Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#241 Posted: 06-Oct-2009 at 16:38 |
ПО РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД АЕРОДРОМ, „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СЕ ПРЕМИСЛУВА
Ќе паѓаат цените за зонското
Недоразбирање
и многу прашалници кај станарите и продавачите предизвика воведувањето
на зонското паркирање во Аеродром, кое од минатата недела пробно се
спроведува зад трговскиот центар „Бисер“. Проблем настана кај жителите
што се доселиле неодамна, па немаат лична карта со адреса на станот во
кој живеат, која им е потребна за да се регистрираат за повластената
месечна цена за паркирање. Други, пак, имаат проблем со сообраќајната
дозвола, на која немаат иста адреса како и на личната карта. Граѓаните
се незадоволни поради тоа што мора да плаќаат и за второ возило доколку
го имаат во семејството, потоа паркинг плаќаат и за да го остават
автомобилот, ако работат во центар, а истото треба да го направат и
кога излегуваат навечер. - Секое семејство во Скопје треба да плати 200
денари за да паркира пред зграда, 400 ако имаат второ возило, за да
паркираат пред работното место двапати по 3.000 денари месечно, а ако
сакаат да се видат со пријателите 100 ден за два-три часа во центарот.
Сумата што едно семејство со две возила треба да ја одвои за паркинг е
околу сто евра. А „Градски паркинг“ не ми гарантира ниту безбедност на
возилото или заштита од оштетување и“револтирано велат граѓаните.
Паника се јави и кај продавачите во дуќаните и кај пазарџиите кои
работат кај ТЦ „Бисер“, на кои првично им било кажано дека ќе плаќаат
по 3.000 денари месечно, цена која е определена за физички и за правни
лица во ценовникот усвоен во градското собрание. Од „Градски паркинг“
велат дека знаат за поплаките од граѓаните и набргу ќе понуделе посебни
цени само за Аеродром, за кои градските советници ќе треба да се
изјаснат на следната седница. Сепак, од јавното претпријатие не
признаваат дали овој чекор се должи на притисокот од јавноста или на
предлогот на советниците од опозицијата кои веќе поднесоа барање да се
намалат цените за паркирање. - Зонското паркирање во Аеродром се уште
не се наплаќа. За правните лица кои гравитираат во трговскиот центар
„Бисер“ месечната повластена цена најверојатно ќе биде 1.000 денари или
помалку. За ова ќе одлучи раководството на претпријатието и ќе ги
достави предлозите до советниците на следната седница и“вели Ана
Витановска, задолжена за односи со јавност во „Градски паркинг“. Таа
објаснува дека станарите ќе мора да ги усогласат адресите во личната
карта и таа во сообраќајната дозвола затоа што тоа било според
прописите дадени од Град Скопје. - Толерантни сме и ќе ги почекаме
граѓаните да ги направат потребните измени во документите, а дотогаш ќе
може без нив да се регистрираат за месечно паркирање и“вели Витановска.
Од претпријатието најавуваат дека деновиве ќе постават пункт и на
паркиралиштето во Аеродром, каде што граѓаните ќе може да се
информираат за зонското паркирање.
Тротоарите под опсада од возила
Реакции
има и за паркирањето по тротоарите на улиците Ленинова и Орце Николов
во Дебар маало. Граѓаните што сакаат да поминат пеш, со велосипед или,
пак, со количка со дете немаат доволно простор затоа што возилата се
паркираат на тротоарите и тие се принудени да одат по улицата. На
прашањето какви се тие стандарди според кои целиот простор на
тротоарите, наменети првенствено за пешаците, е узурпиран од
автомобили, во Град Скопје се правдаат дека тоа е предвидено со
правилник. - Правилникот прецизно пропишува дека дел од тротоарите
треба да се користат за слободно движење на пешаците, а другиот дел за
зонско паркирање. Исто така, зонското паркирање има добиено согласност и од МВР – велат градските власти.
За загубена картичка 1.000 денари
Скопјани
реагираат и за високата цена што мора да ја платат за загубена картичка
за паркирање. Според ценовникот, на паркиралиштата со рампа „Градски
паркинг“ наплаќа 1.000 денари за нова картичка
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1831&ArticleID=123261
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#242 Posted: 03-Oct-2009 at 13:06 |
Конкретно за бисер и жителите околу бисер може да се склопи некој привремен паркинг позади према касарната Милсам дека тука проблемот со гужвата не е толку трговскиот колку што е пазарот во склоп на бисер. Ако се дислоцира пазарот ситуацијата значителоно ќе се смени. А може пазарот многу лесно да се дислоцира исто така према касарната позади.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#243 Posted: 03-Oct-2009 at 12:26 |
Originally posted by Max
патем сите од овие згради си ги распродадоа гаражите за магацини, та сега незнам какво чаре ќе бараат |
Сигурно негде е регулирано дека гаражите не смеат да се користат како магацини, а ако не е регулирано, тоа лесно и брзо може да се направи. Со тоа надлежните ќе имаат полно право да проверуваат што се случува со гаражите и да ги казнуваат злоупотребите. Значи не е дека нема чаре, само треба малку да се поработи на тоа. Оние што продале или купиле гаражи во зделка каква што спомна, нека си го решаваат проблемот. Јас мислам дека доколку надлежните сериозно се посветат, нема да помине долго додека гаражите-магацини најдат сопственици заинтересирани за паркирање. @ Дуле За цитирање користи quote тагови. Подетално е објаснето во упатството за постирање: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181
Edited by Cloverstack - 03-Oct-2009 at 12:29
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#244 Posted: 03-Oct-2009 at 11:28 |
греота е таков простор да се отепа за паркинг! а пазарџиите, кафанџиите и нивните гости кај бисер можат за почеток да сменат навика и наместо да се провозат, да се прошетаат! но се плашам дека со оваа цена од 25 денари за саат, тука ништо нема да се промени, особено што тука се гради и катна гаража! вакво нешто може пример да упали на потегот на К.Ј.Питу Скопјанка и од спротива, каде сега откако згнаа да ги чистат тротоарите , по постојните паркинзи ќе биде ептен кнап. патем сите од овие згради си ги распродадоа гаражите за магацини, та сега незнам какво чаре ќе бараат, но најверојатно ќе се крати од зеленилото позади зградите како би се отворил простор за паркирање или пак ќе се затнат сервисните улици!?
|
 |
Дуле
Groupie
Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#245 Posted: 03-Oct-2009 at 10:53 |
По објаснувањата и
разубедувањата помеѓу градоначалниците и претставниците од ЈП „Градски
паркинг“, од една страна, и корисниците на паркингот, од друга страна,
надлежните ветија дека доколку за еден месец проценат оти зонското
паркирање на таа локација не е функционално и постојано има поплаки за
него, тоа ќе биде укинато.
Па сеа има секој божји ден да се жалат само да го укинат паркирањево овде . Ама не ми е јасно што им смета на пазарџииве и на дуќанџиите?? Донеси роба и ајт иди си, а не они сакаат колата да им седи 100 саата таму... Предлог: Делот што е под железничка кај Пошта што е тука кај делот за пакети кај што се подигнуваат, зашо тука не го напраат паркинг тоа до крај таму до кејот. Тука да не претерам 100тина места може да се извадат.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#246 Posted: 02-Oct-2009 at 21:18 |
Еве подетално за кај Бисер
Најавеното зонско паркирање зад ТЦ „Бисер“ ги изнервира аеродромци

Трајановски и Коневски ветија укинување на системот доколку за еден месец се покаже како нефункционален Деспина Трајковска
Уште
непрофункционирано, зонското паркирање зад ТЦ „Бисер“ во Аеродром наиде
на негодување кај жителите од околните згради, а особено кај пазарџиите
и дуќанџиите од трговскиот центар. Триесетина жители вчера спонтано се
собраа на паркингот каде што градоначалниците на Скопје и на Општина
Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, го најавија и промовираа
зонскиот систем на паркирање, кој во тој дел од населбата ќе почне да
функционира од понеделник.
Речиси еден час градоначалниците им
објаснуваа на станарите дека воведувањето на зонското паркирање ќе биде
првенствено полезно за нив, оти во секој моментот ќе имаат место за
паркирање, за што месечно ќе треба да издвојуваат симболични 200
денари. На пазарџиите и дуќанџиите од „Бисер“, пак, им укажаа дека
дотурот на стока и паркирањето, воопшто, ќе им биде овозможено по
повластени цени. Сепак, ноншалантно им порачаа дека користењето
паркинг-простор е нешто што секаде се наплаќа. По објаснувањата и
разубедувањата помеѓу градоначалниците и претставниците од ЈП „Градски
паркинг“, од една страна, и корисниците на паркингот, од друга страна,
надлежните ветија дека доколку за еден месец проценат оти зонското
паркирање на таа локација не е функционално и постојано има поплаки за
него, тоа ќе биде укинато.
