![]() |
![]() |
![]() |
[А3] Охрид * - Делчево * |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Author | |
Bakica ![]() Groupie ![]() Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
![]() ![]() |
Jas go vozev neodamna delot od Kocani do Delcevo i isto prijatno sum iznenaden od patniot pravec iako mnogu loso e toa sto seuste ima mnogu odroni na patot (nesto sto ocekuvav da se sredi).
Isto nemozam da razberam zasto se ostaveni tie 2-3 km od stariot asfalt, koga vekje rekonstuiras 20 i kusur km nisto ne menjaat tie 2-3 za da bide celiot pravec nov. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Си можел некоја фотка плус да направиш
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Денес, вртевме голем круг од Виница преку Делчево и Берово и назад до Виница со точаци, па да обновам во дискусијава за овој пат.
Делницата Кочани-Македонска Каменица-Делчево е во целост завршена со обнова и е изведена доста солидно. Оградите и потпорните ѕидови што се спомнувани погоре се завршени, патот е чист, без ниедна дупка, буквално спие. После браната Калиманци има останато на две-три места делови со стар асфалт, но се во добра состојба. И помеѓу Мак. Каменица до Делчево е се завршено и добро направено. Знам дека ние лани баш поради овој дел го избегнавме овој дел со кола и отидовме преку Виница и селото Бигла, па за да излеземе во Делчево. Чисто да осетите каков е патот, еве една фотка од сретселото во Истибања, буквално цело време е ваков ![]() П.С. Почнато е со гребење на асфалтот од Делчево до граничниот премин. ![]() |
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
ИНТЕНЗИВНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска извршија увид во градежните работи на магистралниот пат Прилеп-Ресен, во делот на обиколницата над Битола, како и на реконструкцијата на водоводната мрежа во селото Лавци. Особено беше потенцирана динамиката на изведба на градежните зафати, кои наместа се изведуваат и пред зададениот рок. ![]() ![]() |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Каменица до пред Делчево се имаат многу работи променето од последниот мој пост.
Скоро целиот пат е обновен освен каде што беа критичните одрони, таму се санираат одроните, се градат потпорни ѕидови и веројатно и таму наскоро ќе го видиме последниот слој асфалт. Патот е убав и удобен за возење (колку се може бидејќи знаеме колку и какви кривини има) . Останува банкините да се заменат што се гледа дека се извадени на многу места и чекаат нови, а хоризонтална и вертикална сигнализација повторно ни на повидок ова мора под хитно да се решава. Малите замерки за Делчево до Звегор стануваат огромни ,патот е скоро крш, останатиот дел до ГП останува со мали замерки кој се поголеми во обратен правец поради нерамнините од камионите. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Штип - ГП Делчево
Патот е леле леле, од Штип до Кочани да речеме мн добар, Кочани до Каменица добар накај солиден, а Каменица до Делчево никако опуштање, некој делови се ново обновени без никаква сигнализација ни вертикална ни хоризонтална, додека некој делови се крш колата да си ја оставите, на секој чекор одрони ,од кој 2-3 огромни поради кој е премостен патот . Делчево за градскиот булевар немам коментар, иако е само 2-3км е во многу лоша состојба. Делчево до ГП Делчево е мн добар накај одличен, со мали замерки на почетокот и во меѓувреме каде што има попуштено. |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Вчера ги имаа повлечено семафорите на делот Охрид - Ресен - Битола, се патуваше скоро нормално ~ 55 мин., освен на делот после с.Лева Река до Јанковец/Избиште каде е оставено само чакал.
За разлика од претходниот ден кога патувале и двојно подолго време.Инаку, добар дел од бариерите и знаците со известувања се истуркани, дури и на самите ленти...возилото пред мене застана на еден дел после с.Крушје па ги врати четири такви помеѓу двете ленти, да не мораме да возиме преку нив ![]() Edited by Тркало - 01-Aug-2016 at 10:51 |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Аха , значи сепак од битола до охрид нема во целост да биде сменет асвалтот ? ок како и да е и ова што се прави нека биде добро направено.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Нема проширувања. Само нов асфалт. Во битолскиот дел реновирани се 7 км, од Лукоил до клучката Ротино. Сеуште не се пуштени во употреба, не сум сигурен дали скроз завршија.
|
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
И сега кога ќе се заврши со работа , од каде до каде комплетно ќе се вози по нов пат ? мислам на реконструкција на асвалт , на проширен дел ...
|
|
![]() |
|
Могли ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 21-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
Од излезот на с. Јанковец па се до излезот од с. Избишта има нов асфалт. За обележувањето и сигнализацијата нема да коментирам бидејќи патот е во изградба. Само можам да кажам дека на целата делница на кој се работи имаше поставено знаци дека патот е во изградба.
