Претходна статија
Градот Скопје го претстави изгледот на сплавовите на Вардар
Следна статија
Легализацијата на дивоградбите „запна“ кај граѓаните и општините

И главната зграда на МЕПСО со класицистичка фасада

Објавено на 02.03.2012 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

Само неколку денови по распишаниот оглас за обнова на фасадите на „Сити Галери“ и „Метропол“ од страна на Град Скопје, Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денес објави конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадата на објектот, во кој е сместена дирекцијата на оваа државна компанија во строгиот центар на Скопје, веднаш до зградата на Телеком. Во објавените критериуми од огласот е наведено дека новиот изглед на објектот треба да се изведе во стилот на класицизмот, архаичен архитектонски правец кој е обележје на голем дел од зданијата предвидени со проектот „Скопје 2014“.

 

Критериумите по кој ќе се избере најдоброто решение се противречни едни со други. Покрај класицистичката фасада, МЕПСО од заинтересираните субјекти за учество на конкурсот бара да бидат оригинални во своите идејни решенија и да се инвентивни во пристапот на обликување. Новиот надворешен изглед на зградата ќе треба да ги задоволи сите прописи и нормативни акти за проектирање и реконструкција на фасадите, целосно да ги почитува програмските барања, а решението треба да биде економично, изводливо и одржливо. Предвидено е доделување на 3 награди (прва награда во висина од 500.000 денари, втора награда во висина од 200.000 денари и трета награда во висина од 100.000 денари). Крајниот рок за доставување на трудовите е 18 април. Одговорните од МЕПСО засега не излегуваат со проценка колку ќе чини обновувањето на фасадата на овој административен објект.

 

Дирекцијата на МЕПСОДирекцијата на МЕПСО