Print Page | Close Window

Булевар Македонска Војска

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=999
Printed Date: 23-Apr-2024 at 13:15


Topic: Булевар Македонска Војска
Posted By: lslcrew
Subject: Булевар Македонска Војска
Date Posted: 14-Feb-2008 at 00:17

Ќе се гради улицата „Македонска војска“ во Ѓорче Петров

Камен-темелникот ќе биде поставен денеска покрај црквата „Свети Петар и Павле“

Градоначалниците на Скопје и на Ѓорче Петров, Трифун Костовски и Сокол Митровски, денеска свечено ќе го означат почетокот на изградбата на улицата „Македонска војска“. Камен-темелникот ќе биде поставен покрај црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, а ќе го освети архиепископот г.г. Стефан. Улицата со вкупна должина од 2,1 километар ќе се гради во две фази. Во првата фаза ќе се пробијат 900 метри, од улицата „4 Јули“ до улицата „Ѓорче Петров“. Во втората фаза, последните 1,2 километри со новата сообраќајница ќе го поврзат стадионот на фудбалскиот клуб Македонија. Улицата ќе има две ленти, широки по 5 метри, атмосферска канализација, тротоари и улично осветление. Иако првичната идеја беше „Македонска војска“ да биде булевар со 4 ленти, во интерес на финансиите и брзината на реализацијата, во општината сметаат дека и улица со овој профил ќе ги задоволи потребите на граѓаните и на стадионот.

Инвеститор на проектот е Градот Скопје, кој за првата фаза од буџетот има издвоено 21 милион денари. Втората фаза треба да се заврши до крајот на годинава, а финансии ќе се бараат со ребаланс на градскиот буџет. Проектот пред две години го изработи Општина Ѓорче Петров, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Гранит“.

„Изградбата на улицата е приоритет за општината, особено за фудбалскиот клуб Македонија, бидејќи за меѓународни, но и за домашни натпревари нема соодветен пристап до стадионот. Со изградбата, конечно, ќе се реши тој проблем. Општината веќе неколку години има готов проект, а се чекаше градската власт да обезбеди пари“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски. (С.Н.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=148ABFB2C8B9504F823DFBF106543191



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 00:19


ем преполовен проект, ем во фамозните две фази Ohno

Има ли некој ориентација која е точно трасата јас неможам да ги врзам точките од информацииве дадени во објавата Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2008 at 00:32
Еве ти орјентир, па на google earth подобро ќе се снајдеш.

Мене ме буни должината (очигледно не е толку, дури и со делот преку Вардар кој сигурно нема да се гради)
И ширината ми е чудна... 5 метри лента?!?


http://imageshack.us">



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2008 at 00:39
Еве сега измерив на ГЕ, од Ул. 4 Јули до Бул. Ѓорче Петров има околу 350 метри (не 900), а од таму до улицата што се поврзува со стадионот околу 500 метри (не 1200).

Стварно не ми е јасно од каде оние бројки во текстот...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Feb-2008 at 00:52
Македонска војска ќе стане булевар


Улицата "Македонска војска", која води покрај црквата Свети Петар и Павле во Ѓорче Петров, од улицата "4 Јули" до стадионот Македонија, во должина од 1400 метри, ќе стане булевар. Вчера почна изградбата на првите 400 метри. Ќе се асфалтира десната сообраќајна лента широка седум метри меѓу подвозникот Ѓорче Петров и главната улица Ѓорче Петров. Паралелно со улицата ќе се гради пешачка патека и ќе се поставува улично осветлување.

Свечениот почеток на градежните работи го благослови архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, истакна дека новата сообраќајница во голема мера ќе го олесни пристапот на ѓорчепетровци до клучните институции во општината, како што се здраветвениот Дом, Полициската станица, верскиот храм, централниот парк, шопинг-центарот, спортските објекти и реонскиот центар, кој постепено го добива својот современ лик.

- Исто така, ќе биде овозможена и брза и ефикасна комуникација на скопјани кои во иднина ќе ги посетуваат фудбалските натпревари на стадионот Македонија - додаде Митровски и се заблагодари на градските власти и скопскиот градоначалник што покажале слух и почнале со реализацијата на долгоочекуваниот проект.
За изградба на првата фаза од сообраќајницата Градот ќе издвои 25 милиони денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E884A6D861A22B43A86E1E2DBC5CCEF1



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2008 at 04:15


Гледам ги намалиле бројките. Ама пак се малце напумпани Nuts


Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Feb-2008 at 17:07
Делот кон Вардар сигурно ќе биде оставен за некоја далечна иднина

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Oct-2008 at 22:09
По Македонска војска ќе се вози од ноември


Изградбата на новиот булевар Македонска војска во општина Ѓорче Петров е при крај и новата сообраќајница се очекува да биде пуштена во употреба до средината на ноември. Градежните работи почнаа пред неколку месеци на потегот од улицата 4 Јули, покрај црквата "Св. Петар и Павле" кон улицата Ѓорче Петров во должина од 630 метри и 7 метри широчина.
- Планирани се 4 коловозни ленти, но проектираното ќе биде комплетно завршено и булеварот ќе го добие вистинскиот лик по дислоцирањето на единицата на противпожарната бригада и рушење на објектот во кој сега е сместена оваа единица. Дотогаш, во функција ќе бидат само три ленти од булеварот - информираат општинарите.

Со новата сообраќајница ќе се реши проблемот на жителите од урбаните заедници Даме Груев, Волково, Ново Село и другите општини кои живеат во северозападниот дел на општината. Тие ќе можат безбедно да стигнат до крајната дестинација и ќе го избегнат метежот на крстосницата што ги спојува булеварот Партизански одреди, 4 Јули и улицата Лука Геров. Со изградбата на булеварот Македонска војска овој проблем ќе се надмине, а сообраќајниот метеж ќе се среди.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B6A00830488E9F4592490ED12854D3E4




Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 04:59

Завршува првиот дел од изградбата на булеварот „Македонска војска“

Mоментo се работи на потегот од улицата „4 Јули“, покрај црквата „Св. Петар и Павле“ кон улицата „Ѓорче Петров“

Првата фаза од изградбата на булеварот „Македонска војска“ во Ѓорче Петров ќе заврши кон средината на ноември. Во моментов се работи на градежните работи на потегот од улицата „4 Јули“, покрај црквата „Св. Петар и Павле“ кон улицата „Ѓорче Петров“. Во првата фаза се гради булевар во должина од 630 метри и седум метри широчина.

Планирано е булеварот да има четири коловозни ленти, но улицата ќе го добие вистинскиот лик по уривањето на објектот во кој е сместена единицата на противпожарната бригада. Дотогаш, во функција ќе бидат само три ленти од булеварот. Улицата ќе има целосна атмосферска канализација, тротоари и осветление. Инвеститор на проектот е Градот Скопје, кој за првата фаза од буџетот има издвоено 21 милион денари.

Во втората фаза, последните 1,2 километри со новата сообраќајница ќе го поврзат стадионот на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П.. Идејата на општинарите е да се обезбедат услови за пристап кон стадионот заради одржување меѓународни натпревари. Со изградбата на булеварот, општинарите очекуваат и решение за сообраќајниот метеж.

„Навистина е проблем за жителите од населбите Даме Груев, Волково и Ново Село безбедно да стигнат до крајната дестинација поради фреквентноста на раскрсницата што ги спојува булеварот ’Партизански одреди’, ’4 Јули’ и ’Лука Геров’. Со изградбата на булеварот ’Македонска војска’ овој проблем ќе се надмине, а сообраќајниот метеж ќе се среди“, велат во општината. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CD52650EB78ECF469BC7E8B6FFA15586



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2008 at 05:12
Новинариве пак нешто лупаат...  Кај може бе три ленти да се сместат во седум метри широчина  Toilet


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Dec-2008 at 00:06
Ништо ново.....импровизација пропратена од имотно-правни проблеми...
Изградбата на "Македонска војска" при крај


Градежните работи на новиот булевар "Македонска војска" во општина Ѓорче Петров се при крај. Поставена е атмосферската канализација и комплетно се асфалтирани трите сообраќајни ленти од булеварот. Деновиве се градат тротоарите.

Изградбата на булеварот на потегот од улицата 4 Јули, покрај црквата Св. Петар и Павле кон улицата Ѓорче Петров, во должина од 630 метри и 7 метри широчина почна пред неколку месеци.
- Проектот предвидува да се асфалтираат четири коловозни ленти но, проектираното ќе биде комплетно завршено и булеварот ќе го добие вистинскиот лик по дислоцирањето на Единицата на противпожарната бригада и откако ќе се урне објектот во кој е сместена единицата. Дотогаш, во функција ќе бидат само три ленти од булеварот - информираат општинарите. Тие најавуваат поставување на нови семафори на улицата Ѓорче Петров и на булеварот Македонска војска.
Крајот на овие активности ќе биде и крај на првата фаза од изградба на булеварот. Втората фаза ќе почне по средување на имотноправните работи на земјиштето што се наоѓа на планираната траса.

Овој новоизграден булевар на жителите од УЗ Даме Груев, Волково и Ново Село и другите урбани заедници коишто живеат во северозападниот дел на општината ќе овозможи поголема сигурност во сообраќајот на раскрсницата што ги спојува булеварот Партизански одреди, 4 Јули и улицата Лука Геров.

http://vecer.com.mk/?ItemID=525F93C60DDD5A43955A7759BA8FFCBF



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2008 at 00:15


3 ленти а 7 метри широчина ???

Апсолутен минимум за лента е 2,5м (дури и за најобична уличка а не за „булевар“ како што претенциозно го нарекуваат овој зафат), а во реалноста ретко кога се практикува овој минимум и се оди на или над 3м (во зависност од рангот на сообраќајницата и од околностите)

Како тогаш успејаа да збутаат 3 ленти во 7м ?????????


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Dec-2008 at 00:34
Лесно - по 2,3333333333333333333333333333333 метри, секоја лента Big%20smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 23-Dec-2008 at 01:04
dobra presmetka,samo sto nema ni tolku da bide ke ispadne po 2m,a ako ima i zardinjeri ili nesto izmegu,ograda li bilo sto,togash neznam kako im idat presmetkite........togash tolku tesna ne e ni sporedna ulicka..


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Dec-2008 at 01:08
Ќе возиме во три ленити точаци Big%20smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2008 at 01:09
@ БЃТ

Абе тоа е друга приказна дали како ќе се проширува во иднина. Во моментов викаат дека имало 3 ленти и дека била широка 7м.
Тоа едно со друго не иде, па макар било и привремено...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Mar-2009 at 04:45

Во функција првата делница од булеварот „Македонска војска“

Улицата се протега од „Партизански одреди“ до раскрсницата со „Ѓорче Петров“

Првата делница од булеварот „Македонска војска“ во Ѓорче Петров од вчера и официјално е предадена во употреба, иако по неа се вози речиси од пред еден месец. Црвената лента ја пресече градоначалникот Трифун Костовски, кој изрази надеж дека наскоро ќе биде реализиран целиот сообраќаен проект за тој потег, кој предвидува булеварско решение, односно сообраќајница со четири ленти.

Изградената прва делница, која се протега од бул „Партизански одреди“ до раскрсницата со улица „Ѓорче Петров“, засега има две сообраќајни ленти во должина од 400 метри и комплетно ново осветление и атмосферска канализација.

„За комплетна реализација на проектот е потребно да се урне објектот во непосредна близина, во кој е сместена единицата на Противпожарната бригада, а веќе се работи на решавање на тој проблем. Инаку, и со оваа делница значително се подобрува сообраќајниот крвоток во овој дел на Ѓорче Петров, а за неколку месеци се надевам ќе биде реализиран и целиот проект. Со ова, конечно, ќе биде решен, пред се', големиот проблем на жителите од населбите Даме Груев, Волково и Ново Село, кои отежнато стигнуваа до крајната дестинација поради фреквентноста на раскрсницата што ги спојува ’Партизански одреди’, ’4 Јули’ и ’Лука Геров’“, рече вчера Костовски, кој како причина за повеќемесечното доцнење на проектот ги посочи бирократските процедури и немањето подземен катастар.

Инаку, за реализација на првата делница од проектот се потрошени 17 милиони денари. Средствата ги издвои Градот од сопствениот буџет, а со негова донација е извршено и поплочување на паркинг-просторот кај црквата „Свети Петар и Павле“, кој се наоѓа во близина на новата сообраќајница.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FBCA57EBBB7D2D45970C0264D0B49425


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2009 at 13:52

Македонска војска ќе стигне до Вардар

Експропријацијата на земјиштето каде што ќе минува трасата на булеварот е речиси завршена, наскоро треба да избере и изведувач на градежните работи

Градот ќе го продолжи проектот за изградба на булевар Македонска војска во Општина Ѓорче Петров, на потегот од раскрсницата со улицата Ѓорче Петров, покрај стадионот на ФК "Македонија", до Кејот на Вардар. Градските власти веќе побарале локациски услови и градежна дозвола од Општината, а како што велат, во тек е подготовка на тендер за избор на изведувач на градежните работи.
"На овој дел од улицата има имотно-правни проблеми и веќе е започната постапка за експропријација на земјиштето каде што ќе поминува трасата на новата сообраќајница. Дел од експропријацијата е завршен, а наскоро очекуваме и целосно да заврши оваа постапка", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Со проектот за изградба на булевар Македонска војска, предвидено е втората делница од сообраќајницата да биде долга 795 метри, и широка 9 метри.
"Коловозот ќе опфаќа шест метри , а тротоарите ќе имаат по 1,5 метри од двете страни. На новиот коловоз треба да се конструираат две раскрсници, од кои едната со улицата Социјалистичка зора, а другата со улицата Ѓорче Петров", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Правата делница од булеварот од раскрсницата со улицата 4 Јули до улицата Ѓорче Петров градските власти ја пробија лани. Тогаш беа изградени две коловозни ленти, а согласно проектот, оваа делница од Македонска војска треба да се прошири со уште две ленти.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CA315704BCEAEE4ABEF718C6E4150545


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2010 at 11:35
ПОЧНУВА ПРОБИВАЊЕТО НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ МАКЕДОНСКА ВОЈСКА

Градот Скопје Ве поканува на почетокот на изградбата на вториот дел од булеварот Македонска војска во општината Ѓорче Петров, којашто е закажана за понеделник /26.07.2010 година/ во 11 часот, на крстосницата на булеварот Македонска војска со улицата Ѓорче Петров.
 
Почетокот на градежните работи на вториот дел од булеварот Македонска војска ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

http://www.skopje.gov.mk/



Posted By: build.mk
Date Posted: 26-Jul-2010 at 18:23
Улицата Македонска Војска се пробива кон Вардар

Градот Скопје денеска ги отпочна градежните активности за реализација на втората фаза од изградбата на „Македонска Војска“. Според официјалните податоци кои ги соопштија градските власти, новиот дел на сообраќајницата ќе биде долг 800 метри и ќе се протега од крстосницата со булеварот Ѓорче Петров, до стадионот на ФК Македонија. Коловозот ќе има две ленти и вкупна широчина од седум метри. Планирана е изведба на тротоари од бехатон плочки, а ќе се постави и ново улично осветлување. Исто така ќе се постави атмосферска канализација со  профил од 300, односно 400 милиметри, во зависност од условите на теренот на којшто се работи. Вредноста на инвестицијата е околу 25 милиони денари, средства од градскиот буџет. Градежните работи ги врши „Гранит“, а рокот  за изведба е шест месеци.

„Македонска Војска“ според Генералниот урбанистички план на Скопје е планирана како булевар кој треба да се продолжи кон југ и премостувајќи го Вардар, со клучка да се поврзе со идниот Јужен Булевар. Во 2008 година Трифун Костовски ја реализираше првата фаза од изградбата на сообраќајницата, односно сегментот помеѓу црквата Св. Петар и Павле и булеварот Ѓорче Петров. Градоначалникот Коце Трајановски денес изјави дека се работи на дислоцирање на противпоожарната станица близу црквата и вети дека набргу овој сегмент ќе биде надграден на ниво на булеварско решение.

http://www.build.com.mk/?p=4585 - http://www.build.com.mk/?p=4585

1


2


3


4




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jul-2010 at 02:22
Не знам зошто, ама бројките кои се соопштуваат во врска со проектов се стално многу чудни. Уште на самиот почеток во 2008 така се тргна и од тогаш се некои чудни податоци, а еве ни последниве не се исклучок.

Прво околу ширината. И од сликите се гледа дека нема доволна ширина да се протне улицата без нешто да се руши, а рушење никој не спомна. Дали планираат некакви заебанции (субстандардни ленти и тротоари)?!?

Второ, должината што се спомнува (800 метри) е невозможна. Точно до самиот брег на Вардар да ја изградат нема ни 700 метри. Од друга страна спомнуваат дека ќе била до стадионот на ФК Македонија и во тој случај должината точно одговара (мапата подолу), ама тоа веќе не е Македонска Војска туку комбинација од две улици. Што ли ќе прават бог ги знае.

Инаку проширувањето на првиот сегмент нема некоја особена сообраќајна ургентност, но еве за поздрав е доколку се реализира - нема зошто да не сме чекор понапред таму каде што нема некои особени пречки за реализација на некои проекти.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jul-2010 at 08:33

Може вкупната должина на булеварот е 800 метри од крај до крај, па сега таа бројка по грешка се врти низ објавите, аникој не ја ни проверил. А должината беше погрешна и за булевар Србија и за Ферид Бајрам, така да многу логика не барај.



Posted By: Cifra
Date Posted: 25-Aug-2010 at 21:59
Иам другар што живее ваму. Некња бев кај него, вика се собраа се испосликаа и чим се разотидоа новинарите се разотидоа и работниците и машините. Едино ни остаија едно купче губре и прашина од изгребаниот асфалт. Еве до кај се со проектов ова е све што имаат сработено до сега
LOL







Posted By: axel
Date Posted: 06-Sep-2010 at 11:13
ГРАДОТ ЗАБОРАВИ НА УЛИЦАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Македонска војска нечепната

Пред еден месец градоначалникот Коце Трајановски го означи стартот на пробивањето на улицата, но оттогаш на терен нема никакви градежни работи

Нема ни трага од градежни работи за пробивање на вториот дел од булеварот Македонска војска. Пред еден месец градоначалникот Коце Трајановски го означи стартот на пробивањето на улицата и најави дека до крајот на годинава таа ќе биде пробиена до стадионот на ФК "Македонија". Но оттогаш на терен нема никакви градежни работи. Камиони имаше на улицата само кога Трајановски го промовираше проектот. Тогаш се изгреба дел од асфалтот и повеќе ништо не е пипнато на улицата.
"Камиони на улицава видовме само кога градоначалникот најави дека ќе ја пробие. Оттогаш ништо не се работи", велат жителите на улицата.
Од Град Скопје тврдат дека нивни екипи работат на терен. Во моментов се работело на трасирање на патот, и затоа немало градежни машини на терен. Веќе кон крајот на неделава ќе почнеле со пробивање на улицата. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=907C6149924D014EABCD7A1EC270F4EB


Posted By: alexgizh
Date Posted: 06-Sep-2010 at 18:29
Останува нејасно дали ќе се проширува, т.е. дали ќе се уриваат оградите на куќите околу, или само ќе се преасфалтира... матна вода...

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2010 at 12:35
СЕ ГРАДИ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ МАКЕДОНСКА ВОЈСКА  





 

Екипите на Градот Скопје поставуваат атмосферска канализација по трасата на вториот дел од булеварот Македонска војска, којшто се пробива во населбата Ѓорче Петров. Канализацијата ќе биде долга 280 метри. Ќе минува под коловозот на новоизградениот булевар, во два дела, од крстосницата на булеварот Македонска војска со улицата Ѓорче Петров до изливот во Вардар и од Стадионот во Ѓорче Петров до изливот во Вардар.

Атмосферската канализација на вториот дел од булеварот Македонска војска ќе биде со различен профил од 300 до 500 милиметри и со PVC цевки. Ќе бидат изведени 28 ревизиони шахти и три приклучоци на постојната канализација.

За изградба на оваа атмосферска канализација Градот Скопје ќе потроши околу 4 (четири) милиони денари, пари што се во рамки на предвидената финансиска конструкција за пробивање и за изградба на булеварот Македонска војска. На терен работат екипите на градежната компанија „Гранит“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3754&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: axel
Date Posted: 05-Jan-2011 at 21:04

Досега се изградени 540 метри од новата атмосферска канализација на вториот дел од булеварот „Македонска војска“ што се пробива во населбата Ѓорче Петров.

Makedonska-vojska-540-metri-500

Канализацијата ќе минува под коловозот на новоизградениот булевар, во два дела, од крстосницата на булеварот „Македонска војска“ со улицата „Ѓорче Петров“ до изливот во реката Вардар и од стадионот во Ѓорче Петров до изливот во Вардар.

Атмосферската канализација на вториот дел од булеварот „Македонска војска“ ќе биде долга 974 метри, со различен профил од 300 до 500 милиметри и со PVC цевки.

По налог на Градот Скопје, новата канализациска мрежа ја градат работниците на градежната компанија „Гранит“.

Makedonska-vojska-500

http://daily.mk/cluster3/dabebb9c052c3ac4d78467a3e086f1b9/537658



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Jan-2011 at 21:46
По сликиве (последните од 5 Ноември, значи пред цели два месеци), се забележува ОГРОМЕН напредок! Навистина, доколку се продолжи со ова темпо, овој капитален проект би требало да се заврши до кај 8ми Септември 2018 година и тогаш свечено да биде пуштен во употреба по повод нац. празник!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2011 at 00:34
Баш убаво што досега изградиле 540 метри атмосферска канализација, арно ама лани во јули кога Коце, Сокол и редица други „великодостојници“ направија цела фешта од камен темелникот, експлицитно најавија дека рокот за целосно завршување на сообраќајницата е 6 месеци.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 20-Jan-2011 at 01:41

Најтрагично е што една обична уличка со 2 ленти се претвара чудесно во Булевар.Каков Булевар???Исто така битно е да се каже дека градоначалникот на Ѓорче овде не учесствува воопшто.Уличката ја гради град Скопје.

А што се однесува до Сокол,тој го присвои и трговскиот на СП-СП Планет.Па и зградите што се прават.Тоа е инвестиција за дотичниот.Важно до неговото село ги среди улиците,останатото не е битно.

ПС Жалосно,трагично и мизерно е да се сликаат куп луѓе,вклучувајќи го и Трајановски како градски татко за една уличка од 300-400 метра која ја крстиле булевар.Се сликаа и за првиот дел од булеварот-уличката која нема повеќе од 200 метра,потег од црквата до раскрсницата.Празен простор кој беше обраснат со жбунови.Капитален проект според Коце и Сокол.Тешко на општината кога капитални проекти се садење трева и изградба на 200 метра асфалтирана уличка со 2 ленти,по ново-булевар.



Posted By: dule
Date Posted: 13-Apr-2011 at 19:27
Дали некои има некоја информација до каде е изградбата на овој булевар?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:06





ВТОРИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ МАКЕДОНСКА ВОЈСКА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

Градот Скопје успешно ја заврши изградбата на вториот дел од булеварот Македонска војска во општината Ѓорче Петров и од денеска /01.06.2011 година/ и официјално го отвори за сообраќај. Новата сообраќајница се градеше на потегот од крстосницата со улицата Ѓорче Петров кон стадионот на ФК „Македонија Ѓорче Петров“.

На официјалното отворање за сообраќај на вториот дел од булеварот Македонска војска присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјановски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

- Пробивањето на вториот дел од булеварот Ѓорче Петров е еден од капиталните проекти на Градот Скопје кои што имаат особено значење за растоварување на сообраќајот во градот и овозможуваат лесно и безбедно поврзување со околните сообраќајници. Завршувањето на овој проект ги решава долгогодишните проблеми на жителите од овој дел на Ѓорче Петров и претставува пример за добрата соработка меѓу Градот Скопје, Владата на Република Македонија и општината Ѓорче Петров – рече градоначалникот Трајановски.

Со овој градежен зафат се пробиени 850 метри од сообраќајницата и е изграден коловоз широк седум метри, со по една коловозна лента во секоја насока. Асфалтирана е површина од 5.550 квадратни метри. По должината на улицата се оформени тротоари коишто се покриваат со бекатон-плочки.

Новата сообраќајница ја осветлуваат 26 светлосни столба.

Пробивањето на булеварот беше искористено за да се постави атмосферска канализација со променлив профил од 300, односно 400 милиметри, која што ќе ги одведува атмосферските води од сообраќајницата.

На изградба на вториот дел од булеварот Македонска војска работеа екипите на градежната компанија АД „Гранит“. Градот Скопје за реализација на овој капитален зафат потроши околу 25 милиони денари.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4276&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: micko_v
Date Posted: 14-Jun-2011 at 15:04
Како може улица со две ленти и неколку стотина метри да биде дефинирана како „булевар„ и „капитална инвестиција„ која ќе го растоварувала сообраќајаот а завршува слепо на Вардар и не пооврзува никакви стратешки точки...


Posted By: Denko
Date Posted: 25-Nov-2012 at 03:04
Koe selo e ova?


Posted By: fichot
Date Posted: 25-Nov-2012 at 12:27
Да не се вреѓаме сеа, , Џорџтаун е овоа.


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Nov-2012 at 16:07
Булевар со 2 ленти? Дали некој можиби прочитал погрешна дефиниција за тоа што претставува булевар?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: user8642
Date Posted: 21-May-2020 at 19:30
Овој објект е срушен од неодмана, ама неможам да најдам сега некое видео од вести. 42.008977° 21.361639°

Никнува паркинг на местото на поранешна Пожарна
Од страна на
Вечер -
14/05/2020
690
Сподели

На местото на поранешна Пожарна во Ѓорче Петров никнува паркинг.

Градоначалникот Александар Наумоски информира дека паркингот ќе биде отворен за сите граѓани (нема да се наплатува) и ќе биде со капацитет за 38 возила, со што ќе се зголеми постојниот паркинг кај црквата „Свети Петар и Павле”.

Освен тоа, на повеќе локации низ општината се исчистени помали депонии.

– Сериозни сме во намерата да се исчисти целосно Ѓорче и ќе бидеме ригорозни во однос на казнувањето. Бидете совесни, да ја чуваме заедно животната средина – порачуваат од Општината.

https://www.vecer.press/%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5/


https://ibb.co/SXq3HWr">

https://ibb.co/NKWghR1">

https://ibb.co/1bzY2g8">

https://ibb.co/cJYKBQv">


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Aug-2020 at 16:00
Што станало со булеваров до Вардар?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа



Print Page | Close Window