„Разбирливи се реакциите на
станарите и на останатите. Но, за кратко време сами ќе заклучат дека
тоа е во нивна полза и, пред се', исплатливо. Таков беше случајот и со
граѓаните на Центар, во оние делови каде што зонското паркирање веќе
успешно функционира“, порача градоначалникот Коце Трајановски, кој
најави дека зонско паркирање наскоро ќе се воведе и во делови на
општините Ѓорче Петров и Карпош, и тоа по барање на градоначалниците.
„Ова
беше едно од тесните грла во населбава и одлучивме оти решение за
проблемот е зонското паркирање. Од денешниве реакции не сум изненаден,
но убеден сум дека за само два-три дена станарите ќе дојдат и ќе ни
подадат рака за стореното“, рече градоначалникот Коневски.
Месечно
користење на паркингот, кој има околу 1.000 места, за станарите од
околните згради ќе чини 200 денари, додека паркирање за еден час ќе се
наплаќа 25 денари. Плаќањето може да се врши на два начина, преку
плаќање СМС-порака, или со купување билет-грепка за зонско паркирање.
За сите детали корисниците на паркингот можат да се информираат од
поставени информативни табли на паркиралиштето, или на телефонот
3215-566.
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FC0193C17E2CD54F8B52450A22246A9B
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#247 Posted: 02-Oct-2009 at 20:15 |
 Јас не сум скроз сигурен дека треба да има зонско паркирање на тој дел. Ама штом даваат паркинг места на станарите за 200 ден (што е багатела), ваљда е ОК.
|
 |
Дуле
Groupie
Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#248 Posted: 02-Oct-2009 at 19:43 |
Pbanks Денеска исто бев до Т.Ц. Бисер и таму воведоа зонско паркирање и имаат вработените црни маици и има испечатено она А Б Ц зона како што е на флаерите. Иначе глетката беше прекрасно онака ни гужва ни ништо , пошо ај и сеа не бива ова, у фамилија со 4 члена 5 автомобили епа брате извини ми, и исто за оние шо работат на пазариве, донеси роба и после мрдај колата. Е сеа негативната страна е тоа што ќе ти дојде некој од кој знае каде ќе си плати ќе ти фати место за да иде у град ќе му стои колата а ти немаш место за да дома да си идеш. АЛи ете као што викате сите само добар јавен транспорт и ништо повеќе!!!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#249 Posted: 30-Sep-2009 at 18:55 |
што се однесува до она со шемаџиите, го направиле обратно, цената на паркинзите треба да биде помала, а на тротоарите поголема, треба да стане луксуз да паркираш на тротоар, но сепак мислам дека за такво нешто треба да ја намалат цената на паркинзите
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#250 Posted: 30-Sep-2009 at 11:40 |
Имаа некои црни маици со бели натписи, ваљда градски паркинг им пишуваше!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#251 Posted: 30-Sep-2009 at 10:44 |
Originally posted by lslcrew
Сабајле користев зонско паркирање. И само што влегов на паркинг ми се сипаа едно десетина души и по неколку кревања рака, што беше доволно да им дадам до знаење дека знам како функционира концептот, се паркирав. На излагање од кола пишав порака во идење, и кога ја пратив порака веќе бев пешки стигнат до влезот на паркингот кадешпто еден возач се убедуваше со вработениот дека бил само за пет минути и според тоа не гледаше за сходно да плаќа паркинг. И згора на тоа доби потврден одговор од вработениот. зашто се тие десет вработени на секој метар?! За да оставаат возаи да паркираат бесплатно или што?! И јас бев за пет минути па пратив порака! Всушност повеќето тамо се за пет минути и тоа беше замислата со ограничувањето временско!
|
10 вработени се бидејќи се работи за уште една партиско-државна социјална институција. Се надевам дека барем ова што улетуваат "со клизечи" кога човек влегува на паркинг им е привремено, демек додека луѓето не се навикнат на новиот начин на функционирање. Понатаму нив треба да им биде работа да проверуваат и казнуваат. Ме интересира уште една работа ЛСЛ. Пред 10на дена кога јас прв пат го пробав зонското паркирање "пазачот" кој ми пријде беше уредно униформиран. Пред неколку дена кога поминував пешки, забележав дека наместо униформи се носе тренерки, блузони... Луѓето што воведуваа ред не личеа на ништо. Како беше денеска?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#252 Posted: 30-Sep-2009 at 04:54 |
Сабајле користев зонско паркирање. И само што влегов на паркинг ми се сипаа едно десетина души и по неколку кревања рака, што беше доволно да им дадам до знаење дека знам како функционира концептот, се паркирав. На излагање од кола пишав порака во идење, и кога ја пратив порака веќе бев пешки стигнат до влезот на паркингот кадешпто еден возач се убедуваше со вработениот дека бил само за пет минути и според тоа не гледаше за сходно да плаќа паркинг. И згора на тоа доби потврден одговор од вработениот. зашто се тие десет вработени на секој метар?! За да оставаат возаи да паркираат бесплатно или што?! И јас бев за пет минути па пратив порака! Всушност повеќето тамо се за пет минути и тоа беше замислата со ограничувањето временско!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#253 Posted: 29-Sep-2009 at 23:44 |
25 денари неограничено?! И они мислат дека со тоа го решиле проблемот овде?! 25 денари/ саат господа, само тоа ќе ги натера „шемаџиите“ да си ги остават поршињата по гаражите и по околните паркинзи, а не на тротоари. И друго нешто - што после 21 час кога ќе се крене рампата?
УЛИЦИТЕ "ОРЦЕ НИКОЛОВ" И "ЛЕНИНОВА" СПРЕМНИ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
И шемаџиите ќе плаќаат паркинг
Од идната недела, на обележените места во Дебар Маало на двете улици услугата ќе чини 25 денари за неограничено време
Откако
Кејот на Вардар се претвори во градилиште и шемаџиите ги напуштија
популарните кафулињата, па се преселија во Дебар Маало, улиците "Орце
Николов" и "Ленинова" во Дебар Маало се постојано блокирани од
непрописно паркирани автомобили. За дебармаалци кои постојано се
жалат на метежот, од Градски паркинг доаѓа добра вест: од идната недела
стартува зонското паркирање. Местата се веќе обележени, а деновиве ќе
се постават и информативните табли на кои меѓудругото биде испишан
бројот 144-144 за наплата преку СМС-порака. За паркирање ќе може да се
плати и со тикети-грепки кои наскоро ќе ги има во сите киосци во
близина на паркинзите.
Паркирањето на обележените места на двете улици ќе чини 25 денари за
неограничено време бидејќи се наоѓаат во третата, зелената зона која е
најодалечена од центарот на градот и е најевтина. Наплатата ќе се врши
од 7 до 21 часот во работни денови, во сабота од 7 до 14 часот, а во
недела и за време на државните празници паркирањето ќе биде бесплатно.
За жителите од двете улици ќе бидат обезбедени повластени картички
кои ќе чинат 200 денари месечно, а повластена карта од 400 денари ќе
биде обезбедена и за сопствениците на второ возило или пак за граѓаните
кои имаат на располагање службено возило во текот на 24 часа. Паркирањето
во Скопје со години е голем проблем. Зонското паркирање се воведе пред
еден месец според примерот на многу други градови во Европа и во светот
како најдобар модел за зголемување на бројот на паркинг-места, но и за
да се осовремени системот на паркирање и наплатата да биде поедноставна.
Центарот на Скопје е поделен во три зони а секоја зона е обележана
со сообраќаен знак и информативна табла. Зоната А се простира во делот
меѓу булеварите Гоце Делчев, ВМРО и улиците Даме Груев, Војвода Васил
Аџиларски и Стив Наумов, зоната Б е меѓу булеварите Гоце Делчев, Свети
Климент Охридски, Мито Хаџивасилев Јасмин, Кочо Рацин и Крсте Мисирков,
додека Ц зоната е меѓу булеварите Илинден и Свети Климент Охридски,
како и улиците Франклин Рузвелт и Митрополит Теодосиј Гологанов. Во
А-зоната паркирањето е дозволено до 2 часа и ќе чини 45 денари за час.
Во зоната Б задржувањето ќе биде дозволено до 4 часа, со цена од 35
денари за час, а во зелената Ц зона паркирањето ќе биде со неограничено
време, со наплата од 25 денари за час.
(Е.А.)http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4DD7C1CE7F6319408884AE0963B39489
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#254 Posted: 29-Sep-2009 at 18:48 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#255 Posted: 28-Sep-2009 at 22:56 |
Кире, се надевам ова ќе заврши работа    http://www.parknow.mk
Edited by Cloverstack - 28-Sep-2009 at 22:57
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#256 Posted: 28-Sep-2009 at 21:49 |
decki da ve zamolam za edna usluga ako imate vreme....nekoj sto e podobro informiran ako moze da postira slika od skopje od google earth i da gi obelezi 3te zoni sto se predvideni za parkiranje, zosto vaka so iminja na ulicite nemam bas najdobra pretstava do kade se. fala odnapred.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#257 Posted: 25-Sep-2009 at 21:02 |
кој вели декаа Општина Аеродром нема да се влезе во новава шема? конечно ред и тука! 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#258 Posted: 24-Sep-2009 at 15:30 |
Наскоро ќе почне втората фаза од зонското паркирање |
|
|
Следната фаза
од зонското паркирање
ќе ги опфати улиците Орце Николов и ВМРО и на кејот 13
Ноември |
|
|
|
 |
|
Скопјани
сé уште не можат да се навикнат дека за да го остават своето возило на
улица сега треба да плаќаат, иако помина речиси цел месец од
почнувањето на проектот за зонското паркирање. Проектот со паркирањето
на улиците функционира веќе еден месец, а од јавното претпријатие
„Градски паркинг“ веќе најавуваат дека во текот на оваа недела ќе почне
и втората фаза на проектот. Контролорот што работи на паркингот спроти
трговскиот центар „Рамстор“ вели дека сé уште доаѓаат граѓани што не
сакаат да платат за паркирање на возилата.
- На културен начин
им приоѓаме на луѓето и им објаснуваме како функционира зонското
паркирање и дека повеќе нема да можат да се паркираат на места каде што
порано паркингот бил бесплатен, а сега треба да го плаќаат. На овој
паркинг дневно влегуваат околу 50 возила и голем дел возачи велат дека
со овој проект ќе се добијат повеќе паркинг-места. Исто така сега
возачите не можат да се паркираат каде што сакаат како што беше порано.
Местата за инвалиди и за велосипедисти се достапни само за луѓето што
имаат такви потреби и не може секој да се паркира каде што сака-
објасни вработен во „Градски паркинг“.
Ана Витановска од
јавното претпријатие вели дека за една недела би требало да почне и
следната фаза на зонското паркирање, кое ќе ги опфаќа улиците Орце
Николов и ВМРО и на кејот „13 Ноември“. Зонското паркирање опфаќа три
зони, црвена, жолта и зелена зона. Во црвената зона е дозволено
паркирање најмногу од два часа, а цената за еден час е 45 денари, во
жолтата зона е дозволено паркирање од четири часа, цената е 35 денари,
додека, пак, во зелената зона е дозволено неограничено останување на
паркингот, а еден час чини 25 денари. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92491010243&id=14&prilog=0&setIzdanie=21795
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#259 Posted: 15-Sep-2009 at 10:18 |
По 400 скопјани дневно го користат зонското паркирање

Надлежните велат дека граѓаните, откако е воведено зонското паркирање на паркинзите спроти „Плаза“, зад Собранието и кај „Бристол“, таму во секое време може да најдат слободно место
Две недели по воведувањето на зонското паркирање во Скопје, процените на „Градски паркинг“ се дека овој проект ја постигнал целта. Од јавното претпријатие информираат дека просечно се регистрираат околу 400 паркирања дневно преку СМС-пораки, од вкупно 300 паркинг-места. Граѓаните имаат уште две недели време бесплатно да го тестираат зонското паркирање на трите паркинзи на кои засега е воведено, а од 1 октомври ќе почне наплатата.
- Сметаме дека зонското паркирање ја постигна целта. Граѓаните што доаѓаат во центарот на градот, на овие паркинзи секогаш имаат слободно место за автомобилите. Тоа го потврдуваат и делумно празните паркиралишта - велат во „Градски паркинг“.
Зонското паркирање е воведено на паркинзите спроти ТЦ „Плаза“, зад Собранието и спроти хотелот „Бристол“. Првите два спаѓаат во првата црвена зона, а третиот е во втората жолта зона. За оние што не плаќаат по пат на СМС- пораки, испечатени се по 6.000 билети за првата и за втората зона.
Од „Градски паркинг“ објаснуваат дека отворените паркиралишта ќе бидат наменети за зонско паркирање, а затворените, кои имаат рампа, ќе продолжат да работат по старо, односно со плаќање билет во наплатната куќарка.
Од претпријатието велат дека речиси сите корисници на услугата го почитуваат дозволеното време на паркирање и досега не е издаден ниту еден доплатен билет за пречекорување на дозволеното време. Во првата зона граѓаните може да се паркираат најмногу два часа, во втората - четири, а во третата зона времетраењето на паркирањето ќе биде неограничено. Доплатниот билет е еден вид казна и за првата зона ќе изнесува 1.300 денари, а за втората 1.000 денари, без разлика колкаво е временското пречекорување. Оваа мерка исто така ќе важи од 1 октомври, од кога граѓаните ќе мора да внимаваат колку време им е паркирано возилото.
Од „Градски паркинг“ велат дека граѓаните засега се задоволни од зонското паркирање, а најмногу забележуваат на цените. Еден час паркирање во првата зона ќе чини 45 денари, во втората 35 денари, а во третата 25 денари.
- Има и задоволни и незадоволни граѓани, како и на секој почеток. Најмногу реакции има за цените. Сепак, сметаме дека цените не се високи и не се нови. И досега еден час паркирање на улицата Максим Горки беше 50 денари - велат од „Градски паркинг“.
Зоран Шапуриќ, член на Советот на Град Скопје од редовите ЛДП, на последната седница најави дека ќе поднесе иницијатива за намалување на цените на паркирањето за 30 отсто, поради економската криза и намалената куповна моќ на граѓаните.
Иако целта на зонското паркирање беше да се наплаќа паркирањето на коловоз, засега тоа функционира само на трите паркинзи. Од претпријатието најавуваат дека дел од коловозите ќе бидат наменети за паркирање по воведувањето на втората фаза. Тогаш ќе бидат опфатени улиците Орце Николов, Кејот 13 Ноември кај „Дрводекор“ и булеварот ВМРО. Според најавите, втората фаза би се вовела до крајот на наредниот месец.
Скопјани велат дека со зонското паркирање се ослободуваат повеќе места во строгиот центар на градот.
- Сега има место кога сакаш на овој паркинг. Можеби е скапо, но тоа е релативна работа. Вака можеш во секој момент да завршиш работа во која било институција - вели скопјанец што се паркира на паркингот спроти „Плаза“.
Друг граѓанин, кој се паркираше зад Собранието, рече дека новиот систем е добар за службени потреби, но за приватни е прескап.
- Ова ми е втор пат како користам паркинг во строгиот центар. Бев во Загреб пред две недели, таму зонското паркирање одлично функционира. Сметам дека и овде ќе се поднавикнат луѓето, иако за наши услови е скапо.
И контролорите на паркинзите велат дека зонското паркирање овозможува да се ослободат повеќе паркинг-места во строгиот центар.
- Сега граѓаните во секој момент имаат слободно место. Веќе и самите го изразуваат задоволството поради тоа - вели контролорот што ја следи состојбата на паркингот спроти „Плаза“.
Во зонското паркирање влегуваат само оние паркинг-места што се обележани со хоризонтална сигнализација, односно онаму каде што местото е исцртано со бела или со жолта боја. На совеста на граѓаните е оставено дали ќе паркираат на обележаното место или онаму каде што ним им одговара.
Анела Петрова
Dnevnik
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#260 Posted: 12-Sep-2009 at 12:58 |
@Max
во право си дека гаражите нема да го решат проблемот но верувам многу ќе помогнат. Ќе повторам. Ако парите што граѓаните би ги давале на Градски паркинг во форма на месечен закуп на паркинг место (кое не е ни загарантирано) ги канализираат преку куќните совети кон темелно реновирање на гаражаите верувам дека за истите и помали пари ќе имаат многу поголема корист, дури ќе можат самите да си најмат чуварска служба. Се што треба е малку самоорганизација.
Ете во случаи како на Бојан каде тој вели дека не ја ни користи редовно колата, гаража би била и многу подобра варијанта отколку отворен паркинг каде што секој може да те изгребе, скриши ретровизор итн.
|
 |