Print Page | Close Window

Инфраструктура (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=99
Printed Date: 29-Mar-2024 at 15:37


Topic: Инфраструктура (општо)
Posted By: kire85
Subject: Инфраструктура (општо)
Date Posted: 29-Dec-2007 at 03:58
World Bank to launch EUR 35 million infrastructure project in Macedonia
27 December 2007 | 17:50 | FOCUS News Agency
Skopje. The World Bank will start next year a project for the improvement of regional and municipal roads in the republic of Macedonia, Macedonia’s Minister of Transport and Communications Mile Janakievski told a news conference, FOCUS News Agency’s correspondent in Skopje informed.
“The initial funds that we expect from the World Bank amount to EUR 25 – 35 million. The government considers this money is not enough and they decided to search for additional funds from foreign banks”, Janakievski stressed.
He informed that currently a ring road is being constructed in Skopje, which is part of the road infrastructure of Corridor 8.


досега барем јас немав слушнато за никаква помош од светската банка за нашите патишта.....ова е одлична вест!!! радува и најавата дека ќе се потрудат да извлечат уште пари за инфраструктурата....да се надеваме дека 2008 ќе биде решавачка за проекти како јужниот булевар и коридорот 8....Cheers



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2007 at 04:57


И јас прв пат слушам за ова Cheers


Инаку, се слагам со тебе за приоритетите. Веќе имам кажано нешто слично тука:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=48&PID=2485#2485 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=48&PID=2485#2485

Попрецизно од коридорот 8, пругата спрема Бугарија мислам треба да ни е врвен приоритет.
Во подалечна иднина и спрема Албанија, но за тоа има време. На крајот на краиштата и Албанците треба да се закрпат бар малце. Дури и да ја изградевме, ќе нема со што да се поврземе. Пругите и железницата општо им е во тотално катастрофична ситуација.
За нови автопати на коридорот 8 не сум многу загреан во моментов. Иако мислам дека Македонија мора да ја искористи својата поволна географска положба за да стане крстосница во регионот (за тоа сме фаворизирани и од мрежата на пан-европските коридори), сепак моменталните податоци и проекции за обемот на сообраќај воопшто не оправдуваат инвестирање во автопати.
Значи во моментов на коридорот 8 треба да имаме само една цел и на нејзе апсолутно да се посветиме: пругата спрема Бугарија! Таа има огромна стратешка а во иднина и огромна развојна вредност.


Втор приоритет е Јужен Булевар (барем етапно), но никако без истовремена изградба и на Бул. Крушевска Република. Исто така и 2 интервенции на Северен Булевар:
1. Рушење на клучката дивоградба на Трифун и на нејзино место да се направи добра клучка која ќе може да се вклопи во ГУП-от
2. Изградба на дијамантска клучка на крстосницата во Автокоманда.

Со ова би се реализирал најголемиот и моментално најважниот дел од урбаните автопати во Скопје. Јасно е дека тие многу брзо ќе се исплатат преку енормно зголемување на ефикасноста на сообраќајот во градот. Исто така не треба да се заборави и дека тие се незаменливи за добра изведба на трамвајските линии кои треба да се интегрираат во истите коридори.


Едит:
Ако навистина сериозно се реализира проектот за ЛРТ (трамвај), тогаш заради првата линија која ќе се гради, се наметнува уште еден скап приоритет - тунелот под плоштадот. Едноставно трамвајот ќе е тотално промашена работа ако го дриблаат низ веќе закрчените улици во центар. Во поширокиот центар трамвајот мора да биде на денивелирана траса (во случајов како што е зацртано во ГУП-от во тунел)

Се на се, сите овие интервенции во Скопје (урбаните автопати и тунелот под плоштад), колку и да звучат научно-фантастично, вкупно ќе бидат значително поевтини од пругата до Крива Паланка. Мислам дека за такво нешто вреди и да се задолжиме. Позитивните ефекти на спомнатите проекти ќе бидат огромни и ќе бидат моќен подстрек на економијата на многу начини.


Posted By: kire85
Date Posted: 10-Jan-2008 at 21:14



Posted By: blejdsk
Date Posted: 26-Apr-2008 at 19:20

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ - МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ


Повеќе инвестиции за подобар економски развој


Со средствата во износ од 70 милиони евра од Светска банка, ќе се изврши рехабилитација на повеќе од 2000 километри патна мрежа во Република Македонија, кои се подеднакво респределени за подобрување на локалните и на регионалните патишта


Владата најави инвестиција во патиштата во земјава. Како ќе се реализираат овие средства?
- Владата активно работи во насока на изградба на главните транспортни оски Коридорот 8 и 10, кои претставуваат висок приоритет, но паралелно се унапредува и регионалната и локалната патна инфраструктура. Во насока на подобрување на патната инфраструктура во земјава, предвидени се средства од 70 милиони евра, кредит од Светската банка, а дополнително ќе се обезбедат уште 50 милиони евра од други меѓународни финансиски институции. Ова инфраструктурно вложување е најголемо досега од осамостојувањето на Република Македонија.

Со средствата ќе се изградат и реконструираат над 2.000 км локални патишта, а останатите ќе бидат распределени за изградба на регионалните патишта. За локалните патишта во соработка со општините, спроведовме иницијатива за добивање на податоци околу неопходните проекти кои општините не успеале да ги реализираат, а кои опфаќаат рехабилитација на постојните патни правци и изградба на нови.

Ова има за цел да овозможи подобар пристап до населените места, подобрата поврзаност во патната мрежа, истовремено создавајќи исклучително поволни услови за развој на локалната економија.
Освен овие средства Владата во Годишната програма на Фондот за магистрални и регионални патишта предвиде близу 6.2 милиони денари, кои се наменети за инвестирање во капитални проекти за патната инфаструктура во Република Македонија. Со овие средства, ќе се комплетираат повеќе делници меѓу кои и Обиколницата кај Скопје, со што ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град.

До каде се активностите за давање на патиштата под концесија?
- Првичниот извештај го очекуваме во месец мај. Потоа ќе пристапиме кон разгледување и имплементација на препораките од консултантот "Louis Berger". По дефинирањето на моделот, до крајот на 2008 година ќе биде распишан тендер за давање под концесија на делниците кои влегуваат во овој проект, делници од Коридорот 8, како и останати делници кои се значајни добро транпсортно поврзување на Република Македонија.

Коридорот 8 и 10 остануваат приоритети на Владата, како важни економски и транспортни оски?
- До крајот на 2008-ма очекуваме да биде заокружена финансиската конструкција и целосно да се изготви проектната документација за да почне изградбата на остатокот на автопатната мрежа од Коридор 10 во должина од 27 км на правецот Демир Капија-Смоквица. Лани се реализираа подготвителни активности за делницата Табановце - Куманово во должина од 7,3 км, а до крајот на годината се очекува отпочнување на интензивна градба на оваа делница - дел од Коридорот 10.

Во однос на Кородорот 8, во тек е изградба на Обиколницата околу Скопје, за делниците на потегот Куманово-Крива Паланка, а за делниците Кичево-Ќафасан во тек е подготовка на проектна документација по што следува отпочнување на постапките за експропријација. Во текот на 2008 година се планира подготовка на проектна документација за градба на ниво на автопат на делниците Велес- Штип-Делчево, Велес-Прилеп, Прилеп-Битола, Битола-Ресен- Охрид.

По реконстукцијата на мостовите кај Велес, сега се реконструираат мостовите и кај Демир Капија. Кога се очекува да бидат готови?
- Втората фаза од Проектот за зајакнување и санација на мостовите, кој го спроведуваме со поддршка од НАТО треба да заврши крајот на годината. Во 2007 година заврши првата фаза од овој проект, со која беа опфатени 29 мостови на потегот од Скопје до Велес. Времето само ќе покаже колку овој проект бил значаен, затоа што за голем дел од санираните мостови постоеше опасност да станат неупотребливи.

Какви други инвестиции се предвидени за следниот период во локалната инфраструктура?
- Владата планира од меѓународни финансиски институции да обезбеди уште 50 милиони евра за изградба на водоводни и канализациски системи во општините. Ние веќе обезбедивме два милиони од Буџетот, кои се распределени во 39 општини, каде е предвидена изградба на системи за водоснабдување, реконструкција на водоводната мрежа, на канализациони системи, како и изградба на системи за третман на отпадни води. Општините на наше барање уште лани доставија апликациони листови со податоци за статусот на канализациските или водоснабдителни системи за кои беа побарани средства.

Сакам да истакнам дека во изминатиот период од дваесетина месеци, постојано се работеше на проекти кои се од директно значење за граѓаните и за нивните локални заедници. Се работеше на изградба на канализација во општина Шуто Оризари, изградба на пречистителна станица во Кривогаштани, изградба на пречистителна станица за болницата Јасеново и многу други. Исто така, се изгради вториот потпорен ѕид во Рамина - Велес, а се санираат и свлечиштето кај селото Ѓермо и свлечиштето кај местото Ракотинци во Сопиште. Со наши пари заврши и изградбата на браната "Лошана", почната уште од 2000 година за водоснабдување на општина Делчево. По десетици години, се овозможува протек на чиста питка вода во Свети Николе, а исто така се реконструира водоводната мрежа во Прилеп и во Тетово.

Се добива впечаток дека ретко може да се најде слободно државно земјиште за да може да се реализира некоја инвестиција затоа што во најголем дел на земјиштата има неразрешени имотни односи?
- Во право сте. Во еден претходен период речиси и да не се водела грижа и соодветна евиденција. Затоа, ние во Владата инициравме Комитет за градежна експанзија чија цел е да ги намали бирократските процедури и да го забрза разрешувањето на имотно-правните односи кои ги спомнувате, за реализирање на капитални градежни зафати и зголемен продор на инвестициите.

Исто така, Владата усвои годишна Програма за изработка на приоритетни урбанистички планови, во која се определени најприоритетните планови кои треба да се изработат од општините и Агенцијата за просторно планирање за кои се 120 милиони денари. Изработените урбанистички планови дополнително ќе го забрзаат економскиот раст, преку изградба на голем број објекти со кои ќе се развива инфраструктурата, нови работни места, ќе се зголеми туристичката понуда и многу други бенефиции кои граѓаните ќе ги почувствуваат со нивното реализирање.

И покрај се, ние во изминатиот период реализиравме повеќе лицитации преку кои беше овозможен влез на директни инвестиции. Некои од покрупните проекти се изградбата на "Сведмилк Македонија", населбата Сончев Град, хотелот од групацијата "Резидор", трговскиот центар на "Equest", болницата која ќе ја гради "Св. Лазар" во Ѓорче Петров, трговскиот центар на "Sectron" во Капиштец, како и индустрискиот објект на "Fornetti" во општина Илинден.

Почната е постапката за издавање на аеродромите под концесија. Каков е интересот?
- Интерес за учество во тендерската постапка за концесионирање на аеродромите, објавен од нас, изразија повеќе од 20 компании од различни држави. Концесионерот ќе биде избран преку транспарентна тендерска постапка со следење на препораките и динамиката кои ги содржи студијата на холандскиот консултант "NACO".

Аеродромите "Александар Велики" во Скопје и "Св.Апостол Павле" во Охрид и новиот карго аеродром во Штип, ќе бидат предмет на концесија во период од дваесет години, а концесионерот ќе мора да го осовремени и подобри аеродромскиот систем во земјава. Важно е што по истекот на концесијата, аеродромите остануваат во државна сопственост, но до тогаш тие ќе ги исполнуваат сите светски стандарди, со што ќе бидат далеку поконкурентни и поатрактивни.

Задоволен ли сте од сработеното во изминатите две години во Вашиот ресор?
- Во изминатите две години, започнавме проекти кои значат капитално вложување во инфраструктурата. Работевме макотрпно и без запирање за остварување на сонот на секој Македонец, европска и просперитетна Македонија, стабилна и економски развиена.
Реализиравме многу суштински проекти кои во целост ја изменија сликата за нашата земја, меѓу кои и влезот на третиот мобилен оператор, нови Wimax оператори, овозможувањето влез на странски инвестиции преку продажба на државното земјиште, го зголемивме бројот на транспортни дозволи за нашите транспортери, воведовме електронското аплицирање и распределба на дозволите и становите, започна процесот за давање под концесија на аеродромите, беше извршена транформација на ЈП Македонски железници, овозможивме влез на странски инвестиции преку продажба на земјиште...

Исто така, се соочивме и со големи предизвици, но нивната постепена реализација само ја потврди нашата определба за поголем економски раст, повисок стандард за граѓаните.

Каде ќе го поминете празникот Велигден?
- На овој голем христијански празник ќе бидам во Прилеп, заедно со моето семејство и со пријателите. Динамичниот живот и големиот број на обврски не ни дозволуваат често да бидеме заедно, па затоа овие денови се наша заедничка радост. Оваа можност би ја искористил и на сите Ваши читатели да им ги честитам Велигденските празници.

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ОД 2000 КМ ЛОКАЛНИ И ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА
Ќе се изврши рехабилитација на повеќе од 2000 километри патна мрежа во земјава со 70 милиони евра од Светската банка, како и дополнителните 50 милиони евра од други финансиски институции, кои ќе бидат подеднакво респределени за подобрување на локалната и регионалната патна мрежа.

Состојбата на регионалните патишта е утврдена со Студија на Европската агенција за реконструкција, за приоритетните патни правци Илинден - Калуѓерец, 'Ржаничино - Овче Поле, Лакавица - Дреново, Давидово - Раброво, Струга - Дебар, Макази - Долно Дупени, Прилеп - Кичево, Прилеп - Кривогаштани, Превалец - Смојмирово, Струмица - Нов Дојран - Дојран и поврзување на Кратово со М-2 и М-5.

НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕФОРМА НА АЕРОДРОМИТЕ
Во периодот на концесионирање, на аеродромите "Александар Велики" во Скопје и "Св. Апостол Павле" во Охрид се предвидува инвестиција од над 100 милиони евра за оперирање на сите типови авиони и изградба на неопходната инфраструктура за работење по меѓународните воздухопловни стандарди. Во Штип ќе биде изграден нов карго-аеродром кој во иднина ќе функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација со можност да прерасне во главен аеродром во Македонија.

120 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА АТРАКТИВНИ ЛОКАЛИТЕТИ
Во 2008 година, за прв пат досега, Владата издвои средства од Буџетот во висина од 120 милиони денари наменети за приоритетна изработка на урбанистички планови за оние локалитети кои се привлечни за инвеститорите, а се со цел привлекување на странски директни инвестиции и создавање на нови работни места.

http://vecer.com.mk/?ItemID=41CF9323BB769F4580D6DCF9350987E4 - http://vecer.com.mk/?ItemID=41CF9323BB769F4580D6DCF9350987E4



-------------





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Apr-2008 at 20:01
Originally posted by blejdsk

Во текот на 2008 година се планира подготовка на проектна документација за градба на ниво на автопат на делниците Велес- Штип-Делчево, Велес-Прилеп, Прилеп-Битола, Битола-Ресен- Охрид.


Оваа бесрамна лага беше дел и од предходната предизборна кампања на ДПМНЕ и моја омилена предизборна глупост од тоа време. Источно о Штип и Западно од Битола, во моментов ниту е потребно да се планира, а уште помалку разумно да се очекува дека ќе има некаков помак во било каква догледна иднина. Дури и да ни беа готови двата основни коридори, ќе имавме за градење уште над 150km други, веќе зацртани (долгорочно) автопати... (гранката на коридорот 10, спомнатиот Велес-Штип, делницата кон Косово, да се спои Охрид со коридорот 8...  да не зборам за урбаните автопати во Скопје кои се врвен приоритет, а кои не ги ни врачунав во тие 150km)

Плус тоа, тачно да пливавме во пари и да можевме уште утре да почнеме со градба, која е логиката да градиш автопат на правци на кои сообраќајниот обем е смешен, а плус патниот правец не е дел од некој поважен коридор? За украс ли би се граделе?
Еве на пример најголем дел од Штип-Делчево има http://en.wikipedia.org/wiki/Annual_average_daily_traffic - ПГДС помал од 1000 возила. Кој нормален би го уништувал кочанско поле на пример, за да „планира“ автопат на толку нелогична делница?
Мене лично не ми треба никаква физибилити студија за да заклучам дека во наредниве 20 години нема што воопшто да помислуваме на делниците што ги спомнав, а и за понатака е прашање кога би дошло време...
Господинов министер или нема поим што зборува, или не му е проблем безочно да лаже... Не знам само дали уште има наивни да веруваат.

Со таа глупост, ги става под сомнеж и другите нешта што ги кажува, иако повеќето изгледаат многу поверодостојни.

Bash


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Apr-2008 at 03:41
Od damna ne sme slusnale nesto od Mile, sto se sluci so nego..


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Apr-2008 at 20:57
Патот Битола Ресен е доста солиден со 3 ленти а Ресен Охрид можеби треба да се прошири и да се стави нов асфалт но во никој случај во догледно време таму не би бил потребен автопат. Навистина вакво преувеличување ги засенува и сите  други амбициозни најави. Дај боже да грешам.


Posted By: vardar
Date Posted: 28-May-2008 at 14:29
 
статистика
Раст од 17% на бројот на превезени патници
 
Бројот на превезените патници во патничкиот железнички превоз во првото тримесечје од 2008 година, во однос на истиот период од 2007 година, зголемен за 17,0 % , соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Заводот, во првото тримесечје од 2008 година, во однос на истиот период од 2007 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2,3 милиони, во градско-приградскиот превоз 15,7 милиони, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 133, 1 илјади.
Во истиот период, количеството на превезената стока во воздухопловниот превоз е зголемено за 44,8%, во товарниот патен превоз за 11,0%, додека во железничкиот превоз количеството на превезената стока е зголемено за 2,7%.
(Тотал)
 
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10734&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Total
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2008 at 23:59
Типов не го гледам како некој релевантен експерт што може да насети битни политички и економски промени, но текстов може да се вклопи тука, па ај да го постирам.
Осум решенија за подобрување на инфраструктурата (1)



Автор:  Сем Вакнин
Постојат осум познати решенија за проблемите што ги имаат земјите со неразвиената инфраструктура.
Може да ја приватизира сопствената инфраструктура (почнувајќи со нејзините енергетски и телекомуникациски сектори, кои се најатрактивни за странските и за домашните приватни инвеститори).
Потоа, може да му дозволи на бизнис-секторот да управува со делови од националната инфраструктура.
 
Вообичаено, спогодбата е фирмите да инвестираат во создавањето на инфраструктурата и потоа да наплаќаат одредена сума, која ќе служи за нејзино управување и одржување. Собраните средства се доволно големи за да ги покријат инвестицијата и трошоците за одржувањето и притоа да се врати претходно одредениот профит. Најпознат пример се патиштата со патарини, кои често се изградени од приватниот сектор.
 
Друг начин е да се комерцијализира инфраструктурата (да се наплаќа за користењето на телефонската мрежа или за автопатиштата) и да се реинвестираат приходите ексклузивно во инфраструктурни проекти. На тој начин целиот приход создаден од автомобилите што поминуваат на автопатот може да биде употребен за изградба на дополнителни автопатишта наместо тие приходи да бидат насочени кон главниот буџет.
 
Четвртиот начин е да се приспособат цените на користењето на инфраструктурата со реалните трошоци на нејзината изградба и управување. Во повеќето земји во развој корисниците плаќаат само мал дел од овие реални трошоци. Цените се премногу субвенционирани и инфраструктурата е оставена да се распадне и да скапе. Ова, очигледно, е политичка одлука што треба да се донесе од политичките ешалони. Во многу земји таквото приспособување на цените за да ги одразат реалните трошоци често создава социјални немири и жестоки политички поделби.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=173&ArticleID=6491



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 22:00
Интервју на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за МИА

Скопје, 18 септември

Законот за јавна чистота стапи во сила. Дали и колку ќе можат да се применат неговите одредби во пракса.

Законот за јавна чистота предвидува санкции за сите субјекти кои учествуваат во грижата за животната околина и јавната хигиена, почнувајќи од физичките лица, правните субјекти, но и единиците на локалната самоуправа. Законот има за цел да обезбеди повисоко ниво на одржување на хигиената на јавните површини и просторите пред и во самите јавни објекти. Времето ќе покаже какво влијание ќе има овој закон врз свеста на граѓаните, од кои се очекува да се придржуваат до одредбите предвидени во него, во спротивно, законот предвидува парични санкции кои се во висина од 50 до 3000 евра во денарска противвредност, во зависност од тоа кој го прекршил законот – дали станува збор за  физичко лице, правен субјект или самата општина и во зависност од тоа за какво прекршување станува збор. Наша заедничка задача е донесувањето на овој закон да го искористиме со тоа што ќе делуваме во корист на животната средина, а не во насока на нејзиното уништување.
 
Неодамна турската компанија ТАВ беше избрана за концесионер на аеродромите во Македонија. Кога ТАВ ќе започне со активностите за модернизација на аеродромите и кога можеме да очекуваме скопскиот аеродром „Александар Велики“ да добие и европски изглед?

Очекуваме до истекот на законскиот рок, 25 септември да го потпишеме договорт за концесија на македонските аеродроми со компанијата „ТАВ“. Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така, очекуваме дека со изградбата на нов карго-аеродром во Штип, Македонија да добие уште едно воздушно пристаниште кое понатаму ќе може да функционира и како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во главен аеродром. Согласно тендерската документација однапред се целосно предвидени и временските рокови во кои ќе треба да бидат завршени инвестициските зафати со кои Македонија ќе добие модерни и конкурентни аеродроми.

Космофон од вчера започна со услугата 3Г, видео повици и брз мобилен интернет. Објавен е и тендерот за доделување нови лиценци за 3Г мобилната телефонија. Дали очекувате голем интерес и кои се следните чекори на Владата за подобрување на телекомуникациските услуги?
 
Услугите на мобилната телефонија од третата генерација нудат голем број поволности за корисниците. На првиот тендер за доделување на едно одобрение за користење на радиофреквенциите за 3Г, кој го распиша Агенцијата за електронски комуникации, како најповолен понудувач беше одбрана компанијата „Космофон“ која претставува прв 3Г оператор во земјава и веќе ја нуди оваа услуга.  

Заради дополнителна либерализација на пазарот на електронски комуникации во Република Македонија и овозможување на поголема конкурентност и обезбедување пристапни и квалитетни услуги до најсовремините технолошки достигнувања, услуги кои пред сé се наменети за граѓаните на Република Македонија, Владата донесе одлука за доделување три одобренија за користење на радиофрекфенции наменети за 3Г технологија, односно мобилни системи од третата генерација за што веќе е распишан тендер. Критериумите за добивање на радиофреквенции за 3Г се однапред утврдени, а почетната висина на еднократниот надоместок за користење на радиофреквенции изнесува 10 милиони евра.

Владата неодамна распиша тендер за изработка на физибилити студија за гасификација на Македонија. Каков е првичниот интерес за него и зошто државата доцни со гасификацијата иако главната магистрала на гасоводот од Крива Паланка до Скопје е изградена пред повеќе години, а нејзиниот капацитет само делумно се корист?

Ние објавивме тендер за набавка на услуга за изработка на физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект. Во оваа фаза ќе се приберат потребните проектни податоци и подлоги, теренски проспекции, истражувања и анализи на постоечките состојби, како и анализи на актуелната состојба на гасоводната инфраструктура во земјава и можностите за нејзина надградба.

Исто така, ќе се изврши економска и финансиска проценка на варијантните решенија и ќе се увидат магистралните правци кои паралелно би се проектирале на повисоко ниво и најбрзо би се извеле. Со избраниот најповолен понудувач ќе се склучи договор со времетраење од 9 месеци, почнувајќи од 01 декември 2008 година. Целта на овој проект е до домаќинствата и индустриските капацитети во земјава да се донесе алтернативен енергенс, чија цена е пониска во однос на електричната енергија.

Дали сметате дека ќе се подобри јавниот транспорт во Скопје со донацијата на Владата за купување нови 102 двоспратни автобуси. Кога се очекува јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ да ги добие 100 двоспратни автобуси и кој ќе стопанисува со двата двоспратни отворени туристички автобуси?

Владата на Република Македонија е определена да овозможи подобар јавен превоз во главниот град. За таа цел, на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ првично му беа доделени средства наменети за набавка на нови автобуси. Заради ставот на Град Скопје дека не е во можност да ја изврши оваа набавка и дека ќе ги врати средствата, Владата донесе одлука за обновување на возниот парк на јавниот градски превоз во Скопје.

Согласно одлуката на Владата, Министерството за транспорт и врски ја започна тендерската постапка за набавување на вкупно 102 двокатни автобуси кои ќе можат да превезуваат поголем број на патници од автобусите кои се користат во моментов. Два од овие автобуси ќе бидат отворени и ќе бидат наменети за панорамско разгледување на Скопје и Охрид.

Во тендерската документација е пропишано и каков треба да биде изгледот на овие автобуси – нивниот дизајн треба да потсетува на старо Скопје, односно да бидат во стилот на шеесетите години од минатиот век, со тоа што во ентериерот ќе ги имаат сите современи поволности за патниците. На овој начин ќе се воспостави врска со традицијата и ќе се врати стариот дух на градот.

До каде е постапката за издавање на патиштата  под концесии и што ќе значи тоа за граѓаните. Кога очекувате Македонија да добие европски патишта?

Во средината на јули годинава Министерството за транспорт и врски, во соработка со Фондот за магистрални и регионални патишта во печатените медиуми во земјава, како и во “Фајненшал тајмс” и “Еконмист” објави Барање за доставување прелиминарно писмо со намери за учество во ограничен јавен тендер за концесија за развој и имплементација на автопати со наплата на патарина.

Пред објавувањето на ова барање, француската консултантска компанија “Лоуис Бергер“, која беше одбрана за најповолен понудувач на јавна тендерска постапка од страна на Фондот за магистрални и регионални патишта, изработи детална студија во која се содржани конкретни  анализи на постојната патна инфраструктура, како и препораки кои се однесуваат на отстапувањето на македонските патишта под концесија. На објавеното барање се одзваа 48 компании, финансиски институции и конзорциуми од Северна Америка, Кина, Индија, Турција и повеќе земји од Европската Унија кои изразија интерес за учество. Овие компании добија пакет со информации во кој се содржани и податоци за делниците кои се предвидени да бидат дадени под концесија. Проектите опфаќаат вкупно 560 км патишта, поделени во седум одделни делници и очекуваме по имплементацијата на овој проект

ЈП Македонски железници минатата година се трансформираше во две препријатија - Инфраструктура и Транспорт. Какви се резултатите од досегашната трансформација и кои се следните чекори на Владата за подобрување на железничкиот сообраќај?

Трансформацијата на македонската железница ние ја завршивме успешно и уште минатата година Централниот регистер на Република Македонија ги издаде решенијата со кои се основаа двете компании – јавното претпријатие за железничка инфраструктура и акционерското друшво за транспорт во сопственост на државата. По една година, можеме со задоволство да констатираме дека позитивните ефекти веќе се чувствуваат. Транспортната компанија интензивно работи на расчистување на старите долгови кои датираат уште од 1991 година и како никогаш до сега голем дел од обврските редовно се исплатени. Исто така, обемот на сообраќај значително е зголемен и покрај тоа што во период од 9 месеци сме соочени со голем број на транспортни ограничувања од Република Грција, прашање за кое Владата на Република Македонија отвори преговори и певзема конкретни активности.
Што се однесува до инфраструктурата, Владата застана цврсто зад иницијативата на Министерството за транспорт и врски која се однесува на  доизградување на железничкиот дел од европскиот Коридор 8, а истовремено се фокусираме и на подобрување на состојбата на железничката инфраструктура за Коридорот 10 за што обезбедивме најголема инвестиција до сега во овој сегмент. Морам да кажам дека во изминатите 17 години од осамостојувањето на Република Македонија многу малку или воопшто не е работено на обнова на железничката инфраструктура во земјава и таа беше целосно запоставена.
 
Владата најави дека ќе купи 100 товарни железнички вагони. До каде е постапката за нивно купување и дали се планира купување на локомотиви и патнички вагони?
 
Владата на Република Македонија одлучи да набави 100 товарни вагони и две локомотиви со цел зголемување на домашниот железнички возен парк. Постапката за подготовка на тендерската документација е во тек и Министерството за транспорт и врски ќе ги запази однапред утврдените рокови. Во однос на патничките вагони, акционерското друштво „МЖ Транспорт“ изминативе две години, со сопствени средства врши реновирање на постојниот возен парк за превоз на патници со цел подобрување на условите во кои се врши патничкиот транспорт, а со тоа и зголемување на бројот на патници.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=6&vId=57175051&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%9B%D0%9E%D0%9A%D0%90%D0%9B%D0%9D%D0%90+%D0%A1%D0%90%D0%9C%D0%9E%D0%A3%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%90




Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2008 at 11:44
НИЕДНА ГРАДБА ВО СКОПЈЕ НЕ ЗАВРШУВА НАВРЕМЕ
Годинава тешко, в година сигурно

Изградбата на клучката кај хотелот „Континентал“ се уште трае, иако на стартот инвеститорите посочија дека работите ќе завршат до крајот на мај. Пет месеци подоцна надлежните вината за пробивањето на најавениот рок ја префрлаат на лошите временски услови, на каблите на ЕВН, на полицијата која не го пренасочува сообраќајот. - Точно е дека го пробивме рокот неколку пати. Сепак, ако мораме да избираме меѓу тоа и квалитетот на клучката, ние во секој случај го избираме квалитетот - објаснува Коста Зекмановски, координатор за изградбата на клучката кај хотелот „Континентал“. Според него, работата неколку пати се одложила затоа што истата е изведувана од страна на четири различни изведувачи, кои меѓусебно тешко се координираат. Во Скопје ова е речиси вообичаена практика при изградба на објекти. Завршувањето на работите се одложува до бескрај и покрај фактот што уште при распишување на тендерите е прецизиран рокот за пуштање во употреба на одредена градба. По изборот на соодветната фирма-изведувач, се потпишува договор во кој децидно мора да стои до кога треба да се заврши почнатиот проект. Малкумина го почитуваат пропишаното, а речиси никој не се чувствува одговорен да каже зошто е тоа така и дали некому досега му е изречена казна за пробивање на рокот. Граѓаните реагираат зашто незавршените крупни проекти, како што е на пример, клучката кај „Континентал“, влијаат и врз непреченото одвивање на сообраќајот. Дел од нив сметаат дека причините за пробивањето на рокот не се секогаш објективни. - Градежниците работат како администрација, од седум до три часот. Нормално е тогаш да не се испочитува ниеден рок. Фирмите нека си ја организираат работата во смени, нека ги платат како што треба луѓето, па ќе си течат работите и градот ќе функционира нормално - вели Ставре Маневски од Автокоманда. Законски доколку фирмата-изведувач од необјективни причини го прекрши рокот за целосна реализација на проектот, за непрофесионалното работење му следуваат три вида санкции. Како најблага варијанта на казнување на фирмата е добивањето казнени поени од страна на институцијата распишувач на тендерот. Доколку фирмата и покрај тоа не продолжи до крај со работите, следува раскинување на веќе потпишаниот договор, по што се распишува нов тендер за избор на нова градежна фирма која во целост ќе ги заврши веќе отпочнатите активности. Како најтешка санкција е предвидено активирање банковни гаранции. Сепак, вакви казни ретко или никогаш не се применуваат во практиката затоа што најчесто, како што велат во градежните фирми, двете страни меѓусебно се договараат за продолжување на предвидениот рок за завршување на објектот. - Обично пробивањето на рокот се случува од објективни причини. Токму затоа инвеститорите имаат толеранција. Честопати се случува за одложувањето на работите да бидат виновни инвеститорите што претставува причина веќе потпишаните договори да не бидат раскинати - велат од градежната фирма „Бетон“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1516&ArticleID=99680



Posted By: vardar
Date Posted: 28-Oct-2008 at 00:52
 

ЈАНАКИЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ГРАДЕЖНИЦИТЕ


Гредежништвото го ѕида БДП-то


Градежништвото во првите два квартали од годинава имаше најголем пораст во производството и со тоа стана лидер во креирањето на бруто-домашниот производ. Владата има намера ваквиот тренд да продолжи и во наредната година бидејќи се планирани големи инвестиции во инфраструктурата, особено за патиштата и железницата. Министерот за транспорт Миле Јанакиески на вчерашната средба со градежни компании од земјава најави инвестиција од 120 милиони евра за рехабилитација на повеќе регионални и локални патни правци.
- При крај е постапката за изградба до ниво на автопат и давање на патни делници под концесија. Информацијата ќе се разгледува на денешната седница на Влада. Интересно е што се водат преговори со компании за реализација на делници од железничкиот Коридор 8 кон Албанија. Значи, дека во 2009 година не очекува богата градежна активност во инфраструктурата - рече Јанакиески.

Запрашан дали верува дека ќе се реализираат планираните инвестиции во 2009 година, со оглед на тоа што во Хрватска и Црна Гора веќе се стопирани и странските инвеститори поради глобалната криза ги запираат градбите во фаза на карабина, Јанакиески рече дека Владата ќе направи се за градежништвото да оди напред.
- Факт е дека одредено влијание кризата во светот ќе има врз градежништвото. Тоа бурно го следиме, но ќе продолжиме и во иднина преку продажба на градежно земјиште од кое во последните три години остваривме приход од 40 милиони евра - истакна Јанакиески.
Тој пред градежниците ги презентираше новините во Законот за градба кој е во сила веќе две години, но беше нефункционален поради немањето на подзаконските акти - правилници за добивање на овластување и за лиценцирање на градежните компании.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3F50D7E22DE80B47B105314C292CE700 - vecer
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Nov-2008 at 22:05
Јанакиески најави активности за довршување на железничкиот дел од Коридорот 8

Скопје, 4 ноември (МИА) -


На прес-конференцијата беше потсетено и на активностите на Министерството за транспорт во изминатите 100 дена за  издавање под концесија на аеродромскиот систем на турски ТАВ, доделените три одобренија за 3 Г технологијата, донесениот Закон за јавна чистота, намалувањето на радиодифузната такса, престаниокот на договорите за концесија, пуштањето во употреба на патот до манастирот „Св.Преображение“ во Крушево, кој почна да го гради Тоше Проески. Беше потсетено и на активностите за воведување електронско аплицирање за ЦЕМТ дозволи, поставувањето камен-темелник за изградба на хотел „Радисон САС“ во Скопје и на трговски центар во Скопје, акцијата за чистење на коритото на реката Вардар, обезбедените дополнителни транспортни дозволи, градежните работи за изградба на делницата Табановце - Куманово.


http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&lId=1



Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Nov-2008 at 22:24

безврска прашање, ама не сум го сретнал ова досега радисон сас хотелот... ова е то зад рамстор или? кога почна да се гради ако е то, а ако не кај е, и кога почна да се гради?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Nov-2008 at 22:36
Да тоа е. Нишката се вика "Резидор" ќе најдеше сите информации што те интересираат.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Nov-2008 at 23:27

фала на објаснувањето само за резидор имав слушнато ама радисон некако не ми звучеше познато. штета што нема алатка за пребарување на форумов, инаку немаше да досадвам. ајде сега онтопик

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2008 at 23:33
Originally posted by гитардемон


фала на објаснувањето само за резидор имав слушнато ама радисон некако не ми звучеше познато. штета што нема алатка за пребарување на форумов, инаку немаше да досадвам. ајде сега онтопик


Има... Search опцијата е направена и работи. Нема врска сигурно не досаѓаш Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Nov-2008 at 13:39
На Гевгелија и претстои забразан економски развој

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/43692/Gevgelija.jpg">

Деновиве и официјално започна комунално инфраструктурното уредување на индустриската зона “Блокотехна“ каде се огласени за продажба уште 20 нови локации.

Стартува и проектот “Парк на ветрови“ со поставување на првите ветерници од страна на австриската компанија “Нова енергија“ а во полн ек е изградбата на мостот “Сува река“ кој ќе ја поврзе Гевгелија со пограничниот реон и со македонско-грчката граница.

Забрзано се работи и на урбанистичките планови за потегот од граничниот премин Богородица до мотелот “Вардар“ за стопанските зони Негорци, Расадник и техничкиот парк Прдејци со што ќе се задоволат барањата на инвеститорите за нови вложувања во општина Гегелија.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43692&kategorija=2




Posted By: vardar
Date Posted: 09-Nov-2008 at 03:34
 
ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ ЗА 2009 ГОДИНА

Рекордна каса за кризни времиња

Буџетот е скроен така што со јавни инвестиции во инфраструктура да ги намалиме негативните влијанија од глобалната економска криза, вели Трајко Славески, министер за финансии

 
Владата испланира рекордно висок буџет за наредната година од 2,680 милијарди евра. Тоа е 9,5 отсто повеќе во државната каса отколку годинава, а 234 милиони евраповеќе отколку лани. Астрономска е и стапката на предвидениот буџетски дефицит од 190 милиони евра.

Според министерот за финансии Трајко Славески, државата каса за идната година е проектирана да може со јавни инвестиции во инфраструктурата да се намалат штетните влијанија од глобалната економска криза. Славески сепак не можеше да каже колку ќе се задолжи државата за сите проекти што планира да ги реализира в година, а од кои очекува економски раст од 5,5 отсто и зголемување на вработеност од 4 отсто.Годинава ќе ја завршиме со дефицит од 1,5 отсто од бруто-домашниот производ, а в година тој ќе се искачи на 2,8 отсто од планираниот БДП.

- Владата в година ќе скуси многу од своите тековни расходи за да издвои повеќе пари за капитални инвестиции. Најголемиот дел од народните пари ќе одат за изградба на инфраструктура, но и за проекти од областа на образованието и културата. Околу 70 милиони евра ќе се искористат за изградба на патишта и железници - вели Славески.Државната каса и в година најмногу ќе се полни од даноци. Тие ќе изнесуваат 59 отсто од вкупните извори што го полнат буџетот. Успешното реализирање на даночните реформи ја поттикна Владата да скрои таква даночна рамка.

Најголемиот дел од расходната страна на буџетот за в година ќе бидат капиталните инвестиции во патната и во железничката инфраструктура. Тие ќе изнесуваат околу 48 милиони евра, што е за 9 отсто повеќе од буџетските трошоци за истата намена годинава. Владата планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра за изградба на повеќе патни правци низ државата, меѓу кои и најзначајните, коридорите 8 и 10. За доизградба на железничката пруга што ќе ги поврзува Македонија и Бугарија в година ќе се одвојат 10 милиони евра. Од државната каса ќе се субвенционираат бесплатните учебници и превоз за средното образование, изградбата на социјалните станови.
 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5AD8CCE6A0B55F41AC1CC3865AEB63B5 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5AD8CCE6A0B55F41AC1CC3865AEB63B5


Posted By: vardar
Date Posted: 11-Nov-2008 at 00:55
 

Што ќе се гради со 500 млн. евра од буџетот


Предвидените 10 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија се многу малку, особено ако се има предвид дека изградбата само на еден покомплексен железнички мост чини толку

Сумата за патишта и пруги е огромна, но не се знае точно на што треба да се потроши

Билјана Ангеловска

Владата се охрабри да брцне подлабоко во сопствениот џеб за да издвои повеќе пари за реализација на стратегиски проекти од областа на сообраќајната инфраструктура. Според стокмениот предлог на буџетот за наредната година за продолжување на започнатите капитални проекти, како и за почнување нови проекти од патната и железничката мрежа, државата ќе одвои 30 милијарди денари, односно 500 милиони евра.

Сумата е доволно голема и респектабилна за да предизвика надеж дека ќе има работа за домашната градежна оператива. Но, колку од тие средства ќе се реализираат и што, всушност, може да се направи за тие пари, е прашање за кое допрва ќе елаборираат македонските градежници.

Предлог-буџетот за 2009 година обезбедува дополнителни 20 милиони евра што ќе бидат наменети за изградба на патни правци од Коридорот 8, за довршување на магистралниот пат Радовиш - Струмица, за изградба на трета лента на патот Градско - Прилеп, за Ски-центарот „Кожуф“, за изградба на обиколница на Охрид, Сончевград, патните правци Коломот - Брезница, Тетово - Јажинце и други. Исто така, буџетот обезбедува и дополнителни 10 милиони евра за изградба на железничката пруга - Коридор 8, кон Бугарија, а други 10 милиони евра ќе бидат наменети за експропријациски активности на коридорите 8 и 10, на патот Миладиновци - Штип и на некои други магистрални и регионални патишта. За изработка на проекти и физибилити-студии се предвидени 7,5 милиони евра.

Колку пари ќе бидат одвоени за секој од овие проекти поединечно, засега не е јасно. Најскап проект, најверојатно, ќе биде железничката пруга од Коридорот 8, кон Бугарија, особено ако се гради и кракот кон Ќафасан, како што се најавува. Сите останати проекти се релативно поевтини, бидејќи се работи за магистрални, па дури и регионални патни правци. Сумирано се' заедно тешко дека ќе надмине половина од ветените 500 милиони евра. Затоа засега не е јасно на кои други капитални инфраструктурни проекти ќе се потрошат останатите средства кои се огромни за македонски услови.

„Во маса гледано, 500 милиони евра е повеќе од солидна сума што, објективно, македонското градежништво не може да ја апсолвира комплетно, бидејќи нема доволно кондиција за такво нешто. На пример, за првите девет месеци од годинава најголемите градежни компании во државава имаа реализација од околу 60 милиони евра. Но, најверојатно, на новите тендери ќе се јават и странски фирми, па ќе има и конкуренција“, вели генералниот директор на АД „Гранит“, Страшо Милковски.

Македонските градежни работници се едногласни дека предвидените средства даваат надеж дека ќе има работа на домашниот градежен пазар. Особено што ќе има пари за да продолжи изградбата на пругата кон Бугарија, проект започнат пред петнаесетина години, но никако да дојде до крајот.

„По еден долгогодишен пост и тотален застој, ова е охрабрувачки сигнал. Тоа значи дека сега има шанси нешто да се работи и дава надеж дека железничката пруга конечно ќе се изгради. ’Пелагонија‘ работеше на потегот од Ранковце до границата со Бугарија, каде што е направен граничниот тунел, изградени се девет моста и половина траса. Сепак, предвидените 10 милиони евра се многу малку, особено ако се има предвид дека изградбата само на еден покомплексен железнички мост чини толку“, истакнува Цанко Панов, технички директор во ГД „Пелагонија“.

Тој потенцира дека се малку и 20-те милиони евра наменети за изградба на патни правци од Коридорот 8 и за други магистрални и регионални патишта. Дотолку повеќе што токму од патниот правец Радовиш - Струмица се останати незавршени 15 километри кои, според Панов, сигурно ќе чинат најмалку 15 милиони евра.

Градежниците не сакаат детално да ги коментираат сумите предвидени во поодделните ставки, бидејќи, како што велат, се' уште го немаат видено Буџетот. Сепак, сметаат дека парите се малку, особено ако се знае дека изградбата на еден километар магистрален пат, во зависност од тоа дали и какви објекти има, тунели, мостови и слично, чини околу 1,5 милион евра, додека еден километар автопат, особено ако се гради на потежок терен, чини над три милиони евра. Изградбата, пак, на еден километар железнички мост, во зависност од неговата должина и висина, може да достигне и 8, па и 10 милиони евра.

„Предвидените 20 милиони евра наменети за изградба на патни правци се многу малку. Што се однесува до пругата кон Бугарија, сите четири големи градежни компании веќе имаат договори и почната работа на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, додека за делот од Крива Паланка до граница со Бугарија, значи за уште 13 километри, треба да се распише нов тендер. Оттаму, предвидените 10 милиони евра се смешно малку пари. Само толку пари се потребни за да може ’Бетон‘ да го доврши својот дел од работата, а каде се останатите фирми, каде е новата делница што допрва треба да почне со изградба“, вели извршниот директор на АД„Бетон“, Трајко Трпевски.

Градежниците сметаат дека дополнителни средства неопходни за изведба на конкретни проекти најверојатно ќе бидат обезбедувани со ребаланс на Буџетот. Од друга страна, факт е дека барем во првата половина од наредната година нема да може интензивно да се работи на пругата, бидејќи, пред се', ќе треба да се завршат одредени подготвителни работи и да се изврши санација на она што е направено досега. Оттаму, градежниците се на став дека во текот на годината ќе се префрлаат средства од еден проект на друг и притоа ќе се одредуваат приоритетни проекти во кои тие ќе се насочуваат.

 
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=12E0804B3EF19E4FAB0A27351335BDBE - utrinski


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2008 at 04:00
Да биде барем половина од најавено, ја ќе бидам пресреќен.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Nov-2008 at 10:43
Особено ме радува тоа дека го има Сончев град во листава. Не е само заради сончев град кој треба да се гради но воопшто таа комуникација е потребна. Само да ја изведат како што треба.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 00:47

За новиот буџет ќе плаќаме со децении

Сите држави ги намалуваат трошоците, само нашата инвестира и го игнорира падот на трговската размена со светот и растечката загуба во платниот биланс, вели професор Мирољуб Шукарев


Една петтина од буџетот од 2,680 милијарди евра ќе биде инвестирана во инфраструктурни проекти

Храбро, но многу ризично. Вака економските експерти го коментираат владиниот план да ги зголеми буџетските расходи в година и со повеќе јавни инвестиции да ги неутрализира ефектите од глобалната криза и да поттикне економски раст. Министерот за финансии Трајко Славески во минатата недела соопшти дека една петтина од досега најголемиот буџет ќе биде инвестирана во инфраструктурни проекти. Буџетот во наредната година ќе биде за 9,5 отсто поголем од годинашниов и ќе изнесува 2,680 милијарди евра. Владата храбро влегува во голем ризик. Тој можеби ќе биде исплатлив, но можеби не. Во многу критични времиња Владата го зголемува буџетскиот дефицит и ги задолжува идните генерации да го исплатуваат долгот што сега ќе расте поради инвестициите. Учеството на дефицитот во бруто-домашниот производ е премногу високо. Тој ни најавува дека во иднина ќе го плаќаме владиниот план - предупредува професор Ванчо Узунов.

Владата најави дека најголемиот дел од проектите ќе ги кредитира со пари од Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и од домашните банки. Експертите се загрижени дека тоа ќе ја зголеми надворешната задолженост на државата. Тие предупредуваат дека Владата, ако користи кредити за инвестициите од домашните банки, индиректно ќе им го отежне пристапот до кредити на приватните фирми.Буџетскиот дефицит в година ќе изнесува 2,8 отсто од БДП, односно 190 милиони евра. Тој ќе биде поголем од годинашниов, кој се очекува да биде 1,5 отсто од БДП.

Според Мирољуб Шукарев, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, во светската практика не е непознато владите преку буџетските инвестиции да ја поттикнуваат домашната економија. Тој го наведува примерот на Шведска, во која околу 70 отсто од бруто-домашниот производ се создава од буџетските инвестиции. Сепак, тој признава дека, во услови кога државите ги намалуваат трошоците, невообичаено е само нашата да инвестира и да го игнорира падот на трговската размена со светот и растечката загуба во платниот биланс. Трговскиот дефицит до крајот на септември се искачи на 2,2 милијарди евра, а загубата во платниот биланс е во висина од 7 отсто од БДП на Македонија.

- Правило е во услови на криза владите секогаш да штедат. Напротив, нашата влада планира да ги зголеми трошоците. Предлог-буџетот за 2009 година и политиката што владата планира да ја реализира со него се чиста алхемија. Со неа сигурно ќе постигне еднократен ефект, економски раст. Но предимензионираното инвестирање, и тоа во услови на општа криза, може да биде меч со две сечила. Јавните инвестиции треба да бидат плански, дозирани и во сектори што ќе поттикнат раст - вели Шукарев.Според економистите, кога ќе почнат да се реализираат инфраструктурните проекти, градежништвото, кое најмногу ќе ќари од владиниот план, ќе ангажира и други услужни и производствени сектори.

- Планот сепак не ги опфаќа сите стопански сектори. Тој ќе создаде дебаланс на пазарот и нерамноправни услови за стопанските субјекти. Едни ќе ги собираат плодовите од владиниот инвестициски план, а други ќе живуркаат под товарот на глобалната криза. Владата треба да се замисли како тие ќе ги исполнуваат своите даночни обврски. Тоа не е незначајно прашање ако се знае дека во 2009 година даноците ќе полнат 59 отсто од државната каса - предупредува Узунов.

ИНФО-Нови кредити

Дури 41 отсто од буџетот ќе се полни со кредити од Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и домашните банки. Експертите се загрижени дека тоа ќе ја зголеми надворешната задолженост и предупредуваат дека Владата, ако користи кредити од домашните банки за инвестициите, индиректно ќе ја ослабне нивната кредитна способност да инвестираат во развојот на домашното стопанство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E0A7A62881F1BB4FB27F1D928C4C3297




Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 00:50
Мене ова ми изгледа дека се прави во Хрвацка мустра. Она што го направи Хрватска пред неколку години тоа сега ние вањда ќе го правиме. Преголемо задолжување надвор кое би требало да резултира со зголемен економски раст кој пак ќе придонесе за  враќање на кредитите. Но Хрватска има 7 миљарди приход само од туризам, а да не праиме муабет за другите гранки, а ние од што ќе враќаме?! Од земјоделие и селски туризам?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 01:18


Ваљда нема да забегаме колку Хрватска. Ако се работи одговорно и ако парите се строго и обмислено канализирани, тогаш трендот е добар. Но тука има големи прашалници колку одговорно и обмислено ќе се работи...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 01:22
Мене ме фаќа страв од онаа не толку јавно зборена метода што се применува кај нас, посебно по општините. Реди бекатон како будала на секој ќош и задужи се, па тој после тебе нека враќа, па по него нека плука народ дека не праел ништо. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2008 at 01:29

Автопати и далноводи за три милијарди евра

Најголемиот дел од парите ќе биде позајмен како заем од Светската банка

Доизградба на Коридорот 8, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, патот до ски-центарот Кожув, обиколницата на Охрид и далноводот Штип-Ниш се дел од проектите што Владата најави дека ќе ги гради во следните три години. Дознаваме дека е планирано да бидат потрошени 2,7 милијарди евра, но ниту една државна институција не сакаше да ја потврди информацијата. Со овој инвестициски циклус во сообраќајната и во енергетската инфраструктура власта сака да ја заштити земјата од негативните последици од светската економска криза. Според најавите на Комитетот за инвестиции, со кој раководи премиерот Никола Груевски, најголемиот дел од парите ќе бидат заем од Светската банка, а остатокот ќе бидат од Буџетот.

ИНФО-Владина третолетка

Со тригодишната инвестициска програма за сообраќајната и за енергетската мрежа, Владата се надева дека ќе ги неутрализира негативните ефекти од светската криза. Планирана е изградба и модернизација на патиштата, изградба на далновод, хидроцентрала, брана, отворање нови рудници и набавка на стотина товарни вагони. Најголемиот дел од парите ќе бидат заем од Светската банка, а остатокот ќе бидат буџетски средства.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9EC1A94E3A0AA947953DF053E2DCE9AA




Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 03:59
Регионална средба за Коридорот 8 на 2 декември во Тирана

Тирана, 25 ноември (МИА) - На 2 декември во Тирана ќе се одржи регионална средба посветена на Коридорот 8, на која ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Никола Гуевски, на Албанија, Сали Бериша, на Бугарија, Георги Парванов и на Италија, Силвио Берлускони, информира тиранската телевизија Топ-ченел.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, четворицата премиери ќе разговараат за начините и можностите за повторно популаризиање на Коридорот 8.

Шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини при неодамнешниот престој во Тирана истакна дека изградбата на Коридорот 8 претставува приоритет  за Италија.

Во Тирана ќе престојуваат и министрите за транспорт и врски на четирите земји, кои ќе потпишат повеќе спогодби.

Според албанските медиуми, Бериша со неговиот стар пријател Берлускони одвоено ќе разговара и околу изградбата на нуклеарка во Албанија со финансиска подршка на Италија.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=59422101&lId=1




Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 04-Dec-2008 at 16:13
Во август минатата година Општина Кисела Вода изгради трим-патека за возење на ролерки и велосипеди покрај железничката пруга.



ne da ne ja biva ovaa trim pateka,koga ja pravea ni go izramnia mestoto ubavo, ni go istanponiraa ni pa trevata ja iscistija,patekata e cela so dupki i cela e neramna tumbi rumbiBig%20smile ako ja napravat i taa vo dracevo vaka propala investicija ke bide,za trcanje sigurno nema da bide a za vozenje na kros moze,zasto ovaa sto ja ima sea vo k.voda samo i za toa ja biva.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Dec-2008 at 23:34
Коридорот 8 приоритет на Бугарија и Албанија
Покрај Македонија и нашите соседи, Бугарија и Албанија сметаат дека е неоходно да се интензивираат активностите за конкретизирање на изградбата на Коридорот 8. Ова во Тирана го нагласија претседателите на Албанија и Бугарија, Бамир Топи и Георги Прванов, кои притоа нагласија дека овој коридор е од големо значење за земјите од регионот.
Прванов во Тирана изјави дека официјална Софија се залага земјите од регионот на западен Балкан целосно да се интегрираат во НАТО и ЕУ.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AB7CAC32AFA9704E9AE421CF7C30335F



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 00:09
Нема да болдирам ништо, зашто ќе треба да го болдирам цел текст....

