![]() |
![]() |
![]() |
Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 22> |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
U... каде со таков Сатар, сакаш да се кладиш!? Фено ваквата квака сред Скопје само ќе допринесе до поголем застој, убо се гледа дека Скутери и Мотори ќе ја користат сегашната Вело Лента, доколку репер е фоткава, а ако ова им бил (спинот со столпците) и како истата ја пуштиле за Велосипедисти а подоцна да ја пренаменат за Моторџии ова ќе излезе најпреварантската sds екипа која и на локално освен на државно ниво се користи со превари на Народ , мислам не дека порано не било тоа случај, но во време на банковци немаше буџет ни за сервисирање семафори, а не пак купување нешто ново, Но да не избрзувам времето ќе каже, сепак не гледам како во вакви збиени околности ќе им се угоди на сите, Освен ако се оди Еднонасочно в среде меѓу булевари (место за ЛРТ истиов предлог за БРТ) а од страна на таквата Единечна БРТ Лента да има по Една Брза Велосипедска, во која BRT-кочиите можеби за време шпицоите би оделе Контра > наутро кон Центар а послепладне од Центар кон Периферија, мислам поентата е како да извлечеме максимум со минимум и да добиеме што повеќе БРТ Траси уште одма за исти пари, капак и сега ЈСП има капацитет да амортизира лесно мањакот контра правци, а кога Градо ќе има одвишок средства или државата притекне напомош зошто да не се шират и Булевари та да се добие уште една лената за Двосмерно БРТ натака ... е сега, вака како што предвиделе градските очуви брт-трасата, има големи ризици и недоумици како тоа ќе функционира во реалност односно колку ќе мотивира Народ да шалта од Кола на Бус, а пред се’ ќе се подобри само услугата на ЈСП за постојните Патници кои и вака и така ќе си се клацкаат во Бус, но тоа ќе значи помала заработка за ЈСП, ]b]евентуално ако е Бесплатен Јавниот Превоз та дури тогаш да видиме аир од сето ова! но такво нешто сега не им се исплати т.е. немаат волја од Градо да спружат Жолта Лента и пуштат зглобни автобуси еден зад друг за да постигнат наплив при Џабалак Превоз (бар по Булевари), а не пак да фрлат +70 милиони евра и да пуштат срце, АЛО ПетреШ кој ти е Урбанизам кој ут Сообраќај таму, дај замоли ги да свратат тука на пинг-понг!Ојдоа Овие Изгледа Во Паралел Јуниврз!? значи сакаме ли сигурно шалтање од Кола на Бус да видиме, прво мора да се осигура атрактивноста со ХИГИЕНА не онаква еднаш неделно дезинфекција а секојдневно само зачистување, туку после секоја тура да оди автобус на 30 минути ув-ц зрачење и Кирби чистење седишта [1] потоа Закачување Двоспратни Вело Приколки на постојните Автобуси за да се стимулира Смиксан-Мод на ангро а така и попривлечна опција да биднуе Бус, а тука ет и Потребата ЈСП преку загарантирана Жолта Лента да има непречен проток, појава која никогаш не заживеа Здраво туку постојано има упади и ден денес, не ми е јасно зошто не наметнат да Автомобили може само од Втора Лента да вртат во Десно!? e така има логика странично и Велосипедисти да се на Прва Лента, та и Мотори да ја користат централно! сепак треба и БТР, но строго Средишно Булеварски во сегашните Жардињери дали Двосмерно или Едносмерно т.е. едносмерната траса е логична доколку се гледа што повеќе Булевари одеднаш да се покријат, а потоа може да се оди на таквата засебна БРТ Траса со Две Ленти но повторно во Еден Правец за едната да биде за постојниот HOV предлог на Линија [1] додека Втората БРТ Лента би била Артерискa [2] односно Приградска, еве ко за урнек со слична големина во Филаделфија бул.Ризвелт кој има 14миљи значи слично на нашава предложена прва траса, има вакви две можеби и Шеред Трак линии, едната со 14 станици втората со 5 [3][3] ќе речам во однос Нас веќе се на Чисто дека таквата рута во Шпицои глави озбилно па им биднала неопходнана и Сртериска Линија на страна што и самите веќе контаат дека им треба мултимодален пристап во однос Велосипедисти [3] а и таму еве да речеме Раскрсници еден куп, но тоа не е Централна Оска в сред Град па можат да си дозволат Семафор Со Предност т.н. Queue Jump додека кај Нас за да се избегнат несреќи од невнимание скапи пенали за оправки на мЕтро-бусоиве, воопшто застој заради кубојци индијанци и марсовци сред Раскрсници, Мора да се оди со Подвозници онака како е на секој чекор истопорен семафор, дотогаш особено сред Шпиц сигурен сум дека нешто поозбилно нема брзината да се крене а со тоа и времетраењето на превозот да се намали, сигурно побрзо но дефакто пак тргни-застани, еве со Кло сме се убедувале пред 10-тина години во однос истово но за LRT-то, според мене дека без Подвозници ова ќе биде пак спор муабет т.е. не доволно брз во однос можностите кои ги нуди еден ваков систем, и тоа ова говорам од аспект на засебна Траса, во трета лента сред Град бреј па тоа раткапна некому да летне та ето ти кочајла непотребно, тргни застани какви, турни ја со некоја роботизирана метла шефе побрзо со двокатен ќе стигнев! та дури ова и да е некако физички одвоено од каде гаранции дека нема да се саботира од небрежност!? пак ќе кажам Ако се размислува трезно, ќе се увиди дека ваквиот постоен градски предлог е недоносен, иако посекако ветува озбилна промена, но чуму да се дозапуши Колскио Сообраќај кога сето тоа (како БРТ бонус) може да се испегла и постојно со Отпојќе Зглобни Автобуси на Строга Прва Жолта Лента а да се добие истиот ефект со Queue Jump за постојната флота на ЈСП, а со тие милиони кои би ги фрлиле на ова би имале поголем ефект ако се пренаменат за дуплирање зглобна флота на ЈСП ~ ем Бесплатен Јавен Превоз ~ капак со ХИГИЕНА на Завидно Ниво, но нели бидејќи ние сме помодари со тапија, па дај копи-пасте на прва! мислам така беше и со ЛРТ моментумот и не само кај властите ами и тука на форумов, сетне улетав со анализа дека кај нас само БРТ ќе пројде и сите пак се правеа тука мутави, иако конечно Градо ова го сконта БРАВО ЗА ПетреШ, но еве гледаме дека пак без осет си тераат истите тие Сообраќајни Инжињери во Градо , ајт бар сега заради новио Ага се поарни и не фантазираат со ширум затворени очи, сега им се отворени и ѕенѕаат визии ко од фатаморгана, но да не излезе дека сакам сеир да фрлам, Не, сето ова е резултат на немање простор каде меѓусебно Експерти во дрѓавава да се Соочат пр. на некој Институционален еФорум, туку се’ си тера по старо па дури и во Народ надежна си е токму, а единствено што се сменило е само бојата на книшките кои врват по раководните функции, чиниш ко да не саботираат намерно административци!? мора да се гледа долгорочно, Не Ми Е Јасно Ко Да Си Експериментира Со Нас и за ова прашање ИнВиво, размилувајте што доколку карта е 1 евро, кому тоа ќе биде исплатливо, таа цена ја проектираа за ЛРТ, а ова бидејќи е дупло па и тродупло поефтин Урбан Транспортен Систем значи треба да е 30 денари, дури и поефтино од постојните билети на ЈСП, а тоа нема да бидне случај ко што ми мириса, па после ќе биде повуци потегни, освен ако енормно не порасно цената на нафтата, точно во тој случај ова ќе биде Благодат, но повторно сметам дека со Бесплатен Постоен ЈСП ќе имаме поголем ефект, невелам не треба БРТ, но Едносмерно и со Подвозници ем дупло помалку Станици т.е. да бидне Артериско БРТ кое ќе ги поврзе со Ѓорче и Драчево ТИРЗ виа Центар, но како им драго така ќе си прават, дали!? |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Нема ништо од ова да биде! Се збори 20 години за трамјвај јас како памтам, претходно сигурно уште 100 години. Едноставно немаат Скопските/државните инститцуии капацитет за вакво нешто. Културата е друго и не се прилагодуваат прокетите према културата и не треба да с еприлагодиуваат. Ама институциите нема шанси.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Ќе биде нешто налик на ова: ![]() Edited by phenomenon - 02-Aug-2020 at 19:35 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За половина час од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со автобуско метро
https://telma.com.mk/2020/08/01/за-половина-час-од-ново-лисиче-до-ѓорче/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Како ќе се изведат постојките на 11-Х и на Февруарски поход имајќи в предвид дека нема средишно зеленило?
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Под услов да мислат оваа идеја да ја спроведат, а да не е мамка за локалните избори 2021, како што беше железничкиот прстен и градскиот воз на Шилегов кој од Драчево до Скопје Север ќе поминува за 10 минути, од 2017 (https://skopjeinfo.mk/kakvi-soobrakjajni-reshenija-veti-shilegov-za-skopje),
тогаш проектов уште на старт има сериозни недостатоци и тоа: 1. Крајната станица му завршува во Ново Лисиче. Треба да се премости Вардар и крајната станица да му биде Хиподром каде ќе се направи хаб, кој ќе биде почетна и завршна станица за сите автобуси што ќе доаѓаат откај Илинден и Петровец. Плус, со ваквото решение ќе се растовари сообраќајниот метеж кај Бит Пазар. 2. Крајната станица во Ѓорче Петров треба да биде на место каде ќе се направи уште еден хаб кој ќе биде почетна и крајна станица за приградските автобуси што ќе доаѓаат од запад. 3. На трасата на БРТ и во склоп на БРТ системот да има неколку комуторски точки кои ќе ги опслужуваат комуторски автобуси, кои ќе бидат во склоп на претпријатието кое ќе стопанисува со БРТ, а кои ќе се разгрануваат од Карпош III кон Индустриската Зона Визбегово, од Транспортен Центар кон Кисела Вода, од ТЦ Бисер кон Првомајска и тамошните фабрики, од ТЦ Бисер кон Автокоманда итн. За да го забрзаме овој проект, имам предлог до администраторите и модераторите на форумот, да ги запознаеме странските амбасадори со нашиов предлог, зашто нашите отепани политикантчиња кога ќе отидат кај нив на бацикара, не БРТ, туку и коњски трамвај како во Даглас да им побараат, ќе го направат. Edited by phenomenon - 01-Aug-2020 at 18:27 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
превид, моја грешка, бреј тие постојките ги предвиделе за во среде, јас си мислев трасата ја пуштаат таму, бар за LRT-то имаше и таква проекција, а ова што да кажам, феномени, од една страна сакаат БРТ на Трета Лента, од друга Врзи Вело Патеки на Прва Лента, и за Коли што ќе остане две збиени ленти на кои капак и ЈСП ќе вергла, каде со ваков памет само незнам, веројатно се надеваат дека Народ инстант ќе престане да тера со аута, попрво ним аут им е муабетов, но да видиме, Скопско И Се Е Можно, дали!? |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Не гледам каков проблем се столбовите, таман си има место за лента БРТ од двете страни.
Еве ги отприлика трасата и постојките според документот погоре: ![]() Мала моја корекција на постојките: ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() нема да сообраќаат постоните на ЈСП, само да не почнат овие да ги вртат во нивни колосек заради дадени тесни грла ...
то масивните Столбои под Железничка в среде булеваро КЈПиту ... тука изгледа ќе ги престројуваат во Трета Лента!? можеби ќе одат со подвозник, а тоа би било чакмак за цела траса, мислам кој Рапид Транзит ако застануе на секој семафор, зато и велм најубо да го вкипаат површински ... Edited by Zelenikovo - 01-Aug-2020 at 14:44 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Властите рекоа дека долж трасата на БРТ нема да сообраќаат автобуси.
Дали вцртувањето на железничката мрежа значи дека се планира некакво комбинирање на БРТ со железничкиот превоз? Испрекинатите линии веројатно значат можност за продолжување во иднина (по нов мост кај последна 5ка кон Маџари и по бул. Црна Гора до ЖС Даме Груев). |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Што има за решавање таму? Mислам, по што се разликува од остатокот на трасата? |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
разбра некој како мислат да го решат сегментот кај Железничка? а ова спинов, хм, може паметно е да го сторат тро реалност, доколку се има Волја или се стори Притисок од Јавност, да БРТ-трасата е вкопана средишно, додека одозгора да се покрие модуларно со Бетонски Плочи а понив да се пуштат Урбани Вело Автопати ...
|
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Почна кампањата за локалните а,ај што проектов е мртов уште непочнат туку меидумиве ко сдк што форсираат со спинов МЕТРО
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА АВТОБУСКО МЕТРО ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДО НОВО ЛИСИЧЕ, ЌЕ СЕ ДВИЖИ ПО КРАЈНАТА ЛЕВА ЛЕНТА, СТАНИЦИТЕ ДА БИДАТ ВО СРЕДИШНОТО ЗЕЛЕНИЛО
Град Скопје објави тендер за изработка на проект за воведување брз автобуски систем или т. н. автобуско метро за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Со тоа Градот и официјално ја почнува постапката за воведување нов концепт на јавен провоз, кој уште пред година и половина го најави градоначалникот Петре Шилегов. Понудите треба да се достават до 3 септември по што, како што вели градоначалникот Шилегов, ќе биде потпишат договорот за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и објавен тендерот за набавка и воведување на новиот јавен превоз во Скопје. „Ова е првата фаза од реализацијата на овој значаен проект за градот и основа за да го потпишеме договорот со ЕБОР за заем. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе ги завршиме постапките за добивање на заемот и распишување на тендерот за избор на фирма за набавка на возилата и изведба на целокупниот систем. Наредната година би стартувале со имплементацијата“, вели Шилегов. Според тендерската документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица. Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат. „Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на ‘Бас рапид транзит‘ (БРТ) во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат. Доколку не може да се постави на крајната лева лента, да се достави предлог на која лента е тоа најизводливо“, стои во тендерската документација. Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Во зависност од водењето на трасата на БРТ, проектантот да има предвид отворен или затворен систем на организација на автобуските настрешници. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фрекфенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на автобуското метро ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак. Воведување на новиот концепт на јавен превоз ќе чини 70 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-objavi-tender-za-avtobusko-metro-od-gorche-petrov-do-novo-lisiche-ke-se-dvizhi-po-krajnata-leva-lenta-stanitsite-da-bidat-vo-sredishnoto-zelenilo/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Нема линија што го покрива правецот баш точно како БРТов така да мислам не. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Идејата е на оваа траса да се укинат обичните автобуси?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“
Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit – BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала. „Приближниот број патници кои ја користат оваа траса изнесува околу 65.000 на ден. Со имплементацијата на првата фаза од овој проект се очекува времето на патување од сегашните 70 минути, да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобусите на 3-4 минути (во врвен интервал), автобусите да бидат на хибриден CNG погон, со должина од 18 метри“, се наведува во Проектната задача за првата линија објавена од Град Скопје. Од проектантот се очекува да ги изработи идејниот сообраќаен проект, архитектонскиот идеен проект, градежниот идеен проект, како и идејните проекти за сообраќајниците, за машинска инсталација и опрема, за хидротехника, термотехничка инсталација и анализа за ризиците на проектот. Во оваа фаза ќе се анализира и капацитетот на постојното депо на ЈСП во Ѓорче Петров и ќе се направи проектирање на нови содржини за идното депо во Ново Лисиче. Идната траса на првата линија на „трамвајот на тркала“ би се протегала од кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Лука Геров“ и „Борис Сарафов“ до терминалот во Ново Лисиче кај последната автобуска станица на линиите 5 и 15. Со идејниот проект проектантите всушност ќе треба да изнајдат решенија за обезбедување простор за движење на БАС-то во Скопје, бидејќи брзите автобуси ќе треба да се движат по физички одвоена траса, а автобуските стојалишта би се наоѓале на средишниот дел од сегашните булевари. Ако ова не е возможно, проектантот ќе треба да достави предлог по која сообраќајна лента е најизводливо да се движат автобусите. За „трамвајот на тркала“ ќе треба да се одземе по една сообраќајна лента и жардињерите на сообраќајниците по кои ќе минува оваа линија: булевар „Партизански одреди“, булевар „Св. Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“, улица „11 Октомври“, булевар „Кочо Рацин“, булевар „Кузман Јосифовски – Питу“, булевар „Јане Сандански“, улица „Видое Смилевски – Бато“ и улицата „Февруарски поход“. Во проектната задача, која е вклучена во тендерската документација, се наведува дека со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се стигнувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Компаниите заинтересирани да учествуваат во тендерот за изработка на проектната документација за идеен проект треба да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 3 септември. Проценетата вредност на договорот за изработка на идеен проект е 5 милиони денари, без ДДВ. Најповолниот понудувач ќе има рок од 100 дена за да ја подготви проектната документација по доставувањето на писмен налог за воведување во работа, се наведува во тендерската документација. Инаку, македонската влада веќе побара 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката треба допрва да го одобри ваквиот заем. https://meta.mk/grad-skopje-go-raspisha-tenderot-za-ideen-proekt-za-prvata-linija-na-tramvajot-na-trkala/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје објави тендер за идеен проект за „автобуско метро“ од Ѓорче Петров до Ново Лисиче
![]() ![]() Автобуското метро“ за кое е распишан огласот, би ја поминувало трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за 35 минути. Во него ќе има електронски систем за наплата, а лентата по која би се движело предвидено е да биде одвоена од останатите ленти на булеварите Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на брз автобуски систем – БРТ (автобуско метро) за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче. Крајниот рок за поднесување на понуди е 3 септември Цената и квалитетот ќе бидат подеднакво вреднувани, односно и за едниот и за другиот критериум се предвидени по максимални 50 бодови. Просечната должина на оваа траса за автобуското метро е 12,81 километри, а во документацијата пишува дека приближниот број на патници кои ја користат оваа траса на дневно ниво е 65 000. Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат“, пишува во проектната документација каде се наведува дека трасата треба да биде во третата односно крајната лева сообраќајна лента, а доколку тоа не е можно проектантот да достави предлог како е најизводливо. Во таков случај, на средниот дел кој ги раздвојува двата правци на булеварите би се поставиле автобуските постојки. „Предлогот на Градот Скопје е автобуските настрешници да се постават на средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Во зависност од водењето на трасата на БРТ, проектантот да има предвид отворен и/или затворен систем на организација на автобуските настрешници“, На оваа траса е предвидено „автобуското метро“ да застанува на 21 станица во еден правец плус два терминала. Според анализите на Секторот за сообраќај на Град Скопје, кои се наведени во документите, оддалеченоста помеѓу автобуските би била помеѓу 500 и 900 метри. Вкупното време кое би било потребно да се помине оваа траса е 35 минути. Сепак, се нагласува во тендерската документација, проектантот може да предложи нова микролокација на автобуските стојалишта. Во објавените документи со огласот може да се види дека се предвидува и затворање на строгиот центар на градот за сообраќај, односно делот кај „Рекорд“ каде би поминувале само возилата од јавниот превоз. „Во моментов се предвидува улицата „Димитрие Чуповски“ да биде пешачка зона и трасата да биде наменета исклучило за возила од јавен превоз кои ќе се движат со брзината на движење на пешак. Начинот на одделување на БРТ мора се проучи во оваа пешачка зона со цел сообраќајот да може да циркулира со намалена брзина“, Ова е само прва фаза во која се очекува да се избере идеен проект во кој проектантот треба да понуди неколку поединечни проекти, како сообраќаен, архитектонски, градежен, хидротехнички, анализа на ризици. https://360stepeni.mk/grad-skopje-objavi-tender-za-ideen-proekt-za-avtobusko-metro-od-gorche-petrov-do-novo-lisiche/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |