Претходна статија
Мерките за енергетска ефикасност задолжителни за сите објекти што ќе се изведуваат во Карпош
Следна статија
Потпишани нови договори за изградба на мали хидроелектрани, од претходните уште нема абер

Поставени сите десет АСНОМ-ци спроти Собранието

Објавено на 16.03.2012 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

Привршува монтажата на спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ во паркот „Жена борец“ во Скопје. Композицијата е составена од десет бронзени скулптури на делегати на заседанието, од кои три се претставени во седечка позиција, со висина од 3,2 метри и седум во стоечка позиција со висина од 4 метри. Во стоечка позиција се претставени Панко Брашнаров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Тихомир Милошевски, Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров и Веселинка Малинска, а во седечка Бане Андреев, Методија Андонов – Ченто и Михајло Апостолски.

 

Скулптурите се поставени на правоаголен постамент кој го изведе градежната компанија „Конструктор инженеринг“. Постаментот е висок 1,9 метри, обложен е со травертин и украсен е со 10 релјефи во бронза со вкупна површина од 21,6 метри квадратни. Скулптурите и релјефите ги излеа италијанската леарница „Фердинандо Маринели“. За изработка на споменикот се потрошени 1,9 милиони евра.

 

Автор на спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ е Слободан Милошевски. Негови други дела се скулптура на муза за фасадата на Стариот театар, скулптури на маж и жена во галичка носија за објектот на МНР и скулптури на Ристо Шишков и Живко Чинго за Мостот на уметноста.

 

 

Споменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМ

Споменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМