Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#21 Posted: 31-Dec-2010 at 16:28 |
Gostivarskiot bugjet iznesuva 15 milioni evra a e 5,5% povekje od poslednata godina! A debarskiot bugjet iznesuva okolu 4 milioni evra! Vestite se od eden albanski vesnik!
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#22 Posted: 24-Dec-2010 at 17:07 |
Originally posted by axel
kumanovo dojde na pola od skopje uste malku i ke go pomine
|
Да ама тука не ги броиш плус и буџетите за општините во Скопје кои се плус на буџетот на градот. Само Центар мислам дека има над 20 милиони евра буџет.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#23 Posted: 24-Dec-2010 at 16:46 |
Originally posted by градоначалникот на Куманово
Буџетите на локалните
самоуправи за разлика од државната каса се разликуват и во својата
приходна и расходна страна.Изворните приходи во општините не се
константни, ние зависиме од уплата на такси, комунални давачки, промет
итн.
|
Пошто државниот буџет зависи од бројот на планински рисови во Македонија и бројот на уплатени лото тикети, а не од приходите од даноци и такси.
Originally posted by градоначалникот на Куманово
Заради тоа не можеме да го предвидиме буџетот 100 проценти и го
планираме.
|
Дека на државните влади во светот Баба Ванѓа им кажува колку точно ќе бидат приходите за таа година, таму не прават проценки туку се 100% сигурни за приходите. Затоа не прават редовен ребаланс на сред година, а некогаш и почесто.
____
Па кој те ставил тебе градоначалник? Барем ќути, не треси глупости!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#24 Posted: 24-Dec-2010 at 14:01 |
kumanovo dojde na pola od skopje uste malku i ke go pomine
Општината Куманово во наредната година треба да потроши 30 милиони евра.
Најголем дел од сретствата во буџетот на Општината, дури 61 проценти се
предвидени за изградба на капитални преокти, а останатиот дел ќе се
користат за тековно-оперативни работи.
Буџетот е развоен со програми за капитални
инвестиции.Основниот буџет кој општината има ингиренции да го собира
како приходи е 10 милиони евра, а останатото е од дотации кои ги
добиваме од министерствата и ги трансферираме во јавните установи. Со
овој буџет се планираат неколку крупни проекти: подземна гаража во
центарот на градот, општинска зграда и реконструкција на Занатскиот
дом,потоа изградба и реконструкција на улиците, основни и средени
училишта,спортски сали, приклучување на парно греење, водоводна и
канализациона мрежа- вели Ирена Илиевска раководител во Секторот за
финасии.
Буџетот во однос на мината година е
зголемен за 6 проценти. Советниците од опозицијата остро се
спротивставија на предлог буџетот и не го подржаа, а во жустра дисксија
се обидуваа да ги убедат останатите советници дека буџетот е
катастрофален и нема да може да ги задоволи предвидените очекувања. Имаме
преамбициозен, прекомплексен и голем буџет во кој подоцна со
кварталните извештаи ќе видиме дека неможат да се реализираат
предвидените проекти. Затоа ние не сакавме да го подржиме овој буџет од
кој граѓаните нема да имаат никаков бенифит. Истото се случуваше и
мината година кога само 70 проценти од буџетот беше реализиран- смета
Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката група на
СДСМ тврди дека буџетот ги задоволува потребите на општината и во
целост ќе се реализира, затоа што содржи развојна компонента и проекти
кои се во интерес на граѓаните. Буџетите на локалните
самоуправи за разлика од државната каса се разликуват и во својата
приходна и расходна страна.Изворните приходи во општините не се
константни, ние зависиме од уплата на такси, комунални давачки, промет
итн. Заради тоа не можеме да го предвидиме буџетот 100 проценти и го
планираме. Забелешките на опозицијата не се на место и сметам дека по
исцрпните објаснувања сфатија дека буџетот е добар - вели
градоначалникот Зоран Дамјановски. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/opstinskata-kasa-tezi-30-milioni-evra.html
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#25 Posted: 11-Feb-2010 at 06:42 |
Многу тесни грла во локалната самоуправа

Ќе се анализираат решенијата за локална самоуправа, за Скопје и за финансирање на општините
Катица Чангова
Има многу тесни грла во локалната самоуправа од која се очекува да
стане вистински сервис и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни
услуги на граѓаните. Како се практикуваат решенијата од законите за
локална самоуправа, градот Скопје и финансирањето на општините во
реалноста? Овие одговори ќе ги даде анализата што оваа година треба да
ја подготви Министерството за локална самоуправа.
Ова, меѓу
другото, беше потенцирано на вчерашната трибина посветена на релациите
централна - локална власт што ја организираше Институтот „Павел Шатев“,
а на која беше нагласено дека комуникацијата не е на посакуваното ниво.
Градоначалниците
и експертите оценија дека избрзаниот почеток на децентрализацијата и
несериозниот пристап на државата кон овој процес се' уште имаат
негативни реперкусии во работата на локалната самоуправа. Голем број
општини и пет години од овој процес се' уште не можат да ги реализираат
законски доделените функции поради недостиг од финансиски средства.
„Европа
ја имаше заплиснато децентрализацијата, а ние се двоумевме дали да
почнеме. И кога стартувавме, на 1 јули 2005 година, тоа беше со лоша
хипотека поради големиот процес на централизација. Општините влегоа во
децентрализација со 2,5 милијарди долгови, а 300 милиони денари беа
само по основ на неплатени комуналии во училиштата“, истакна Снежана
Милошевска-Костадиновска. Таа потенцира дека се определивме за фазен
модел на децентрализација и ја истакна важноста од пренесувањето на
функции и финансии во општините.
„Општините се' уште не се
стабилизирани, а многу од нив се со блокирани сметки. Средствата од
централната власт не се доволни за надлежностите. Данокот на додадена
вредност треба да се зголеми од три на шест отсто, а персоналниот данок
на 30 проценти. Само така општините ќе можат да се занимаваат со
подигнување на степенот на развој“, истакна претседателот на ЗЕЛС и
градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Според него, добра локална
самоуправа значи способни и подготвени општини. И покрај проблемите,
општините, сепак, покажаа способност, виталност и вештина во
менаџирањето, додаде Трајановски, кој смета дека мора да се зголемат
административните капацитети на локално ниво.
Упростување на
процедурите во урбанизмот, образованието, трудот и социјалната
политика, но и поширок простор за одлучување на градоначалникот без да
се чека согласност од министер, побара градоначалникот на скопската
Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
„Во функционалниот дел имаме
откроирана локална самоуправа која има изворни надлежности, а зависи од
одобрувања или неодобрување на министерства. Несвојствено и
невообичаено е тоа што централната власт енормно истура пари за локални
проекти. Тоа јасно кажува дека имаме дефект во финансирањето. Поради
овој страшен дисбаланс, во корист на централната власт мора да има
рекомпорирање во финансирањето, но во корист на локалната власт“,
коментира Јакимовски. Тој во шеговит стил додаде дека „главен баџо во
владината гарнитура е министерот за финансии, а дека министерот за
локална самоуправа е целосно настрана“.
Штипскиот градоначалник
Зоран Алексов возврати дека главен баџо бил Буџетот, а не министерот за
финансии, а дека Владата имала слух за локалните проблеми и почнала да
се однесува како партнер на општините. „Главен проблем се финансиите.
Штип нема пари за локални патишта што ќе ги поврзат селските средини“,
се пожали Алексов. Но, за него со подомаќинско работење особено во
прибирањето даноци на имот може да се премостат проблемите.
Професорот
по политички систем Јован Ананиев оцени дека треба да се внимава на тоа
колку општините можат да ги реализираат изворните надлежности. Според
него, рамномерниот регионален развој како системска политика е
задоцнет, но дека е добро што воопшто почнал. „Се покажа опасност од
скопјанизација. Политиката на полицентричен развој треба да ја прекине
внатрешната енормна миграција“, додаде Ананиев. http://utrinski.com.mk/?ItemID=E24F01D13EFBB34B86B3DD7B7505E7CA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#26 Posted: 29-Jan-2010 at 01:28 |
Па колку што знамедна фирма кај нас што воведуваше исо стандард имаше доста ствари и стиници, на пример се унифицираат образците за документите, фонт, маргини и слично. Огранизасицката поставеност и комуникацијата и одговорноста еден према друг. Не треба да се деси преклопување на ингеренции или да не се знае нешто чива одговорност е. Во однос на барања од граѓани има посебно уредување како се одговара, рокови и слично. Со еден збор да не треба администрацијата да се мачи во изнаоѓење орагнизациска поставеност и унификација туку некој веќе смислил топла вода и го препорачува спаковано како исо стандард.
Edited by lslcrew - 29-Jan-2010 at 01:28
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#27 Posted: 28-Jan-2010 at 21:01 |
Во државава мислам прва беше Струмица. Ај струмичани потврдете ако знаете и поткрепете со некое инфо ако имате.
Originally posted by гитардемон
И не сфаќам што е тоа што се стандардизира по ИСО во локална самоуправа  |
Па ваљда начинот на работење, разноразни процедури, опременост, стандарди за транспарентност... претпоставувам отприлика во овие рамки се движи тоа.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#28 Posted: 28-Jan-2010 at 20:57 |
Битола зеде пред 4-5 месеци, а што е тоа што се стандардизирало никој не знае. И не сфаќам што е тоа што се стандардизира по ИСО во локална самоуправа
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#29 Posted: 28-Jan-2010 at 20:42 |
Општина Аеродром воведе ИСО-стандарди
Општина Аеродром е првата скопска општина што го воведе ИСО-
стандардот, сертификат што ќе ги обврзи надлежните на строго почитување
на законите и на актите на локалната самоуправа, поголема одговорност и
отчет пред граѓаните. Од примената на ИСО- стандардот се очекува
зголемување на квалитетот на работењето на општинската администрација,
а со тоа автоматски и поголем квалитет на услугите што Општината им ги
дава на граѓаните. Сертификатот на Општината и' го издаде британската
институција за сертификации БСИ од Лондон. Градоначалникот Ивица
Коневски го прими документот од претседателот на Стопанската комора ,
Бранко Азески. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=822AB035B25B1B45B39403410B7CCC9A
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#30 Posted: 29-Dec-2009 at 17:50 |
Во недостаток на поадекватна нишка, оваа објава засега нека стои тука...
Куманово во 2010-та ќе потроши 22 милиона евра Советот
на Општина Куманово, најголемата локална самоуправа во државава, за
2010 година усвои буџет од околу 22 милиона евра, што е за 10 насто
повисок отколку оваа година. Предложениот буџет едногласно го прифатиле
советниците и од власта и од опозицијата.
Според Ирена
Илиевска од Секторот за финансии, најголем дел од парите ќе бидат
обезбедени од даночните и капиталните приходи, дотации од
министерствата, трансфери и донации. Најмногу од средствата ќе бидат
наменети за капитални инвестиции, и тоа 63 насто, а 27 насто за
тековните потреби.
Во 2010-та година од капиталните инвестиции
се предвидени јавно осветление, реконструкција на улици и патишта,
финализирање на гасоводната мрежа, изградба на подземна катна гаража,
водоводна мрежа, фекална канализација и речното корито. Дел од парите
ќе се искористи за доградба на градската библиотека, реконструкција на
караулата за Детско одморалиште во козјачкото село Длабочица, изградба
на дел од училиштето „Толи Зордумис“ за настава на албански јазик на
учениците во вишите одделенија и спортска сала во Средното училиште
„Перо Наков“. (С.А.Ј.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=58985F3A9FECED4FBC1CC3AABE3D5206
Edited by Cloverstack - 29-Dec-2009 at 17:51
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#31 Posted: 23-Dec-2009 at 20:16 |
Владата се откажува од дел од приходите за сметка на општините
23.12.2009 13:08
Владата
се откажува од дел од приходите за сметка на општините. Со предложените
измени на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа,
отсега наместо 3 проценти, на сметка на општините ќе се слеваат 4,5
проценти од собраното ДДВ. „Со новите законски измени ќе се зголеми функционалноста на локалната самоуправа. На
овој начин се надминуваат реалните проблеми на општините, особено во
делот на финансирањето“, изјави Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117888
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#32 Posted: 15-Oct-2009 at 03:04 |
се мислев каде да оди ова, и не дека нема каде, туку каде е најприкладно. морам да кажам дека кога ги работеле грбовите по општините изгледа терале како во бурекџилница завиткај-испечи-фрли-исечи, што не е толку проблем доколку ваквите знамиња и не се вееја по јарболи, а да е уште по интересно неретко истите или се избледени или пак воопшто и ги нема уживајте во прелистувањето интересно е кога се на куп http://www.crwflags.com/fotw/flags/mk-munic.html ова некои знамиња од веќе заминатите општини се навстина футуристички симболизам па дури и претеризам 
Тополчани 
Витолиште 
Чегране 
Шипковица 
Оризари 
Мешеишта 
итн.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#33 Posted: 02-Oct-2009 at 21:49 |
Скопјани плаќаат трипати

Четири години по децентрализацијата, Градот никако да најде формула како да си ги собере парите за данок на имот. Една
година решенијата се делеа по пошта, потоа со курири, а годинава дури и
скандалозно - на масички на тротоари среде лето на високи температури.
Според
нивото што почнаа да го воведуваат, в година можеби ќе постават и
касички пред Градски парк, за таму директно да им ги пуштаме парите.
Тоа може да биде и најефикасното решение, бидејќи досега беа истрошени
дебели пари на разни фирми-поштари, кои не си ја завршија работата, а
профитираа.
Скопјани може и да им простат за неефикасноста, оти
на неа се навикнати, но се револтирани од заканата дека за задоцнето
плаќање ќе пресметуваат и камата. Заканата е дрска, оти граѓаните не се
виновни што службите се неинвентивни и не умеат да смислат начин за
ефикасна достава. Излегува дека скопјани, наместо два пати, ќе платат
три пати - еднаш за фирмата што доставува со пари од градскиот буџет и
два пати од свој џеб, за барање на решението и за данокот. Јорданка Ивановска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=63D48B2EE9D87B4EA81E98F0328432F5
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#34 Posted: 25-Sep-2009 at 08:21 |
Објавен прв повик за прекугранични проекти од ИПА фондовите
Програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, која се реализира со парична помош од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), деновиве им е на располагање на општините што го опфаќаат овој пограничен регион. Министерството за регионален развој и урбанизам на Бугарија, во соработка со нашето Министерство за локална самоуправа, го објави првиот повик за доставување на проектни предлози кои треба да се однесуваат на две приоритетни области - економски развој и социјално зближување и подобрување на квалитетот на живеење. Главна цел е подобрување на способноста на локалните и регионални власти да развијат и реализираат заеднички проекти во рамките на пограничниот регион.
Вкупниот буџет од оваа програма за периодот 2007-2009 година изнесува 7,8 милиони евра од кои за првиот повик се предвидени 4,2 милиони евра. Право на аплицирање имаат локалните самоуправи, сите јавни установи и невладини организации, кои мора да имаат партнер од соседниот пограничен регион, а вредноста на поединечните проекти, кои ќе се финансираат треба да биде од 10 илјади до 300 илјади евра.
За овие пари може да аплицираат 27 општини од североисточниот, југоисточниот и источниот регион во Македонија и 23 општини од Ќустендилската и Благоевградска област во Бугарија. Крајниот рок за поднесување на проектните предлози е 14 декември.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7137F8E2E3FF014CBE055A79E0A5B0C7&arc=1 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#35 Posted: 23-Sep-2009 at 18:43 |
СОПСТВЕНОСТА Се УШТЕ НЕ Е РАСЧИСТЕНА
Државното земјиште ќе ги скара општините
Решавањето
на имотнои - правните односи и разграничувањето на земјиштето меѓу
општините ќе бидат жешки костени во рацете на општинарите откако
државното земјиште ќе премине во нивна сопственост. Упатените се
согласуваат дека преминувањето на државното земјиште во општинско е
добро за олеснување на процедурата околу вадење градежни дозволи, како
и за привлекување на инвеститорите. Сепак, тие се плашат дека во некои
случаи, каде што се уште нема доволно прецизирани општински граници, ќе
се јават големи компликации. Според нив, особено може да биде сложено
при разграничување на земјиштето што е во сопственост на скопските
општини и тоа што е на Град Скопје. Во стратегијата што се подготвува
во соработка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
и на Министерството за транспорт и врски нема да биде јасно определено
кој дел од градежното неизградено земјиште ќе му припадне на Градот
Скопје, за што дополнително ќе се разговара. Во ЗЕЛС смируваат дека
општините имаат капацитет да се соочат со проблемите што може да
настанат со менаџирањето на земјиштето. - Во Министерството за
транспорт и врски имаат четирии - пет луѓе, кои се соочуваат со имотнои
- правните односи, во општините тие се, сигурно, повеќе и“вели Душица
Перишиќ, претседателка на ЗЕЛС. Во општините велат дека од голема помош
им е завршувањето на процесот на денационализација, кој бил клучен за
да може да се оствари преминот на земјиштето во општинска сопственост -
Излегувањето на крај со земјиштето ќе биде дополнителен предизвик за
општините. Сега нема веќе нови барања за денационализација, а точно се
знаат локациите и на тие што не се решени и“вели Зоран Заев,
градоначалникот на општина Струмица. Тој додава дека не очекуваат да
има проблеми со границите на општините, кои, според него, се прецизно
определени, а горе и“долу секоја општина има изработено урбанистички
план, со исклучок на неколку населени места, кои имаат само
урбанистичка документација. - Евентуално може да се јави минимален
проблем со границите, но тоа би било во еден процент од вкупните
граници на општините и“вели Заев. Дел од градоначалниците се плашат
дека додека земјиштето да помине во нивна сопственост, државата преку
јавните аукции ќе ги продаде сите големи и атрактивни локации. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1820&ArticleID=122307
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#36 Posted: 23-Sep-2009 at 09:57 |
Значи локалните општини се финансираат се уште од буџетот на Р.Македонија, значи дека тие во најголем број ги немаат конституирано органите кој влагаат во состав на општината, руралните општини најчесто имаат по една или две подрачни единици како што се единица за урбанизам и едвај единица за школство, по некое јавно кумунално претприатије и другото е мешавина на некакви административни работници(референти, правници, секретарки,дактилографки,шовери без коли  ) кога ваквите општини ќе бидат спремни да да ги примат надлежностите кој што треба од сите министерства да прејдат на локално ниво тоа навистина е незнам (ако имаме 13-14 министерства тогаш во секоја општина треба да има исто толку 13-14 подрачни единици на тие министерства сместени во локалните општини), на тој начин општините ќе можат да крееираат развојна политика односно сопстевени приходи и свои трошоци и со тоа да остваруваат планови за развој на општината.Сега ако некој градоначалник сака да гради некаов мост треба да донесе план и одлука на советот а по парите да трча по министерствата или некакви невладини организации, а ако и се успее во тоа најчесто таквиот мост ќе биде 7-8 пати поскап од колку приватна фирам да прави свој мост за нејзини потреби, затоа што парите од ваквите проекти се разнесуваат на многу заинтересирани страни(да небиде како вицот пола-пола).
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#37 Posted: 22-Sep-2009 at 23:50 |
Македонија има 84 општини од 2005 година навака. Вклучувајќи и една "виртуелна" општина градот Скопје како институција, тоа се 85 единици на локална самоуправа. Со старата поделба пред 2005 имаше 123 општини.
Инаку го делам мислењето дека сегашната територијална поделба е далеку понелогична, конфузна, резултат на политичка криза и дефинитивно и треба промена. Колку би имале воља да го решиме тоа зависи од политичката култура и желбата работите да ги гледаме од функционален аспект него ли чисто од политички.
А да не збориме пак за ингеренциите и средствата со кои располагаат општините. А па понекогаш во некои крајни случаеви општините можат да излезат поголем душман на државата и граќаните одколку нивен сервис. А во голем дел влијае и тоа што кај нас општините се сваѓаат малтене како некој вид на полиси и ние какоопштество воопшто не сме созреани до тој степен да вистински знаеме да ја кознумираме локалната самоуправа. Секако централниот начин на управување воопшто не го бива но морам коченчно да преминеме во себедуцирање што значи општина и проактивната улога во нејзе. РТогаш ниту ќе ни биде проблем организацијата зашто ако се има воња да се решаваат некои проблеми можат многу лесно да се решат.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#38 Posted: 22-Sep-2009 at 22:18 |
Дали бројот на сите општини во Македонија е преголем? Ги има 95 или 96 колку ??. Ако во сите нив има во просек по 40 вработени значи имаме 4000 административни работници и на нив плус 1300-1500 советници кој се бираат на избори. Прашањето е дали треба да се намали овој број на општини и каде. Руралните општини едвај и да функциоираат, можеби некој од нив треба да се припојат кон поголемите градови. Пример Општина Брвеница треба да се припои кон општина Тетово, на тој начин ваквите општини можат подобро да функционираат. Словениа едно време имаше преку 130 општини па ги намали незнам на колку. Сега за сега во Хрватска има најголем број на општини преку 400, 2-3 села општина. Што се однесува до Градежното земјиште па и сега некој општини бес овој нов закон со одлуки на советот некои земјишта ги прогласуваа за градежни и ги доделуваат на одредени фирми и поединци а овие требаа само одредени документи за дозволи за дејнос на работа да извадат од менистерството за транспорт и врски и потоа да почнуваат со градба. Е сега дали парете за документацијата ги уплачаат во министерствата или во општината на државна смета незнам. Можеби со овај закон подетелно ќе ја уреди оваа област а колку што знам на законот му се потребни и под законски акти кој подетално ги уредуваат прописите кој ги дава законот. За ваша информација ученик сум во Теовската гимназија  .
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#39 Posted: 22-Sep-2009 at 12:34 |
ПО НОВА ГОДИНА ПОЛЕСНО ДО ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА
Државното земјиште ќе премине во општински раце
Елена Костовска
Од
први јануари в година треба да почне постапката за преминување на
земјиштето од државна во општинска сопственост, се предвидува во
стратегијата за измена на законите што ја подготвува Министерството за
транспорт и врски. Ова беше најголемата пречка за добивање градежна
дозвола кога инвеститорот нема документи за сопственост на земјиштето и
треба да го купи од државата. Со годинашните измени во Законот за
градежно земјиште, општините ја добија надлежноста за издавање
документи по градежните постапки што, според инвеститорите и
градоначалниците на општините, ја скратило постапката за добивање
дозвола, но само во случаите кога инвеститорот е сопственик на
земјиштето. Градоначалниците се надеваат дека новата стратегија ќе
го реши проблемот со изградба во општините. - Не можеме да изградиме
улица ако патот поминува низ приватно земјиште, кое зафаќа повеќе од
300 квадратни метри. Се до 300 квадратни метри приватно земјиште може
да го експроприраме со пари, но над 300, сопствениците бараат
компензација со земјиште, а општината го нема за да им го даде. Во тој
случај, општината најчесто го узурпира земјиштето, а потоа се тужи со
сопствениците и ги губи споровите и“вели Зоран Заев, градоначалник на
општина Струмица. Тој додава дека сложената процедура за отуѓување
на државното земјиште ги одвратува инвеститорите и го забавува
економскиот развој. - Ако општината е сопственик на земјиштето
инвеститорите ќе треба да се обратат во одделението за урбанизам и тука
по поедноставена постапка ќе го купат земјиштето и ќе добијат дозвола
за градба. Така функционира цела Европа. Сега кај нас за отуѓување на
земјиште треба човек да се окози, да вади дозволи од безброј
институции, што може да трае со години. На крај инвеститорот или се
откажува или оди да инвестира во Бугарија и“вели Заев. Според
градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, дополнителни
проблеми при вадењето на дозволите за градба се судските спорови и
имотнои - правните односи, како и можноста секој да се жали на
одлуката, што уште повеќе ја усложнува процедурата. - Пред една и
пол година е донесен детален урбанистички план за изградба на населба
во Злокуќани. Јавно прашувам зашто до денеска не е удрен ни еден копач,
а има голем број заинтересирани и“вели Јакимовски. За фирмите најголем проблем претставува честото менување на законите за добивање градежна дозвола, кои им создаваат проблеми. -
Со измените во Законот за приватизација и за закуп на градежно земјиште
во државна сопственост, колективните станбени објекти не беа предмет на
приватизација. Поради тоа, не можевме да градиме и два месеца бевме во
мирување и“велат во градежната фирма „НЃ - инженеринг“.
Остануваат 20 проценти за централната каса
Откако
ќе премине во општинска сопственост, како и досега, 80 проценти од
парите од продажбата на државното земјиште ќе одат во локалниот буџет,
додека 20 проценти ќе се слеваат во централната каса. - Целта е
побрзо да се расчисти со администрацијата околу земјиштето заради
привлекување повеќе инвестиции. Постапката ќе се сведе на една
процедура, јавна лицитација на земјиштето, па инвеститорот веднаш ќе
знае дали е слободно за купување – вели градоначалникот на општина
Струмица, Зоран Заев. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1819&ArticleID=122241
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#40 Posted: 27-Jul-2009 at 01:30 |
Менаџмент-план ќе го спасува Охрид
Од новиот менаџмент-план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и на околината

Нов план за менаџирање на Охрид ќе биде донесен до крајот на
годинава, за единствениот регион од земјава заштитен од УНЕСКО како
светско природно и културно наследство. Од новиот менаџмент-план ќе
произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се
решат проблемите на Охрид и околината, објаснува Лидија Топузовска,
генерален секретар на националната Комисија на УНЕСКО.
-
Постојано сугерираме за проблемите што ги има Охрид. Но, се донесуваат
одлуки на ниво на Влада, на локална самоуправа. Охрид е многу
комплициран, бидејќи се измешани ингеренциите - вели Топузовска.
Според
неа, за градот и за регионот надлежни се министерствата за култура и за
животна средина и две управи за заштита, на културното и на природното
наследство. Територијата е под ингеренции на три општини. Топузовска
вели дека не може да се занемари туризмот, градењето, генералниот и
деталниот урбанистички план на градот. Во оваа сфера е надлежно
Министерството за транспорт и врски.
- Кај нас отсекогаш
постоел антагонизам меѓу градењето и заштитата. Ние секогаш сме за
заштита на старите јадра, но можеби Министерството за транспорт има
поинакви согледувања - вели Топузовска.Одредени ингеренции врз
заштитената зона има и Министерство за наука и образование преку
Хидробиолошкиот завод кој го контролира квалитетот на водата. За
културното наследство, пак, се грижи Заводот и музеј од Охрид.
-
Многуте компетенции и институционални преплетувања го прават Охрид да
биде специфичен и тежок за управување. Состојбата дополнително се
усложнува бидејќи УНЕСКО го штити Охрид и како природно и како културно
наследство . Во светот има вкупно 25 такви локалитети. Поради тоа го
подготвуваме менаџмент-планот за Охрид - вели Топузовска.
НОВИ ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ
Охрид
е запишан на листата на УНЕСКО како светско природно наследство во 1979
година, а наредната година е впишан и како локалитет со светско
културно наследство. Македонија има обврска да подготви менаџмент-план
за регионот од 1998 година кога официјална мисија на УНЕСКО го посетила
Охрид. Дотогаш секоја земја давала различни извештаи за своите
локалитети што се под заштита на светската организација.
-
Оттогаш има поинакви критериуми, се бараат поинакви работи, според нови
стандарди. Секоја земја во својот извештај треба да наведе мапи,
утврдени граници на заштитените зони, квадратура, хектари...Накратко,
сите треба да си ги „средиме“ своите имоти - објаснува Топузовска.
Охрид
како природно-културен регион го разгледуваат две комисии на УНЕСКО, и
за природно и за културно наследство. На минатогодишната сесија на
Комитетот за светско културно наследство, која се одржа во Квебек,
комисиите немале многу забелешки во доменот на културата во досието за
Охрид. Но поради други недостатоци документот бил вратен.
- На
годинашната сесија што се одржа во Севилја двете комисии го потврдија
нашето досие. Беше донесена одлука да се потврдат границите и
бафер-зоните на Охрид како заштитена локација. Минимално ги смаливме
границите за 10 отсто. Понекогаш е подобро да „стегнеме“ повеќе, но тоа
не е дозволено. Комисиите ја усвоија модификација на границите на
Охридскиот регион, но ни укажаа да ја интензивираме соработка со
Албанија, за да може и тој дел од Охридското Езеро да се запише на
листата на УНЕСКО - објаснува Топузовска.
ОДГОВОРНОСТ НА АЛБАНИЈА
На
ниво на министерства и на национални комисии на УНЕСКО, Македонија уште
лани контактирала со Албанија за им помогнеме во целосната заштита на
Охридското Езеро, особено на природното наследство.
-
Културата е интегрален дел на Албанија, но водите и бафер-зоните се
заеднички. Не може да имаме квалитет на водите и на се' друго, ако
другата страна нема обврски според конвенциите на УНЕСКО - вели
Топузовска.
Таа додава дека Албанија засега позитивно реагира.
Лани во февруари министрите за животна средина на двете земји се
сретнале и потпишале билатерален договор за соработка, конкретно за
Охридското Езеро.Според Топузовска, од менаџмент-планот ќе потекнат
акционата и годишните програми за приоритетите на Охрид и за
постојаниот развој на Охридскиот регион.
- Од манџмент-планот
ќе произлезе и посебниот закон за Охрид, кој мисијата препорачуваше да
се направи. Порано навистина имавме објективни причини што не спречуваа
во работата. Немаше закон за култура, ниту за заштита на природата.
Денес работите се поинакви, а менаџмент-планот е во процедура во
Владата - објаснува Топузовска.
Манџмент-планот во кратки црти
ќе ги евидентира состојбите, проблемите и целите и начините како да се
решаваат. Ќе бидат опфатени различни аспекти, а ќе го разгледуваат
институции на државата и на Владата, локалното население, медиумите,
невладиниот сектор. Менаџмент-планот е обврзувачки документ, но со него
полесно ќе знаеме како да се справиме со проблемите што го мачат Охрид
- вели Топузовска.
УНЕСКО ја штити и пастрмката
И пастрмката е заштитена од УНЕСКО, објаснува Лидија Топузовска. -
Заштитени се сите видови на флора и на фауна, ендемски видови, алги што
се наоѓаат во и околу езерото и на Галичица. Сето тоа е под заштита на
УНЕСКО - објаснува таа. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=088BC1E93412F24BBF7CEFFD0E0F09FF |
|
 |