Print Page | Close Window

Кумановски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=998
Printed Date: 27-Apr-2024 at 18:22


Topic: Кумановски сообраќај (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Кумановски сообраќај (општо)
Date Posted: 12-Jul-2009 at 23:55
Еднонасочен сообраќај за хаос во Куманово КУМАНОВО - Одлуката на Советот на Општина Куманово со која е воспоставен режим на еднонасочен сообраќај на сите улици во строгиот центар на градот е најлошото решение досега на локалната самоуправа донесено во последно време. Ова е став на околу 150 сопственици на фирми на улицата „Иво Рибар Лола“, кои секој ден по еден час излегуваат на протести и го блокираат сообраќајот.

„Од решението на општинскиот Совет директни штети трпат нашите претпријатија од чија дејност ги прехрануваме семејствата. Штети имаат и буџетите на Општината и државата, бидејќи не сме во состојба да ги плаќаме даночните обврски. Од моментот кога се воведе еднонасочен сообраќај, фреквенцијата по улицата и покрај приодите на нашите фирми е преполовена. Со тоа е преполовен и дневниот промет‘‘, вели револтирано Крсте Димитриевски, сопственик на фирмата „Маркокомпани“.

За да се дојде до одредена улица во строгиот центар на Куманово, мора да се заобиколи половина од градот. Или да се поминат неколку километри тесни сокачиња со што непотребно се троши гориво и се губат време и нерви. Вака се жалат сопствениците на фирми од популарно наречената улица „Нагорички сокак“.

Сериозни забелешки на еднонасочното решение имаат и кумановските такси-компании, како и граѓаните кои сметаат дека наместо ред, донесе хаос во сообраќајот.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, го разбира незадоволството, но вели дека еднонасочниот сообраќај кај дел од граѓаните наидува на позитивни реакции. Поради различните гледишта, Дамјановски најави дека решението на Советот ќе се преиспита во септември.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=73594FE7C4E5F84E89DE4307C3CBB440



Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 27-Jul-2010 at 16:47

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-mestat-semafori-kaj-noviot-pazar.html - Се местат семафори кај новиот пазар

  Светлосна сообраќајна сигнализација деновиве се поставува на една од најфрекфентните  раскрсници на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-mestat-semafori-kaj-noviot-pazar.html"> Се%20местат%20семафори%20кај%20новиот%20пазар

 Семафорите сe поставуваат со цел да го регулира сообраќајот во овој дел на градот, каде што поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните прописи често се случуваат сообраќајни несреќи, велат од локалната самоуправа.

 Секторот за сообраќај со проет за вертикално и хоризонтално обележување во градот сака да го реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Неодамна, како дел од истиот проект беа поставени семфори на раскрсницата на улиците „11 Октомври„, „Гоце Делчев„ и „Доне Божинов„.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-mestat-semafori-kaj-noviot-pazar.html


Posted By: axel
Date Posted: 10-Aug-2010 at 23:23

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html - Се реконструира „Индустриска“

На улицата „Индустриска“ се врши реконструкција и санација на коловозната лента.Се работи на потегот од  улиците „11 Октомври“ до „11 Ноември“ во должина од 1236 метри, а со широчина од 12 метри.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html"> Се%20реконструира%20„Индустриска“

Досега се санирани 5000 квадрати,бидејќи имаше наноси од земја, па прво нив ги отстранивме и останува уште да се стави нов слој на асфалт со што ќе биде комплетно реконструирана улицата. Се надеваме до почетокот на септември дека ќе биде готова, но сепак се зависи и од финансиските средства - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за урбанизам.

Реконструкцијата чини околу 16 милиони денари, бидејќи улицата беше многу оштетена поради и таму се движат потешки возила па се неопходни поголеми зафати. Оваа инвестиција е една од поголемите, а работите ги изведува Хуљуси Комерц.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html


Posted By: axel
Date Posted: 16-Aug-2010 at 05:09

Обновени легнатите полицајци во Куманово

На најфреквентните сообраќајници во Куманово се поставуваат лежечки полицајци или се обновуваат таму каде што се оштетени.

Според Момчило Јовановски од Секторот за урбанизам во локалната самоуправа, ќе се постави и нова хоризонтална сигнализација. Проектот изнесува два милиона и сто илјади денари.

Иако постојано се апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, Куманово не може да се пофали со сообраќајна култура на возачите. Лежечките полицајци дел од несовесните возачи ги избегнуваат со возилата искачувајќи се на тротоарите, со што се загрозуваат пешаците. И покрај воведување еднонасочен сообраќај на улиците во централното градско подрачје во најфреквентните периоди од денот, како и во вечерните часови, тротоарите стануваат паркиралишта на возилата чии сопственици се забавуваат во блиските кафулиња. Тоа им создава проблеми на пешаците, кои не се безбедни при движењето. (С.А.Ј.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=96085E4C96CE1941AC08B2E66998D4DF


Posted By: axel
Date Posted: 24-Aug-2010 at 17:29

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ucenicite-vo-kojnare-ce-gazat-po-asfalt.html - Учениците во Којнаре ќе газат по асфалт

Денеска започна асфалтирањето на улицата до средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ во селото Долно Којнаре.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ucenicite-vo-kojnare-ce-gazat-po-asfalt.html"> Учениците%20во%20Којнаре%20ќе%20газат%20по%20асфалт

Станува збор за патот од мостот кај добиточниот пазар до училиштето, кој што жителите од населбата, учениците и наставниците го чекаат подолго од 70 години.

Проектот за патот го изработи Ј.П.„Водовод“, кој има дозвола за градба,а работите ги изведува градежното претпријатие „Хуљуси комерц“. Патот е во должина од 700 метри со околу 4000 квадратни метри асфалтна површина. Проектот чини околу 4,5 милиони денари - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

За неколку дена се очекува патот да биде завршен, да се направи технички прием и на свечен начин да биде пуштен во употреба, пред почетокот на учебната година. Од реализацијата на проектот задоволен е и директорот на Горан Јовановиќ.

Со децении го чекаме овој пат и многу значи за училиштето, бидејќи се решава еден голем инфраструктурен проблем - рече Јовановиќ.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ucenicite-vo-kojnare-ce-gazat-po-asfalt.html



Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 30-Aug-2010 at 22:28
Originally posted by axel

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html - Се реконструира „Индустриска“

На улицата „Индустриска“ се врши реконструкција и санација на коловозната лента.Се работи на потегот од  улиците „11 Октомври“ до „11 Ноември“ во должина од 1236 метри, а со широчина од 12 метри.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html"> Се%20реконструира%20„Индустриска“

Досега се санирани 5000 квадрати,бидејќи имаше наноси од земја, па прво нив ги отстранивме и останува уште да се стави нов слој на асфалт со што ќе биде комплетно реконструирана улицата. Се надеваме до почетокот на септември дека ќе биде готова, но сепак се зависи и од финансиските средства - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за урбанизам.

Реконструкцијата чини околу 16 милиони денари, бидејќи улицата беше многу оштетена поради и таму се движат потешки возила па се неопходни поголеми зафати. Оваа инвестиција е една од поголемите, а работите ги изведува Хуљуси Комерц.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-rekonstruira-industriska.html


Хуљуси компани ... браво бе..и после година  - две пак ќе се раскопа и све џабе..колку сантими асвалт е ставено? По таа улица поминуваат тешки камиони,не е само да се сипе асвалт и готово.. Куманово со еден збор е КАТАСТРОФА!


