Претходна статија
МЕПСО ќе вложи 82,5 милиони евра до 2020 година
Следна статија
Објавен тендерот за обнова на дел од пругата на Коридор 10

Заврши реставрацијата на Мустафа-пашината џамија

Објавено на 29.07.2011 во категорија Вести. Facebooktwittergoogle_pluspinterestlinkedin

По петгодишна реставрација, денес беше свечено отворена за верски обреди Мустафа-пашината џамија во Скопје [» мапа], а на настанот присуствуваше висока делегација од Турција предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг. Проектот опфати зајакнување на темелите на објектот и реконструкција на минарето и куполите. Исто така беше реконструиран шадрванот и беа обновени внатрешните декорации. Градежните работи ги вршеше турската компанија „Рена Иншаат“ (Rena İnşaat), а санацијата на темелите се работеше по проект подготвен од скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Финансиите ги обезбеди турската агенција за соработка и развој (TIKA).

 

Мустафа-пашината џамија е изградена во 1492  година во таканаречениот раноцариградски стил. Главната купола со пречник од 22 метри е една од поголемите на Балканот. Џамијата претпе сериозни оштетувања во земјотресот од 1963, после што објектот беше само делумно саниран.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Состојба октомври 2007Состојба август 2008Состојба септември 2009