Претходна статија
Реконструкција на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин
Следна статија
Најавен голем комплекс на брегот на Вардар во Карпош

Грчки инвеститор ќе ги гради Офицерскиот дом и хотелот на Плоштад Македонија

Објавено на 12.03.2011 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

#Атрактивното државно земјиште на Плоштадот Македонија со вкупна површина од 6.308 метри квадратни, на кое треба да се изгради хотел и да се обнови Офицерскиот дом, го купи фирмата „ДЦ Приме пропертиес“ која беше единствен учесник на јавното наддавање што го организираше Министерството за транспорт и врски. Земјиштето е купено за вкупна сума од 38.478.800 денари, односно околу 100 евра за метар квадратен. Според телевизијата „Алфа“, се работи за филијала на грчката „Demco prime properties“ која е дел од групацијата на милјардерот Деметрис Кондоминас, а партнер за хотелот ќе им биде ланецот „Marriott“. Покрај истоимениот бренд, „Marriott“ ги поседува и брендовите „Renaissance Hotels“, „Ritz-Carlton“ и „BULGARI Hotels & Resorts“.


#Се најавува дека вкупната инвестиција ќе биде помеѓу 30 и 50 милиони евра. Инвеститорот е должен да исполни неколку услови. Треба да ја дооформи едната парцела која сега делумно им припаѓа на други приватни сопственици и да се држи до насоките за архитектонското обликување и претходно изготвените проекти од страна на државните институции. Хотелот мора да има најмалку четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец со минимум 250 хотели во светот, а дел од Офицерскиот дом без надокнада да го отстапи во функција на матична служба и резиденцијален дел на Градската куќа.


Инвеститорот треба да обезбеди градежни дозволи во рок од 12 месеци. Изградбата на објектите треба да заврши најдоцна 6 години сметано од денот на добивање на дозволите. Во спротивно ќе биде активирана казна во висина од 2% од купопродажната цена на земјиштето за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот од 6 години, по што доколку и во тој период не бидат изградени објектите, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на државата.



Форумски дискусии:

» Офицерски дом

» Хотел