Posted By: axel
Date Posted: 22-Sep-2010 at 18:14
veke 3 meseci se raboti na prosiruvanje na bul 11 oktomvri kaj izlezot sprema sv nikole

http://img840.imageshack.us/i/p2209100946.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img245.imageshack.us/i/p22091009461.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img835.imageshack.us/i/p22091009471.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img834.imageshack.us/i/p22091009472.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img696.imageshack.us/i/p2209100948.jpg/">

http://img529.imageshack.us/i/p2209100949.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


Posted By: axel
Date Posted: 23-Dec-2010 at 18:38
Улица Поток Серава -  во должина од 1362 метри и површина од 7756 м2 дебелина од 10 см . По претходна спроведена тендерска постапка со работа се започна 10.06.2010 година  и е завршено во рок и согласно со динамика на работење кој е утврден со  договорот. Догооврот е склучен со МАВРОВО ИНЖЕНЕРИНГ од СКОПЈЕ . Вредноста на целосниот проект е 16 000 000 денари. Пуштањето во употреба го изврши Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски.

 

 

 

 

 

http://www.kumanovo.gov.mk/ulica_potok_serava.html


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2010 at 21:15


Солидна должина. Кумановци ај молба, обележете која е улицава.


Posted By: axel
Date Posted: 24-Jan-2011 at 01:02

Пајакот ќе плете сообраќаен ред

Воведувањето на пајак-службата и зонско паркирање во Куманово ќе го потсреди сообраќајниот хаос и злоупотребата на паркинзите и дивото паркирање, велат во локалната самоуправа. Оваа новина предизвика реакции кај советниците од опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, која смета дека градоначалникот и неговите служби се виновни за сообраќајниот хаос особено во централното градско подрачје. А, како што велат, зонското паркирање и пајак-службата ќе биде само уште една можност за удирање по џебот на граѓаните.

Советникот Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека за решение на сообраќајниот хаос не се доволни два-три килограми боја на улиците, за обележување на паркинг-местата, туку треба да се изгради катна гаража, која градоначалникот Зоран Дамјановски ја вети како капитална инвестиција во предизборниот маркетинг.

Градоначалникот Дамјановски одговара дека локалната самоуправа е свесна за сообраќајниот хаос и сака барем да го намали. За незапочнатите капитални инвестиции тој вели дека од Министерството за транспорт и врски се чекало одобрение за корисничко право на земјиштето.

- Сите овие одлуки се во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Тоа јасно укажува каде е вината. Едната подземна катна гаража е планирана на плоштадот, а другата во административниот центар „Чоробенско ќоше“. Но и двете капитални инвестиции с` уште се во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Затоа барам соработка од опозицијата заеднички да го решиме проблемот и да го оставиме политичкиот популизам - вели Дамјановски.

Според него, со изградба на двете катни гаражи ќе бидат обезбедени 1.260 паркинг-места.

- Катните гаражи ќе се градат со јавно-приватно партнерство, бидејќи со нашиот буџет овие проекти сами не можеме да ги реализираме - вели тој.

До изградба на катните гаражи локалната власт е принудена да го намали сообраќајниот метеж во центарот на Куманово со воведување на зонско паркирање со привремено ограничување и пајак-службата, која ќе ги отстранува непрописно паркираните возила.

- Во Куманово има над 30.000 регистрирани возила, а проблемот со паркирањето локалната самоуправа настојува да го реши со зонско паркирање. Употреба на пајакот не е само во служба на зонското паркирање и наплата за паркирање, таа е во служба на елиминирање на неправилно паркирање кое ја нарушува безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот - вели Дамјановски.

Општинскиот секретар Оливер Спасовски посочува дека моментно има обележени 754 паркинг-места, а со зонското паркирање овој број ќе се зголеми трикратно или четирикратно.

Пајак-службата ќе работи во рамките на ЈП „Чистота и зеленило“.

- Возилата ќе бидат отстранувани во соработка со полицијата и ЈП „Куманово-паркинг“. Возилата ќе се носат на депото на „Чистота“ - вели директорот на „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски.

Директорот на ЈП „Куманово-паркинг“, Трајче Трајковски, вели дека нивната обврска е доследно да го спроведуваат законот. Тој додава дека поради злоупотребата на некои возачи на непропишаните места за паркинг во централното градско подрачје, пешаците се принудени да се движат по сообраќајните површини.

- Не може некој да го остави возилото паркирано и тоа да стои по половина месец со натпис дека се продава - вели Трајковски.

Пајак-служба во Куманово имаше и кон крајот на 90-тите години од минатиот век. Таа беше укината затоа што најчести прекршители на законот беа некои од тогашните локални моќници, кои не само што не ги плаќаа казните, туку предизвикуваа физички конфликти со службата.

http://www.time.mk/read/NONE/c27409bf7f/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 10-Feb-2011 at 17:50

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-gradi-patot-vo-tromedja.html - Се гради патот во Тромеѓа

Продолжува изградбата на патот во селото Тромеѓа во должина од 1100 метри.Проктот е започнат пред неколку месеци, но поради временските услови беше запрен.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-gradi-patot-vo-tromedja.html"> Се%20гради%20патот%20во%20Тромеѓа

Семејствата од овој дел од селото се приклучија на канализациониот систем, а сега ќе добијат и асфалтен пат.  Вредноста на прокетот е 100 илјади евра. Работите ги изведува претпријатието Пелагонија. Истовремено ќе се врши санација на патот кон Амбар маала, како и реконструкција на патот во населбата Иго Тричковиќ- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска беше на лице масто да види како се одвиваат работите на терен.

 Со изградба на овој пат, жителите од ова населено место ќе имат подобра врска со градот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-gradi-patot-vo-tromedja.html


Posted By: axel
Date Posted: 01-Mar-2011 at 16:17

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/pelinska-horor-ulica.html - „Пелинска„ - хорор улица

Улицата „Пелинска„ е сокачето во должина од околу 200 метри од пред влезот на 11-катницата на ФЗЦ,„11 Октомври„ до излезот на „Октомвриска револуција„ кај „Табакана„.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/pelinska-horor-ulica.html"> „Пелинска„%20-%20хорор%20улица

Со други зборови, во срцето на градот. Деновиве до „дежурниот„ репортер на Kumanovonews се обратија станарите во споменатата 11-катница со аларм дека им е дојдено преку глава од тоа што се случува со сокачето именувано како улица „Пелинска„.

„Пред влезот на нашата зграда во последно време по неколку пати дневно минуваат „миксери„ со бетон од триесет до четириесет тони и решето ја прават инфраструктурата на улучката што не е правена да носи вака тешка градежна механизација. Башка дупките се полни со кал и вода. Ја уништија подземната фекална канализација и цевките за атмосферска вода. Нон-стоп одиме и молиме во ЈП ,,Водовод‘‘ да ни ја поправаат канализацијата. Фекалните води влегуваат во просториите на етажната котларница во која не се влегува од смрдеа. Валканиците и калта што ги газиме пред зградата ги внесуваме во ходниците и лифтовите, односно во становите. Никако не успеваме да ја одржиме хигиената на зградата‘‘ - се жалат станарите на 11-катницата.

Во суштина, што е проблемот. Според револтираните граѓани од оваа станбена зграда, надлежните во гратската управа треба да ѕирнат во сокачето ул.„Пелинска„ и да видат што се случува. Ако е точно дека по сокачето, на кое патем живеат околу седумдесет семејства вклучително и неколкуте станбени згради, катадневно се пренесуваат тони и тони градежен материја со тешки товарни возила, некој мора да се замисли и да преземе неопходни мерки. Каде е комуналната инспекција, каде се одлуките на Советот на општината „секој што ќе прекопа улица или тротоар, должен е да ја врати во првобитната состојба„. Граѓаните што во случајов со право и се лутат на гратската управа, посочуваат дека уништувач на нивната уличка е инвеститорот и изведувачите на градежните работи на новата станбена зграда на локалитетот „Табакана„. Се чини улицата „Пелинска„ е единствен или најлесен приод до градилиштето. Инаку, сокачето е мошне фреквентно за пешаци, не само за станарите кои во случајов се јавуваат како единствено засегнати. Се надеваат дека пораката ќе стигне до совеста на надлежните во градот, а особено до тие што неодговорно ја експлоатираат со својата градежна механизација. Исто така и ќе се сетат да ја асфалтираат за да не се разнесува калта низ тој дел од градот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/pelinska-horor-ulica.html


Posted By: axel
Date Posted: 02-Mar-2011 at 16:19

02. Mar 2011 15:58 http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ulica-vo-cerkeze-ce-se-asfaltira.html - Улица во Черкезе ќе се асфалтира

 Утре започнува реконстукција и асфалтирање на улица во Черкеско село. Двата крака од улицата „1„ и „1А„ е во должина од 800 метри.

Со подобрување на временските прилики отпочнуваат нашите активности на терен. Се работи за земјен пат, кој ќе се тампонира и оивичи, по што ќе се асфалтира. Вкупната вредност на проектот изнесува 5,5 милиони денари. Согласно договорот со изведувачот работите треба да се завршат максимално за 30 дена- вели Момчило Јовановски, заменик раководителот во Секторт за урбанизам.

Изведувач на работите е претпријатието Хуљуси комерц.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/ulica-vo-cerkeze-ce-se-asfaltira.html


Posted By: axel
Date Posted: 03-Mar-2011 at 14:51

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/za-krpenje-dupki-lani-potroseni-6-milioni-denari.html - Зa крпење дупки лани потрошени 6 милиони денари

 За одржување на јавно - прометните површини на подрачјето на градот од буџетот на Општината, минатата година се потрошени 5.948.734 денари.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/za-krpenje-dupki-lani-potroseni-6-milioni-denari.html"> Зa%20крпење%20дупки%20лани%20потрошени%206%20милиони%20денари

Како што стои во Извештајот на Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на Општината Куманово, средствата се потрошени за однапред предвидени и програмирани позиции како што се пробивање и изградба на нови улици и прометни површини, крпење на ударни дупки со асфалт, вградување на тампонски материјали, замена на истрошени ивичници и на шахти и други зафати.

Околу шест милиони денари потрошени лани за ,,крпење‘‘ на дупките по коловозите и за, какво такво, комунално суредување на нашите улици. Малку или многу ? - ќе праша некој. Колку што има пари (општинските буџети вечно кубурат со средства) - доволно е сработено во секторот на комуналната инфраструкура. Барем така се согласија советниците на претпоследната седница на Советот при отчетот на комуналците за тоа што сработеле во минатата година. Доволно за советниците, но малку за нас граѓаните. Ние секој си имаме свое сокаче и сакаме да куртулиме од дупките и од газењето кал. Особено по т.н. забутани делови од градот и по перифериите. А градот е распослан на огромно подрачје: од Лопате до Доброшане, од Черкезе до Тромеѓа, од Бабин дол до Горно Којнаре. И којзнае до кога и до каде ќе се шири овој, за наши услови, град - мегалополис.  Злобниците би рекле: е, па нема ем ем! Ем огромни куќи и дворови, ем широки улици и тротоари. Цела среќа во оваа сиво - розова комунална приказна е што немаме случај на некој несреќен проект од типот ,,Скопје-2014‘‘ ако, скраја да е, нашиве гратски татковци немаат нешто скриено за да го обелоденат во каппањата за евентуално предвремените парламентарни избори околу кои власта и опозицијата деновиве жестоко си ги кршат копјата. Што се однесува до тоа ќе имаме ли некогаш доволно пари за да си ги удоволиме сите желби на планот на комуналното уредување - здравје!

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/za-krpenje-dupki-lani-potroseni-6-milioni-denari.html


Posted By: phenomenon
Date Posted: 04-Mar-2011 at 20:02
    Цела среќа во оваа сиво - розова комунална приказна е што немаме случај на некој несреќен проект од типот ,,Скопје-2014‘‘

    Дали си сигурен.Ај сети се на катната гаража на три ката, и тоа подземна и на подземните улици низ центар.
     
    Морам да кажам дека многу мерак ми направија металните пречки на тротоарите низ центар. Конечно да си шетам по градот како човек.



Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 07-Mar-2011 at 14:48
Originally posted by phenomenon

    Цела среќа во оваа сиво - розова комунална приказна е што немаме случај на некој несреќен проект од типот ,,Скопје-2014‘‘

    Дали си сигурен.Ај сети се на катната гаража на три ката, и тоа подземна и на подземните улици низ центар.
     
    Морам да кажам дека многу мерак ми направија металните пречки на тротоарите низ центар. Конечно да си шетам по градот како човек.



Камо среќа да имавше и Куманово "несреќен" проект Ск 2014.. A сега што имаме , "среќен" проект  ступчиња 2011 ..

Конечно на нашиот "градоначалник" му текна, после 6 години на власт да му текне да ги огради тротоарите барем во централното подрачје, очигледно многу паметен човек е Bash


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Apr-2011 at 14:29
Не сум видел дека има нишка за кумановски сообракаj,но мора да упатам една критика,мислам дека нема друг град во МК со толку несреден сообракаj,не знам дали се должи на лошата инфарструктура,на напливот од возила или од некултурата на возачите,но кога и да сум бил во Куманово таму е полна џунгла,улиците се преполни со возила,застанува коj каj ќе му текне,насекаде има застоj,остава впечаток многу несредено место.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: phenomenon
Date Posted: 12-Apr-2011 at 17:18
    Ти што сакаш, кога пред очите на полицијата, приватни автомобили и такси-возила паркираат на пешачки премини и автобуски постојки. На раскрсницата кај пазарот, сум видел паркирани диви таксисти, во два реда, на лакот на самата раскрсница (меѓу двата пешачки премини). Која култура сакаш сегa?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 12-Apr-2011 at 23:36
Originally posted by ovaj_stariov

Не сум видел дека има нишка за кумановски сообракаj,но мора да упатам една критика,мислам дека нема друг град во МК со толку несреден сообракаj,не знам дали се должи на лошата инфарструктура,на напливот од возила или од некултурата на возачите,но кога и да сум бил во Куманово таму е полна џунгла,улиците се преполни со возила,застанува коj каj ќе му текне,насекаде има застоj,остава впечаток многу несредено место.


