Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#201 Posted: 25-Aug-2010 at 18:26 |
Инвестиции во прилепско  Нов рудник започна со работа во околината на Прилеп 25.08.2010 Во
околината на Прилеп, кај селото Нов Присад, започна со работа нов
рудник, инвестиција на македонско-турски конзорциум. Веќе се ангажирани
50 работници. Македонско-турскиот
конзорциум што го сочинуваат двете фирми, „Орто-мермери„ и „При Мар
Интернационал„ и покрај кризата одлучија да инвестира во рудникот за
експлоатација на надалеку прочуениот прилепски мермер. Почетната
инвестиција е вредна околу 4 милиони евра, а веќе се ангажирани 50-ина
работници.  Овој
бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината
Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите
истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација,
времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за
понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис  ,,Овој
бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината
Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите
истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација,
времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за
понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис, така да тоа
ни беше предизвик и покрај кризната година, се решивме да инвестираме."
Изјави Феркан Бербери, управител на турската фирма „При Мар Интернационал„, И од „Орто-мермери„ посочуваат на бизнис-мотивите. ,,Овој
конзорциум понуди најквалитетни услови, најјасна визија и најстабилна
позиција во нивната визија како ова да работи. Брендот на нашиот камен
да биде присутен во целата дистрибутерска мрежа." Вели Мишо
Веселиноски, директор на „Орто мермери„.Концесијата е добиена за период
од 20 години, во должина од 2,5 километра. Плановите на инвеститорите се
во догледно време, тука да се изгради и фабрика за финално производство
на мермерни плочи, со што ќе се задоволат потребите на потрошувачите
ширум светот. Зашто мермерот е во редот на производите чија побарувачка
на светскиот пазар, не е условена на светските финансиски движења. ,,Значи
ние имаме спремно се за нив, комплетна инфраструктура и фабрика е
спремна, но динамиката ќе каже овој рудник како ќе движи, која брзина,
за да можеме да дојдеме до тоа. Се што е добра светска пракса, ќе се
примени." Додава
Веселиновски.Оваа извозно ориентирана компанија, веќе обезбедила пазари
во Турција, Хонг Конг, Дубаи, Абу Даби и Италија. ,,Сега сме
сконцентрирани на отворање на првите етажи во рудникот и вадење на
комерцијалните блокови. Според сите испитувања и истражувања што се
извршија во претходниот период, очекуваме да на годишно ниво достигнеме
од 5-6 000 кубни метри." најавува Бербери. Секако со зголемување
на обемот на производство, ќе се зголемува и бројот на нови вработувања.
Околината на Прилеп, особено Мариовско е се поатрактивно за странските,
во најголем број грчки инвеститори кои трагаат и експлоатираат рудни
богатства, што ги извезуваат на пазарите ширум светот, остварувајќи
висок профит. http://www.makdenes.org/content/article/2137392.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#202 Posted: 20-Jul-2010 at 05:24 |
Тополница сака
колективна селидба

Со досегашните
екоинвестиции и со очекуваниот почеток на производство на бакар од
јаловината, „Бучим“ нема да биде опасен за човековата околина,
тврдат од радовишкиот рудник, а жителите на Тополница не се откажуваат
од барањето за дислокација на селото
Радовишкиот рудник „Бучим“ веќе нема да биде закана за селото
Тополница, чии жители, поради загадена вода и прашината од јаловиштето,
неколку години бараат селото да се премести на нова локација, ветува
раководството на рудникот. Со реализацијата на еколошкиот проект вреден
1,5 милион евра, со неодамнешното поземјување и пошумување со 45 илјади
садници на јаловиштето старо три децении, како и со новата инвестиција
од девет милиони евра за производство на бакар од старата јаловина,
„Бучим“ повеќе нема да ја загадува животната средина, а и ќе се справи
со големото количество отпад складиран на коповското јаловиште. Еден
милион од парите за проектот се холандска донација преку УНДП, а 500
илјади евра беа инвестиција на рудникот. Жителите на Тополица неколку
години бараат селото да се дислоцира покрај магистралниот пат Радовиш -
Штип, три километри подалеку од сегашната локација. Загадени беа и
околните реки, чија вода беше сина од присуството на метали.
Раководството
на „Бучим“, единствениот рудник за бакар во Македонија, ветува чиста
животна околина, пред почетокот на реализацијата на новата капитална
инвестиција за производство на чист електролитен бакар од старата
јаловина. Сега „Бучим“ произведува само бакарен концентрат, кој се топи
во Бугарија. Ако потребните дозволи се добијат навреме, руски „Солвеј“,
кој го купи и го рестартира рудникот пред пет години, очекува
производството и извозот на по две-три илјади тони бакар годишно како
финален производ да почнат од јули 2011 година.
- Освен
отворањето на педесетина нови работни места. со новата инвестиција ќе го
продолжиме и векот на рудникот за десетина години, односно очекуваме
негова активност уште две-три децении, а во меѓувреме ќе се истражуваат и
нови рудни резерви. Со новата технологија, со лужење, односно со
растворање на бакарот од оксидната бакарна руда, и со електролиза ќе
добиваме чист електролитен, односно катоден бакар од историскиот отпад
на коповското јаловиште. На него се складирани 140 милиони тони
јаловина, со присуство на бакар од околу 0,1 отсто, што е неисплатливо
за преработка во топилница. Со новиот метод, од 140-те илјади тони бакар
од јаловината ќе може да се извадат половината, односно околу 70 илјади
тони - објаснува Николајчо Николов, заменик-генерален директор на
„Бучим“.
Тој истакнува и дека на овој начин се затвораат
еколошките проблеми присутни уште од отворањето на рудникот во 1979
година.
- Дефинитивно, ова значи умртвување на коповското
јаловиште. Системот е модерен, со затворен циклус и не претставува
никаква опасност за животната средина. Со овој и со досегашните зафати
повеќе нема да има загадена и сина вода во околните реки, а ќе работиме и
на дополнително чистење на Меденска Река - вели Николов.
Жителите
на Тополница, најголемото село населено со Турци-Јуруци во општината
Радовиш со 130 семејства и 600 луѓе, на овие најави реагираат воздржано и
не веруваат дека долгогодишните проблеми ќе се решат. Нагласуваат дека
водата во Тополничка Река сега била бистра, но не била чиста, па во неа
немало жив свет. Водата не била чиста за пиење ни во многуте селски
бунари. Со техничка вода семејствата се снабдуваат од хидрофорски
системи, а со вода за пиење од резервоар на „Бучим“. Но, таа вода е
достапна само за една третина од жителите. Другите одат со километри за
да донесат чиста вода.
- Дај боже да биде така како што вели
раководството на „Бучим“. Ние него не го обвинуваме. Тие го купија
рудникот пред пет години, а проблемите се присутни одамна. Изгледа при
изградбата на секој рудник мора некој да биде жртвуван, да биде
колатерална штета, а во случајот тоа сме ние. Рудникот бил изграден, а
Тополница осудена на смрт, без право на жалба. Не го повлекуваме
барањето за дислокација на селото, кое го испративме до радовишката
локална самоуправа, а преку пратеници и до Собранието на Македонија. За
реализација на идејата баравме парична поддршка и од Турција - вели Усин
Усинов, претседател на Месната заедница во Тополница и претседател на
Здружението на јуручките Турци во источна Македонија.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CD50A275478FC440B016BA27D57EF9C8
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#203 Posted: 14-Jul-2010 at 14:27 |
Бучим од јаловина ќе произведува чист бакар
Од отпад до скап производ. Бучим почна со
реализација на проектот кој предвидува од јаловината складирана во
изминатите триесетина години да произведува чист бакар.
Инвестицијата чини 9 милиони евра, а ќе се произведуваат од 2 до
3 илјади тони електролитен метал годишно. Во јули 2011 година од
Македонија ќе биде извезен првиот бакар со домашен квалитет.
- За прв пат во Македонија ќе се појави готов производ на
електролитен бакар. Значи ќе изградиме мала електролиза од која ќе се
добие нов производ, чист бакар кој ќе се извезува од Македонија во
количина од 2-3 илјади тони вели директорот на Бучим Николајчо Николов.
На глобално ниво недостасува овој метал, па оттука и оптимизмот на
менаџерскиот тим дека цените ќе се задржат и ќе одат во нагорна линија.
Однапред било продадено производството за наредните десет години.
- Пазарот е отворен, прашањето кај овие метали е цената инаку колку
ќе се произведе толку и ќе се продаде. Ние го имаме продадено
производството за наредните 10 години. Воопшто не е проблем пласманот
туку цената на берзите но очекуваме дека и тука нема да има многу
колебања, цената е стабилизирана и ќе остане на ова ниво кое е на
задоволително ниво за позитивно работење во Бучим - вели Николов.
Николов вели дека иако вложените средства не се големи, проектот е од
огромно значење како за Бучим така и за Радовиш, бидејќи металите ќе
бидат извадени, а јаловината ќе биде пошумена. Од друга страна пак и во
криза новото производство ќе обезбеди работа за четириесеттина
радовишани.
- Во наредните 20 години се решава еден многу еколошки момент. Ќе се
извади металот од јаловината, ќе се умртви јаловината и тоа во иднина
нема да претставува опасност за човековата околина. Тоа за нас не е
голема инвестиција но е битен проект за Радовиш и цела Македонија. Ќе се
направи континуитет бидејќи нашиот рудник е проценет на уште десет
години потоа ќе нема рудни резерви. Но за овие 10 години ќе се појават и
ние ќе учевствуваме на тендери, ќе се појават нови наоѓалишта каде
имаме желби рудникот да го зголемиме што подолго можеме - вели
директорот Николов.
Рудниците годинава работат со полна пареа. Само во Бучим двојно е
зголемен ископот.
Првично планираните 6 милиони тони до крајот на годинава со
сиугурност ќе бидат надминати при што очекуваат производство од над 12
милиони тони руда и јаловина.
А овој несекојдневен потег во рударството само ќе го продолжи
животниот век на рудникот за уште десеттина години.
Борче Пауновски |
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/buchim-od-jalovina-ke-proizveduva-chist-bakar
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#204 Posted: 29-Jun-2010 at 19:15 |
Проценка за над 45 тони злато во Кратовско
09:00 | 03.06.2010 | Автор: Владимир Петрески
„Џенезис рисорсис“, австралиска компанија за истражување на минерални
ресурси, која котира на австралиската берза, ја објави својата процена
за нова и досега неексплоатирана жила на метали проценети во износи од
45,4 тони злато и 8.000 тони сребро во рамките на својот проект во
близина на месноста Плавица во општина Кратово, објави американскиот
неделник за рударство „МMining Weekly“, според соопштение на
компанијата. Инаку, ова е прва процена направена во месноста Плавица
според правилата на меѓународниот Заеднички комитет за резерви на руда.
Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од
14.787 тони бакар со просечна чистота од 0,28 отсто. Во своето
соопштение компанијата изјави дека сега ќе почне металуршкото тестирање и
студија за опфатот на проектот. Директорот за развој, Педро
Кастелоризос, изјави дека ова е прва процена на ресурсите кога било
направена во рамките на проектот во Плавица. - Ние планираме да
спроведеме понатамошни истражувања во блиска иднина, кои ќе вклучуваат
екстензивна програма на дупчење, преземена од страна на компанијата во
рамките на потпишаниот договор за заедничката соработка, која
компанијата ја има со конгломератот „Силекс“. „Џенезис“ го потпиша
договорот со „Силекс“ во декември 2007 година за концесиите врз Плавица и
Црн Врв, месности во близина на Кратово, кои официјално беа доделени од
страна на Министерството за економија на владата на РМ по пролонгиран
период на одложување. Во рамките на договорот меѓу двете компании,
интересот на „Џенезис“ изнесува 62 отсто и компанијата целосно го
финансира истражувањето и студијата за економска оправданост, а исто
така и управува со сите операции во рамките на проектот. Кастелоризос
додава дека компанијата, исто така, планира и програма на целосно
истражување кое ќе се однесува на претходно идентификуваните можности во
рамките на територијата што ја има добиено под концесија. Проектот е
составен од две лиценци за истражување, кои покриваат околу 200
квадратни километри во карпатскиот вулкански лак, сегмент кој поминува
низ Југоисточна Европа и има огромни потенцијали за откривање на
минерализација на злато, бакар и сребро. - Компанијата има голема
доверба во истражувањето и потенцијалните рударски можности во овој дел
од југоисточна Европа и овие резултати ја оправдуваат таквата доверба -
коментира Кастелоризос.
http://www.time.mk/read/f616275865/8aaf394974/index.html
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#205 Posted: 26-May-2010 at 20:10 |
Концесиите за
металите да не се менуваат
Ние не сме
против да се плаќа концесиски надомест и не приговараме на неговата
висина, која може да биде и поголема, но сме против тој да се менува на
секои три-четири месеци - рече претседателот на Македонската асоцијација
за рударство при СКМ Николајчо Николов Министерството за
економија да направи добра анализа за да се утврди реалниот концесиски
надомест што треба да се плаќа за експлоатација на минералните суровини и
тој да биде константен, бара Македонската асоцијација за рударство при
Стопанската комора на Македонија.
- Ние не сме против да се
плаќа концесиски надомест и не приговараме на неговата висина, која може
да биде и поголема, но сме против тој да се менува на секои три-четири
месеци и бараме да важи најмалку пет години - рече претседателот на
Македонската асоцијација за рударство при СКМ Николајчо Николов на
вчерашната прес-конференција.
Тој посочи дека концесискиот
надомест во Македонија, кој изнесува 1,5 отсто од просечната цена на
металите на Лондонската берза, во последните неколку месеци дури три
пати се менувал.
- Лани во август висината на концесискиот
надомест изнесуваше 0,5 отсто од пазарната вредност на металите на
Лондонската берза, на 31 јануари годинава се зголеми на 1 отсто, а од 1
мај на 1,5 отсто. Висината на концесискиот надомест во Македонија не е
проблем бидејќи е релативно помала од земјите во регионот, но проблем е
нејзиното често менување поради што рудниците не можат реално да ги
планираат средствата за концесиските надомести во своите буџети. Вака
честото менување на процентот создава несигурност кај инвеститорите, кои
кај рудниците за метали се најчесто странци и дел од нив се одлучуваат
да инвестираат во соседството и покрај повисоките надоместоци - рече
Николов.
Тој истакна дека за последната промена на висината на
концесискиот надомест воопшто не биле консултирани и разбрале по
објавувањето во „Службен весник“.
Асоцијацијата побара
Министерството за економија да направи добра анализа за реалниот
надоместок, кој можеби треба да биде и повисок од 1,5 отсто, но да биде
константен, како и да престане со честите измени на Законот за минерални
суровини, основниот закон со кој се регулира работењето на компаниите
што вршат истражување и експлоатација на минерални суровини.
-
Македонија од производството на руда остварува значаен девизен прилив и
во него се ангажирани голем број работници. Затоа очекуваме поадекватно
разбирање од Министерството за економија и бараме да направи
подалекурочно согледување за надоместот за концесии - рече Николов.
Според
статистиката, земјава од извозот на метали пред заживувањето на
рудниците во 2005 година инкасирала 0,3 милиони долари, во 2006 година
30 милиони долари, во 2007 година 70 милиони долари, а во 2008 година
158 милиони долари. Лани поради кризата девизниот прилив од металите
изнесувал 104 милиони долари. Во првите три месеци од годинава од извоз
на метали биле инкасирани 44 милиони долари. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86479B37906F584BA98DA6994561D227
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#206 Posted: 23-May-2010 at 17:27 |
Рудниците
имаат век на траење

Резервите од рудниците што се во работна состојба еден ден ќе
бидат целосно потрошени, предупредува професорот Тодор Серафимовски
Иван Бојаџиски
ШТИП – „Македонија мора
целосно да го либерализира доделувањето концесии за геолошки
истражувања, бидејќи во рудните потенцијали се кријат значајни ресурси
од значење за нашата економија. Ова е неопходно од две причини. Прво,
државата нема доволно пари сама да финансира во геолошки истражувања.
Второ, интересот на странски компании што се подготвени да вложат во
истражувањата на потенцијалите на минералните суровини и развој на
рударството во светот е се' поголем“, вели професорот Тодор
Серафимовски. Тој е годинашен добитник на наградата „Гоце Делчев“ од
областа на науката за капиталниот труд „Генеза на рудни наоѓалишта“. За
оваа област Серафимовски предава цели 28 години, најнапред на рударскиот
факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а од пред три
години на Факултетот за природни и технички науки при штипскиот
универзитет „Гоце Делчев“.
„Мора да бидеме свесни дека секој
рудник има свој век на траење и дека не се обновува. Притоа мора да ги
користиме поуките од минатото кога Македонија затвори три значајни
рудници за железо, хром и за антимон „Тајмиште“, „Дамјан“ и рудникот кај
Демир Хисар. И потенцијалот од рудниците што се во работна состојба
еден ден ќе биде целосно потрошен. Најдолг век ќе имаат рудниците за
олово и за цинк. Тој факт пред нас како држава ја поставува историската
одговорност упорно да работиме на откривањето на новите рудни
потенцијали, кои во Македонија несомнено ги има. Но, за да дојдеме до
една таква фаза мора целосно да го либерализираме издавањето концесиски
дозволи за истражување на минерални суровини. За ова бев голем поборник
во времето кога се работеше на содржината на новиот Закон за минерални
суровини“, потенцира Серафимовски.
Тој оценува дека државата има
обврска да наоѓа нови рудни наоѓалишта, пред се', поради сознанијата за
нејзиниот значаен руден потенцијал. „На теренот на источниот дел од
државата, во реонот на Иловица кај Струмица, Казан Дол кај Валандово и
во близина на Пехчево, компанијата ’Фелпс Доџ‘ од САД вложува два
милиона долари во истражување на рудните потенцијали на бакар и на
злато. Нивните досегашни резултати само ги потврдуваат претпоставките
дека Македонија е земја со солидно рудно богатство. Во централниот, а
посебно во западниот дел од државата, покрај мермерот, постојат значајни
потенцијали на бакар, злато, олово, цинк, молибден. Кога постапката за
добивање концесии за рудни истражувања би се либерализирала, односно
кога заинтересираните странски компании побргу и без многу
администрирање би добивале концесии, тие полесно би се одлучиле да
инвестираат во геолошките истражувања кај нас“, убеден е Серафимовски.
Според
професорот, само на ваков начин Македонија ќе може да се здобие со
комплетна документација за својот руден потенцијал, која останува во
домашните архиви како трајна сопственост. Од оваа работа корист ќе имаат
концесионерите, државата, но и подрачјата на чии локации ќе бидат
отворени новите рудници. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=56CEA2B0775B32488B4409C9B244672C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#207 Posted: 17-May-2010 at 13:20 |
Повторно поскапеа концесиите за
минерали |
|
|
Од Македонската
асоцијација на рударство
сметаат дека толку брзите промени многу негативно
се одразуваат
на работењето
на рударскиот
сектор |
|
|
|
 |
|
За пет
месеци, три поскапувања на концесискиот надомест за експлоатација на
минерални суровини. Во споредба со лани, концесискиот надомест скокна
неколкукратно, со износи што се и двојно поголеми од претходно. Државата
очигледно реши да го стегне ременот кога се работи за нејзиното
природно богатство. „Нова Македонија“ уште минатата година во текстот
„Државното богатство се распродава за бадијала“ укажа на овој проблем,
за потоа од 0,5 проценти концесискиот надомест во јануари двојно да се
зголеми на 1 процент. Се промени и методологијата на пресметка според
количеството на метал на тон произведен концентрат, по цени важечки на
лондонската берза на метали. Но државата не издржа долго со оваа цена и
на 1 април одново го зголеми надоместокот на 1,5 процент. Од Владата
велат дека од 1 јуни цената повторно ќе се зголеми на 2 проценти.
- Мора да се менуваат работите кога станува збор за екстракција на
вредност и извлекување на природните богатства, кои не се непресушни.
Затоа и го зголемивме надоместокот за концесија. Значајно е и тоа што
сега надоместокот се пресметува според содржината на метал - ни изјави
вицепремиерот Владимир Пешевски. Поволностите од новата методологија ги
истакнуваат и во Министерството за економија.
- Само по основа на концесиски надомест досега во државната каса се
влезени над 10 милиони евра, од што за геолошки истражувања над 2
милиони евра. Годинава се доделени околу 120 локации за геолошки
истражувања, 250 концесии за експлоатација на неметалични минерални
суровини и околу 50 концесии за експлоатација на подземна вода за пиење.
Ова покажува дека има голем интерес за добивање концесии за минерални
суровини - вели Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални
суровини. Според претходната метдоологија, тој што добил концесија за
цинкова руда на пример плаќал само за тоа, додека другите метали што ги
има во рудата, како сребро, злато, кадмиум му биле бесплатни, велат
нашите извори. Тие предупредуваат и на опасноста странските компании,
кои се концесионери во нашите рудници, профитот да го изнесуваат надвор
од земјата. Зголемените концесии би требало да бидат рампа и за вакво
нешто. И додека власта трие раце, концесионерите се незадоволни од
поскапувањата и сметаат дека тие лошо ќе се одразат на бизнис-климата,
инвестициите и вработувањата.
- Толку брзите промени многу негативно се одразуваат на работењето на
рударскиот сектор генерално. Компаниите не стигнуваат да направат ниту
планови за буџетирање. Во споредба со претходно, зголемувањето е за
четири пати. Досега рудникот „Бучим“ плаќаше 40.000 долари концесиски
надомест секој месец, а сега ќе треба да плаќаме 60.000 долари месечно.
Тоа се многу пари - ни изјави Николајчо Николов, директор на „Бучим“ и
прв човек на Македонската асоцијација за рударство. Тој вели дека слична
е состојбата и кај другите рудници, а мерката посебно ќе ги погоди
новите концесионери. Со измените на кривичниот законик, кои неодамна
стапија во сила, нелегалниот ископ на минерални суровини се третира како
кривично дело.
|
|
|
|
Автор: Александар С. Димковски | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=517101031218&id=10&prilog=0&setIzdanie=21985
Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 13:20
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#208 Posted: 07-Apr-2010 at 16:02 |
Затвор за нелегалните копачи
Последнава година имало дваесетина нелегални ископувања минерали. Со двојното зголемување на концесискиот надомест за експлоатација на рудното богатство е зголемена наплатата, но и интересот кај инвеститорите
|
|
 |
Природните богатства се важен предуслов за моќта и економскиот развој на секоја држава. Македонија нема гас, ниту нафта, но има доволно количества други суровини, кои ако неконтролирано се вадат ќе се направи пустош, а одредени рударски краеви може и целосно да замрат. За значењето на рудното богатство, концесиските надоместоци, но и санкциите, разговаравме со Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални суровини во Министерството за економија.
Во завршна фаза е Стратегијата за геолошки истражувања и рационално искористување на минералните суровини за периодот од 2010 до 2030 година. Кои се целите на оваа долгорочна стратегија?
- Во документот се дава значење на основните геолошки истражувања на енергетски минерални суровини, металични и неметалични суровини, подземни минерални и термални води, искористување на енергијата од карпите итн. Од нив најголемо значење имаат јаглените, бидејќи претставуваат основна суровина за добивање електрична енергија. Во Македонија повеќе од 80 проценти од произведената електрична енергија отпаѓаат на јагленот. Така, реализацијата на стратегијата ќе придонесе за отворање повеќе рудници, продолжување на векот на работа на термоцентралите, стабилизирање и снабдувањето со електрична енергија привлекување инвестиции и усогласување на геологијата.
Колку ќе чини спроведувањето на стратегијата?
- За завршување на почнатите активности на изработката на геолошките карти, кои се во тек, и изработката на другите геолошки карти за целата територија на Република Македонија според сегашните цени од буџетот потребно е да се обезбедат вкупно 24,5 милиони евра.
Од Македонската асоцијација за рударство реагираат на голем број случаи на незаконска експлоатација, што го отежнува работењето и ја намалува конкурентноста на легалните концесионери. Претежно станува збор за диво копање песок од речните корита. Кои се вашите сознанија за ова?
- Како Министерство ние немаме ингеренции за речните корита. За тоа е надлежна управата за водостопанство. На нашата веб-страница секој граѓанин може да пријави доколку некој копа на диво. Од 15.12.2009 година до денес се регистрирани 21 бесправно копање на минерални суровини. Со последните законски измени ќе се стегне обрачот за нелегално копање и ќе се заострат казните.
Велите построги санкции. Што значи тоа?
- Со измените на кривичниот законик, кои ќе стапат во сила идниот месец, нелегалниот ископ на минерални суровини се третира како кривично дело. Тоа значи казна затвор за оние што нелегално копаат како и одземање на целокупната опрема и механизација. Веруваме дека со ова еднаш за секогаш ќе и се стави крај на бесправната експлоатација. Истовремено во тек е постапката за вработување на уште 8 инспектори, со што уште повеќе ќе се зголеми мобилноста на терен.
Од почетокот на годинава концесискиот надомест за експлоатација на минерални суровини се зголеми двојно (од 0,5 на 1 процент). Како ова се одразува на привлекување на потенцијалните инвеститори и полнење на државната каса?
- Со измените се наплаќа 1 процент според процентот на метал на тон произведен концентрат, според цените што се важечки на лондонската берза. Само по основа на концесиски надомест во државната каса се влезени над 10 милиони евра, од што само за геолошки истражувања над 2 милиони евра. Годинава се доделени околу 120 локации за геолошки истражувања, 250 концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини и околу 50 концесии за експлоатација на подземна вода за пиење. Ова покажува дека има голем интерес за добивање концесии за минерални суровини. Во Струмица и во Валандово во тек се активностите на странска компанија што врши истражување за пронаоѓање бакар, злато, сребро и други металични суровини.
Автор: Александар С. Димковски
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#209 Posted: 24-Mar-2010 at 13:19 |
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НЕМА НИ ДЕНАР ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА ПРИРОДАТА
Никој не го чува Алшар
"Спомениците на природата се мошне битни, особено Алшар каде што треба да се вработи чуварска служба и да се направи план за управување, но досега ништо не е преземено, оти нема пари", признава министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи
Министерството за животна средина и просторно планирање во годинешниот буџет нема ниту денар за заштита на спомениците на природата и на заштитените подрачја. Лани за споменици на природата беа прогласени локалитетот Локве во Долно Коњари, Прилепско, локалитетот на скаменети фигури Куклица кај Кратово, и Алшар на планината Кожуф. Овие локалитети се заштитени само на хартија, додека конкретни мерки за нивна заштита и зачувување сe уште нема. "Овие локалитети се мошне битни, особено Алшар каде што треба да се вработи чуварска служба и да се направи план за управување. Но досега ништо не е преземено, бидејќи немавме средства. Ниту во годинешниот буџет имаме пари за заштита на овие споменици на природата", рече министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи. На прашањето зошто две години по ред во буџетот нема пари за заштита на природното богатство, Јакупи се пожали дека побарале средства од Владата, но оти не им биле одобрени. Иако годинава Министерството нема пари за конкретна заштита на природните реткости, министерот Јакупи минатата недела поднел иницијатива до Владата Шар Планина да се прогласи за национален парк. Портпаролот на Владата Мартин Мартиноски објасни дека иницијативата за прогласување на Шара за национален парк не е отфрлена туку оти на Влада било договорено да се формира меѓуресорска комисија која до јули годинава ќе даде прецизна анализа што може да се заштити. "Иницијативата беше поздравена како добра, но предлогот не беше добро подготвен. Се дискутираше во кои граници може да се заштити Шара, што ќе значи тоа од аспект на зимскиот туризам и од економски аспект, дали тоа ќе пречи за туризмот. Беше одлучено тоа детаљно да се анализира, па потоа да се донесе финална одлука", вели Мартиновски. (Е.А.) http://www.vest.com.mk/?ItemID=358C0CB3AA08474DA8CA47766D96F689
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#210 Posted: 01-Mar-2010 at 22:21 |
„Бучим“ реализира инвестиција
од 5 милиони евра |
; background-repeat: repeat-x;">
|
|
|
|
|
|
Рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш од јануари
интензивно работи на североисточниот дел од централното рудно тело ,при
што се инвестирани пет милиони евра, изјави викендов заменик-менаџерот
Николајчо Николов |
|
|
|
 |
|
- Во изминатите два месеци во североисточниот дел имаме
експлоатирано еден милион јаловина, со што се создаваат услови да се
дојде до рудата и со тоа да се овозможи континуитет на рудникот во
наредните 10 години - рече тој, додавајќи дека од тој дел очекуваат
експлоатација на 12 милиони тони руда, а за реализација на инвестицијата
„Бучим“ веќе купи два дампера, една дупчалка и вработи 30 лица.
Во
завршна фаза е и реализацијата на зафаќањето на водите од сливното
подрачје на Бучим, проблем стар триесетина години, со што ќе се реши
загадувањето на Маденска Река, која се слива во реката Крива Лакавица.
Раководството
на радовишкиот рудник е задоволно од цената на бакарот, која на
светските берзи се движи околу 7.000 долари за тон. „Бучим“ годишно
произведува 8.000 тони бакар и од 300 до 400 килограми злато. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31101032297&id=10&prilog=0&setIzdanie=21922
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#211 Posted: 18-Feb-2010 at 02:13 |
Несекојдневен потег навистина, ама ако бројката 70000 тони чист бакар е вистинска, тогаш
„Бучим“ ќе прави профит и од отпадот

Од јаловината создавана три децении може да се извадат 70.000 тони чист бакар
Радовиш - Рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш изготви проект чија
имплементација ќе овозможи да се искористи отпадот што е создаван во
текот на тридецениското работење и да се оствари профит од тој процес.
Овој несекојдневен потег во рударството ќе овозможи продолжување на
работниот век на рудникот за уште едно десетлетие. „На подрачјето на
рудникот имаме планина јаловина создавана низ тридецениската историја
на рудникот, со тежина од 130 милиони тони. Од неа, според нашите
првични стручни анализи, може да се добијат 70.000 тони чист бакар.
Доколку се има предвид дека вкупниот годишен капацитет на рудникот е
производство на 7.000 тони бакар, тогаш станува јасно дека целиме на
потенцијал што ќе може да се експлоатира најмалку десет години“, вели
Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.
Историскиот
отпад се наоѓа пред влезот на рудникот, а неговото ставање во
производна функција ќе има значење и за подобрување на еколошката слика
на ова подрачје.
Проектот наречен „Лужење“ е доставен до
раководството на руската компанија „Солвеј“, која е стратешки
инвеститор во „Бучим“. Истовремено проектот е испратен и до соодветен
научен институт, кој врз основа на проектот ќе донесе одлука дали
компанијата е подготвена во оваа иновација во рударството да инвестира
дванаесет милиони евра. За реализација на овој проект „Бучим“ е
подготвен да го активира и рудното тело „Вршник“, од каде што за
процесот на лужење ќе се експлоатираат пет милиони тони сурова руда.
За
годинава во овој рудник се планира физичкиот обем на ископаната
јаловина да се зголеми за 60 проценти. Но, тоа не значи дека на крајот
од процесот ќе се добие поголемо производство на бакар. Според Николов,
зголеменото ископување на јаловина е резултат на фактот дека рудата во
североисточниот дел на централното рудно тело од каде што сега се врши
експлоатација, бакарната руда била во подолните слоеви. Годинашниов
план предвидува преработка на 37.000 тони бакарна руда, од која се
очекува годишно производство на 8.000 тони чист бакар и 450 килограми
злато. „За реализација на производството годинава набавивме два багера,
секој со носивост по сто тони, за кои плативме 1,8 милиони евра.
Благодарение на оваа инвестиција ќе бидеме во можност годинава да
ископаме шест милиони тони јаловина и четири милиони тони руда. Тоа е
максимумот што нашата флотација може да го преработи“, потенцира
Николов. (И.Б.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9661B21A94B4D24F9A40BDBC278E77D0
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#212 Posted: 01-Feb-2010 at 14:21 |
Ако беше исклучиво за рудници за јаглен, тогаш да  Ама вестите што ги регистриравме во најголема мерка немаа никаква врска со енергетика.
Edited by Cloverstack - 01-Feb-2010 at 14:22
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#213 Posted: 01-Feb-2010 at 13:44 |
Не е темава за подфорумот Енергетика?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#214 Posted: 29-Dec-2009 at 17:48 |
Доделени концесии, ќе има ли нови рудници? |
|
|
Министерот
за економија Фатмир Бесими вчера потпиша договори за концесии за
детални геолошки истражувања на минерални суровини со најдобрите
понудувачи на јавниот оглас објавен од Министерството за економија на
31 август 2009 година, пренесе МИА |
|
|
|
 |
|
Договори
беа потпишани со фирмите „Цементарница Усје“- АД Скопје, „Жикол“, „Шаза
компани“, „Мали Љошињ“, „Годинг петрол“, „Канет агро“, „К-комерц Каме“,
„Оранчери“, „Гамер“, „Мис Вато“ и „Еуро Мим“.
Бесими информира
дека тоа ќе им овозможи на најдобрите понудувачи да почнат со деталните
геолошки истражувања од кои во најголем дел се очекува да се добијат
позитивни извештаи и потоа да се пристапи кон отворање нови рудници.
-
По спроведување на постапката и евалуацијата извршена од специјална
комисија, на 15 декември годинава Владата донесе одлуки да додели
концесии за вршење геолошки истражувања на 84 локации на домашни и
странски фирми. Од нив, 41 се договори за неметални минерални суровини,
20 се за украсни камења, како што се мермер, оникс, травертин, гранит и
слично, 10 се договори за води, и тоа подземни, геотермални и термални
води и 13 се договори за метални минерални суровини - рече Бесими.
Тој
истакна дека нето-финансискиот ефект во корист на буџетот на Република
Македонија од овој тендер ќе изнесува 65 милиони денари по основа на
концесија, односно еднократен надомест за извршување геолошки
истражувања. Тој најави дека и во почетокот на наредната година се
планира да се објави уште еден ист јавен оглас. Тоа, според него, ќе
придонесе за развој на рударството и отворање нови работни места во
државава. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122991059421&id=10&prilog=0&setIzdanie=21874
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#215 Posted: 11-Dec-2009 at 17:58 |
Сè ова убаво со повеќе пари за општините, ама колку се способни (и праведни) општините за доделување на вакви концесии... Во металите има многу пари, нормално дека секој градоначалник ќе му го даде прво на кумот или братучедот, сигурно нема на некој непознат. Не сме дораснати за вакви одлуки на локално ниво.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#216 Posted: 11-Dec-2009 at 17:55 |
Полесно истражување на минерали
Со предложените измени во Законот за минерални суровини ќе се
овозможи полесно истражување, експлоатација и стопанисување со
минералните суровини. Според Комисијата за економски прашања, се отвора
можност за доделување концесии за детаљни истражувања на минералните
суровини и се нуди можност за проширување на експлоатационото поле, до
една третина во делот на минералните суровини со површински коп, со
исклучок на водите, а две третини за минерални суровини чија
експлоатација се врши подземно.
„Измените на Законот ќе
овозможат зголемување на улогата на општините во начинот на
распределбата на концесиските надоместоци. Наместо досегашниот сооднос
60 : 40, во корист на буџетот, со измените се предлага 78 отсто од
надоместокот да добиваат општините, а 22 отсто да оди во буџетот, од
кои четири отсто ќе се користат за ревитализација на местото од каде
што се врши експлоатација на минералната суровина“, рече Методи Хаџи
Васков, заменик-министер за економија.
Тој прецизира дека се
зголемува и улогата на единиците на локалната самоуправа во
доделувањето концесии преку давање мислење за видот експлоатација и
видот суровина. Исто така, сопствениците на земјиште на кое има песок,
чакал или глина ќе имаат приоритет во добивањето концесија. (МИА) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CFE0B5B823F0DA429B400853799B90B1
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#217 Posted: 30-Nov-2009 at 21:01 |
Еве една „детална“ вест. Би било добро доколку некој може да објасни нешто повеќе за што се работи.
Интензивно се трага по рудата габро
Интензивно продолжува потрагата по рудата габро кај рудникот во
кочанското село Пантелеј. Расположивата механизација со која се врши
ископот на теренот го прошири атарот на ископ и се очекува да се стигне
подлабоко во земјата каде што се наоѓа жицата од рудата габро.
Станува збор за руда барана на светскиот пазар по многу висока цена, која спаѓа меѓу ретките руди во светот. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F3A078C39761F141BC427256782BC51A
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#218 Posted: 13-Oct-2009 at 14:08 |
Почнаа дополнителни истражувања во „Бучим“ |
|
|
Локалитетот
Бунарџик во рудникот за бакар и за злато „Бучим“ во Радовиш
дополнително се истражува, бидејќи таму има резерви од 18 милиони тони
руда |
|
|
|
 |
|
Истражувањата
се вршат со помош на компјутеризирана дупчалка и ќе траат три месеци, а
со нив ќе се покаже дали е економски исплатливо да се отвори ново рудно
тело во 2012 година. Николајчо Николов, заменик-директор на рудникот,
вели дека веќе го направиле планот за развој до 2018 година.
-
Во истражувањата инвестиравме 500 илјади евра, а со почнувањето на
експлоатацијата на новото рудно тело во Бунарџик нашиот рудник „Бучим“
ќе продолжи да егзистира уште најмалку десет години - смета Николов.
Тој
додава дека „Бучим“ веќе се подготвува за експлоатацијата на новото
рудно тело. Раководството купило два дампери во вредност од два милиони
евра и една современа дупчалка, која чинела 400 илјади евра. За
наредниот период се најавува и изградба на фабрика за преработка на
оксидна бакарна руда по пат на лужење, каква што на балканските
простори имало само во Бугарија.
Во рударскиот сектор се
очекуваат промени во цената на рудата. Таа на бакарот засега е стабилна
и изнесува околу шест илјади долари за тон. Според Николов, кој е и
претседател на рударската асоцијација, наредната година би требало да
има поголема дебата и преговори со Владата во врска со најавеното
двојно зголемување на цената на концесискиот надомест. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1013992287&id=10&prilog=0&setIzdanie=21810
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#219 Posted: 11-Oct-2009 at 21:49 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#220 Posted: 03-Oct-2009 at 15:27 |
СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА НОВИ ИСТРАЖУВАЊА
Ќе се копа во потрага по минерали
На
40 нови локации во државава ќе се откриваат наоѓалишта на скапоцени
камења и ќе се истражуваат минерали, гипс, варовник и цемент.
Компаниите кои ќе ги спроведат геолошките истражувања вчера потпишаа
договори со Министерството за економија, како избрани понудувачи на
огласот објавен во почетокот на годинава на кој се јавија 133 фирми. -
По извршената селекција, беа избрани како најдобри понудите на 40
компании. Три од нив се договори за украсни камења, исто толку за
истражување на подземните води, а другите се однесуваат на неметалните
минерални суровини. По извршеното истражување, доколку избраните
компании се задоволни од покажаните резултати, следната недела треба да
учествуваат на вториот оглас на кој ќе се доделат концесии за
експлоатација - изјави министерот за економија, Фатмир Бесими. Тој
потенцира дека со еднократниот надомест, кој на буџетската сметка го
уплатија компаниите кои бараа дозвола за ископи на минерали, во
државната каса се инкасираа околу 900.000 евра. Министерот Бесими рече
дека во иднина се планира да се распише оглас за концесии за нови
локации за истражувања на метали, што рудниците повеќе години ги
бараат, но прво треба да се донесе нов закон за концесии на наоѓалишта
на метали. Со новото законско решение, кое треба да биде готово до
крајот на годинава, рудниците, освен досегашната можност да добијат
дозвола за проширување на постојното наоѓалиште на руда, ќе имаат шанса
да добијат и нова локација за копање на рудата. Бесими изјави дека до
крајот на годинава и почетокот на идната, целото стопанство треба да
излезе од рецесија, па според тоа Владата не подготвува нов пакет
антикризни мерки за помош на бизнисот. Тој потенцира дека рудниците и
целата металургија ќе излезат први од рецесијата, бидејќи цената на
металите на светските берзи постојано расте. Затоа, Министерството за
економија не предвидува поевтинување на концесијата за експлоатација на
металите. Таа досега изнесуваше 0,5 отсто од цената на продадената
минерална суровина, која се формира на Лондонската берза на метали, а
од следната година износот што рудниците треба да го плаќаат на
државата за добиената концесија, ќе се зголеми на еден отсто од
продадениот концентрат на руда. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1829&ArticleID=123086
|
 |