29.09.2015 - 400 ЕВРА КАЗНА ЗА ВОЗЕЊЕ НАД 50 КМ/Ч ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО
Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. Ова го предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што го усвои Собранието на вчерашната седница.
Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
Со Законот е предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност, односно регистрирање 50 негативни бода за возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со Закон.
Казна од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина.
Казна од 10 евра во денарска противвредност, односно 10 негативни бода за возачот кој постапува спротивно на одредбите од Законот е предвидена за возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
веројатно моторџиите ќе имаат поголем кабает, но ете и велосипедистите ќе имаат за што да ги драпаат ако им се сака
интересно и овој пат нема пропишано каква и колкава приколка може да влече велосипед
24.08.2015 - КАЗНА ОД 50 ЕВРА АКО ВОЗИТЕ ВЕЛОСИПЕД БЕЗ КАЦИГА
Во вечерните часови и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.
Според новиот Закон за безбедност во сообраќајот, возачите на велосипеди ќе мораат да носат кацига, односно заштитен шлем. Во вечерните часови и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.
-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, стои во текстот на Законот.
За непочитување на овие одредби од Законот, предвидени се казни од 50 евра за возачите и за родителите на децата кои нема да се придржуваат до законските одредби.
30.09.2015 - КАЗНИ ЗА БРЗО НО И ЗА БАВНО ВОЗЕЊЕ: Комплетната листа на сообраќајни прекршоци и казни!
Казните се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично. Следува листата на глоби зспоред новиот закон:
Пропуштање пешаци на пешачки премин – Предвидена е глоба во износ од 200 евра .Сигурносен појас – глоба во износ 40 евра / 25 негативни бода. За сопатниците глоба во износ од 50 евра.Користење на мобилен телефон – глоба во износ од 45 евра / 25 негативни бода.
Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание во спротивно е предвидена глоба од 50 евра.
Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба во износ од 50 евра.
На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.
Глоба во износ од:
400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина
20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
Зголемена брзина надвор од населеното место
На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
130 km/h на автопат;
110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
90 km/h на други патишта.
Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.
Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци).
Звучни и светлосни сигнали за предупредување
Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот. Звучниот знак за предупредување не смее да се состои од низа тонови од различен интензитет при што возачот е должен давањето на звучен знак за предупредување да го сведе на неопходна мера. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода.
Запирање и паркирање
Возачот односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.
Предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно регистрирање на 25 негативни бода)
Употреба на светла во сообраќајот
Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Предвидена е глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност односно се регистрираат 15 негативни бода.
Комплетната листа на сите казни погледнете ја на ПРАВДИКО.МК
Kазна од 50 евра за пешаците што ќе преминат улица на црвено
За возење без појас казни од 40 евра за возачот, а 50 за совозачот
Повисоки парични казни за едни, а пониски за други сообраќајни прекршоци за кои, пак, ќе се добиваат поголем број негативни поени кои ќе се впишуваат во возачките книшки се новитетите на предложениот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој деновиве ќе влезе во собраниска процедура. Основна карактеристика на предложените измени е што акцентот е ставен на одредбите од постојниот закон, со кој се регулира брзината на движењето на моторните возила, односно има воведување нови ставови, а не само зголемување на казните. Основната промена е во однос на брзината, па според предложените измени, наместо досегашните 60 километри на час, предвидено е на јавен пат во населено место возачот да не смее да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. Се предвидува и брзина поголема од 50 километри, но не поголема од 70 километри на час таму каде што сообраќајно-техничките елементи тоа го овозможуваат, а е дозволено со сообраќаен знак. Сегашниот закон овозможува возење со брзина над 60 километри на час, но не со прецизирана граница на дозволеното пречекорување. Новитет е што се воведува градација во однос на казните, па највисока казна од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина или 120 километри на сообраќајниците каде што е дозволено возење до 70 километри на час. Паричната казна предвидено е да може да се замени со тоа што во возачката книшка ќе му бидат регистрирани 65 негативни бода. Во моментов казната е 300 евра, без впишување негативни поени. За престигнување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час возачот ќе плати 300 евра или ќе добие 50 негативни поени. Платен налог со глоба во износ од 45 евра или 25 негативни бода ќе добие возачот кој во населено место ќе се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри над дозволената, а глоба во износ од 20 евра или 10 негативни бода за возачот кој се движи со брзина поголема до десет километри на час над дозволената брзина.
Во однос на возењето на јавен пат надвор од населено место, дозволените брзини остануваат исти, односно 130 километри на автопат, 110 километри на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и 90 километри на други патишта. Во предложениот закон исто така се предвидени градации во однос на пречекорената брзина, па највисока казна од 400 евра или 65 негативни бода ќе добие возач кој надвор од населено место ќе вози со брзина поголема од 70 километри на час над дозволената.
Според законот, возачот на возило не смее да врши полукружно свртување на преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост, надвозник, подвозник, како и во услови на намалена видливост, на други места каде што прегледноста на патот е недоволна или на дел од патот каде што нема доволно простор за полукружно свртување. Kазна за овој прекршок ќе биде 45 евра или 25 негативни поени. <BR><BR>Предложените измени на законот предвидуваат повисоки казни за возачите и сопатниците кои не се возат со сигурносен појас, па наместо сегашните 20 евра и 10 негативни поени, возачот ќе добие глоба од 40 евра или 25 негативни поени, а совозачот, наместо 20, ќе биде казнет со 50 евра. За зборување на мобилен телефон наместо 45, возачите ќе плаќаат 40 евра глоба, а останува ист бројот на негативни поени - 25. Новитет е казната од 50 евра за совозачот кој ќе го попречува возачот на начин кој би го намалиле неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.<BR><BR>Во процесот на подготвување на предлогот на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата користени се компаративни искуства од соодветните закони на Германија, Франција, Словенија и од Хрватска како најблиски до условите во кои се оспособуваат и остваруваат функциите во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со цел решавање на наведените прашања во согласност со европските стандарди што важат во оваа област, при што најголем дел од одредбите содржани во предложениот закон претставуваат обид одредени прашања и проблеми да се разрешат врз основа на стекнатите искуства и тоа на начин кој би одговарал соодветно на условите и потребите во Република Македонија - велат од МВР.
Kазна од 50 евра за пешаците што ќе преминат улица на црвено
Возачите на велосипед ќе плаќаат глоби од 50 евра наместо досегашните 25 евра за предвидените прекршоци при движењето, а истата глоба е предвидена и за родителите на дете од 14 години кои ќе превезуваат други деца на велосипед.
Kазни од 50 евра ќе добијат и возачите на мотоцикл, мопед или велосипед кои не носат заштитна кацига наместо досегашните 35, а 50 евра ќе ги чини и совозачите кои сега плаќаат по 20 евра. За велосипедистите и лицата што се превезуваат со велосипед предвидено е дека треба да носат заштитен шлем и рефлектирачки елек ноќе.<BR><BR>Kазна од 50 евра ќе платат и пешаците кои на пешачки премин на црвено светло од семафорите ќе поминат улица, како и 30 евра наместо досегашните 25 за преминување на коловозот на место каде што нема обележан пешачки премин.
Vozači, oprez - Koliko (ne)pijete vode može biti jednako opasno kao i koliko pijete alkohola
Blago dehidrirani vozači čine dvostruko više pogrešaka u vožnji u odnosu na one koji su unijeli dovoljno tekućine, pokazalo je britansko istraživanje.
Unošenje premalo tekućine može u vožnji imati učinak vožnje pod utjecajem alkohola, pokazalo je istraživanje po kojem su osobe koju su svaki sat popile manje od 25 ml vode napravile dvostruko više pogrešaka od onih koji su popili dovoljno vode odnosno onoliko pogrešaka koliko su napravile osobe koje su vozile pod utjecajem 0,8 promila alkohola.
Voditelj istraživanja Ron Maughan sa sveučilišta Loughborough kaže: "Svi osuđujemo vožnju pod utjecajem alkohola, ali obično ne razmišljamo o utjecaju drugih stvari na naše vozačke sposobnosti, a jedna od njih je dehidracija".
