Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#3701 Posted: 19-Aug-2009 at 00:39 |
Обелиск од20метри ќе никне во Паркот на жената-борец
Според членови на Одборот за подигање споменици во Општина Центар, ова мону-ментално здание ќе чини околу 60 милиони денари и ќе биде едно од најграндиозните зданија во тој дел од градот

Огромен обелиск - камен зашилен столб, со четири страни, повисок од
20 метри, посветен на сите херои што се бореле за слободата на
Македонија, наскоро ќе се постави во центарот на Паркот на
жената-борец, паралелно со главниот влез на Собранието. Според членови
на Одборот за подигање споменици во Општина Центар, ова монументално
здание ќе чини околу 60 милиони денари и ќе биде едно од
најграндиозните зданија во тој дел од градот.
- Споменикот ќе
биде место каде што странски делегации, газејќи на црвен килим, ќе
поставуваат цвеќе и ќе им оддаваат почит на сите херои што војувале за
Македонија, без разлика на пол, вера или национална определба. Во
околината на споменикот ќе има и придружни елементи што ќе зборуваат за
историјата на Македонија. Обелискот ќе биде поставен на постамент, а со
него ќе се дообликува централното градско подрачје - вели еден од
членовите на Одборот.
На конкурсот за изградба на обелискот до
вчера, кога беше последниот рок, пристигнале околу 20 труда. За
триесетина дена ќе се знае точно како ќе изгледа овој споменик, а за
победникот е предвидена награда од 400 илјади денари. Во најновите
измени на детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, Општина Центар
предвидела градежна маркичка за овој споменик. Предлогот треба само да
го изгласаат советниците на Општината.
Обелиск е обележје што
стоело до влезовите на пирамидите во Египет, а значењето е вечност.
Поради пораката на ова обележје, во многу европски метрополи на
плоштадите има поставено обелисци. Во светот има 29 обелисци од Египет
поставени на најпознати локации во Вашингтон во Америка, Рим - Италија
во Полска, Турција, Франција.
Општина Центар досега распишала
конкурси за петнаесетина споменици на разни теми. Од Одборот велат дека
за околу шест месеци ќе почнат со поставувањето на спомениците за кои
тие распишале конкурси. Спомениците што веќе сега се распослани по
градот ги поставува Министерството за култура.
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=493D9248F4BC53489A8D5DD118858C16
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#3702 Posted: 17-Aug-2009 at 00:09 |
Жирафата е добра бидејќи натенане е разработена, Васил Николовски со ова решение победи уште 2006 на конкурсот на тогаш сеуште неребрендираниот Мобимак, за скулптура во золошка, битно концептот и макета уште тогаш ги имаше заварено Василе, но есента 2006 запна работата со малверзациите на Атила Сендеи во Мобимак и спонзорството се повлече.
Сигурно и другите имале предвреме разработени концепти или идеи, но Васил е од генерацијата млади скулптори па затоа и се разликува и издвојува од повеќето, кога велам млади мислам буквално млади 25 +- 
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#3703 Posted: 16-Aug-2009 at 21:42 |
Мене единствено жирафата ми се допаѓа од овие новиве скулптури. Другото све за старо железо треба да иде.
А флертувањето на Хаџи-Пуља со власта, не би сакал да го коментирам....
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#3704 Posted: 16-Aug-2009 at 20:35 |
И Митко ме разочара, а нека негираат колку сакаат, освен Тешкото и шмизлата, се друго е плагијат и веќе видено.. ...а нека си размисли и за лоцирањето на истите, тоа е уште поголема глупост во целава процедура со скулптуриве, не знаев дека тој бил меѓу одговорните, баш ме зачуди информацијава...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3705 Posted: 16-Aug-2009 at 17:30 |
Просјакот и бикот плагијати?
недела, 16 август 2009, 18:00
Скулптурите
на плоштадот не се плагијат – тврди Министерката за култура Канчевска
Милевска по веста објавена во неделникот Фокус дека четирите скулптури
– бикот, просјакот, дрво и заљубени во центарот на Скопје се слични
на споменици поставени во метрополи во Европа и во Америка.
Претседателот
на комисијата за избор на скулптурите , Митко Хаџи Пуља, Професор од
архитектонски факултет вели дека условите од конкурсот биле јасни,
скулптурите да бидат оргинални и иновативни.
Ако има
поклопувања со скулптури на странски уметници, одговорноста треба да се
бара кај уметниците – вели Хаџи Пуља. Авторот на бикот, Дуковски вели
дека се инспирирал од теракотна фигура на бик од вториот век најдена во
Стоби, за споредбата дека неговиот бик личи на бикот од њујоршката
берза вели дека убаво било да не споредуваат со Америка.
Авторот
на скулптурата дрво, Дамјан Ѓуров вели дека досега не ја видел
скулптурата во Шевенинген која е слична на неговото дело. Според Ѓуров
позајмувањето во уметноста не е чудно, го користел и Пикасо.
Неговиот
колега Димитар Филиповски вели дека скулптурата на Ѓуров асоцира на
онаа од Шевенинген но не и неговата - заљубени за која исто така
критичарите се сомневаат дека е инспирирана од веќе постоечки дела.
Критики
дека и фалела инвентивност се упатени и кон авторката на просјакот,
Наташа Божарова – личи на просјакот поставен во Отава, Канада. Во
неделникот Фокус се коментира дека да се преземе идеја во најдолем дел
како во случајов не е дозволиво. Во странство за ваква сличност
кривично се одговара повикувајќи се на законите за заштита на авторски
права – пишува Фокус.
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=11487 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3706 Posted: 11-Aug-2009 at 04:32 |
Се бара идејно решение за бистата на Јане Сандански
Деновиве,
Општина Аеродром распиша конкурс за избор на најдобро идејно решение за
изградба на споменик на македонскиот револуционер Јане Сандански, кој
ќе се гради во истоимената населба согласно одлука на Советот на
Општината.
Потребната документација за конкурсот сите заинтересирани можат да ја подигнат во Општина Аеродром. -
Конкурсот за изработка на идејно решение за подигање на спомен-обележје
на Јане Сандански и партерно уредување на околината е јавен и анонимен,
а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица.
Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и секој има право да
учествува со по еден труд. Рокот на пријавување трае 30 дена од денот
на објавувањето на конкурсот - велат од општината..
Изборот на идејното решение ќе го изврши Одборот за подигање на
спомен-обележје со мнозинство гласови на неговите членови и ќе ги
објави резултатите од конкурсот, во рок од триесет дена од денот на
завршување на конкурсот.
Дополнителни информации и документација за конкурсот за избор на
идејно решение може да се добијат на интернет адресата:
њњњ.аеродром.гов.мк или на Е-пошта: односи.со.јавностЖаеродром.гов.мк.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2EF079869D767D4F919D7539D73C0D59 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#3707 Posted: 09-Aug-2009 at 17:36 |
Originally posted by Cloverstack
Јас не мислам дека локацијата сама по себе е проблем, далеку од тоа дека морало да биде во Галичник, ако не немало да прави логика... Локацијата ми е проблематична во контекст на сите други скулптури што се поставија во мал радиус наоколу, а кои тотално не идат една со друга со трета... Јасно е дека немаат сериозен концепт и дека само ги расфрлаат кај ќе им прдне.
| абе нема врска тоа, само го наведов онака  за се се согласувам со тебе и затоа викав дека изгледа како кога требало да ги достават скулптурите, како да им испопаѓале по пат не знам како ги викаат скулптурите кои се ставени како обични луѓе и кои го обележуваат секојдневниот живот, како на пример шмизлата или чистачот или оној што довикува, но кога треба да се постават уметнички скулптури и оние кои треба да бидат споменици, треба малце да се размисли и она што најмногу ми смета е што „тешкото“ го симнуваат на ниво на обична урбана скулптура како што е шмизлата, кога треба да се прикаже како симбол на нашиот фолклор
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#3708 Posted: 09-Aug-2009 at 15:52 |
А и на постаментот на Тешкото повеќе одговара некое од седумте џуџиња на Снежана отколку едно прилично значајно културно обележје...голема нула и од мене за немањето концепт во овој процес на поставување на скулптури. Вчера видов и уште една која не е одбележана на форумов, нешто како маж и жена со детенце што стои на некаква даска (?!?), а е во уличката кај Лотарија на Македонија. И не е чудо ако не сте ја виделе, затоа што е буквално ставена во крошна од дрво...и слично како со Тешкото, што ако ја има, кога не може правилно да се доживее. Па и тие телци од скулптори, нели учат на тој факултет дека не е само да ја исклесаш скулптурата, туку треба и да споделиш со некого, да дадеш некаква порака!? Може јас погрешно ја разбирам веќе уметноста, ама тие се вечни правила што и ако е пристапот во моделирањето современ (што кај 90% од новопоставени воопшто не е), ама барем правилата во изборот на постаменти и локациите се универзални и безвременски...од сите што се накотија во последниов период, нема ни една што е коректно поставена, НИЕДНА!
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3709 Posted: 09-Aug-2009 at 15:18 |
Јас не мислам дека локацијата сама по себе е проблем, далеку од тоа дека морало да биде во Галичник, ако не немало да прави логика... Локацијата ми е проблематична во контекст на сите други скулптури што се поставија во мал радиус наоколу, а кои тотално не идат една со друга со трета... Јасно е дека немаат сериозен концепт и дека само ги расфрлаат кај ќе им прдне.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#3710 Posted: 09-Aug-2009 at 15:03 |
Originally posted by ovaj_stariov
Скулптурата и мене ми се бендисува,но мислам дека местото не и е баш погодено. Би требало да е пред некоја зграда што има врска со нашата култура и фолклор. вака пред рекорд малку е кич.
|
еве на ова мислев и ја
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#3711 Posted: 09-Aug-2009 at 15:02 |
Originally posted by IN_MOTION
Originally posted by zabegan
Originally posted by Cloverstack
Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп 
Што е ова бе, пародија на град?
| токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале каква врска има „тешкото“ со „рекорд“ 
|
Нема врска тешкото со рекорд, но има врска со луѓето што поминуваат нормално дека треба да стои на фрекфентно место каде што сите ќе го видат. За мене "Тешкото" е еден од по добрите споменици. |
самата скулптура нема никаква логика, да ја ставеа во Галичник сфаќам, ама тука? не е работата само да стои на фрекфентно место и да ја видат, туку да има значење, еве кловер ти кажа што е проблемот, чистач, тереза, шмизла, бик
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#3712 Posted: 09-Aug-2009 at 14:50 |
Скулптурата и мене ми се бендисува,но мислам дека местото не и е баш погодено. Би требало да е пред некоја зграда што има врска со нашата култура и фолклор. вака пред рекорд малку е кич.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#3713 Posted: 09-Aug-2009 at 12:51 |
самата скулптура не е лоша ама постаментот е како маса на селска свадба. Округол и ПЛАВ  Да не зборуваме дека на 20 метри се наоѓа далеку попристојната и подостојна скулптура на Мајка Тереза!
|
 |
IN_MOTION
Senior Member
Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#3714 Posted: 08-Aug-2009 at 23:20 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by Cloverstack
Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп 
Што е ова бе, пародија на град?
| токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале каква врска има „тешкото“ со „рекорд“ 
|
Нема врска тешкото со рекорд, но има врска со луѓето што поминуваат нормално дека треба да стои на фрекфентно место каде што сите ќе го видат. За мене "Тешкото" е еден од по добрите споменици.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#3715 Posted: 07-Aug-2009 at 13:14 |
Originally posted by Cloverstack
Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп 
Што е ова бе, пародија на град?
|
токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале каква врска има „тешкото“ со „рекорд“
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3716 Posted: 07-Aug-2009 at 02:14 |
Нови скулптури чекаат официјална презентација

Градот доби и скулптура на жирафа пред Зоолошката градина, една од планираните 35

Во центарот на Скопје се откри и последната скулптура од планираните
за официјална презентација во текот на септември, од страна на
Министерството за култура. Пред зградата на Македонската опера и балет
стои ротирачката скулптура „Македонија“ на скулпторот Зоран Костовски,
а од другата страна на Вардар се откриени „Починка“ на Ангел Нацевски,
„На кафе-излет“ на Ристо Станковски и „Жена која медитира“ на Томе
Бундевски.

Во близина на Спомен-куќата на „Мајка Тереза“, на улицата „Македонија“, откриена е скулптурата „Тешкото“ на Златан Трајков, а во близина на скулптурата „Бик“, поставена пролетоска, се наоѓа и новата скулптура „Семејство“ на Бранко Јакшиќ.
Градот
ја доби и скулптурата „Жирафа“ на Васил Николовски, на просторот пред
влезот на Природно-научниот музеј и Зоолошката градина.
Во
оваа група скулптури, кои се дел од вкупно предвидените 35, нема да
бидат претставени само две, скулптурите „Врби“ и „Порта“, што се
очекува да бидат завршени и презентирани подоцна.
Ликовната
уметница Искра Димитрова, која го предводи авторскиот тим на проектот
„Врби“, работи на подготовката на идејниот проект, што предвидува
поставување три скулптури на врби, во коритото на Вардар, во центарот
на Скопје.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=72540D0B2FB71948B60A98AE40B60E3C |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3717 Posted: 07-Aug-2009 at 02:03 |
Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп  Што е ова бе, пародија на град?
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#3718 Posted: 07-Aug-2009 at 01:45 |
Фото вест
 
Скулптурата „Тешкото“ неодамна е откриена во зеленилото во непосредна близина на Спомен-домот на Мајка Тереза. Автор на ова интересно и впечатливо дело е скулпторот Златан Трајков. Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3719 Posted: 05-Aug-2009 at 19:15 |
 @ спомениците кај Св.Софија
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#3720 Posted: 05-Aug-2009 at 18:42 |
што се однесува до скулптурата од погоре, мислам дека не и е место таму и не знам зошто упорно трпаат скулптури пред мнт, кога не им е местото таму ова според мене би одело пред некоја стаклена модерна зграда, но не сум експерт
|
 |