![]() |
![]() |
![]() |
Земјоделие и рурален живот |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 21> |
Author | ||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
ако пушењето е грев а тутунарите соблазната која го потикнува истиот, мислам дека треба да почне да се размислува како оваа најзастапена земјоделска култура да се измести од постојниот колосек, иако неможе да се искорени со оглед дека околу 200 илјади сограѓани директно или индиректно се зависни од неа! [1] малку е смешно да се декларираме ко Христијани а во исто време да субвенционираме сладострастие а со кое мака мачи и демографијата како отровна депопулирачка појава, особено ако знаеме дека злото нема да го искорениме ако по оганот дотураме масло, демек било профитабилно па инвестирајте, ексик и колонизирањето е профитабилно па не јуришаме наоколу, жално но наголемо сме окупирани од оваа појава немајки друга алтернатива и за уживателителите и за производителите на тутун, јасно освен психијатри и апои [1] но било каква закрпа и да постои ко лек, дал во форма на ап или субвенција, и за едните и за другите, долгорочно тутунот сега како се користи е килавење на народот, а единствено може да се скроти доколку се инвестира дебело во спортот односно истиот се направи далеку подостапен за младите па и старите [1] што е до конзументите, а за производителите треба да се најде поисплатлива пренамена на оваа едноставна култура за одгледување со оглед дека и на слаба земја успева а тешка за култивирање со оглед потребата од рачно берење, нижење и сушење па и класификација, што пак може едноставно да се скроти доколку се сака, да е поиронично пченката која е хранлива ја користат за биогориво а за тутунот нејќат ни да мучнат глава дали ќе го биде за тоа иако е тежок отров, јужноамерички култури со јужноамерички синдроми
Edited by +Protagorist - 15-Jan-2014 at 12:55 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
едно време беше фора кога ќе се распејат петли во крњево, газибаба и жданец бар од оние населби кои се најблиску до центар, можеби тоа и тогаш беше за повеќето скопјани селска појава, но како врви време станува јасно дека без истата скопје ја губи онаа малџиска леснотија, ваквиот фрактален урбанизам од друга страна денес можеби одредено урбано градинарство би го вратило во живот, бар како малџиска опција за сите оние кои не се по спортот а како би стекнале некаква кондиција за да скубнат подалеку од plug-in-тенекињава, бар ќе биде добар log-off-момент од секаква бетонска депресија http://i2.wp.com/thisbigcity.net/wp-content/uploads/2013/03/5BF_Metrics_poster.jpg
|
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
интересен инфографик, проблем е само реланата четвртина каде навидум трудот на земјоделката ќе се олабави за сметка на употребата на хербициди наместо плевење, иако како и со пестицидите колку повеќе се третираат толку повеќе здивуваат [1][2] капак здрав живот доаѓа од локално и екстензивно одгледување во костец со здрав начин на конзумација [3] http://jblein.com/images/ruralwomen.jpg подобро решение е систем капка по капка него хебициди но know-how локалната мрзливост и know-how глоалните корпорации и преку вода жедни ќе не пренесат http://www.dripirrigation.ca/HowTo_Weeds.asp впрочем најцелисходно плевење, покрај drip наводнување и заради тоа помалку плевел, би било косење на плевелот со што и би се ѓубрела површината, а дури последниот плевел да се корне од корен односно кога е во фаза на осеменување како не би расфрлал ново семе, таа фаза е крај на август почеток на септември а тој коров односно плевел мора да се тргне надвор од нивата и истиот да се запали или мулчира во кој случај би требало да се закопа или компостира Edited by +Protagorist - 20-Dec-2013 at 13:10 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
http://www.youtube.com/channel/UCJYt7P1IIaEut7UuAp2J3pA/videos |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
она што го имам како перцепција за отрови е дека колку и истите да се регулирани,контролирани и избалансирани,сепак секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да профитираат на мала врата притоа заобиколувајќи свесно каков и да е законски механизам кој им стои измеѓу профитот и личиот конзумеристички табиет! иако добро е да се знае дека легалните коридори не се ширум отворени и за истите треба државен параф! впрочем и адидас има екстра оригинали ама и цели авиони со фалш декларации проаѓаа на нашиот пазар (се сеќавате кога ги беа враќале од бугарија за кина, од бугарија бидејќи полесно се плакне реата од чорбата ако се претури преку неколку тенџериња) та така и за семенскиот материјал и гмо-то! еј додека сконтаме каде кој како и што истресол пр. она купил три вреќи сертифицирано семе но и уште три шверцано па ова купеното ќе го препродаде на црно а шверцаното ќе си го посее како би имал екстра гмо-принос, јасно некој треба сето ова да го контролира, но еј што вели Грујо како го советувале дека на светско ниво дури 90% од криминалот во светото не е воопшто ни откриен камо ли санкциониран, така да чорбата ќе си ја сркаме колку и да веруваме дека државата будно бдее над нас т.е. сам ако чоек не се осигура не ни мое мирно да заспие особено ако е во прашање храната! патем ретко добро и информативно интервју со министерот излезе ова иако и останатите од порано му беа кое од кое поарни, јас би го предложил чоеков за Претседател со оглед дека сме биле,треба да сме,а и ќе бидеме земјоделска земја! Edited by +Protagorist - 28-Sep-2013 at 11:41 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
Skip Styrofoam Cups...for Your Health - http://www.thedailygreen.com/going-green/tips/polystyrene-stryrofoam-cups-460529 http://www.ehow.com/facts_6862965_toxicity-heated-styrofoam.html |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
конзумеристичко интермецо - MTG - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=138549#138549
|
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
иако опфаќа поширока дефиниција мое мислење е дека Плодоред асоцира и логично е да се идентификува само со миксање култури http://en.wikipedia.org/wiki/Intercropping http://www.no-dig-vegetablegarden.com/intercropping-polyculture.html http://www.zarez.hr/repository/issue/pdf/471/345.pdf ![]() http://www.malaekosjemenarna.com/bio-vrt/dobri-i-losi-susjedi-u-vrtu/ Edited by +Protagorist - 25-Sep-2015 at 10:32 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
се гледа сеуште си градски РОТАЦИЈА = ПЛОДОРЕД сепак Ротацијата може да се тера и монокултурно со оглед дека може и немора на дадената нива да се оди со микс на култури (дури и на една греда или трап) односно пожелно е да се ротираат сите ниви воопшто: - интензивно земјоделие - на една нива постојано една култура интегрирано земјоделие - ротација на монокултурни површини секоја год. - екстензивно (пермакултурно) земјоделие - ротација на плодореди поентата од видеото е дека со ваков едноставен софтвер човек лесно може да се ориентира што садел каде последните 5 години, а ова е особено корисно доколку нивите му се расфрлани наоколу, конечно се алудира на тоа дека земјата се испостува доколку се оди со монокултура на одредена парцела т.е. води кон нутритивна дифициенција (недостаток од минерали) http://5e.plantphys.net/article.php?ch=t&id=289 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
Граѓанин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 233 |
![]() ![]() |
|
Ова се вика плодоред. Не „ротација на посеви“.
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
друга гачка освен монокултурите а која оди рака подрака сонив е интезивниот начин на обработка на културите со нивно вештачко ѓубрење и заштита,а што е и една од главните дубари во сето земјоделие односно се испостува земјата и заради немањето ротација на посеви истата бива подложа на се поголеми напасти т.е. сразмерно на поголемо вештачко третирање (бар на секои две до три нека ги ротираат ако не секоја година) а кога ќе треба бар луцерка да засејат на една год. како би го кренале нивото на кислород во почвата итн. спротивно на интезивно земјоделие е традиционалното екстензивно обработување на земјата и билките а кое денес се смета за еколошко односно органско производство... сепак има и нешто измеѓу ко опција т.е. т.н. интегрирана земјоделска пракса а каде е дозволено употреба на минимум вештачки препарати и гноива - http://nss.com.hr/pitanja-odgovori/odgovori_gnojidba/Integrirana_IB_TU-2012.pdf во сите случаи она што ни фали е едукација,селаните си тераат своеглаво,власта чека тие сами да се описменат или веруваат дека е доволно двајца без тројца од министерството да ги подучат и ето овие ќе станале еколошки и органски посвесни итн.
посекако освен флаерчиња и рекламчиња, повеќе од потребно е да се бараат одржливи механизми на соработка и едукација меѓу системот и систематизираните,но се додека не почнеме бар да копираме искуства а не па свои стратегии да туркаме се до тогаш и ќе се тетеравиме, да е уште повесело од време на време ќе викнеме по некој израелец ил индиец да не описменуе и менаџира а од тоа корист да имаат само меаните во кои ошле на ручек со домакините, та пак топката ќе заигра та попосле пак ќе ја скријат, и се така додека некој и навистина не им ја рогне во публика ...
Edited by +Protagorist - 09-Sep-2013 at 13:52 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
Farming and knowledge monocultures are misconceived - http://www.scidev.net/global/agriculture/opinion/farming-and-knowledge-monocultures-are-misconceived.html http://eprints.ugd.edu.mk/909/1/В.И%20-%2016.pdf
|
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Сибир ќе се слади со праски од Росоман
Публикувано Tuesday, 02 July 2013 18:55 Русите бараат неограничени количества праски од Росоманско, плаќаат однапред и за родот и за транспортот. Извозот на околу 90 проценти, без проблеми, оди во Русија, а се извезува и во Полска и во други европски земји. Рускиот пазар е гладен за македонската праска, која има извонредни вкус и мирис, вели 55-годишниот Русин Шунасип Халилов, кој деновиве престојува во Росоман и надгледува како тече извозот на праски во Русија. Го сретнавме во еден од откупните пунктови, во ладилникот во кој се подготвува овошјето за големиот транспорт. - Првпат сум во Македонија и многу ми се допаѓа тука. Не очекував дека ќе сретнам толку добар и вреден народ. Насадите со праски се прекрасно одгледани. Гледам како уште рано наутро заминуваат со тракторите. Изненаден сум што нив многу често ги возат жени што се рамо до рамо со мажите. Многу други жени во светот треба да учат од работливите росоманки - ни изјави Халилов. Росоманецот Марјан Лазов е домаќин на Русинот и е еден од поголемите извозници на праски од Росоман. Ни објасни дека сонцето им дава посебен вкус и мирис на праските во најголемиот регион на праскови дрвца во Македонија. Со такво производство, вели тој, не може да се пофалат други земји во светот. Има праски со поголема издржливост или поубава боја од македонските, но го немаат овој вкус што ги привлекувал муштериите. - Пласманот е многу добар, побарувачката е огромна. Kупувачите не прашуваат за сорта, важно е да е од Росоманско. Го бараат традиционалниот вкус на нашата праска, кој е незаменлив. Имаме само еден проблем, недостиг на праска. Околу 90 проценти од родот оди за Русија. Се пробивме во Сибир и во Kазахстан. Годинава првпат извезовме и во Полска, па и Полјаците како и Русите бараат многу повеќе отколку што ние можеме да им продадеме. Веќе пет години вршам откуп за Русија и досега немало никакви проблеми. Русите секогаш ја трошат нашата праска пред таа од Шпанија, Италија или Грција. Се продава и во маркети, но и на пазари - вели Лазов. На кооперантите што ги продаваат своите праски во откупниот центар веднаш им се исплаќал родот. Оваа сезона цената се движела од 25 до 30 денари за килограм. Во Росоман го сретнавме и ресенецот Роберт Стојановски, кој повеќе од петнаесетина дена купува праски од регионот и ги пласира на руските пазари. Околу 70 проценти од росоманските праски досега се извезени преку неговата фирма. - Нема доволно праски колку што имаме побарувачка. Русите бараат неограничени количества. Kолку што ќе има праски, толку. Парите однапред авансно ги пуштаат на сметка како за праските така и за транспортот - изјави Стојановски. Додека ние разговаравме со нашите соговорници, две големи транспортни возила чекаа да бидат натоварени со праски наменети за полскиот пазар. Само до пред неколку години во Росоман имаше три ладилника, а сега има 13, а има 18 откупни пунктови. Посетивме и друг откупен пункт во кој фотографиравме група вработени како ги селектираат и ги редат откупените праски. Но имаше и производители на праски, кои самите го редеа своето производство во гајби за продажба во пунктот. Добре Николов е производител на праски од селото Виничани, Градско. Има 18 декари прасков насад, од кој очекува 50 тони оваа сезона. - Задоволни сме од родот, квалитетот, пласманот и од цената. Праските ги продаваме за 25 до 28 денари за килограм во откупен пункт - ни рече Николов. За да добиеме поцелосна слика за тоа што точно се случува овие денови во регионот во кој се произведува еден процент од целокупното светско производство на праски, го посетивме и тамошниот кванташки пазар. - Ние штотуку ги продадовме нашите праски за 23 денари за килограм. Некогаш одат поскапо, некогаш поевтино. Kако ќе начекаш, како ќе се пазариш, така е. Во зависност од квалитетот и од цената, ама важно пласман има. Откупните центри откупуваат праски за Русија, а овие овде од кванташки се наменети главно за кванташкиот пазар во Скопје и за другите градови во државата - вели 55-годишната Павлинка Настова од Росоман. А додека разговаравме со неа, вниманието ни го привлече автомобил натоварен со праски од Kриволак, кои требаше да бидат продадени на кванташки. Праските беа насекаде, па дури и на совозачкото место. А на најпознатиот пазар во Македонија, росоманскиот, кој се наоѓа на патот Градско-Прилеп, во зависност од видот и од квалитетот, еден килограм праски се продаваше на мало за 25 до 50 денари. Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов, е задоволен од годинашнава сезона на праските. Ни рече дека локалната самоуправа редовно создава услови за сите заинтересирани да подигнат ладилници во Росоман. - Освен директниот бенефит што го имаат производителите и прекупувачите, тука е индиректниот бенефит за превозниците, кои го транспортираат росоманското производство до Русија - вели градоначалникот Лазов. Извор: dnevnik.mk http://agri.mk/index.php/vesti/vesti-makedonija/665-sibir-ke-se-sladi-so-praski-od-rosoman |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Благ пораст на површините под грозје, расте и извозот на флаширано вино
Во Република Македонија, во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза се во благ пораст, соопшти Државниот завод за статистика по повод празнувањето на денот на лозарите, „Св. Трифун“. Во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари. Производството на вино во 2012 година изнесуваше 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектолитри вино во шишиња. Во последниве години трендот на производство на вино во шишиња е во пораст и се движи од 149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година. Според податоците од Статистичкиот деловен регистар, во Република Македонија работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино. Во 2012 година Република Македонија извезе 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра. Во 2011 година, прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15,2 % во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 246.889 илјади денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12,4% и изнесува 200.595 илјади денари. Пресметано е дека во 2011 година македонските граѓани на возраст над 18 години просечно испиле по 2,0 л вино и 0,9 л ракија. http://www.sitel.com.mk/blag-porast-na-povrshinite-pod-grozje-raste-i-izvozot-na-flashirano-vino |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
бадијала ако ова не е програмирано налик кампањата купи куќа купи стан каде преку разработена шема на држвано и општинско ниво ќе се нуди повеќе од кредитирање,суфинансирање или субвенции просто за да се омасови вакво нешто и сите рурални села да живнат мора државата прво да прогласи мораториум на се што е полураспаднато а напуштено како државна своина,а потоа да го раздели на секој што е заинтересиран да се врати таму да функционира но во нова пр. избалирана куќа, останативе пак кои би ги средила потоа да ги рента а средствата да се слеваат во државната каса или општината со тоа што семејствава би функционирале ко домакини, истите ко такви сепак да полагаат некакво право и на користење на ваквиот имот ајде кој и што плати во кеш ко бакшиш да можат да си го задржат,а кој оди преку туристичка агенција државата ил општината да кешира! |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Всушност има доста граѓани со вакви идеи ,некој од нив и ги имаат остварено ,пред неколку месеци гледав емисија на Телма ако добро се сеќавам и беше за некое Тетовско село кое од напуштено денеска е вистински центар за Рурален туризам во тетовскиот регион ,е сега емисијава беше особено да се нагласи дека нема струја и вода ,односно вода има во бунари но немаат струја за извлекување на водата од бунарите а вака било многу тешко ,а во вечерните часови неможело да се седи или да се шета низ селото поради недостиг од светлина, за овој проблем ниеден од надлежните немал слух. Иначе целото село е поправено и средено од страна на неколку повратници од странство.
Потоа сличен пример има и во Мавровскиот регион незнам за кое точно село станува збор но го имаше на емисијата Запознајте ја Македонија (мислам дека така се викаше) и таму исто повратник од странство ги има откупено куќите и ги реновира во традиционален стил а воедно ги изнајмува и прави пари од рурален развој. Има доста примери и предлози низ Македонија но никогаш не завршуваат на правото место ,наместо јавно-приватно партнерство да се направи и да се искористат средствата од ИПА фондовите за ваква намена ние ги оставаме да ги зема некој друг или само да се префрлат за следната година иако ако ги искористиме и има побарувачка следната година ќе има уште повеќе средства наменети за нашата држава. Јас лично видов прилично добар рурален развој низ Чешка и Словачка со средствата од ИПА фондовите кој ги искористиле со погранична соработка или пак јавно-приватно партнерство само што оваа можност кај нас не се користи, има само неколку примери за прекугранична соработка и погранична соработка која земала средства од ИПА фондовите и тие се меѓу општини од Македонија и Бугарија. |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
вакви примери ко горе има во недоглед дали како етно-села,еко-фарми или туристички селски газдинства но проблемот со сите нив е што ем не се автентични ем се модернизирани, а ако види чоек ова денес дури и по третиот свет станува норма,евентуално што има останато рурално во европа ил америка то се амишките заедници но кај нив селски туризам тнко најверојатно кај нас секое второ село што е напуштено со малку дравни средства и заинтересирани сограѓани може да се ревитализира и конзервира бар архитектурата ако ништо друго а туризмот да се сврти на рурален престој во услови без струја и механизација а сето тоа би се сервисирало хостелски наместо хотелскки со самопослужување т.е. од месење леб и правење храна до ложење оган и црпење вода нешто налик селски кампинг итн. со ваков потег многу села би се сочувале од оние што се напуштени а полураспаднати,не верувам дека сопствениците би имале против некој беспари да им обнови куќите а за возврат истите да бидат на општината на располагање во прилог рурален туризам,сепак тоа се камини градби и вреди во истите да се инвестира макар тоа било организирано волонтерски од некоја локална еко-задруга,еко-здружение или еко-министерство... Села околу Стрежевско езеро - http://www.youtube.com/watch?v=i_jfU0C_3kA&t=6m40s додуша најдобро работата да се сврти на планска кампања за себе вработување каде државата би им понудила на млади и заинтересирани семејства да ги ангаира на вакви нешта,нека им додели куќи средства за diy опремување и средување на истите,заедничка механизација за обработка на земјата и јасно добро туристичко промовирање како пред се од издавање легла би живееле ваквите села кои е всушност најдобро да прераснат во комуни онаму каде има простор и волја за тоа... [1][2][3] патем доколку ваквиот природен мизансцен се сочува тоа утре дополнително ќе може да се уновчи дали индивидуално ил колективно! Edited by +Protagorist - 12-Feb-2013 at 17:19 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
вака изгледа оригинален мед.рамката ми ја даде еден роднина.овде сигурно нема од гликозата што ја шиткаат покрај магистралите
![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 21> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |