Претходна статија
Над 100 милиони евра за изградба и реконструкција на објекти од здравството
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Почнува реализацијата на проектот „Плажи на Вардар“?

Поставен камен темелник за новиот Кривичен суд

Објавено на 29.05.2010 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

#Денес во 13:30 часот беше поставен камен темелник за новиот објект на Кривичниот суд во Скопје. За негова изградба се обезбедени 8,3 милиони евра од Светска банка и средства од Буџетот на Република Македонија. На 10 нивоа со вкупно 8.862 метри квадратни корисна површина ќе се сместат 7 оддели на Кривичниот суд. Ќе има 74 судски кабинети, 22 средни судници, како и  2 големи репрезентативни судници, за 200 и за 100 лица. Предвидени се три одвоени и независни комуникациски нивоа за јавноста, вработените и приведените лица.


#Во подрумот на две нивоа ќе има паркинг простор за 60 возила, а на приземјето е предвидена шалтерска сала за 60 вработени и спомен просторија. На првиот кат ќе биде големата судница за 200 лица и кривичен оддел за оранизиран криминал. На вториот кат ќе биде одделот за прекршоци, одделот за извршување санкции и 3 средни судници. На третиот кат е предвидена големата судница за 100 лица, 1 средна судница, кабинетите и канцелариите на одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал и дел од кривичниот оддел за полнолетни. Четвртиот кат е наменет за судската управа, кривичниот оддел за полнолетни и 3 судници. На петтиот кат ќе има 3 судници и кабинети и канцеларии за кривичен оддел за полнолетни. На шестиот кат се предвидени 6 судници, оддел за малолетни деликвенти и дел од кривичниот оддел за полнолетни, а на поткровјето ќе се сместат 6 судници, сервер просторија и сметководство.


Проектот за новата зграда го изработија „IRD Engeneering“ и „Евро Консалтинг“. Градежните работи ќе ги изведува „Гранит“, а надзорот е доверен на „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ Д.О.О. Скопје. Рокот за изградба е 18 месеци. Во старите простории на Кривичниот суд веројатно ќе се всели Управниот суд, кој засега функционира во зградата на Македонски пошти.



Форумска дискусија за овој проект » овде