![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 42> |
Author | ||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Колку и да е политички и популистички од било кои власти, мерните станици се чекор кон решавање на проблемот.
|
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Се убивме од мерење воздух. Тро од трудот и времето да се вложеше во реални решенија можеби ќе имаше и некакви почетни резултати.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Мерна станица за квалитет на воздух поставена во Кисела Вода
![]() Мерна станица за квалитет на амбиентален воздух е поставена во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на култура. – Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот. Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје, информираат од општинската прес-служба. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи. Од општината посочуваат дека борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна, изјави тој. https://www.vecer.press/мерна-станица-за-квалитет-на-воздух-по/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Само еден ден имавме малце повеќе магла и веднаш скокнаа бројките,се додека не се смени начинот на греење нема спас од оваа проблематика со 5-6 илјади инвертери и некои други слични мерки ништо не се постигнува.Треба ширење на топлификациона мрежа(низ Скопје и Битола) а за другите делови кои остануваат надвор од овој опфат(а ги има во голем број) најдобро решение би било гасификација.
Точно дека удел си имаат и индустриските објекти како и возилата но се додека греењето е на мазут,гуми,пластика и додека имаме икс број на депонии кои редовно се спалуваат нема да излеземе од овој круг. Спасот на краток рок е да се погоди зима со изразено северно струење(какви што имавме изминативе неколку години) и периодите на магла и ниска облачност а со самото тоа и на загаден воздух да бидат колку што може помали/пократки. Периоди со долги антициклони повторно ќе не извадат на врвот во листите на загадени градови. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Скопје денеска на врвот на листата најзагадени градови во Европа
![]() Скопје денеска е втор најзагаден главен град во Европа. Според проценките на меѓународниот индекс, во воздухот имало 162 микрограми ПМ 2,5 честички. Категоризиран како нездрав воздух, во оваа фаза според експертите последиците се појавуваат кај граѓаните со респираторни проблеми и други хронични заболувања. Во светски рамки, Македонија повторно е рангирана во првите 10 најзагадени земји по Индија, Непал, Кина и Турција. Граѓаните велат дека маските се носат не само поради страв од вирусот туку и поради задушување од воздухот. Државата ако сака, може да спречи зло. Загадувањето на животната средина значи загадување на нашето тело, животни, растенија, птици и други. Од фабрики кои немаат филтри и возила без стандард“, реагираат граѓаните. Еколошките здруженија ги критикуваат државните власти дека се поспани. Меѓу најгласните се „О2“ кои велат дека државата потфрлила со проектот за субвенционирање на инвертери бидејќи зимава тропа енергетската криза. Ситуацијата станува уште потешка кога загадениот воздух во пандемијата ја влоши здравствената состојба на заразените со корона вирусот. Лекарите велат дека загадувањето на воздухот може да ги загрози дури и луѓето кои го преживеале вирусот и се уште се борат со симптоми. Според Европската агенција за животна средина, загадувањето на воздухот или невидливиот убиец во Европа предизвикува 307.000 предвремени смртни случаи годишно. https://alsat.mk/mk/skopje-deneska-na-vrvot-na-listata-najzagadeni-gradovi-vo-evropa/ |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Да, мислам на оваа куќарка.
Инаку, најверојатно ќе ја средат таа населба спроти ПИОМ, но искрено 5-6 години се многу. Како што се гледа, урбанизацијата е ептен забрзана на таа страна од Вардар, плус, кај и да е мостот ќе го пуштат. Всушност, самиот проблем не е едноставен затоа што претпоставувам дека во решавањето треба да се вклучат еден куп институции. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Веројатно мислиш на оваа барака до Синерџи Центар ![]() Инаку да,се сложувам дека Острво па и Мичурин со децении се трујат од маалото спроти ПИОМ,загревањето на куќите низ Маџир Маало и овие околни бараки до ПИОМ. Многу мандати имаат поминато но сенс за подлабинско занимавање со овој проблем немам видено.Онаа населба спроти ПИОМ можеби ќе се реши по завршување на комплексите кои сега се градат ама ќе поминат уште минимум 5-6 години. |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Како и секоја зима, загадувањето во Острово продолжува од „фавелата“ во Ќерамидница преку Вардар, како и куќарката која е до бизнис центарот „Синергија“, а е одделена со метална ограда.
Пред некој ден поминав, смрдеше ненормално покрај таа куќарка, којзнае што се гори... Институциите сериозно треба да се позанимаваат со овој проблем. Министерство за социјална работа и политика, Општина Аеродром, Општина Гази Баба итн. Не знам кој е одговорен, но со години и години истиот проблем, а цело време да се збори за загадување... |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
|
Интерактивна карта в реално време
https://waqi.info/#/c/42.154/28.211/5.7z |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=429150138579384&set=p.429150138579384 |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Јас имам многу поинакво гледање на сообраќајот и на за загадувањето:
Прво и основно, пешачки премин на улица без семафор е многу смотана работа. Доколку сообраќајницата е многу широка и на неа се вози брзо, треба да се изгради подземен или надземен пешачки. Секое застанување и тргнување на автомобил, или пак автобус и камион придонесува кон воздушно загадување, плус непотребно трошење на гориво кое е увозна стока, и со тоа придонесува кон девалуација на денарот (бидејќи се купува во USD, за што мора да се продаде MKD). Да застане цел автобус со 100 патници или еден цел шлепер, оти на Трајче не му се чекало 10 секунди за да помине преку улица е дебилизам и многу себична постапка (иако нашите пешаци си мислат дека „имаат право“). Друга опција, секако, е да има семафор (со зелен бран) и пешаците да поминуваат онаму каде што возилата секако мораат да застанат. ------- Од друга страна, малечките маалски улички со пешачки премини на сред прав сектор (не на крстосница) се идиотштина. Пак ќе речам, да застане цел автобус со 100 патници или еден цел шлепер, оти на Цане не му се чекало 10 секунди за да помине преку улица е дебилизам и многу себична постапка. Во Обединетото Кралство, на пример, ова е решено со тоа што повеќето такви малечки улици се всушност и пешачки зони (бидејќи густината на сообраќајот го дозволува), па така нема потреби од нивелирани тротоари и додатни трошоци за денивелација кај пристапните рампи за велосипеди и инвалидски колички. Едноставно, возилата се движат со 20-30 km/h, и ако не знаеш дали ќе ти претрча човек бидејќи ги има насекаде, ќе си возиш бавно. Кога „очекуваш“ дека коловозот е само за коли (а кај нас има и паркирани возила на тротоари и прегледноста е уште помала) возиш со 50-60 km/h (иако е „зона 30“), и ете ти несреќа. ----------- Друг начин да се намали аерозагадувањето од сообраќајот е да се дестимулира евтиното паркирање во центарот на градот. 200 денари од час, и проблемот има да се реши и тоа како. Ако сакаме да заживее BRT-то, само така. Евтин паркинг на почетните и крајните станици, а во центарот скапо. Грујо заеба работа со катните гаражи (кои и онака зјаат празни). Да се забрани паркингот на тротоари, и да се поскапи. Edited by гитардемон - 23-Jul-2021 at 17:41 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. https://www.facebook.com/meta.mk.mk |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Топлотен бран од Африка носи екстремно високи температури, а пустинска прашина го загади воздухот во повеќе градови низ Македонија. Од УХМР информираат дека од северните делови на Африка се пренесува прашина од Сахара во повисоките слоеви на атмосферата, поради што и има и замагленост во воздухот. Оваа појава ќе се задржи во наредните денови кога ќе има највисока концентрација на прашина и температурни над 40 степени, а во сабота се очекува намалување на температрата и расчистување на воздухот. - Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР И Министерство за здравство информира дека во текот на следните два дена, 24 и 25 јуни (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Од таму велат дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето: Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
дури и навечер е присутно тоа |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Вакви мали загадувачи не може да се главната причина. Моментално сме во зона на висок притисок, па нема многу циркулација на воздухот. Тоа е нормално кога е висок атмосферскиот притисок.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ова е една од причините,веќе 3-4 дена од Вардариште и делот кон Лисиче е вака,се спалуваат очигледно гуми и друг отпад
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/vozduhsega |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Што се случува со воздухот? Среде лето загаден е воздухот во Скопје, Велес, Кавадарци, Кичево...
Вчерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките покажаа дека воздухот е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50. Во скопската општина Карпош синоќа беа измерени 119 мг/м3 од ПМ10 честичките. Во Кичево завчера во 16 часот беа измерени 135 мг/м3 ПМ10, во Тетово во 18 часот со 123 мг/м3 од ПМ10 честичките... Невладината организација О2 иницијатива синоќа алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Куманово, Битола… Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат. ![]() ![]() https://www.mkd.mk/makedonija/razno/shto-se-sluchuva-so-vozduhot-srede-leto-zagaden-e-vozduhot-vo-skopje-veles |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Од Вардариште,вчера
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/vozduhsega |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Загадувањето во Скопје се намалува константно и без атмосферските фактори
![]() Во рамки на активностите на Град Скопје, Владата на РСМ и општините во главниот град, според последните анализи изготвени врз основа на официјалните податоци за квалитетот на воздухот и животната средина, бројките покажуваат стабилно намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Драстични промени во просечната температура во изминатите шест години нема; средната температура во најголемиот дел од времето се движи околу 14 степени, мерени по Целзиусовата скала, податок што самиот по себе кажува дека температурата не е причина за намалувањето на загадувањето. Слична е и ситуацијата со ветровите – во периодот од 2015 до 2020 година, состојбата е речиси непроменета. Кога би се направил осврт на врнежите, согласно податоците добиени од официјалните мерни станици, очекувавме 2018, 2019 и 2020 година да бидат поврнежливи во однос на 2015, 2016 и 2017. Но податоците велат дека најмалку врнежи имало во 2019 година, односно 379.10 mm, а најмногу, речиси 2 пати повеќе, имало во 2016 година со 682.90 mm. Кај загадувањето на атмосферскиот воздух и ПМ 10 честичките, ситуацијата е спротивна. Во 2019 измерено е средно ниво на 51,53 µg/m3, кое е далеку помало од 2016-та година, со 71,91 µg/m3 средно годишно ниво на ПМ10 честички. Заклучокот на крајот на анализата вели дека ветровите и температурата не се главниот фактор за намаленото загадување на воздухот. Град Скопје, Владата на РСМ и општините во градот, со заеднички заложби и спроведувањето на низа активности за изведба на ново и зачувување на постојното урбано зеленило, промоцијата на велосипедот како алтернативно средство за транспорт, изведбата на нови велосипедски и пешачки патеки и реконструкцијата на постоечките, во одредена мера придонесуваат кон намалување на загадувањето на животната средина. Со координирани и конкретни активности кои го промовираат здравото урбано живеење, кампањите за подигнување на свеста за зачувување на животната средина, но и идните проекти кои се планирани за изведба во Скопје и околината, дополнително ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот и средната концентрација на ПМ 10 честички во воздухот. Имајќи ги предвид досегашните средни податоци, добиени од официјалните мерни станици, за периодот од 2015-та до 2020-та година, забележителен е трендот на намалување на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје. https://nezavisen.mk/zagaduvanjeto-vo-skopje-se-namaluva-konstantno-i-bez-atmosferskite-faktori/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |