Претходна статија
По 3 години градење завршена делницата Табановце - Куманово
Следна статија
Споменикот „Воин на коњ“ свечено претставен на Денот на независноста

ФОТО ВЕСТ: Свечено отворен Музејскиот комплекс „Македонска борба“

Објавено на 08.09.2011 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

Со свечено обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и положување на декларацијата за независност на Република Македонија, вечерва беше отворен Музејскиот комплекс – Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музејот на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Културната установа се простира на површина од 2500 метри квадратни, од кои 800 метри квадратни му се отстапени на Музејот на жртвите на комунистичкиот режим. Комплексот е поделен на 16 одделенија, мултимедијален простор наменет за семинари и конференции, библиотека и интернет – кафе.

 

Во рамките на објектот се поставени 109 восочни фигури на историски личности, 16 портрети во масло на платно и 21 сцена од историски настани. Програмската содржина на истиот ја изработи директорот на Архивот на Македонија Зоран Тодоровски. Музејскиот комплекс, како сегмент од „Скопје 2014“, го изгради компанијата „Бетон“ од Штип, а надзорот на изградбата го вршеше „АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“. Како автор на идејното решение на објектот се јавува архитектот Зоран Јордановски. За целосно завршување на музејскиот комплекс се потрошени над 10 милиони евра обезбедени од државниот буџет.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Фото галерија

Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба
Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба