Не е за Македонија но еден навистина освежувачки промотивен спот за земја кој деновиве се врти по светските медиуми.
Додека секоја до една европска земја (вклучувајќи ја и Македонија) труе со веќе предвидливите памфлети со природни убавини, народни носии и танци, кујна, религиски објекти, урбани пејсажи и сл, во една трка да се докаже кој е постар и потрадиционален (а истовремено модерен и современ), Косово реши да ја промовира својата младост, потенцијал и иднина. Одлично направено.
П.С. Само да предупредам дека незгодни коментари на сметка на Косово ќе бидат инстант санкционирани. Зборуваме исклучиво за спотот и за идејата зад него.
Преку филмските идоли Индијана Џонс и Џемс Бонд до Гоце Делчев и промоција на македонското вино. Се презентираше петтиот спот од циклусот Македонија вечна. Целта е македонското вино да стане еден препознатлив бренд- преку маркетиншки производ да се стимулира извозот.
„ Идејата е да се прикаже традицијата на правење и пиење вино преку трите главни начини на дегустација боја мирис и вкус. Со бојата се враќаме во античко време, со мирисот во 19 век а со вкусот во модерното време.“ рече Златко калеников сценарист на спотот
Спотот го прикажува целиот процес на производство на виното, од лозовите насади до флаширањето. Но за пласман на странските пазари освен промоција потребно е да се зголеми извозот на вино во шишиња.
„ Ние сме свесни дека има проблем во овој сектор излезот е токму во пласманот на финалниот производ, виното не како наливно туку во шишиња може успешно да се најде на европските пазари“ – изјави Љупчо Димовски Министер за земјоделство
Македонија има услови за производство на висококвалитетно вино. Околу 80% од него се извезува на странските пазари.
„најголем проблем е што 80 % од виното се продава во цистерни, се надевам дека винариите еве има некои големи чекори се работи на флаширање на виното..нашето вино и понатаму ќе оди дел како наливно но со нови винарии и нови достигнувања на нашите енолози се надевам дека нашето шише ќе се најде на европските пазари“- изјави Зоран Даневски, Сојуз на стопански комори
Спотот Македонското вино е вечно чини 120 илјади евра и финансиран е од владата и од понеделник ќе се прикажува на си-ен-ен
Нормално дека народот сам ќе прави... од искуство кажувам дека многу Охриѓани и Стружани кои нудат сместување (апартмани и хотели), самите прават промоција на Македонија како туристички бренд... по странски форуми, дури и самите си прават веб страни - при што ја рекламираат убавината, регионот а на крај и нивниот бизнис...
А државата никаде ја нема... Во таа мала и 'никаква' Македонија (барем многумина така не знаат, дека овдека живееме во камени колиби ко на видеово погоре) има летни, зимски туристички центри, можности за алтернативен туризам колку сакаш и во кое село сакаш (Брајчино, Елшани, Маловиште, Беровско, дури и Тетовско). Има Охрид, Струга, Преспа, Вевчани (држаа), Дојран (го заборавивме изгледа последниве години...
наше е само да не дозволиме да се уништат природниот, културниот и селскиот амбиент, а народ сам ќе не промовира по свет, уживајте во кадриве Travel to Macedonia, the hidden gem of Balkans
Гран при за Македонија вечна на Игор Иванов-Изи - 04.08.2009
Стручното жири го прогласи овој спот, кој е во продукција на Агенцијата Пристоп МК, за најдобар филм во категоријата ТВ спотови и кратки филмови на тема топ туристички дестинации.
Спотот "Македонија вечна", проект на Влада на РМ, во режија на Игор Иванов -Изи, освои прва награда (Гран при) на интернационалниот фестивал за туристички филмови АРТ-ТУР, во Барцелос, Португалија. Стручното жири го прогласи спотот за најдобар филм во категоријата ТВ спотови и кратки филмови на тема топ-туристички дестинации.
Наградената видео презентација претставува своевидно патување низ природните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на Република Македонија.
На спотот работеше 80-члена екипа составена од врвни филмски професионалци од Македонија, Англија, Хрватска, Словенија, Србија и Белгија. Продукцијата се работеше во периодот од 1 април до 10 јуни, на атрактивни туристички локации во Охрид, Скопје, Матка, Витачево, Галичник, Јован Бигорски, Струмица, Стоби... Снимен е на 35 милиметарска филмска лента, а користена беше високопрофесионална техника со три филмски камери, специјална камера на хеликоптер, најсовремена сценска техника и осветлување.
Инаку, финансиските средства за продукција на овој проект беа целосно обезбедени од Владата на РМ. Фестивалот на кој учествуваа голем број остварувања од целиот свет, е организиран од страна на Португалската туристичка асоцијација, која е и е член на ЦИФФТ - Интернационален комитет на фестивалот за туристички филмови.
Наградата ќе биде свечено доделена на 26 септември во Барцелос, Португалија.
Ме вознемири фактот дека сте заложници на своето име
Документарниот филм насловен „Името е име“ во продукција на Американецот Џејсон Мико, лобист за Македонија, и во режија на Исланѓанецот Сигурјон Ејнарсон, кој работи во Норвешка, наскоро на специјални проекции и на филмски фестивали ќе ја раскаже приказната за Македонија и за апсурдниот спор за името што земјава го води со Грција. Филмот е сниман во Македонија. Има т.н. „он д роуд“-форма. Мотоциклист од Норвешка тргнува на пат низ Македонија и се соочува со сите нејзини убавини и проблеми, доблести и маани. За идејата за филмот, за процесот на снимањето и за неговата натамошна дистрибуција и цели зборуваат режисерот на филмот Сигурјон Ејнарсон и неговиот продуцент Џејсон Мико.
Зошто се нафативте да го режирате овој документарен филм за Македонија?
- Би сакал да отидам уште чекор поназад и да ви објаснам најпрво како всушност ме заинтересира Македонија. Во октомври 2007 година Мортен Харкет, пејачот на групата „А-ха“, беше поканет во Македонија на конференцијата за меѓуверски дијалог, која Владата ја организира на брегот на Охридско Езеро. Во тоа време работев со Мортен, па и јас допатував со него на нашиот пат кон Мароко, каде што работевме на новиот соло-албум на Мортен. Имавме прекрасен викенд во Охрид, каде што разговарајќи со луѓето станавме разгневени од сето ова прашање со името. Како што Џејсон обично вели, идејата се создаде природно, сама од себе. Кога Џејсон во мај 2008 г. дојде во Осло, за издавањето на новиот албум на Мортен „Писма од Египет“, сé повеќе и почесто зборувавме за Македонија и за проблемот со името. Јас сум филмаџија по професија, а Мортен и јас веќе работевме на филм за Источен Тимор на средината на 1990-тите, кога Источен Тимор се обидуваше да стане независен од Индонезија. Тој случај остана некако во заднината и не доби соодветно внимание, иако заслужуваше да биде акцентиран, како и Македонија сега. Така целата ситуација со создавањето филм за Македонија беше, би рекол, органска и природна.
Како ја гледате Македонија - со и без камера?
- Шест пати патував во Македонија и секогаш бев обземен. Како филмаџија сум работел на многу филмови, реклами и музички спотови. Камерата лови посебен поглед во одредено време - го лови моментот. Без камера, се разбира, секој може да види и да искуси многу повеќе. Но за филмаџија исклучително е важно да го улови со камерата тоа што го видел, слушнал и почувствувал без неа. Тоа е малку трик, но тоа е уметноста на снимката. Се разбира, другите компоненти - нарацијата и музиката - исто така придонесоа за финалната слика и беа од витално значење. Па така во овој филм двете мои професии - правењето филмови и музика - совршено се совпаднаа. Но да одговорам на прашањето - ја гледам Македонија како мала земја (патем и јас доаѓам од мала земја, од Исланд), со многу топли и пријатни луѓе, која се обидува да успее во овој свет. Македонија е многу убава земја, која на луѓето како мене им нуди нешто што не можат да го најдат на ниту едно друго место во светот. Но фактот дека сте заложници на своето име најмногу ме вознемири.
Како?
- Бев мотивиран да ја раскажам оваа приказна. Среќавајќи многу Македонци во прошетките низ земјата, бев трогнат од едноставниот факт дека група луѓе што се нарекуваат себеси Македонци - и кои се нарекувале себеси Македонци низ вековите - во 21 век во Европа не можат да се наречат така како што сакаат поради несогласувањето на друга земја. Тоа е погрешно. Никој не може да ви ги диктира името и идентитетот освен вие самите.
Кој е најдобриот начин да се претстави Македонија пред светот? Што би сакале странците да видат во неа?
- Ние не правевме промотивен ниту, пак, туристички филм. Но би рекол дека треба да го претставите тоа што е единствено во Македонија. Патниците, особено оние што доаѓаат од Запад, секогаш бараат нешто ново, нешто единствено. Капитализмот, со сите негови благослови, покажува тенденција на едноличност. Исти молови, иста храна, исти светкави хотели... Што е предноста на Македонија? Не зборувам за економските предности што вие, исто така, треба да ги продадете. Мислам дека имате многу да им понудите на странците. Вашата култура, што ги вклучува и вашата храна и вино, музиката, архитектурата, уметноста, верските институции како црквите, манастирите и џамиите, е едниот начин. Убавината на пејзажот е другиот. Севкупното археолошко наследство и историјата се исто така важно нешто што патниците би сакале да го видат, да го истражат и да научат за него. Во нашиот филм Паско Кузман зборува за цивилизациите што минале низ Македонија и оставиле траги во неа, кои сега и припаѓаат на земјата. Тоа е тоа што луѓето би сакале да го видат. Вистинското прашање за Македонија е како да се сублимира сето тоа и да се испрати вистинската порака - неоткриената Македонија, на пример.
За кое име зборува документарниот филм „Името е име“ што го продуциравте?
- Зборува едноставно за името Македонија. Насловот на филмот произлезе од истоимената песна на Мортен Харкет, норвешки музичар и пејач на групата „А-ха“. Тој напиша песна насловена „Името е име“ за својот најнов соло-албум „Писма од Египет“. Кога почна нашата дискусија за овој филм, помислив дека е малку иронично што песна со ваков наслов се наоѓа на неговиот албум и што тој се интересира да и помогне на Македонија. Песната нема никаква врска со Македонија, но насловот совршено се совпадна. Очигледно, фокусот на филмот е да го сврти вниманието кон Македонија зашто, поради проблемот со името, на Македонија навистина и е потребно тоа.
Филмот има интернационална екипа. Што го предизвика вашето внимание кон ова прашање?
- Идејата за филмот дојде од режисерот Сигурјон Ејнарсон и од пејачот Мортен Харкет. Сигурјон е од Исланд, но сега живее и работи во Норвешка. Иако е филмаџија по професија, веќе 22 години во Норвешка се занимава со музика. Еден од значајните и возбудливи аспекти на овој филм е неговата интернационална екипа. Има голем број меѓународни рокенрол-уметници што учествуваат во филмот или отстапуваат музика за цедето, кое ќе се појави подоцна. Меѓународно познат Англичанец ќе ја сними нарацијата. Не можам да ги откријам сите имиња што се вклучени во реализацијата, но ќе ги објавуваме онака како што официјално ќе го потврдуваат своето вклучување. Другиот значаен аспект се оние што донираа за филмот да биде остварен. Повеќе македонски бизнисмени придонесоа за снимањето и би сакал специјално да им се заблагодарам на „Тинекс“, „МЗТ-пумпи“, „Нова Македонија“, „Агро-Канат“, „Диаг“, „Сартекс“ и „Адинг“, како и на некои анонимни донатори. Од голема помош беа и Филмскиот фонд на Македонија и голем број меѓународни пријатели. Но сé уште трагаме по дополнителна поддршка за да ги постигнеме нашите цели.
Кои се основните цели на филмот?
- Едноставно да го расветли случајот со името, да го истакне ова прашање и да ми каже на светот, особено на оние што донесуваат политички решенија, за проблемот на Македонија и на нејзиниот народ.
Можно ли е еден уметнички продукт да ја смени сликата за Македонија и за апсурдниот проблем за името со Грција?
- Филмот не може да го реши проблемот со името. Немаме такви очекувања. Но се надеваме дека ќе го сврти вниманието на светот кон ова прашање. Нашата целна публика е светот. Целиме не само на обичните гледачи, кои можеби знаат а можеби и не знаат за овој проблем, туку на политичарите и на оние што одлучуваат во големите светски центри.
Каква ќе биде дистрибуцијата на филмот?
- Првата работа е промоцијата на веб-страница, трејлер и друг пропаганден материјал на социјалните нетворк-мрежи, што ќе биде завршено овој месец. Сакаме да почнеме изградба на свест за сево ова. Потоа ќе почне прикажувањето на филмот - на разни национални ТВ-станици и на меѓународни фестивали. Бараме и специјални проекции во Вашингтон и Брисел. Се разбира и во Скопје. Можно е филмот да излезе и на ДВД, а ќе имаме и цеде со музиката од филмот, како и книга со фотографии - различни, но со истата порака.
На CNN само што видов скратена верзија на спотот за Охрид. Најверојатно поради тоа што се навикнав на долгата верзија, скратенава ми изгледаше малку неспретно
ВО глобала сите 4 се одличен проект и се за пофалба. Сега уште на евентуалните туристи да се обидеме да импонудиме гостопримство и незаборавен и топол престој.
Конечно нешто повеќе и за преостанатиот од четирите спота (трет, четврт кој и да е по ред):
“Охрид - град на светлина“ третиот спот за промоција на Македонија
Во видео приказ од 60 секунди насловен “Охрид - град на светлината“ (“Ohrid - city of light“), маркетинг агенцијата “Њу момент Њу ајдијас компани“ раскажува приказна за впечатливиот македонски град со историја, за балканската лулка на уметсност, религијата, културата, за градот на бисерите и добрата храна, низ визуелна игра на сенки и светлина.
Ова е трет во низата од спотови “Македонија вечна“, по нарачка на Владата за промоција на земјава. На видео записот според сценарио и режија на Душан Дракалски работеше 60-ет члена екипа, а неговата вредност е 80 илјади евра.
Ко-режисер е Марко Ѓоковиќ, директор на фотографија Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорги Клинчаров, а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е снимен на локациите Плаошник, село Трпејца, Свети Наум, Света Перивлепта, стариот град, куќата на Робевци, а во него учествуваат Каролина Гочева, Мето Jовановски и Николина Кујача. Кореографијаат е на Рисима Рисимкин.
Оваа промотивна приказна за Охрид, изработена според старото име Лихнидос, ќе се емитува во две верзии, од кои за првата е користена музика на групата “Фолтин“, а за втората на композиторот Дуке Бојаџиев.
Од денес спотот ќе се емитува на телевизијата CNN.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на02.07.200914:32:54
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави прилог за првиот спот „Македонија вечна“Американскиот
весник „Њујорк тајмс“ објави прилог за првиот спот „Македонија вечна“
на Милчо Манчевски, третирајќи ја Македонија како новооткриена
дестинација за туристички патувања.
Прилогот го опишува
снимањето на спотот и истакнува дека Македонија е фасцинантна култура.
Се чини дека секоја важна цивилизација оставила трага, ова е многу
повозбудливо од западна Европа, се вели во написот на Њујорк тајмс.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum