Print Page | Close Window

Општинска зграда Бутел

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=968
Printed Date: 29-Apr-2024 at 17:49


Topic: Општинска зграда Бутел
Posted By: build.mk
Subject: Општинска зграда Бутел
Date Posted: 26-Jun-2010 at 20:05
БЛИЦ ВЕСТ: Најавена изградба на административна зграда на Општина Бутел

Во август треба да биде поставен камен темелник за објект кој ќе биде новото седиште на Општина Бутел, а во ноември на просторот на бараките каде што досега функционира општината ќе почне изградба на социјални станови. Според градоначалникот Петре Латиновски, новата општинска зграда ќе се гради со средства од општинскиот буџет и за неа планираат да издвојат околу еден милион евра. Петре Латиновски овој проект го ветуваше уште од почетокот на својот прв мандат.


http://www.build.com.mk/?p=4117 - http://www.build.com.mk/?p=4117




Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 30-Jun-2010 at 05:34

И Бутел ќе гради нова општинска зграда

Општина Бутел ќе гради нов објект за општинската администрација пред спортската сала „Антон Димитров“, кај Основното училиште „Живко Брајковски“.

Според градоначалникот Петре Латиновски, темелот на новиот објект ќе биде удрен во периодот меѓу 15 август и 1 септември.

- Идејното решение за објектот е веќе избрано, а го подготвија нашите архитекти од одделението за урбанизам. Сега се подготвува основниот проект од страна на градежниот институт „Македонија“, кој треба да биде завршен за околу една недела. Врз основа на проектот, потоа ќе распишеме тендер за најповолен изведувач - вели градоначалникот Латиновски.

Тој истакна дека зградата ќе зафаќа површина од околу 3.000 квадратни метри, со приземје, кат и подрумски простории. Во неа ќе бидат сместена и сала за седници на Советот и сала за венчавки.

- Сметавме дека е соодветно во зградата да биде сместено и матичното, бидејќи сегашната сала за венчавки, која е во рамките на месната заедница „Бутел“, практично е неупотреблива и руинирана - вели Латиновски.

Тој на почетокот на свој прв мандат беше строго против изградба на нова општинска зграда, бидејќи сметаше дека приоритет треба да им се даде на други побитни работи од интерес за граѓаните. Сега вели дека зградата ќе мора да се направи, бидејќи според детаљниот урбанистички план, на местото на старите општински бараки треба да се градат 300 социјални стана.

- Општинската администрација ќе мора да се исели до Нова година, а дотогаш ќе треба да биде изграден поголем дел од новиот објект - рече градоначалникот. Иако нема конечна финансиска пресметка за објектот, според Латиновски, за изградбата ќе бидат потрошени над 1 милион евра. Парите ќе бидат исклучиво од буџетот на Општината Бутел, а ако биде потребно, ќе се бараат донации.

Освен Општината Бутел, изградба на нови општински згради најавија општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров. За изградба на нова општинска зграда размислува и Општината Аеродром, која функционира во објект под наем. Единствено Општината Чаир уште од пред неколку години функционира во нова општинска зграда, која е изградена со донација од Европската Унија. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=61007855DF3AB347920DCE989DEE2FC4


Posted By: axel
Date Posted: 12-Jul-2010 at 15:19

Бутел ќе се сели во нова зграда

Општина Бутел ќе гради нова зграда. Објектот ќе биде на приземје и кат и ќе се наоѓа на просторот спроти паркот Живко Брајковски.
Според првичните планови на општинарите, зградата ќе биде со модерна архитектура и ќе биде наменета исклучително за градоначалникот и за општинската администрација. Тоа значи дека во неа нема да има дуќани и деловни простории.
"Новата општинска резиденција ќе се гради на површина од 3.500 квадратни метри. Ќе има и сопствен двор, а целиот објект ќе биде во модерен стил", објаснуваат од Бутел.
Темелите на новата зграда ќе се постават кон крајот на август.
На местото на сегашните општински бараки ќе се градат социјални згради.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=591C2471B05635469B16D78F304C2B5F


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Aug-2010 at 08:59
На големо копаат. Се работи и во сабота и недела, до касно навечер.



 


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Aug-2010 at 19:58
Ова овде ли е:
42° 1'52.87"N  21°26'45.46"E

?


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Aug-2010 at 20:05
Токму таму е. Ќе постирам слики од напредокот редовно.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Djole88
Date Posted: 18-Aug-2010 at 11:55
Локацијава е катастрофа. Буквално во двор од училиште градат општинска зграда. Брука невидена


Posted By: Swimmer
Date Posted: 18-Aug-2010 at 12:02
Па не само овде, него секаде, мене ми пречи кога гледам училишта со оооогромен двор во околина, кој може многу практично да се искористи..

-------------


Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 14:46
Ima nekoj render ?


Posted By: axel
Date Posted: 20-Aug-2010 at 23:16

СТАРИТЕ БАРАКИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА


Бутел ќе гради нова општинска зграда

Куќата на општината ќе се гради на парцелата од околу 1500 квадрати што се наоѓа кај ОУ Живко Брајковски", пред спортската сала Антон Димитров"



Општинската администрација на Бутел ќе добие нова модерна зграда на приземје и спрат, а на местото на старите бараки ќе никне комлекс станбени згради.
Куќата на општината ќе се гради на парцелата од околу 1500 квадрати што се наоѓа кај ОУ Живко Брајковски", пред спортската сала Антон Димитров". Во моментов локацијата се околчува и привршуваат подготовките за удирање на камен-темелникот, кој, како што дознаваме, треба да се случи до крајот на месецов.
Според проектот што го изработија архитекти од Градежниот институт оваа зградата ќе биде исклучиво административна и нема да има комерцијален дел или простории за издавање. Во неа ќе се сместат сите служби и подрачните единици на министерствата, Советот на Општината, кој ќе добие и голема сала за седници. Во еден посебен дел со посебен влез ќе биде сместена матичната служба која ќе има атрактивна свечена сала за ванчавање.
Според нашите сознанија општинската администрација ќе треба да иссели до Нова година до кога се предвидува дека ќе биде изграден поголем дел од новиот објект. Ова е крајниот рок за остртанување на старите бараки и расчистување на државното градежно земјиште, каде што според Деталниот урбанистички план е предвидено да се градат згради. Според најавите таму ќе се градат социјални станови исти како оние што се во непосредна близина, со што целата локација ќе добие унифициран, урбан изглед.
За изградба на новата зграда Општина Бутел потроши околу 50 милиони денари. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет а дел од донации. (Е.А)



Оплеменување
Споменик на Вапцаров во паркот Живко Брајковски

Општина Бутел планира да работи и на збогатување на содржините во новиот парк Живко Брајковски, што се наоѓа наспроти локацијата на новата општинска зграда. Таму наскоро ќе се постави споменик на македонскиот револуционер, поет и публицист Никола Јонков Вапцаров.
Станува збор за споменик висок пет метри којшто ќе биде поставен на постамент од два метри. Вапцаров во едната рака ќе држи полуотворена книга во рацете, а со едниот показалец ќе покажува кон земјата. Автор на идејното решение е вајарот Мирослав Славковиќ.
Во моментов во тек е конкурс за избор на фирма што ќе го лее споменикот во бронза, а крајниот рок за доставување на понудите е почетокот на октомври.
За изградба на споменикот Општината Бутел и Министерството за култура ќе одвојат седум милиони денари.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5264685F6FF8DE4EB1A353110A927236


Posted By: alexgizh
Date Posted: 23-Aug-2010 at 10:29
Турбо



ЕДИТ: Првата слика беше од објектот на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Aug-2010 at 11:36
Општина Бутел некако најмалку од сите се чаталеше по медиуми дека ќе гради зграда и прва започна. Карпош колку време збори, Центар бираше проект и никако да почне. Кисела Вода збореше за реконструкција на старата фабрика Цветан Димов и тоа заглави по судови некаде. Ѓорче еве уште расчистува терен, Град Скопје ни сам незнае што прави, со исклучок на Чаир што доби зграда.


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 24-Aug-2010 at 16:36



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Aug-2010 at 17:27
Ова што треба да е табла, всушност би требало да биде закачено некаде до висина на просечен човек, за кога ќе погледнеш низ платното да ти се гледа стварно како ќе изгледа зградата на местото кај што треба да се гради. Затоа е таква проѕирна.


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 24-Aug-2010 at 19:38
Би можела таблава да се искористи за на прозор како мрежа за комарци Smile ... па да имаш впечаток дека општината ти е у комшии.


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 25-Aug-2010 at 15:47
Конечно ставија и асална табла со понормална висина од претходната "мрежа за комарци"




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 25-Aug-2010 at 16:11
Па добра е, ништо не и фали. Пристојана е. Ми се допаѓа. Проста, ама пристојна. И бојата е лесна, не е нападлива.


