.

Цоне Крстевски е еден од постарите археолози, на две години до пензија, кустос - советник во Музејот на Македонија. Негови животни проекти, по раскажувањата и по фактите, излегува дека се ископувањата на Виничкото кале и на Исарот кај Марвинци.
Тој со неговото 40-годишно археолошко трагање, станал и почесен граѓанин на Виница и на Валандово. Вели, не потекнува од тој крај, но постојано потенцира дека е дојдено времето источна Македонија и средниот тек на Брегалница да станат археолошки приоритет, оти тука се крие тајната на христијанизацијата на македонското население, за што зборуваат светски познатите теракотни икони, но и многу скриени, темни археолошки тајни. На Виничкото кале ќе се развиори јарбол кој ќе се гледа од Скопје. Тоа го заслужува овој локалитет, тврди Крстевски, поради иконите кои сe уште нудат многу прашања за светските научници, но и поради континуираниот живот на Калето цели 5000 години.










Горд е дека со последните инвестиции на Владата успеал, како што ветил, да го открие целиот габарит на Калето. Посакува да има пари, за да ја истражи следните две години целата внатрешност на каструмот, во длабочина. Калето да се конзервира, и на него да продолжат да работат помладите колеги. Крстевски со задоволство се сеќава и на неговиот редок наод "стадион" или патоказ помеѓу два антички града, најден на Исарот, со што се дознало оти Марвинци не е Идомена туку е Доберос.

Вистината за пронаоѓањето на Виничките икони

Во пролетните денови на 1977 година бев млад вработен во тогашниот Археолошки музеј, и добивме писмо од двајца мештани Илчо и Методија, во кое пишуваше: "Ние го најдовме името на градот Виница". Тие тогаш пронашле една од иконите на која пишувало Винеа. Точно, името алудира на Виница, сега тој натпис стана и лого на градот, па ми ја дадоа таа чест неодамна да ја откријам плочата со логото.
Но таа икона кажува нешто сосем друго, тоа е, всушност, претстава на пренесување на виновата лоза од Египет до Јудеја. Сакам еднаш засекогаш да се знаат работите како беа околу откривањето на Виничките икони, зашто низ годиниве има многу верзии. Околу '70-тие години покојниот дедо Стојчо, кој имал лозје кај сегашниот локалитет, копајќи нашол една од иконите. Таа икона е претставата на Архангел Михаил, која имав среќа да ја видам истата година во колекцијата на еден од мештаните во Виница - господин Ристо Попов.
Потоа се јавија мештаните за иконата на Винеа. Тогашниот директор на Музејот ме прати да видам што се случува таму. На местото и самиот најдов уште 5-6 во депониите на собраниот камен од лозјата. Ги донесов иконите во тогашниот Археолошки музеј, сите беа изненадени, а потоа си го дозволив тој луксуз, со слики, а потоа и во живо да ги покажам иконите кај професорите во Белград. Целата научна јавност, и овде и таму, беше изненадена, и рекоа дека мора да се бара изворот на наодот некаде наоколу, и ги ставиме како провокација на увид на светската јавност.
Но во 1985 година, со професор Коста Балабанов го најдовме големото депо, и оттогаш почна на големо да се кажува и низ светот за Виничките теракоти. Ги презентиравме, една по една, во Скопје, па на Универзијадата, па во Ватикан, по ред во над 20 светски метрополи, во 50-ина светски градови.





















