Print Page | Close Window

Впечатоци од вашите патувања

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=972
Printed Date: 18-Oct-2019 at 02:31

Topic: Впечатоци од вашите патувања
Posted By: anDarko
Subject: Впечатоци од вашите патувања
Date Posted: 04-Dec-2008 at 16:28
Штотуку се вратив од Сараево и се уште сум под импресии на огромниот, неверојатно брз развој на градот. Не бев во Сараево само некои 3 години и во тој период во градот е толку многу изградено. И тука не мислам само на тоа што е обновено со странски донации, туку и на новите, чисто комерцијални проекти. Додека во Скопје се радуваме на реализацијата на смешни (како овој на Меги) или минијатурни проектчиња, чија реализација се оддовлекува со години, во Сараево луѓе навистина се ГРАДИ. Во градот веќе ја имаат највисоката деловна зграда во регионот - штотуку завршената Twister Tower (да признаам, малце е кич фасадата, но никој не може да ја оспори грандизноста - за наши прилики - на проектот). Тука се и неколку постари објекти кои беа совршено квалитетно обновени од последиците на војната. Еве дел од највпечатливите нови или ново-реновирани објекти (немав со мене апарат, така да сликиве се од нет).

Новата Twisted Tower (40тина спрата)

Истата кула, друг агол.

Сега веќе Хотел, а порано седиште на весникот Дневни Аваз.

Босанскиот парламент - обновен со донација на Грција.

Најголемиот станбен комплекс на Балканот.

Добрите стари двојни кули на Унис во Сараево, сега прекрасно обновени.

Replies:
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 04-Dec-2008 at 16:39
kako sto primetiv od slikive saraevo primenuva samo staklo i stakloBig%20smilesepak dobri se ke imame i nie vakvi ama koga i na nas grcija ke ni dade donacijaRollinNaughtyCool

Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2008 at 11:06
Не сум голем фан ниту на големиот ниту на малиот Аваз.

Реконструкцијата на парламентот е одлична и е само пример како би можела да изгледа зградата на ССМ после реконструкцијата.

Станбениот комплекс (Босмал) исто така ми се допаѓа а кулите на Унис (денеска Unitic towers) исто така немаат утка.

Со исклучок на овие неколку објекти (пред се Аваз твист и Босмал) не би рекол дека Сараево којзнае колку граби пред Скопје.

Ако ги збориме за Белград а посебно Загреб таму е друг муабет.

Колку за информација Босмал е босанско малезиска инвестиција (од таму и името) и се влечкаше можеби 10 години со изградба (не е нешто што нам ни е непознато).

Аваз Твист (како и малиот Аваз) се дело на локален тајкун.

Posted By: beTon
Date Posted: 05-Dec-2008 at 14:21

Дарко види сите се супер и ние сме супер, фалат можеби лешници а за суво грозје има колку сакаш! не е спорно дека секаде се гради и дека се овеќе бар главните градови или поголемите по балканов, не само што светнуваат туку почнуваат да вадат на маса се поамбициозни проекти. велиш кај нас смешни, но не заборавај дека ние со најлошиот модел на приватизација, направивме менаџерите да испумпаат многу пари надвор од Македонија кои никогаш не ги вратија ниту ќе ги вратат, земи го за пример шутурко, пример во хрватска не само што ги вратија назад ограбените, туку отворија простор најпрво со анимирање на иселениците да внесат прилично свеж капитал, па во периодот на нај турбо транзиција кај нив постојано нешто се градеше, додека кај нас бевме задоволни ако некому му текне дека треба нова автобуска линија да се воведе(на тоа се изненадувавме). повеќето луѓе ја споредуваат Македонија како рамноправна во однос на останатите балкански земји, дури и албанија е далеку пред нас бидејќи без пардон им дозволи на печалбарите да инвестираат назад во земјата, додека кај нас доколку некој се обидеше да влези, нашите “тајфуни“ плашејќи се да не го изгубат влијанието или некој да не им го земе пазарот не само што не дозволуваа да влезе некој од надвор без разлика дали имал македонски корени, туку постојано правеа атмосвера дека во наше село рано се вечера рано се заспива(баклава) па од свадба нема потреба.

дури сега ги отворивме вратите и почнавме да гарантираме дека нема да има државен рекет како порано, и сега има уцени но тие се првенствено насочени кон скротување на преголем апетит кај новите домакини, кои нормално доколку им дозволиш и крвта ќе ти ја исцицаат, параноја која ја имаа порано политичарите па затоа и го воведоа моделот на приватизација каде единствено право на откуп на акциите ќе имаат  домашните менаџери т.е. наводно први а ако тие не ја сакаат фабриката дури тогаш ја нудеа надвор, и нормално се што беше во добра кондиција кај што го земаа за багателни пари па и за багателни го продадоа, а дека некој нешто реинвестирал тоа ниту се чуло нито се видело. мислам дека на сите треба да ни е јасно дека градежништвото е мејкап на економските прилики и неприлики! и кај нас ќе влезеа лизинзи и банки доколку во исто време со останатите бившо југословенски републики го либерализиравме банкарскиот сектор, но кај нас тоа се случи скоро. па така и оваа погода непогода е повеќе од добра, а нормално и ќе се подобрува!                    

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-Jun-2010 at 14:39
pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..

Posted By: alexgizh
Date Posted: 26-Jun-2010 at 14:48
Originally posted by SkyBoy

Поздрав до Загреб! Само не ми е јасно што има до толку за смеење кај јарболите наши? Да не мислат дека сме претерале? Особено е чудно што ова доаѓа од Хрватите, кои на секој можен амблем на фудбалски клуб ја ставаат шаховницата http://football11.net/logos_cro_37.html - http://football11.net/logos_cro_37.html

А, да... што има толку некултурно што имаме тајмери на семафорите, а културно кај нив што немаат?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2010 at 18:55
Ne se bitni tajmerite, bitno e deka nie sme carstvoto na samoprezirot, pa se bara prichina povekje makar toa i bile tajmerite.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 28-Jun-2010 at 19:48
Originally posted by alexgizh

Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 28-Jun-2010 at 19:54
Originally posted by lslcrew

Ne se bitni tajmerite, bitno e deka nie sme carstvoto na samoprezirot, pa se bara prichina povekje makar toa i bile tajmerite.
 
колку само енергија губиш за да не преставиш дека не се разликуваме од другите..неверојатно.. друже една хрватска, и загреб од нашето соседство, со не толку дамнешна војна зад себе, се светлосни години пред нас...
 
разбирам дека имаш мисија да преставуваш наоколу колку е све супер кај нас, али само малце да се излезе у околина, се приметува огромна разлика... затуцани сме скроз..
 
инаку просечна плата е 700 евра, а стан се плаќа 200-300 ко и кај нас... ама платата кај нас е 200-300.. зборам за обични смртници во двата случаи..
 
Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2010 at 22:07
Originally posted by SkyBoy

колку само енергија губиш за да не преставиш дека не се разликуваме од другите..неверојатно.. друже една хрватска, и загреб од нашето соседство, со не толку дамнешна војна зад себе, се светлосни години пред нас...
 
разбирам дека имаш мисија да преставуваш наоколу колку е све супер кај нас, али само малце да се излезе у околина, се приметува огромна разлика... затуцани сме скроз..
 
потполно се сложувам. небаре ако мижиме, работите ќе се променат...

Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2010 at 22:14
Originally posted by SkyBoy

Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..

Загреб е убедливо најсреден град од бившата држава и тоа инфраструктурно, урбанистички, јавен превоз.............. па се до квалитетна и модерна и класична архитектура. Да не зборувам за малите детали кои многу значат, одржувањето, чистотата итн... Веројатно треба да размислат и за воведување на метро и сликата би била комплетна. Ако ние сме во дилема дали големината на Скопје е соодветна за метро, мислам дека таму ситуацијата е појасна (иако и кај нив постои дискусија ЛРТ vs. метро).

Posted By: alexgizh
Date Posted: 28-Jun-2010 at 22:58
Originally posted by SkyBoy

Originally posted by alexgizh

Originally posted by SkyBoy

pozdrav na site od zagreb i jarun.. odlicen e gradov i razmisluvam za selenje tuka, za zal go zaboraviv aparatot u skopje, ke se ubijam, ali zagreb place za slikanje.. arenata e prekrasna.. ja imame negde na slika, a na nasiot aerodrom niso ne se gradi osim sto ima edna parcela zagradeno, provereno od nebo Č))))) za sea tolku.. sledniot put poise, bok bok Č)) e da , imaat mnoguuuu semafori be ovde, otrov.. ama nema tajmeri, kulturen narod, a za jarbolite se ubija od smeenje.. jbga..

Поздрав до Загреб! Само не ми е јасно што има до толку за смеење кај јарболите наши? Да не мислат дека сме претерале? Особено е чудно што ова доаѓа од Хрватите, кои на секој можен амблем на фудбалски клуб ја ставаат шаховницата http://football11.net/logos_cro_37.html - http://football11.net/logos_cro_37.html

А, да... што има толку некултурно што имаме тајмери на семафорите, а културно кај нив што немаат?
 
Па смешно е што се фрлаат, по 7.000 евра од јарбол (ако не се лажам) и такви има 100ина по државава.. пошто они осетија малце криза (ама брзо ќе се опорават) и ова им делува несфатливо.. а тајмери немаат на семафорите пошто се далеку поцивилизирани од нас (по мене: дополнителен механизам од повисок ред за воспоставување сообраќаен ред во екстремни да не речам хард-кор примитивни средини), бар шоферџиски гледано иако тоа важи за секое можно ниво..
 
имаат низ град скулптури - споменици, ама третина од нашите (мислам на големина, а ваљда и квантитет - никој нема колку нас, особено со мостовите) многу суптилно поставени, значи не ти боде очи
 
чисто, средено, без гужви по улици... па на тоа додај и одлична архитектура оставштина од австроунг. - прекрасен град... Се проширил доста, има одлични нови модерни градби а и тн. бизнис кварт, надвор од строгиот центар, каков сакам да видам во Скопје на пр. некаде накај маџир маало и МТВ,а  може и подалеку, што да не.. им бев и у зоолошка, имам впечаток дека е огромна, одлична е, не стигнавме да ја видиме цела, оти нема крај.. без оглед што има тераса со шанк (да речам на пола-пат) за одмор и импровизирани животински "играчки" во мини забавен парк успут.. абе има мечки и камили нашава зоолошка !? Big%20smile иначе немаа слон и жирафа, слонот починал откако починала слоницата од тага наводно.. а жирафа немаат и онака..

Сите сакаме да го видиме маџир маало (само) во сликите од некогашно Скопје, а на негово место бизнис центар.

Зоолошката градина во Загреб е отприлика 550x200 метри, а нашата е 450x250 метри, значи (не сум мерел ептен прецизно, ама) нашава по површина е поголема. Само нивната е многу подолга од тоа што е широка, можеби затоа делува така голема. А колку што гледам, подобар распоред има од нашата Кај нас камили нема, ама има 2-3 меци големи и уште толку помали.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jun-2010 at 23:28
Што се однесува до тајмерите, иако имам слушнато од многумина странци колку фино тоа би било да го има и во нивните држави (Американци, Грци, Холанѓани), јас мислам дека тоа покажува баш колку сме говеда Да бидам појасен: до толку сме Балканци, што мора дури и семафорот да ни кажува некој колку време има додека да затвори семафорот (па да стиснеме гас, наместо да забавиме), или пак колку ќе треба да дремиме на црвено за да не мора да пцуеме.

Нормално, најважната функција - гасење на моторот кога има уште 1000000 секунди до зеленото, никогаш не стана пракса. Дали ги штедиме свеќичките, не знам

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jun-2010 at 04:00
Лошо ме перцепирате. воопшто не си задавам некоја кимјонгиловска задача да зборам колку е тука се розево. Ме нервира страшно масовната бестијалност, апатија, медиокритет, самопрезир, кукање и лицемерие према саби себе. На крај памет не ми паѓа да маштам колку е тука се така убаво, зашто не е. Ама врти сучи за секој проблем коренот да го наоѓате во менталитет, народот е вакот таков, не чини и слично е комплетно погрешна теорија од позиција на небарање решение туку дигање раце и ретерирање пред проблемите. не можам да тврдам дека луѓето и народот се секаде исти до толку, ама за нас што сме во срцето на европа нема шанси да сме ни процент различни. Народ познава толку колку што му е овозможено да знае и функционира до онаа мера до која има услови, ама дека сме нешто различни па уште на полошо, не сме. Не трошам јас енергија да претставам ништо во позитивно светло што не е, вие трошите енергија на самопрезир и тоа многу трошите, а ништо тоа не помага.

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 10:41

Самопрезир е човек да заклучи дека во Хрватска се вози покултурно а кај нас дивјачки? Тоа е од прилика факт како што и небото е сино...

BTW... не ви го сфаќам проблемот со тајмерите. Независно која им е функцијата, зошто се ставени, тие се корисни...

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 29-Jun-2010 at 12:37
нема проблем со тајмерите, евидентна е нивната полезност кај нас..
 
кога ќе размислам подобро, колку год да не се сакаме со грците сепак ми се чини дека имаме сличности, а тоа е опуштеноста, емотивноста, ирационалноста, мрзеливоста и несериозноста.. затоа и сме тука кај што сме, хрватите ги доживувам многу слични на германците, практични, прагматични, рационални, вредни итн..
 
Тука би завршил со скорешново искуство, не би да го тупам, а ако некој шета некаде може да сподели искуство па да споредуваме и коментираме, може евентуално и нова нишка да отвориме ако има интерес..

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 12:41

не би одел до толкави крајности. Факт е дека со Грците сме ужасно слични тука нема дилеми, зборувам за разликата со Хрватите кои се сепак балканци. Барем јас тоа така го доживувам, кога се враќам од север, Загреб е најчесто првата станица кога се осеќам дома.

Во секој случај факт е дека хрватите се сепак доста понапредни на повеќе полиња и за многу работи можеме да се угледаме на нив. Се слагам, ќе ги префрлам постовивте во нова нишка каде што ќе може да вадиме вакви дискусии како не би се загубиле во Меана...

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 12:47
Еве нова нишка каде може да дискутираме општо за впечатоци од земјите во кои патуваме особено во билдерски контекст .

По примерот на СкајБој Cheers

Подоцна или деновиве и јас можам да напишам нешто за впечатоците од моето прво патување во Софија од минатата недела.

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 12:47
BTW СкајБој.... прв пат си во Загреб?

Posted By: Buliwyf
Date Posted: 29-Jun-2010 at 13:05
Ехх јас сум бил во Луксембург,Германија,Франција,Шпанија и Португалија но за жал тогаш имав само 17 години и не се сеќавам најдобро на нивните архитектури,прошло како на сон Smile
 
Престојував 1 недела во Ликсембург прилично земја на замоци и досадна атвосвера,транзитно низ Франција 5 дена Шпанија,Барселона ,Валесија и Лорет де Мар и 10 дена Португалија 7 дена во едно прекрасно градче Figueira da Foz,сум го посетил Лисабон и имаше интересни готски градби во центарот.
 
Од тоа време можев да го доловам моментот на градбата на стадионот на Бенфика Estádio da Luz тогаш го спремаа за европското првенство во Португалија 2004 и забрзано го градеа (штета што бев во 2003 Unhappy).Кога сме кај стадионите повеќето што ги видов вклучивајќиго тој на Валенција,Баерн Лверкузен,Спортинг со исклучок на Камп Ноу ги видов само од екстерната страна,немав можност да влезам.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 29-Jun-2010 at 13:40
Originally posted by pbanks

BTW СкајБој.... прв пат си во Загреб?
 
Не сум првпат, 10ина сигурно.. пола хрват сум, имам и роднини таму Big%20smile после секое враќање, цјели тједан сум у депресија LOL ај да не почнувам.. Big%20smile
 
браво за нишкава Thumbs%20Up

Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:30
А тука би требало да споредуваме странски начини на живеење со македонски, или едноставно да си споделуваме каде сме биле?

Мене првото ми личи поинтересно

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:49
Originally posted by гитардемон

А тука би требало да споредуваме странски начини на живеење со македонски, или едноставно да си споделуваме каде сме биле?

Мене првото ми личи поинтересно

првото, во билдерски дух Cheers

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:54
Originally posted by SkyBoy

Originally posted by pbanks

BTW СкајБој.... прв пат си во Загреб?
 
Не сум првпат, 10ина сигурно.. пола хрват сум, имам и роднини таму Big%20smile после секое враќање, цјели тједан сум у депресија LOL ај да не почнувам.. Big%20smile
 
браво за нишкава Thumbs%20Up

Лијепо, лијепо Дефинитивно супер град

Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jun-2010 at 23:20
mislam deka razbiram sto saka da kaze lsl tuka, deka namesto da se resavaat problemite, se mrci za mentalitetot na narodot, iako i jas ne primetiv takvo nesto tuka
eve iako ne sum bil vo zagreb, sum bil vo Hrvatska nekolku pati, i lugeto tamu go imaat istiot mentalitet, pa duri i slicna kultura
podobroto kaj drugite evropski gradovi (koi nasiov narod tolku gi saka), e sto tamu vlastite poveke se grizat za svoite gradovi i gi podobruvaat funkcionalno, a ne lecat kompleksi vrz niv kako kaj nas
iskreno i tamu postoi divjastvo, nekultura, losi vozaci, vandali i t.n., no seto toa se kontrolira pravilno so zakon, a se sto ke se unisti se poprava i razubavuva
Skopje ne e daleku od ovie gradovi, i nasiot grad ima prekrasna arhitektura, no nikoj seto toa ne se obiduva da go obnovuva, razviva i podobruva, namesto seto toa, nekoj leci kompleksi so negovite razbiranja za ubavo i grdo
parite za Sk 2014 da bea prenameneti vo infrastrukturni proekti i renovacija i odrzuvanje na objektite i redot, se ke bese vo red i Skopje ke imase potencijal da stane eden takov moderen grad
navistina mi e zal sto na nikoj ne mu e gajle za pravilniot razvitok na gradot, sekoj si tera po svoe
eve, da receme, ne mora da se nafakaa na kapitalni proekti, barem da renoviraa i odrzuvaa kako sto treba...

Posted By: pavche
Date Posted: 03-Jul-2010 at 12:14
Originally posted by pbanks

Подоцна или деновиве и јас можам да напишам нешто за впечатоците од моето прво патување во Софија од минатата недела.

Poke

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Jul-2010 at 16:15
Да бе ај и јас да те буцнам еднаш, може ќе добиеш желба. Ти се разбира со мене ги сподели своите впечатоци, но пак ќе ми биде интересно да слушнам, може си заборавил нешто

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2010 at 22:28
Абе дечки секој ден ли да пишувам дека реновирам дома

Ај ќе се потрудам деновиве да напишам...

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Jul-2010 at 19:15

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 15:50

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:01

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:05

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:14

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:20

.

Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:34
СкајБој ти не се зезаш каде летуваш

Спрема мене, материјалов што си го склопил е за посебна нишка... но ти си газда

Супер фотки до сега

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:41

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:47
.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:54

.

Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jul-2010 at 17:01
Неееее бе СкајБој.... зборувам да напраиш посебна нишка ако сакаш за да ти добие овој голем труд кој си го вложил со сликиве достојно/засебно место и да не се меша со општиве дискусии... затоа викам ти си газда, ако сакаш ќе остане вака, ако нејќеш..... да не тупам слободно постирај си

Ајде идеме на нудистичка

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 17:18

.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2010 at 17:22
Ај бе скајбој кај е више таа нудистичка плажа, треба да излегувам уште малце 

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 17:42

.

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Jul-2010 at 18:08
.

Posted By: pavche
Date Posted: 28-Jul-2010 at 11:57
Originally posted by pbanks

Абе дечки секој ден ли да пишувам дека реновирам дома

Ај ќе се потрудам деновиве да напишам...

Мора да е големо реновирането Big%20smile И други те претркаа. Еве нешто на кое попаднах денес ->
http://mecetousko.blog.mk/2010/07/01/vo-sofija-na-nekolku-chasa-%E2%80%93-tolku-blisku-a-tolku-daleku/ - http://mecetousko.blog.mk/2010/07/01/vo-sofija-na-nekolku-chasa-%E2%80%93-tolku-blisku-a-tolku-daleku/
Не е лошо мислам. Има еден интересен податок за форумож(ако веке не се знае) - скоро во Веро, Скопjе ке има Џамбо.

Posted By: lupo
Date Posted: 01-Aug-2010 at 23:47
Ajt denovive idam za Izmir pa ke imam poznost da slikam visokokatni garazi

Posted By: Max
Date Posted: 11-Aug-2010 at 06:38
5нтересн6 в6 бе3град 3ет6в6

Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Aug-2010 at 17:01
Здраво живо на сите. Се до вчера бев на 25 дневен престој во Виена, Австрија и да ви ги пренесам моите импресии. Малку сум ограничен со билдерски материјали , па ќе биде повеќе туристичка репортажава отколку обично.

Прво да започнам со следниов апел: Никогаш, никогаш да не ви се случи да ги користите услугите на Вардар Експрес ДООЕЛ, превозникот кој ме „донесе“ до Виена и назад. Не прашувајте зошто, само верувајте ми.

За вовед, огромното градилиште на STRABAG веднаш до студентскиот дом во кој бев сместен.

Виена е едно големо градилиште и се работи на секакви мега и мини проекти: проширување на u-bahn линии, огромни проекти за колективно домување, трговски центри, реконструкција на трамвајски линии па се до реновирање фасади и пополнување дупки по улиците, како овде:

Доколку некој има намера да ја посети Виена, најтопло му го препорачувам следниот вебсајт: http://www.jobwohnen.at/. Преку него се сместив во одличен студентски дом, со брачен кревет, вц во соба, тв, мебел, интернет, и за цел месец платив само 200 евра!!

Еве неколку слики од кујната во домот:

Како турист во Виена навистина може сериозно да ти бидат ограничени можностите за забава во случај да сте ограничени со буџет, што сигурно си мислите дека е логично, но во Виена работите стануваат сериозни кога ќе се доближите до ценовникот. Како пример ќе ви го дадам влезот во зоолошка: 14.5 евра! Не би рекол разумно! Затоа сликовито би ви ги пренел активностите што сигурно ќе ви го исполнат слободното време во Виена доколку сте плиток во џебовите:

1. Пијте кафиња додека правите people watching

2. Јадете профитероли(2 евра) со капучино(2.5 евра) за она чувство на „луксуз“

3. Разгледувајте ги побитните објекти во центарот, како операта(која воедно ја ставам за пример на најдобро осветлен објект било кога)

4. Видете ја Hundertwasser Haus(но не пијте кафе таму)

5. Фотографирајте! Виена е фотогеничен град и добра шанса за правење на добри фотографии без многу напор

6. Посетете го Museum Quartier за да се освежите со чаша овошен шприцер и лежете на лежалкив(одлична шанса за запознавање луѓе)

7. Одете низ парковите. Виена ги има на претек, и сите се прекрасно одржувани и исполнети со секакви реквизити и урбана опрема, како овие лежалки во Wasserpark

+Stadtpark

8. Истражувајте ја Виена без компас, ќе откриете секакви интересни места за забава или само да си го испиете на раат своето coffee to go :

9. Одете на градската плажа на Дунав. Можете да изберете на бесплатната, каде нема песок и каде има треви, или на оние каде се плаќа но имаат песок и базенчиња, ги има повеќе.

10. Пробајте ги сендвичиве за мене ве молам, јас заборавив, и кажете дали се добри

11. Релаксирајте приквечер до езерцето веднаш до Karlskirche

*БОНУС СОВЕТ: Користете го јавниот превоз, официјално или не, најорганизираниот во свет. Хируршки точен и ефикасен. Не сликав но електронските дисплеи на автобуските и s-bahn станиците се речиси исти како оние во Скопје. Купувајте ги картите на почеток на месец ако купувате месечна(50 евра) или на почеток на неделата ако купувате неделна(14 евра) бидејќи траат до крај на месецот, односно неделата.

Идеја што можеме да превземеме и ние: Поставување на вакви скари во парковите или на познатите скара-дестинации како Матка. На бесплатен телефонски број се резервира(месец однапред) клупа+скара. Одлична работа

Улица на славните: Знам дека имаше ваква идеја за кај нас и дека многу луѓе веднаш ја отфрлија како кич, но ме зачуди колку често среќавав низ Виена вакви плочки : по убан станици, низ трговски центри, плоштади. Еве ја плочката на Арнолд, The Governator

Би сакал да упатам еден поздрав до жестоките противници на комуњарската архитектура со следнава разгледница:

Ваквата архитектура не е невообичаена за Виена, градот кој во 20-тите и 30-тите бил познат како Rotes Wien (Црвената Виена) поради бројните социјални згради изградени во тој период и поради владеењето на социјалистичката партија, се до анексирањето од страна на Хитлер.

Цела зграда покриена со Лед диоди, спектакуларна глетка:

Мислам дека целосно ги исцрпив моите впечатоци и се надевам дека ви се допадна репортажата.

Како за крај, еве до каков заклучок дојдов после 25 дена - Виена е досаден и прескап и преценет град. За тие пари одете во Берлин и поминете си лудо и незаборавно. Оставете ја Виена за пензионерите.

Коментирајте!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!

Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Aug-2010 at 17:44
Во Виена бев само еднаш, и тоа на една вечер (летот од Скопје ми беше вечерен, а летот за прекуокеан беше другиот ден наутро). Тоа што го видов беше јако, а ова што ни го презентира е уште појако. Вреди да оди да се види, меѓутоа 25 дена се можеби премногу. Супер репортажа, се надевам добро си помина, иако малку досадно.

А за Берлин каде бев 3 недели, можам да кажам само fuck yeah!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Aug-2010 at 17:48
Originally posted by гитардемон

Во Виена бев само еднаш, и тоа на една вечер (летот од Скопје ми беше вечерен, а летот за прекуокеан беше другиот ден наутро). Тоа што го видов беше јако, а ова што ни го презентира е уште појако. Вреди да оди да се види, меѓутоа 25 дена се можеби премногу. Супер репортажа, се надевам добро си помина, иако малку досадно.

А за Берлин каде бев 3 недели, можам да кажам само fuck yeah!

Точно дека 25 дена се премногу за Виена, но останав толку бидејќи морав. А за Берлин - мислам дека нема човек што бил а да не го каже истото што и ти го кажа Smile Фантастично место

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!

Posted By: Swimmer
Date Posted: 14-Aug-2010 at 18:40
Одлични фотки, сендвичите изгледаат вкусно btw Big%20smile

-------------

Posted By: lupo
Date Posted: 17-Aug-2010 at 17:19
Doooooooobar hacap sistem so sendvicive. Aj sea da isperete oci od Izmir hahaha

Posted By: Swimmer
Date Posted: 17-Aug-2010 at 17:30

ајде чекаме.. Eeek3 Big%20smile

-------------

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:23
E ova vi e GETO
cel grad bese  vakov
znaminja imase na necel kilometar

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:29
Eve i katna garaza
 
Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:32
click%20to%20zoom
Eve gi i edinstvenite dve visoko katnici vo gradot od 4-6 milioni ziteli

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:33
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:37
Eve ja i obikolnicata vo Izmir. Slikive ne se bas sjajni zasto se od kola slikani.
 
click%20to%20zoom
 
Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:38
eve gi i zastitnite tarabi
 
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:40
Tunelite na obikolnicata
 
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:42
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:45
Eve ja i vasata zamisla za soobrakajot po partizanska... navistina pametna rabota
 
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:48
click%20to%20zoom
no i so ova soobrakajot od strana bese zakrcen kako na Plasticarskana vo popladnevnite casovi

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:51
Eve i novi zgradi koi se poveke se gradat na bliskite brda. Sto e sao zeleniloto nie mozeme das se pofalime - Skopje e nacionalen park vo odnos na Izmir.
 
click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:52

Eve im go i Ataturk

click%20to%20zoom

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:54
E ova navistina mi se dopadna!
 
click%20to%20zoom
 
Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:56
click%20to%20zoom
Gi imase poveke po brdata pred vlezot na Izmir

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:58
Eve im go i feribrodot po Dardaneli
Slikava loso se gleda ama toa e...
 
click%20to%20zoom
 
Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 10:59
 
Iiiiiiiii  tolku od meneclick%20to%20zoom

Posted By: 46&2
Date Posted: 18-Aug-2010 at 11:01
42 Степена во тунел. Машала

-------------
I use public toilets and I piss on the seat.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2010 at 13:00
Lupo, а да ги смалеше сликите?

Ѕирни овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=21&PID=72414#72414 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=21&PID=72414#72414

Posted By: lupo
Date Posted: 18-Aug-2010 at 17:04
Cloverstak, preku http://www.imageshack.us/ - http://www.imageshack.us/  gi uploadirav i nemase moznost za biranje na golemina, a preku prvoto ne sakav da stanam clen, a a preku vtoroto imase nekoj problem, znam deka se pregolemi ama sto e toa e, ako ne vi se svigaat vakvi brisete.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2010 at 17:39
Лупо таман работа, не реков дека ќе ги бришеме, ама во секој случај добро е да се обрати внимание на такви многу практични работи како големината на сликите, а тоа не ни бара некаков ангажман, само 2-3 клика. Можност за едноставно бирање на големина има на речиси секој ваков сервис за хостирање слики, вклучувајќи го секако и imageshack, само не си погледнал повнимателно, а и работа на навика е, па се разбира не беше некоја особена замерка туку повеќе посочување за во иднина дека смалувањето може да го правиш многу лесно и брзо Thumbs%20Up

Posted By: Swimmer
Date Posted: 18-Aug-2010 at 17:48
Или ако не те мрзи преку Paint секоја поединечно Resize Big%20smile и ја сакав да споменам за големината, ама ај да не мрчам.. бавно се отвораат кога се големи и треба мрдање лево десно горе доле додека укапираш што гледаш, а тоа одзема време, понекад и интерес.. извини вака Thumbs%20Up
 
EDIT: ај и слика.. Smile
 
-------------

Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Sep-2010 at 12:30
Originally posted by pavche

Originally posted by pbanks

Абе дечки секој ден ли да пишувам дека реновирам дома

Ај ќе се потрудам деновиве да напишам...

Мора да е големо реновирането Big%20smile И други те претркаа.

И да знаеш дека беше големо и конечно заврши. Кираџиите се вселија вчера и работите конечно спласнаа.

Е сега за жал импресиите не се свежи како тогаш но ќе се потрудам да направам краток пресек од мојата посета во Софија.

1. За жал немам слики и репортажава ќе биде наративна

2. Пат до Софија. Македонската делница од патот е попристојна отколку што мислев а Бугарската делница навистина ме изненади. Прв пат одам во Софија и го проаѓам овој пат (претходно сум бил само до Ќустендил) така да немав некоја референтна точка. Но... во секој случај не очекував овој не толку битен правец за Бугарија да биде горе доле во одлична состојба освен планинскиот превој помеѓу Ќустендил и Радомир (кој BTW се прошируваше и реконструираше) и кој во крајна црта, и ваков беше далеку подобар од автопатскиот правец Велес-Скопје. За прв пат во мојот живот ја видов легендата Перник. Додека за многу луѓе тоа е грозен град, мене ми беше навистина моќен, стереотипен претставник на еден индустриски град од позади железната завесе. Не велам дека им е убаво на луѓето кои живеат во оние блокови веднаш до фабриките, но мене глетката ми беше навистина импресивна.
Сообраќајот кон Софија е многу умерен а од македонската страна скоро и непостоечки што уште еднаш ме уверува дека автопатската компонента од коридор 8 не е приоритет. Сообраќајот се згуснува на 10на километри пред влезот во Софија каде патот е некој вид на брза сообраќајница (2х2) кој на влезот преоѓа во булевар Цар Борис кој е во навистина лоша состојба (подлогата е од коцка и тоа доста расштрафена коцка). Околината на Цар Борис не е ни повеќе ни помалку од тоа што го очекував. Разни блокови, можеби не толку лоши колку што очекував, еден куп супстандардни приземни објектчиња и бутки итн... Типична сценографија од просечен балкански град. Сепак уште на влезот се сретнуваме со една од посилните страни на Софија а тоа е јавниот превоз. Трамваи, автобуси фрчат, распоредот на автобуските станици е добар (иако им треба реновирање) итн...

3. За вистински влез во Софија може од прилика да ја земам зградата на Граве каде градот навистина згуснува. Центарот на Софија има огромен потенцијал, некои работи ме разочараа (условно кажано), некои ме импресионираа. На пример, очекував повеќе од ул. Витоша, можеби не да биде Oxford st. но сепак очекував да биде во подобра форма. Ме импресионираше пак стариот дел на Софија кој за прв пат го ставам во една рамка. До сега од вести ги знаев како визури претседателската палата, Невски, универзитетот Св. Климент Охридски и слично, но никогаш ги немав сместено во една целина. Навистина цел тој дел ми остави добар впечаток, се беше чисто, убаво одржано, објектите беа складно распореден, театарот Иван Вазов и во пракса ми се потврди како личен фаворит меѓу балканските театри кои датираат од тоа време, зеленило има во изобилие итн.

4. Најголемиот адут дефинитивно беше метрото. На инсистирање на павче се провозев на трасата Св. Климент Охридски - Васил Левски а подоцна се возев и на трасата Опалченска-Сердика. Не дека прв пат се возам во метро ама се потсетив колку згоден, брз и комотен начин на транспорт е тоа. Во вториот случај колата ми беше оставен на Park & Ride паркинг веднаш до станицата Сердика (директно поврзан со подземниот премин кој води до станицата). Отидов пешки од Сердика до Mall of Sofia (каде се наоѓа станица Опалченска), од прилика 20на мин здраво одење ако не се лажам, додека се вратив назад за веројатно 1 мин со метрото (и 2-3 мин чекање на воз). Независно од сите други субјективни и објективни импресии од Софија, метрото е еден ужасно битен проект кој го издвојува овој град од другите балкански касаби кои претендираат да бидат метрополи и кој веќе носи огромно подобрување на квалитетот на животот на жителите на градот. Браво за Софија која овој проект го почна не така одавна, во годините кога на Бугарија и беше најтешко.

5. Фестивалот заради кој што отидов. Можеби најдобриот концерт на кој што сум бил. Освен беспрекорното озвучување, бина, настапи на бендовите, сетлистите и секако изборот на бендови огромен придонес во ова имаше публиката. Бугарија секогаш важела за металска држава но ова сега го видов во пракса. Металската култура е навистина развиена, на концертот имаше цели семејства со мали деца, брачни парови помеѓу 50-60 години со мајчки на Slayer и сл. 60-70 илјадна публика која беше на концертот да ужива и неприсуството на позери кои се стандарден декор на скопски концерти придонесе за навистина убав помин.

6. За крај... Софија не ја дожиеав онака како што мислев дека ќе ја доживеам. Иако со бугарите одлично се разбираме (повеќе тие имаат проблем да не разберат отколку ние нив), иако луѓето беа ОК и немаше проблеми, иако имав одличен домаќин (павче) кој навистина се потруди да ми покаже што повеќе за краткото време кое бев таму... Софија повеќе ја доживеав како странски отколку како близок град. Да бидам појасен. Постојат градови како Солун, Белград, Приштина, Сплит кои иако се секако различни од СК, имаат некој компатибилен "vibe" кој ме потсеќа на дома.  Очекував истото да го доживеам и во Софија но впечатокот не беше тој. Ова не е негативно, туку едноставно различно од тоа што го очекував.

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Sep-2010 at 19:36
Дел од моите слики, направени денес во Љубљана. Сите, освен двете последни слики се правени од Љубљанскиот облакодер (Ljubljanski nebotičnik). Малку информација за самата зграда, која е наречена така, затоа што е завршена 1933 година и има 12 ката, што веројатно за тоа време изгледало како огромна зградурина.

Nebotičnik (pronounced [nɛbɔtiːtʃniːk]; Slovene for "Skyscraper") is a prominent high-rise located in the centre of Ljubljana, Slovenia, and is one of the city's most recognisable landmarks.[2] Its thirteen storeys rise to a height of 70.35 m (231 ft). It was designed by the Slovenian architect Vladimir Šubic for the Pension Institute, the building's investor. Construction began in July 1930 and the building opened on 21 February 1933.

Самата зграда:

Поглед кон тврдината (Ljubljanski grad) и центарот:

Зградата на Металка и СКБ Сосиете Женерал Банка:

Поглед на југ, долж главната улица Словенска цеста. На десната страна се наоѓаат објектите на Банка Словеније и НаМа. Лево по улицата се гледаат хотел Леу и главната пошта на Љубљана. Крај паркот, виден во далечината се наоѓа зградата на Љубљанскиот Универзитет, а самиот плоштад е наречен Конгресни трг, кој моментално е затворен и под него се гради подземна гаража (се гледа стеснувањето на улицата во далечината):

Слика со помал квалитет со вклучени главните згради на НЛБ, на Трг Републике:

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Sep-2010 at 19:44
Уште два погледи кон главната улица (Словенска) и секогаш полната со пешаци, улица Чопова (која води од паркот Тиволи до главниот плоштад - Прешерноу трг):

Веќе сме на спротивната страна на Облакодерот, односно со поглед на север. Повторно Словенска цеста (која во далечината преминува во Дунајска цеста, што би значело Виенска улица, затоа што води кон Виена/Дунај):

Помеѓу двете високи офис згради, се наоѓа главниот транспортен јазол на Љубљана, кој е наречен Баварски Двор, каде се сечат скоро сите градски автобуски линии:

Поглед на северо-запад, кон населбата Шишка и Целоушка цеста (улицата која води кон Крањ и Клагенфурт/Целовец на словенски-и да знам дека е словенечки ама јас не сум согласен со тој назив):

За крај на денешнава тура, две слики од кејот на Љубљаница:

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: Supervisor
Date Posted: 02-Sep-2010 at 21:50
Андреј оваа Словенечка цеста колку подземни премина има за пешаци? Гледам еден застаклен на сликата и дали се одржаваат има ли доле  дуќани и како во поголеми европски градови каде подземните премини на раскрсниците дополнително служат и за влез во метро што е практично па и за додатна изградба во иднина ако имаат повеќе краци (пример на раскрсница) тука гледам паралелен излез е...

А иначе Љубљана ми е некако претесна и премногу мала дури и рингот што ја заобикулува (кружен) ми е премногу голем за град како Љубљана иако практичен бидеќи Љубљана е во средина на Словенија и така се вкрстуваат автопатите кон сите страни па може и за таа намена е изграден.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje

Posted By: pavche
Date Posted: 03-Sep-2010 at 11:33
Originally posted by pbanks

И да знаеш дека беше големо и конечно заврши. Кираџиите се вселија вчера и работите конечно спласнаа.

Фала! Cheers Беше ми приjатно и на мене! Поздрави го брат си од мене.

... и сега даваj нешто слики во "Изградба и ентериери" да видим каква е била реновациjата

Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jul-2011 at 21:24
мала репортажа од Валона-Албанија

1.станбена зграда во центарот која почна со градба 1.9.2007 година

2.кале над Валона(ноќевање=100 евра)

3.поглед од калето кон Валона

4.национален парк над Валона на надморска висина над 1000 метри-хотелски комплекс и бунгалови за душевен мир

Posted By: mirakuliks
Date Posted: 23-Jul-2011 at 21:36
Originally posted by gjoko

мала репортажа од Валона-Албанија

1.станбена зграда во центарот која почна со градба 1.9.2007 година

Ова ми е ептен некако Miami-style, не дека тоа е лошо......

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Jul-2011 at 21:38
Applause
Ne sum bil skoro 3 godini!Ne mi se veruva kolku ubav grad stana Smile

Posted By: +Protagorist
Date Posted: 16-Nov-2014 at 02:59

dali e ova vo Blagoevgrad snimano, samo ednas imam tamu kratko prosetano na shoping, no mi lichi ko za pirinska makedonija, ustvari Raina e pirinka dali bar dikcijata ja izdava celosno no i stavata i e ko za pirinsko mome

[tube]bmLUPWjoYmA[/tube]

dzemperot shto go bev togash kupil mislam deka seushte go imam negde po ormari, nalik ispletena postenska razglednica od Pirina

-------------
HaјсилнoтoOpужјe http://oregonstate.edu/instruct/phl201/modules/Philosophers/Protagoras/protagoras_plato_knowledge.htm - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв

Posted By: +Protagorist
Date Posted: 16-Nov-2014 at 05:49

eve avtentika tocna i od tradicionalna arhitektura a i od tradicionalni milozvucni dumi tokmu na krajot a osobeno vistinita uka i nauka za Blagoevgrad dovolna samo i preku posledniot kadar i posledniot stih od videovo

[tube]z84Gp1zevZo[/tube]

-------------
HaјсилнoтoOpужјe http://oregonstate.edu/instruct/phl201/modules/Philosophers/Protagoras/protagoras_plato_knowledge.htm - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв

Posted By: +Protagorist
Date Posted: 16-Nov-2014 at 06:43

da ne se lutat bratja i sestri blgari shto velam Pirinska Makedonija bidejki toa neli e i taka, sepka ova gore ne go iylevam so nacionalistichki poriv ami strogo od srce, inaku nemashe da recham Blagoevgrad ami ko go vikame nie makedoncite http://cdn.closr.it/closr.swf?name=FbybGocR4m1 - Gorna Djumaja

navistina cel Pirinski region e nedoprena ubavina, slichno ko Kosovo vo Srbija ili Dalmacija vo Hrvatska, prosto granicite i etnichkite ogradi se suvishni, IZVORNATA muzika arhitektura i folklor site niv gi odvejuvaat bidejki na ovoj Balkon imaat ist zaednichki koren

[tube]WwXEOu8JNZU[/tube]

-------------
HaјсилнoтoOpужјe http://oregonstate.edu/instruct/phl201/modules/Philosophers/Protagoras/protagoras_plato_knowledge.htm - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв

Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Jan-2015 at 12:15
Не се лично мои, но се впечатоци на еден Русин што неодамна ја посетил Атина. Главно фотографиите се од центарот на грчката престолнина, а репортажата е на руски јазик, но со помош на преведувачот на Гугл мислам дека ќе ја сфатите поентата на авторот (а и сликите зборуваат доволно)...

Прекрасная Греция, которая умирает на глазах (Прекрасната Грција која умира пред нашите очи)

Повеќе на линкот http://puerrtto.livejournal.com/661318.html - http://puerrtto.livejournal.com/661318.html

-------------
За сè има вторпат

Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Jan-2015 at 12:30
Ова е или ромаски кварт или се ова избеглици од Сирија и Авганистан.не ми се верува дека е ова вистинската слика на Атина

Posted By: Teglarot
Date Posted: 06-Jan-2015 at 16:38
Не знам зошто ве чудат сликиве од Атина. Како пазар, летно време, Грција претставува рај на овие луѓе кои се трудат да заработат за живот. Островите се преплавени од истите, кои во зимските периоди се селат во одредени населби во Атина, или ако успеат одат во западна Европа, преку Македонија.

Претпоставувам сте биле, во Рим околу главната железничка станица Термини има повеќе црнци него во Африка, буквално. На километар од истата, започнува кинескиот кварт, кој е распослан на доста голема површина, таму италијански и не се говори воопшто. Тука се и Индијците, Пакистанци, Бангладеши итн.

Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Jan-2015 at 16:51
Во Париз било бетер

Posted By: Teglarot
Date Posted: 06-Jan-2015 at 17:25
Originally posted by gjoko

Во Париз било бетер

Берлин и Лондон исто така. Но најмногу е погодена Италија, поради местоположбата, а исто така и Грција.

Лани на Миконос, бев запрепастен кога правев муабет со еден црнец, продавач на саати. Прво бев изненаден од неговиот англиски, а најмногу поради тоа што знаеше каде е Македонија и дека бил дури два пати во таа земја. Го запрашав од каде знае и што барал тука. Ми кажа дека транзитирал преку МК, одејќи за Берлин. Исто така кажа дека сме имале многу добри полицајци, имало разбирање со нив, за разлика од грчките . Истиот нема пасош, нема никаков документ за идентификација, а доаѓа од Сомалија. Најбитно му е да излезе во Грција, односно да влезе македонска територија, а после тоа се' било полесно. Во претходните наврати платил по 700 евра на Македонец, да го пренесе во багажникот преку граница и да го однесе до село близу Куманово.

Posted By: martind
Date Posted: 24-Jan-2015 at 15:14
Јас бев во Атина пред нова година и за воља на вистината има многу вакви дупки каде што претежно престојуваат Африканци, а не помалку и Азијци. Градот како град во глобала е прљав, веројатно поради бројните штрајкови на јавните претпријатија задолжени за одржување на чистотата.
Солун ми е по пријатен.

Posted By: kiriOK
Date Posted: 03-Feb-2015 at 10:05
Вчера бев во Софија...
За прв пат го разгледав градот подеталано во текот на ноќта и забележав дека има хроничен недостаток на осветлување,дури некои големи булевари се половично осветлени.Искрено повеќе ме нервираше половичното осветлување кое беше присутно на многу места отколку тоа да нема никакво осветлување.
Пе подсеќа на атмосферата што ја имав дома во една соба со една плафоњерка која поради украсната школка произведуваше некаква зачмаена светлина што на човек му создаваше замор во очите.
Такво чувство имав и во Софија.

Градот навистина има уште ДОСТА да работи на градската инфраструктура,на основните работи како тротоари,улици,фасади,зелени површини.
На помалите нешта,бидејќи видов работи како распукани плочки,големи вирови вода и стебла од веќе бивши дрвја дури и во најстрогиот центар на градот.

Друго кое сакам да го подвлечам како лоша забешелка,кажете дека и премногу очекувам но забелешката ми е во однос на урбаната мафија,дел од поновите објекти се изградени хаотично,во никаква корелација во ниту еден спектар со околината.

Незнам дали е до зимскиот период,но огромен дел од Софија изгледаше повеќе како типичен комунистички транзиционен-индустријски град (вакво чувство добив и во некои делови на центарот) отколку како на еден стар главен град на европска држава,ЕУ членка,со свои ете да кажам историјски,царски и архитектурни традиции.Дури на моменти го немаше шмекот на главен град.
Сигурно оваа доба,зимата допринесува некои 50% во лошите впечатоци,ова го подкрепувам со тоа што сум ја посетувал Софија и во пролет,лето и есен.

Мислам ќе треба повеќе напор и време нештата да дојдат на некои задоволително ниво,сега разбирам дека метрото е приоритет и баш е штета што толку пари и време ќе се изгубат конкретно на него,но сепак кога има ограничени средтва и јас не би постапил поразлично.

Posted By: fichot
Date Posted: 31-Mar-2015 at 08:04
Кон прилогот за Атина.

Малку расистички ми делува текстот и некои објаснувања на фотките, ама квартот Омонија кај што се правени фоткиве е одамна озлогласен.
Се сеќавам, во 2002 кога бев Атина ми беше напоменато да го избегнувам. А ја ко за беља со колегата баш таму се симнавме од метрото, и то беше последниот воз вечерта.. и никому ништо, пешки до хотелот. Прилично пусто и мрачно дури и на главната улица по која одевме, мада онака, не се осеќавме нешто загрозени.. па и во Скопје има делови кај што не би поминал навечер, а не Атина, повеќемилионски град.

Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2016 at 10:32
Нека отвори некој нова тема во Патеписи, насловена „Скијатос, Грција“, не можам никако да отворам ни од Мозила ни од Гугл Хром, а сакам да објавам фотографии од мојот престој таму.

Однапред благодарам!

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Oct-2017 at 08:13
Нека отвори некој нова тема во Патеписи, насловена „Гозо и Малта“, не можам никако да отворам ни од Мозила ни од Гугл Хром, а сакам да објавам фотографии од мојот престој таму.

Однапред благодарам!

И дај нека се реши овој проблем, смачено ми е веќе од овие технички недостатоци на форумов.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 28-Oct-2017 at 10:13

во Петербург од два пати нит еднаш не најдов за сходно туристички да скиткам, но да знаев за ова обележје сигурно ќе ојдев да видам како го конзервирале остатокот од ѕидот на зградата ... камо со слични репортажи да ги спремааат нашите туристички агенции своите потенцијални клиенти, бар како опција во случај да сакате да скитате во своја режија наместо со група, пристап кој бибтребало и ние да го имаме обратно односно на странските тур оператори да им понудиме готови приказни за нивните туристички фриленсери, можеби преку национален туристички портал, нешто што сега е покриено само во приватна режија онака од добра волја на мештаните ...

[ http://archive.is/EXRRl - 1 ] http://www.telegraf.rs/zanimljivosti/zabavnik/2906742-simbol-ruske-srcanosti-ova-zgrada-se-dva-meseca-drzala-pod-nemackom-opsadom-tokom-staljingradske-bitke-foto - http://www.telegraf.rs/zanimljivosti/zabavnik/2906742-simbol-ruske-srcanosti-ova-zgrada-se-dva-meseca-drzala-pod-nemackom-opsadom-tokom-staljingradske-bitke-foto

што е за твојата репортажа Џоле изгледа си бил во група па затоа волку си се раскитал или!? во секој случај имаш извадено интересен кадар од ѕидината во Ла Валета т.е. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3463&PID=222669#222669 - ова лифотот од 4-тата фотка видиш, оштроумно, додека сите тераат некакви монореил комбинации за слични локации, малтежаниве се доестиле ова на модерен начин едноставно да го решат, до душа и лифтот срочен екстра како не би нагрдил некако визура, но и технички неопходна КОМБИНАЦИЈА за пристап на инвалиди ил стари лица, а сигурно и млади го користат како опција за со што поголем лезет да се фокусираат кон спуштени впечатоци

евентуално кај нас вакво нешто може да се протне преку тоа подзeмните тунели та и да е замаскирано како окно на лифт, со оглед дека нешто ешко да извадиме архитектонски егземплар од архи-лифт, битно со леснотија би бил достапен за секого кејот кај зградата на Водовод ...

Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-Sep-2018 at 16:59
Дечки, дали на форумов единствен начин на прикачување фотки е да бидат подигнати на сервиси како Имгур, или пак може на друг начин?

Сакам да ви ги претставам Осло и Берген како големи градови во Норвешка (гледам нема таков патепис), како и некои помали гратчиња/села во Норвешка.

Инаку, бев како турист, колку и да звучи чудно

Posted By: ironm
Date Posted: 25-Sep-2018 at 10:27
Хахаха зошто да звучи чудно? Супер би било да ставиш фотки од Норвешка. Колку што знам јас мораш да ги ставиш сликите на друг сервис, па потоа да ги линкуваш тука. Јас моите на фликр ги редам.

Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Sep-2018 at 12:40
Originally posted by ehrlich

Дечки, дали на форумов единствен начин на прикачување фотки е да бидат подигнати на сервиси како Имгур, или пак може на друг начин?

Сакам да ви ги претставам Осло и Берген како големи градови во Норвешка (гледам нема таков патепис), како и некои помали гратчиња/села во Норвешка.

Инаку, бев како турист, колку и да звучи чудно

да единствен начин е. Супер места за посета воопшто не е чудно. Мене ми се на то-до листа

Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Sep-2018 at 14:41
Само што се вратив од Фарски Острови, и после Исланд сум фасциниран и од двете. Мора да признам дека и мене следни на листата во Европа ми се Берген, Тромзо, Лофотен и Свалбард. Сум бил во Осло, и го добив истиот впечаток како Цирих - ништо поразлично од некое помало германско гратче.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: ehrlich
Date Posted: 25-Sep-2018 at 16:11
Добро тогаш, да се средам малку и очекувајте неделава фотки од местава, ќе ги ставам во посебни нишки

Инаку, пишав чудно, затоа што, секогаш кога ќе речев некому дека одам таму, ме правеа дека сум милијардер. Иако навистина е поскапо од друга западноевропска земја, но сепак добрата организација придонесува да не треба да продадеш бубрег

Print Page | Close Window