"Naše istraživanje ukazuje na neprepoznatu opasnost", kaže Maughan za britanski Telegraph.
„Пензионери, учествувајте одговорно во сообраќајот“ и „Да им дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“ се дел од пораките што денеска беа упатени како дел од кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, во општината Ѓорче Петров
Во кампањата масовно учествуваа пензионерите од општината како посебна ранлива група учесници во сообраќајот и притоа им беа поделени едукативни летоци. На најфреквентната улица Ѓорче Петров беше упатен апел до пензионерите на себе да носат флуоресцентни елечиња или посветла облека за полесно да се забележат.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност, Стојче Стаменковски, истакна дека приоритетна целна група се возачите и зголемување на нивната свест за почитување на правилата во сообраќајот, а кампањата ќе се одвива во континуитет до 31 мај, во четири етапи. Градоначалникот на општината Сокол Митровски истакна дека општината ја поддржува оваа кампања и ќе даде максимален придонес што повеќе институции да се приклучат кон неа за да се зголеми безбедноста на улиците.
- Соработката помеѓу надлежните институции и локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму за да има помалку жртви во сообраќајот - истакна градоначалникот Митровски.
За поголема безбедност на пешаците беше обележан пешачкиот премин кај кружниот тек, пред „СП планет“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=422151110483&id=14&setIzdanie=23450
ден потоа прегазен пензионер в Гостивар
23.04.2015 - Прегазен пензионер во Гостивар
Гостиварецот С.С. (77) загина откако бил прегазен од автомобил, завчера во Гостивар, соопшти МВР. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на булеварот Браќа Ѓиноски на влезот во градот. Тогаш автомобил „фолксваген бора“, кој го управувал А.М. (25) од Гостивар налетал на старецот. Од ударот С.С. добил повеќе повреди и како итен случај бил пренесен на скопските клиники. Лекарите се обиделе да го спасат, но С.С. им подлегнал на повредите.
http://dnevnik.mk/?ItemID=F7D88D9217974248957144D8B91FC32D
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Новите сообраќајни казни стапија на сила, еве за што се ќе казнува полицијата
6.000 денари глоба ако не го ставите заштитниот појас, не ги вклучите светлата или зборуват на мобилен. Ова се глобите за прекршоци кои возачите ги демнат во самиот старт. Понатаму секој одминат километар претставува можност за уште некој сообраќаен прекршок ако ве улови полицијата.
На пример, за непрописно паркирање глобата е 45 евра. 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница. Ако на пешачки премин возачот не пропушти пешак глобата изнесува 250 евра. Ако тој ден ве улови радар, а сте ја надминале дозволената брзина, казната во град е 20 евра. Ако полицијата ве фати да "летате" на јавен пат, ќе платите 300 евра.
И ако случајно тој ден мора да го однесете во училиште вашето дете, кое нема 12 години, а седи на предното седиште, тогаш глобата ќе се зголеми за уште 45 евра.
Според новиот закон УЈП присилно ќе ги наплаќа казните за сообраќајните прекршоци од сметките на возачите.
Најлуксузната лимузина во целоит свет -Мајбах имаше чест прв да ја купи овој `тип` со сериски број на кола -001 и офарбана во нијансата на сплитскиот мермер.
.
.
.
.
.
.
И сега вози обичен Пасат како многу транзициски хо(н)штаплери
што ќе биде ако имаат баждарени камери по сите возила мислам во суд сеуште само судски баждарена камера признавааат како доказ, небаре снимка неможе да се наштелува подобно ко доказ а да е снимена со друга камера, доволно е резулуцијата да е иста а останатото во студио да се испегла!
интересно би било доколку вакви баждарени камери освен патролните полициски коли да стават и на сите автомобили од администрација, та да види народ што е регулаторна гиљотина во полн ефект
русите пак од немукает на секое ауто ставаат камера, а за новите сериски им вградуваат камери уште во салон
СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати сообраќајни контроли на подрачјето на Град Скопје при што беа санкционирани вкупно 1200 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Притоа, кај 89 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 85 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 46 возачи, а кај 50 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, 140 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 130 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место. Покрај ова изречени се 14 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 34 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 339 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување изречени се 16 прекршоци, по соум прекршоци изречени се за недавање на првенство на минување на пешаци и за непрописно престројување. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 20, за непрописно престигнување изречени се 9 прекршоци, кај три возила е утврдена техничка неисправност а со пајак службата подигнати се вкупно 473 возила.
СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.
Исто така и на подрачјето на СВР Битола во текот на минатата недела беа спроведени три акциски контроли и тоа: за откривање на возачи кои управуваат со возила во сообраќај на пат под дејство на алкохол; за непочитување на правилата за првенство на минување, и за контрола на брзината на движење на возилата.
При контролата за откривање на возачи кои управуваат со возила во сообраќај на пат под дејство на алкохол контролирани се 221 возач, при што 155 возачи се подложени на проверка за присуство на алкохол во организмот и кај 21 возач констатирано е присуство на алкохол, за што се издадени 21 платен налог. Во рамки на оваа контрола констатирани се 11 други прекршоци на возачите, за кои се издадени: девет платни налози, две покани за наплата на глоба, а три возила се исклучени од сообраќај заради констатирана непродолженост на сообраќајната дозвола.
При контролата за непочитување на правилата за првенство на минување контролирани се 133 возила и кај 14 возила констатирано е неотстапување на првенство на минување, за што издадени се 14 платни налози. Наедно констатирани се 36 други прекршоци, за кои издадени се 17 покани за наплата на глоба и 17 платни налози, а двајца возачи се писмено предупредени.
При контролата за контрола на брзината на движење на возилата контролирани се 218 возила и констатирани се 68 пречекорувања на брзината. Од нив во населено место констатирани се 47 пречекорувања а 21 пречекорување надвор од населено место, за што издадени се 51 покана за наплата на глоба, 8 платни налози и 9 предупредени возачи. Констатирани се 15 други прекршоци, за кои се издадени пет покани за наплата на глоба и 10 платни налози.
http://tocka.com.mk/1/135724/za-edna-nedela-mvr-izrece-1-200-soobrakajni-kazni
Дали може некој да ми ги каже какви се казните. За алкохол и возење без возачка и сообраќајна. И какви се за такви енормни прекорачувања на брзина пример возење 90 во зона 50. Ова не е можно што ни се случува во државата.
Велосипедистите се најранливата група учесници во сообраќајот
Повеќе од 300 велосипедисти минатата година настрадале во сообраќајни несреќи. 20-тина од нив го загубиле животот додека останатите поминале со телесни повреди.
Ова го покажуваат статистиките на надлежните институции, кои уште еднаш потврдуваат дека и понатаму оваа категорија учесници во сообраќајот останува најранлива. Со цел кревање на свеста кај велосипедистите но и кај лицата кои управуваат моторни возила, институциите одлучија мај да го прогласат за месец на велосипедистите.
Во следните 20-тина дена, републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во соработка со министерството за внатрешни работи и велосипедската федерација ќе спроведат низа активност за значително зголемување на безбедноста на најранливата категорија учесници во сообраќајот.
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Центрирање предница Центрирање на предница и заден трап значи подесување на аголот на тркалата. Со центирањето се постигнува тркалата да бидат паралелни едни со други и гумата да се абе (троши) рамномерно.
Со тоа максимално се продолжува векот на траење на гумата и возилото ќе држи прав правец при возењето.
Препорачливо е при секоја промена на гуми да се изврши и центрирање на трапот
Geometriju provjeravamo ako smo žestoko pogodili rupu, no savjetujemo provjeru jednom godišnje
Geometrija kotača radi se u posebno opremljenim radionicama s uređajem spremnim kontinuirano očitavati kutove pod kojima kotači stoje u odnosu jedan prema drugom. Postoje skuplji, optički uređaji, te nešto jednostavniji, koji za očitanja koriste fizičku vezu (obično sponom od elastičnog konopca). I noviji i stariji uređaj napravit će dobar posao, samo je pitanje koliko vremena majstor mora utrošiti na namještanje. Naši ljudi ne odlaze na geometriju kotača, nego na "špur". Ta je riječ tuđica, germanizam, koji opisuje trag kotača.