Повторно наоѓање на Икони

Во 2008 година најдовме уште многу икони, околу 170. Има парчиња и со нови сцени. Зашто досега познававме 4 циклуси. Ова е прво големо ископување на нови икони, по 1985 година, иако на Виничкото кале се копа постојано во континуитет, но со премногу мали пари, за разлика од минативе две кампањи.
Досега познати ни беа темите на иконите, како што се старозаветни, христолошки теми, псалми и претстави на светители. Новата тема, која лично мене ме збунува, се претстави на коњаници со копја, без текст. Се работи за некои историски собитија, нема дилеми - да видиме што сакал виничкиот мајстор да претстави, ова е петти фрагмент.Но има и нова фаза, а тоа може да се калапите, мислам дека имаме делови од каауп. Виничките икони не се исти како оние во Бардо - Тунис, пронајдени пред стотина години. Тие биле како касети на плафон, биле како плочки, мали со димензии 10 на 15 сантиметри.. Нашите се 30 на 20 сантиметри, и квадратните 28 на 32 сантиметри. Тие запрепастуваат со својата големина, некои од новопронајдените се многу масивни. Релјефот на некои е толку висок, што на една со коњаник во галоп, висината на бутот и теракотата е околу 9 сантиметри, што е тешко изработка.
Досега се мислеше дека теракотите се од 7-8 век. Тогаш, со првите ископувања, најдовме околу 50 цели и делумно фрагментирани икони.
Но со новите истражувања и наоди, мислам дека нивното датирање ќе го симнеме подолу, и мислам оти иконите може да се и од 5-6 век. Тоа го тврдам според движниот материјал кој е многу силен, кој ги следи, а кој датира од тоа време.
Виничките икони се енигма. Има многу неодговорени прашања за нив,
многу е напишано, и повторно се енигма. Тие ќе останат нерешен археолошки случај, сe до оној момент додека не се најде нивната примарна функција - зошто се правени, кога се правени, зошто се исфрлени, зошто виничкиот мајстор правел грешки, зошто има толку реплики, сите овие зошто ги прават теракотни икони од Виница толку таинствени. Дефинитивно, имало работилница, можеби сме на шкартот.
Објектот сe уште не е најден, и мене ми се чини нема да го најадеме, но сигурно е дека биле аплицирани на објект. Имаме икона со автентичен малтер од 4 сантиметри, а знаеме и дека биле користени и како градежен материјал, зашто имаме најдено отпечатоци од претставите кои ги има на иконата. Тоа се податоци кои ги збунуваат и светските научници.
Што сакал мајсторот, вајар, уметник - сите епитети ги заслужува - да каже со претставите на иконите, да остави за поколенијата кои ги истражуваме, сe уште не е дооткриено. Сe додека има зошто, Виница и Виничките теракоти ќе бидат предизвик и за идните генерации.

2008-2009 - Калето е целостно откопано

Она што сме го сработиле од 1985 година до лани беше една третина од габаритот на Калето. Со овие две кампањи, со многу мал тим, но со пари, доволни за Калето, успеавме да отвориме 95 проценти од должината на неговите бедеми. Никој не веруваше дека за две години ќе успеам во тоа, не веруваше ни Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман мислеше дека сум ненормален. Но, еве, на две години до пензија, тоа ми успеа, и многу сум исполнет и среќен поради тоа. Сега реков дека со ова темпо и пари ми требаат уште две години да се истражи Калето целосно и во длабочина. Се разбира, првин мора да се конзервира. Зашто тоа Калето го заслужува. Тоа е стратегиски локалитет за Источна Македонија.
Виничкото кале во каструмот само има 25 000 квадратни метри. Со откривањето на сите бедеми, се докажа дека има неправилна полигонална форма. Сега откопавме околу 430 должни бедеми, зачувани во висина од 3-4 метри и 4 нови кули, па вкупно се 11.Ова кале го заслужува третманот како Скопското кале и Самуилова тврдина. Тоа е на трансверзалата Исток - Запад, по патот Виа Игнација, а згора на тоа е и важноста на средниот тек на Брегалница.
Најстарите артефакти, движен археолошки материјал датира од околу 3000 години пр. н.е.. Значи, можеме да говориме за континуиран живот на Калето до денес, за 5 000 години. Имаме артефакти од сите периоди.
По енеолитот, имаме керамика од доцно бронзено време, околу Тројанската војна, околу 1 200 г., потоа подоцнежниот железен период, 6, 7 век пр.н.е. Доаѓаме во класичниот период, периодот на Пајонците, кој бил пресилен, во Источна Македонија. Имаме некрополи, тибули, рамни некрополи, кои датираат од околу 6 век. Сe уште Македонците не се појавуваат, тие се 5, 4 век. Тоа го потврдуваат керамичките предмети, објектите за жртвување од тој период. Она што беше проблематично за Виничкото кале беше што го немаше македонско- хелинистичкиот период, до доаѓањето на Римјаните. Сега се покажа прекрасен материјал од тој период - се поврза алката, го споивме периодот од 5 век пр.н.е, до 1, 2 век на наша ера. Имаме артефакти, монети, керамика, стакло. Потоа тука се Римјаните, со артефакти од подоцнежниот период од 3 век. Тоа го знаеме со сигурност, зашто на самата влезна порта на Калето најдовме плоча на која е напишано "Во чест на својот господар".
Името на царот не е читливо, професорката Басотова вели дека датирањето мора да е околу, 3, 4, век. Од досега истраженото, посебно значење за Калето имаат тие 4 века, од 3 до 6 век, до доаѓањето на Словените.
Проблемот е што на Виничкото кале имаме темен археолошки период. Ги немаме 7-8 век, Словените ги немаме, и како материјален доказ и како култура. Спорадично, некој материјал се јавува од крај на 9, нешто 10, и од 11 век имаме една прекрасна некропола со 120-130 гробови, со белезици од стакло, позлатени. Таму најдовме остатоци од "Пејачката од Виница", како што јас си ја викам. Најдовме женски скелет, 11 прстени, 9 стаклени белегзии и 4 позлатени бронзени белегзии.
Ги најдовме и печките во кои се печени теракотите, во соседен објект кој е пандан на Калето. Печките правеле сe што било потребно за утврдувањето.
Ја откривме монументалната цистерна со хидростатен малтер, се работи за многу ретка цистерна. Сега сме на длабочина од 7 метри, а оди надолу. Ме изненадува, наоѓаме многу материјал. Можеби цистерната ќе ни ја даде целата историја на Калето. Внатре има куќи, улици, една ја крстивме Партизанска, дуќанчиња, магацини, цистерната, утврдување без вода не живее, делови од оружје, комуникациите на војската, самиот терен ни кажува колку би била висока секоја кула..Овде ќе го ставиме највисокиот јарбол во Источна Македонија, да се гледа дури од Штип, па, ако сакате, и од Скопје.

Како археолошки локалитет Виничко кале првпат се споменува во 1952/53 година, како Клисе баир. Подоцна ние со професорот Балабанов го воведовме новиот топоним, кој остана до денес. Јустинијан не случајно го удвоил западниот бедем. Калето епредвесник на христијанството кое нe одржува.Истражувањата ќе го решат проблемот на христијанизацијата на македонското население. Средниот тек на Брегалница е алфа и омега за многу прашања, не е случајно што една од мисиите на браќата Кирил и Методиј била токму тука.

Дојде време и Источна Македонија да ни биде приоритет за културниот туризам. Се истражува на Исарот, на Мородвис, Крупиште, Баргала. Таму е клучот на темниот дел од археологијата. Не треба многу да се направи туристите да помината еден ден во Виница и во Валандово.Дедо ми велеше: "Каменот тежи на местото." Затоа мислат дека е потребно да се реновира Виничкиот музеј, да има оригинали од иконите. Туристите ќе одат на Обозна Планина, под вршник ќе јадат специјалитети, ќе ги видат теракотите на самото место, ќе се качат на Калето, по една маица, сувенир, и еве ги парите. Ќе поминат еден ден во Виница. Како што вели Крстевски, виничани, со сите досегашни градоначалници се сродени со Калето, и ќе бидат одлични домаќини.

М. Зафировска
http://www.vest.com.mk/?ItemID=5897935132F2C344A5F7E2F27B86E20D



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jun-2010 at 11:37
Преубав осврт Makedonij, штета за оној репетитор кој ја нарушил локациата и целото доживување.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Шпер
Date Posted: 25-Jun-2010 at 21:54
Во Преродбата на Владата за 2008-2012 во одделот за култура пишува дека ќе се гради Музеј на теракотни икони во Виница. Мислам дека треба да биде во склопот на Калето...

-------------


Posted By: lupo
Date Posted: 26-Jun-2010 at 11:37
BRAVO Applause


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Jun-2010 at 14:08
@Шпер

Музеј во Виница веке има, се вика Теракота, јас бев чул дека само ќе се обновува?


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Jul-2010 at 10:13
Виничко Кале и Виница на светската археолошка карта

За две години музејот „Теракота“ во Виница го посетиле над 6.500 лица.
ШТИП - Од мај 2006 година Виница, родното место на теракотните икони, има свој градски музеј во кој се сместени 240 експонати. Музејот го носи името „Теракота“. Во неговите витрини е поместена збирка од многу вредни артефакти, главно предмети од метал, глина, камена пластика, сите пронајдени во 23 годишните археолошки активности кои во континуитет се изведуваат на локалитет Виничко Калe.Двегодишното постоење ја покажа оправданоста од отворање на музеј во нашиот град, бидејќи имаме редовни посетители од Македонија и странство кои сакат археолошкото богатство, прочуените теракотни икони пред се, да ги видат во музеј кој е во непосредна близина на археолошкиот локалитет на кој истите се пронајдени. Своето задоволство посетителите го комбинираат со качување на Виничко Кале каде задолжително одат откако ќе ги видат експонатите во музејските витрини“, вели директорката на музејот Јулијана Иванова, дипломиран историчар на уметноста со археологија, која е единствената вработена во оваа институцијi.

За две години, музејот „Теракота“ го посетиле над 6.500 посетители од кои над 250 од странство. Тоа е прв музеј во Македонија кој е обезбеден со сигурносен систем. Теракотните икони кои доминираат во музејот и кои датираат од периодот помеѓу 3-7 век се копии, освен најстарата и највредна Свети Апостол Андреа, која е оригинална и која датира од 3 век после Христа, односно пред христијанството да биде признаено како религија.Во склоп на музејот имаме и сувенирница во која изработуваме комерцијални копии со мотиви од теракотните икони кои се продаваат во самиот музеј за што секој купувач добива и соодветен сертификат. Теракотните икони кои се врзани со ранохристијанската уметност придонесоа археолошкиот локалитет Виничко кале и Виница да се најдат на светската археолошка карта“, вели Иванова.

Копии од теракотните икони купуваат странците но и менаџерите на многу претпријатија од Виница, Кочани, Делчево, Берово, Штип и други градови кои ги подааруваат на своите бизнис-партнери од земјата и странство, како и многу наши граѓани. Виничка општина е една голема, недоволно истражена територија пребогата со археолошки локалитети. Во археолошката карта на Македонија официјално се признаени и како такви заведени 96 археолошки локалитети. Музјеот „Теракота“, финансиски во целост беше поддржан од Светската банка и локалната самоуправа, под чија каппа ја обавува својата значајна дејност.

http://www.utrinski.com.mk Број 3327  четврток, 08 јули 2010

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Шпер
Date Posted: 08-Jul-2010 at 10:52
Супер. Ставете некоја слика да видиме како изгледа музејот...

-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 15-Sep-2010 at 17:53
Еве малце подобар поглед бидејки гугл го обновиле...


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 15-Sep-2010 at 17:55
Значи правеме нова реконструкција овој пат по детална.Yes

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Sep-2010 at 09:44
Originally posted by Шпер

Супер. Ставете некоја слика да видиме како изгледа музејот...


http://www.muzejterakota.mk/index.html


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Feb-2011 at 15:00

Студенти- археолози од целиот свет го истражуваат виничкото Кале

Стариот антички град и значаен ранохристијански центар во Македонија, виничкото Кале, ќе биде таргет на истражувања на студенти- археолози од целиот свет.

Оваа пролет во градот на теракотните икони, ќе работат младите археолози во рамките на летната археолошка школа што ја организира реномираниот институт Еуробалкан од Скопје. На виничкото Кале пред 15 години се откриени познатите теракотни икони, кои датираат од 3-7 век.

Археолошките истражувања на Калето се во агендата на Министерството за култура и за оваа година.

- Од 27 јуни до 7 јули, ученици археолози од целиот свет од Европа, Америка... Со професори од Македонија ќе работат на виничкото Кале. Виничкото Кале е еден од познатите антички градови во Источна Македонија кој се наоѓа на патот Виа Игнација кој води од Стоби до денешен Ќустендил, вели Јулијана Иванова, археолог и директор на музеј „Теракота“.

Освен капиталниот проект, Виничкото Кале, годинава со поддршка на Министерството за култура, локалниот музеј од Виница „Теракота“, ќе работи на истражувања на локалитетот Грнчарка, каде ќе се истражува тубуларна некропола, временски датирана од 1-4 век од н. е, прв доказ за животот на овој регион во тој период.

- Очекуваме нови сознанија за луѓето кои живееле на овие простори, за нивниот етникум, вели Јулијана Иванова, археолог и директор на музеј“теракота“.

Додека 2011-та година за Виница ќе биде година на археологијата, во Делчево и понатаму останува закопана тајната на погребната бронзена кочија, откриена пред 7 години кај делчевско.

Нема да се истражува главната гробница и сé уште ќе остане енигмата кој војсководец со каков грб на штитот и со какво богатство е погребан во делчевската могилка.

video:
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=71442



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2011 at 17:07
Makedonij aj povekje za delchevo imash neshto info?


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 16-Feb-2011 at 17:29
Не ми е јасно зошто кога веќе имаме некој показател за некое значајно откритие, не се испита до крај и не се насочат силите кон таа насока. Не зборам да не се истражува Виничкото Кале (и таму има сериозни наоди), но зошто оставаме во Делчево да прекопуваат диви копачи. Мора секоја работа да се испита до крај за да бидеме на чисто.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Feb-2011 at 21:58
Во Делчево знам за една тврдина, но ногу е недостапна, ќе ја постирам под тврдини само да најдам време

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-Mar-2011 at 21:26
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%281%29.jpg
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%283%29.jpg
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%284%29.jpg
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%285%29.jpg
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%286%29.jpg
http://www.mav.mk/images/issues/2010-05/original/vinicko-kale-%287%29.jpg
http://www.mav.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-Mar-2011 at 21:34

Виничко кале и годинава капитален проект на Владата

Среда, 02 Март 2011 08:34

Виничко Кале со секоја истражувачка кампања отвара нови полемики и создава простор за уште поголем предизвик кај археолозите , се пишувало , но има уште многу да се пишува...

...Секој истражен сегмент во него, крие богатство од историја , а секое лето оваа тврдина нуди артефакти кои се како магнет за археолошката јавност, и не случајно се дел од најголемите светски изложби.

Дел од колекцијата на теракотните икони од Виничко Кале наиде на добар одзив во Утрехт (Холандија), каде е во тек големата археолошка изложба од Македонија. Од еден мотив на теракотните икони, старите мајстори правеле повеќе реплики, така да оригинални примероци има Музејот на град Виница во колекцијата на Музејот на Македонија, којашто колекција, т.е дел од неа се во Холандија. Изложбата е отворена до 11 мај, Музејот на град Виница ќе ја посети изложбата. Најновите артефакти од Виничко Кале моментално се во Музеј на Македонија. За првпат годинава најдовме колективен наод на златни монети, и за првпат од 10 век, истакна Магдалена Манасиева, археолог- документатор во Музеј “Теракота“.