Изволте оптимизам......
За железница, двокатни автобуси, трибини - 4 милијарди денари

Агенцијата за државни патишта во наредната година ќе има на располагање 130 милиони евра

Билјана Ангеловска


Министерството за транспорт и врски во наредната година ќе располага со буџет малку поголем од 4 милијарди денари. Најмногу пари ќе бидат инвестирани во железничката инфраструктура, но ќе се трошат и за изградба на источната и западна трибина на градскиот стадион во Скопје, потоа за набавка на нови автобуси за јавниот градски превоз во Скопје, за изградба на социјални станови, на водоводи во Тетово, Свети Николе и во Прилеп, како и за изработка на детални урбанистички планови, за што се предвидени 50 милиони денари.

Глобалната економска криза несомнено ќе го погоди и градежништвото, кое до неодамна беше двигател на стопанството во земјава. Но, засега државата не презема директни мерки за да го амортизира таквиот удар. Единствено Агенцијата за државни патишта ќе добие многу повеќе пари отколку во минатата година. „Двојно го зголемивме буџетот на Агенцијата за патишта, со цел да се најде работа за домашните градежни фирми. Истовремено, интензивно работиме и на расчистување на повеќе локации на кои ќе можат да градат нашите компании. Факт е дека кризата ќе се одрази во градежништвото, со оглед на тоа што градежниците земаат кредити за да инвестираат во поголеми проекти. Затоа дадовме повеќе пари и во железницата“, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, потенцирајќи дека тоа е се' што засега прави државата, но оти ситуацијата будно се следи и доколку има потреба, Владата ќе реагира дополнително.

Тоа дека Агенцијата за државни патишта (поранешниот Фонд за магистрални и регионални патишта) во 2009 година ќе биде далеку покомотна отколку што беше лани, најдобро говори и сумата со која ќе располага в година. Според предлогот, Агенцијата ќе има буџет „тежок“ 130 милиони евра, што е двојно поголем од буџетот на Министерството. За проектот за изградба и рехабилитација на 11 локални патни правци, Агенцијата има обезбедено заем од Светска банка, во висина од 35 милиони евра кои иако не од државната каса, сепак, влегуваат како извор на пари што ќе се слеат во чекмеџето на Агенцијата за државни патишта. Друг поголем извор претставува обиколницата на Скопје, чија изградба веќе завршува, но дел од плаќањето во висина од 4 милиони евра ќе биде во наредната година.

„Задоволни сме од висината на средствата што се предвидени за 2009 година. Сега преостанува успешно да се реализираат проектите, што нема да биде проблем, со оглед на тоа што ќе има доволно пари“, вели Катерина Панова-Илиевска, портпаролка на Агенцијата за државни патишта.

Инаку, за изградба на десетина регионални делници од ЕБРД се обезбедени 50 милиони евра. Тука се патниот правец Радовиш - Струмица во должина од 10 километри, проект вреден 7,5 милиони евра, патот за Порече од Коломот со Близанско, потоа Куклиш - Банско, патот до ски-центарот „Кожуф“, патот за Сончевград, правецот Тетово - Јажинце, приклучоци за технолошко-индустриски развојни зони Тетово и Скопје 2, трета лента на Плетвар до Росоман, обиколницата на Охрид и клучката за влез во Битола. Од Коридорот 10, пак, во тек е изградбата на автопатот Табановце - Куманово, во должина од 7,6 километри и вредност од 9 милиони евра, а распишан е тендер и за делницата Демир Капија - Смоквица.

Дел од средствата на Агенцијата ќе бидат искористени и за изработка на проектно-технички документации, додека 10 милиони евра се предвидени за експропријации, меѓу кои за патните правци Миладиновци - Штип, Демир Капија - Смоквица, за Коридорот 8.

„Сите тендери завршуваат во декември и сакаме најдоцна во февруари да почнеме со интензивна градба на патните правци од програмата на Агенцијата“, вели министерот Јанакиески и објаснува дека за одржување на патиштата, според програма на ЈП „Македонија пат“, се издвоени 15 милиони евра.

Министерството за транспорт и врски планира во 2009 година да инвестира 15 милиони евра во железничката инфраструктура. Од нив два милиона се субвенции за транспортот, за патниците што прават загуби, а 3 милиони евра за инфраструктурата, односно за подобрување на мрежата, пред се' за К10. Останатите средства се за проектирање на К8. За таа цел веќе е распишан тендер за изградба на пруга од Кичево до Албанија, онаму каде што нема линија, а дел од парите се наменети и за проектирање на делницата од Крива Паланка до граница со Бугарија.

„Наредна фаза е да се продолжат договорите со градежните фирми од 1996 година и да видиме што може да се гради од К8. Пред се', мора да се направи пресек на она што е направено досега. Во преговори сме со градежните компании, за што ќе доставиме информација до Владата. Во 2009 година има пари само за да се завршат започнатите работи и како што ќе оди динамиката, така би се обезбедувале нови средства. Сметам дека 10 милиони евра се доволно барем до првиот ребаланс“, појаснува Јанакиески.

Државата планира во 2009 година да одвои речиси 15 милиони евра и за изградба на источната и на западна трибина на Градскиот стадион во Скопје. Со тие пари треба да биде направена и реконструкција на јужната трибина, целосно да биде завршен поттрибинскиот простор и да се покрие стадионот за да претставува една целина. Речиси седум милиони евра во наредната година ќе бидат инвестирани во изградба на најмалку 1.000 социјални стана наменети за деца без родители, корисници на социјална помош, бездомници, инвалидизирани лица.

За подобрување на јавниот превоз на Скопје, државата преку Министерството за транспорт во идната година ќе обезбеди осум милиони евра за набавка на сто двокатни автобуси. Според проекциите, во следните две години ќе се одвојуваат уште повеќе пари, така што за набавка на сите 302 автобуса, планирано е да се потрошат вкупно околу 36 милиони евра. Државата планира да дава свои пари и за доградба на Градскиот трговски центар во Скопје, за што ќе се издвојат два милиона евра, додека 2,5 милиони евра се наменети за канализациони системи и пречистителни станици во Ѓорче Петров и во Сарај и колектор на левиот брег на Вардар во Скопје пред да се направат каскади. Државата ќе вложи и еден милион евра за изградба на жичарница од Средно Водно до Милениумскиот крст, како и околу 1,5 милион евра за изградба на водоснабдителни и канализациони системи во повеќе населени места во државата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9C804DF089955C4DB68BCA86C5A2E4CD



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2008 at 00:46
8 милиони евра за набавка на 100 автобуси??? Дајте кажите кој е тој двокатен автобус што чини 80 000 евра да си купам и јас еден! Плус мислам дека премногу пари (15 милиони) одат за изградба на не толку нужен комплекс како Стадион Скопје, наместо за пруги и патишта...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Dec-2008 at 01:00
И мене ме збуни ова со автобусите.

Иначе за стадионот мислам дека беше крајно време да се догради.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2008 at 01:14
Незнам јас мислам дека за комплекс кој ќе се полни еднаш годишно (АКО се полни) не требаше точно сега во време на крајна неопходност од патна и жп инфраструктура, да се налеат толкави милиони за таа цел. Мислам дека тоа е еден детал што не го подигнува квалитетот на живот во толкава мерка како нпр. автопат до Штип по што кој плаче половина држава со децении.


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Dec-2008 at 01:47
 
Стадионов на ништо не личеше со една трибина и редно беше да се комплетира но секоја недела идат 500-1000 луѓе и само една англија или холандија го полнеше стариот (18,000) додека новиов (32,500) мислам и тие репрезентации нема да го наполнат скрос. Е сега незнам дали треба баш сега да се фрлаат толку пари за нешто што не се користи толку често кога улиците/пругите ни се катастрофа а возовите/автобусите преполни и стари. Но ако идеме по таа логика сигурно уште едно 10-20 години немаше да го чепнат а тоа е премногу Yes
 
 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Dec-2008 at 11:10

najmnogu me raduva prugata kicevo -  albania   .... da pravat nesto vo kicevo deka tamu se e raskapan zeleznicata e i avtobuska stanica i ne za gradski prevos tuku za privatni avtobusisto doagat ,  so vlaga iskerseni penceri necist katastrofa e nikoj ne investira



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Dec-2008 at 23:16
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=60025570&lId=1&pmId=501 - Македонија ќе применува хрватски искуства за градење и одржување на патната инфраструктура
Загреб, 16 декември (МИА)
- Патната инфраструктура и пренесување на хрватските искуства за електронската наплата на патарините во земјата ...


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Dec-2008 at 14:29
Интервју со министерот (итегрална верзија) дадено за "Нова Македонија"....
Првпат во Македонија сериозно се вложува во инфраструктурата



Автор:  Владимир Николоски
Интервју:%20Миле%20Јанакиески,%20министер%20за%20транспорт%20и%20врски
Се чини дека од осамостојувањето до денес во Македонија наеднаш не биле почнати повеќе инфраструктурни проекти. Актуелната влада најавува дека 2009-та ќе биде година на изградба на патишта, на железнички пруги и на аеродроми. Конечно се активира и проектот за гасификација на земјава. Амбициозните проекти беа доволен повод за разговор со Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Во буџетот за 2009 година се одвојуваат средства наменети за проекти за реконструкција и санација на патната инфраструктура. Ќе има ли идната година изградба на нови патни правци или се работи за проекти за реконструкција и санација на постојните патишта?

- Со многу проекти што како Влада на Република Македонија ги почнавме, а некои од нив веќе се реализирани, докажуваме дека изградбата на здрава патна инфраструктура во земјава е еден од нашите приоритети. Во оваа насока веќе се работи на изградбата на голем број делници, некои беа завршени во текот на изминатите две години, а и идната година ќе почне реализацијата на повеќе проекти што се однесуваат на изградба на патишта. За оваа намена веќе обезбедивме средства, кои треба да бидат искористени како за изградба на регионални, така и за локални патишта во самите општини. Што се однесува на буџетските средства, во предложената програма на Агенцијата за државни патишта се предвидени 130 милиони евра, кои ќе бидат употребени за изградба на повеќе патни правци во Македонија, меѓу кои и Радовиш – Струмица, Коњско – Кожув, обиколницата на Охрид, Куклиш – Банско, Тетово – Јажинце, Градско – Прилеп до Росоман и патот до Порече, а ќе се заокружи и изградбата на автопатите Табановце – Куманово и обиколницата на Скопје. Во оваа програма се предвидени и средства за тековно и инвестициско одржување на патната мрежа. Исто така, со средства од Светската банка во висина од 34 милиони евра ќе се врши рехабилитација на 11 најприоритетни регионални правци, а 34 милиони евра се предвидени за општините во Република Македонија за реконструкција на локалната патна мрежа.

Како оди проектот за концесии на македонските патишта?

- Министерството за транспорт и врски во јули годинава, во домашните весници и во реномираниот „Фајненшл тајмс“ објави повик за покажување иницијален интерес за концесии на патишта. Заинтересираност покажаа 48 компании од сите делови на светот. Патишта од почетна мрежа на Република Македонија што ќе бидат предмет на концесија се патните правци: Романовце – Узем, Стенковец – Блаце, Гостивар – Требеништа, Ќафасан – Битола, Велес – Меџитлија, Велес – Обел и Миладиновци – Штип. Предвидено е концесијата да биде за период од 35 години, но концесионерот ќе има конкретни услови и рокови, кои се однесуваат на изградба на дадените патни правци на ниво на автопат за период од 6 години, одржување на патиштата и наплата на патарина од страна на концесионерот, како и предавање на патиштата на Владата по завршување на периодот на концесија. Моделот на концесионирање предвидува поддршка од страна на Владата во процесот на изградба на автопатиштата, со оглед на предвидените кратки рокови за идните концесионери.

Какви се проблемите што ја одолжуваат реализацијата на проектот Сончев град?

- Владата нема да се откаже од изградбата на населбата Сончев град. Очекуваме сите административни бариери да бидат надминати, а со тоа да се создадат услови за реализација на овој проект.

Кога може да се очекува новиот лик на аеродромот „Александар Велики“?

- Во согласност со Договорот за концесија се утврдени временските рокови во кои ќе треба да бидат завршени инвестициските зафати со кои Македонија ќе добие модерни и конкурентни аеродроми. Конкретно, во период од 20 месеци, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје треба да се изгради нова терминална зграда, да се продолжи полетно-слетната патека, да се изгради паркинг за автомобили, пристапен пат, заедно со нова клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска навигација, да се изгради потребната комунална инфраструктура, да се изврши доградба на административната зграда, нов карго-терминал, нова противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. Во тек е процесот за избор на консултант што ќе врши постојан надзор над реализација на Договорот за концесија за градба, реконструкција и користење на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и изградба на карго-аеродромот во Штип, со што ќе се обезбеди постојана и стручна контрола над имплементацијата и извршувањето на обврските што произлегуваат од договорот што го потпишаа Владата на Република Македонија и компанијата „ТАВ“ од Република Турција. Во моментот се врши експропријација на земјиштето на аеродромите во Скопје, Охрид и на локацијата каде што е предвидена изградба на карго-аеродромот во општините Штип и Свети Николе. По предавањето на земјиштето од страна на Владата на Република Македонија на концесионерот, почнуваат роковите за реализирање на предвидените инвестиции – 20 месеци за завршување на градежните работи на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, 12 месеци за аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и 36 месеци за изградба на карго-аеродром во Штип.

Кога може граѓаните да очекуваат гасоводни цевки до нивните домови?

- Во септември објавивме меѓународен тендер за изработка на студија за оправданост, која треба да ги покаже економската и финансиската оправданост за изградба на целата гасоводна мрежа, но и да ги дефинира стратегиските услови и фазите на временска реализација на гасоводниот систем. На тендерот понуди доставија 3 конзорциуми составени од компании од Германија, Полска, Бугарија, Словенија и од Македонија. За следење на работата на економскиот оператор со кој ќе биде склучен договор откако ќе заврши целокупната тендерска процедура, Владата формира Меѓуминистерски комитет, кој ќе ги одобрува периодичните извештаи доставувани од економскиот оператор што ќе ја подготвува студијата. Ова тело ќе дава согласност и насоки за најбрза реализација на предложените магистрални гасоводи, кои паралелно би се проектирале на повисоко ниво и најбрзо би се извеле. Економскиот оператор што ќе биде избран за носител на набавката ќе има обврска во рок од два месеца по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи, за кој, по давањето согласност од страна на Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи тендерска документација со критериуми за процена на понудите за избор на проектантска фирма за проектирање проектна документација на утврдени делници или делница, предмет на програмата, како и тендерска документација со критериуми за избор на ревидент на проектната документација на приоритетни делници од магистралниот гасовод. Рокот за извршување на услугата е 9 месеци по склучување на договорот.




Ќе се гради Коридорот 8

Ќе се гради ли идната година нова железничка инфраструктура?

- И во сегментот на железницата оваа влада инвестира најмногу средства од осамостојувањето на Република Македонија. Нашата цел е железничкиот транспорт во земјава да застане на здрави нозе и да функционира профитабилно. Освен за тековно и инвестициско одржување на железничката инфраструктура, за што во 2009 година се обезбедени 3 милиони евра, предвидуваме и изградба на нови делници по должината на Коридорот 8. Целта е да се заокружи изградбата на овој значаен дел од европската транспортна мрежа, кој ги поврзува Европа и Азија. Предвидуваме инвестиција во висина од 10 милиони евра за доизградба на врските што недостасуваат кон Бугарија. Во текот на 2009 година ќе биде утврдена и конкретната финансиска конструкција. Во однос на изработка на техничката документација за железничкото поврзување кон Република Албанија, ЈП „МЖ Инфраструктура“ на 24 ноември 2008 година распиша меѓународен оглас за доделување договор за јавна набавка за изработка на студија и идеен проект за пругата Кичево - граница со Република Албанија. За спроведување на оваа јавна набавка се обезбедени средства од буџетот на Република Македонија, а се очекува изработката на целокупната потребна документација да заврши во следните 3 години.





Општините треба да бидат поажурни

Според вас, општините имаат мал капацитет кога станува збор за изработка на проекти за изградба и санација на локални патишта. Ќе се искористат ли парите од кредитот на Светската банка или постои можност Македонија да ги загуби овие средства?

- За реконструкција на локалната патна мрежа со средствата што ги обезбедивме од Светска банка во првата фаза интерес пројавија само 33 општини, кои доставија вкупно 81 проект. За овие проекти се врши ревизија на Градежниот факултет во Скопје, за да се испита дали се квалитетно изработени како услов за аплицирање пред Светската банка. Агенцијата за државни патишта достави дописи до сите општини чии проекти имаат забелешки во рамките на оваа ревизија, да ги имплементираат и во најкус можен рок повторно да ги достават. Следен чекор по доставување на проектите ќе биде повторна проверка од страна на Градежниот факултет и, откако ќе се добие финално позитивно мислење, ќе се подготви техничката документација, со што ќе може да почнат тендерските постапки.

Морам да кажам дека не ми е јасно на што се должи инертноста на некои општини во однос на подобрувањето на патната мрежа, затоа што овие средства Владата ги обезбеди за нив, односно за сите граѓани што сè уште, и во 21 век, имаат проблеми со патната поврзаност до нивните населени места. Затоа уште еднаш апелирам до градоначалниците за поголема ажурност и поголемо залагање, овој проект со кој Македонија ќе добие здрава локална патна инфраструктура заедно да го реализираме.

http://www.build.com.mk/forum/forum_topics.asp?FID=4


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Dec-2008 at 15:20
Нема некои којзане какви нови информации! Само некоја ретроспектива на најави! Повторно никави рокови и конкретни дати за автопатиштата а што се однесува до коридрите одговорот на министерот е чиста хипокризија. Владата одвоила дууури 3 милиони евра за патот што ги поврзува, како што кажа министерот, Европа и Азија! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2008 at 20:31
Уморен сум од тоа да бидам негативен во 90% од случаите, но реалноста не ми остава избор - уморен сум и од лагите и бомбастичниот егзибиционизам на оваа влада.

Еве одличен пример:
Што се однесува на буџетските средства, во предложената програма на Агенцијата за државни патишта се предвидени 130 милиони евра, кои ќе бидат употребени за изградба на повеќе патни правци во Македонија, меѓу кои и Радовиш – Струмица, Коњско – Кожув, обиколницата на Охрид, Куклиш – Банско, Тетово – Јажинце, Градско – Прилеп до Росоман и патот до Порече, а ќе се заокружи и изградбата на автопатите Табановце – Куманово и обиколницата на Скопје.
Каква е таа дрскост обиколницата да се става во ист кош? Колку пати ќе ја рециклираат? Зарем мислат дека сите сме глупи, па ако постојано ги пробиваат роковите ќе можат постојано да се чукаат во гради со истите „нови“ ветувања и да ги користат неуспесите за добивање на политички поени??? Господа, обиколницата веќе одамна требаше да се комплетира... Пробивте неброени рокови кои сами ги зацртувавте. Вие можете да сечете ленти и 10 пати ако сакате, ама нема никого да излажете - ептен ја потценувате нашата интелигеенција.
Со тоа што господинот министер ја вметна обиколницата во ова интервју, го поткопа кредибилитетот на се друго што најави (не дека имаше којзнае каков кредибилитет, но вака и најголемите оптимисти тешко дека ќе ги убеди)


Еве и друг пример, кој е  стара вест, но симптоматично е што и министерот ја зацементира оваа сума без никаква забелешка дека кога ќе се допрецизираат работите ќе се издвојат повеќе пари или дека овие 10 милиони се наменети само за некаква специфична потреба во врска со оваа пруга. Значи буквално пругата кон Бугарија во 2009 ќе ја градиме со 10 милиони евра... Ај да видиме што ќе се направи со тие пари, ако воопшто бидат навистина таму инвестирани...
Предвидуваме инвестиција во висина од 10 милиони евра за доизградба на врските што недостасуваат кон Бугарија.




Лаги, фалби, фарбање... без престан... Затоа е прекрасен овој форум - убаво и хронолошки ги евидентираме сите политички манипулации, така што ни оние со краткотрајно памтење нема веќе да подлегнат на ова срање!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Dec-2008 at 23:55
МЕПСО стана член на европска асоцијација


МЕПСО стана член на новата европска асоцијација на преносни систем оператори ENTSO-E (European network of transmission Sistem Operators for Electricits). Оваа асоцијација е единствена на ниво на Европа, која ќе ги замени сите досегашни асоцијации на преносни систем оператори кои управуваат со државните или националните електроенергетски системи.

Владимир Здравев, генералниот директор на МЕПСО, го потпиша договорот за полноправно членство на нашиот национален електропреносен систем-оператор со генералните директори на 42 компании оператори од 34 земји на Европа. Ова потпишување е чекор до посигурен и поефикасен европски и регионален пазар на електрична енергија. Една од главните цели на оваа асоцијација е да се забрза развојот на европскиот единствен пазар на електрична енергија, што ќе придонесе за сигурна и координирана работа на целиот европски преносен систем на електрична енергија. 

ENTSO-E ќе работи врз база на консултации со Европската комисија, државните регулаторни комисии за енергетика и сите учесници на пазарот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5D101B12C309474D8140EDCF2CDF1226


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jan-2009 at 00:18
Интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески

1 јануари 

За годинава е најавено продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија, што во неколку наврати го побара и бизнис заедницата. Колку пари се планира да бидат вложени во железничката инфраструктура ?

- Согласно националната програма за железничка инфраструктура, за 2009 година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени средства во висина од 180.000.000 денари кои се наменети за надградба и модернизација на постојната железничка инфраструктура. Паралелно на ова, за 2009 година се предвидени и 610.000.000 денари за доизградба на железничкиот дел од Коридорот 8 во Република Македонија. За подобрување на возниот парк на транспортната компанија, предвидена е набавка на 50 товарни вагони и два патнички дизел моторни четвороделни воза.

До каде е постапката за издавање на патиштата под концесија и стартот на електронскиот систем за наплата на патарините?

- Го спроведовме повикот за покажување иницијален интерес за концесии на патишта на кој се јавија четириесетина компании. Предвидено е предмет на концесија за период од 35 години да бидат патните правци: Романовце – Узем, Стенковец – Блаце, Гостивар – Требеништа, Ќафасан – Битола, Велес – Меџитлија, Велес – Обел и Миладиновци – Штип. Концесионерот ќе има конкретни услови и рокови кои се однесуваат на изградба на дадените патни правци на ниво на автопат за период од 6 години, одржување на патиштата и наплата на патарина од страна на концесионерот, како и предавање на патиштата на Владата по завршување на периодот на концесија, со тоа што ќе оставиме и простор за поддршка од страна на Владата во процесот на изградба на автопатиштата заради рентабилноста и кратките рокови кои ќе бидат поставени пред идните концесионери.

Колку од општините доставија проекти за изградба на локалните патишта, кои се роковите и износот на средства со кои ќе се поддржи подобрувањето на тој дел од патната инфраструктура?

- Со цел подобрување на патната мрежа во Република Македонија, Владата обезбеди до сега највисоки инвестиции во висина од 120 милиони евра. Само преку проектот со Светска Банка, за реконструкција на 11 регионални патишта се обезбедени средства во висина од 34 милиони евра за периодот од 2009 до 2010 година, додека 34 милиони евра се предвидени за општините во Република Македонија со цел реконструкција на локалната патна мрежа за периодот од 2010 до 2012 година. Исто така, за реконструкција на 9 регионални патни правци преку проект со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) се обезбедени средства во висина од 25 милиони евра за периодот од 2009 до 2010 година, додека постапката за реализација на проектите за локални патишта преку проектот со ЕБРД ќе се реализира во периодот од 2010 до 2012 за што се обезбедени средства во висина од 25 милиони евра. Апликации за искористување на средствата кои ги обезбедивме од Светска Банка во рамките на проектот за реконструкција на локалната патна мрежа доставија само 33 општини. Сите пристигнати проекти подлежат на ревизија од страна на Градежниот факултет во Скопје, со цел да се испита дали се квалитетно изработени, што претставува основен предуслов да бидат целосно реализирани. Агенцијата за државни патишта достави дописи до сите општини чии проекти имаат забелешки во рамките на оваа ревизија, да ги имплементираат и во најкус можен рок повторно да ги достават.

Следен чекор по доставување на проектите ќе биде повторна проверка и откако ќе се добие финално позитивно мислење, ќе се подготви техничката документација со што ќе може да почнат тендерските постапки. Доследната имплементација на овој проект ќе значи драстично подобрување на локалната и регионалната патна мрежа во Република Македонија, активност со која ќе бидат овозможени повеќекратни придобивки кои се однесуваат на пристапноста и проодноста од и до населените места во земјава, но истовремено со подобриот пристап ќе се спречи засилената миграција од село во град изминативе години и ќе се овозможи поеднаков локален економски развој, а во таа смисла и подобар пристап за влез на странски инвестиции.

По пролонгирањето на стартот на договорот со турски ТАВ за модернизација и изградба на аеродромите во државава, со каква динамика ќе се одвува тој процес, колку од земјиштето што е предмет на договорот е спорно и како ќе се надмине проблемот?

- Во моментот се врши експропријација на земјиштето на аеродромите во Скопје, Охрид и на локацијата каде е предвидена изградба на карго-аеродромот во општините Штип и Св. Николе, но целиот процес е во завршна фаза. По барање на турската компанија, Владата на Република Македонија, донесе заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и за изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради која настанаа непредвидливи случувања. Тие претставуваат настан од виша сила чие појавување не можеше да биде разумно предвидено на датумот на потпишување на Договорот за Концесија. Согласно новиот рок, ТАВ ќе почне со оперирање и инвестирање во аеродромскиот систем во Македонија на 31 август 2009 година. За таа цел, ќе се потпише анекс кон Договорот за концесија.

По стапувањето на договорот во сила, почнуваат да течат роковите за реализирање на предвидените инвестиции – 20 месеци за завршување на градежните работи на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, 12 месеци за аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и 36 месеци за изградба на карго-аеродром во Штип. Инаку, во тек е процесот за избор на консултант кој ќе врши постојан надзор над реализација на Договорот за концесија за градба, реконструкција и користење на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и изградба на карго-аеродромот во Штип, со што ќе се обезбеди постојана и стручна контрола над имплементацијата и извршувањето на обврските кои произлегуваат од договорот кој го потпишаа Владата на Република Македонија и компанијата „ТАВ“ од Република Турција.

Редовниот авиопревозник МАТ неодамна побара помош од државата со мораториум на дел од долговите и лобирање за надминување на проблемот со Еуроконтрол? Како ќе настапи државата?  

- Односите помеѓу „МАТ“ и „Еуроконтрол“ претставуваат односи помеѓу една приватна компанија и една меѓународна организација. Оттука, Министерството за транспорт и врски нема директна надлежност во процесот на решавање на нивните билатерални односи.

Континуирано објавувате огласи за продажба на градежно неизградено државно земјиште низ целата држава. Какви се резултатите од тие активности во поглед на привлекување инвестиции, какви се плановите за наредната година и соработуваат ли општинските власти?

- Министерството за транспорт и врски активно се заложува за создавање поволен амбиент за дополнителен развој на градежништвото во Македонија и создавање услови за проширување на обемот на работа во оваа област. Во периодот од октомври 2006 година до октомври 2008 година, Министерството за транспорт спроведе голем број постапки за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, во приближна вредност од 40 милиони евра. Во 2008 година распишавме педесетина објави за отуѓување на градежно земјиште сопственост на државата во постапка за јавно наддавање и најголем дел од нив се завршени, а почна изградбата на нова клиника во Ѓорче Петров, како и на нов трговски центар и на хотелот на Радиссон во центарот на Скопје, како резултат на постапки за јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјиште.

Градежниот пазар во Македонија долги години се врзува со епитетите хаос, дивоградби, вработувања на црно.... Каква е вашата оценка за состојбата со градежништвото и какви се повратните информации од контролите на Градежниот инспекторат?

- Состојбата со градежништвото во земјава од аспект на досегашните контроли на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам вршени по децентрализацијата укажува на слаб капацитет на поголем број од општините во управувањето со градежниот процес. Имено, констатирано е дека поголем дел од единиците на локалната самоуправа во Македонија располагаат и работат со планови постари повеќе од десет години, кои не се ажурирани согласно позитивната законска регулатива, што претставува голем проблем и основ за незаконски дејствија. Исто така, управните постапки не се завршуваат до крај или се одолговлекуваат, со што не се постапува во законски предвидените рокови, а општините не се во потполност кадровски опремени како во надлежниот орган за спроведување на плановите, така и во инспекциските органи. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење, единиците на локалната самоуправа треба континуирано да ја следат реализацијата на планската документација, да ја ажурираат и усогласуваат согласно со Законите и подзаконските акти и да отпочнуваат постапки за измени и дополнувања или донесување на нови планови. Токму од овие причини, Министерството за транспорт и врски, како ресорно Министерство ги предложи усвоените измени во законската регулатива од оваа област со што очекувам дека дополнително ќе се воведе ред во сферата на градежништвото и урбанизмот, а Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во 2009 година континуирано ќе врши зајакнати контроли над сите учесници во процесот на градење на територијата на целата држава, со цел доследна имплементација на законските решенија. Со цел засилување на контролата во делот на просторно планирање, во тек е изработката на измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кои ќе ги предложиме, а со нив ќе се елиминираат недореченостите во постојната законска регулатива во однос на контролата и одземањето на ингеренциите на локалната самоуправа, а ќе се воведат и построги санкции за одговорните лица кои нема да постапуваат во согласност со законот.

До каде е постапката со евалуацијата на доставените понуди за физибилити студијата за гасоводниот систем и кога македонските граѓани ќе можат да ги намалат трошоците во домаќинствата со користење на природен гас?

- Ние го започнавме капиталниот проект за гасификација на Република Македонија, со кој е предвидено да се доведе гасификациска мрежа до индустриските капацитети и домаќинствата во поголемите населени места во земјава. Со искористувањето на природниот гас како алтернативен енергенс ќе се намали побарувачката за електрична енергија. Изработката на физибилити студијата треба да ја покаже економската и финансиската оправданост за изградба на целата гасоводна мрежа, но и да ги дефинира стратешките услови и фазите на временска реализација на гасоводниот систем. На меѓународниот тендер кој го објавувме понуди доставија 3 конзорциуми составени од компании од Германија, Полска, Бугарија, Словенија и од Македонија. Наскоро треба да заврши целокупната тендерска процедура и да го објавиме најповолниот понудувач. Во меѓувреме, Владата формираше Меѓуминистерски комитет, кој ќе ги одобрува периодичните извештаи доставувани од економскиот оператор кој ќе ја изготвува студијата. Ова тело ќе дава согласност и насоки за најбрза реализација на предложените магистрални гасоводи кои паралелно би се проектирале на повисоко ниво и најбрзо би се извеле. Најповолниот понудувач ќе има обврска во рок од два месеца по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи, за кој, по давањето согласност од страна на Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи тендерска документација во која ќе бидат утврдени и критериумите за избор на компанија која ќе ја изготвува проектната документација, како и критериумите за избор на ревидент на проектната документација на приоритетни делници од магистралниот гасовод.

Кои се следните активности во телекомуникацискиот сектор ?

- На почетокот на 2009 година очекувам дека ќе биде заокружена изработката на Стратегијата за развој на широкопојасен интернет. Со воведувањето на широкопојасниот интернет ќе се овозможи воведување на информатичкото општество во сите општествени сегменти. Оваа стратегија ќе ги дефинира насоките и конкретните мерки за забрзано воведување и користење на широкопојасниот интернет во Република Македонија. Исто така, ќе предложиме измени и дополнувања на законската регулатива во оваа област со цел имплементација на новите пакет-директиви на Европската Унија кои се однесуваат на електронските комуникации и медиумите, од кои е најважна Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги. Измените во Законот за електронски комуникации и Законот за радиодифузна дејност ќе придонесат и за подобрување на состојбите во секторот за електронски комуникации, во насока на создавање на амбиент за развој на информатичкото општество, односно спроведување на политиката и програмата на Владата и ќе се отстранат, односно допрецизираат одредени решенија во постојниот закон кои создаваат бариери за влез на нови инвеститори и нови технологии. Во Македонија веќе е почната постапката за дигитализација на медиумите. Имено, Агенцијата за електронски комуникации веќе објави оглас за доделување три комерцијални мултиплекси за дигитална телевизија, а ЈП „Македонска телевизија“ ќе добие еден мултиплекс за пренос на содржините на јавниот радиодифузен сервис.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=60468904&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 07:38

незнам дали ова е повеќе за тука или за во сообраќај или можеби за во велосипедски патеки, но кому и каде оди нека оде, важно да го има!

конечно им текна, па ова до сега беше навистина катанга, особено ако навечер вози човек, а и преку ден не беше толку песна со оглед дека редовно на патот имаше слалом бариери од пешаци, бар од она што јас го имам како искуство, а од тука одат и пола камионџии кои ја заобиколуваа патарината кај петровец, значи прилично прометен пат, ова колку толку ќе ја олесни опасноста од прегазени пешаци!

http://www.zevzek.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=290&Itemid=33 - АМАН- НАПРАВЕТЕ ТРОТОАРИ - Зевзек - 22.12.2006
Патот Маџари- Катланово постоел уште за време турско.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CA5E500B6DD7FD47A040DC00A919B009 - ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ИЗГРАДИ ТРОТОАРИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р - 103 - Патот убиец скротен - Вечер - 18.07.2008

http://dnevnik.com.mk/?itemID=7B7E1DBCDA05FE45BDFFB2EEBA7A9A47&arc=1 - Патеки ќе никнат покрај „патот на смртта“ - 13.01.2009

Општина Гази Баба издвои 6,6 милиони денари за изградба на пешачка и велосипедска патека на потегот од Автокоманда до Катланово

Иницијативниот одбор на граѓаните се откажува од најавената блокада на патот и од бојкот на локалните избори

Регионалниот пат Р-103, кој води од Маџари кон Катланово, попознат како „пат на смртта“, ќе добие пешачка и велосипедска патека. На потегот од Автокоманда до Катланово беше доведена во прашање безбедноста на пешаците, особено на децата. На оваа делница се случија неколку сообраќајни несреќи во кои имаше жртви.По протестот на граѓаните од 12 месни заедници, проектот се најде во програмските активности на Општина Гази Баба за годинава. Општината издвои 6,6 милиони денари за изградба на патеките крај овој регионален пат. Позитивен сигнал за решавање на овој 20-годишен проблем дале и од Министерството за транспорт и врски.

По ова, Иницијативниот одбор на граѓаните се откажува од најавената блокада на патот и најавениот бојкот на локалните избори. Жителите со години бараа од општините Гази Баба и Петровец, низ чии територии минува патот, како и од Агенцијата за државни патишта, да се реши овој проблем.

- Од министерот Миле Јанакиески добивме известување дека ќе не' прими на разговор - вели Трајче Георгиевски, претседател на Иницијативниот одбор.Од Министерството за транспорт и врски соопштуваат дека средбата ќе се реализира во рамките на Отворениот ден за прием на граѓани, со цел министерот лично да се запознае со ова прашање и да се разгледаат можностите за негово решавање. Сепак, нагласуваат дека за изградба на пешачки и велосипедски патеки е надлежна локалната самоуправа.

Време е нешто да се преземе, бидејќи на овој регионален пат во 2007 година имало три жртви и 34 повредени во сообраќајни незгоди. Лани на овој пат се случиле 50 сообраќајни несреќи со една човечка жртва и причинета е голема материјална штета. Последната сообраќајка беше кога кај надвозникот во населбата Гоце Делчев, загина Ѓуро Младеновски од Петровец.

Патот до Катланово е долг дваесетина километри, а по него секојдневно минуваат илјадници возила. Тој минува низ Трубарево, Јурумлери, Идризово, Петровец, ‘Ржаничино до Катланово. Од Општина Гази Баба велат дека ќе се гради на дестинации каде што тоа е најнеопходно, и тоа во населените места Трубарево, Јурумлери и Колонија.

- Иако оваа активност е во надлежност на Агенцијата за државни патишта, која е во рамките на Министерството за транспорт и врски, ние како општина се обидуваме колку што можеме да им помогнеме на овие луѓе, бидејќи е доведена во прашање нивната безбедност - изјави Неделчо Крстевски, портпарол во Општина Гази Баба.

Решавањето на проблемот се одолговлечи поради префрлањето на топката за тоа кој е надлежен за реализирање на барањата на жителите. Од двете општини тврдеа дека за тоа треба да се погрижи државата, и обратно.

Општинарите од Петровец ја поддржуваат иницијативата, но сметаат дека се работи за голема инвестиција за да се покрие целиот потег од Автокоманда до Катланово и оти за тоа треба да се погрижи Агенцијата за државни патишта, што не значи дека во финансирањето не треба да се приклучи и локалната самоуправа. Од општината Петровец велат дека нивната општина речии е целосно покриена со современи пешачки и велосипедски патеки и дека остануваат да се изградат уште околу 300 метри во населеното место Петровец.

ИНФО-Четири жртви за две години

На овој регионален пат во 2007 година имало три жртви и 34 повредени во сообраќајни незгоди. Лани на овој пат се случиле 50 сообраќајни несреќи со една човечка жртва и причинета е голема материјална штета. Последната сообраќајка беше кога кај надвозникот во населбата Гоце Делчев, загина Ѓуро Младеновски од Петровец. Патот до Катланово е долг дваесетина километри, а по него секојдневно минуваат илјадници возила. Тој, минува низ Трубарево, Јурумлери, Идризово, Петровец, Ржаничино до Катланово.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=7B7E1DBCDA05FE45BDFFB2EEBA7A9A47&arc=1 - Анела Петрова - Дневник - 13.01.2009

долниов текст незнам колку е во контекст но малку од малку разјанува кој се смее да вози по Р-103, сепак домашниве камионџии куртулиле, незнам каква е ситуацијата денес!

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2900&stID=66166 - ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ОПАСНОСТА ОД КАМИОНИТЕ НА ПАТОТ Р-103
Банкини и купишта земја блокираат кај Катланово - Дневник - 18.03.2006





Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Feb-2009 at 23:20

Средба во Тирана за Коридорот 8




06.02.2009 10:00
 

 

Изградбата на Коридорот 8 беше тема на првата интерпарламентарна средба што се одржа во Тирана меѓу комисиите за транспорт од парламентите на Албанија, Бугарија, Италија и Македонија и претставници на Европската комисија.

Како што објавија албански медиуми, средбата била по иницијатива на албанскиот парламент и целта е да се даде поттик и поддршка на владите за побрза реализација на Коридорот 8.

Бугарија, Италија и Македонија биле претставени на ниво на амбасадори, објавија локалните медиуми.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104033 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104033



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2009 at 05:49
Не ми се верува само во колку поволна ситуација сме! Кога ќе ја видам онаа картата како некој македонец да ја кроел!!! И така да си играме со шансите, е просто невероватно! Да беше некоја попаметна држава немаше леб да јадат само да ги завршат коридорите!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Feb-2009 at 22:44
Џабе другар, погледни со кого сме обиколени и каква омраза владее на Балканов...
Само времето е лек, за идните "попаметни".


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Feb-2009 at 22:59
Originally posted by lslcrew

Не ми се верува само во колку поволна ситуација сме! Кога ќе ја видам онаа картата како некој македонец да ја кроел!!! И така да си играме со шансите, е просто невероватно! Да беше некоја попаметна држава немаше леб да јадат само да ги завршат коридорите!


ни изгледа како голема шанса бидејќи сме мала земја а мали земји немаат прилика секогаш да имаат ваква крстосница на својата територија. Во поголеми земји воопшто не е чудо да се вкрстуваат повеќе вакви коридори. Само во соседството Белград, Солун, Софија, Загреб се дури и поголеми крстосници отколку Скопје.

мислам дека нема опасност коридорот 8 да го снема од мапата. Виа Егнција спрема мене нема да биде конкурентски автопат спрема мене до таа мера да неможат да постојат двата паралелно. Доволно е што 8цата ги поврзува Тирана, Скопје и Софија да се сфати максимално сериозно.

целиот проблем е што губиме страшно многу време ништо друго.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2009 at 03:45
Браво што ја спомна виа егнација. Уште од дамнешни времиња е приметено дека ова е најповона траса која поврзува исток запад. Трасата со векови си опстанала и своевремено секогаш било современа. Сега е времето кога треба пак да ја осоврмениме и да ја закитиме со автопат!


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Feb-2009 at 04:18
Originally posted by lslcrew

Браво што ја спомна виа егнација. Уште од дамнешни времиња е приметено дека ова е најповона траса која поврзува исток запад. Трасата со векови си опстанала и своевремено секогаш било современа. Сега е времето кога треба пак да ја осоврмениме и да ја закитиме со автопат!


не мислев на историската Виа Егнација туку на модернава Егнација Одос која оди до Игуменица. Често овој автопат кој нема статус на пан европски коридор се спомнува како главен конкурент на нашиот Коридор 10.

За да се ревилатизира историската Виа Егнација ќе треба освен комплетирањето на Коридор 10 на наша територија да се изгради и делницата Охрид-Битола на ниво на автопат и потоа сето тоа да се спои на грчка страна со Егнација Одос.

Во доста догледно време не гледам логика за ова, Од Егнација Одос ќе се изгради крак кон Албанија кој директно ќе ја држи врската со Тирана и Драч.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Feb-2009 at 13:01
Коридорот 8 приоритет само во политичките дебати



Економија
Изградбата на сообраќајниот коридор Исток-Запад долго време стои заглавена во стратегиите на балканските држави. Овој проект, со големо геополитичко значење за регионот, останува само приоритет во политичките и парламентарните дебати, додека на терен малку што е направено за негова конкретна реализација. Освен краткотрајната еуфорија, од времето на грчкото ембарго, за железничкото поврзување со Република Бугарија, досега ништо не се променило од поставувањето на носечките столбови, кои сега пропаѓаат под забот на времето.

Посакан е Коридорот 10 од 8

Причината за ова, како што велат од италијанската и бугарската амбасада во Македонија, лежи во незаинтересираноста на државите низ кои поминува коридорот, а кои според дипломатските објаснувања сè уште не можат да излезат од примарната фаза на изработка на проекти и елаборати. Но затоа во сите програми на македонските влади неизоставно останува познатата фраза дека Коридорот 8 останува наш врвен приоритет.

- Изградбата на делниците од Коридорот 8 на ниво на автопат е висок приоритет во програмата на Владата на Република Македонија. За изградба на преостанатиот дел од коридорот на ниво на автопат преостануваат 15 делници за кои во изминатиов период интензивно работевме на подготовка на техничката документација на ниво на главен проект, како и на другите потребни подготвителни активности. Оптимален рок за завршување на сите постапки потребни за почнување со градба е две и пол години. Во моментов почнуваме постапки и интензивно работиме на експропријација на земјиштето. Делниците од коридорот се предмет на концесија. Доколку по завршувањето на постапката не се јави интерес за овие делници, Владата во следниот среднорочен период предвидува изградба на автопат на овие делници - велат од Агенцијата за регионални патишта.

Од дипломатските претставништва на Бугарија и на Италија, кои се наоѓаат на почетната и на крајната станица од овој коридор, велат дека инфраструктурното поврзување на земјите на Балканот во правецот исток-запад зависи од другите држави во оваа сообраќајна врска.

- За Република Бугарија овој коридор е од највисок приоритет. Дел од тој проект е и изградбата на 400-киловолтниот далновод со Македонија. За овој проект е одобрена и значителна сума, а нашиот парламент е во консултации со вашето собрание за донесување документ за унапредување на активностите за изградба на коридорот. Вие знаете дека на македонската страна и недостасуваат 52 километри железница до Бугарија и 62 километри до Албанија. Штом вие ќе дојдете до граничниот премин Ѓуешево, ние веднаш ќе ја продолжиме железницата од бугарска страна. Само овде повеќе внимание му се дава на Коридорот 10, но се надеваме дека ќе го засакате и Коридорот 8 - ни изјави Михо Михов, бугарскиот амбасадор во Македонија.

Солун против Драч

Роберто Рицо, прв секретар во амбасадата на Италија во Македонија, вели дека италијанската влада го поддржува реализирањето на Коридорот 8.

- Како земја-членка на Европската Унија, нашата држава силно лобира за негова изградба. За реализација на овој проект постојат на располагање европските фондови, но земјите што се наоѓаат на овој коридор ќе мора да излезат од примарната фаза на изработка на проекти и поангажирано да пристапат во изградбата на сообраќајната инфраструктура што поминува низ нивната територија - вели тој.

Најмногу што ќе добие од овој коридор е Албанија, која од сообраќајно слепо црево на Балканот ќе стане главна транзитна земја. Неговото значење за оваа земја се гледа во зголемување на улогата на пристаништето во Драч, кое ќе стане попристапно за товарните транспортери од Македонија и од Бугарија. По изградбата на сообраќајната мрежа до албанското пристаниште ќе може да се стигнува за десет часа.

Но за да се реализира ова постојат многу пречки, како што се малиот технички капацитет на пристаништето во Драч и ниската патна и железничка инфраструктура кон Македонија. По давањето на приоритетот на изградбата на автопатот од Тирана до Приштина, Коридорот 8 за албанската страна падна во „втор план“. Тука се и силното противење и лобирање на Грција за одолжување на овој проект на неопределено време поради намалувањето на важноста на пристаништето во Солун.




За Коридорот 10 кредит од 388 милиони долари

Светската банка ќе обезбеди кредит од 388 милиони долари за изградба на 158 километри автопат на Коридорот 10, додека другите меѓународни финансиски организации треба да обезбедат околу 750 милиони евра. Светската банка со придонес од другите меѓународни финансиски организации и Хеленик-планот за Балканот ќе финансира 84 километри автопат помеѓу Просек и Димитровград и 74 километри автопат помеѓу Лесковец и Левосој, соопштуваат од банката.

Градежните работи на двете траси на автопатот би требало да бидат завршени во периодот од четири до пет години.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=322&ArticleID=18580


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Mar-2009 at 02:23

Милиони се излеваат низ Вардар

Според меѓународниот ценовник за води, еден кубик вода се продава по 0,5 евроценти, па затоа губиме милиони ако се пресмета количеството што се испушта кон Грција


Кон Грција испуштаме тројно повеќе вода од Вардар отколку што сме обврзани со меѓудржавниот договор

Македонија губи околу сто милиони долари годишно од вишокот вода што ја испушта од Вардар кон Грција, велат експертите што работат на тој проблем. Македонија и Грција уште во седумдесеттите години на минатиот век потпишаа меѓудржавен договор со кој се регулира протокот на водите и заедничкото стопанисување со реките и езерата. Во тој договор е посочено дека Македонија се обврзува кон Грција да испушта одредено минимално количество вода од Вардар, но ние секогаш испуштаме тројно повеќе.Според експертите, земјава би заработила многу ако се почитуваат меѓународните стандарди и се земе за пример како во нив е уреден протокот на вода.

- Според меѓународниот ценовник, еден кубен метар вода се продава по 0,5 евроценти. Ако се пресмета количеството вода што се испушта и плус приходот што се губи поради тоа што водата не се користи за наводнување, парите што ги губиме се милионски - велат експертите.

ВАРДАРСКА ДОЛИНА

Доброупатени извори велат дека Грција последниве неколку години постојано барала ревизија на договорот, но досега не дошло до тоа.
- До 2050 година врнежите во земјава ќе се намалат за 30 отсто, а потребите за вода ќе се зголемат за цели 50 отсто. Затоа во земјава мора интензивно да се градат хидроцентрали и акумулации за вода. На Вардар има можност да се изградат 60 акумулации, но досега се изградени само дваесет и тоа само на притоките, а ниту една на реката, бидејќи за тоа треба да се консултира и Грција - велат експертите.Според нив, повеќе би се заработило ако се направат централите и ако наместо вода, извезуваме струја.

Добрите познавачи на состојбите пак велат дека никој во земјава не знае колку површина има под вода, колку се наводнува од реките, а колку од акумулациите. Нема прецизни податоци ниту за состојбата на каналската мрежа. Според Министерството за земјоделство, за тоа сведочат и различните податоци од Заводот за статистика според кои во 2006 година се наводнувале само површините на земјоделските комбинати без да има податок за индивидуалниот сектор. По пописот наредната година излегува дека се наводнува само земјиште, кое е приватна сопственост.

- На сите ни е јасно дека изминативе години системите за наводнување масовно се уништуваа. Се крадеа делови од мрежите, се поткопуваа каналските мрежи, поради нередовно чистење на каналите голем дел не се употребува долги години. Вина има и во неплаќањето на сметките за користење на водата од страна на земјоделците - вели Ацо Спасеноски, министер за земјоделство.

ЗАГАДУВАЊЕ

Земјоделците потврдуваат дека е фрапантна бројката колку од површината во земјава е останата без вода.

- Со години никој не се грижеше што треба да се сади на нашите ниви и дали за произведеното има пласман. Никој не се грижеше за каналската мрежа, а уште помалку за квалитетот на водата - велат во Сојузот на земјоделци на Македонија.Во Федерацијата на фармери велат дека се свесни за потенцијалите на Вардар бидејќи е река што поминува низ најсушното подрачје во земјава, но дека со резерва се користи водата поради големата загаденост.

- Не се прават пречистителни станици, а сите знаеме колку е загадена водата од Вардар. Единствено решение се хидроцентралите во кои би се вградиле пречистителни станици и само така може да се користи водата за земјоделско производство - велат во Федерацијата.

ИНФО-Хидроцентрали

Македонија губи околу стотина милиони долари годишно од вишокот вода што ја испушта од Вардар кон Грција. Меѓународната цена е 0,5 евроценти за кубен метар вода. Експертите велат дека е подобро да се направат хидроцентрали и наместо вода, да се извезува струја.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FACD24776B1296409C023BD63F62CEDB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2009 at 15:59
Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија, Миле Јанакиески и Сокол Олдаши, денеска во Охрид потпишаа Спогодба за соработка во полето на поштенските и електронските комуникации, како дел од европската агенда на двете држави.

А, за жителите од двете страни на границата од денес транспортот на поштенски услуги и пратки ќе биде олеснет. Со договорот кој Јанакиески и Олдаши го потпишаа се предвидува целосна либерализација и зголемување на поштенскиот сообраќај помеѓу Македонија и Албанија.

„Ќе се дискутира и во делот на соработката на мобилната телефонија, сателитскиот систем, но и поставување на фибер оптички линии и фрекфенции за радио услуги. Ова ќе придонесе за поголем обем на транспорт на пошта од Македонија за Албанија и во обратна насока“ вели Јанакиевски.

Министрите разговаа и за реконструкција на патниот правец Скопје - Дебар -Тирана, како и за предвидената железничка линија меѓу двете земји.

http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/12235.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Apr-2009 at 00:30

Ќе се гради брана на Оризарска Река

Изградбата на брана на Оризарска Река е најзначајниот проект во источна Македонија, особено за општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, општини што не беа опфатени со хидросистемот „Злетовица“, смета градоначалникот на Кочани, Ратко Димитриовски.

- Инвестицијата тешка 50-ина милиони евра од корен ќе ги промени стопанските и финансиските текови во Кочани. Ако се проценува според интензитетот на почнатите активности и договорената динамика за реализација на истражните и подготвителните работи, може да се очекува акумулацијата Речани како дел од хидросистемот Оризарска Река за три-четири години да стане реалност - изјави Димитровски.

Тој појасни дека Владата предвидува пари од буџетот за истражно-подготвителните работи и тоа за 2009 година - 10 милиони денари, за 2010 - 100 милиони и за 2011 година - 200 милиони денари.

Водите од акумулацијата на Оризарска Река ќе се користат за водоснабдување на 80.000 жители од Кочанскиот и Виничкиот регион, за наводнување нови 240 хектари обработливи површини од Оризарско и Прибачевско Поле, како и за производство на електрична енергија преку три мини хидроцентрали.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6D37ECCC712D7C429377F4B1485E5ACF



Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-May-2009 at 19:08
Фуере пристигна со воз. Талески очекува пругата Битола – Лерин наскоро да се стави во употреба
Среда, 06 Мај 2009 17:16

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20001

Евроамбасадорот Фуере и Градоначалникот Талески денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот дел на патот М-5, проект поддржан со средства од европската унија и десет проценти учество на општината. 850 000 евра се од програмата Интерект 3, а останатите вклучувајќи ги и дополнителните првично непредвидени ангажмани ги финансираше општината. Инфраструктурно се делуваше на се што беше потребно за да не биде неопходно дополнително интервенирање.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20003

 Денеска сме горди на еден проект со што се покажа дека Општина Битола има капацитет и знае да ги исполнува условите што ги поставуваат европските фондови:навреме аплициравме, имавме добри проекти, комисиите ни ги прифатија и навистина на наша голема заедничка радост сведоци сме денеска на официјалното пуштање на овој проект М5. Нашите граѓани знаат дека тој функционира веќе подолго време меѓутоа баравме еден добар термин каде што амбасадорот ќе биде присутен и затоа досега всушност и не го официјализиравме овој проект, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.


