![]() |
![]() |
![]() |
Универзална сала |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 29> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Универзална Сала како потенцијална жртва на изгубениот градски идентитет
Оваа Универзална сала за приредби е подигната со помошта што на Скопје му ја упатија граѓаните, хуманитарните организации и владите на Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразилија, Гвинеја, Иран, Ирак, Индонезија, Израел, Јордан, Јемен, Јапонија, Камбоџа, Куба, Канада, Кипар, Либан, Либерија, Луксембург, Мали, Монголија, Мароко, Монако, Нигерија, Нов Зеланд, Пакистан, Судан, Сенегал, Сирија, Турција, Тунис, Уругвај, Цејлон, Чиле, како и странските туристи што на денот на катастрофата се најдоа во Југославија. ОВОЈ ОБЈЕКТ ЌЕ ОСТАНЕ КАКО ТРАЕН СИМБОЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЧОВЕЧКА СОЛИДАРНОСТ ВО ОБНОВАТА НА СКОПЈЕ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА.“ Оваа порака е запишана на таблата која ќе ве пречека од страна, уште при влегувањето во Универзалната Сала. Скопје доживеа невидена катастрофа – но веројатно најголема катастрофа е нашата непостојаност, неистрајност и се разбира поимањето на тоа што значи локална власт. Ниту една од нив изминатите 3 декади, не воспостави систем на вреднување на градот, неговото минато, ниту пак трасира патека за иднината. За волја на вистината, тековната има поголем слух кога јавноста негодува, но дали е тоа доволно? Од град со светска мисла, до која се држевме до 80тите, одеднаш го напуштивме концептот за градот, кој беше во центар на светската урбанистичка и архитектонска јавност своевремено. Го напуштивме планот на Танге, средствата од републичко ниво почнаа да се приливаат кон федералната каса и заборавивме дека создавање ГРАД е проект кој никогаш не застанува (особено градот кој го вадиме од пепелта). Визијата за град не зависи од средствата што ги имате во касата (најголемата лага на погрешно разбраниот капитализам), туку од вашата способност да менаџирате проекти на долги стази, со употреблива вредност најмалку 30-50 години во иднина. Способноста да сонувате град, не е нереалност, туку решителност да истраете во изградбата, да одредите буџет во повеќе години кој го надминува вашиот политички мандат во корист на општеството, да донесете визионерски план и да се држите до него. Најпрво што сакаме да постигнеме како цел, а потоа се одредуваат патиштата како да го реализираме. Тука влегуваат и промените во законите, кои често се алиби за неделувањето на општините и градот во посакуваната насока. Кога говориме за таканареченото Старо Скопје или предземјотресно Скопје, или пак за постземјотресно Скопје или реперот Танге, ние говориме како за некое завршено време, за откинат дел од нас, за таму некаде во минатото. Никој не го разбира континуитетот, ниту историски значајните моменти на одлука во помеѓуто. Сите локални власти имаат оправдување за своите чекори, без сериозно организирани дебати, пред да се донесе одлуката, бидејќи им чука часовникот кој им е со ограничено времетраење од 4 години, додека градот има милениуми континутитет. Значи не сме му дораснати да размислуваме за неговата иднина, туку ја гледаме сегашноста во тие неколку години. Што се дозволивме да му се случи на Скопје Ако ја прескокнеме надуваната 2014та и фамозниот проект (поради експонираноста и премногу пати посочуваните грешки), свесно и летаргично, во Скопје дозволивме: Да го загубиме Кермес, објект кој со мали средства можеше да го добие стариот сјај и да биде мост со времето кога е создаван паркот. Во девалвирањето индиректно беше вклучена и фирмата во која имаше удел тогашниот градоначалник на Скопје; Ја искасапивме Старата Железничка Станица, рушејќи ги сочуваните перони и идејата да се организира музеј на отворено на стари локомотиви и вагони, една екстензија на Музејот на Град Скопје. Таа деградација продолжи со рушењето на последниот ѕид ( Кон Рамстор) и дозволување да го обѕида од сите страни новиот комплекс. Тука беше потопена и една од најдобрите идеи за градска куќа , каде требаше да се случи современа интервенција во корелација со остатоците на железничката станица. Неразбирливо напуштен одличен концепт! Дозволивме општина Гази Баба да ја помести градежната линија на Саемот и со тоа да го патронира неговото рушење, очигледно договорени потези со потенцијалните инвеститори и лагата дека нема финансиска оправданост oд неговото сочувување. Впрочем таму имаше доволно слободна површина за нови интервенции, но алчноста за комуналии и еднократното полнење на касите е поважно од трајно значајни и корисни објекти како саемските хали; Дозволивме Маџир Маало, едно од најатрактивните локации до центарот, да го разјадуваат ситни инвеститори со мансард естетика; Дозволивме да изгори Шалтер Салата на ПТТ, да протекува и прокиснува веќе 7ма година по ред без никакви активности околу нејзината ревитализација; Дозволивме чаршијата да ја владеат банди, да се смени целата сопственичка структура според политички договори и етнички принципи, да се гради и обезвреднува на секој чекор со одговор дека не го знаеме инвеститорот. Зар некој верува во ова?! Дозволивме да се случи кафанска градина над дел од ГТЦ, во меѓувреме куртуливме од лифт кој ја злоупотребуваше темата достапност за лицата со попреченост ( на 50 метри непосредно постои најудобната рампа во цел град). и многу други нешта… Си дозволуваме да говориме за солидарноста, за градот кој заборави да го почитува тоа што го придонел емпатичниот свет, потоа презентираме фино организирана изложба со табли со имињата на улиците кои се посветени на градовите – донатори за Скопје и најавуваме враќање на истите со идеја да се отстрамиме за постапките на претходниците. Урбана археологија преку функцијата на „Летна сцена“ Веќе утредента, најавуваме рушење на Универзалната сала, најголемиот симбол на таа хуманост, воиграна со „добрата мисла“ да се остави сепак по рушењето – урбана археологија преку функцијата на „Летна сцена“. Апсурд! Прво осудувате на смрт, а потоа го плаќате скапиот погреб од грижа на совест. Секако давате средства и за мермерот над гробот. Она што загрижува, идејата за парк на местото на Универзална Сала, пред неколку седмици беше пуштена во воздухот од друга страна, за потоа градот да ја официјализира. Кој и во чие име говори? Се кажуваат индивидуални ставови, или во име на …? Ниту една навидум рационална мисла не може во контекстот на сите случувања со Скопје, кој секојдневно деградира и губи дел од вредните архитектонски реализации и историски целини, да го оправда рушењето на Универзална Сала. Тоа не е обична барака, таа е многу повеќе од тоа. Доколку така ја перцепирате, тогаш жалам што бизнис логиката ви го исцрпила моралот (кој се препознае, се препознае). Кога вреднуваме архитектура и воопшто простор, на кој му пресудуваме од високите критериуми на архитектонската теорија игнорирајќи го човековото локално чувство за припадност и идентификација, треба да пресечеме преку прашањето – Што добивам, а што губам со оваа интервенција? Колкава е таа површина за парк, во кој насреде повторно ќе стојат остатоци од салата, притоа за негова изведба и делумно рушење ќе се истрошат огромни средства? За тоа ќе се откажеме од жив сведок на културата со маркантни бројки на настани, посетеност, значајност и повторно на друга локација ќе градиме нова?! Неколку работи за Универзална Сала: – Проектот за објектот е донација од Бугарија, реинтерпретација и модификација на циркусот во Софија, кој изгоре во 1980та година, што ја прави во моментот единствена градба без реално присуство за панданот; – Финансиските средства за изградбата се донација на повеќе од 20 земји од светот, на кои сме им благодареле преку таблата за ТРАЕН СИМБОЛ; – Единствена кај нас во својата материјализација, естетика и кружна, амфитеатрална форма на гледалиштето; – Тоа што е монтажен објект, не ја прави безвредна. Напротив, тоа ја прави посебна и истата треба да остане како симбол на тој архитектонско-градежен потфат во конкретна вонредна ситуација. Таа конструкција е дел од нејзиниот идентитет и естетика, говорејќи искрено за времето кога потребата од брза реализација била неминовна (значи има вредна приказна за раскажување позади себе). – Името „Универзална“ доаѓа од нејзината адаптабилност за повеќе настани. Партерот за многу случувања има можност да се демонтира и истиот да се слее во сцената, оставајќи го гледалиштето во приближна форма на античките хиподроми. Ваквото третирање, овозможува настанот да биде насреде, централно меѓу публиката. Често го користеа при одржување на националниот натпревар за модерни танци. Во прилог видео од Шаховската Олимпијада во Скопје, каде покрај изгубениот Скопски Саем е и користењето на Универзална Сала во контекст на претходно наведената организација. Постојат културни институции на кои им е потребен нов дом Вистината е дека таа не може да поднесе повеќе од она што е, што се покажа и преку изминатите конкурси, проекти и анализи, што упатува на потребата од нејзино задржување во постојните рамки. Тоа во никој случај, не ја одзема потребата на Скопје да му се случи поголема сала, на некоја нова локација. Скапо е? Па се разбира дека е, не разговараме за тротоар и детско игралиште, говориме за објекти од културата, капитални инвестиции во неа, вложуваме во јавниот живот на граѓаните за следните 50 години. Зар мислиме дека тоа ќе го реализираме со неколку милиони евра?! Скопје очигледно не ја разбира својата големина и изобилува со комплекси, кои го спречуваат да прерасне во вистинска метропола. Зар визијата за градот не може да опфати две концертни сали? Зар мислите дека секој ќе може да ја наполни новата со 3- 4000 капацитет? Со паметно менаџирање, верувајте дека и двете опции се возможни и се рационални. Има многу модели кои може да се истражат со цел нејзино опстојување. Тука може да се размисли и за нејзина пренамена, адаптација, комбинирано функционирање, па дури и доградба е помало зло од нејзиното исчезнување. Постојат културни институции на кои им е потребен нов дом. На пример ТАНЕЦ, кој извести дека на 72 седница на Владата на Р.Македонија е одобрено барањето на институцијата за архитектонско-урбанситичко решение за нов дом. Доколку се работи за истата локација, каде сега е сместен Танец, тогаш тоа е уште поголем проблем за Мичурин и не е решение, ниту соодветна локација. Ова нафрлање на идејата за Танец е само една возможност, и таа може да се истражи. Затоа можеби треба да размислите кое е решението да се спаси салата, наместо да се руши. Тоа не ја одзема потребата од изградба на нова и голема концертна сала во Скопје. Затоа распишувањето на конкурс за Летна сцена значи одлука за делување, а не отворена дебата. Конкурсот кој треба да се распише е потрага по идеи и предлози за нејзино сочувување, притоа приложувајќи ги институциите на кои им недостига простор од областа на културата. Така со нејзиното реконструирање ќе се стави во поинаква улога, ако инсистираме дека не може да имаме две концертни сали. Многу се лажеме со говорењето за приватните и државните земјишта Да бутнете јавен објект, со историско значење, со исклучителна симболичност за градот и визуелна појавност, со идеја да направите паркче е апсурд. Парковите требаше да се случат на многу други земјишта исто државни што се претворија во градежни парцели и се продадоа. Многу се лажеме со говорењето за приватните и државните земјишта и нивната вредност. Кој им дава вредност на приватните земјишта? Одговорот е урбанистите, што значи тие им вцртуваат површини за градба и намена. Како од саем добивме станбени згради и од фабрика Треска исто така станбени згради? Како тоа од земјоделско земјиште во Расадникот во Кисела Вода, добивме градежно со 100тина згради?! Од лошиот урбанизам и лошите законски акти каде приватниците може да побараат што сакаат, а на општините потајно им одговара бидејќи тоа се повеќе комуналии, не може да се извлечат без одговорност градоначалниците и урбанистите. Манипулирањето со овие факти е неспорно, немоќта на властите е само привид поради притискањето на проектите во нивните 4 години. Ништо повеќе! Чекориме сегментарно и Скопје го решаваме еднакво на општинските владеења, што е погубно за градот бидејќи тој е целина. Секое приватно земјиште може да се замени со друго државно земјиште. Се што треба е градот да урбанизира државно земјиште, во неразвиените делови од градот, каде ќе предложи изградба,д а речеме на нова населба ( По терк на Аеродром и Ново Лисиче). Со тие нови парцели и маркици, градот лесно ќе може да компензира, ќе им даде еднакви или 20% поголеми земјишта за градба во замена за точките на интерес, но претходно со изработен урбанистички план по сите теркови и стандарди, а не давање земјиште па урбанистички план како желботека. Тогаш нема ниту инвеститорите да загубат, ниту градот, но треба да имате визија, а потоа успешно да менаџирате со неа (за ова подетално во некоја следна објава). Универзална сала има мноштво вредности кои се од значај за граѓаните и градот, таа може да прими соодветна функција, додека нова концертна сала секако треба и може да се создаде на друга локација (која веќе исто така е нафрлена во воздухот). https://okno.mk |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Снимка од дрон. Универзална Сала. Скопје / Drone footage. Universal Hall, Skopje
https://okno.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Одговорот зошто да се смали капацитетот на постојнава сала е да се добиел некаков си подобар комфор,прегледност или незнам нешто во тој стил говореа деновиве но незнам што мислат поточно.
Идејата за парк со летна сцена според мене е чиста глупост и е сосем непотребна освен ако не одат на идејата кај Треска да се реализираат 50-те згради и од другава страна да се исполни потребниот процент зеленило.Но и тоа не држи многу вода бидејќи Треска е приватно земјиште кое нема шанси да го откупат и да прават паркови така да неспорно таму ќе се прават згради откако ќе помине мораториумот.Најдобро е да се изгради мултифункционална сала некаде на друга локација со поголем капацитет и секако со доволно паркинг места и поголема пристапност а оваа постоечката да си остане и соодветно да се реновира. |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
17 милиони евра е планот за доградба (или рушење и изградба на слична сала) од 2008.
Оптимално сценарио би било: Автентична реконструкција на Универзална сала | 2020/21-2022/23 | 5 милиони евра Опис: Реконструкција на постоечката Универзална сала, со употреба на современи материјали и сценска техника, но запазувајќи го сегашниот ѝ изглед; Содржина: 1 голема сала со 1,568 или помалку седишта за поголема комоција и намален сообраќаен притисок; мала сцена со 300 седишта; Употреба: Одржување на традиционални настани (Златно Славејче, Златна Бубамара, полуфинални вечери на Скопје фест, дел од Скопје Џез фестивал) доколку капацитетот тоа го дозволува, помали концерти, училишни и аматерски проекти, годишна церемонија по повод земјотресот од 1963, средби на градските и општинските власти со граѓаните. Забрана за политички митинзи и турбо фолк; Финансирање: 5 евра самопридонес од сите 630,000 жители на Скопскиот регион (3.15м€) + 0.5м€ трансфер од Владата + 1.35м€ средства на Град Скопје, со трансфери од 10-те градски општини и 7-те општини од Скопскиот регион; Нов Концертен центар Скопје | 2021/22-2025/26 | 70 милиони евра Локација: Во кругот на А1 Арена (СЦБТ), оранжериите од спротива, или на друг широк простор со лесен сообраќаен пристап; Опис: Изградба на нов, современ и репрезентативен културен центар на Скопје и Македонија на локација соодветна за тоа; дел од конкурсот би било и идејно решение за хотел и трговско-угостителски објекти во кругот на салата кои би биле изградени од приватни ентитети; Содржина: 1 голема концертна сала со 2,500 до 3,000 седишта; средна сала со 500 седишта; мала сала со 300 седишта; сала на Театарот за деца и младинци со 250-300 седишта; простории за Танец; конгресни сали; библиотека и музичка продавница; Употреба: Главен концертен центар на државата - одржување културни манифестации од среден и голем ранг; средни концерти; меѓународни настани; конференции и билатерални средби; театар за деца и младинци; фолклор на Танец; Финансирање: 50м€ трансфер од Владата + 10м€ задолжување на Град Скопје + 10м€ заем од Владата кој би бил враќан во рок од 10 години (со учество на градските општини). Разгледување можност за искористување европски фондови, доколку тоа е можно. И Авалон со нешто слично:
facebook.com Edited by Staro Skopje - 31-Jul-2020 at 12:20 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНТЕРВЈУ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Универзална сала нема да се руши!
Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи. Универзалната сала како културно обележје на главниот град и како објект на современата македонска култура со кое јавноста има длабока емотивна конекција, деновиве е во центарот на вниманието откако беше објавен оглас за уредување на просторот околу неа. Токму ова беше поводот да поразговараме со првиот човек на градот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за иднината на ова здание, за понудените опции и за ,,судбината” на Универзална сала. Господине Шилегов, која е за вас најдобрата солуција за Универзална сала и како го гледате овој објект за пет години од денеска? Универзална е габарит кој што ги надминува правата на еден човек да одлучи за нејзината судбина, па макар тој човек да е градоначалникот на Скопје. Токму заради тоа, иднината на Универзална е работа во која треба да се вклучи целокупната политичка и стручна јавност како и обичните граѓани. Универзална, освен што е концертна сала, има свое наследство кое според мене е наследство на формирањето на современата македонска култура. Таму се одржуваше Скопски фестивал, Џез фестивал, Златно славејче и безброј концертни настани и затоа мислам дека таа не е само симбол на градот Скопје туку и многу повеќе од тоа. Затоа и ги отвораме дебатите во јавноста. Во не така дамнешното минато, нас ни ги соопштуваа решенијата, а јас сакам да дојдеме до решение со општ консензус. А ако не постигнеме консензус, спремен сум дури и да ги поставиме можностите на референдумско прашање пред граѓаните. Но, прво мораме да ги разработиме можностите што се нудат. И тоа е дебатата која се одвива поинтензивно последната недела. Успеавме да ја вратиме Универзална во фокусот на вниманието што мислам дека е добра појдовна основа за да добиеме квалитетно решение на крај. Зошто воопшто постои конкурсот кој бара уредување на просторот околу Универзална сала? Некаде на крајот на минатата година јас на работен состанок со дел од управниот одбор на Асоцијација на архитекти на Македонија, побарав од нивна гледна точка да ми презентираат кои се можностите на локацијата на Универзална сала. Оттаму добивме одговор дека постоечката локација не може да понуди ништо освен постоење на сегашниот објект и дека решението за нова концертна сала градот ќе треба да го побара на други места во градот. Посочени како можни локации за новата концертна сала, е локацијата околу спортската сала ,,Борис Трајковски” и локацијата кај што се оранжериите на ,,Паркови и зеленило” некаде на влезот во Градскиот парк. Според ова, се нудат три можности. Првата можност е реконструкција на Универзална сала за која што градот има определено наследство во проекти. Еден проект изработен 2007 година, проектот Јајце и проектот што беше изработен во 2017 година. Карактеристично е што ако влезете во имплементација на било кој од тие три проекти, ја губите Универзална таква каква што ја знаеме. Во било која ситуација овој објект што го имаме денеска ќе биде променет, но би добиле објект што потсетува на овој што во моментот го имаме. Има обид градбата на новиот објект да биде ставена под името ,,реконструкција”. Законот е прецизен за колкав број на посетители колкав број на паркинг места следуваат. Ако правите нов објект тоа мора да го задоволите. Но, ако правите ,,реконструкција” тогаш тоа можете да го избегнете. И сега, дилемата што ја имам од позиција на градоначалник е дали треба да потрошиме како држава 18 до 20 милиони евра за да прикрпиме нешто свесни во старт дека таквото прикрпување или проширување ќе направи проблем на и онака тесното грло на градот а тоа е во делот од Рузвелтова до Буњаковец. Што значи дека сериозно неодговорно од моја страна би било да се согласам градот да потроши 20 милиони евра и да направиме проблем. За 1500 посетители колку што се предвидени во проектот за реконструкција се предвидени 94 подземни и 6 надземни паркинг места. Остатокот би се решавал во катната гаража. Значи, ако веќе како држава одлучиме да потрошиме 20 милиони евра тогаш е попаметно да се направи нова концертна сала на сосема нова локација на која што без проблем би можело да се задоволат сите стандарди. И токму тоа се постапките кои градот мора да ги иницира со цел да дојдеме до најсоодветно решение. Очигледно е дека нема можност на постојната локација да изведеме квалитет повеќе, а притоа да ги запазиме сите стандарди. Да, но прашањето е што ќе се случува со просторот каде што сега постои објектот Универзална сала? Тој простор во секоја варијанта мора да остане јавен простор и ние како град сме должни да го заштитиме од понатамошна девастација. Дури и да имало порано можност на постојната локација да има зголемување на Универзална сала, таа е убиена некаде на крајот на минатата декада кога всушност е донесен ДУП за Буњаковец и во градежната парцела на салата се додадени хотели, катни гаражи згради и де факто просторот е задушен целосно. Tретата опција што ја имаме е изградба на нова концертна сала, а истовремено да го реставрираме постојниот објект. Тоа е мојата фаворитска опција. Што е тоа реставрација на постојниот објект? Тоа би значело целосно обноввување но во форма, квантитет и квалитет како што е постојниот. Што ве спречува оваа трета, фаворитска можност веднаш да ја имплементирате? Носењето на конечна одлука не спречува. Не мислам дека самостојно треба да одлучам што ќе се случува. Немам право на тоа. Сега ќе имаме конкурс за реставрација а потоа и конкурс за изглед на новата концертна сала. И тоа е редоследот на нештата и таков тип постапки кои се проследени со дискусии како и оваа сега, е тоа што е потребно за да се донесе оптимално конечно решение. Свесен сум дека тоа што ќе го одлучиме ќе се однесува на иднината на овој град во наредните 50 години и не смееме да импровизираме со лични одлуки. За мене е примарна стручната јавност и во соработка со неа треба да биде конечното и оптималното решение. Ако имаме сериозен конфликт во стручната јавност околу тоа што е најсоодветното решение, реков дека ќе одиме и на референдум. Лично не мислам дека ќе дојде до тоа, зашто низ дебатата што ја отвораме ќе дојдеме до конечното решение. Со кого разговарате? Јавно е отворена дебатата. Свесно сум одел на сопствена штета со отворањето на конкурсната постапка но навистина сум човек што длабоко верува во разговорите за да се најде решение. Некој има потреба веројатно од политички причини тоа да го злоупотреби и да декларира дека Шилегов ќе ја руши Универзална сала. Но, јас нема да дозволам тоа да се случи, во смисла на рушење. Кој е Петре Шилегов да одлучи да ја сруши Универзална сала? Tие времиња се позади нас. Во некои други времиња во 2 часот навечер ќе дојдеа, ќе го заградеа просторот и ќе ги пуштеа багерите. Сите зрееме во демократизацијата на општеството и дебатата што следува е одраз на демократските начини. Некои велат зошто прво сум го пуштил конкурсот, па да ја отвориме дебатата. Па на што да дискутираме ако нема конкурси? Особено што знаеме дека се три можности. Или овде ќе треба да ја срушиме и да направиме нов објект, што сите велат дека е лудост на таа локација да се направи проект од поголем габарит. Или ќе градиме на друга локација нов објект а притоа дали ќе ја реставрираме или тој простор да остане јавен. Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи. Дали за овој конкурс за уредување на просторот во форма на парк на постојната Универзална сала, се има јавено некој со проект? Тој е активен конкурс и завршува на 28 август кога ќе видиме дали ќе пристигнат трудови. Во меѓувреме по завршувањето на тој конкурс, ќе се пушти нов конкурс за реставрација. И на крајот на годината ќе пуштиме конкурс за изградба на нов објект на нова локација. Тоа се процесите низ кои според моето сфаќање должни сме да поминеме. Тогаш на маса ќе ги имаме сите солуции. Самото објавување на конкурсот за уредување на просторот околу Универзална, не е рушење не е ни одлука. Постоењето на конкурс не прејудицира решение. Мислам дека поради емотивноста што ја буди Универзална сала погрешно некои луѓе свесно ја насочија јавноста да донесе погрешен заклучок дека некој сака да го урне објектот. https://www.slobodenpecat.mk/intervju-so-gradonachalnikot-na-skopje-petre-shilegov-univerzalna-sala-nema-da-se-rushi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Засега се зборува за цифри од околу 20 до 24 милиони евра за нова а за реконструкција ко негде да спомнаа околу 17 милиони ама не сум сигурен.