Виничко Кале се истражува од 1985 година наваму, а од 2008 година е капитален проект на Владата на РМ, но годинава според најавите на Музејот “Теракота“ за првпат ќе се организира и археолошка школа.

Во последните неколку години комплетно е истражено утврдувањето , истражени се 11 кули кои ги има утврдениот град на Виничко Кале и сега ни останува внатрешноста. На археолошкиот локалитет ќе се истражува и годинава, најверојатно од април. Новина оваа година е археолошка школа која ќе се реализира од 27 јуни до 8 јули. Музејот ја организира во соработка со реномираниот институт Евробалкан, заеднички направивме нешто, има заинтерисираност, учесниците ќе се запознаат со основните методи на археолошките истражувања, со основните методи во третирањето на ќерамиката, стручњаци ќе презентираат како се конзервира и реставрира ќерамика. Ќе има предавања од стручњаци од Македонија, од катедрата за археологија во Скопје, а се најавени гости и од Белград, вели Манасиева.

Освен ископувања , конзервација на истраженото не е правена последните неколку години, има најави за годинава, но се зависи од средствата, велат во музејот.

http://www.radiokocani.com/images/Vesti/032011/02032011/168905_1417535817665_1810727914_775243_4782107_n.jpg
http://www.radiokocani.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Mar-2011 at 18:56
Еве уште еден одговор од општината:

За Виничко кале, Банско и Општина Виница имаат аплицирано со заеднички проект до Европските фондови во висина од 300.000 евра, по 150.000 за секоја општина и ние овие пари ќе ги искористиме за изградба на инфраструктурата на калето. Поставување на информациони табли, достапни патеки низ калето итн. Неофицијално, парите се одобрени. Реконструкцијата на двете цркви на нашето кале не е општинска надлежност и за ова можете да добиете одговор од Музеј Теракота.


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 17-Mar-2011 at 08:27
А еве и неофициален одговор од музејот на Виница....

Rekonstrukcijata na crkvite na kaleto i bilo kade vo Vinica ne e muzejska dejnost. Konzervacijata i restavracijata se dejnost na nacionalniot konzervatorski centar od Skopje. Muzejskata dejnost se odnesuva na istrazuvanjeto.

Nema planirano za 2011 godina, se planira samo izrabotka na platnata za konzervacija na bedemot, a mozna konzervacija na bedemot vo 2012 godina. Ednata crkva e konzervirana, a sto se odnesuva do rekonstrukcija, ne e vozmozna poradi premalku elementi za nejzino tocno rekonstruiranje, bidejki e mnogu pogresno da se izmisluvaat raboti bez dovolno crvsti dokazi deka navistina izgledale taka. Kaj bedemot nema mesto za greska, pa del kje se konzervira, a delot sto gleda kon gradot kje se restavrira.




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2011 at 21:42
Малку за пред јадење, ќе биде довршено за некој месец, кога ќе дознаам каде точно што стоело...




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2011 at 13:36

http://www.kurir.mk/republika/opstini/25755-Arheoloska-kampanja-na-Vinickoto-Kale - Археолошка кампања на Виничкото Кале


Седумдесет луѓе со 10 археолози ги започнаа истражувањата на Виничко Кале во рамките на третата поголема археолошка кампања на Владата на Република Македонија.

kale-vinica

Во овој циклус Виничкото Кале добива одредена сума средства кои ги донира Владата. Виничкото Кале доби и нов влез.

Сите овие архитектонски содржини укажуваат дека станува збор за градот Армонија. Во последната кампања беа откриени седумнаесет златни монети.

Zlatni-moneti-od-10-vek500

-Никој не спори за живот на Виничко Кале во 9 и 10 век, тоа ние го констатиравме, животот тече, дилема остануваат само 7 и 8 век до 9 век, оној другиот период од енеолитоит, од 3000 год. п.н.е. до 12 век не е спорен дека постоел на овие простори. Ние се обидуваме да ги зачуваме просториите од тој период, изјави Крстевски.

Вработените во Музеј „Теракота“ и општина Виница ги координираат сите активности во насока на навремена и целосна подршка за успешен тек на кампањата.http://www.kurir.mk/republika/opstini/25755-Arheoloska-kampanja-na-Vinickoto-Kale



Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-May-2011 at 20:56
На калето интензивно се работеше...







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-May-2011 at 20:57






-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 23-May-2011 at 00:00
супер е само столбот многу ја уништува сликата


Posted By: Makedonij
Date Posted: 30-May-2011 at 18:51
http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/252963_10150196110548547_116707253546_7235586_5244366_n.jpg
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/248138_10150196110773547_116707253546_7235591_2239261_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/252518_10150196110948547_116707253546_7235596_5039936_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/249803_10150196111193547_116707253546_7235606_336027_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/249353_10150196111413547_116707253546_7235612_3346352_n.jpg
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/253848_10150196111588547_116707253546_7235615_2762803_n.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/247438_10150196111733547_116707253546_7235619_1630096_n.jpg
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/249923_10150196111903547_116707253546_7235622_7531177_n.jpg



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: spaceman091
Date Posted: 30-May-2011 at 19:38
mnogu ubavi sliki makedonij bravo


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 31-May-2011 at 09:07
Да погодам... од репетиторот?
БРАВО ЗА СЛИКИТЕ.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Jun-2011 at 17:56

Туристите доаѓаат

Од Нова Година до сега над 10 тури го посетиле Музејот Теракота, со најава за посета од холандски туристи на секои две недели, лавина предизвикана од изложбата на нашите теракотни икони во Утрехт- Холандија.Големото владино вложување во археологијата во Виница по непрестаното инсистирање од наша страна, паралелно со промовирање на нашите археолошки добра во странство како што беше оваа изложба во Утрехт, продуцира голема заинтересираност на странците за нашите локалитети. Воодушевени се од нашето археолошко и културно наследство. Музејот Теракота и Општина Виница пласираа еден заеднички продукт, веб страната на музејот, која веќе подолго време има и англиски превод и е дополнителен предедукатор и магнет на странски туристи. Понатаму, во фаза на реализирање се уште неколку проекти кои ќе ја докапитализираат нашата инвестиција во археолошкиот туризам. Со европски пари ќе се средуваат патеките на калето и ќе се поставуваат информативни табли. Во догледна иднина ќе пробаме да го промовираме рудникот за злато во Пеклани, да позборуваме за многубројните чешми во Блатец, да ги промовираме и другите археолошки локалитети во Виница, да направиме археолошка мапа на Општина Виница и патишта кои ќе овозможат достапност на посетителите до сите локалитети. Нашите усилби се тоа да биде колку може побргу бидејки туристите се веќе во Виница.

http://www.opstinavinica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=140%3A2011-06-02-13-40-17&catid=2%3Atop&lang=mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lupo
Date Posted: 07-Jun-2011 at 20:23
Gledam deka gi podignuvaat sidovite, do koja visina ke odat nagore?

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Jun-2011 at 08:44
Ќе се уредува археолошкиот локалитет Виничко кале

Со средствата од договорот за користење финансиски средства од ИПА програмата во висина од 116.320 евра кој општина Виница официјално го потпиша планирано е асфалтирање на пристапниот пат до Виничкото кале во должина од 800 метри, како и партерно уредување и осветлување на Калето.

vinicko_kale-500Овие средства Општина Виница ги доби врз основа на проект за меѓугранична соработка со Општина Банско од Република Бугарија. Носител на проектот е Општина Банско, додека Општина Виница е нејзин партнер.

Со одобрените финансиски средства Виничкото кале со познатите Теракотни икони стана познат и признат археолошки локалитет во светски рамки и се почесто е посетен од домашни и странски туристи. Асфалтирањето на патот и уредувањето на Калето ќе овозможи реализација на повеќе содржини за презентација на вредностите на овој археолошки локалитет во Источна Македонија.

Понеделник, 27 Јуни 2011 15:34

http://kurir.mk/republika/opstini/34386-Ke-se-ureduva-arheoloskiot-lokalitet-Vinicko-kale




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Jan-2012 at 19:41

Project 2007CB16IPO007-2009-61

Започнаа активностите од проектот Project 2007CB16IPO007-2009-61 "Building a cross-border cultural cooperation", од меѓуграничната соработка помеѓу Општина Виница и Општина Банско.

Се работи за делот од проектот насловен "Development of a Joint plan for cultural sites management”, којшто се однесува на изработка на заеднички план за менаџирање со културното наследство. Грантот за овој проект изнесува 294.891,94 евра. Договорот е потпишан во јуни 2011 година, а периодот на имплементација изнесува 18 месеци. Главните проектни активности се: конструкција на пешачка и велосипедска патека до локалитетот Св. Никола во близина на Банско, конструкција на пат и осветлување на археолошкиот локалитет Виничко кале, изработка на заеднички план за менаџирање со културното наследство, како и размена на искуства од најуспешните примери при менаџирањето со културносто наследтство преку организирање семинари.

http://www.opstinavinica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=217%3Aproject-2007cb16ipo007-2009-61&catid=2%3Atop&lang=mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-Jun-2012 at 20:15
Започна реализацијата на еден од најзначајните проекти на општина Виница во долгорочно менаџирање со културното наследство. Со средства од втората компонента на ИПА фондовите деновиве започнаа градежните активности за уредување на Виничко Кале.

 Со потпишувањето на договорот со фирмата “Бау Инвест“ како најповолен понудувач на тендерот од меѓуграничниот проект со општина Банско, Република Бугарија, во тек се земјените работи за изградба на пристапен пат во должина од 300 метри со паркинг простор, уредување на локалитетот со помошни објекти и пристапни патеки, како и осветлување на бедемите. Покрај инфраструктурен дел, со средствата од проектот се планирани и обуки за менаџирање со археолошкиот локалитет. Аплицирањето за овој проект, чии носител е општина Банско и е со вкупна вредност од 303.409 евра, започна 2009 година, а практичната реализација и во двете општини започнува деновиве. Од вкупниот буџет,125 000 евра се средства кои ги добива општина Виница. Реализацијата на овој заеднички проект беше повод за прва официјална посета на градоначалникот на општина Банско (Република Бугарија), Ѓеорѓи Икономов. Икономов оствари средба со градоначалникот Емил Дончев, го разгледа Виничко Кале, а во Музејот “Теракота“ се информираше околу значењето на археолошкиот локалитет. “Со средствата од проектот и општина Банско ќе уредува локалитет со велосипедски и пешачки патеки“, истакна Икономов. Двајцата градоначалници разговараа и околу тековните развојни правци на општина Виница и стопанските предизвици кои резултираа со посета на неколку фирми во градот.




http://www.opstinavinica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=257%3A2012-06-08-13-05-27&catid=2%3Atop&lang=mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jan-2013 at 17:44
Во завршна фаза проектот за уредување на Виничко Кале

Меѓуграничниот проект во соработка со општина Банско за инфраструктурно уредување на најзначајниот археолошки локалитет во Виница со средства одобрени од ИПА фондовите е во завршна фаза. Со проектот е асфалтиран патот до локалитетот во должина од 295 метри, паркинг простор со површина од 1095 м2 , изградена е пристапна патека до влезот во тврдината и извршено е комплетно осветлување на целиот локалитет. Вкупната вредност на проектот е 125 000 евра , средства со кои покрај инфраструктурно уредување беа реализирани и две обуки за менаџирање со археолошкиот локалитет.










-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Print Page | Close Window