Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#341 Posted: 03-Mar-2010 at 15:29 |
Кога се сака, сè се може...
Политиката ги наполни базените
Двата покриени базена во Скопје за некој ден повторно ќе проработат, откако Владата на Република Македонија силно притиснала за тие да ја обноват функцијата, се зборува во пливачките кругови. По тревогата што ја направи Пливачката федерација на Македонија, кога објави дека ватерполо-натпреварот Македонија - Грција на 16 март, наместо во земјава, ќе се игра во странство затоа што немаме базен во функција, атмосферата се вжешти. Срамот ваков меч да се игра во странство, а и Македонија на целата своја територија да нема ниеден покриен базен во функција преку зима, бил преголем.
Раководствата на двата покриени базена, „Младост“ во Карпош и Олимписки во центар, кои имаа празни корита затоа што наводно не било рентабилно тие да се греат, одеднаш го сменија мислењето и експресно почнаа да се полнат. Кој сега ќе го плати цехот на нерентабилното греење на водата? Според концесионерот на Олимписки, АД „Полет“, кај нив никој. Но, и покрај тоа што ќе биде во загуба, „Полет“ ќе го наполни и загрее базенот за да може Македонија да игра со Грција во Скопје. Според управата на базенот „Младост“, тие спасот ќе го бараат во заеднички проект со Министерството за образование што ќе вклучи организирана посетеност на базенот со ученици, кои ќе имаат часови по пливање.
- Заедничкиот проект со Министерството за образование ќе ни помогне да имаме дневно по 350 до 400 деца, што на долги патеки може да ветува рентабилна работа. Инаку не беше можно да се издржи затоа што греењето поскапе триста отсто, а нема доволно посетители за да се покријат трошоците - ни изјави Филип Аџиевски, раководителот на базенот „Младост“, кој спаѓа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Според АД „Полет“, ова претпријатие свесно влегува во була.
- Базенот ќе проработи навреме за натпреварот Македонија - Грција, а тоа е основен мотив што го полниме. Целиот трошок ќе ни биде околу 1.500.000 денари, што нема да можеме да го покриеме. Никакви притисоци немало од никаде, туку само решивме да влеземе во трошок што нема да можеме да го вратиме - изјави Мијалче Маневски, директор на АД „Полет’.
Мечот најверојатно ќе се игра на Олимписки, иако се' уште Пливачката федерација не донела конечно решение.
- Имало притисок од Владата за да проработат базените. Ќе беше голем срам, со Грција да игравме во Србија. Како тоа ќе се покрие и кој кому колку ќе плати или надомести, не се знае. Сепак, добро е што базените пак ќе бидат во функција, иако и порано имало слични случаи, па откако тревогата ќе минела, работите пак се враќале на старо - велат пливачки работници.
Големото корито на Олимписки со години е празно за време на зимската сезона, затоа што концесионерот вели дека не може да плаќа греење. „Младост“ главно работеше, а пред неколку дена првпат се испразни поради истиот проблем. Во обата базена сега велат дека ќе ја греат водата до крајот на зимската сезона. За жал, сега работите во овој спорт, како и порано, се решаваат инцидентно, кога догоре до нокти. Притоа не се гледа дека водните спортови со години полека се дават, токму поради проблемите со базените.
- Нашите трошоци за греење и за другите потреби на базенот „Младост“ за еден месец, откако поскапе греењето, беа над 1.500.000 денари, а приходот ни беше малку над 287.000 денари. Логично, загубата е голема. Поскапувањето на греењето дојде оттаму што го изгубивме статусот на привилегиран потрошувач кај Топлификација поради неодамнешното решение на Регулаторната комисија. Со толкав расход не можевме да опстанеме. Ние цело време работиме со загуби, а последново поскапување не' докусури. Проектот со Министерството за образование може да не' спаси, затоа што искористеноста ќе се зголеми па ќе имаме и поголеми приходи. Децата ќе почнат да го посетуваат базенот за неколку дена - изјави Борис Змејковски, директор на салата „Борис Трајковски“. Тој вели дека бил повикан на седница на Владата на која била донесена одлуката во решавањето на целиот проблем да биде вклучено и Министерството за образование.
Благоја Георгиевски
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=001D37BB7355DF4D995B8E2DAD08E381
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#342 Posted: 28-Feb-2010 at 17:53 |
Арсов: Ќе градиме хотел
Напишано од Весна Коловска
|
Среда, 03 Февруари 2010 10:04 |
Откако штипската бања Кежовица не влезе
во владиниот проект за бањско лекување на пензионерите директорот на ЈП
Исар Васе Арсов призна дека на штипската бања и треба темелна
реконструкција признава .
Кога дошла комисијата од Министерството
за труд и социјална политика во увид било јасно дека бањата тешко ќе
влезе во владиниот проект. Петнаесет соби се без тоалет, а ниту кујната
одговара на основните стандарди. Поради тоа, директорот на Исар најави
нов проект.
Ќе се гради хотел како почеток на
проектот за бањско-рекреативен комплекс. Заедно со постоечките
капацитети кои ќе се реновираат, ќе бидат изградени вкупно 62 соби со
сите дополнителни простории. Над 300.000 евра ќе чини новата зграда. Од
каде пари кога Исар е во долгови за струја, а треба да се плаќаат и
ратите за европскиот кредит земен за реконструкција на водоводниот
систем.
Арсов вели дека хотелот ќе го градот од
сопствени пари. Ќе вложат за идната година да влезат во владиниот
проект за бањското лекување на пензионерите. http://www.kanal77.com.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#343 Posted: 22-Feb-2010 at 05:35 |
Ватерполото ни стана спорт на апсурди 
Базенот во Карпош не работи, па во прашање е доведено играњето на мечот Македонија - Грција на 16 март
Во Македонија ватерполото е спорт на апсурди. Македонската ватерполо репрезентација се наоѓа меѓу осумте најдобри селекции во Европа, а во земјава моментно нема ниеден покриен базен што работи. Тоа веројатно е единствен случај во Европа и во светот. Од неодамна базенот Младост веќе не се грее и водата е испуштена, откако стигнала сметката од „Топлификација“ дека треба да се плати 20.000 евра само за еден месец. Така и овој базен, покрај Олимпискиот во центарот на Скопје е вон функција, токму во моменти кога репрезентацијата се подготвува за претстојните дуели во Светската лига и за квалификациите за ЕП-2010, во Хрватска.
Репрезентацијата на Македонија игра со Хрватска во следното коло, на 23 февруари како гостин. Пред оваа средба Македонија во Хрватска ќе има неколку контроли со клубови од оваа земја. Но, играњето на средбата која сите ја очекуваат, против Грција, во рамките на Светската лига на 16 март е во прашање, затоа што тогаш базенот ќе биде празен. Покрај тоа и подготовките на националниот тим кој кон крајот на март во Грција ќе игра во квалификации за ЕП 2010, се доведени во прашање.
- Моравме да ја испуштиме водата од базенот затоа што сметките ни се астрономски. Последната сметка што ни стигна е 20.000 евра, што е за два и пол пати повеќе од она што досега го плаќавме. Едноставно не можеме да го издржиме тој притисок, па ја испуштивме водата од базенот. Така сега ватерполото, а и пливачките клубови се на суво. Во преговори сме со Пливачката федерација на Македонија да го наполниме базенот на две недели пред мечот со Грција за да може да се загрее и да се игра средбата. Но и тоа не е сигурно. Ако тоа го направиме, ќе чини околу 6.500 евра - ни рече Филип Хаџиевски, раководител на базенот Младост. Како што дознаваме покачувањето на цената на греењето е поради тоа што базенот сега веќе нема статус на привилегиран потрошувач. Не успеавме да го добиеме ставот на Пливачката федерација околу проблемот со базенот.
ПРОЕКТ ВО ВОДА
Македонија игра во Светската лига од сезонава и досега изигра три средби во групата. Во Скопје загубивме од Хрватска и од Русија, а во Грција загубивме од домаќинот. Целиот настап во Светската лига е замислен како подготовка на Македонија за главниот настан, квалификациите за ЕП, кои се играат во Грција, а во групата покрај нас и домаќинот, се и Франција и Словенија. Оценките беа дека имаме добри шанси да го освоиме второто место во групата што би ни овозможило настап на завршницата од ЕП, во Загреб. Тоа би бил втор настап на Македонија на едно ЕП, по она во Малага 2008 година, кога бевме осми. Со оваа состојба во базенот Младост целиот проект може многу лесно да падне во вода.
- Многу несериозен потег од Топлификација. Со ваквото зголемување на цените многу ватерполисти и пливачи останаа на суво - изјави Саше Поповски некогашниот капитен на ватерполо репрезентацијата.
„ВИСИ“ И ВК РАБОТНИЧКИ
Со престанокот на работа на базенот Младост во вода може да падне и учеството на ВК Работнички во Првата Б-српска ватерполо лига. Работнички сезонава прва година учествува во натпреварите во Првата Б српска лига, каде од 10 екипи е на солидното петто место. Во состојба кога базенот не работи и настапите на овој клуб во оваа лига висат затоа што нема каде да ги игра натпреварите како домаќини.
- Домашните натпревари во оваа лига Работнички најверојатно ќе ги доигра како гостин. Тоа ни е единственото решение за да ја завршиме лигата. Што се однесува до репрезентацијата, многу не' сопира тоа што нема да имаме терен за подготовки за квалификациите. Што се однесува до мечот со Грција во рамките на Светската лига, тоа сега е неизвесно. Федерацијата мора да најде решение за да се одигра мечот. Бидејќи сме домаќини мора да се игра кај нас. Единствени базени кои одговараат за тоа се Младост и Олимпискиот базен во Скопје. Ќе видиме што ќе биде - вели Боби Кузмановски, помошник селектор во репрезентацијата. (Б.Г.)
Крај на пливањето во Македонија?
Во Младост тренираат и 15-тина пливачки клубови со над 400 пливачи. Сега сите тие се на суво. Малото корито на Олимпискиот базен, кое пливачите го нарекуваат „леген“ нема ни оддалеку капацитет да ги прими сите оние кои по затворањето на Младост останаа на суво. Ова значи ново тонење на пливањето како спорт, откако тоа почна по затворањето на големото корито од Олимписки за време на зимскиот дел од сезоната, пред неколку години. Ако не се најде решение за Младост, тоа ќе значи веројатно крај на пливањето како спорт во Македонија. Исто така Македонија ќе стане земја која ќе нема ниеден јавен базен во функција во текот на целата година. http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=71FAD4CAEB3FDA4CAC83EC36D6C7107F&arc=1 |
Во Струга, наместо базен, руина Струшкиот покриен пливачки базен, некогаш собиралиште на младите од Охрид и од Струга, е комплетно руиниран. Во објектот одамна нема ништо, искршени се прозорците, нема врати, распарчени и расфрлани се столчињата, а единствено стартните блокови, кои не можеле да бидат откорнати, потсетуваат дека тука едно време имаше базен во кој се одржуваа натпревари.
Стружани сметаат дека ако навремено се презеле сите потребни активности струшкиот пливачи базен не би бил доведен во ваква мизерна состојба и не би претставувал срам за спортска Струга.
- Ни државата ни Општината водат грижа за објектот, наместо да биде место на здрави генерации, таа е „дувло“ на наркозависници - велат тие. Охрид и Струга со години биле расадник на таленти, желбата кај младите да се занимаваат со овој спорт е оргомна, но...
- За жал, последниве 7 години тренираме само во летните месеци, јуни, јули и август. Низ тој период вршиме обука на повеќе од 100 деца, пливачи и непливачи - вели Никола Докоски, пливачки тренер од Струга.
- Кога имавме услови за работа се тренираше во континуитет и имавме пливачи од највисок ранг, учесници на европски првенства, балканијади, разни меѓународни натпревари надвор од државата и сите тие беа проследени со успеси - додава Докоски.
Водите во струшкиот базен ги брануваа дел од најдобрите македонски пливачи, стружанецот Михајло Ристовски - учесник на Олимписките игри во Пекинг и охриѓанецот Александар Маленко - една од пливачките легенди: европски младински првак, шестопласиран на Светското првенство во Палма де Мајорка и учесник на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.
Затворениот пливачки базен во Струга е пуштен во употреба во 1981, а затворен во 2002 година од Агенција за стопанисување со спортски објекти.
- Од септември 2002 до овој момент никој нема ништо преземено за затворениот пливачки базен во Струга. Спортот во светот оди напред, се развиваат сите методи на тренинг, а ние, наместо тоа да го следиме и да чекориме напред, со времето се вративме во 1980 година, кога немавме базен. Државата троши толку многу пари, кампањи за борба против дрога, аклохол, цигари, а ние децата ги оставаме на улица поради тоа што се трошат пари само за реклами, а не се презема ништо конкретно - завршува Докоски. http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=92D316CCDEE5814785D73137B8770AE7&arc=1 |
Edited by La Linea - 22-Feb-2010 at 15:51
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#344 Posted: 10-Feb-2010 at 23:33 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#345 Posted: 08-Feb-2010 at 03:54 |
На базенот „Младост“ му треба повеќе од површинска шминка

Објектот стар повеќе од три децении ќе чека подобри времиња за реконструкција
Базенот „Младост“ во Карпош ќе почека подобри времиња за реновирање,
бидејќи му е потребно многу повеќе од површинска шминка. Иако од
минатата година тој е дел од новата сала „Борис Трајковски“, засега
нема планови за негова реконструкција. Од јавното претпријатие кое ги
стопанисува двата објекта велат дека досега не е направена ниту процена
што се треба да се обнови во базенот, ниту, пак, е почната изработка на
проект. Извесно е дека тој ќе се работи годинава, а за пари ќе се
размислува, веројатно, од идната година.
Според директорот на
јавното претпријатие Борис Змејковски, базенот ќе биде голем зафат,
бидејќи е потребна темелна реконструкција на повеќе сегменти, особено
на системот за прочистување на водата. Оној што се користи сега, иако е
функционален, сепак, е стар колку и самиот објект.
„Методите
што ги користиме за хлорирање на водата во базенот се застарени и не се
употребуваат речиси никаде. Освен системот за прочистување, за
реконструкција е и електричната мрежа, водоводниот систем, практично,
речиси целиот објект“, вели Змејковски.
Тој потенцира дека
откако базенот „Младост“ е под капата на јавното претпријатие, тие се
грижат за неговото тековно одржување, со што се овозможува тој да биде
во функција и на располагање на рекреативците и пливачките школи. За
се' дополнително, вели Змејковски, се потребни големи инвестиции.
„Базенот,
секако, ќе се реконструира и тоа темелно, но сега не можеме да кажеме
кога. Сепак, штом сме зеле да го работиме, мора да се направи тој
навистина да биде во функција на новата сала и да се овозможи без
проблеми тука да се одржуваат сите спортски настани во базен“, вели
Змејковски.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0D072A05FB618D41A2893AC11CBCB7E1 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#346 Posted: 23-Jan-2010 at 15:45 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#347 Posted: 25-Sep-2009 at 11:01 |
Рекреативен центар
МоклиштеПроектот Брана –Моклиште е со вредност од 15.000.000 денари и
истиот е во завршна фаза.
Проектот опфати повеке градежни работи како што се
поплочување на коритото на реката Луда Мара како и бетонска ограда на
локалитетот.
Со отпочнување на градежната сезона локалитетот
Брана-Моклиште партерно и хортикултурно ке се уреди и со тоа овој простор ке
претставува место за рекреација на гаѓаните на општина Кавадарци.
Доколку фирмите во кои волатираат лицата израат заинтересираност за
продолжување на нивното работно ангажирање општина Кавадарци-локална самоуправа
е спремна да врши финансирање на овие лица уште за период продолжен за 3 месеци.
Проектот овозможува стекнување на работно искуство како и можност со
самодокажување и ангажираност на лицата волантери да бидат постојано вработени
во фирмите во кои волантираат.  http://www.kavadarci.gov.mk/?jazik=1&id=05
Edited by Makedonij - 25-Sep-2009 at 11:02
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#348 Posted: 28-Aug-2009 at 15:04 |

Повеќе слики неколку постови поназад. Жална слика #33
Edited by La Linea - 28-Aug-2009 at 15:04
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#349 Posted: 28-Aug-2009 at 12:54 |
Шут и ѓубре, место вода во базенот во Струга
Инвентарот на
базенот е украден, крадци ја имаат откорнато и однесено дури и
покривната конструкција, соблекувалните се искршени, тушовите и
плочките ги нема, а и од прозорците не останало речиси ништо
Македонија
изгуби прекрасни таленти што можеа да станат врвни пливачи поради тоа
што затворениот базен во Струга е целосно запустен, тврди Ѓорѓи
Чуркоски, претседател на Пливачкиот клуб во Струга. Според него, во
минатото во овој базен тренирале најуспешните македонски пливачи, но
цели осум години тој е недостапен за клубовите од Струга и од Охрид
бидејќи е претворен во магацин. Ниту државата ниту општината водат
грижа за објектот. "Инвентарот е украден, а школката на базенот
место со вода, полна е со парчиња од фасада и со ѓубре. Крадци ја имаат
откорнато и однесено дури и покривната конструкција. Соблекувалните се
искршени, тушовите и плочките украдени, а од прозорците нема останато
речиси ништо. Некои простории до неодамна функционираа и како
магацини", вели Чуркоски. Тој објаснува дека државата сега се
расфрла со изградба на скапи базени кои чинат 5 милиони евра, а
санацијата на овој нема да чини повеќе од половина милион евра и ќе
трае само неколку месеци. Вршителот на должноста директор на ЈП за
стопанисување со спортски објекти Аце Русевски тврди дека базенот
државата уште пред две години $ го има доделено на користење на
локалната власт. "Ако некој треба да се грижи за објектот, тоа е
Општина Струга. Јавното претпријатие веќе нема никаква надлежност",
тврди Русевски. Од Општина Струга, пак, одговараат дека немаат
никаква надлежност на објектот, но не се расположени да дадат повеќе
информации. Општинската секретарка ни рече дека градоначалникот Рамиз
Мерко не е на работа и оти нема кој да објасни што се случува со
затворениот базен во Струга. Градоначалникот беше недостапен и на
неговиот службен мобилен телефон. Затворениот базен во Струга е
изграден во 1981 година. Тој бил направен за рекреација и тренинг на
македонските пливачки и ватерполо репрезентации. Последниот поголем
натпревар во него е одржан во 2003 година, во рамки на Балканската
олимпијада која ја организираше МОК. |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=82F51F63CAF5614AB5AF83CCD12CC231
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#350 Posted: 13-Jul-2009 at 15:12 |
ГРАДСКИТЕ РЕКРЕАТИВНИ ОБЈЕКТИ РУИНИРАНИ
Хоророт во базените ги избрка капачите
Стари
и исчкртани соблекувалници, смрдливи тоалети со искршени врати и
прокиснати тавани, се истата грда слика поради која со години двата
базени во градот, „Олимпискиот базен“ и „Младост“, ги губат
посетителите. Рекреативците велат дека во базенот „Младост“ биле
принудени да си ја остават облеката во стари, искинати и валкани торби.
Во нив завршуваат и личните предмети, како паричникот и мобилниот
телефон, што, и покрај тоа што на објектот стои натпис дека тој е
обезбеден, тие стравуваат дека лесно може да останат без нив. - Вратите
од соблекувалниците и од тоалетите, од кои ниту една не се затвора како
што треба, иако се по неколку пати пребојадисувани, за кратко време пак
се исчкртани. Во тоалетите и во кабините за туширање смрди, а подот
плива во вода “ револтирано објаснува Ели, која вели дека се кае што
решила денот да го помине на базен. Поредовните посетители, пак, се
разочарани и од тоа што водата во базенот не е чиста како порано.
Греењето во минатите два месеци изостана, и покрај свежото и врнежливо
време. Но, затоа рекреативците неколку пати мораа да пливаат на дожд
поради дупките на стариот покрив од кој протекува вода. Раководителите
признаваат дека објектите, кои се уште работат со загуба, и однадвор и
однатре покажуваат дека ништо не е инвестирано во нив откога се
изградени. Директорот на спортската сала „Борис Трајковски“, во чијашто
сопственост од пролетта е базенот во населбата Карпош 3, не најавува
инвестиции за годинава, туку само изработка на проект за негова
реконструкција. - За жал, сите што стопанисувале со базенот во
последните триесетина години ни шајка не ставиле во него. Објектот се
уште работи по стар систем, па секој ден треба да влечкаме буриња хлор
од „ОХИС“. Затоа не сакаме да се зафатиме со мали поправки и да
импровизираме, туку од корен треба да се направи реконструкција на
базенот и да се воведе нова технологија во неговата работа “ вели Борис
Змејковски, директор на јавното претпријатие „Борис Трајковски“. Според
него, проектот до крајот на годината треба да се достави до Владата,
но, поради економската криза, не е оптимист дека веднаш ќе се одобрат
средства. Дотогаш ветува дека во базенот ќе се постават нови панични
светла, неопходни кога ќе снема струја, за кои се чека да заврши
тендерот за избор на фирма-набавувач. Сликата не е ништо подобра и во
„Олимпискиот базен“, во кој, за разлика од „Младост“, во зимските
месеци работи само малото корито поради високите сметки за греење и за
одржување. Летово базенот работи со полн капацитет, но, сепак,
посетеност нема. - Поради врнежливото време, посетата е слаба. Пред
почетокот на сезоната ги бојадисавме соблекувалниците и кабините за
туширање, полиравме, ги сменивме скршените плочки, ставивме нов песок
за филтрите, а на терасата се поставени лежалките со чадори и шанк, на
кој се служат пијалаци и сладоледи “ велат од базенот и додаваат дека
цената на билетот е 200 денари и важи за цел ден.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1755&ArticleID=117633 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#351 Posted: 13-Jun-2009 at 14:47 |
На Олимписки базен од идната недела
Четврток, 11 Јуни 2009 17:17 |
Тропските
горештини веќе ги мачат битолчани, а најдоброто и најблиско место за
разладување за една недела ќе биде отворено. Олимпискиот базен
Император на граѓаните ќе им понуди нови реновирани услови за
рекреација:
,,
Поплочен е и исфарбан целиот базен и поради тоа оваа година малку
задоцнивме, вели Јовица Талевски, сопственик на Олимпискиот базен.
Целосно
обоен е и малиот базен, а водата и во двата базена секојдневно ќе се
прочистува со прочистителна станица со автомско хлорирање. Цените пред
отворањето на базенот се многу поповолни за граѓаните.
,, 1200 денари е сезонска карта, а по отворањето ќе биде 1500, а во 100 денари влезница влегува и топоганот, вели Талевски.
Обезбедување,
доктор и спасувачи секојдневно ќе се грижат за здравјето и безбедноста
на пливачите. За оние кои не знаат да пливаат школата за пливање и оваа
година нуди одлични можности.
И не би биле професионалци ако немаат понуда и за напредните пливачи, а тие тоа го имаат.
Пливањето
за школата за пливање која ќе стартува од први јули е во ресторанот
Император или на неговиот телефонски број. За да биде освежувањето
комплетно ресторанот на посетителите на Олимпискиот базен им нуди
можност да ја изгаснат својата жед или да си обезбедат добар оброк во
текот на деновите за одмор и уживање. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8884&Itemid=107Па добро, сега штом е приватен, и престанаа да му одат луѓе, нормално дека ќе го поплочи.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#352 Posted: 21-Apr-2009 at 01:06 |
Базенот „Младост“ пред распаѓање
Родители и
граѓани апелираат државата да најде пари за децата, младинците,
рекреативците за да можат нормално да спортуваат во единствениот базен во Скопје

Не ми се испраќа детето на пливање во базенот во Карпош. Тоалетите
се толку стари, валкани, смрдливи и руинирани што не верувам дека може
да се доведат во нормална состојба. Очајни се и кабините, тушевите,
кадите...Таму владее тажна слика и тмурна атмосфера. Објектот е пред
распаѓање, како внатрешно, така и надворешно. Персоналот е одличен, но
џабе. Апелирам државата да преземе нешто, бидејќи ова е единствениот
базен во Скопје во кој нашите деца одат со радост, вели Александра
Симоновска, мајка на дете кое тренира во еден од пливачките клубови.
Таа
не е единствената со вакво мислење. Оваа слика ја имаат и многумина
рекреативци кои се откажале од пливање токму поради катастрофалната
состојба во која се наоѓа базенот. Од пред два месеца, со базенот
„Младост“, кој со години е единствен во употреба, стопанисува државното
претпријатие „Борис Трајковски“. Директорот Борис Змејковски вели дека
на базенот нема да му се стави клуч, но во 2009 нема да се вложува во
него. Причината за тоа е што државата не одвоила средства за базенот за
оваа година. Не е отфрлена можноста да се издвојат пари со ребаланс на
буџетот, но тоа е нешто што сега засега е под прашалник.
- Ако
базенот го преземевме лани, можеби годинава нешто ќе беше обновено. Во
моментов вложуваме средства и напори единствено да функционира
нормално. Ова не е профитабилен објект, напротив работи со загуби.
Сметките за парно се енормно високи - изјави директорот Змејковски.Тој
објасни дека пред обновата на објектот, која начелно се очекува
наредната година, ќе биде изработен проект. Базенот треба да се
реновира и одватре и однадвор.
- Со проектот планираме
реновирање на подрумските простории, односно системот на базенот за
вода, кој сега е стар и тешко се одржува. Предвидуваме изградба на
сопствена котларница за затоплување, имајќи предвид дека сега многу
пари одат на сметки за парно. Придобивка од тоа ќе биде што базенот ќе
биде затоплен постојано, за разлика од досега -објасни Змејковски.
Базенот „Младост“ во 1996 година со децентрализацијата премина во
сопственост на Општината Карпош. Официјално трансферот е направен пред
неколку месеци, но неодамна в.д. градоначалникот Саша Димиќ го врати
повторно под државна капа. Станува збор за единствен базен во Скопје,
кој е достапен за спортување на професионалните пливачи и поретко и на
обичните граѓани, само во одредени денови и термини, и тоа поради
зафатеноста на термините од спортистите.
Вториот покриен базен
во Скопје, Олимпискиот, не функционира со години. Базенот „Младост“ е
изграден во 1979 година со средства од самопридонес на граѓаните на
Скопје. Последнава деценија тој се наоѓа во очајна состојба поради
неодговорното работење со него, како последица на штетни договори на
некогашниот газда, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски
објекти. Ова претпријатие склучи договори со неколку фирми за многу
мали суми. Базенот беше вратен во државна сопственост по многу години и
судски процеси, со цел да се поништат штетните договори.
Во Карпош 3 ќе се гради нов летен базен
Со проектот за реконструкција на базенот „Младост“, која е планирана
за наредната година, директорот Борис Змејковски рече дека е предвидена
и изградба на нов базен. Тој би се наоѓал веднаш до постојниот и би бил
отворен летен базен. Предвидено е да се изгради според сите
професионални стандарди.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4298F0D1BD13734491CB3949C69BB099 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#353 Posted: 13-Apr-2009 at 15:17 |
Спа центар Кежовица во Штип 
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#354 Posted: 13-Apr-2009 at 14:54 |
Во Кочани ке се гради Термални Аква Парк   http://www.kocani.gov.mk/linkovi/thermal%20aqua%20park_mk.htm
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#355 Posted: 02-Mar-2009 at 08:41 |
Карпош го даде базенот без амин од Советот
Членови на Советот на Општината бараат отчет од в.д. градоначалникот Сашо Димиќ дали и кога му го дал базенот „Младост“ под концесија на претпријатието „Борис Трајковски“

Членови на Советот на Општина Карпош бараат отчет од в.д. градоначалникот Сашо Димиќ дали и како е можно без одлука на Советот да го дал базенот „Младост“ под концесија на државното претпријатие „Борис Трајковски“. Дел од советниците се надеваа дека на последната седница ќе добијат одговор и детали за оваа вест, која ја дознале од медиумите, но Димиќ не беше присутен.
- Базенот е имот на општината, а со имотот на општината располага Советот. Очекувавме Димиќ да одговори дали навистина го дал базенот под концесија на државата без согласност од Советот, но него го немаше. Немаме никакви информации, никој за ништо не не' известил. Не знаеме ни дали, а и каков договор е склучен со Јавното претпријатие „Борис Трајковски“ - изјави членот на Советот Горан Михајлов.В.д. градоначалникот Димиќ не беше достапен да одговори на испратените прашања дали е вистинита веста за новото концесионерство.
Не беше достапен ниту директорот на Јавното претпријатие, Борис Змејковски, кој изминативе денови во медиуми наголемо информираше за идните планови на претпријатието за базенот, односно дека базенот ќе се реновира откако ќе зборувале со Владата. Тој појасни и дека ќе размислат дали ќе ги остават исти цените на билетите, како и дека е неизвесно дали ќе има бесплатно пливање за основците од училиштата што се наоѓаат на територијата на Карпош.
Базенот „Младост“ во 1996 година, со децентрализацијата, премина во сопственост на Општината Карпош. Тој со години е единствениот базен во Скопје, кој им е достапен за спортување на професионалните пливачи, ватерполистите и рекреативците. Граѓаните имаа пристап само во одредени термини. Поради непоседување фискален апарат изминативе месеци се случи тој целосно да биде затворен. Вториот базен во Скопје, Олимпискиот базен, не функционира поради долгови.
Базенот „Младост“ е изграден во 1979 година со пари од самопридонес на граѓаните на Скопје. Изминативе децении не беше посериозно реновиран. Последниве години тој е во многу лоша состојба. Главна причина за тоа е неодговорното работење со него, како последица на штетни договори што тогашниот газда, Јавното претпријатие за стопанисување спортски објекти, ги склучи со неколку фирми за багателно смешни суми. Договорите беа склучени во време на директорот Алил Палоши. На новите раководства им требаа многу години и пари за судски процеси за да ги поништат договорите.
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#356 Posted: 27-Jan-2009 at 13:59 |
mnogu ubava zamisla a i se slozuvam deka lokacijata odgovara za vakvo neshto,samo ushte da dadat kinecna odluka i da pocnat da go gradat ke bide super  pa da imame i nie akvapark
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#357 Posted: 27-Jan-2009 at 13:19 |
 Вакво решение на таа локација повеќе ми фаќа око отколку порано најавуваниот трговски центар. Оди во прилог на целиот тој спортско рекреативен центар што се развива таму и плус ја ублажува грешката што салата ја збутавме во позадина.
Edited by Cloverstack - 27-Jan-2009 at 13:20
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#358 Posted: 27-Jan-2009 at 12:31 |
Акваленд до базенот во Карпош |
|
Отворен
базен и акваленд ќе може да се изгради на просторот околу базенот
„Младост“ во Карпош со измените во деталниот урбанистички план што ги
подготвува општината. Новиот базен со уредена тераса треба да се
направи од страната на булеварот Илинден.
Сашо Димиќ, в.д.
градоначалникот на Карпош, најави дека во деталниот план ќе се вметне и
маркичка за акваленд, односно за воден забавен парк, но не се знае кога
би почнала неговата изградба. Тој додаде дека базенот „Младост“ засега
и припаѓа на државата, односно сè уште не било извршено неговото
примопредавање за да потпадне под општината.
- Базенот сè уште
не е во наша надлежност, но чекаме да ни припадне. Како идеја и проект,
аквалендот е поддржан од сите институции и ако се изгради тој ќе
остварува голем профит. Сега работиме на измените во деталниот план за
тој дел, каде што ќе ја вцртаме маркичката. Рано е да се прецизира кој
и кога би го градел тој забавен парк, но во секој случај ќе го има -
рече Димиќ.
Базенот „Младост“ е изграден во 1979 година со пари
од самопридонес на граѓаните на Скопје. Долго време со него управуваше
Јавното претпријатие за спортски објекти и Здружението на граѓани за
спортски активности „Младост“ од Карпош. Со одлука на Владата, до јули
2006 година базенот со децентрализацијата премина во надлежност на
општината Карпош, која склучи договор со фирмата „Технометал-Вардар“ за
неговото одржување и финансирање за период од 30 години. Така,
последниве неколку години со објектот успешно концесионираше фирмата
„Технометал-Вардар“, која обезбеди повеќе пари не само за негово
одржување, туку и за реновирање на машинскиот дел и за функционирање на
целосниот внатрешен базенски дел и платформата околу објектот. Но,
поради големи трошоци, неопходни за работењето на базенот преку целата
година, фирмата се откажа од концесијата на сметка на општината. По
раскинувањето на договорот, советниците од Карпош заедно со
в.д.градоначалникот Димиќ донесоа едногласна одлука да го преземат
одржувањето и финансирањето на овој засега единствен зимски пливачки
објект. Бидејќи и за општината трошоците за одржување на базенот се
преголеми, државата реши да го земе под своја закрила и тој да стане
дел од спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.
Ако се усвои
деталниот план, ова ќе биде второ место во градот каде што ќе може да
се изгради аквапарк. Таков комплекс веќе се предвидува и во општината
Аеродром, покрај кејот на реката Вардар, каде што сега се наоѓаат
стоваришта на градежни фирми. |
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=300&top=1&ArticleID=16575 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#359 Posted: 21-Jan-2009 at 14:45 |
Originally posted by lslcrew
Гаранцијата за оддржливсот е многу релативна работа. Ова е од инситуцинална негрижа. Ова да е на некој приватљак ќе го напраи.... бреееееее! Ако веќе државава не го оддржава јас предлагам ова да се продаде уште сега! Или ако не па нека му го дадат на некој на концесија за едно 7-8 години. Така се оддржава!
Кога сме кај базениве ми текна на еден базен во топаанско поле што се користи како магацин пошто е утната изградбата и нешто незнам што е финтата точно!
|
Па фактот дека ниедно јавно-приватно партнерство не успеа ни со постоечкиве базени е доказ дека одржливоста во овој момент не баш возможна. А институционалната негрижа во меѓувреме ќе им го најде крајот на овие нови базени.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#360 Posted: 20-Jan-2009 at 16:24 |
Гаранцијата за оддржливсот е многу релативна работа. Ова е од инситуцинална негрижа. Ова да е на некој приватљак ќе го напраи.... бреееееее! Ако веќе државава не го оддржава јас предлагам ова да се продаде уште сега! Или ако не па нека му го дадат на некој на концесија за едно 7-8 години. Така се оддржава!
Кога сме кај базениве ми текна на еден базен во топаанско поле што се користи како магацин пошто е утната изградбата и нешто незнам што е финтата точно!
|
 |