Претходна статија
Турска компанија ќе гради висококатници во општина Аеродром
Следна статија
Булевар Србија во полн булеварски профил на нови 700 метри

Скопје ќе добие Marriott Hotel

Објавено на 14.05.2010 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

#Првиот хотел од ланецот Мериот (Marriott) на бившите југословенски простори ќе никне на Плоштадот Македонија во Скопје, на локацијата помеѓу Рисиќева Палата и деловниот центар Сан Марко кој е во изградба. Објектот, за кој се најавува дека ќе биде во Арт Деко стил, ќе има 9 надземни нивоа и подземни гаражи на три нивоа, а неговата вкупна површина ќе изнесува 20.000 метри квадратни. Хотелот ќе располага со 190 соби, 16 луксузни апартмани, 1 претседателски апартман, спа центар и градина на покривот.


Извадок од ДУП Мал РингИнвестицијата тежи над 37 милиони евра, а инвеститор е Дивелоп Груп, фирмата која стои и зад City Gallery (поранешно Типо) и изградбата на објектот на местото на поранешната Народна Банка. Според Александар Ивановски, генерален директор на Дивелоп Груп, 16 милиони евра се обезбедени преку кредитирање, додека остатокот се сопствени средства на фирмата. Оваа парцела долго време беше оптоварена со имотно-правни проблеми, но Ивановски изјави дека сега тие се решени и дека земјата е купена од физички лица, но дека цената е деловна тајна. Се планира изградбата да почне за 3 до 4 месеци, во зависност од тоа кога ќе биде добиено одобрение. Хотелот ќе биде отворен во 2013 година.