Kaтастрофа е ..Question  Имаме дебил градоначалник,веруј не ми се иде со кола низ град, зашто полудувам..И не е само сообраќајот... многу проблеми има,никој не ги решава


Posted By: axel
Date Posted: 08-Jul-2011 at 16:16

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-tromedja.html - Асфалтирана улица во Тромеѓа

 Во селото Тромеѓа синоќа беше пуштен во употреба асфалтирана улица во должина од 1100 метри. Проектот чини 9 милиони денари, а свечената лента ја пресекоа градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Оливер Спасовски.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-tromedja.html"> Асфалтирана%20улица%20во%20Тромеѓа

Со асфалтирање на улицате се заврши комплетната инфрастуктура во тој дел на селото, бидејќи предходно беше поставена водоводна и канализациона мрежа. Оваа улица многу значи за жителите од нашата населба бидејќи повеќе нема да газиме кал-изјави Моме Антиќ, претставник од селото.

Градоначлникот најави нови инвестиции во селото.

За неколку дена ќе започне реконструкција на патот во Амбар маало. Истовремено ќе започне и изградбата на улицата 400 што директно ги сврзува црквата во селото Тромеѓа и училиштето во Пуковско. На новите улици ќе биде поставено и комплетно осветлување. Со тоа ги исполнуваме условите за урбано живеење на граѓаните од оваа населба-рече градоначалникот  Дамјановски.

Задоволни што конечно ќе газат по асфалт, а во знак на благодарност кон локалната самоуправа дел од жителите предложија улицата да го носи името на градоначалникот. Во селото Тромеѓа живејат голем дела на млади семејства и има зголемување на бројот на учениците, поради што се планира да се реконструира и догради подрачното училиште. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-tromedja.html


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2011 at 00:04
Гледам дека оваа нишка за сообраќајот во нашето Куманово е запоставена, па сакам повторно да се навратам на неа. Сметам дека на форумот има доста градежни инжинери, можеби и професори, па од нив ако некој го познава доволно добро нашиот град, сакам да чујам стручно мислење.
Според кој урбанистички правец и тренд, стана практика да се градат огромни згради на самите тротоари без подземни или било какви гаражи и предвиден простор за паркирање. А од друга страна, гледам дека на секоја зграда приземјето и е резервирано за дуќани.
Она што мене не ми е јасно, а верувам и на повеќето, а сакам да знам е:
1. Како во посочените дуќани ќе се доставува стока и со што? Дали со велосипед? Зашто и за мал камион маневрите се на граница на возможноста.
2. Каде ќе ги паркираат колите вработените во тие дуќани?
3. Каде ќе ги паркираат колите потенцијалните купувачи?
И последната најважна точка:
4. Каде ќе ги паркираат колите нововселените станари?
Многу се нервирам што постојат толку глупи проектанти, како некој да им извршил лоботомија.
Па поиздржани проекти и подобро планирање на живеалиштата имало во Стар Египет, Сумерија, Месопотамија, Стара Кина, Стара Индија.
Како некој може да биде толку ограничен, неспособен и глупав, во времето на денешната технологија, автоматски машини, 3Д Автокад, да прави такви пропусти.
И со своето однесување да ја уназадува цивилизацијата и да тежнее да постане мајмун...


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jul-2011 at 01:36
phenomenon, за нас што не го познаваме Куманово, може ли неколку примери за такви згради-чирови, со координати или со фотки?


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2011 at 02:32
   Оваa слика е позајмена од axel.  Станува збор за зградата на Лукоил, изградена врз поранешно паркиралиште, заедно со бензинската пумпа. Координати N42.1331 E21.7129
 
http://img192.imageshack.us/i/benzku.jpg/">
 
Ова е просторот на паркиралиштето пред да почне да се гради
Големина на текст: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

За ова место е интересно што беше предвидено подигање на катна гаража, најмодерна на Балканот, идеја која ја слушнав можеби пред повеќе од петнаесет години.
 
Веднаш спроти неа од другата страна на булеварот, зграда со координати N42.1328 E21.7132
Други гангренозни места на урбаното живеење и планирање се:
- зградата со координати N42.1335 E21.7161
- зградата со координати N42.1329 E21.7152
- зградата со координати N42.1320 E21.7184
 
Има и многу други, но овие највеќе бодат очи зашто се во најстрогиот центар.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2011 at 02:46
Еве уште некои "ремек-дела" на градежништвото:
 


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: axel
Date Posted: 27-Jul-2011 at 21:08

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/asfaltirani-nekolku-ulici-vo-gradot.html - Асфалтирани неколку улици во градот

 Градоначалникот Зоран Дамјановски со своите соработници денеска изврши обиколка на неколку улици во градот, кои се опфатени со проектот за летно одржување и реконструирање.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/asfaltirani-nekolku-ulici-vo-gradot.html"> Асфалтирани%20неколку%20улици%20во%20градот

Станува збор за улиците „Вардарска„ , „Трст„ , „Вараждинска„ и „Иво Милутиновиќ„  кои се целосно поправени и асфалтирани, за што се потрошени околу 7 милони денари.

Улиците „Вардарска„ и „Трст„ беа комплетно уништени, поради што беше потребно да се нанесе нов слој на асфалт и да се поправат ивичниците. Проектот чини два милиони денари, а улиците се во должина од 380 метри. На улицата „Вараждинска„ имавме проблем кој со децении ги мачи жителите, бидејќи по обилните дождови куќите  им се поплавуваа. Поради тоа овде е поправена атмосверската канализација со поврзување на соседните улици. Инвестицијата е тешка 4 милиони денари, а улицата е во должина од 680 метри и 190 метри канализациона мрежа-вели градоначалникот Дамјановски.

На улицата „Иво Милутиновиќ„ постоел повеќегодишен проблем околу поставување на канализационата мрежа. Проблемот е надминат и улицата е целосно асфалтирана во должина од 180 метри, а проектот тежи околу 1 милион денари.

 Градоначалникот најави дека утре ќе започне изградбата на спортска сала во основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата Перо Чичо. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/asfaltirani-nekolku-ulici-vo-gradot.html


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Jul-2011 at 22:19
Axel ti si od kumanovo, mozes li da slikas nesto?


Posted By: axel
Date Posted: 02-Sep-2011 at 22:29
obelezanoto so crvena boja e nov kolovoz zavrsen negde pred godina ipol so zolto e asvaltirana ulica koja mn brzo ja ceka rekonstrukcija.nov asvalt do kaj sto e obelezano so trotoari a obelezanoto so plava vo tek se gradezni aktivnosti iskopaa mnogu zemja sega se spremaat za tamponiranje

http://imageshack.us/photo/my-images/41/pukovskopaint.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


Posted By: phenomenon
Date Posted: 04-Sep-2011 at 19:39
   Обележаното место не е Тромеѓа. Тоа е населбата Иго Тричковиќ, попозната како Пуковско!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: axel
Date Posted: 05-Sep-2011 at 07:01
da da tocno taka na earth nekoj stavil deka e tromega.a jas zaboraviv da napomenamfala phenomenon za ispravkata


Posted By: axel
Date Posted: 19-Sep-2011 at 14:10

http://www.kumanovonews.com/vesti/politika/se-asfaltiraaat-tri-soobracajnici.html - Се асфалтирааат три сообраќајници

Се асфалтираат улиците „Бранко Радичевиќ„ и „400„ во населбата Иго Тричковиќ, како и локалниот пат помеѓу селата Клечовце и Војник, кои се влезени во програмата за изградба и реконструкција на улиците за оваа година. Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината.

Улицата „Бранко Радичевиќ„ е во должина од 650 метри, а ќе бидат изградени два потпорни ѕида и атмосферска канализација. Проектот чини 11,5 милиони денари. Во моментов исто така се работи и на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ во должина од 910 метри, која чини 15 милиони денари. Истотака мината недела започна и реконструкцијата на локалниот пат од селото Клечовце кон селото Војник во должина во должина од 5.6 километри,но тоа оди преку Агенцијата за државни патишта- вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за урбанизам.

Од општината најавуваат дека се подготвува документација за реконструкција на уште неколку улици во градот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/politika/se-asfaltiraaat-tri-soobracajnici.html


Posted By: axel
Date Posted: 04-Oct-2011 at 13:14

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/se-raboti-na-patot-vo-klecovce.html - Се работи на патот во Клечовце

Наскоро ќе се асфалтира патот во селото Клечовце, кој ги поврзува околните села со магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Патот е во должина од 5,5 километри а ќе го користат околу 1 200 жители.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/se-raboti-na-patot-vo-klecovce.html"> Се%20работи%20на%20патот%20во%20Клечовце

Инвестицијата е вредна 1,5 милион евра, а средствата се обезбедени од Европска Банка.

Патот е неопходен и за жителите на селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Косматац, Мургаш и Зубовце, поради што општината го стави на листата на приоритети и го вметна во годишната програма за изградба на инфрастуктурата. Сега се работи на тампонирање на патот, а следната фаза е негова финализација и ставање на асфалтен слој-  рече градоначалникот Зоран Дамјановски, кој пред неколку дена го посети градилиштето.

Наскоро ќе се обновуваат и патните правци во селата Карпош-Зебрњак и Сопот-Сушево.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/se-raboti-na-patot-vo-klecovce.html


Posted By: axel
Date Posted: 15-Oct-2011 at 11:22

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-poprava-glavnata-ulica-vo-igo-trickovic.html - Се поправа главната улица во Иго Тричковиќ

Екипи на приватното претпријатие „Хуљуси комерц„, работат на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-poprava-glavnata-ulica-vo-igo-trickovic.html"> Се%20поправа%20главната%20улица%20во%20Иго%20Тричковиќ

Градежните работи се во тек и се работи на проширување на сообраќајницата, по што ќе стави асфалтен слој. Улицата е во должина од 910 метри, а чини 15 милиони денари. Граѓаните велат дека таа е од витално значење за жителите од оваа населба и соседната Тромеѓа, бидејки поради големата фрекфенција на возила и пешаци често се случуваат сообраќајни незгоди, а кога ќе падне дожд и снег во дупките од улицата ги кршат колите.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-poprava-glavnata-ulica-vo-igo-trickovic.html


Posted By: phenomenon
Date Posted: 15-Oct-2011 at 12:10

Previous

   Не знам колку ти е познато дека по оваа улица и до сега немаше место буквално кај да се тргнеш, кога ќе наиде некое возило. Кога ќе се прошири и ќе се стави нов асфалтен слој,нема да остане место за најтесен можен тротоар, барем од едната страна. Колите ќе се движат побргу, при што за пешаците, секое одење по улицата, без претерување, ќе биде опасно по живот!
   Јас не знам, кога таа населба започнала да се гради, кај им биле очите на тогашните чиновнички џаболебароши, да дозволат главниот пат низ населбата, кој патем поврзува и уште едно село, да биде толку тесен. А не забораваа да те "одерат" при вадење дозвола за градба и план за куќа. А дереа исто така и за приклучоците за телефон, водовод и канализација.
   Искрено жалам, што кај нас нема кинески закон, па кога неколку такви ќе бидат обесени, ќе градат вака:
 
    //upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/a7/Tonopah_NV.jpg">File:Tonopah%20NV.jpg

Главната улица во Тонопа (Невада), гратче со околу 3000 жители:



-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: axel
Date Posted: 15-Oct-2011 at 12:33
poznata mi e celava ovaa situacija na slikata od desna strana se gleda mojot dvot LOL tuka ziveam do sega pesacite odea po ulica i natamu ke odat samo do pred rekonstrukcija se naogase mesto nastrana sega ne znam kako ke bide inaku ulicata ne beshe vo vakva ocajna situacija do pred nekoja godina pricina za ovaa sostojba se teskite kamioni sto sekojdnevno pominuvaat tuka a nemanjeto atmosveska kanalizacija,koga vrne dozd samo so camec peski nema odenje.inaku vo naselbava prvite kuk pocnale da se gradat pred 30-35 god  ja sum tuka dobri 10 god i gledam deka voopsto ne se vodi griza koj sto i kade saka gradi po dolzina na ulicava ima garazi koi se pola na ulica ,sega namesto da se prosiri tuka ke ostane kako sto beshe a poradi toa stradaat i vozacite i pesacite


Posted By: axel
Date Posted: 21-Oct-2011 at 14:47

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/zonsko-i-nad-gradskata-dzamija.html - Зонско и над Градската џамија

Од први ноемвири ќе се плаќа паркинг место на улицата „11 Октомври„ од Градската џамија до Општата болница.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/zonsko-i-nad-gradskata-dzamija.html"> Зонско%20и%20над%20Градската%20џамија

Деновиве се исцртани паркинг местата, и како што информираат од ЈП „Куманово-паркинг„, во наредните неколку дена ќе бидат поставени информативни табли, по што ќе започне наплатата. Од истиот датум ќе се наплаќа и на паркинг просторот кај Сума.

Со овие активности ја завршуваме првата фаза за паркирање во А зоната и до крајот на годината нема да се работи на други локации. Втората фаза, која опфаќа обезбедување на паркинг места во поширокото градско подрачје, ќе ја реализираме во текот на наредната година- вели Мартин Михајловски.   

Од претпријатието се задоволни од функционирањето на паркинг службата, бидејќи во градот се создаде простор за нормално паркирање и функционирање на сообраќајот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/zonsko-i-nad-gradskata-dzamija.html


Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-Oct-2011 at 15:05
Цитирам:

   Од претпријатието се задоволни од функционирањето на паркинг службата, бидејќи во градот се создаде простор за нормално паркирање и функционирање на сообраќајот.

   Да не е тажно, би било смешно.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: antiuser
Date Posted: 24-Oct-2011 at 00:26
Во Куманово нити има воља да се реши сообраќајот, нити некој знае како треба, а што е најтрагично , никој од надлежните не се ни труди.. 


Posted By: phenomenon
Date Posted: 29-Oct-2011 at 11:43

Зa жал, проблемот со сообраќајот во Куманово може да се реши само со радикални методи.
Веќе не сум сигурен дали воопшто може да се пробијат нови улици или да се прошират постоечките,кога тоа требало да биде направени пред повеќе од дваесет години. Плус, сега Куманово има над 30 илјади возила, а нема сообраќајници ни за десет илјади.
Плус постои примитивен тренд кај нас, секој да мора да има т.н.кола,т.е крнтија. И забележувам многу брачни парови кои имаат САМО едно дете и автомобил, отколку за истиот трошок да имаат ДБЕ ДЕЦА, а да немаат автомобил.Тоа -никако! Веројатно, не се свесни дека влегле во тркалото на природната селекција, која ќе ги избрише овие безумници.
Уште еден тренд кој мене многу ми смета е што кај многумина наши сограѓани, животната максима е да изградат зграда во тесна уличка, долу да не направат простор за паркинг, туку да го резервираат за дуќани, очекувајќи со неговото издавање, да живеат од кирија. А на крајот - топуз!
Дуќаните зјаат празни во многу новонаправени згради, бидејќи на нашиве сограѓани многу поедноставно, а некогаш и поевтино им е со такси да одат до Скопје, да испазаруваат се што им треба и со такси да се вратат, отколку да нема кај да поминат по тротоарите на кои има паркирано кола до кола. Тогаш мора да одат по улица, загрозувајќи ја својата безбедност, да не зборувам доколку со себе водат едно или две деца.Тоа веќе преминува во трауматично искуство. Немањето простор за паркирање, ризичното возење по улиците од дрски возачи и некултурни пешаци, плус пајак-службата, немањето јавно WC,ја прелева преполнетата чаша.
Еве ги моите решенија:
   1. На ниво на цела држава , да се донесе закон да не се возат коли постари од дваесет години, со тоа што колите со старост од 11-20 години, ќе плаќаат еколошки пенали. За секој година старост, ова такса ќе се зголемува.
   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

   Немам ни најмала надеж дека нешто од горенаведеното ќе се примени и очекувам за неколку години, целосен крах на кумановскиот сообраќај, со брзина на возење низ центар помала од 10km/h.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2011 at 14:32
Originally posted by phenomenon


   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

Ако можеш скицирај нешто


И едно прашање до Кумановчани или било кој што можеби знае. Дали оваа улица што завршува овде:
42° 8'12.21"N  21°42'40.57"E
се планира да се поврзе со улицата Тоде Мендол?


Posted By: antiuser
Date Posted: 07-Nov-2011 at 23:52
Originally posted by phenomenon


Зa жал, проблемот со сообраќајот во Куманово може да се реши само со радикални методи.
Веќе не сум сигурен дали воопшто може да се пробијат нови улици или да се прошират постоечките,кога тоа требало да биде направени пред повеќе од дваесет години. Плус, сега Куманово има над 30 илјади возила, а нема сообраќајници ни за десет илјади.
Плус постои примитивен тренд кај нас, секој да мора да има т.н.кола,т.е крнтија. И забележувам многу брачни парови кои имаат САМО едно дете и автомобил, отколку за истиот трошок да имаат ДБЕ ДЕЦА, а да немаат автомобил.Тоа -никако! Веројатно, не се свесни дека влегле во тркалото на природната селекција, која ќе ги избрише овие безумници.
Уште еден тренд кој мене многу ми смета е што кај многумина наши сограѓани, животната максима е да изградат зграда во тесна уличка, долу да не направат простор за паркинг, туку да го резервираат за дуќани, очекувајќи со неговото издавање, да живеат од кирија. А на крајот - топуз!
Дуќаните зјаат празни во многу новонаправени згради, бидејќи на нашиве сограѓани многу поедноставно, а некогаш и поевтино им е со такси да одат до Скопје, да испазаруваат се што им треба и со такси да се вратат, отколку да нема кај да поминат по тротоарите на кои има паркирано кола до кола. Тогаш мора да одат по улица, загрозувајќи ја својата безбедност, да не зборувам доколку со себе водат едно или две деца.Тоа веќе преминува во трауматично искуство. Немањето простор за паркирање, ризичното возење по улиците од дрски возачи и некултурни пешаци, плус пајак-службата, немањето јавно WC,ја прелева преполнетата чаша.
Еве ги моите решенија:
   1. На ниво на цела држава , да се донесе закон да не се возат коли постари од дваесет години, со тоа што колите со старост од 11-20 години, ќе плаќаат еколошки пенали. За секој година старост, ова такса ќе се зголемува.
   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

   Немам ни најмала надеж дека нешто од горенаведеното ќе се примени и очекувам за неколку години, целосен крах на кумановскиот сообраќај, со брзина на возење низ центар помала од 10km/h.


од А до Ш си во право..потпис.. за жал малку се такви луѓе како тебе во Куманово со тоа ниво на совест Question


Posted By: axel
Date Posted: 08-Nov-2011 at 15:12

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/pukovsko-dobi-bulevar.html - Пуковско доби булевар

Населбата Пуковско доби две современи улици. Реконструирани се и изградени улиците 400 и 425 кои поминуваат низ центарот на неселбата, а синоќа беа свечено предадени во употреба.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/pukovsko-dobi-bulevar.html"> Пуковско%20доби%20булевар

Овој дел од градот со години имаше проблеми поради неизграден инфраструктура, но како што гледате почнавме да ги решаваме тие проблеми. Во должина од 500 метри реконструирана е улиците 425, а целосно е изградена улицата 400 каде е поставено и улично осветлување. Со тоа отпочна процесот на инвестиција и се надевам дека наскоро жителите на оваа населба ќе имаат сите услови за урбано живеење - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

За изградба и реконструкција на двете улици општината потроши околу 20 милиони денари. На улиците ќе бидат изградени и тротоари.

Градоначалникот ни вети дека ќе ни изгради улица, но изгради булевар во нашата населба. Затоа во име на сите жители на населбата, сакам да се заблагодарам на луѓето во општината Куманово, кои имаа разбирање за нашите маки и помогнаа во изградбата - изјави претседателот на месната заедница Светозар Стефановски.

Во населбата беше организирана свеченост на која пееше Милица Кузмановска.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/pukovsko-dobi-bulevar.html"> Пуковско%20доби%20булевар

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/pukovsko-dobi-bulevar.html


Posted By: axel
Date Posted: 08-Nov-2011 at 15:13

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/poplocena-ulica-vo-tode-mendol.html - Поплочена улица во Тоде Мендол

 Улицата 1001, што се наоѓа кај амбулантата во населбата „Тоде Мендол„ вчера беше свечено предадена во употреба.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/poplocena-ulica-vo-tode-mendol.html"> Поплочена%20улица%20во%20Тоде%20Мендол

Улицата е во должина од 150 метри, а нејзината реконструкција со поставување на водоводно-канализациона мрежа и бекатон плочки чини 60 илјади евра.

Ова значи многу за жителите на оваа улица, бидејќи се подобруваат условите за живот со тоа што добивме комплетна инфраструктура. Повеќе нема да газиме кал како во изминатите години, и улицата сега приличи на времето во кое живееме- вели советникот Дритан Рамадани.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ја пресече лентата најави дека ќе локалната самоуправа ќе продолжи со инвестициите во оваа населба, како повеќе проекти во населените места каде што претежно живее албанско население.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/poplocena-ulica-vo-tode-mendol.html


Posted By: axel
Date Posted: 30-Nov-2011 at 14:31

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-naselbata-karpos.html - Асфалтирана улица во населбата Карпош

Во населбата Карпош синоќа беше пуштена во употреба новоасфалтираната улица 40.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-naselbata-karpos.html"> Асфалтирана%20улица%20во%20населбата%20Карпош

Улицата е во должина од 1160 метри, а го спојува стариот пат за Крива Паланка со Никуљски пат, покрај барата. Патот го предаде во употреба градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Оливер Спасовски.

Овој пат е од големо значење за жителите на самата улица, но и на целата населба, бидејќи спојува две значајни сообраќајници и ја подобрува патната инфраструктура. Општината и досега инвестираше во решавање на комуналните проблеми на граѓаните, а ќе продолжи и понатаму -рече градоначалникот.  

Проектот чини 11 милиони денари, сретства од општинскиот буџет.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/asfaltirana-ulica-vo-naselbata-karpos.html



Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-Dec-2011 at 20:28
   Навистина голем успех е асфалтирањето на едно сокаче, кое го направија тесно за да не може да помине автобус, а имаше место, затоа што куќи и дворови има само од едната страна, а од другата страна почнува потокот,наречен Бара. Меѓу улицата и потокот има доволно простор. Плус, на местото кај што се спојува со главната улица 100, од дворот на првата куќа, надвиснуваат гранки од четинарски растенија, до пола од улицата. А припремите за асфалтирањето? Траеја 1 (еден!) месец, стандардно за Куманово.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: antiuser
Date Posted: 05-Dec-2011 at 22:18
Originally posted by phenomenon

   Навистина голем успех е асфалтирањето на едно сокаче, кое го направија тесно за да не може да помине автобус, а имаше место, затоа што куќи и дворови има само од едната страна, а од другата страна почнува потокот,наречен Бара. Меѓу улицата и потокот има доволно простор. Плус, на местото кај што се спојува со главната улица 100, од дворот на првата куќа, надвиснуваат гранки од четинарски растенија, до пола од улицата. А припремите за асфалтирањето? Траеја 1 (еден!) месец, стандардно за Куманово.


Applause
Идол си ми , ми зимаш  зборови од уста LOL





Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Dec-2011 at 00:13
Originally posted by phenomenon

   Навистина голем успех е асфалтирањето на едно сокаче, кое го направија тесно за да не може да помине автобус, а имаше место, затоа што куќи и дворови има само од едната страна, а од другата страна почнува потокот,наречен Бара. Меѓу улицата и потокот има доволно простор. Плус, на местото кај што се спојува со главната улица 100, од дворот на првата куќа, надвиснуваат гранки од четинарски растенија, до пола од улицата. А припремите за асфалтирањето? Траеја 1 (еден!) месец, стандардно за Куманово.
не знам што толку се запаливте баш за ова уличе, до сега имаше милион вакви „проекти“ за да се запалите од општински и повисоки власти
реално гледано, кај нас не се почитува никаков стандард за градење на една пристојна улица, а уште потрагично се фалат со нив како да се откровенија и неверојатни постигнувања


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: phenomenon
Date Posted: 06-Dec-2011 at 00:23

   Баш затоа се "запаливме". Мака ни е веќе да не сметаат за абдали и асфалтирањето на едно сокаче да ни гопретставуваат како успех на неколку интернет портали и на локалната телевизија. Во 2011 година, тоа треба да биде рутина, а нам ни е сервирано како врвно достигнување, небаре ова е Зимбабве!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 06-Jun-2013 at 20:53
Се надевам дека нејзината жртва нема да биде залудна и дека некој од надлежните хоминиди ќе стави крај на хаосот во нашиот град.

Вечна И Слава!

Со тага и неверување, кумановци ја примија веста за смртта на петнаесет годишната Теодора Цветковска, која синоќа подлегна на повредите задобиени во сообраќајната несреќа пред три дена.


Трагедијата во семејството Цветковски и изгубениот млад и невин живот ги потресе граѓаните, кои на социјалните мрежи го искажуваат револтот кон несовесниот возачи и побараа поголема безбедност во сообраќајот за нашите деца.

Теодора ја изгуби битката и повеќе не е со нас. Почина мојата внука Дори, невино и младо дете со многу неисполнети сништа. Тажно и страшно! Нека почива во мир. Упатувам порака до сите кумановски фраери кои не знаат да возат, нека ги остават скапите коли дома за да не гинат невини суштества- гласи една од многуте пораки на Фејсбук.

Теодора беше повредена заедно со нејзината школска другарка А.С. во неделата додека се шетале на Градскиот Кеј во Куманово. Според кажување на членови од семејството, Теодора критичниот ден отишла на гости кај А.С. и попладнето излегле да се прошетаат. Направиле неколку круга по шеталиштето и кога планирале да се вратат дома околу 17 часот, на нив налетал автомобилот и ги прегазил додека стоеле на тротоарот и чекале да ја минат улицата на пешачки премин. Двете повредени девојчиња итно се префрлени во болница во Скопје, каде Теодора поради сериозноста на повредите била вклучена на апарати, а А.С. е вратена на лекување во Кумановската болница.

Од основното училиште “Толи Зордумис„, кажуваат дека Теодора е прогласена за ученик на генерацијата и ја опишуваат како скромно, мило и умно дете, кое што имало многу планови во животот.

Теодора ја прогласивме за ученик на генерација и деновиве требаше да и го врачиме признанието на завршната приредба. Тоа се деца кои само може да посакате да учат во вашето училиште- изјави пред два дена Бобан Георѓиевски, директорот на училиштето.

Кумановци бараат од надлежните институции во градот да ја зголемат безбедноста во сообраќајот по кумановските улици, бидејќи ова не е прва сообраќајка со смртни последици. За една година згаснаа три животи, поради дивеење на возачи со „бесни„ коли и мотори, а за големиот број на сообраќајни несреќи сведочат и скршените жардиниери, електрични столбови, семафори и сообраќајни знаци на булеварот и раскрсницата, кои се секојдневна пречка на „силните„ машини.

Во овој дел на градот речиси никогаш нема полициска контрола. Булеварот стана црна точка во градот, а никој не презема ништо.Тука е голема фрекфенција на луѓе и се плашам дека ќе продолжи трендот на несреќи ако не се реши проблемот. Лудото возење на автомобили и мотори е постојано, а ноќе особено- вели една кумановка.

Шерифедин Османи од Куманово тврди дека основен проблем е што возачите не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На булевар не се вози со 100 км на час, туку со 30 км на час. Виновни се тие што земаат дозволи и излегуваат на улица да возат. Јас за време на СФРЈ земав дозвола, 40 години возев од кои 10 години бев таксист, ама не ми се случило да удрам некој - вели Османи.

Мартина Лалиќ смета дека треба да се постават табли на булеварите кои ќе укажуваат колку дозволената брзина.

Никаде нема табли со ознаки за дозволена брзина. Банкини треба да се направат, или некои заштитни столбови да се постават на тротоар или кај што има пешачка патека, бидејќи девојчињата се удрени на тротоар - рече Лалиќ.

Двете девојчиња беа прегазени кога во нив удри автомобил рено, кој чекал да помине на семфорот, а во него удрил бмв управувано од Б.М.(25), кој поради неприлагодена брзина не успејал да закочи на раскрсницата. Истражен судија од Кумановскиот суд на Б.М. му одреди притвор од 30 дена, а ќе одговара за крвично дело сообраќајка со смртни последици.

Граѓаните покренаа иницијатива за поставување на лежечки полицајци на булеварот и за реконструкција на „црната„ раскрсница, која ја сметаат за главен виновник и предлагаат нејзино преуредување во кружен тек.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 02-May-2014 at 15:11










< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 02-May-2014 at 15:12
< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">









-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: daci92
Date Posted: 02-May-2014 at 15:30
Phenomenon би те замолил доколку можеш да им направиш resize на 800х600 резолуција бидејќи ниту јас на мојата резолуција (1440х1024) неможам да ги видам сликите убаво.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 02-May-2014 at 15:44
Сликано е со камера 3,2МP oд мобилен телефон. Битна е пораката што ја пренесуваат за тоа каков е сообраќајот во Куманово кога нема гужва.

Следниот пат, ако имам време ќе сликам во некој четврток (пазарен ден кај нас), па дури тогаш ќе видите што е сообраќајна анархија.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Teglarot
Date Posted: 02-May-2014 at 16:56
Тетово, втор дел.


Posted By: daci92
Date Posted: 02-May-2014 at 21:18
Јас ја разбирам пораката ,само барам ако може сликите кој ги додаваш да бидат малку намалени (има таква опција и на форумов кога ги додаваш) за да може целосно да се гледаат а да не треба на секоја слика да правиме view image.

Инаку тоа дека сообраќајот во Куманово е во катастрофална состојба, а сообраќајната култура воопшто и ја нема не е ништо непознато ,мислам дека тоа е и кај нас во Скопје слично или исто.


Posted By: I.M.
Date Posted: 02-May-2014 at 23:55
Сообраќајот во Куманово неможе да се види од слики,треба да се доживее.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-May-2014 at 00:27
Кој е одговорен за ваквиот хаос? Исто така ме интересира ако некој знае кој е одговорен за спроведување на законите во општините, како например закон за неправилно паркирање, закон за точење алкохол, закон за пушење и слично? Затоа што имам впечаток дека од општина д општина овие закони сосема различно функционираат.


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-May-2014 at 07:52
Куманово има гинеколог а Охрид кардиолог за градоначалник


Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-May-2014 at 14:58
Jaготката на шлагот во кумановскиот сообраќај - депото на пајак службата:




-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-May-2016 at 12:28
Зграда во изградба која нема пристапна улица и чии станари директно ќе се вклучуваат на раскрсница помеѓу два булевара, измеѓу семафорите. Непроценливо!

https://www.google.com/maps/@42.126293,21.7308071,3a,50.7y,234.09h,89.58t/data=!3m6!1e1!3m4!1sYr946_QjqSIaRBmvA37gUA!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1 - https://www.google.com/maps/@42.126293,21.7308071,3a,50.7y,234.09h,89/data=!3m6!1e1!3m4!1sYr946_QjqSIaRBmvA37gUA!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1

https://www.google.com/maps/@42.1260866,21.7308077,3a,75y,256.62h,86.47t/data=!3m6!1e1!3m4!1srocDghwybFTgaluaiEsTww!2e0!7i13312!8i6656 - https://www.google.com/maps/@42.1260866,21.7308077,3a,75y,256.62h,86.47t/data=!3m6!1e1!3m4!1srocDghwybFTgaluaiEsTww!2e0!7i13312!8i6656

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:14
Се реконструира канализационата мрежа на повеќе локации во градот = затворени улици

Започна реконструкцијата и рехабилитација на фекалната канализација започна денеска на потегот на улиците „Перо Чичо“ и “Перо Шварц“, улицата „Моша Пијаде“ и „Народна Револуција“ во должина од 1.040м.



[TUBE]https://www.youtube.com/watch?v=5CZIdSxUFHw[/TUBE]


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:26
Улицата „Прохор Пчински“ доби нов бекатон (галерија+видео)

Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/ulicata-prohor-pchinski-dobi-nov-bekaton-galerijavideo/ - http://kumanovskimuabeti.mk/ulicata-prohor-pchinski-dobi-nov-bekaton-galerijavideo/





Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:31
Атмосферската канализација низ центарот на Куманово ноќва ги поплави улиците

Силниот дожд што ноќеска со часови паѓаше во Куманово ги излеа атмосферските канализации низ централното градско подрачје и предизвика поплавување на неколку улици низ централното градско подрачје.


Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/atmosferskata-kanalizacija-niz-centarot-na-kumanovo-nokjva-gi-poplavi-ulicite/ - http://kumanovskimuabeti.mk/atmosferskata-kanalizacija-niz-centarot-na-kumanovo-nokjva-gi-poplavi-ulicite/


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:33
Пуштена во употреба улица „Романовска“

Жителите на улицата „Романовска“ во населбата Тоде Мендол од денес ќе чекорат и возат по нов асфалтен пат.



Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulica-romanovska-galerijavideo/ - http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulica-romanovska-galerijavideo/


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:37
Пуштена во употреба улицата „Крушевска република“

Улицата „Крушевска република“, поточно крак од улицата „Боро Прцан“ доби бекатон, а денес во употреба официјално ја пушти градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со претставници од локалната самоуправа и членови на Советот на Општина Куманово.



Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulicata-krushevska-republika-galerijavideo/ - http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulicata-krushevska-republika-galerijavideo/


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:43
Се поставува хоризонталната сигнализација на улиците низ градот

Јавното претпријатие „Водовод“ деновиве започна со поставувањето на хоризоналната сигнализација низ централното градско подрачје, активности за кои ќе бидат одвоени 2,4 милиони денари од Буџетот на Општина Куманово.



Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/se-postavuva-horizontalnata-signalizacija-na-ulicite-niz-gradot-foto/ - http://kumanovskimuabeti.mk/se-postavuva-horizontalnata-signalizacija-na-ulicite-niz-gradot-foto/


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 13:47
Пуштена во употреба улица „6“ во населбата Иго Тричковиќ

Улицата „6“ во населбата Иго Тричковиќ вчера беше пуштена во употреба, а жителите на населбата добија нов и асфалтиран пат, после неколку децении.



Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulica-6-vo-naselbata-igo-trichkovikj-galerija/ - http://kumanovskimuabeti.mk/pushtena-vo-upotreba-ulica-6-vo-naselbata-igo-trichkovikj-galerija/


Posted By: perdiak
Date Posted: 09-Aug-2016 at 14:03
Пуштени во употреба две нови улици во населба Карпош

Улиците „22“ и „24“ од населба Карпош добија ново руво. Вчеравечер делегација од локалната самоуправа предвордена од градоначалникот на Општина Куманово со сечење лента симболично ги пушти улиците во употреба.



Цел текст: http://kumanovskimuabeti.mk/pushteni-vo-upotreba-dve-novi-ulici-vo-naselba-karposh-galerija/ - http://kumanovskimuabeti.mk/pushteni-vo-upotreba-dve-novi-ulici-vo-naselba-karposh-galerija/


Posted By: Théoden
Date Posted: 26-May-2022 at 15:39
Се прави кружен тек на бул. „3 Македонска ударна бригада“:





Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Aug-2022 at 17:10
Во завршна фаза е проектот за изградба на кружен тек и паркинг простор на спојот помеѓу двата најголеми булевари во Куманово, го решаваме деценискиот сообраќаен проблем на овој потег.







https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial - https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial

-------------
Carpe diem


Posted By: phenomenon
Date Posted: 04-Jul-2023 at 21:13
https://kumanovonews.mk/vesti/semafor-padnal-vrz-kumanovec - https://kumanovonews.mk/vesti/semafor-padnal-vrz-kumanovec

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、



Print Page | Close Window