Обновата на патот е важна за поврзување на пограичните општини.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20004

 Обновата на овој пат е поддржана како дел од програмата за прекугранична соработка и целта беше да се олесне транзитниот сообраќај кон Грција. Овој пат е навистина од особена важност во овој пограничен дел затоа што е единствен начин на комуницирање во недостиг на железница, вели евроамбасадорот Ерван Фуере.
 Ваквата комуникација треба да придонесе за промоција на претприемништвото, развој на локалните човечки ресурси, туризмот, како и други проекти поврзани со природата и културното наследство:

 Како што веќе знаете денеска јас со моите колеги допатувавме од Скопје со воз, стигнавме на време и се беше навистина одлично. Јас се надевам дека наскоро ќе го имаме и делот кој што ќе не поврзува и со Грција затоа што на овој начин ќе се испрати една многу позитивна порака како на политички и економски план, вели Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во РМ.
 Успешното реализирање на овој проект за локалната самоуправа е предуслов за реализација и на други предвидени проекти:

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20002

 Веќе отворивме една голема врата, имаме два прекрасни проекти: овој е инфраструктурен М-5 и уште еден кој што успешно се реализира тоа е во делот на туризмот меѓу Битола и соседниот Лерин, значи прекугранична соработка. Убедени сме дека иднината е токму во меѓуграничната соработка со соседна Грција и во соработка со администрациите на двете држави ќе направиме прекрасни проекти. Се надевам дека ќе има интерес и за индустриската зона, се надевам дека во идно време ќе можеме да ја ставиме во функција и железничката пруга и се разбира многу, многу проекти за кои што сега можеби и самите нема да се сетиме, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.
  

За добивање европски пари за други проекти општината веќе се подготвувала, општинската администрација се обучувала, а се следеле и сите инструкции на оние кои бараат посебен концепт во аплицирањето.


Цветанка Ристевска
< ="" ="text/"> \n mailto:aktuel@tera.com.mk - aktuel@tera.com.mk



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7468&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7468&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-May-2009 at 22:02
Verojatno, EU ke odobri koridorot N8 da se prodolzi do Konstanca (RO), mesto dosegasnata krajna destinacija, Varna. Toa otvara novi povolnosti za Makedonija, dolkolku go dokompletira koridorot  na svojata teritorija.

Опъваме магистрала до Констанца

Магистрала „Черно море“, която ще свърже Южното и Северното Черноморие, ще бъде продължена до румънското пристанище Констанца, като за това ще бъдат използвани пари от ЕС, съобщи кметът на Варна Кирил Йорданов. Засега за реализацията на проекта няма окончателно решение, но той е получи официално одобрение на Черноморския и Адриатическия еврорегион по време на общото заседание на ръководствата им в Рим миналата седмица. Двете регионални структури, включващи и страни извън ЕС, са отправили искане към Европейската комисия за удължаване на маршрута на транспортния коридор № 8 да най-голямото румънско пристанище. „Изцяло подкрепяме тази позиция, защото тя увеличи възможностите на Варна като транспортен център“, обясни шефът на дирекция „Международно сътрудничество, проекти и програми“ Петър Радушев. Той подчерта, че няма определен срок, в който магистралата трябва да бъде построена, защото решението за удължаването на транспортния коридор е в ръцете на Европейската комисия.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jul-2009 at 13:54
МИЛИОНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ САМО НА ХАРТИЈА
Осум милијарди евра останаа на лопата

Елена Костовска

Само дваесет проценти од планираните капитални инвестиции на Владата се реализирани во првите пет месеци од годинава. Според извештајот на Министерството за финансии, од планираните 386,2 милиони евра со последните податоци од мај се реализирани 79,1 милиони евра. Сегашното учество на капиталните трошоци во вкупните буџетски трошоци е три проценти, а до крајот на годинава процените се тие да достигнат до 15 проценти. Од Министерството за финансии велат дека не можат да кажат колку од планираните капитални инвестиции во буџетот ќе се остварат. Експертите предупредуваат дека во капиталните буџетски инвестиции спаѓаат корисни и неопходни проекти што носат идна вредност, но и извозни расходи кои ги трошат девизните резерви. - Тоа што во целина реализираните капитални расходи во првите пет месеци се 20 проценти од вкупно планираните покажува дека фискалната политика не е во функција на стимулација на стопанството. Државата троши буџетски средства за набавка на кинески автобуси кои не придонесуваат за економска вредност. Со оглед на влијанието на економската криза, многу малку капитални инвестиции беа планирани во буџетот “ вели Ден Дончев, економски аналитичар. Досега од патната инфраструктура се почнати изградби на пет и реконструкција на 11 регионални патишта планирани за годинава. Се работи за 334 километри пат во вредност од 75,7 милиони евра. - Во тек се подготовките за големи реконструкции на уште осум регионални патишта главно во југот на Македонија и се спрема предлог за давање под концесија на седумте патни правци, со кои ќе се заврши патната инфраструктура во Македонија и ќе се комплетираат коридорите 8 и 10. Реализација на споменатите проекти треба да почне во текот на наредната година “ вели Наташа Волкановска, директорка на Агенцијата за патишта. Од железничката инфраструктура годинава треба да почне реализацијата на пругата од Крива Паланка до бугарска граница, а пред два месеци почна изведбата на главниот проект за поврзувањето со Албанија, дел од Коридор 8.
Владата најави инвестициска програма вредна 8 милијарди евра во периодот од 2009 до 2016 година. Во рамки на програмата во енергетиката се предвидени околу 30 проекти во вредност од 3,8 милијарди евра, додека во транспортот се планирани изградба и модернизација на регионални и локални патишта и железнички пруги во вредност од 3,8 милијарди евра. За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места се пресметани 100 милиони евра, а другите средства ќе бидат наменети за проекти за заштита на животната средина, станбена изградба, спортски, образовни и културни проекти.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1751&ArticleID=117297


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Jul-2009 at 08:57
 

Македонија ќе управува со парите од ИПА за инфраструктура

Најпрво реализација на проектот за Коридорот 10 и изградба на пречистителна станица за вода во Прилеп

Миркица Поповиќ
Тамара Грнчароска


Европската комисија донесе одлука со која Македонија ќе може самостојно да управува со средствата од европските фондови за регионален развој предвидени со претпристапната помош ИПА. Со одлуката донесена во петокот, Македонија ќе може да користи над 110 милиони евра од третата компонента, за развој на инфраструктурата и за животна средина, информира вчера вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.

Наумовски вчера, заедно со министерот за финансии, Зоран Ставрески, и за транспорт и врски, Миле Јанакиески, информира дека 40 милиони од тие средства се наменети за веќе изготвени проекти од периодот 2007-2009, додека за останатите 70 милиони за периодот 2010-2011 допрва ќе треба да се определат приоритетите и врз основа на нив да се изготват соодветни проекти. Според Наумовски, оваа одлука на ЕК укажува дека „расте угледот на Македонија во ЕУ“ и оти зајакнуваат капацитетите на македонските институции, процес што ќе се одвива паралелно со пристапувањето на Македонија во Унијата. „Процесот на јакнење на капацитетите нема да заврши за две недели, туку ќе трае цело време со приближувањето кон ЕУ“, рече Наумовски. Со зајакнувањето на институциите се очекува дека ќе се забрза и процесот на добивање акредитација за останатите компоненти, односно развој на човечки ресурси, институционална надградба, рурален развој и прекугранична соработка.

Ставрески, пак, потенцира дека во рамките на 40 милиони евра од ИПА-фондовите и 38 милиони евра алоцирани за кофинансирање најпрво ќе се почне реализација на изготвениот проект за Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица. Доизградбата на Коридорот 10 веќе подолг период е во застој поради проблемите со јужниот сосед. Грција ги повлече 50 милиони евра одредени за работа на паневропскиот коридор откако Македонија го именуваше автопатот во „Александар Македонски“. Вториот планиран проект за реализација е изградба на пречистителна станица во Прилеп. Проектот чини 16 милиони евра и со негова имплементација значајно ќе се придонесе за заштита на животната средина во овој регион.

Ставрески очекува дека во септември ќе се склучи спогодбата со ЕК, по што ќе може да се почне аплицирањето за проекти кои ќе се финансираат од ИПА-средствата, што ќе се врши преку Министерството за финансии.

Јанакиески информира дека со дадените средства ќе се изработи и студија за изводливост и модернизација на железничката инфраструктура, со цел да се отворат можностите за понатамошно финансирање проекти за железничката мрежа.

СДСМ вчера реагираше дека државата ги добива овие средства благодарение на кандидатскиот статус од 2005 година и оти на средствата се чека веќе четири години, бидејќи се зависни од степенот на реализација на владините проекти. СДСМ апелира државните институции да ја забрзаат подготовката на проектите за да не се случи губење на ИПА-средствата поради недоволен ангажман на Македонија.

 
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5A1516C363607F45BEECD57B7813280B - Utrinski


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Sep-2009 at 10:27
 

Урнатиот мост го парализира Радовиш

Освен 16.000 граѓани, кои се принудени да кружат по неколку километри за да стигнат до саканата дестинација, штети трпат и земјоделците од околните села и стопанските капацитети во тој реон

Таксистите во Радовиш дневно поминуваат по 40 километри во непотребно кружење поради ненаправениот мост кој беше урнат во невремето што се случи лани. Повеќето од последиците и од штетите од големото невреме што го зафати Радовиш на 4 декември, и направи штета од четири милиони евра, се санирани, но на радовишани и понатаму големи маки им создава урнатиот мост на реката Сушица. Преку него минува еден од двата влеза во градот, оној откај Штип, па сега целиот сообраќај се одвива преку другиот влез откај Струмица, кој е булеварски решен. Но, според многумина граѓани, и двата моста на булеварот биле оштетени од невремето.

Освен граѓаните на 16-илјадниот град, кои често се принудени поради урнатиот мост да кружат по неколку километри за да стигнат до саканата дестинација, штети трпат и земјоделците од околните села и стопанските капацитети сместени во тој реон. Нивните сопственици успеаја да ги санираат штетите во производствените погони. Нешто со свои средства, нешто со помош од Владата или, пак, од осигурителните компании, за оние чиј имот бил осигуран.

- Ги оспособивме капацитетите, но сега сме отсечени од градот. Радовиш е мала општина и веројатно нема пари за да го изгради паднатиот мост. Но, при вакви елементарни непогоди треба да помогне Владата - вели Љупчо Андонов, сопственик на кланицата „Снабдител“.

Меѓу најпогодените се радовишките таксисти, кои тврдат дека поради урнатиот мост трпат големи загуби.

- Секое такси-возило дневно поминува 30 до 40 километри повеќе, непотребно кружејќи поради ненаправениот мост. Имаме фиксни цени за клиентите, па сето тоа оди на товар на компанијата. Оштетени се и двата моста на булеварот. Ако фати уште едно големо невреме, во Радовиш ќе може да се влегува само со хеликоптер - се жали Зоран Костадинов, возач во такси-компанијата „Аполон“.

При неодамнешната посета на Радовиш, премиерот Никола Груевски изјави дека мостот е во надлежност на локалната самоуправа. Но, бидејќи таа немала доволно пари, и' било посочено да аплицира до Агенцијата за патишта. Сепак, бидејќи сега се подготвувале буџетите, премиерот рече дека пари веројатно ќе може да се издвојат следната година. Општината веќе аплицирала до Агенцијата за патишта со проект за мостот, чија изградба треба да чини околу 100.000 евра.

- Како локална самоуправа можеме да обезбедиме и помал дел од потребните пари за изградба на мостот, кој во ланското невреме беше 90 отсто уништен. Го урнавме и преостанатиот дел и го подготвивме теренот за изградба. Ако бараните пари ни бидат одобрени, мостот брзо ќе го изградиме, со што ќе се решат и проблемите. Стручни екипи констатираа дека конструкциите на двата моста на булеварот не се оштетени, туку само оградите, кои се веќе санирани, како и дел од асфалтот, но и тоа ќе биде санирано - вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.

Љупчо Шатевски

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=86D1B3C9DFC53D4690CB54D3BA014099 - Dnevnik



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2009 at 17:51

Од ИПА-фондовите ќе добиеме уште 40 милиони евра





 

Македонија обезбеди 40 милиони евра од европските фондови, а Владата ќе вложи уште 38 милиони евра, со што ќе се зголемат ефектите и резултатите од планираните проекти

 

 
%20  
Средствата ќе бидат искористени за завршување на делницата Демир Капија - Смоквица, во рамките на Коридорот 10 и за доизградба на прочистителна станица за отпадни води во Прилеп.

За ова вчера вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, и шефот на делегацијата на Европската комисија, Ерван Фуере, потпишаа спогодба за финансирање за третата ИПА-компонента за регионален развој 2007-2009 година. Оваа компонента се смета како подготовка на земјата за искористување на структурните и кохезионите фондови на ЕУ, по стапувањето во членство.

- Потпишувањето на спогодбата е потврда дека Македонија има знаење, искуство и капацитет за управување со европските фондови - рече Наумовски.

За евроамбасадорот Фуере со потпишувањето на спогодбата, Македонија направила важен и голем чекор кон исполнувањето на политиката на Европската Унија за постигнување кохезија.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91591022239&id=10&prilog=0&setIzdanie=21788


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2009 at 12:06
Приметив на GE и на maps.live точно на крајок од Бунарџик од другата страна на автопатот започнува нешто што личи на прекинат локален пат. Истито крак завршува некаде пред Окта исто така прекинат од автопатот, но најчудно е што од другата страна на автопатот продолжува како пруга, а нема подвозник, барем не се приметува. Односно доаѓа како крак опд пат слеп од двете страни. Дали знае некој што е работата со ова, дали порано тоа било дел од некој регионален или магистрален пат па да се прекинал со автопатот или што е работата?! А дали може би треба да е некаква конекција со железница на зоната Бунарџик?! На поголем зум на maps.live се приметува дека потегот е оран и дека е крајно запуште што го вори дека ова е нешто што останало исклучива за пристап за механизација за нивите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:41
Два текста од денешно „Време“, насочени кон состојбите околу стратешките сообраќајни коридори:

ПОВРЗУВАЊЕТО СО СОСЕДИТЕ СО ГОДИНИ ПРОЕКТ НА ХАРТИЈА
Коридорот 8 во ќор-сокак

Трошоците за транспорт на големите извозници неколкукратно би се намалиле кога за излез на море би ги користеле најблиските пристаништа во Драч и во Корча како и евтините пристаништата во Бугарија. Но, транспортното поврзувањето со овие држави се уште е тесно грло, велат стопанствениците и стручњаците. Излезот од ваквата состојба, според нив, е изградба на Коридорот Исток- Запад. Со ваквото решение, велат, државава би имала излез на три мориња, постабилен и поквалитетен транспорт и, што е најважно, би избегнала зависност од политичкото или социјалното однесување на јужниот или на северниот сосед.
- Повеќе од една половина од нашиот извоз оди за Италија. За транспорт ги користиме патиштата и железниците на поранешните југословенски републики и Албанија. Едниот пат е многу скап, а другиот е отежнат поради лошото поврзување со Албанија - вели Ѕвонко Стојановски од „Силмак“.
За увоз на суровините, вели Стојановски, „Силмак“ ја користи железницата преку Бугарија и Јужна Србија за што компанијата има непотребни трошоци, кои би се отстраниле кога би била изградена пругата од Куманово до Бугарија. -Трошоците за транспорт би ни биле многу пониски, ако се изградат железницата и патот кон Албанија и Бугарија. Довршувањето на Коридорот 8 би го забрзал и олеснил транспортот и би ги намалил трошоците - вели Стојановски.
Слични проблеми имаат и другите извозно- увозни компании, кои, пак, се принудени стоката да ја транспортираат преку солунското пристаниште, кое е поскапо и многу често е блокирано поради штрајкови. Тоа им прави дополнителни проблеми, па дури и големи загуби на овие компании, велат нивните претставници.
- Извозот на рудата од рудникот „Бучим“ и од Радовиш, главно, го вршиме преку Бугарија. Месечно 140 камиони го минуваат патниот правец Радовиш- Струмица- Софија до пристаништата. Поблиското поврзување со Бугарија значително би ни ги намалило трошоците, без разлика кој превоз би го користеле, патниот или железница - вели Николајчо Николов од „Бучим“.
Од фирмите што се занимаваат со меѓународен превоз на стока велат дека секоја инвестиција во подобрување на сообраќајната инфраструктура за нив е добра, бидејќи добрите патишта се основа за побрз и поудобен транспорт и во исто време ги штити нивните средства за работа.
-Изградбата на патната инфраструктура кон Албанија и Бугарија многу би ни го скратила времетраењето на транспортот и би ни ги намалила трошоците - вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.
Муратовска објаснува дека најголемиот дел од стоката што ја превезуваат сега се врши преку пристаништето во Драч бидејќи солунското е скапо и често е во застој поради штрајкови. Мирко Трипуновски, професор на Универзитетот ФОН смета дека со изградбата на Коридорот 8 државата ќе добие уште една поволност за зголемување на странското инвестирање бидејќи еден од факторите за нивно привлекување е и добрата инфраструктура, ќе се обезбеди и побрз развој на регионите низ кои поминува и ќе ја избегне непријатноста да биде зависна од расположението на северниот и на јужниот сосед. - Македонија треба да го искористи интересот на Европа и на соседите за изградба на Коридорот 8 и да го поттикне процесот на негова изградба - вели Трипуновски.
Иако скап, проектот може да се реализира на подолг период, смета Трипуновски. Уште повеќе што во моментов државата троши повеќе пари за заштита на одржување на веќе изграденото, отколку да продолжи со градба на железничкиот и на патниот дел. Тој објаснува дека во практиката на изградба на вакви значајни објекти државите, обично, се задолжуваат кај светските финансиски организации или ги даваат под концесија.
- Буџетот не е основа за градба на овој капитален објект, но затоа Владата има реални шанси тоа да го направи со концесија за да привлече една или повеќе големи странски компании што градат вакви објекти. Финансирањето може да се реализира и со кофинансирање со заинтересирани држави, но и преку донации и кредити од финансиски институции. - вели Трипуновски.
Од задолжените во Владата не добивме информација какви се шансите Коридорот 8 да се реализира и покрај тоа што е владин приоритет. Во планот се изградба се делот од патниот коридор - Куманово - Крива Паланка до границата со Бугарија, Кичево - Ќафасан, Велес - Штип - Делчево- граница и Велес- Прилеп- Битола - Охрид до граница со Албанија, како и Миладиновце - Свети Николе - Штип. Сите патни правци се во подготовка или до степен на експропријација и треба да бидат завршени до 2012 година. Во власта нема политичка волја да се гради овој транспортен коридор иако редовно го става во изборните програми, вели потпретседателот на ЛДП Андреј Жерновски. - Од политички причини моравме да се откажеме од изградба на Коридорот 10, со што Владата сега нема алтернатива со изградбата на Коридорот 8, кој е од суштинско економско и уште поголемо политичко значење за државава - вели Жерновски.
Томе Чинговски од СДСМ смета дека и со давањето под концесија на веќе изградените патни правци нема да се соберат многу пари што би се вложиле во изградба на другата патна инфраструктура.

Изградени само 84 километри

На Македонија, според процените, и се потребни една милијарда евра за изградба на Коридорот 8. Од повеќе од 300 километри што треба да поминуваат низ државава, досега се изградени 84 километри автопат и една третина од железничката линија кон Бугарија. Кон Албанија се уште ништо не е направено. Вложени се околу 100 милиони евра.
Според планираното, овој Коридор треба да овозможи железничка, енергетска, патна и телекомуникациска комуникација за земјите низ кои поминува.

Македонија чека пари, другите градат

Коридорот што државава треба да ја поврзе и со Јадранско Море и со Црно Море, е актуелен веќе 18 години. Македонските власти потпишаа низа декларации и студии за реализирање и за финансирање со земјите низ кои треба да поминува Италија, Албанија и Бугарија. Во него е вклучена и Турција, како земја што би имала поволности во реализирањето на транспортот. Во овој период заинтересираните држави не најдоа решение за можните извори на финансирање и за процентуалната застапеност на државите во финансирањето на проектот. Не е дефинирана ни рамката во кој период треба да се изгради. Како европски проектот во еден период беше поддржан и од Европската комисија и од Пактот за стабилност.
Во меѓувреме и Албанија и Бугарија вложија во сопствени проекти на подобрување на транспортната инфраструктура. Албанија патно се поврза со Косово и планира поголема инвестиција во проширување и модернизација на пристаништето во Драч, како и на патиштата до границата со Македонија.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123825



Чекаме да не заобиколат

Елена Костовска

Иако има централна положба на Балканскиот Полуостров и е простор низ кој поминувал најважниот пат во Римската Империја - Виа игнација, Македонија е земја со ретко лоша внатрешна и надворешна сообраќајна поврзаност. Патните и железничките линии на коридорите 8 и 10 од осамостојувањето чекаат на ред да бидат изградени, а редовно се наоѓаат во предизборните програми на политичките партии. Никако да мрдне од место проектот за Коридор 8, кој претставува мост меѓу Блискиот Исток и западот на Европа. Тој индиректно треба да и овозможи на земјата излез на три мориња, Црно Море во Бугарија и Јадранско Море и Јонско море во Албанија. На домашните стопанственици Коридор 8 им е важен поради намалување на транспортните трошоци, заштеда на време и избегнување на блокадите и на застојот, кои настануваат од честите социјални немири во Грција. Добрата патна инфраструктура значи и поттикнување на економскиот развој и зголемување на странските инвестиции.
Сите земји во регионот не престигнаа во изградбата на патната и на железничката инфраструктура, а само пред неколку години состојбата во Албанија беше многу полоша од нашата. Ова создаде обиколница околу нашата држава зашто на странските превозници им е многу поисплатливо од Турција да возат преку Бугарија, а од Албанија преку Косово кон земјите од Западна Европа. Додека другите земји со државни пари и странски фондови си ги изградија патните и железничките линии, ние чекаме некој од страна да ни ја заврши таа работа. На секој меѓународен состанок, министерот Миле Јанакиески бара пари за изградба на железничката линија на Коридорот 8 бидејќи, како што велат од Министерството за транспорт и врски, тоа не е само од национален интерес, туку се работи за транснационална делница, која е важна за цела Европа. Патните правци, пак, цела година се даваат под концесија, а веќе пропадна и еден јавен оглас. На заинтересираните стопанственици ќе им одговара да ги лапнат парите од новите патарини што ќе се отворат, но рокот на изградба ќе биде шест години, а дотогаш странските превозници ќе продолжат да ја обиколуваат Македонија.
Важноста на коридорите ја согледува и директорот на Светска банка, Сајмон Греј, кој вели: „Коридорите 8 и 10 претставуваат погонска сила за развојот на целиот регион во Источна Европа. Со изградбата на овие проекти ќе се постигне голема конкурентска предност во однос на земји во регионот“. Но, ние, сепак, си чекаме и гледаме како не заобиколуваат.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123824


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 20:00

Германија и додели заем на Македонија од 99 милиони евра


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114963#komentari - Коментари (2)    
14.10.2009 15:52
Улрике Кноц

 

Министерот за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка во Македонија Улрике Кноц денеска потпишаа Спогодба за заем за Проектот „Водовод и канализација на општините фаза 1“ и Протокол за финансиска и техничка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на СР Германија.

Со двата документа Германија и доделува заем на Македонија во износ од 98.635 милиони евра со рок на враќање од 30 години со вклучени 10 години грејс период и два отсто годишна камата.

Со Протоколот се дефинира развојната соработка меѓу двете земји во областите водоснабдување, одведување и третирање на отпадните води, одржлив економски развој и енергетска ефикасност и обновлива енергија, додека со Спогодбата и се доделува заем на Владата на Република Македонија во износ од 8.635.000 евра за обезбедување одржливо снабдување со вода за пиење на населението во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш и Тетово, како и донација од 1,5 милиони евра за придружните мерки.

Министерот Ставрески, искажувајќи благодарност за континуираната соработка и поддршка што и ја дава Сојузна Република Германија на Република Македонија, рече дека денешното потпишување на Спогодбата за развојна соработка покажува дека Германија и натаму останува еден од главните политички и економски партнери на Македонија.

- Спогодбата се однесува на развојна соработка што Германија ќе ја обезбеди за Македонија во износ од вкупно 90 милиони евра од кои 60 милиони евра за проекти во енергетиката, пред се за ревитализација на македонските хидроелектрани и за ветерни паркови, значи за чисти и обновливи извори на енергија, а 30 милиони евра ќе бидат искористени за проекти за водоснабдување и канализации во осум македонски општини, рече Ставрески.

Тој посочи дека од претходната Спогодба со СР Германија за првиот дел од проектот за водоснабдување на општините се одвоени 8.635.000 евра и додаде дека истите услови за заем важат за сите 90 милиони евра.

- Тоа значи дека вкупно за водоснабдување ќе бидат обезбедени 38.635 милиони евра. Во првата фаза од проектот се 8.635 милиони евра, а потоа уште 30 милиони евра. Се работи за голема и значајна помош не само финансиска, туку и помош која покажува дека Германија има голема доверба во нашите перспективи за интеграции во ЕУ и НАТО, рече Ставрески.

Министерот за финансии појасни дека реализацијата на заемот ќе се одвива неколку години зависно од подготвеноста на проектите од кои некои се во напредна фаза како што се проектите за ревитализација на хидроелектраните во износ од 27 милиони евра и за ветерни паркови.

- Кај водоснабдувањето некои од општините се понапред, а на некои ќе им треба подолго време така што очекуваме во наредните две-три години да се реализираат проектите, рече Ставрески.

Германската амбасадорка во Македонија Кноц повтори дека денеска потпишаната Спогодба и Протокол се доказ за германско-македонската соработка и поддршката што Германија и ја дава на Македонија на патот кон евроатлантските интеграции.

- Се надеваме дека проектите кои се дел од Протоколот ќе помогнат за подобрување на животот и животните услови во Република Македонија, рече Кноц.

Прашана како очекува да се насочи Македонија доколку добие позитивна оценка во Извештајот на ЕК, Кноц рече дека позитивната оценка за Македонија ќе значи мотивација и позитивна насока на земјата.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114963


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2009 at 13:08

ЕБОР ќе финансира проекти до 150 милиони евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во наредната година планира да инвестира 150 милиони евра во Македонија, соопшти вчера министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според Ставрески, делегацијата на ЕБОР најавила дека се подготвени да инвестираат претежно во инфраструктурата, енергетскиот сектор и во гасификацијата.

- Веќе искажаа подготвеност да дадат 18 милиони евра за ремонт на пругата од Коридорот 10. Го отворивме и прашањето за кредитирање на изградба на пруга на Коридорот 8 - рече Ставрески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FA0A81258636BA479CBB1CE9DEE838E3


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 23-Jan-2010 at 19:19
Место карго-аеродром Груевски ќе гради патишта

ШТИП - Оваа 2010 година ќе биде година на бавно, но сигурно закрепнување на светската, но и на нашата економија. Карго-аеродром сигурно ќе се гради, но не сега, туку за пет-десет години. Владата имала стратегија за инвестициски бум во Македонија, со изградба на патишта, железници, затвори, водоводни и канализациони мрежи. Ова се главните поенти на кои се фокусира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија прексиноќа од Штип ги почна „трибините од граѓански карактер“. Но, Груевски избегна да одговори дали трибината на која беше половина владин кабинет е во функција на можноста за предвремени избори годинава.

Изградбата на карго-аеродромот била обврска од меѓународно потпишан договор и ќе се реализира, но ќе била пролонгирана. „Тој аеродром е влезен во програмата и таа состојба никој нема да може да ја промени. Веќе во март или во април ќе се почне со изградбата на Скопскиот и со реконструкцијата на Охридскиот аеродром“, појасни премиерот.

Пред околу илјада штипјани што ја преполнија големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“, Груевски вети големи инвестиции во патната и во комуналната инфраструктура. „Еден од поголемите и позначајните проекти е конечната изградба на железницата која ќе не' поврзе со Бугарија, а почна да се гради во деведесеттите години. Владата е во преговори со компаниите што работеа на овој проект. Од меѓународните банкарски институции ни беше речено дека ако сакаме финансиска поддршка прво ќе мора да расчистиме со должничко-доверителните односи со компаниите што работеа на проектот. Ние тоа веќе го направивме и сега сме фокусирани на изработката на физибилити-студија што ќе биде завршена до крајот на годинава, а од 2011 година да почнеме со изградба“, рече премиерот. Тој потенцира дека ќе следува и модернизација на другата железничка инфраструктура. Груевски најави изградба на повеќе значајни патни насоки низ државата како Скопје - Блаце, Куманово - Крива Паланка, Гостивар - Кичево - Охрид - Струга -граница со Албанија и автопатот Скопје - Свети Николе - Штип - Кочани. Исто така, вети изградба на водоводни и на канализациони системи во сите наши градови без исклучок, за што веќе биле обезбедени 70 милиони евра. (И.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C4704B056D4F5846AB303E045B94AAE1 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C4704B056D4F5846AB303E045B94AAE1



Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-Mar-2010 at 20:43
ВИНЕАМ: Има ли општината средства за подобрување на инфраструктурата, колку во 2010г. се планирани средства за капитални проекти, кои се тие и се очекува ли реализација на истите?

ЕМИЛ ДОНЧЕВ:Секако дека општината има планирано средства за подобрување на инфраструктурата, во делот на изградба или реконструкција на патишта, водоводи, канализации, и она што веќе го преземавме како прв чекор е составување на листа на приоритетни проекти за оваа година, кои ги имаме како техничка документација, меѓутоа согласно измените и дополните во Законот за градба, во моментот тече јавна набавка за избор на проектантска куќа која ќе изврши ревизија на овие проекти. Овде сакам да истакнам дека поголема ставка во Буџетот е предвидена за изработка на проектна документација што е прв услов за аплицирање на јавни повици, било на ниво на држава, било меѓугранични. Во врска со вториот дел од вашето прашање, ова нека биде и официјална најава, како капитален проект планираме изградба на мини акумулација на Виничка Река. Водата од оваа акумулација би се користела во периодот јули-август, кога на Виничко Поле најмногу му недостасува вода. Исто така планираме и реконструкција на мрежата за наводнување на полето покрај Градечка Река и ја испитуваме можноста за изградба на мини зафат таму. Ова се приоритети во мојата програма и се надевам дека ќе ги реализирам.

http://www.opstinavinica.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2010 at 15:56
Од 8-те милијарди искористени само 240 милиони евра



 
Ако се анализира првичниот план на Владата, може да се забележи дека таа тргна со реализација на најлесните проекти. Инвестицискиот циклус го почна токму со проекти за изградба на водоводи, канализации, спортски сали и објекти од културата  
 
%20  

Точно една година помина од амбициозната најава на Владата дека во периодот 2009-2016 година ќе има инвестициски бум од 8 милијарди евра, меѓутоа во овој период за капитални инвестиции биле потрошени само околу 240 милиони евра. Во изминативе 12 месеци, претставниците на власта многу често можеа да се забележат на свечености по повод пуштање во употреба на нови водоводи, канализациски системи и спортски сали и игралишта, но досега не се појавија во почетокот на изградба на некоја голема хидроцентрала, нов автопат или нова железничка пруга. Поништувањето на тендерите е главната причина за одолжувањето на изградбата на капиталните енергетски проекти, а големите инвестиции во патната и железничката инфраструктура по должината на коридорите 8 и 10 сé уште се во фаза на изработка на студии и изведбени проекти.

Доколку продолжи со ова темпо, Владата тешко ќе успее да потроши по една милијарда евра годишно, колку што во просек е потребно за да се реализира амбициозниот план.


Напролет Македонија ќе стане градилиште?


Владата неодамна најави дека оваа пролет Македонија ќе се претвори во едно големо градилиште. На прашањето кои проекти се во тек, во Министерството за транспорт и врски даваат скромен одговор, дека веќе и официјално стапил во сила договорот за концесија на македонскиот аеродромски систем со кој се предвидува реализација на капитални проекти за модернизација на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид...

- Турскиот концесионер ТАВ ќе инвестира околу 200 милиони евра за модернизација на двата аеродрома, за што е предвидено ангажирање градежни компании од Република Македонија - велат во Министерството.

Оттаму додаваат дека по пат на јавно наддавање се отуѓува градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со што се овозможува реализација на објектите предвидени во согласност со деталните урбанистички планови, и ангажирање на градежните компании. Во Министерството велат дека во тек се и повеќе градежни активности за реконструкција и изградба на локални и регионални патишта што ги води Агенцијата за државни патишта.

Наташа Валканоска, директорка на Агенцијата за државни патишта, информира дека во тек е реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на регионални патишта во кој се опфатени 11 делници. Постепено се реализирал и проектот за реконструкција и градба на 200 локални патишта.

- Од нив, проектите за 61 локален пат се веќе во фаза на реализација. Имаме склучено договори во вредност од 12 милиони евра. На секои два месеци распишуваме тендери, бидејќи се работи за голем проект за кој е потребно време да се спроведат сите потребни постапки. Од вкупниот број локални патишта, за една третина веќе имаме склучено договори - вели Валканоска.

Таа информира дека во однос на повеќегодишните проекти што се финансираат со пари од буџетот, со почетокот на градежната сезона ќе продолжи реализацијата на патот Радовиш - Струмица, патот до Кожув и обиколницата во Охрид.

- Патот Куклиш - Банско е веќе пуштен во употреба, а до крајот на годината се планира да се заврши изградбата на патот кон Поречието и на делницата Табановце - Куманово. Дополнително, се реализира и санацијата на свлечиштето кај Сопиште - вели Валканоска.


Тендерите се горчлив проблем


Ако се анализира првичниот план на Владата, може да се забележи дека таа тргна со реализација на најлесните проекти. Имено, од вкупните 8 милијарди евра, се предвидуваше 3,8 милијарди евра да се потрошат за реализација на 30 проекти во енергетиката, а исто така 3,8 милијарди евра се предвидени за изградба и модернизација на регионални, локални патишта и железнички пруги. За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места се предвидени 100 милиони евра. Другите средства се предвидени за проекти за заштита на животната средина, станбена изградба, спортски, образовни и културни објекти. Владата го почна инвестицискиот циклус токму со проекти за изградба на водоводи, канализации, спортски сали и објекти од културата. Капиталните проекти како изградба на хидроелектрични централи или автопати се покажа дека во тендерските процедури и понатаму се најгорливиот проблем за брза реализација. Така, неодамна Министерството за транспорт и врски вторпат го одложи рокот за доставување барања за концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава. Наместо 18 февруари, Министерството го одложи рокот за доставување понуди за доделување концесии за патната мрежа по должината на транспортниот Коридор 8 за 45 дена. Владата по четири неуспешни тендери неодамна побара помош од консултант за да ги спроведе тендерите за изградба на хидроцентралите “Чебрен“ и “Галиште“, инвестиција вредна околу 600 милиони евра. Реализацијата на овие и другите големи проекти, како што се изградба на пругите, нема никаква можност да почне до крајот на оваа година.


Коридорите заглавија во студии


За планираната доизградба на делниците од патната и железничката инфраструктура по должината на коридорите 8 и 10, кои имаат стратегиско значење за нашата земја, сé уште се прават проекти и студии. Во Министерството за транспорт и врски информираат дека за изградба на делницата Демир Капија – Смоквица, која е дел од Коридорот 10, во тек е изработка на основен и изведбен проект, кој се очекува да биде завршен во текот на овој месец.

- Должината на оваа делница изнесува 27 километри, потребни средства за нејзина изградба на ниво на автопат се 175 милиони евра, а финансирањето на изградбата е предвидено да биде со средства од буџетот на Република Македонија, претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА) и Европската инвестициска банка - велат во Министерството.

Во однос на железницата, во Министерството велат дека делот од Коридорот 8 во Република Македонија е со должина од 309 километри, а од него досега се изградени 155 километри.

- Активностите за изградба, поточно делницата Куманово – Крива Паланка – граница со Република Бугарија, се почнати во 1994 година, кога државата склучи договори со петте најголеми градежни компании, кои беа задолжени за изградба на железницата на споменатата делница. Меѓутоа, во 2004 година поради финансиски проблеми и недостиг од средства во буџетот на Република Македонија за дозавршување на работите е направен застој во работењето на овој проект. Сепак, Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за финансии работи на наоѓање најсоодветни решенија, за што побрзо почнување со работите на оваа делница од паневропскиот Коридор 8 - велат во Министерството.

Оттаму додаваат дека во текот на 2009 година е изработен основниот проект за трасата на делницата од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, а за 2010 година е предвидено за оваа делница да се изработат главни проекти за мостови и главни проекти за тунели.

- Исто така, во 2010 година е предвидена изработка на студија за оцена на влијанието врз животната средина на целата делница од Куманово до границата со Република Бугарија - велат во Министерството.

Оттаму информираат дека изградбата на делот од Кичево до Лин – граница со Република Албанија, која е во должина од 70 км, во моментот во тек е изработка на идеен проект и студија за изградба на железничка пруга од Кичево до Лин, во согласност со спроведената постапка за јавна набавка од страна на ЈП „МЖ–инфраструктура“.

- По завршувањето на оваа активност, во текот на 2010 година ќе следува распишување на тендерска постапка за избор на консултантска куќа што ќе треба да почне со изработка на студија за оцена на влијанието врз животната средина со средства од претпристапните фондови на Европската Унија, по што ќе следува изработка на главните проекти и за оваа делница - велат во Министерството.

%20



 

Буџетски проекции и реализација на капиталните инвестиции/во милиони евра
буџет 2009 475
прв ребаланс 386
втор ребаланс 313
реализирани во 2009 218


Проекции и реализација на капитални инвестиции во 2010/во милиони евра
предвидени во буџетот 2010 318
реализирани во јануари 21,4
 
   
Автор: Владимир Николоски   Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31710955418&id=9&prilog=0&setIzdanie=21936


Posted By: axel
Date Posted: 29-Apr-2010 at 13:15
Министерот Јанакиески оствари билатерални средби на конференцијата за Коридор 8 - 29.4.2010
http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/images/storija_pic/2493/Sredba%20Janakieski%20-%20Mateoli.jpg"> http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/images/storija_pic/2493/Sredba%20Janakieski%20-%20Oldasi.jpg">

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека на Министерската конференција со наслов „Коридор 8: мост меѓу Јадранско и Црно Море“ која се одржува во Тирана, Република Албанија денес беше потпишана заедничка декларација меѓу министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија и Италија, посветена на Коридорот 8.

 

На конференцијата, Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески одржа билатерални средби со своите колеги – Министерот за инфраструктура и транспорт на Италија – Алтеро Матеоли, Министерот за транспорт на Бугарија – Александар Цветков и Министерот за транспорт и врски на Албанија – Сокол Олдаши.

 

Со своите колеги министри од земјите низ кој поминува Коридорот 8, министерот Јанакиески разговараше за можностите за доизградба и подобрување на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 кој поминува во Република Македонија, за чија реализација министрите за транспорт ја изразија својата поддршка.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2493


Posted By: axel
Date Posted: 03-May-2010 at 18:30
Интервју на Министерот Јанакиески за Капитал - 3.5.2010
http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/images/storija_pic/2500/MJanakieski%201.jpg">

 

 

Интервју со Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски

Оваа година ќе биде клучна за инфраструктурата

Концесионирањето на аеродромите и патиштата и патарините, почетокот на гасификацијата и изградбата на 1.753 социјални станови се проектите на кои годинава активно работи Министерството за транспорт и врски. Министерот Миле Јанакиески вели дека интензивно се работи на изградбата на Коридор 10, за што е изработен главниот проект за последната делница за што треба да се обезбедат финансиски средства за изградбата.
За реновирањето на скопскиот и охридскиот аеродром минитстерот Јанакиески вели дека
е историски проект од исклучително значење. Тврди дека државата ќе добие аеродроми со модерен изглед кои функционираат по сите светски стандарди.

 

 

Капитал: Минатата година беше распишан јавен повик за прибирање на понуди од компании заинтересирани за давање на патиштата под концесија, но роковите неколку пати беа пролонгирани. До каде е постапката за издавање на патиштата под концесија? Кога се очекува овој тендер за заврши и да се знаат првите концесионери?
- Проектот за концесија на патиштата има за цел понатамошно унапредување на целокупната патна мрежа во Македонија, што директно ќе влијае на подобрување на сувоземните врски и пораст на економијата. Ние објавивме повик за учество во постапката за доделување на концесија за вршење на работите на изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Република Македонија, поделена во два пакети. На барање на дел од заинтересираните компании, но и поради измените во Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, Владата на Република Македонија донесе одлука со која рокот за доставување на барањата за учество во постапката е продолжен до 19 мај 2010 година, со што се овозможува заинтересираните компании да ја комплетираат потребната документација која е потребно да ја достават до Министерството за транспорт и врски согласно објавениот јавен повик.

Капитал: Колку и кои компании досега покажале интерес за концесија и кои од делниците кои се нудат се најатрактивни за нив?
- Министерството за транспорт и врски заедно со Агенцијата за државни патишта го спроведе повикот за покажување иницијален интерес за концесии на патиштата во земјава и на истиот вкупно 48 компании, финансиски институции и конзорциуми од целиот свет доставија писма за изразување интерес за учество во овој проект.
Како што споменав, предметот на концесија опфаќа вршење на работите за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на патните правциво два пакети. Во првиот пакет станува збор за патните правци Крива Паланка– Романовце, Крива Паланка – Страцин, Страцин – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновци – Штип и Миладиновци – Штип преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет, се патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требеништа – Струга, Струга– Ќафасан, Струга – Подмоље, и правецот Гостивар - Тетово -Скопје.
Вредноста на концесискиот проект за двата пакета е проценета на приближно една милијарда евра, а предвидено е концесијата да биде со времетраење од 35 години, со тоа што предвидениот период за изградба на патните правци на ниво на автопат е 8 години од денот на склучување на договорот за концесија.

Капитал: Беше распишан и јавниот повик за давање на патарините под концесија. До каде е таа постапка, дали има заинтересирани компании кои би ги земале патарините под концесија?
- Станува збор за проект чии очекувани придобивки се зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата. На јавно распишаното барање за изразување на интерес до соодветни компании и конзорциуми за доделување на концесија и управување со нов систем за наплата на патарина на пет постојни наплатни станици во Република Македонија, се јавија 26 заинтересирани страни. Следен чекор за реализација на овој проект е објавување на јавен повик за доделување на концесијата.

Капитал: Регионот, посебно Србија, интензивно работи на обезбеудвање финансии за доизградба на Коридорот 10, кој е стратешки економски приоритет за поврзување на регионот. До каде е изградбата на овој важен Коридор во Македонија и кога ќе биде завршен? Како стојат работите со другиот важен Коридор, Коридорот 8?
- Владата на Република Македонија интензивно вложува во изградба, рехабилитација и модернизација на патната инфраструктура во сите сегменти. Токму во оваа насока во тек е реализацијата на неколку капитални конкретни проекти, како што се проектот за рехабилитација и реконструкција на регионалните и локалните патишта со средства во висина од 120 милиони евра кој се спроведува со Светската Банка и Европската банка за обнова и развој, а дополнително на ова, се работи на комплетирање на изградбата на Коридорот 10 и Коридорот 8 во Република Македонија на ниво на автопат.
За комплетирање на патниот дел од Коридорот 10 во тек е изградбата на автопатот Табановце – Куманово во должина од приближно 8 km, и предвидено е истата да биде завршена до крајот на оваа година, а исто такасе работи на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица која е со должина од 28 километри. За оваа делница изработен е главниот проект и следува обезбедување на финансиските средства при што делумно ќе се искористат и средства од ИПА фондовите.
Во рамките на проектот за концесија на патиштата се очекува и изградбата на делници од патниот коридор 8 на ниво на автопат.

Капитал: За десет години беше одложен стартот на изградбата на карго аеродромот во Штип, бидејќи како што потенцираше турскиот концесионер ТАВ, кога го склучиле договорот за концесија немале потполна документација во однос на метеоролошките податоци за местото каде што треба да се гради. Дали Министерството за транспорт и врски знаеше дека документацијата не е потполна и дека за такво испитување потребни се десет години?
- Не станува збор за непотполна документација, туку за меѓународни безбедностни стандарди кои важат кога се градат нови аеродроми. Затоа, е потребно на предвидената локација да се извршат сите потребни мерења и да се направат потребните метеоролошки студии што само по себе претставува дел од процесот за реализација на проектот за изградба за аеродромот во Штип.
Во делот на реализацијата на градежните инвестиции во воздухопловната инфраструктура, при модернизацијата на аеродромите, многу е важно што ќе биде активирана македонската градежна оператива. Тоа го вети и главниот оперативен директор на компанијата која е концесионер на чинот на преземањето на аеродромите под концесија, а за заокружувањето на овој проект своја поддршка даде и турскиот премиер.
Станува збор за капитални инвестиции кои треба да се завршат во кратки рокови - согласно временската динамика предвидена во Договорот за концесија, потребно е во рок 20 месеци на „Александар Велики“ – Скопје, да се изгради нова терминална зграда, да се продолжи полетно-слетната патека, да се изврши доградба на административната зграда, нов карго терминал, нова противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови, како и да се изгради пристапен пат, заедно со нова клучка и паркинг за автомобили, да се изгради потребната комунална инфраструктура и да се изврши инсталирање на системите за навигација. На аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во рок од12 месеци е предвидено да се изврши реконструкција на постоечката административна зграда и на постојниот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот, изградба на ВИП објект, пречистителна станица, набавка на нови патролни и противпожарни возила, како и набавка на нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди. За изградба на новиот карго-аеродром во Штип рокот е 36 месеци по изготвувањето на соодветните неопходни метеоролошки студии. На карго-аеродромот се предвидува изградба на полетно-слетна патека, нова терминална зграда, два хангари за увоз и извоз, два хангари за гаражирање на воздухоплови, изградба на административни објекти, паркинг за возила, изградба на потребната комунална инфраструктура, набавка на патролни и противпожарни возила со цел оптимално функционирање, како и набавка на целокупната потребна опрема за работа според меѓународните стандарди.

Капитал:Според последната изјава на министерот за финансии Зоран Ставревски, македонските граѓани до 2012 година ќе добијат гас во своите домови. Во буџетот на Министерството за транспорт и врски, за оваа година предвидени се пари само за изработка на физибилити студија, а според експертите за изградба на гасоводниот систем потребни се најмалку четири години. Кога најрано можеме да очекуваме гас во домаќинствата?
- Ние презедовме активности кои претставуваат конечна реализација на овој капитален проект кој беше најавуван многу долго време. Имено, во насока на решавање на долгогодишното прашање за гасификација на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски спроведе постапка со која беше избран консултантски тим за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект.

Исто така, беше формиран Меѓуминистерски комитет со цел следење на изработката на физибилити студијата и истиот донесе заклучок приоритетни магистрални правци за изградба на гасната инфраструктура во Република Македонија да бидат правецот Клечовце - Битола со крак до Струмица и правецот Скопје – Тетово - Гостивар. Врз основа на ова, Министерството за транспорт и врски распиша оглас за набавка на услуга за изработка на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија, која е поделена во четири пакети – за делниците од Клечовце до Неготино, од Неготино до Битола од јазолот Штип до јазолот кај Хамзали и од чвор Хамзали до Стојаково кај границата со Грција и истите треба да бидат изготвени во рок од 12 месеци.
Сакам да потенцирам дека станува збор за еден сложен инфраструктурен проект за кој претходно немало ниту основна студија за начинот на кој би се реализирал, а кој Владата на Република Македонија сега го реализира во согласност со својата Програма. Ние континуирано иинтензивно вложуваме во изградбата на енергетски ефикасна инфраструктура, која освен што придонесува кон намалување на загубите на индустриските капацитети и домаќинството во снабдувањето со потребната енергија, претставува и начин за воведување на соодветни стандарди за одржување на животната средина..

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2500


Posted By: axel
Date Posted: 04-May-2010 at 18:30
Во Битола утврдена програмата за уредување на градежното земјиште Битола http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/bitola-072.jpg4 мај - Советот на општина Битола ја утврди новата програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општината.

- Главен акцент ќе биде ставен на изградба на улици и капацитети за водоснабдување, но со несмален интензитет ќе се врши изработка на проектна документација за која се планирани околу 12 милиони денари, како и изградба на капацитети за енергетиката, пречистителна станица и изградба на мостови, информираат од општинската администрација во Битола.

http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/bitolapicture-060.jpgВо зависност од приходите во општинската каса, како и од инвеститорите, програмата овозможува во Битола да бидат изградени нови бензински пумпи за што се определени соодветни локации, довршување на градскиот парк и изградба на топлана.

Со средства од Владата и со општинско кофинансирање во Битола се гради булеварски влез и автопатско решение од страната на Прилеп, инфраструктура во индустриската зона „Жабени“ и се уредува големиот кружен тек кај местото викано Дулие. Минатата година програмата за уредување на градежното земјиште во општина Битола била реализирана со 88,83 насто и притоа бил остварен приход од 237 милиони денари, информираат од битолската локална самоуправа. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2015&Itemid=106


Posted By: axel
Date Posted: 14-May-2010 at 12:58

ЕБОР заинтересирана да финансира проекти во Македонија вредни околу 450 милиони евра

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Македонија се очекува да добие околу 450 милиони евра од Европската бнака за обнова и развој (ЕБОР) за пакет проекти од патната инфрструктура, железницата и енергетиката.

    Ова е најавено на средбите што вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги имаше во Загреб со претставници на ЕБОР.

    Како што јави известувачот на МИА, Банката е заинтересирана за проектот за ревитализација на железничките пруги од Коридорот 10 и Кордорот 8, како и за проектот за изградба на гасоводниот систем.

    Се очекува банката да го потврди и грантот од половина милион евра за изградба на физибилити студија за железничката пруга од Коридорот 8, а до крајот на јуни Бордот на директори на ЕбОР да донесе одлуката за заем од 17,6 милиони евра за реконструкција на железничката пруга долж Коридорот 10.

    На средбите одржани на маргините на Годишното собрание на ЕБОР, станало збор и за тековниот проект за ревитализација на регионалните и локалните патишта во кои ЕБОР има инвестирано околу 50 милиони евра.

    Начелен интерес ЕБОР пројавила и за финансирање на проектот за изградба на гасоводниот систем за кој конечната одлука се очекува Бордот на директори да ја донесе до крајот на годината по разгледување на веќе изготвената физибилити студија.

    Во енергетскиот сектор ќе се разговара за проектот ХЕЦ „Бошков мост“ вреден 80 милиони евра.

    Вцепремиерот Ставревски попладне заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Виктор Мизо ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија пред заинтересирани инвеститори и меѓународни финансиски институции.

    На маргините на Годишното собрание на ЕБОР ќе биде потпишан и договор за заем меѓу ЕБОР и Охридска банка во висина од 10 милиони евра што ќе биде искористен за кредитирање на мали и средни бизниси.

    Од почетокот на своето работење ЕБОР во Македонија има финансирано повеќе од 510 милиони евра во над 40 проекти од финансискиот и енергетскиот сектор, инфраструктурата и корпоративните дејности.

    На Форумот во Загреб учествуваат над 2000 високи владини претставници, банкари и експерти кои дебатираат како да се зајакнат финансиските пазари за да се постигне одржлив економски раст и да се забрза темпото на закрепнување на економиите по минатогодишната финансиска криза.
     

    http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ebor-zainteresirana-da-finansira-proekti-vo-makedonija-vredni-okolu-450-milioni-evra



    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 22-May-2010 at 03:59

    Пругата кон Бугарија чека европски кредити

    Изградбата на уште 90 километри од делницата што е
    дел од Коридорот 8 тапка в место десетина години

    Маја Томиќ

    Дали европските банки ЕБОР и ЕИБ наскоро ќе ја спасат нашата катастрофална патна инфраструктура и ќе придонесат земјава, конечно, да добие сообраќаен лик како повеќето земји од соседството? Има ли шанси наскоро од Македонија да се патува со воз за соседна Бугарија, со која земјава никогаш немала железничка врска, ниту, пак автопат, и покрај фактот што Софија е најблиска престолнина на земја-членка на ЕУ и е оддалечена само околу 200 километри. Според последната најава на ЕБОР и на ЕИБ, овие две значајни финансиски институции имаат намера да инвестираат околу половина милијарди евра во повеќе инфраструктурни проекти во земјава наредните неколку години.

    Нерешената инфраструктура, секако, имала и има последици врз политичката, туристичката, а посебно врз трговската соработка и релациите меѓу двете земји.

    Според некои пресметки, земјите од регионот годишно губат најмалку една милијарда евра поради се' уште неизградената транспортна мрежа од Коридор 8, што треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море, а која оди од Бургас, преку Скопје до Валона во Албанија. Приоритет за македонските власти беше и е довршувањето на железничката пруга кон Бугарија, односно изградба на уште 90 километри пруга.

    Бугарските, македонските и албанските власти во изминатите десетина години потпишаа повеќе меѓународни договори за изградба на Коридорот 8, најавуваа странска помош од повеќе фондови и институции. Но, како што стојат работите со досегашната динамика, уште неколку години коридорот сигурно нема да биде изграден. Се проценува дека неговото комплетирање ќе чини вкупно 2,7 милијарди евра.

    Бугарија во последниве години го интензивираше довршувањето на нејзиниот дел од патната и од железничката мрежа од Коридорот 8, а кај нас работите тапкаат в место. Македонија досега успеа да го истрасира земјениот дел кој стасува пред Крива Паланка, да изгради неколку железнички мостови и да пробие неколку тунели. За довршувањето на железничката пруга треба да се потрошат уште најмалку 150 милиони евра. Од бугарската страна, од Ѓуешево до македонската граница останаа уште 2,5 километри без железничка линија, што не се смета за клучна пречка за реализација на проектот Коридор 8.

    Од Министерството за транспорт и врски информираат дека се во тек повеќе активности за подобрување на железничката инфраструктура, пред се', на изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8. Се очекува ЕБОР да финансира околу 18 милиони евра и за реконструкција на железничката пруга од Коридорот 10. За таа цел, оваа банка веќе обезбедила средства за изработка на физибилити студија. Според Министерството, во тек е изработка и на идеен проект и студија за изградба на железничка пруга од Кичево до Лин - граница со Албанија.

    Покрај тоа, со средства од ЦЕИ е предвидена и изработка на физибилити-студија за делницата Куманово – Деве Баир. Се очекува договорот со избраната консултантска куќа да се склучи во втората половина од 2010 година, а ангажманот ќе биде 8 месеци. Во фаза на изработка е и основен проект за траса на делницата од Крива Паланка до Деве Баир.

    ЕБОР досега во Македонија има финансирано повеќе од 510 милиони евра во над 40 проекти од инфраструктурата и корпоративните дејности, како и во финансискиот и енергетскиот сектор.

    Во земјава со години нема никакви инвестициски активности и за сообраќајници од повисок ранг, како што се автопатишта, вклучувајќи ги и тука и патните артерии, Коридорите 8 и 10. Се' што се работи во земјава досега се само реконструкции или изградба на регионални патишта. Моментално се работи само на седум километри автопат од Табановце до Куманово.

    „За изградба на делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од 28 километри, е изработен главниот проект и следува обезбедување на финансиските средства, при што делумно ќе се искористат и средства од ИПА-фондовите“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    Токму за овој недоизграден дел од Коридорот 10, владина делегација деновиве разговараше со претставниците на ЕИБ. Беше посочено дека се потребни од 200 до 250 милиони евра за довршување на овој проект.

    Кога ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот 8 на ниво на автопат, се' уште е непознато, затоа што се' уште се во тек многуте постапки за експропријација на земјиштето по должината на оваа траса.

    http://utrinski.com.mk/?ItemID=64DE66A6F14ADC439A43B369BA361C3E


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 03-Jun-2010 at 22:12
    Лепенец ќе се скроти со насип


    Со багери и механизација од вчера почна чистењето на реката Лепенец во должина од 7000 метри почнувајќи од границата со Косово, па се до сливот во реката во Вардар. Акцијата ќе опфати чистење на коритото од диви депонии, градежен шут и смет и отстранување на дивата вегетација и правење на насип којшто во иднина ќе биде основа за бетонирање на коритото по целата должина.

    Почетокот на акцијата беше одбележано во присуство скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, како и на претставници од јавните претпријатија кои ќе се вклучат во чистењето.
    - Со чистењето на коритото ќе се спречи можноста од излевање на Лепенец и поплавување на земјоделските површини и околните куќи. Уредувањето на коритото ќе биде прв чекор до уредување на пешачката патека на кејот на Лепенец, рече Трајановски.

    Градоначалникот Сокол Митровски информираше дека уредувањето на коритото на Лепенец ќе придонесе во заживување на делот од Орман, којшто според ДУП е планирано да биде индустриска зона.
    - Се надевам дека Општина Ѓорче Петров заедно со соседните општини Чучер Сандево и Карпош, и се разбира со подршка на Град Скопје, ќе изнајдеме финансиски средства да го уредиме кејот. Тоа ќе значи дека непредвидливата река ќе ја скротиме во бетонирано корито и ќе го уредиме шеталиштето, а истовремено ќе ставиме крај на поплавите по течението на реката, рече Митровски.

    Акцијата за чистење на коритото Лепенец се предвидува да трае до крајот на месецов.

    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=27EA79521B821542B256F4BBB2D8A45D


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 05-Jun-2010 at 01:56

    Лепенец пак ќе има брег наместо депонија

    Реката ќе биде исчистена на потегот од игралиштето во селото Волково до утоката во Вардар

    Брегот на реката Лепенец во делот на селото Волково деновиве ќе биде ослободен од тоните ѓубре што со години го трупаат несовесните жители од околината. Екипи и механизација на претпријатијата „Улици и патишта“ и на „Македонијапат“, ангажирани од Град Скопје и од Општина Ѓорче Петров, од завчера ја извршуваат големата акција за чистење на оваа река, која ќе заличи од последната автобуска станица на линијата „22“ до вливот во Вардар.

    Акцијата беше најавена уште на почетокот на годината, а стартот завчера го означија градоначалниците Коце Трајановски и Сокол Митровски.

    - Чистењето на коритото на реката Лепенец до вливот во реката Вардар со тешка механизација ќе трае се' додека не се исчисти и комплетно не се уреди брегот, со што ќе се спречи излевање на водата и ќе се разубави просторот - изјави градоначалникот Коце Трајановски.

    Жителите на Волково се задоволни што надлежните ќе го исчистат брегот. Тие велат дела сликата покрај Лепенец е недостоинствена, грда, но и тажна.

    - Овде природата е прекрасна, воздухот е чист, се' е тивко и мирно. Но пријатна прошетка покрај брегот е невозможна работа оти на нормален човек не може да му биде пријатно меѓу купишта ѓубре. Нема една зелена и чиста ливада. Ѓубрето е насекаде. Се надевам дека откако ќе биде исчистен брегот, на моите несовесни соселани ќе им биде непријатно и срам да продолжат да си тераат по старо и дека ќе ги сменат навиките околу исфрлањето на сметот - вели Симона К. од Волково.

    Проблемот со ѓубрето покрај реката постои со години. Во руралните места во Скопје „Комунална хигиена“ нема обврска да го собира сметот од домаќинствата, па граѓаните се снаоѓаат сами. Некои го носат со возилата до најблиските населби и го фрлаат во контејнери, а други го товарат во приколки и го истураат покрај брегот. Оваа појава со години поминуваше неказнето од општинските инспектори од Ѓорче Петров, кои се правеа како ништо да не забележуваат и покрај строгите законски прописи за заштита на околината.

    http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C25588D231CEF441A7BCABAA69DFF854


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 24-Jun-2010 at 13:48
    Неколку проекти на купче...
    ЈУБИЛЕЈ НА ОПШТИНАТА
    Две мали индустриски зони во Бутел Општина Бутел, ќе добие нова општинска зграда, но и две нови мали индустриски зони околу обиколницата, најави портпаролката на Општината, Снежана Клинчарова, по повод пет години од основањето на Општина Бутел. Градоначалникот Петре Латиновски, пак, информира дека со Град Скопје, имаат во план од улицата Христијан Тодоровски - Карпош да направат сообраќајница што ќе биде поврзана со обиколницата и која би била од голема корист за граѓаните. Надлежните ја промовираа новата општинска карта, во која се одредени границите на општината, но и сите досега реализирани проекти. Беа промовирани и издадените книги во кои се зачувани сите новинарски написи за општината, кои, како што велат, претставуваат богато историско наследство за идните генерации. Вчера се промовираше и двојазична стихозбирка „Спомени за Борис Трајковски“, пишувана од македонски и од албански ученици од основните училишта во општината, по повод педесет и четвртиот роденден на трагични починатиот претседател Борис Трајковски.

    http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2052&ArticleID=143261



    Posted By: axel
    Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:38

    Преку слепи колосеци не се оди во Европа


    Железничката и патната инфраструктура се во очајна состојба, со недовршени патни коридори и слепи колосеци. Пругата кон Бугарија стои недовршена повеќе од осум години, немаме железничко поврзување со Албанија, ниту се завршени двата клучни патни коридори 8 и 10. За доизградба и осовременување на патната и железничка инфраструктура потребни се повеќе од две милијарди евра, колку што приближно изнесува и буџетот на државата  
     
    %20  
    Ако патната инфраструктура е крвотокот на една држава, на Македонија итно и е потребен бајпас или, медицински кажано, коронографија (прочистување на затнатите крвни садови).

    Железничката и патната инфраструктура се во очајна состојба, со недовршени патни коридори и слепи колосеци. Пругата кон Бугарија стои недовршена повеќе од осум години, немаме железничко поврзување со Албанија, ниту се завршени двата клучни патни коридори 8 и 10. Според експертските проценки, за доизградба и осовременување на патната и на железничка инфраструктура потребни се повеќе од две милијарди евра, колку што приближно изнесува и буџетот на државата. Но пари за оваа намена засега тешко се наоѓаат.


    - За доизградба на постојните правци и железничко поврзување на Македонија со соседните земји потребни се околу милијарда евра. Во оваа процена не влегуваат новите предложени правци за поврзување со Бугарија преку Струмица до Петрич - вели професорот Зоран Кракутовски. Изградбата на почната траса на пругата кон Бугарија е прекината веќе 8 години и за нејзино довршување се потребни околу 400 милиони евра.


    Според Кракутовски, природно најповолен коридор за поврзување со Бугарија е преку Струмица до Петрич, што би било три до четирипати поевтино.


    - Од стратегиска важност е и поврзувањето на Македонија со Албанија. Поврзувањето може да биде од Струга до Ќафасан, со што се отвора и можност за користење на пристаништата Драч и Валона- нагласува тој.


    Должината на железничките пруги во Македонија е 868 км од кои отворени пруги се 669 км. Магистралните пруги се со должина од 391 км, додека локални 278 км. Електрификација е извршена на околу 233 км отворени пруги, или на 35 проценти од вкупната должина. Нешто подобра, но далеку од задоволителна е состојбата и со патната инфраструктура, за чие осовременување се потребни повеќе од една милијарда евра.


    Годинава, пак, за оваа намена од државниот буџет е планирано да се потрошат нешто повеќе од 100 милиони евра. Според експертите, додека не се реши прашањето на финансирање на патиштата, работите нема да се поместат од мртва точка. Како проблематична се споменува и транспарентноста на трошењето на собраните пари, зашто не се знае дали тие се користат за изградба на патишта или за друга намена.



    %20


    Според постојниот модел, изградбата на патиштата се финансира од приходите од буџетот, патарината (годишен приход од 600 до 800 милиони денари), регистрацијата на возилата (годишен приход од 800 милиони денари), како и од транзитирањето на странските возила (приход од 100 милиони денари).


    Клучната измена, која ја предлагаа експертите, е финансирањето да биде преку приход од продажбата на горива, преку определен процент на зафаќање од малопродажната цена на горивата и зафаќање од акцизата на горивата.


    - Овој извор би требало како во развиените земји да го полни буџетот за патишта до 50 проценти - смета Горан Мијоски, експерт.


    Досега во Македонија има изградено 3.806 километри регионални патишта, околу 922 километри магистрални патишта, од кои 227 километри се автопатишта, додека магистрални патишта се 695 км.


    На локални патишта отпаѓаат 8.566 км или вкупно во земјава има 13.194 км патишта. Вредноста на патната инфраструктура се проценува на околу 10 проценти од вкупното национално богатство.


    Со инвестициска програма вредна 8 милијарди евра, Владата лани најави градежен бум во следните седум години, преку изградба на рудници, термо и хидроцентрали, гасификација, патишта, пруги, социјални станови и нуклеарни истражувања.


    Од Министерството за финансии предвидуваат годишно издвојување од буџетот по 150 милиони евра за спроведување на програмата, додека другите пари би се обезбедиле преку кредити и консеционерство.





    Конкуренција од Романија

    Македонија мора да вложи максимум напори за доизградба на Коридорот 10 бидејќи има и конкурентен Коридор 4, кој минува низ Романија, Бугарија и низ Грција. Кај овој Коридор предност е што се патува низ земји-членки на ЕУ и на НАТО, без граници, предупредуваат експертите.

    Од целокупната патна мрежа во Македонија, на автопатишта припаѓаат 495 км, од кои изградени се 227 км, а за изградба преостануваат 270 км. За доизградба на Коридорот 10 остануваат уште две делници од границата со Србија до клучката Коњаре и втората делница од Демир Капија до Удово. За доизградба на преостанатите 40 км автопат потребни се 150 милиони евра. Во однос на Коридорот 8 за изградба за комплетно автопатско решение за преостанатите 200 км потребни се близу 800 милиони евра.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629101026562&id=10&prilog=0&setIzdanie=22020


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:46
    Има една работа што страшо ме нервира. Никој од надлежните не зборува за делницата Скопје-Велес која е всушност привремено "позајмен" регионален пат. Се сомневам и дека свесно се крие и се бутка глава во песок, макар што не би ме чудело и да не се запознаени што е работата. И никој тоа не го кажал никаде, а нашиве новинари ,сиротите не ни знаат како треба да изгледа патна мрежа. Никој не наоѓа за сходно да праша што со таа делница, а министерот за транспорт и врски има дадено највеќе интервјуа јас што памтам, повеќе од било кој и да е министер, или што и да е, во државава.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 29-Jun-2010 at 15:04


    Не мислам дека тоа треба да е приоритет. Секако во иднина мора да се оформи класичен автопат, а сегашниот Скопје -> Велес да остане алтернативен регионален пат Р-103, но засега многу поургентни се неколку автопатски делници кои треба допрва да се изградат.

    Инаку во текстот особено ми боде око веќе зачестеното изместување на тези за железничкиот коридор 8. Еве дури и да ги оставиме настрана манипулациите со споредбата на цените на „варијантите“ преку Крива Паланка и преку Струмица, пак никако не можам да сватам како на некого може до толку да му биде нејасна географијата, за поврзувањете преку Струмица да го става во ист контекст како она преку Крива Паланка.


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 29-Jun-2010 at 15:26
    Не е работата околу приоритети. Ме нервира што се форсира теза дека после Смоквица и Табановце ќе имаме комплетиран автопат, а нема да биде така. Што е толку лошо да се каже како стојат работите. Он ќе функционира како автопат, ама нема да биде комплетиран/


    Posted By: axel
    Date Posted: 02-Jul-2010 at 17:18
    Question

    Интервју на Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за „Журнал.мк“ - 30.6.2010


     

    Добри патишта – пораст на економијата и животниот стандард

     

     

    Журнал: Македонските патишта ќе се издаваат под концесија на приватни стопанисувачи. Тие имаат и обврска да ги изградат до ниво на автопат. Постои ли интерес за ова, за кои делници станува збор и има ли реални шанси во 2011 година, како што кажа премиерот Никола Груевски, да се реализира овој проект?

     

    - Македонските патишта, нивната изградба и рехабилитација се од клучно значење за развој на целокупната економија на државата, затоа што со подобрените патишта се обезбедуваат и подобри сувоземни врски, не само во внатрешноста, туку и на меѓународен план. Добрите патишта значат и побрз проток на патници и товар, но и побезбеден транспорт. Владата на Република Македонија во моментот веќе спроведува повеќе проекти насочени кон модернизација на постојните и изградба на нови патишта.

     

    Во тек е и постапка за издавање на патишта под концесија со цел да се модернизираат и изградат на ниво на автопат.

     

    На распишаниот меѓународен јавен повик за доставување барања за учество во постапката за доделување концесија за вршење на работите на изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Република Македонија се пријавија 8 компании. Во тек е постапката за претквалификација, во која Комисијата утврдува дали заинтересираните имаат соодветна економско–финансиска и техничка способност за спроведување на концесија од овој вид и обем. Откако ќе биде утврдено кои компании, во предвидениот рок, ги доставиле своите барања се квалификувани, тие ќе бидат поканати да учествуваат во втората фаза на постапката, односно да подигнат тендерска документација и да достават понуди. Во втората фаза ќе се изврши евалуација на доставените понуди од страна на квалификуваните компании по што ќе биде направен избор на најповолниот понудувач.

     

    Предметот на концесија опфаќа вршење на работите за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на патните правциво два пакети. Во првиот пакет станува збор за патните правци Крива Паланка– Романовце, Крива Паланка – Страцин, Страцин – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновци – Штип и Миладиновци – Штип преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет, се патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требеништа – Струга, Струга– Ќафасан, Струга – Подмоље, и правецот Гостивар - Тетово -Скопје.

     

    Журнал: Веќе се гради делницата Табановце – Куманово? До каде е изградбата на овој автопат?

     

    - Делницата Табановце - Куманово е дел од паневропскиот Коридор 10, кој ја поврзува Македонија со Србија и Грција и со неговата изградба ќе се заврши автопатот до границата со нашиот северен сосед. Во тек е изградба на оваа делница, каде се работи на целосно автопатско решение, со сите придружни елементи, паралелно со постоечкиот пат и раздвоено со ограда и зелен средишен појас.

     

    Делницата е во должина од приближно 8 километри и очекувам целосно да биде завршена до крајот на оваа година.

     

    За целосно комплетирање на патниот дел од коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија, потребно е да се изгради и автопатот на делницата Демир Капија – Смоквица, која е во должина од 28 километри. За изградба на овој автопат, на почетоток на оваа година е изработен изведбен проект и предвидено е во втората половина од следната година да започне изградбата по претходен избор на изведувач на градежните работи.Овој проект е предвидено да се реализира со средства од претпристапните фондови на Европската Унија, како и од Европската инвестициска банка.

     

    Журнал: Што се случи со пругата кон Бугарија чија изградба трае веќе една деценија и повеќе? Конечно, ќе се поврземе ли со оваа европска земја?

     

    Проектот за железничко поврзување на Република Македонија со Република Бугарија долго време тапкаше во место, и реализацијата на овој проект многу пати беше најавувана од страна на голем број политичари.

     

    Ние почнавме со конкретни активности, кои се водени од заложбите за комплетирање на железничката линија на делницата на Коридор 8, поточно делницата кон границата со Бугарија. Имено, предвидено е во текот на оваа година да се изработи основен проект за трасата. Предвидена е изработка на физибилити студија и студија за влијание врз животната средина за делницата Куманово – Деве Баир, граница со Република Бугарија. За оваа цел во втората половина на 2010 година се очекува да биде избрана консултантска куќа која ќе биде ангажиранада ја изработи студијата.

     

    Журнал: Се најавува изградба на комплекс објекти „Градска куќа“. Помина конкурсот за идејно решение, каде треба да се градат и хотели. Што се случи со овој проект?

     

    Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за избор на идејно архитектонско-урбано решение за изградба на хотел во комплекс „Градска куќа“ во Скопје. По извршената евалуација на пристигнатите понуди, жири-комисијата која ги оценуваше проектите, одлучи на три анонимни понуди да им биде доставено барање за откуп. Понудите се откупени и избрана е една анонимна понуда за изготвување на идејното архитектонско-урбано решение за изградба на хотел во комплекс „Градска куќа“ во Скопје.

     

    На дел од предметното земјиште во тек е постапка за денационализација по чиешто завршување, ќе распише објава за јавно наддавање за негово отуѓување.

     

    По ова, избраниот најповолен понудувач за изградба на хотелот ќе биде задолжен да ги следи насоките од идејното решение кое ќе биде избрано според овој конкурс, додека идејното решение за изградба на Градска куќа е дефинирано преку конкурс од Министерството за култура. Најповолниот понудувач, како инвеститор кој ќе ја реализира изградбата ќе има обврска да го отстапи делот кој е предвиден за Градска куќа.

     

    Во однос на вториот дел од прашањето, по разгледување на комплетноста на поднесените документи по конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистичко решение за хотел со пет ѕвезди во Скопје, на локација во општина Центар, жири-комисијата пристапи кон оценување на проектите согласно критериумите и констатираше дека нема пристигнато проект кој што би можел да се прифати без стручни забелешки и потреба од дополнителна доработка на идејните решенија. Поради ова нема прва награда, односно се додели само втора награда, а за другите конкурсни трудови да биде исплатена вредноста на трошоците за поднесување на конкурсните решенија во висина од 6.000 денари.

     

    Журнал:Ваш став околу проектот „Скопје 2014 година“?

     

    Изградбата на предвидените објекти во центарот на Скопје, не само што содржински ќе го збогатат главниот град на Македонија, туку ќе овозможат и една функционална естетска целина која ќе биде препознатлива за градот и каде ќе се сместат голем број административни и културни институции.

     

    Реализацијата на овој проект има повеќекратно позитивно значење за Скопје, но и врз Република Македонија. Една од придобивките што се однесува на градежништвото, бидејќи македонската градежна оператива ќе биде ангажирана на изградбата на предвидените капитални објекти.

     

    Журнал: Граѓаните на Скопје имаат проблем со катни гаражи кои се градат на државно земјиште? Какви планови има понатаму во Министерството во насока на развивање на оваа идеја како решение на проблемите?

     

    - Недостатокот на слободни паркинг-места и подобрувањето на таа состојба е во надлежност на локалната самоуправа, но сепак, Министерството за транспорт и врски, во рамките на своите надлежности овозможи изградба на повеќе катни гаражи со кои треба да се реши ова прашање со што ќе се подобри и растерети и сообраќајниот застој во Скопје. По пат на јавно наддавање досега се дадени под долготраен закуп вкупно четири локации наменети за изградба на катни гаражи во Центар, Аеродром и Скопје.

     

    Исто така, овозможена е и изградба на подземна гаража во центарот на Скопје. Во тек се јавните огласи за две локации во општина Центар, по чиешто спроведување ќе може да се отпочне со активностите за изградба на нови катни гаражи. Министерството за транспорт и врски ќе распише објави за јавно наддавање, се со цел што побрзо да се реализираат овие проекти.

     

    Журнал: Почнува летната сезона и стопанисувањето со плажите на езерата. Постои ли интерес за закуп и инвестирање во плажите. Имате и некои проблеми со узурпација на плажи на Охридското езеро?

     

    - Познато е каков позитивен ефект постигнавме со давањето на плажите во општина Охрид под краткотраен закуп. Уредените плажи придонесоа за поголем број туристи и подобра туристичка сезона. Тие плажи беа уредени согласно сите туристички стандарди и привлекоа голем број туристи кои беа задоволни од нивната уреденост. Во рамки на своите законските надлежности, Министерството спроведе јавни наддавања за давање под закуп и на плажите да дојранското и струшкото крајбрежје.

     

    Закупците имаат конкретни обврски кои треба да ги исполнат , односно се должни да овозможат слободен влез за посетителите, да ја уредат песочната површина со автохтон песок, како и да го дооформат зеленилото со автохтони видови, а целиот простор да го уредат хортикултурно и партерно. Насоките предвидуваат и сервисен пункт со најмалку 2 тушови, санитарни јазли, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Задолжително е закупецот да обезбеди служба за спасување, и предвидени се други погодности за забавен престој.

     

    Журнал: Актуелен е Законот за домување, каде рокот за откуп на општествени станови поминува. Каква е состојбата со овој проблем и можноста граѓаните да ги откупат становите од државата. Колку пари ќе инкасира Македонија?

     

    - Согласно најновите измени во Законот за домување, отворена е можноста акумулираните долгови за корисниците на општествени станови да бидат пресметани во цената на станот со можност на плаќање на рати во рок од 40 години, согласно Законот за продажба на општествени.

     

    Со овие законски измени, Владата има намера да го заврши процесот на приватизација на општествените станови и регулирање на статусот на граѓаните кои живеат во станови сопственост на Република Македонија.

     

    Со донесувавањето на измените и дополнувањата на законот за домување им се излегува в пресрет на граѓаните на Република Македонија на начин што неплатената закупнина, односно надоместокот за користење на станот со засметана камата утврдени со пресметката на станот, ќе може во цел износ да се додаде на продажната цена на станот. Согласно досегашната постапка лицата носители на станарско право кои сакаа да го откупат станот по општествени услови мораа прво да ја подмират закупнината која ја должат заедно со засметаната камата, а потоа Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија изготвуваше пресметки за вредноста на станот, по што следуваше склучување на договор за купопродажба на стан.

     

    Оваа интервенција во законот е дел од третиот пакет антикризни мерки, со која се овозможува откуп на становите во државна сопственост од страна на носителите на станарско право кои имаат долг по основ на неплатени закупнини, да може долгот да се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се исплатува во период утврден во договорот.

     

    Исто така, со оваа измена ќе се овозможи полесна доприватизација на општествениот капитал во областа на домувањето и создавање на можност за завршување на приватизација на околу 3.000 општествени станови.

     

    Журнал: Имате програма за изградба на социјални станови и станови за млади брачни парови. Постои голем интерес кај граѓаните наспроти можноста државата да им излезе во пресрет. Како се решава овој проблем?

     

    Станбената политика е еден од приоритетите во Програмата на Владата и Министерството, преку која се реализираат голем број проекти насочени кон изградба на нови станбени единици. На овој начин се овозможува обезбедување на прашањето за домување за голем број од нашите сограѓани со што директно се подобрува животниот стандард и социјалната слика на нашето општество.

     

    Владата обезбеди средства од Банката за развој при Советот на Европа во висина од 25.000.000 евра за изградба на 35 станбени објекти со повеќе од 1.750 станови наменети за социјално ранливи групи, односно за деца без родители или родителска грижа кои наполниле 18 години, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени, како и самохрани родители со малолетни деца.

     

    Минатата седмица беа распределени вкупно 208 социјални станови изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија во градовите Охрид, Кичево, Кавадарци, Кочани и Крива Паланка за кои до центрите за социјални работи пристигнаа близу 550 апликации.

     

    Овие станови беа распределени јавно и по електронски пат, во секоја од општините и во присуство на самите апликатни, со посебна електронска апликација која не дозволува влијание на човековиот фактор и ги рангира апликантите с



    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 15-Jul-2010 at 20:00
    Грант на владата за иѕградба на патишта и инфраструктура

    605 000 евра за изградба на водоводи и канализации, 250 000 евра за локални патишта е грантот кој го доби општина Виница од Владата на РМ, а советниците по предлог на градоначалникот дадоа подршка во изградбата на три локални патни правци, Липец – Осојница, Виничка Кршла- Калиманци и патниот правец Грлани – Беловци -Мајсторци– Петревци.

    http://www.opstinavinica.gov.mk


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 14-Aug-2010 at 16:10
    се гради фекална канализација во Ченто и Арачиново
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126374#komentari - Коментари (0)    
    14.08.2010 16:33
    Неџати Јакупи
     

    Ќе се реши проблемот со фекалниот канал што го загадува скопско Арачиново, вети денеска министерот за животна средина Неџати Јакупи и најави изградба на фекална канализациска мрежа од Сингелиќ до Арачиново.

    Арачиновци минатата недела протестираа против силната смрдеа што се шири од фекалниот канал, а постои опасност од ширење епидемија на болести од загадените води кои минуваат низ целата општина.

    „Ние пред десетина дена ја почнавме изградбата на канализационата мрежа, во должина од 3500 метри првата фаза, потоа ќе продолжи другиот крак, така што вкупната траса на изградена канализациона мрежа, ќе биде околу 8ипол илјади метри.

    - Во наредните буџетски години ќе го доизградиме и другиот дел од канализационата мрежа, што мислам дека трајно ќе го решиме овој проблем“, изјави Неџати Јакупи

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126374 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126374


    -------------


    Posted By: axel
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 09:09
    Општина Ново Село реализира четири инфраструктурни проекти со поддршка на Светска банка

    Струмица, 26 август 2010 (МИА) – Во општина Ново Село тече реализацијата на двата проекта финансирани од Светска банка кои значително ќе придонесат за подобрување на патната инфраструктура во регионот.

    Станува збор за реконструкцијата на мостот во Ново Село на локалниот патен правец кон селото Барбарево и асфалтирањето на патот од населеното место Сушица до месноста Крива Горница, односно до клучката со меѓународниот пат кон Бугарија, за кои од Светска банка се обезбедени средства од околу 286.000 евра.

    - Дотраениот мост на реката Новоселка во близина на православната црква „Свети Атанасиј“ во општинскиот центар ќе биде целосно рекоконструиран и ќе го подобри квалитетот на локалната делница кон Барбарево. Во тек е и асфалтирањето на патот од Сушица, едно од најголемите села во општината, до клучката со меѓународниот пат кон граничниот премин со Република Бугарија, односно до месноста Крива Горница, во должина од околу еден километар, изјави градоначалникот на Ново Село Петар Спасов.

    Локалната самоуправа доби 211.000 евра кредит од Светска банка за асфалтирање на локалниот пат од селото Зубово до приклучокот со патот Ново Село – Мокриево, како и за поставување нов асфалтен слој на патот од населеното место Смолари до приклочокот со меѓународната комуникација кон Бугарија.

    http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76434169&lId=1&pmId=


    Posted By: axel
    Date Posted: 01-Sep-2010 at 11:08

    Преродбата доцни во чекори


    Нови хидроцентрали, електронски патарини, концесија на патишта, електронска здравствена картичка, откупни центри за земјоделски производи се дел од проектите за кои се пробиени роковите дадени во предизборната програма

     
     
    %20  
    Ако годинава има избори, хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков мост“ ќе почнат да се градат веќе од идната година или така барем ќе пишува во предизборната програма на владејачката партија, која двапати веќе најави реализација на овие енергетски капацитети, и тоа во 2006 година во „Преродба во 100 чекори“ и во 2008 година во „Преродба во 100 чекори - надградена и проширена“.

    „Очекуваме сите три електроцентрали да почнат со градење до крајот на 2007 година, со што покрај зголемувањето на инсталира-ните обновливи извори на енергија, едновремено ќе се поттикне и работењето на домашната градежна оператива“, пишува во „Преродбата во 100 чекори“.

    Се чини дека подновената предизборна програма во 2008 година, насловена „Преродба во 100 чекори - надградена и проширена“, беше проширена само со нови рокови за истите проекти што веќе требаше да бидат во фаза на реализација.

    „Во моментов процесите на издавање под концесии за неколку поголеми и позначајни хидроенергетски објекти, како на пример ‘Чебрен’, ‘Галиште’ и ‘Бошков мост’, се во завршна фаза. Веднаш по изборите ќе пристапиме кон нивна изградба и експлоатација според постојните законски прописи во државата. Очекуваме сите три електроцентрали да почнат со градење до крајот на 2008 година“, пишува во „Програмата во 100 чекори - надградена и проширена“

    Измина повеќе од половината од 2010 година, а освен низа поништени тендери и илјадници евра потрошени за џабе, нема никаков знак дека почнува изградбата на овие големи енергетски објекти, кои треба да ја намалат зависноста на земјава од увоз на струја. Меѓутоа, хидроцентралите не се единствените што чекаат реализација. Иако Владата во изминатиов период успеа да реализира дел од проектите поставени во предизборната програма, дел од нив никако да дојде на ред. Во долг застој се и поголемите проекти од инфраструктурата. Имено, уште во декември 2008 година требаше да се реализира проектот „Консултантски услуги за концесии на патишта со наплата на патарина во Република Македонија“, со кои поголем дел од патната мрежа во земјава требаше да се даде под концесија. Уште во текот на минатата година требаше да се воведе интегриран електронски систем за наплата на патарина, кој ќе поддржува готовинско и безготовинско плаќање. Никако да мрднат и дузина проекти во земјоделството и во здравството. Така, покрај најавата за формирање откупно-дистрибутивни центри во Струмица и во Росоман, во текот на 2008 и 2009 година требаше да почне изградбата и на два откупни центри во Гевгелија и во Ресен со реномиран странски дистрибутер од Израел и дополнително да се најдат партнери за откупни центри во Тетово, Валандово, Босилово, Демир Капија и во Дебарца.

    Годинава, наместо здравствени книшки, веќе требаше да има електронски картички и комплетно да бидат компјутеризирани здравствените установи.




    Толку мали, а толку неостварливи

    Покрај големите проекти, кои најчесто се закочени во нејасните тендерски процедури, во предизборната програма на актуелната власт можат да се забележат и низа помали симпатични проекти, кои од нејасни причини не се спроведуваат. Така, до септември 2009 година во патничките возови и на железничките станици требаше да има системи за електронско издавање билети. До крајот на 2009 година требаше да се санираат каналите Билјанини Извори и Св. Наум во Охрид, а за да се воспостави езерската линија Подградец, Албанија-Св.Наум-Охрид. Наместо тоа, годинава сите бродови во Охрид се закотвени.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9110101326&id=10&prilog=0&setIzdanie=22073


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 14-Sep-2010 at 05:08
    Ретко се случува ваков зафат, па вреди да го имаме во евиденција. Коритото на река Темница на одреден дел пред две-три години е дислоцирано поради потреба од екплоатација на јаглен за ТЕЦ Осломеј кај Кичево. Еве една слика од Panoramio како изгледа тоа.

    http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Studija%20OVZS%20-%20OSLOMEJ%20%20ZAPAD.pdf - http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Studija%20OVZS%20-%20OSLOMEJ%20%20ZAPAD.pdf

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FBCA46EC19AB6743979EE032462EF428 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FBCA46EC19AB6743979EE032462EF428




    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 23-Sep-2010 at 11:36
    http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=738:2010-09-21-18-47-17&catid=122:ekonomija&Itemid=195 - Берово доби модерен водоснабдителен и санитарен систем

    Вторник, 21 Септември 2010 19:37

    Во општина Берово со помош од швајцарската Влада е извршена реконструкција на системот за водоснабдување и за канализација. Проектот, кој се изведуваше во изминатите четири години, опфати реконструирањето на главната водоводна цевка, изградбата на нов резервоар од 1.200 кубни метри, набавка на нова опрема за лабораторијата, замена на активниот јаглен  на фабриката за вода за пиење,

    како и замена на главните вентили. Во делот со отпадните води, извршена е рехабилитација и проширување на канализацискиот систем во Берово, изградба на колектор за отпадни води и изградба на пречистителна станица за отпадни води, која во моментов е на пробно работење. Воведен е и поефикасен и транспарентен сметководствен систем.

     

    Средствата се обезбедени со донација од швајцарската Влада во износ од 10 милиони швајцарски франци, како и од Министерството за  животна средина и просторно планирање и Општина Берово.

    Проектот, чија завршница беше одбележана денеска, треба да претставува уште еден од чекорите за унапредување не само на животната средина, туку и целокуната инфраструктура на Македонија.

    Напишано од Сител


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 02-Oct-2010 at 12:17
    Тендер за уредување на Грашница- понудите ќе се примаат до 2- ри ноември

    Секторот за Јавни набавки при општина Охрид, информира дека е објавен Оглас за изведување работи и извршување услуги за уредување на речното корито на реката Грашница. Понудите може да се достават најдоцна 2- ри ноември годинава, до 12 часот и 30 минути, а јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.


    http://ohridnews.com



    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 02-Oct-2010 at 12:23
    Започна изградбата на мостот на Петрушка река

    Започна изградбата на мостот на Петрушка река, во близина на гевгелиското село Габрово, кој пред две години беше урнат од невремето и поплавата кои го зафатија овој крај.

    Со изградбата на мостот, која ќе чини 2.348.839 денари, повторно ќе биде воспоставен сообраќајот меѓу Габрово и патот за Миравци. Затоа и жителите на ова потпланинско село не го криеја задоволството на денешното поставување на камен-темелникот. Изведувач на работите е градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија, а изведбените работи треба да бидат завршени до крајот на годината.
    -Со изградбата на мостот на граѓаните од ова населено место ќе им биде овозможена дирекнта сообраќајна врска со другите населени места во општината, бидејќи во изминатиот период за да сигнат до населбата мораа го користат стариот заобиколен планински пат. Станува збор за еден од поприоритетните инфраструктурни зафати во општината, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Инаку, во моментот градежната оператива во општината е ангажирана за изградба на уште два патни правци, патот од Богородица до Поновиот мост и патот за Хума. Изградбата на овие патишта ќе чини 23,5 милиони денари, кои средства се обезбедени преку Владата на РМ од Светската банка, изјави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов при поставувањето на камен-темелникот на мостот кај Габрово.

    http://gevgelija.gov.mk/mk/components/com_joomgallery/img_pictures//_1/september_2010_20100929_1919395075.jpg

    http://gevgelija.gov.mk


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 02-Oct-2010 at 13:31
    Започнаа градежните работи за изградба на канализационен систем во с.Митрашинци

    Заштитата на животната средина е значаен сегмент во работењето на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, за развој на алтернативниот туризам во општината како и во зачувувањето на природните богатства со кои располага општината. Како мерки за заштита на реката Брегалница покрај отварањето на пречистителната станица за отпадни води во близина на селото Мачево, е и започнувањето на изградба на канализационен систем во селото Митрашинци што директно ќе влијае и врз поголема безбедност во одржувањето на здравјето на целокупното население во селото.

    Средствата за реализација на овој значаен инфраструктурен проблем се обезбедени од Бирото за регионален развој на Република Македонија од каде се обезбедени 3.000.000 денари и од Буџетот на Општина Берово од каде се обезбедени 600.000 денари.

    Должината во првата фаза на изградба која треба да завржи за 60 дена ќе изнесува 1100 метри со 31 прифатна шахта.

    http://berovo.gov.mk/images/stories/kanalizacijam/img_0338.jpg
    http://berovo.gov.mk/images/stories/kanalizacijam/img_0350.jpg
    http://berovo.gov.mk/images/stories/kanalizacijam/img_0353.jpg
    http://berovo.gov.mk


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 15-Oct-2010 at 17:45
    Нови заеми за инфраструктурата

    Република Македонија работи на обезбедување на кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за финансирање на крупни инфраструктурни проекти во земјава. Банката веќе има одобрено ../?p=4318 - 50 милиони евра за водоснабдување и одведување на отпадни води , а во наредниот период се очекува поддршка на проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, како и дофинансирање на хидросистемот „Злетовица“. Од 1998 година досега ЕИБ во Македонија има инвестирано вкупно 330 милиони евра.

    До крајот на првиот кваратал на 2011 година се очекува банката да донесе одлука за финансирање на докомплетирањето на автопатот долж Коридорот 10 во Македонија, односно реализација на делницата Демир Капија – Смоквица, на која се работи заедно со ЕУ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Се очекува финансиска подршка и за докомплетирање на железничката пруга кон Бугарија, за која ЕИБ и ЕБОР ќе изработат физибилити студија, по што меѓудругото ќе може и прецизно да се утврди уште колку средства се потребни за заокружување на проектот. Физибилити студија за гасификацијата на земјава е веќе доставена до ЕИБ на разгледување, а учество на ЕБОР се најавува и во овој случај. По ../?p=2258 - повлекувањето на Јапонците , од ЕИБ има потврда и за финансирање на втората и третата фаза на „Злетовица“, што ќе овозможи профитабилност на хидросистемот и подмирување на задолжувањата. Покрај овие најави, разгледана е и можноста за подршка на приватниот сектор кај обновливите извори на енергија, поконкретно за финансирање мали хидроелектрани и слични проекти.

    Денес беше потпишан и ../?p=4258 - најавениот договор за задолжување на Република Македонија кај ЕБОР во вредност од 17,6 милиони евра , средства кои ќе бидат искористени за реконструкција на четири делници на пругата од Коридорот 10, со вкупна должина од 53 километри. Се работи за делниците Табановце – Куманово, Миравци – Смоквица, Згрополци (Ногаевци) – Градско  и Градско – Неготино. Рокот на отплата е 15 години, со грејс период од 3 години и каматна стапка од еуролибор плус еден процент, што во моментов изнесува околу 2 проценти. Градежните работи треба да почнат во 2011 година и да финишираат во 2013 година. Покрај овие средства ЕБРД обезбеди и грант од 1,2 милиони евра, а ја разгледува и можноста за финансирање на акумулацијата „Бошков мост“. При потпишувањето на договорот, вицепремиерот Владимир Пешевски искористи можност да соопшти дека Владата во соработка со странски компании во моментов работи на изградба на голем логистички центар во зоната на вкрстување на коридорите 8 и 10.



    http://www.build.com.mk/?p=5237 - http://www.build.com.mk/?p=5237



    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 18:41

    Изградба на пешачки мост на р.Треска


    Изградбата на пешачкиот мост на р.Треска придонесе да се намалат растојанијата помеѓу местатаод двете страни на реката кои досега беа доста оддалечени заради поставеноста на единствениот мостза моторен и пешачки сообраќај на реката Треска по нејзиното течение низ Македонски Брод.

    Мостот беше изграден по барање на граѓаните со средства на Општина Македонски Брод.

    На повеќе можете да погледнете повеќе слики од мостот.

    <>.sboxgallery { padding: 10px 10px 30px 30px; }#sboxth { padding: 0pt 5px 15px 0pt; text-align: center; font-size: 10px; width: 100px; }#sboxth img { border: 2px solid rgb(238, 236, 204); }#sboxth a:hover img { border: 2px solid rgb(62, 62, 62); }

    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0470.jpg">
    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0468.jpg">
    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0474.jpg">
    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0475.jpg">
    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0471.jpg">


    http://www.mbrod.gov.mk/images/morfeoshow/____________-8800/big/IMG_0471.jpg -




    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 07-Dec-2010 at 08:28
    Догодина Штип ќе се развива со околу  70 милиони денари

    Догодина Штип ќе се развива со околу  70 милиони денари. Парите, ќе бидат потрошени главно за уредување на градежно земјиште и реконструкција на неколку улици. Програмата предвидува уредување на градежното земјиште со нови парцели, реновирање на сообраќајници во централното градско подрачје , обезбедување на дополнителен паркинг простор и уредување на атмосферската и канализациона мрежа. Приоритетни за реконструкција, догодина ќе бидат улиците „Вардарска“ со 12 мил ден и  „Сутјеска“ со околу 10,7 мил. ден. Вкупно за изградба и одржување на локални патишта ќе бидат потрошени 43,8 милиони денари. Од нив 7,5 милиони се од Агенцијата за патишта, а 36,3 од буџетот на општината.  Од планираните средства:  10,5 милиони се наменети за редовно одржување на патиштата, а 2,6 за нивно одржување во зимски услови.

    http://www.tvstar.com.mk


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Jan-2011 at 21:02

    Еден од капиталните објекти што ќе почне да се гради годинава е Хидросистемот „Оризарска река“ за кој Владата обезбеди финансиски средства за негов почеток.

    Kalimanci240
    Како што рече градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, до крајот на април се очекува да биде завршена техничката документација, а во втората половина на 2011 година ќе почне пробивањето на патот до месноста Зла страна кај село Речани и експропријација на земјиштето.

    Тој додаде дека уште два капитални проекти ќе бидат реализирани во годината што почна.

    Според Димитровски продолжува изградбата на системот за водоснабдување, за што од КФВ банката е добиен кредит од 600 илјади евра и грант од 250 илјади евра. Овие средства ќе бидат искористени за изградба на цевковод, препумпна станица, нови бунари и снабдување со вода во населбите од високата зона во Оризари и Бели.

    Користењето на средствата од Европската банка за обнова и развој во висина од 1 милион и 150 илјади денари ќе се користат годинава за изградба на пет колектори во општина Кочани и истите со спојување во еден ќе бидат изнесени надвор од градот, каде што се планира изградба на пречистителна станица. Со овие финансиски средства и со подготвената студија до крајот на 2011 година ќе заврши целосно изградбата на колекторскиот систем во Кочанско.

    http://daily.mk/cluster3/dabebb9c052c3ac4d78467a3e086f1b9/537658


    Posted By: axel
    Date Posted: 08-Jan-2011 at 14:53

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/3-5-milioni-evra-za-vodovod-i-kanalizacija-vo-selskite-sredini.html - 3,5 милиони евра за водовод и канализација во селските средини

    Сретствата во висина од 3,5 милиони евра што Општината Куманово ги доби за изградба на водоводнаи и канализациони системи од Европската банка за обнова и развој ќе бидат употребени за довршување на неколку селски мрежи.

    Овие сретства ќе бидат употребени за изградба на водоводни системи во селата Лопате, Љубодраг, Умин Дол, Градиште и секаде каде што имаме изработени проекти.Дел од парите ќе бидат употребени за довршување на канализационите системи, како што е системот МЕАП кон селото Черкезе, спојување на главниот колектор од селото Горно Којнаре кон Долно Којнаре и на улицата Никола Тесла. Таму каде што имеме прекини, или немаме изградени канализациони системи.Во секој случај овие сретства се добредојдени и ќе бидат правилно искористени-вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/3-5-milioni-evra-za-vodovod-i-kanalizacija-vo-selskite-sredini.html


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 18-Jan-2011 at 14:52
    приоритетните развојни проекти Гевгелија

    Советот на општина Гевгелија пред крајот на минатата година ги утврди приоритетните развојни проекти кои ќе се реализираат во општина Гевгелија во 2011 година.
    http://gevgelija.gov.mk/mk/images/slki/raulj.jpg

    Со донесувањето на План на програми за развој на општина Гевгелија за 2011 година, Советот всушност ги утврди развојните приоритети на општината. Така, покрај веќе започнатата реконструкција на Народниот театар во Гевгелија, на листата на приоритетни проекти се наоѓаат регулацијата на одводниот канал "Рауљ" и на дел од коритото на Сува Река и коритото на Мрзенска река, потоа, довршување на локалниот пат Н.Конско-Хума, изградба на патот од мостот на Сува Река до граница со Република Грција, изградба на заобиколен пат околу Гевгелија (Западен и Јужен Булевар) и реконструкција на локалниот пат Негорци-Серменин.

    За подобрување на водоснабдувањето приоритет ќе се даде на изградбата на постројка за подобрување на квалитетот на водата за пиење од регионалниот водовод Гевгелија и реконструкција (замена на азбесните цевки) на водоводната мрежа во Гевгелија и во населените места.

    Советот на општината во приоритетните проекти, покрај изградбата (продолжување) на главниот колектор за отпадни води на фекалната канализација во Гевгелија, ја вклучи и изградба на пречистителна станица за фекална канализација во Гевгелија.

    http://gevgelija.gov.mk




    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 03-Feb-2011 at 18:28
    Источна Македонија ќе добие хидросистем

    Техничката документација за хидросистемот „Оризарска река“ кај Кочани е во изработка на градежниот факултет во Скопје.

    hidrosistem240
    Проект е финансиран од Владата на Република Македонија. Финансиските срдства изнесуваат 18 милиони денари.

    Техничката документација се очекува да биде готова до март.

    - Се очекува да се почне со експропријација на земјиштето и трасирање нов пат од село Оризари директно до браната, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

    Кон средината на оваа година ќе биде распишан меѓународен тендер за странски инвеститор, со што Владата ќе доведе инвеститор за овој капитален објект во Источна Македонија.

    Хидросистемот „Оризарска река“ е од капитално значење за над 80 илјади жители од регионот на Кочани и Виница, бидејќи ќе обезбедува квалитетна планинска вода за пиење, наводнување и производство на електрична енергија, преку две мини хирдоцентрали.

    http://kurir.mk/republika/proekti/17682-Istocna-Makedonija-ke-dobie-hidrosistem


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 03-Feb-2011 at 21:44
    Неможем да најдм добра копија од просторен план ги има точно вцртано со мапа прокетираните акумулации.


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 22-Mar-2011 at 07:08
    Марибор ќе обезбеди жичарница од месноста Корита до врвот на Галичица
    Општина Марибор е подготвена да ја обезбеди жичарницата од месноста Корита до врвот на Галичица и да помогне  во изготвувањето  проекти со кои  општина Охрид  ќе користи средства од претпристапните фондови на Европската  унија. Ова било договорено на средбата на градоначалнкот Александар Петрески со градоначалникот на словенечкиот град марибор, Франц Канглер. 


     
    На средбата станало збор и за други видови  соработка во областа на зимскиот туризам и размена на искуства на двете општини.



    Градоначалниците Петрески и Канглер договориле  екипа на Секторот за туризам и локален економски развој  од Охрид една недела да престојува во Марибор, а потоа нивна екипа да дојде во Охрид каде ќе бидат изработени неколку проекти со кои ќе се конкурира пред фондовите на ЕУ.

    OhridNews

    http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=29465 -
    http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=29465


    Posted By: axel
    Date Posted: 28-Mar-2011 at 11:17

    Охрид ќе постави жичница на Галичица

    Општина Охрид ќе постави жичница со која туристите ќе може да се искачат на планината Галичица и да се рекреираат во зима. Ова ќе се реализира со проектот за развој на зимскиот туризам, со кој охридската локална самоуправа ќе конкурира за пари од претпристапните фондови на Европската Унија.

    Според планираното, жичница ќе биде долга 6 километри и ќе треба да ја поврзува месноста Корита со падините на Галичица. Исто така, планирано е и поставување на неколку ски-лифтови.

    Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, појасни дека за првична реализација на проектот ќе биде набавена половна жичница, која претходно се користела во некој од познатите скијачки центри во Словенија, Швајцарија или во Италија.

    - Во овие земји зимските центри се многу развиени и таму многу често ги менуваат жичниците. На пример исправна жичница која е едносед ја менуваат за да постават двосед или тросед. Ние со помош на овој проект планираме да донесеме исправна користена жичара што би служела 10-ина години, додека не направиме друга, посовремена. Нам сега не ни треба толку современа жичница какви што има во Швајцарија, нам ни е важно таа да биде исправна и да може да функционира - вели Петрески.

    Тој објасни дека донацијата ќе покрие околу 80 отсто од вкупната вредност на жичницата, додека пак општината ќе треба да се погрижи за другите содржини што се потребни за уредување на зимскиот рекреативен центар.

    - Нам на Галичица не ни требаат градби како што се хотели и одморалишта, такви објекти имаме на крајбрежјето и истите ќе може да се користат за сместување на туристите. На планина ќе треба да се изградат само неколку монтажни објекти, во кои ќе бидат сместени неколку простории за преслекување и угостителски објект, каде што ќе можат туристите да се напијат чај или да ручаат - вели Петрески.

    Охридскиот градоначалник објасни дека во подготвувањето на проектот, значително ќе им помогне искуството на Општина Марибор од Словенија.

    - Марибор е град во Словенија кој има искористено најмногу од европските фондови. Тоа значи дека ние сега ќе го искористиме нивното знаење. Тешкиот пат што тие досега го изоделе нам ќе ни го сервираат на тацна - нагласи Петрески, објаснувајќи дека деновиве екипа од Секторот за локален економски развој ќе оди во еднонеделна посета на Марибор за да ги подготват проектите.

    Според него, изградбата на зимско-рекреативен центар на Галичица ќе придонесе за развој на зимскиот туризам во овој регион и значително ќе ја надополни туристичката понуда на Охрид во зимските месеци

    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=058B7F1400CE9641BC67CD48CFF28C76


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 28-Mar-2011 at 15:18
    Ај да видам да не верувам. Такви предиспозиции за ски центри или подобро кажано толкави неискористени планински масиви има само во Македонија. Секогаш сум киажувал и мислел Македонија има многу поголеми предиспозиции за зимски одошто за летен туризам (не дека нема за летен али за зимски се огромни))!


    Posted By: axel
    Date Posted: 04-Apr-2011 at 13:17

    За тесни грла три милиони евра

    Со новите инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка ќе бидат изградени повеќе приоритетни патишта, водоводи, канализациски системи и паркинзи, кои ќе решат некои од долгогодишните проблеми

    Близу три милиони евра ќе бидат инвестирани во инфраструктурата во општина Крива Паланка, со што ќе биде решен дел од приоритетните проблеми со кои граѓаните се соочуваат долги години. Средствата се обезбедени од државата преку заемот од Светска банка, од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а дел и од општинскиот буџет.

    - Најголем дел од средствата ќе биде вложен во изградбата на локалната патна мрежа. Од ЕБОР се обезбедени 409 илјади евра со кои ќе бидат изградени локалните патни правци од Крива Паланка до село Мартиница, во должина од 1,2 км и делницата од селото Конопница до село Мождивњак, долга 1,3 км. Од особена важност е изградбата на патниот правец кон Мартиница, кој ја опфаќа населбата Скрљава и неколку улици кои се густо населени, а досега имаа големи проблеми со пристапот и немаа речиси никаква патната инфраструктура. Тендерот за овие локални патишта е распишан и наскоро очекуваме да почнат градежните активности - вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.

    Во втората етапа од реализацијата на заемот од Светската банка, наменет за реконструкција на локалната патна мрежа, обезбедени се 36 милиони денари за изградба на патниот правец Крива Паланка - село Станци, во должина од 4,5 километри.

    - Овој е еден од најприоритетните и најфреквентни патишта за општината, кои се недоизградени и во многу лоша состојба. Оваа делница е од особено значење затоа што низ неа поминува новиот цевковод за водозафатот од Станечка Река, а овој регион е важен и за развојот на туризмот, како и за поврзувањето со хидросистемот „Злетовица“ - вели Никола Граматиков, советник за уредување на градежно земјиште.

    Од ЕБОР се обезбедени и дополнителни 1.260.000 евра со кои ќе се решат долгогодишните проблеми со тесните грла и подобро водоснабдување во високата зона на левиот и на десниот брег од градот. Дел од средствата се наменети и за замена на азбестните цевки во градот, во должина од 2 км, за доизградба на колекторскиот систем, како и за водоводи и канализации во селата Мождивњак, Конопница, населбата Бојанов Дол и други населени места.

    - Покрај инвестициите од државата, околу 2 милиона денари ќе вложиме и од буџетот на општината за патната инфраструктура и сообраќајниот режим во централното градско подрачје. Ќе биде поставен завршен слој на двата крака од главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, кои ќе бидат еднонасочни, со предвидена лента за зонско паркирање. Ќе биде изграден и паркинг, со што ќе се растовари сообраќајот на главната улица, кој сега создава големи проблеми - подвлекува Алексовски.

    Од Општината најавуваат и други инвестиции за инфраструктурни објекти, а најголем дел од идните вложувања ќе биде наменет за изградба на локални патишта од приоритетната листа.

    http://www.time.mk/read/NONE/40593d6f76/index.html



    Print Page | Close Window