Skica na ekranu prikazuje što je što: zatur je najbolje zamisliti kao nagib vilice na biciklu (što je više nagnuta, zatur je veći), trag je paralelnost kotača (može biti otvoren ili zatvoren, odnosno negativan i pozitivan), a tu je i nagib (može biti negativan, što se najčešće vidi na trkaćim autima, ili vrlo rijetko pozitivan). Ako posjetite radionicu s optičkim, novijim uređajem, provjera i eventualno namještanje geometrije može trajati svega 15 minuta.
Dobra, odnosno od strane proizvođača propisana geometrija kotača važna je jer štedi gume i auto čini sigurnijim u vožnji - najviše pri velikim brzinama te pogotovo na kočenju. Razlozi odstupanja u geometriji, napominju, su razni: udarci u rubnike, trošenja dijelova ovjesa, promjene visine vozila (prilikom spuštanja odnosno tuninga). Stručnjaci napominju kako čak i izuzetno pažljivi vozači ponekad trebaju korekciju geometrije, ma koliko bili oprezni pri penjanju na rubnike. Jasno, ima i onih koji žele "otvoriti" ili "zatvoriti" trag, povećati nagibe ili učiniti slične korekcije u potrazi za što boljim ponašanjem na cesti, posebno u zavojima.
Spretnom majstoru postupak namještanja geometrije je jednostavan: za početak, auto se pozicionira na točno određeno mjesto na stolu. Kako ručna kočnica na velikoj većini automobila djeluje samo na stražnje kotače pa ne može efikasno fiksirati auto, on se zakoči posebnom upornom polugom koja blokira pedalu, a samim time i sve četiri kočnice. Na kotače se montiraju senzori i to tako da nasjednu na sami rub naplatka. Inicijaliziranje se vrši tako da se kotači zakrenu u jednu i drugu stranu i posao može početi.
Prvo se namješta zatur, ako je potrebno. S obzirom na to da se kod većine današnjih automobila ta postavka može malo mijenjati, na to će biti utrošeno i malo vremena. Zatim slijedi nagib, koji se mijenja tako da se otpuste vijci na nosaču vilice - kako su košuljice vijaka ekscentrične, majstor okretanjem dobiva željeni kut, ekran signalizira da je ušao u "zeleno područje" i nagib je namješten. Slijedi trag koji se namješta na sponi upravljača.
Rezultat namještanja je automobil koji ide ravno kad pustite volan, koči ravno, ne troši gume, pa čak i troši manje goriva. Tih 160 do 230 kuna koliko se plaća geometrija kotača višestruko se isplate, jer su u pitanju sigurnost, trajnost vozila i zapravo je to dobar način provjere je li s podvozjem automobila sve u redu. Naime, ako i najmanja spona, krajnik ili kugla ima zračnosti, ne geometriji će se to pokazati pa možete zamijeniti dio. Primjerice, ako samo jedna kugla ima zračnosti ili "lufta", samo dodirom kotača instrumenti će očitati i najmanji pomak i znat ćete koji dio treba promijeniti. Osim toga, vozit ćete smirenije, bit ćete sigurniji na cesti i vaš će auto savršeno reagirati u kritičnim situacijama.
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
иако прешалтувањето на кружни текови може да е повод за муабет, ова изгледа почнуваме да бараме простор и идеи за Скопје-2024 кога би се заокружиле тунелот под Плоштад, жичарницата на Водно, пругата кон Бугарија и Албанија, можеби ко концепти и Кинеската Вардарска Долина или Нуклеарката во Мариово
но она што сеуште не им дошло на ред се правилата и казните, односно ке биде добро да седнат и да ги усогласат, бар на балканов ако веке неможат во европа, добро ја истуркаа со признавањето на возачките но ќе биде уште подобро ко биометриски да се доволни за патување преку граница
патем скопските кружни токои успеаја ли да решат нешто на подобро [1][2][3]
Edited by +Protagorist - 31-Jan-2015 at 22:53
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum