Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3221 Posted: 17-Nov-2009 at 12:23 |
Тазе боја на "Холидеј ин"
Фасадата
на "Холидеј ин" неделава се бојосува со тазе жолта боја. Молери, качени
на скелиња, го користат убавото време за да го освежат надворешниот
изглед на хотелот. Работниците ни рекоа дека "Холидеј ин" нема да добие
нов изглед, туку само се освежува фасадата.
http://vest.com.mk/?ItemID=60B17179477EB24B9D396BA3564D04DA |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3222 Posted: 03-Nov-2009 at 16:19 |
Бакшиш фасади за две згради во Карпош

Станарите на
„Партизански одреди“ 81 и на „Никола Русински“ 6 нема да платат ниту
денар за обновата на фасадите, а оние од „Октомвриска револуција“ 10 и
од „Јуриј Гагарин“ 25 ќе платат околу 20 отсто од вкупната сума Општината
Карпош наскоро ќе обнови фасади на четири згради на нејзината
територија. Станува збор за објектите на булевар Октомвриска револуција
број 10, булевар Партизански одреди 81, како и на улиците Никола
Русински 6 и на Јуриј Гагарин 25.
Општината Карпош летово
распиша конкурс со кој ги повика куќните совети да се пријават за
обнова на фасадите, на кој пристигнале 12 пријави. За тоа кои згради ќе
добијат нови фасади во изминатиот период одлучувала општинска комисија
составена од вработени во Општината, архитекти и членови на урбани
заедници. Селекцијата била направена по принципот на бодување според
староста на фасадата, местоположбата на зградата, бројот на становите и
учеството на станарите.
- Комисијата за обнова на фасадите на
зградите, за да ги разгледа пристигнатите апликации, изврши увид на
теренот со посета на секој станбен објект. Општина Карпош, заедно со
граѓаните, смета дека фасадите треба да добијат нов лик по пет децении
постоење, со цел да се подобри нивниот естетски и функционален изглед -
се вели во образложението на информацијата за подобрување на изгледот
на фасадите.
Акцијата, која ќе се реализира под мотото „Да го
вратиме заедно сјајот на старите фасади“, е водена од идејата дека
фасадите се огледало на општината.
Според најавите, во
санирањето, освен општината, финансиски требаше да учествуваат и самите
станари, но, ова правило излезе исклучок за некои куќни совети.
Станарите од зградата на „Партизански одреди“ 81 и од „Никола Русински“
6 не поднеле предлог-сума за учество, но сепак, ќе добијат нова фасада
поради други критериуми, како што е излез на магистрална улица, за кој
добиле 30 бода, наспроти критериумот за учество над 20 отсто, за кој
биле предвидени 10 бода. За разлика од соседите на „Партизанска“ и на
„Русински“, кои ќе добијат бакшиш нов изглед на зградите, станарите од
„Октомвриска револуција“ ќе учествуваат до 20 отсто од вкупната сума за
обновата, а оние од „Јуриј Гагарин“ ќе платат над 20 отсто.
За овој проект е предвидено од буџетот на општината да се потрошат 15 милиони денари, односно околу 230.000 евра.
Во
врска со прашањето зошто Општината организира акција за обнова на
фасади, кога тоа е обврска на секој куќен совет, градоначалникот Стевчо
Јакомовски објасни дека Општината врши и многу други обврски кои не се
во нејзина надлежност, со цел да се разубави околината и да се подобрат
условите за живеење. (Ј.И.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=31E84B6C9CD2614381E98785890331F5
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3223 Posted: 26-Oct-2009 at 23:39 |
ова ми беше порано една од поубавите реновирани фасади на предземјотресни објекти во скопје, но очигледно е дека со ова накинџурувањето со еркондишни и реклами истата е веќе прилично грда, а капак што откако ја средија има поминато едно десетина години па истата веќе е зрела за освежување, но дали и кој ќе примора некого на ред тоа незнам, бар сред центар да нема ваква слика 
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3224 Posted: 21-Oct-2009 at 03:55 |
ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ИМ ПОМАГА НА ГРАЃАНИТЕ Четири згради ќе добијат нови фасади
Четири згради се избрани како приоритетни од листата на општина Карпош за реновирање на надворешните фасади. Општинските власти информираа дека на нивниот конкурс за менување на фасадите на старите згради се пријавиле 12 куќни совети и по бодувањето кое го направила комисијата, избрани се четири кои примарно ќе се реновираат. Тоа се сината кула на булеварот Октомвриска револуција, односно спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Карпош 2, зградата на Партизански одреди број 81, станбен објект на улица Никола Русински број 4 и кулата на улица Јуриј Гагарин број 25, поточно до Министерството за економија. Сите објекти датираат од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Како приоритети ги земавме зградите кои беа во најлоша состојба и кои добија најмногу поени според определените критериуми. Мислам дека нема некој што не ја забележал онаа румунска кула спроти бензинската пумпа која изгледа како излупено велигденско јајце - изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој објасни дека кога ги примале апликациите од куќните совети, добиле различни предлози од граѓаните за тоа како да се финансира реновирањето. - Тоа значи дека станарите работеле на овој проблем и не им е сеедно што фасадата им се рони или што паѓаат плочки од нивната зграда. Имаше граѓани кои предлагаа да учествуваат во промена на прозорците затоа што и тие се дел од фасадата, потоа киријата од фирмите кои закупиле простор во зградата да ја собираат на општинска сметка за нова фасада или самите да издвојат средства од сопствен буџет или, пак, да најдат спонзори - рече градоначалникот Стевчо Јакимовски. Како следен чекор тој најави дека ќе се направи премер и пресметка за сите згради за да се одлучи дали ќе се примени поскапа варијанта со фасада која вклучува и изолација или, пак, ќе се постави само обична фасада, што е поевтино. Градоначалникот на Карпош најави дека во проектот ќе се вклучи и Град Скопје и дека со последниот ребаланс на буџетот биле издвоени средства за таа намена. Во градот потврдија дека со ребалансот е внесена ставка за реновирање фасади, односно тоа е ставката за одржување на згради, осум милиони денари- Точна спецификација за кои фасади ќе се наменат средствата ќе биде дополнително направена - одговорија од Одделението за односи со јавност. За овој проект во буџетот на општина Карпош за 2009 година се обезбедени 243.000 евра. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=124513&EditionID=1844 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3225 Posted: 05-Oct-2009 at 18:04 |
малку е смешно заради бојата на балконите да се вика сина кула, но ајде порано очигледно во недостаток од колорит и малку требало за етикета но не е лошо сега поколоритно да ги освежат куливе, бар од сивилото да се решат, но мислам подобро ќе биде со украсен малтер да ги поминат наместо само да ги офарбаат, со оглед дека ваквиот малтер потешко се прља, а и при помали оштетувања не остава големи флеки. патем овие три кули нудат екстра панорами за фотографирање, со оглед дека горе имаат огромни неокупирани тераси, а и бришан простор пред себе, навистина невообичаено чувство е панорамата од тоа место, посебно на оваа кула спроти поликлиниката букурешт која сега ќе ја освежуваат, и која веќе не е на булевар октомвриска рев. туку на булевар осми септември http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=370&PID=14848#14848 административен лапсуз кој доволно кажува на кое ниво ни е локалната самоуправа, ниту се координираат, ниту пак следат медиуми ако ништо друго!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3226 Posted: 05-Oct-2009 at 15:34 |
 Не беше реновирана ниту една. Една кула беше почната па баталена, има поназад во нишкава Инаку вакви идентични кули се три на број.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#3227 Posted: 05-Oct-2009 at 15:06 |
edna sina kula bese renovirana sega i ova 
znae li nekoj kolku vakvi kuli ima vo skopje??
vo opstina centar bi bilo dobro da se renovirat nekoj gradski kuli i gradski zidovi posto centar e centar, dreba sekogas ubavo da izgleda...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3228 Posted: 05-Oct-2009 at 14:53 |
Сината кула во Карпош, конечно, ќе се обновува

Реновирањето се очекува да почне до крајот на есенва, деновиве ќе се распише тендер за изведувач
Општина Карпош одлучи да ја санира фасадата на сината кула на аголот
на булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“. Одлуката
е резултат на неодамнешниот јавен повик до граѓаните и куќните совети
од територијата на Карпош да аплицираат за разубавување на фасадите на
станбените згради. Акцијата ќе ја реализира Општината под мотото „Да го
вратиме сјајот на старите фасади“.
Освен за оваа фасада, до
надлежната општинска комисија пристигнале предлози за вклучување во
акцијата на уште 12 згради. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека
сината кула е првата што ќе биде обновена, а наскоро ќе биде одлучено
уште колку и кои згради со општински пари ќе добијат обновен лик на
надворешноста.
„Оваа фасада имаше 234 поени по основа на
критериумите што ги земаме предвид за една зграда да се вклучи во
акцијата. Од сите доставени апликации, таа имаше најфреквентна
местоположба, една е од најстарите и со најголем број станови. За
десетина дена ќе распишеме тендер за изведувач за обнова на фасадите, а
најдоцна до крајот на есенва очекувам да почнеме со реализација на
акцијата на терен“, вели Јакимовски.
Тој информираше дека
наскоро ќе биде одлучено кои други фасади ќе бидат вклучени во
општинската акција. Во игра се и три згради на улицата „Никола
Русински“, две на улицата „Јуриј Гагарин“ и по една зграда на
„Женевска“, „Веселин Маслеша“, „Вич“, „Миле Поп Јорданов“, „Бранислав
Нишиќ“ и на „Разловечко востание“.
За почеток на акцијата,
Општината од сопствениот буџет има издвено 15 милиони денари. Колку ќе
чини обновата на излупената фасада на сината кула, ќе зависи од
доставените понуди на тендерот.
Ова ќе биде втора шанса една од
најпрепознатливите згради во Карпош воопшто и во Скопје, конечно, да
биде подновена. Идеја за реновирање на надворешноста на зградата
потекна уште од времето на градоначалникот Андреј Петров, но поради
недоразбирања со дел од станарите, таа никогаш не се реализираше.
(Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B35256ED5DE5A4BBE8CE8A5AAF59342
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3229 Posted: 05-Sep-2009 at 03:15 |
Има сега со новиниве и обврзувачка одредба за сите објекти, мислам на три ил пет години беше, дека мора да се освежуваат и обновуваат фасадите, исто врзано со пенали во случај на заборавеност... Незнам дали конечно ќе се воведе ред, но се додека инспекциите работат како да се во африка а не во европа, не ми се верува дека на ова поле ќе видиме некој напредок, освен можеби дополнителен калабалак како што е кај босанциве http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=478&PID=31071#31071
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#3230 Posted: 29-Aug-2009 at 15:45 |
абе и јас така мислам, ама добро би било
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#3231 Posted: 29-Aug-2009 at 02:13 |
Originally posted by FoSsiL
сега уште да се направи нешто и околу одржувањето и обновувањето на фасадите на старите згради, што може да прави проблеми зашто повеќето се стамбени, станарите може нема да мозат да обезбедат средства но не иде и да се остават така, на распаѓање
|
realno mislam deka e toa daleko od realnosta....
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#3232 Posted: 27-Aug-2009 at 17:50 |
сега уште да се направи нешто и околу одржувањето и обновувањето на фасадите на старите згради, што може да прави проблеми зашто повеќето се стамбени, станарите може нема да мозат да обезбедат средства но не иде и да се остават така, на распаѓање
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3233 Posted: 24-Aug-2009 at 19:15 |
без да се направи фасада, нема да може да се запише објектот во катастар |
 Нешто паметно во целово лудило
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3234 Posted: 24-Aug-2009 at 19:12 |
Со новите измени на законот за градење, енрегетската ефикаснот ќе биде загарантирана, со оглед дека регулативата сега и законски ќе биде условена со издавање употребна дозвола на објектите.
Колку ќе помогнат измените во Законот за градба, да се стави ред во еден од најспорните сектори?
Колку ќе помогнат измените во Законот за градба, да се стави ред во еден од најспорните сектори. Две работи подвлече министерот Јанакиевски вчера промовирајќи ги измените. Се зголемува рокот за изградба на објектите и втората дека без да се направи фасада, нема да може да се запише објектот во катастар. Канал 5 на терен, ги анкетираше градежниците. Колку ваквите измени ќе го решат Урбаниот хаос.
Градежниците сметаат дека при изработка на фасадите треба да се внимава да се запази енергетската ефикасност. Да се поставува соодветна изолација на објектите. Ваква обврска има предвидено и во законот.
Но обврската за фасада нема да важи за дивоградбите. За нив нов закон допрва се работи. Прво треба да се легализираат па потоа за нив да важат одредбите од Законот за градба.
Во делот на роковите за градба пак, бизнисмените објаснуваат дека тие и досега постоеле само биле пократки. Добро е да ги има, за да постои ред. Еден од предлозите како да се осигураат и државата и граѓаните дека становите ќе бидат изградени е да се депонираат пари, како што некогаш се отворале акредитиви, за почнување бизнис.
Во пракса Законот за градба цели 20 години континуирано се надополнува и се менува. На терен проблемите остануваат, дивоградби, изградба повеќе од дозволеното. Недовршени објекти во речиси секоја населба. Урбана мафија и натаму царува во овој сектор.
Може и натаму да трае, иако континуирано се прават измените и дополнувања на градежниот закон. Клучот е во спроведување на прописите - вака коментираат градежните работници. Продолжување на роковите за градба.
Делот на законот кој се менува за фасадите во новиот предлог закон кој сега треба да го мине уште собранискиот филтер.
24.08.2009
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#3235 Posted: 04-Aug-2009 at 01:50 |
Општина Карпош и граѓаните ќе ги обновуваат фасадите

Општина Карпош ги повикува граѓаните и куќните совети од целата нејзина територија да се пријават во акцијата разубавување на фасадите на станбените згради. За оваа акција, која е наречена „Да го вратиме заедно сјајот на старите фасади“, Општината издвои 15 милиони денари (околу 250 илјади евра), а веќе е распишан јавен повик кој ќе трае до 20 август. Идејата на Општината е да ги разубави населбите, но заедно со граѓаните кои би учествувале со одреден дел од парите што се потребни за санирањето.
- Старите руинирани фасади на објектите за колективно домување не само што претставуваат грда слика на една урбана општина која е дел од метрополата, туку претставуваат и реална опасност за граѓаните при нивното движење под и околу нив - се вели во јавниот повик распишан од Општината. Од Карпош велат дека не знаат колку фасади ќе санираат, бидејќи ќе зависи од тоа колку куќни совети ќе се пријават. Потоа ќе се формира Комисија за бодување, составена од лица од Општината, членови од Комисијата за урбанизам, од Здружението на архитекти и претставници од месните заедници. Рангирањето, како што објасни градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе се врши според староста на објектот, местоположбата и бројот на станови. Еден од важните услови во секој случај ќе биде понудата за учество од станарите. Според објаснувањата, во оваа акција ќе се санираат фасадите на главните улици. Во акцијата ќе учествува и Градот Скопје.
- Најголем проблем ни се фасадите на зградите на „Партизански одреди“, односно во населбите Карпош 1 и Карпош 2, во дел од Карпош 3, како и кулите кај Мостот на Обединетите нации. Сакаме зградите на булеварите да личат на нешто, а не да се руинирани. Зборувавме и со градоначалникот Коце Трајановски за учество на Градот во оваа акција и добивме позитивен одговор - изјави градоначалникот Јакимовски. На прашањето зошто Општината организира акција за обнова на фасади, кога тоа е обврска на секој куќен совет, градоначалникот објасни дека Општината врши и многу други обврски кои не се во нејзина надлежност, со цел разубавување на околината и подобрување на условите за живеење. Апликациите од куќните совети, се вели во јавниот повик, треба да бидат доставени до Комисијата за обнова на фасади во Општина Карпош. Сите стасани барања потоа ќе бидат објавени во средствата за јавно информирање, во месните заедници, како и во просториите на Општината. Динамиката за одвивање на акцијата ќе зависи од расположивите пари од буџетот на Општината, како и од парите на граѓаните и донациите.
|
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#3236 Posted: 21-Jun-2009 at 17:01 |
Еден прекрасна рестоврација но за жал се гледа дека нема слога мегу газдите на спратовите. Очито едниот е естета и граганин а другиот „бизнисмен“ - штета
 Едина ситна замерка, додатокот над оградата од балконот
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#3237 Posted: 21-Jun-2009 at 16:01 |
@ел_ченто
има една битна разлика. Колку и да тоа ни изгледа кичесто во Тирана (барем мене ми е кичесто) сепак се работи за еден поголем планиран проект по иницијатива на градоначалникот Еди Рама за разбивање на сивилото во градото. Кај нас пак не се работи за ништо друго туку за лош вкус на инвеститорите и човек фирмите кои ни го унаказија градот без никој да ги контролира или барем да постави рамка во која ќе треба да се изведуваат фасадите во одредени делови од градот.
@linea
навистина страшно, сепак и ден денеска се работи за еден од 4-5те најдобри хотели во градот, срамота е фасадата да биде вака излупена.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#3238 Posted: 21-Jun-2009 at 12:57 |
Некогаш модерен хотел а сега...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ел_ченто
Newbiе
Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#3239 Posted: 21-Jun-2009 at 00:33 |
Панорамата на градов полека почнува да станува како циркуски шатор. Нема боја која ја нема. Време е да се донесе некаква регулатива која би го ограничила естетското нагрдување на градот. Ме плаши тоа што се поблиску сме до Тирана одошто до некоја европска метропола, каква упорно се обидуваме да ја направиме нашата престолнина.
Кај и да е ќе ги стигнеме соседиве, барем во нешто.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3240 Posted: 20-Jun-2009 at 11:51 |
СТАРИТЕ ЗГРАДИ ПРЕПУШТЕНИ НА ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО
Излупени фасади се ронат врз скопјани
Излупени
и сиви, стари фасади на дотраени објекти, малтер кој се рони и плочки
што се закануваат да паднат врз нечија глава се уште го нагрдуваат
Скопје. На атрактивни локации низ градот и натаму паѓаат во очи згради
стари триесетина и повеќе години, кои го загубиле некогашниот сјај и
иако делови од нив умешно се прекриваат со огромни рекламни платна,
онаму каде што ги нема, ѕирка грдотија во секоја смисла на зборот. Еден
од примерите е комплексот Градски ѕид, кој како градба составена од
повеќе станбени блокови и кули никогаш не бил реновиран. Засега ниту
локалните власти, ниту институциите за заштита на културно наследство
или станарите на зградите не ја преземаат грижата за градските фасади,
па градбите остануваат препуштени на забот на времето. Поранешниот
главен градски архитект, Никола Велковски, а сега советник во градското
собрание, кој учествувал во реновирањето на фасадите пред неколку
години, смета дека ваквите зафати се потребни за Скопје. - Направивме
идејни проекти за најголем дел од дотраените градби, со колоритни
решенија. Целта беше да се инвестира заедно со куќните совети во
промена на излупените и стари фасади. Тоа е добро и континуирано треба
да се работи за одржување и за освежување на ликот на градот “ вели
Велковски. Според него, станарите треба еднаш за секогаш да сфатат дека
нивна обврска е да си ги одржуваат објектите чиишто сопственици се. Тоа
е потребно и поради сигурноста и безбедноста на граѓаните, затоа што
под некои згради е опасно да се минува кога фасадата се лупи и паѓа. За
него не е праведно жител од Автокоманда преку даноците да плаќа за
промена на фасада на некоја зграда во центарот на градот. - Многу од
станарите, на пример, го издаваат фасадниот простор за реклами, а потоа
парите од нив не ги вложуваат за надворешно одржување. Градот и сите
општини, а не само Центар, треба да помогнат во делот на проектирањето,
па и со помал процент во финансирањето, но не смеат да ги амнестираат
граѓаните од обврската “ нагласува Велковски. Тој вели дека Градскиот
ѕид е заштитен со Законот за споменици како авторски објект, односно
дело на јапонскиот архитект Кензо Танге. Но Заводот нема ингеренции да
ја преземе грижата за нив, туку само да изработи или да одобри проект.
Градоначалникот Коце Трајановски во својата програма за работа има
вклучено проект за реновирање фасади во централното градско подрачје. -
Работата е во иницијална фаза. Сакаме да изработиме идеен проект, да
видиме кои се тие објекти, што не значи дека истите ќе влезат во
крајниот проект, да направиме финансиска конструкција и да видиме кои
се начините на изведба. Нормално дека ќе бидат консултирани и
граѓаните, но за нивниот финансиски удел не можеме сега со сигурност да
кажеме. Би се почнало од централното подрачје, од оние згради кои се во
најлоша состојба, па потоа би преминале, условно кажано, и на
периферијата на градот “ вели Неделчо Крстевски, портпарол во Град
Скопје. Фасади на триесетина објекти на улиците Димитрија Чуповски,
Македонија и во Старата чаршија се реновираа во мандатот на
градоначалникот Ристо Пенов, а беа потрошени околу 500.000 евра од
градскиот буџет. Со смена на власта и доаѓањето на неговиот наследник
Трифун Костовски, оваа акција запре бидејќи властите сметаа дека
обврската треба да си ја извршуваат куќните совети.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1736&ArticleID=116124 |
|
 |