Според мене универзална треба да се обнови тука каде што е и нека биде со капацитет од околу 1000 гледачи а на некоја друга локација нека се изгради некое помодерно здание со поголем капацитет...само да не испадне на крај да добиеме 2 подпросечни објекти.Во секој случај градот ги нема тие пари така да треба владата да го финансира проектот.Сепак ќе се развлече работата бидејќи ќе се прави сега прво конкурсот за парк и летна сцена па потоа за изгледот доколку би се реновирала(по реновирање мислат да се урне стариов објект и да се гради нов со ист габарит). |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Јајцето требало да има 2,500-3,000 седишта и цена од 65 милиони евра: Конгресен центар – Универзална сала / Stone Design + Arhi Group Plan A
Колку би чинела добра реконструкција на Универзална ваква каква што е? Ако за нова и подобра сала на ново место се дадат и 70-80+ милиони, има шанси сѐ да биде под 100? Edited by Staro Skopje - 31-Jul-2020 at 12:14 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб,деталниот е под мораториум ќе видиме што ќе вцртаат
ова е стариот веројатно ![]() |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
на трета ќе речам може навистина и нова и стара да имаме доколку се најде некој од Збратимените Градои по Европа да ургира само и за Донација За Стакло, а за да му се возврати со реклама и на Градо и на Донаторо добро е во името да се додаде освен Тоше и тој/тие некако оригинално онака на крај во заград ![]() исто би го покудил думањето на Градоначалнико во однос Инстант Референдум бидејќи заради Носталгија мнозина онака од Инает ќе гласаат за старата локација, заради што прво мора едно пола година Широка Јавна Дебата, нешто што го ветуваа како промена но на ниту едно ниво не се случува освен онака телевизиско-агитпроповски за сега, и евентуално експертски пред свршен чин ко во случајот со Устав, но ќе да некому се брза бидејќи избори се ближат!?ако некогаш Скопје добие пак функционална Универзална Сала, а не пак две Градски, треба да се мисли повторно како истата/те бидна мултинаменски можеби со подвижен бочен ѕид за да Стејџот биде под покрив а публика Надвор, можеби и внатре и надвор одеднаш, бреј идеално за партиски фешти, пардон за Перформанси од различен тип, а воедно мора да се мисли како да се извади максимум и од брзо ентериерно преадаптирање од топтан Сала за Седење во топтан Сала за Стоење што повторно и да е домашно-ноу-хау истото ќе чини доколку сакаме да е квалитетно! |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
еден пост и за возобновата, хм, последнио линк горе чисто нафрлен како абер какви Ликои доаѓале, бреј кој се’ не, ЏезФест и ОфФест да не ги редам, поентата е дека во една ваква Концертна Сала треба да се фрлат отпојќе пари во однос Акустика, но семтам и Озвучување, од кој аспект во костец возобнова е мишн импасибл бидејќи да репариш дотраен објект е поскапо него исцело нов да креваш, особено доколку во однос формата на нов објект се оди со Лес-Ис-Мор пристап, битно вака ќе добијат Скопјани но и сите Македонци можност за поетина карта да дотрчаат на концерт, наместо заради скапото рентање на маерки да се удираат во плафон цени, а така впрочем и ќе им се спушти чаламо на постојните озвучувачи ... вака видено, дефакто може да се дума и за Нова Сала која дури била и од ламарина ако е добро акустично осигурана ќе стане некаква подобна замена за Саем, додека воедно може да се задржи старата градба на изворната лкација онака скулптурарлно попрво со можност за Опен Сорс пристап во однос Аматерски Театарски Трупи или Акустични Концерти можеби Изложби и Проекции за кои и баш нема да треба скап ентериер а уште помалку некаков нов екстериер освен оштроумно крпење на старите, комотно и без прозори да е така само асеизмички осигурана старата сала па ќе биде не само спомен туку активен курлтурен но повеќе урбан момент него елитен ... сепак носталгија рулз кај нас по Старо Скопје, па и ги разбирам мнозина, особено после рушењето на Саем за кое ниту гукнаа а не па да прискокаат млади, та ајт вака помпезно да си исперат сега мнозина совест за зајковиот испад виа шилеговата волја околу УнСа и нејзината иднина, и ок, нека е старата, само се прашувам дали сте свесни дека истата е дотраена, зар се абдали и груевци и шилеговци кога верглаат за нова!? а може и се!? незнам зошто не ги извадат сите анализи мерења проектни ревизии итн. документи на Ачик, па нека се премерува за која цена и за колку време старата ќе се возобнови!? а додека сите кршат клечки што сонеа, веќе уште наесен може ќе ве израдуваат дека нема средства во догледно време занеа, евентуално да се дозаборџуе Град а така и да рискира сред евентуална рецесија утре и поскапо да го чини сервисирањето на долгот! можеби ако е Нова Мултинаменска Сала можеби така побрзо би се отплаќала, но каде е одржување, каде е конкуренција, каде ред други позиции како Јавен Објект, кој дури и како Јавно-Приватно Партнерство да го тераат прашање е дали пак и ко нов нема да заглаи онака кредитно! веројатно фер би било градот на Биометриски еРеферендуми да ги извади сите проекти и Народ да определи приоритети, во тој случај сигурен сум ќе ја забораите Универзална а ќе се фокусирате на посуштни работи, но нели Кусур е сега таа, точно може во џепот на удбалитичарите утре кои ништо чудно и од ова да сторат лакрдија од изведба макар проект бил топтапан оригинал ко возобнова или уникат ко нова ерекција, битно некој ќе биде пак Утре крив, заради што конечно мора при Град Скопје да се формира можеби Совет од ГИМ и ААМ а зошто да не и ДЛУМ без чија согласност Градоначалниците воопшто нема да може ни со прст да мрднат во однос која и да е Урбана Позиција па и Етика и Естетика ... |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
ова е позитивно Ехрич, извини за Л-то немоам да кршам јазик, но Убо е да се скрши по некоја клечка предвреме за УнСа та може тоа ќе допре до Градо, синкир на поарно ет што Некој ето Шилегов има волја да се отвори јавна дебата, иако за сега телевизиско смешна илити фејкбуковски патетична, но бар ние истата тука да не ја тераме исклучиво, Ех како за Ск’14 да имаше ваков фор, иако тука е почиста позиција во однос дилемата возобнова или нов објект во костец локација, на страна финансии, кои и во случајот на Коце повторно централната власт сакаше да притекне, додека Шилегов е остаен сам на себе, евентуално ДУИ да му помогне ако ја крева некаде поблиску до Чаир за да имаат од неа сите аир, та да му спискаат на Заев некако и Зеќири и Ахмети ... каква и' да е формата, логично и возобнова да ет, па пак ќе биде ко ново Убо ем сигурно и Акустично, а посекако и фасадата ќе ја спружат шарено мондријановски, уште да е кинетичка истата та ротирајќи во три бои секое стакло, тријаголни плексиглас кутии макар и рачно вртени, и ето Вуги Буги Уникат, за кој БојкоБ (ако не Бугарија) може да донира Златен Песок за темелите, бреј ако не го смиксаат со цемент туку го посипат поднив вистина Салата ќе Шизи ко Шопска да е!мајтапо на страна, но мислам дека локацијата е позбилен фактор за Салава него формата, еден безбедносен аргумент нафрлив горе забораив да додам дека при последнио пожар тикму за тоа Пожарна даде голема забелешка, ќе речам втор би бил метежот кој непотребно се правеше таму при големи настани та трпеше Партизанска вака или онака, а трет и круцијален би бил фактот дека денес како Градо е распослан една ваква Концертна Сала ем во недостаток на Сајмиште треба да е некаде поблизу сите а сепак да се размислува и за Сообраќајот бидејќи нужно нова локација воедно и го зголемува потенцијалот за Седишта но не секоја има простор за голем Паркинг евентуално подземен или Катна Гаража в близина, но и под Кале кај Лизгалиште да ет не е можно со лесно ем ефтино да се реши ова, кусур е што како Појава Универзалнава Купола треба да е Скопски Бисер за кој лично чинам дека веќе место спроти Апче ни заради носталгија, туку во некоја идеална форма тоа треба да е исто во Карпош можеби кај Расадник во Парк, прашање е само како тоа ќе се одрази на Зоолошка во однос децибелите и мирот на Заробените Животни, но и збиеноста во однос СРЦБорисТ, заради што поуба алтернатива е некое од Скопските Брда, иако исто близу Зајчев Рид пример вака би го анимирал конечно и тој дел на градот, само треба да свртат одтаму угоре 15-ка 22-јка или 7-ца на ЈСП за да има на претек автобуси ... морам да кажам дека погорната од ракав истресена Идеја за Средно Водно како отсечена градска локација (патнички достапна само автобуски) ветува пак оригинални Вечерни Панорами, но и целодневна активност во Убиверзална, но за која така би требало и отпојќе осветлени приоди за пентарење угоре Пешки, и по можност Модерни Тушеви на Средно Водно (кои и без ова треба да ги има) за брзо Чоек да сврти од Велосипедист или Планинар во Концертна Публика, а капак кога и вторио дел од Жичара би се намерачиле властите да го завршат и дополнително на Скопјани ќе им дојде како Атракција ваквата локација, иако проблем би било обезбедувањето на еден таков објект таму, но доколку се сака а посекако заради сегашните пладневни навали на Жичара Водно мора и треба таму надзорот да е поозбилен за да случајно не се му се откачи некому сајла во глава та да стркала удоле некој столб и ни руши сегашната половична вожњата по Скопскио Еверест ... но да речеме локации многу па и онаа до МРТВ, прашање е од каде средства особено ако здрма рецесија, потоа прашање е колку би бил рентабилен објектот за поефтино рентање бар за Младински и Пензионерски Фестивали, дали би имал можност и за полуотворена Летна Сцена, и конечно дали таквиот објект брзо ќе се изведи! кога сето ова ќе се стави на кантар, најубо е да се дума за и околу старата локација, а евентуално некој филантроп ко Трифун приватно да инвестира во друга на посоодветна локација, сега како што ни недостасува Скопски Саем ако за вакво нешто приватно на поклон се даде локацијата кај Зајчев Рид веднаш над Скупи чинам би се поалчиле мнозина понеа, особено ако во склоп неа дозволат и некој поситен Културен Мол, само да не заглават во брдото археолошки па да треба и пенали да плаќа државата, заради што прво таму треба да се искенираат стратумите одкрај докрај со GPR Радар а дури потоа да се затера ваква проватна саемска екскурзија ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=747&PID=229367#229367 https://www.slobodnaevropa.mk/a/1770773.html Edited by Zelenikovo - 30-Jul-2020 at 23:19 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А што е со опцијата: прво да се изгради новата или скоро да е изградена, па тек потоа да се сруши старата? Нели е вака пологично? Зошто, одма, прво рушењето?
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Знаеш како, тезава има е обратна страна, односно може да се користи за се, поради што нема никаква логика.
По Втора светска војна, многу германски градови биле во руини и не рекле ајде сега ќе срушиме и ќе правиме современи градови, туку ги извадиле старите средновековни планови и ги обновиле градовите. За Универзална сала има логика Градот да рече дека нема пари да ја прави (што верувам дека е така), но нервира политиката претходно што ја водеа, бидејќи ова им е трета година на власт на локално ниво и досега освен преименувањето на салата во Тоше Проески (бидејќи салава функционира како посебна установа), друго ништо не се случи, а сега ќе ја уривале, ама нова не знаеле каде ќе правеле. Тоа нервира и токму затоа сум против нивното намислено уривање, бидејќи ќе излезе се, само парк не. Со овие половични решенија кои ни ги пуштаат за да развиваме дебати само, аман веќе. |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Ќе држи вода вакво перцепирање ако баш партиски лебарки како овој,не релативизираа за едни а паѓаа во несвест за други.
Не може гтц да го гушкаш а универзална да ја пушташ низ вода. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
ОДЛИЧНО доловена поента од некој на твитер!
![]() ![]() https://twitter.com/Sulimanovic/status/1288854379311902721 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ај малку да ги кренам критериумите, гледам многу ни се спуштени кроз годиниве, страшно, правиме све за инат на претходните. Алоо бре, дискутираме да се зачувалo ѓубре, шут, барака, привремен објект што заради немарност 60 години станал траен.
Еве еден пример од Исланд, држава со 300.000 население, прогласена за наjдобра концертна сала по многу критериуми и од многу релевантни фактори. https://en.wikipedia.org/wiki/Harpa_(concert_hall) ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
реално местото на Универзална Сала требаше да си остане истото, дефакто можеа старата да ја вратат во игра, иако и оној конкурснио предлог на дпмн то Јајцето беше токму од аспект на завршен конкурс завршена финансиска конструкција, а фалеше само инвестиција, но нело да му пцојса козата на комшијата, бидејќи кога би оделе на истата локација со нов конкурс тоа би било екстра зијан, па може вака полесно би поминале за нов а никој да не замери зошто веќе избраниот не се искористи ...
но да не биде паушално нагаѓањево, дефакто старата локација е тесна за што било, па и за старата Универзална Сала само и од аспект на Паркинг, а каде е сега одоколу затнатиот со Згради простор порано Куќи, кусур се тоа испопаркираните коли во споредните улички па нема приод ни за Амбулантно Возило а не пак за Пожарникарски ... доколку веќе ја селат, и бараат простор комотно тоа нека го сторат на некое од Скопските Брда, дали Гази Баба, дали Кале, дали Зајчев Рид, а зошто да не и на Средно Водно што би била фина локација не само за Комерцијална Универзална Сала туку повеќе Градски Џубокс за секојдневни можеби Аматерски Театарски Трупи или Музички Бнедои кои бесплатно би анимирале Народ што почесто да го посетува Водно ... |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |