Претходна статија
Шест кружни текови долж булеварот Туристичка во Охрид, наместо постојните семафори
Следна статија
Пругата од Битола кон границата со Грција ќе се реконструира догодина, ќе се изгради врска и со индустриската зона „Жабени“

„Никофон“ ќе гради катна гаража во „барокен“ стил спроти Старата железничка станица, „Макоил“ близу плоштадот Македонија

Објавено на 07.06.2012 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

Новите предвидени објекти спроти Старата железничка станицаКомпаниите „Никофон“ и „Макоил“ ќе градат две катни гаражи во строгиот центар на Скопје, откако на денешното електронско наддавање купија државно градежното земјиште за таа намена. Најповолен понудувач за парцелата спроти Старата железничка станица на која ќе се гради катна гаража со основа од 765 метри квадратни е „Никофон“. Во наддавањето во кое учествуваше и фирмата „Сити централ интернационал“, земјиштето со површина од 1.245 метри квадратни беше купено по цена од 6.150 денари за метар квадратен или вкупно 7.656.750 денари. Покрај простор за паркирање, инвеститорот ќе може до 15% од објектот да намени за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици или пак за деловни дејности. „Никофон“ е обврзан да гради во „барокен“ стил, според веќе избрано идејно решение од страна на државата.

 

Идејното решение за катната гаража спроти Старата железничка станица (кај „Автомакедонија“):

Визуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај Автомакедонија

 

 

Денеска беше продадена уште една градежна парцела во строгиот центар на Скопје, зад објектот „Метропол“ на плоштадот Македонија [»мапа], наменета за комунална супраструктура – катна гаража. Во конкуренција со „Дивелоп груп“, компанијата „Макоил“ го купи земјиштето со површина од 465 метри квадратни по цена од 34.560 денари за метар квадратен, односно вкупно 16.070.400 денари.  Инвеститорот ќе треба во рок од 9 месеци по потпишувањето на договорот и извршувањето на солемнизацијата да обезбеди одобрение за градење од општина Центар, а објектот ќе треба да го заврши во рок не подолг од 6 години од добивањето на градежната дозвола.

 

Сообраќајниот пристап до оваа гаража и новата управна зграда на „Телеком“, наместо преку подземна сервисна улица како што беше претходно планирано, ќе биде преку површинска улица која ќе поминува по кејот покрај Градскиот трговски центар, што наиде на жестоки оспорувања од пошироката јавност.