Posted By: Мартин
Date Posted: 25-Aug-2010 at 16:21
Мене не ми фаќа око. Сепак, мислам дека можеле да бидат малку покреативни, вака ми изгледа како објект за во некоја индустриска зона.


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 25-Aug-2010 at 17:34
Се сложувам дека е едноставна и се сложувам дека личи на објект од индустриска зона

Mene ми личи на објектот на Бујото Home Centar



Можеби треба да ја заменат жолтата боја со некоја помалку дречлива


Posted By: Swimmer
Date Posted: 29-Aug-2010 at 23:11

Лопати и за зградата на Општина Бутел

Неделава ќе биде поставен камен-темелник на новата зграда со модерна архитектура на Општината Бутел, која ќе се гради на просторот спроти паркот Живко Брајковски. Oбјектот треба да биде завршен до крајот на годинава. На местото на старите бараки за администрацијата на Општината ќе се градат 300 социјални стана. Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, на почетокот на својот прв мандат беше строго против изградбата на нова општинска зграда и имаше други приоритети.

Новата општинска зграда ќе биде на вкупна површина од 2.168 квадратни метри. Објектот ќе чини 50 милиони денари. Парите ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=803DF8877039534EA984C8B1CF8E152D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=803DF8877039534EA984C8B1CF8E152D


-------------


Posted By: lupo
Date Posted: 30-Aug-2010 at 17:46
Katastrofa za opstinska zgrada. Ova vi se vika RADI REDA, prvo sto mi tekna bese industriska zona...


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Aug-2010 at 17:57
Originally posted by lupo

Katastrofa za opstinska zgrada. Ova vi se vika RADI REDA, prvo sto mi tekna bese industriska zona...


Лупо, Општина Бутел не е некаква финансиски моќна општина како Карпош и Центар па да гради ЗДАНИЈА, ниту па локацијата е некоја па да наложи високи естетски критериуми. Овој објект е тука да овозможи услови да функционира администрацијата, по можност на што помал трошок за општината и објектот од тој аспект е сосема на место ако ме прашуваш мене.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lupo
Date Posted: 30-Aug-2010 at 18:03
covek imas pravo ali ovoj objekt se pravi za podolg period da sluzi, krevam race, bar malce estetika da ima ova kako da si go crtale vo kancelarija sekretarkite..... nz ok moze i imas pravo


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Aug-2010 at 20:35
Originally posted by La Linea

Originally posted by lupo

Katastrofa za opstinska zgrada. Ova vi se vika RADI REDA, prvo sto mi tekna bese industriska zona...


Лупо, Општина Бутел не е некаква финансиски моќна општина како Карпош и Центар па да гради ЗДАНИЈА, ниту па локацијата е некоја па да наложи високи естетски критериуми. Овој објект е тука да овозможи услови да функционира администрацијата, по можност на што помал трошок за општината и објектот од тој аспект е сосема на место ако ме прашуваш мене.


Незнам од кај ти е овој податок, јас имам податоци дека од сите општини Бутел добива најмногу од буџетот на РМ. Не е вистина дека не можеле да направат некое повпечатливо здание.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Aug-2010 at 03:31
Originally posted by alexgizh



Незнам од кај ти е овој податок, јас имам податоци дека од сите општини Бутел добива најмногу од буџетот на РМ. Не е вистина дека не можеле да направат некое повпечатливо здание.


Па без разлика, за таква локација општината да троши пари на повпечатливи зданија мене ми е како фрлање бисери пред свињи(ги молам жителите на Општина Бутел да не ја сфатат оваа метафора лично Big%20smile). Да можеме да ископаме поасални рендери не ќе беше лошо.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 01:31

Камен-темелник на нова општинска зграда

Општина Бутел денеска ќе стави камен-темелник на новата општинска зграда што ќе биде лоцирана во близина на спортската сала „Антон Димитров“. Новиот административен објект ќе има корисна површина од 2.500 квадратни метри, а во основа ќе биде со димензии 44 на 32 метри. Инвеститор е Општина Бутел, а изведувач е ДС „Галаб“ од Скопје. Општинарите сега функционираат во старите реконструирани бараки на поранешниот општински суд Скопје 2, односно во просториите во кои работеше поранешната општина Чаир.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AC9F3F370C8E484AB901FAC47C70E4D8


Posted By: alexgizh
Date Posted: 02-Sep-2010 at 07:05
Хммм... камен темелник после 3 недели забрзана изградба?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 22:48

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛАТИНОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ


До нова година во нова административна зграда


Модернизацијата и унапредувањето на работата на локалната самоуправа е од особено значење на жителите на самата општина и токму тоа се надевам ќе се постигне со изградба на овој функционален објект, а тоа е олеснето и поквалитетно работење на општинската администрација и, пред се, можност за обезбедување на поквалитетните услуги за граѓаните на Општина Бутел, рече министерот Јанакиевки


Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, присуствуваа на поставување на камен-темелникот за нова административна зграда на Општина Бутел. На поставувањето присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и дел од жителите на Општина Бутел.
- Модернизацијата и унапредувањето на работата на локалната самоуправа е од особено значење на жителите на самата општина и токму тоа се надевам ќе се постигне со изградба на овој функционален објект, а тоа е олеснето и поквалитетно работење на општинската администрација и, пред се, можност за обезбедување на поквалитетните услуги за граѓаните на Општина Бутел, рече министерот Јанакиевки.

Тој истакна дека објектот кој ќе биде изграден на површина од 2500 квадратни метри, ќе има голема сала во која ќе се одржуваат седниците на Советот на општината, во него ќе бидат сместени сите служби на општината, а во посебен дел и со посебен влез ќе биде сместена и матичната служба која ќе има современа сала за венчавки.
- Вкупната финансиска вредност за новата административна зграда е обезбедена од буџетот на самата општина и изнесува 1.200.000,00 евра, а објектот треба да биде изграден до крајот на 2010 година и истиот ќе обслужува 40.000 жители, изјави Јанакиевски.

Општина Бутел со своето работење денес претставува пример за единица на локалната самоуправа каде што успешно се спроведува процесот на децентрализација и оттука и во иднина ќе продолжи со успешно спроведување на проектите кои се насочени кон подобрување на самата општина и животот на нејзините жители, додаде Јанакиевски.

Градоначалникот на Општина Бутел Петре Латиновски изјави дека по повеќе од 40 години конечно општината ќе има нова административна зграда и дека во зависност како ќе се одвиваат работите Новата година ќе им ја честита токму од новоизградената зграда.
Инвеститор на новата административна зграда е Општина Бутел, а изведувач на работите е ДС Галаб" од Скопје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=98CB20F97906D04ABA0812D5532787EA



Posted By: alexgizh
Date Posted: 15-Nov-2010 at 11:27
Иако зградата брзо напредува (првата фотка е од 18.10, а втората од 04.11), тешко дека ќе се заврши до нова година, како што беше ветено.

Кружат гласини дека заборавиле да испланираат место за архивата, па бидејќи објектот нема подрум, решиле да додадат 3/4 од кат за архивата.






-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Zoc
Date Posted: 21-Nov-2010 at 17:33



Еве две фотки од денес.Оваа градба навистина брзо напредува во последно време.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 17:50
Фино излезе бојата од фасадата. То ажолтото на ништо не личеше. Зградава најбрзо се крева од сите општински зграда за кои имаме најави, анајмалку беше рекламирана. Преку ноќ без помпа почна да се гради.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 21-Nov-2010 at 23:15
Само да знаеш колку фушерајски е фасадирана. Самата боја по себе е супер, далеку подобра од дреч жолтата, секако. Меѓутоа, постојат премногу нерамнини.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: KinDeR
Date Posted: 22-Nov-2010 at 00:09

Не се радувајте пред време во врска со бојата. Smile Ова е делот со сивата боја (го има и на рендерот). Делот со жолтата, според тоа што го гледам на рендерот сеуште не е фасадирана. Така да веројатно кога ќе биде готова фасадата ќе ги има и жолтите делови.


EDIT: Ипак ова е некоја нијанса на крем, не е сива. Извинете имам проблеми со боиве и нијансирањето, не ми замерувајте Big%20smile



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jan-2011 at 14:07
Бутелци ќе се венчаваат во ново Матично

На површина од 2.200 квадратни метри ќе бидат сместени 22 канцеларии за администрацијата, сала за седници на Советот на Општината, како и кабинет за градоначалникот

До средината на идниот месец жителите на Општина Бутел ќе се венчаваат во нова сала. Деновиве привршува изградбата на новата општинска административна зграда, во која е предвидена и голема матична сала. Завршени се сите градежни зафати, а во тек се уште некои занаетчиски работи во ентериерот.
Новата зграда е сместена на поранешната улица Бутелска, во близина на спортската сала "Антон Димитров". На површина од речиси 2.200 квадратни метри ќе бидат сместени 22 канцеларии за администрацијата, сала за седници на Советот на Општината, како и кабинет за градоначалникот. Во објектот ќе биде сместен и едношалтерскиот систем, како и секторот за урбанизам. На приземјето ќе биде сместен и внатрешен двор од 130 квадратни метри, како и нова, голема сала за венчавање.
"Очекуваме дека до средината на февруари ќе се иселиме од старите бараки и ќе почнеме да работиме во новата зграда. Новина е салата за венчавање, со која ќе се растовари работата на Матичното во Градскиот парк, а и ќе им се погоди и на нашите жители", вели Снежана Клинчарова, портпарол на Општина Бутел.
Градежните работи ги изведува фирмата "Галаб" од Скопје, а целиот проект изнесува 1.2 милиони евра, пари кои Општината ги има издвоено од сопствениот буџет. Земјиштето на кое е изградена новата зграда го доделило Министерството за транспорт и врски, а Град Скопје ја ослободил од комуналии.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8A811B989261964EA6B925836FA88191


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2011 at 23:02

Општина Бутел ќе добие нова зграда

Изградбата на новиот општински објект ќе чини 1,2 милиона евра буџетски пари

Снежана Калабакова


Општинската зграда на Бутел е речиси готова и вработените наскоро ќе можат да се вселат во новиот објект. Ќе ги напуштат старите бараки на булеварот „Босна и Херцеговина“ и ќе почнат да работат во нови простории на нова адреса на улицата „Бутелска“.

Надлежните од Бутел објаснуваат дека веќе привршуваат градежните активности на објектот и моментално се преземаат само само ситни зафати. Скелињата од фасадата одамна се тргнати и завршуваат ситните детали. Објектот, изграден на приземје и еден кат, се простира на површина од 1.200 квадратни метри.

Приземјето има корисната површина од 1.073 квадрати и во тој дел ќе бидат сместени Едношалтерскиот систем, Секторот за урбанизам, салата за седници на Советот, салата за венчавање, а ќе има и неколку други простории. Катот има малку поголема квадратура и се простира на 1.094 квадратни метри. Тука се наоѓа кабинетот на градоначалникот, кој е комплетно опремен, како и 22 канцеларии за администрацијата и големите архивски простории. И на овој кат има уште неколку други простории, за кои подоцна ќе се одреди за што ќе се користат. Вработените ќе можат да го користат и внатрешниот двор од 130 квадрати.

„Новата општинска зграда со фасадата во шампањ боја е готова. Во неа влегуваат четири носечки столбови обоени бордо. На предниот фасаден дел доминираат и две хоризонтални бордо површини, меѓу кои е застаклениот дел од маркантни прозорци. Стаклата се во бронзена боја, што на целата зграда и' дава современа и екстравагантна димензија“, објаснува Снежана Клинчарова, одговорна за информирање во Општина Бутел.

Општината Бутел смета дека изградбата на новиот објект е еден од најголемите реализирани проекти во текот на нивното петгодишно постоење.

Општинарите се особено горди на тоа што беше запазен рокот од четири месеци за изградба на новата административна зграда. Камен-темелникот беше поставен во средината на септември минатата година. Од Бутел тврдат дека иако се градело брзо, работата била квалитетно изведена. Инвеститор на објектот е општината, а неговата изградба ќе чини 1,2 милиона евра буџетски пари.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=350537CE6CEDD447A74A85D749B3281E


Posted By: toasumjas
Date Posted: 31-Jan-2011 at 15:30
застаклениот дел како да се разликува од рендерот. Вака дури мислам е подобро.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 31-Jan-2011 at 15:56
Чекај да го видиш изненадувањето...

Хинт: алуминиумски профили, и тоа не во една боја.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: axel
Date Posted: 17-Feb-2011 at 02:03

ВО ОПШТИНА БУТЕЛ


Финишира административната зграда

Општинската зграда на Бутел има 2 ката и корисна површина на приземјето од 1.074 метри квадратни. Токму на приземјето ќе бидат сместени салата за седници на Советот на општината, едношалтерскиот систем, салата за венчавање како и други простории. На вториот кат кој зафаќа вкупна површина од 1.094 метри квадратни ќе биде сместен Кабинетот на градоначалникот заедно со 22 канцеларии за администрацијата и големи архивски простории


Привршува изградбата на новата административна зграда на општина Бутел. Иако изградбата на овој објект е доста значајна за општина Бутел, кој започна во средината на месец септември, градбата се одвиваше навистина брзо и ефикасно, но и квалитетно. Како што информираат одговорните од општината, задолжени за целосната изградба на овој навистина голем објект кој се простира на површина од 1.200 метри квадратни беа екипите на градежното претпријатие "Галеб".
- Екипите на ова претпријатие ги извршуваат последните градежни и занаетчиски работи и наскоро се очекува администрацијата на општина Бутел да се пресели во своите нови простории. Имено општинската зграда на Бутел има два ката и корисна површина на приземјето од 1.074 метри квадратни. Токму на приземјето ќе бидат сместени салата за седници на Советот на општината, едношалтерскиот систем, салата за венчавање како и други простории. На вториот кат кој зафаќа вкупна површина од 1.094 метри квадратни ќе биде сместен Кабинетот на градоначалникот заедно со 22 канцеларии за администрацијата и големи архивски простории, рече Снежана Клинчарова, портпарол на општина Бутел.

Клинчарова додаде дека покрај големата функционалност на просторот и надворешниот изглед на административната зграда на општина Бутел е навистина маркантен.
- Во моментов се средува партерот околу зградата и се финишираат некои детали на фасадата. Свеченото пуштање во употреба на новата административна зграда на општина Бутел ќе се случи во првата половина на месец март. Фасадата е обоена во шампањ боја, а на предниот дел доминираат и големите прозорци од стоп-сол стакла кои дополнително придонесуваат за модерниот изглед на зградата, истакна Клинчарова.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=580B959469D9104DAF174BD5415F35B8


Posted By: alexgizh
Date Posted: 17-Feb-2011 at 08:51
Previous

Ај сега споредете го овој нов рендер со фактичката ситуација.



Сеуште не ми е јасно како можеа горе да ги стават алуминиумските профили. На рендерот и не изгледаат така лошо, се совпаѓаат со "шампањ" бојата (и таа не е баш добро изведена во реалност).

Уште поинтересно, левата страна на зградата е комплетно бела!?!


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: nylon
Date Posted: 17-Feb-2011 at 10:49
Очигледно има огромно влијание од турските серии . Кажав и пред некое време, Скопје се повеќе и повеќе заличува на некој град од внатрешноста на Турција. Па супер


Posted By: axel
Date Posted: 28-Feb-2011 at 14:32

Општина Бутел во март се сели во нова зграда

Изградбата на новата зграда на Општина Бутел е при крај, при што се очекува администрацијата во новиот објект да се пресели во втората половина од март, најавуваат од Општината Бутел. Исто така, во рамки на објектот ќе биде отворена и новата сала за венчавање за идните младоженци.

- Градежните работи се готови, останува да се заврши партерното уредување. Во моментов се поставуваат бекатон-плочи. Изведени се и приклучоците за струја и за вода - изјави портпаролот Снежана Клинчарова.

Новата општинска зграда е лоцирана пред спортската сала „Антон Димитров“, кај Основното училиште „Живко Брајковски“. Таа е со површина од 3.100 квадратни метри, односно приземје и кат. Долу ќе бидат сместени едношалтерски систем, секторите за урбанизам и за комунални дејности, салата за седници на Советот, како и подрачни единици на одредени министерства. На катот ќе бидат сместени кабинетот на градоначалникот, секторите за финансии и јавни набавки, канцеларии за администрацијата и големите архивски простории.

Фасадата на објектот е во шампањ-боја со четири темноцрвени обоени столба. Прозорците се силвер-бронзена боја, кои, според општинарите, на целата зграда ~ даваат современа и екстравагантна димензија.

Паркирањето е решено во рамки на парцелата. Со паркинг-простор зад зградата за 50 возила, наменет за администрацијата, и во предниот дел за посетители.

Градежните работи ги изведува фирмата „Галаб“ од Скопје, а идејното решение за зградата го изработија архитекти од Секторот за урбанизам. Средствата за новиот објект ги обезбеди Општината од својот буџет во висина од околу 1,1 милион евра.

Изградбата на новата општинска зграда почна минатата година, во средината на септември. На местото на урнатите стари општински бараки, според урбанистичкиот план, предвидена е изградба на 300 социјални стана.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4EA1F5336468C245915D80C47ED6C533


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-May-2011 at 14:29

Пуштена во употреба новата зграда на општина Бутел

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Општина Бутел доби нова зграда. Општинската администрација ќе работи во 2.700 квадратни метри.

    За премиерот Груевски соработката влада-општина Бутел  била одлична е резултирала со повеќе капитални објекти.

    - Преземаме подготвителни активности за изградба на тениски игралишта во општината, ги изградивме двата резервоара за вода со што целосно се заокружи проектот за „Изградба на водоснабдителниот систем“ и за многу години се реши проблемот со водоснабдувањето во Бутел, Радишани, Љуботенски пат и околните населени места, истакна Груевски.

    Изградбата на општинската зграда го чинела општинскиот буџет 67 милиони денари. Според градоначалникот Петре Латиновски изградбата е нешто  што не било ветено, а  е реализирано.

    - Можеби за некои е изненадување денешното пуштање во употреба на новата зграда на Општина Бутел, но јас сметам дека е подобро да исполниш без да ветиш, отколку да ветиш а да не исполниш, рече Латиновски.

    Претходно, премиерот Груевски присуствуваше на пуштањето на новото спортско игралиште, во скопската населба Трубарево.

    Филип Ѓурчиновски

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pushtena-vo-upotreba-novata-zgrada-na-opshtina-butel


    Posted By: гитардемон
    Date Posted: 09-May-2011 at 17:12
    Подрумот е на трет кат. Кој знае, знае

    -------------
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 09-May-2011 at 21:58
    Зградава во живо позитивно ме изненади. Некако фино делува во просторот, а и околината е убаво средена.


    Posted By: nouseforname
    Date Posted: 10-May-2011 at 21:20
    WOW,e ova izgleda kako fabrika za jajca!!!!


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 10-May-2011 at 23:27
    Нова општинска зграда за Бутел

    Вчера во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот Петре Латиновски свечено беше пресечена црвена лента за новиот административен објект на Општина Бутел, кој се наоѓа кај ОУ „Живко Брајковски”, пред спортската сала „Антон Димитров“. Сепак на објектот сеуште се во тек завршните работи, а од Општината не добивме одговор кога се планира службите да се преселат од дотраените бараки на ул. Босна и Херцеговина.

    Изградбата на новата административна зграда започна во август минатата година и во нејзе се вложени 67 милиони денари, средства од oпштинскиот буџет. Објектот има корисна површина од 2.700 метри квадратни. Во него ќе бидат сместени сите служби на локалната самоуправа и голема сала за одржување седници на Советот, додека во посебен дел со посебен влез се издвоени просториите на салата за венчавки со Матичната служба. Изведувач на градежните работи беше градежното претпријатие „ДС Галаб“ од Скопје, а надзорот го вршеше Градежен институт „Македонија“.


    http://www.build.mk/?p=7591 - http://www.build.mk/?p=7591



    1


    2


    3


    4


    5


    6


    7


    Posted By: гитардемон
    Date Posted: 11-May-2011 at 08:54
    Wow, рампата и столпчињата... Classy, нема збор. Како и цел хангар.

    -------------
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


    Posted By: 4skopje
    Date Posted: 11-May-2011 at 09:50
    Trebalo vo barok stil da ja napravat,zosto ocigledno ni vaka najobicna( t.e. na nekoj nacin moderen stil) na nekoj lugje ne im se dopaga. Sepak mislam deka sekoj od forumov treba da prati po edna slika od doma,da vidime kakov e stilot sto go preferirat po doma.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 11-May-2011 at 10:06


    Ако под современа архитектура подразбираш вакви градби, не е ни чудо што толку силно го подржуваш „барокот“ во СК2014  LOL

    Зградава е мизерија, ама со оглед на околностите и со оглед на тоа дека рендерот беше уште полош, јас сум задоволен. Жално е што до таа мерка ни ги срозаа критериумите, ама тоа е тоа...



    Posted By: krale
    Date Posted: 11-May-2011 at 11:23
    Зградата и останатото ми е ОК, функционално и ново, што е доволно.

    Тоа што не ми се допаѓа, иако во написот вика дека има 50 паркинг места за администрација, и нешто напред за посетителите, е дека се оградиле со стопчиња и рампи и НЕМА каде да се паркираат посетителите? Барем не гледам на сликите (не сум бил лично).

    Иста глупост е напревана и пред Катастар и бројни други институции што е тотална глупост во денешно време, да не планираш каде ќе паркираат тие што го користат објектот!


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 11-May-2011 at 12:01
    Најверојатно мислат на http://maps.google.com/?ie=UTF8&hq=&hnear=Skopje,+Butel+Municipality,+Macedonia&ll=42.030944,21.44539&spn=0.001717,0.004128&t=h&z=19 - паркингот којшто го изгради општината уште пред 7-8 години, и се наоѓа во непосредна близина. Тој првично беше наменет за корисниците на зелениот пазар отспротива ул.Бутелска, но во пракса никој не го користеше, освен сезонските продавачи на бостан и пиперки за ајвар. За да беше исполнета првичната цел на паркингот, требаше само да направат соодветени влез и излез на Бутелска наместо еден непрактичен влезо-излез на споредната ул.Александар Урдаревски (на која сега се наоѓа општината).

    Мене живо ме интересира како ќе го распределат просторот во иднина, бидејќи тука треба да се гради и ново училиште и нова амбуланта на местото на старите, кои се наоѓаат во фински бараки.

    Ќе пуштам една мапа да ви претставам каква е ситуацијата на терен, и како ја замислувам во иднина.


    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 11-May-2011 at 12:37


    Во горниот дел од сликава ја гледате постојната ситуација. Секоја институција си има поставено сопствена ограда (црвените линии), и сето тоа делува ужасно нескладно. Ограда нема само помеѓу спортската сала и училиштето.

    Во втората слика со сина боја е обележан де-факто центарот на Бутел. Вертикалните зелени линии се Бутелска и Александар Урдаревски, а хоризонталните се само замислени линии (не улици), кои се продолжение на маалските улички. Оттука се гледа дека има доста симетрија, па затоа мојот план го проширив и на источната страна на Бутелска.

    Напомена: Градбите пополнети зелено се постоечки, а оние со црвено се или пред реизградба, или се мој предлог.

    Источно од Бутелска имаме блок институции: Општина, градинка, забавиште, училиште и амбуланта. Приметете дека салата ја нема, бидејќи освен тоа што е ужасна градба, не се ни совпаѓа ниту со геометријата на просторот, а ни со намената. Затоа ја преместив на западната страна. Измеѓу зградите предлагам да се направи некој мал парк, а каде што е нужно може и мали паркинзи за институциите, но никако кон внатрешноста на блокот.

    Во средината единствената промена се однесува на паркингот, кадешто е скратен од северната страна но продолжен на јужната, со цел да се следат замислените линии. Така се дава простор и на споменикот на Никола Вапцаров (обележан со жолта точка) да добие поцентрално место (моментално е поставен централно само спрема влезот на општинската зграда).

    Западно имаме претежно комерцијални содржини: Трговски центар (градбите близначки најсеверно), Зелен пазар со придружни маркети, и мој предлог за релокација на спортската сала, т.е. изградба на сосем нова (овојпат со уникатен проект а не copy-paste).

    Со ова ќе се добие дополнително урбано чувство на просторот, нешто што моментално е загрозено со очигледно рандом насадените градби. СЕУШТЕ МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ ОВОЈ ПРОСТОР.

    Коментари, забелешки?


    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: Tuvok
    Date Posted: 11-May-2011 at 17:58
    Општинска зграда да ја ставиш помеѓу деловните објекти, да речеме на Првомајска према Драчево, би требала да се разликува. Е оваа зграда да ја ставиш таму нема воопшто да се разликува. Ќе се вклопи помеѓу, мелниците за кафе, другите хангари и сл. Не велам дека мора да е во некој старински стил за да изгледа на општинска зграда туку сигурен сум дека може и да биде модерно и да биде интересно. Не ми е јасно дали во Македонија има инвентивни архитекти ???


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 11-May-2011 at 23:24
    @ alexgizh

    А што станува со училиштето во твојот план? Предлагаш да се изгради ново на покомпактна маркица или нешто не сум разбрал добро?

    Инаку салата сепак би требало да биде блиску до училиштето, а не од западната страна.



    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 11-May-2011 at 23:51
    Училиштето веќе си има сопствена сала. Отсекогаш си имало. Тоа е онаа барака што е западно од трите. А новото училиште ќе се гради, само незнам кај е предвидена маркицата. Јас маркицата ја поставив на истиот ќош како и постоечкото училиште (југо-исток).

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.



    Print Page | Close Window