[13] ![]() [14] ![]() Следниот дел од патот ќе го поделам на три делови: - Првиот дел е од излезот на с. Избишта каде има поставено семафор и сообраќајот се одвива во интервали. Патот е со земја и чакал неколку стотини метри. [15] ![]() [16] ![]() - Вториот дел е воедно и најлошиот на целата оваа делница. Почнува по завршувањето на земјениот пат и трае до вториот семафор кај с. Горно Крушје. Иако е асфалт, патот е полн со дупки и не се вози повеќе од 40-50km/h. [17] ![]() - Третиот дел е кај с. Горно Крушје каде се наоѓа и вториот семафор. Дел од тој пат од неколку стотини мерти (кој е подолг од првиот) се вози по асфалт, дел по земја. [18] ![]() [19] ![]() [20] ![]() (Интересното кај овој семафор е тоа што од спротивна страна кога се доаѓа од страната на Охрид на семафорот пишува дека црвеното светло трае 6 минути, но сепак сите поминуваа на црвено, па и јас поминав ![]() [21] ![]() Од с. Горно Крушје па се до планинскиот превој Буково има целосно нов асфалт кој е во одлична возна состојба. Забележав дека се поставени по 2 слоеви дебел асфалт. [22] ![]() [23] ![]() [24] ![]() Од планинскиот превој Буково па се до Охрид патот е неодамна реконструиран. Асфалтот е одличен, хоризонталната сигнализација обновена, додека вертикалната не е. Проблемот на оваа делница е во тоа што е премногу тесна, има многу кривини и нема трета лента. Така што при само еден камион на патот се создава долга колона, бидејќи има многу малку места каде што може да се направи безбедно претекнување. [25] ![]() [26] ![]() [27] ![]() Се на се, денес, од Битола до Охрид ми требаа отприлика 1 час и 45 минути. |
|
![]() |
|
Могли ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 21-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
Денес патував од Битола до Охрид и спротивно. Па еве на кратко како изгледа патот.
Од Битола па до клучката за с. Ротино се вози по стариот пат. Јас би го поделил на два делови: - Првиот дел од Битола до с. Братин Дол каде асфалтот е катастрофален, хоризонталната сигнализација едвај се познава, а вертикална нема. [1] ![]() [2] ![]() - Вториот дел од с. Братин Дол до клучката за с. Ротино каде асфалтот е релативно нов, без дупки но со добар дел испакнатини и вдлабнатитни. Хоризонталната сигнализација е добра, а вертикална нема. [3] ![]() [4] ![]() Од клучката кај с. Ротино повторно се вози по магистралниот пат и се до м. в. Бела Чешма (41°04'08.7"N 21°10'17.1"E) патот е добар но со крпеници. Хоризонтална и вертикална сигнализација добра. [5] ![]() [6] ![]() Од м. в. Бела Чешма па се до тука 41°03'55.4"N 21°07'08.9"E патот е реконструиан пред повеќе години така што е во одлична возна состојба. Хоризонталната сигнализација е добра, а вертикалната релативно добра. [7] ![]() [8] ![]() Од ова место, па се до м. в. Макази коловозот е релативно лош (има многу нерамнини), исто како и хоризонталната сигнализација, додека вертикалната е нешто подобра. [9] ![]() [10] ![]() [11] ![]() Од м. в. Макази па до Ресен патот е добар. Сепак, патот низ Ресен е своја приказна. Доволна е една слика. [12] ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Делот од Битола до Ресен е тест за вашите нерви - и среќа
. На четири места се поставени семафори (поточни три, едно е ‘рачна‘ регулација) и врвот е со нивното подесување. Не знам дали е временски или на друг начин наместено, верувам некој поупатен би знаел. Ајде да е првото, ама не верувам дека после едно до две возила и цела колона поминуваше на црвено од обратниот правец?!(конкретно клучката кај с. Крушје, пред успонот за Буково, на два пати т.е. во двата правци вакви пропусти). Го поминуваш конечно делот каде стоел семафорот во обратен правец - и таму зелено светло! И кога мислиш дека го достигнале врвот - уште едно изненадување, возење по сеуште неоладен асфалт (сабајлето околу 9 не беше поставен, некаде околу 16:30 уште чадеше).И после очекуваме некаков квалитет на патишта... ![]() Edited by Тркало - 25-May-2016 at 15:28 |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Од денеска и официјално започна реконструкцијата на патниот правец Кочани-Македонска Каменица, денес заопчнаа со санирање на некои од косините најверојатно ке има измени во трасата, како ке биде ке видиеме. Изведувач е Гранит.
|
|
![]() |
|
krisp ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2014 Location: Ресен Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
ке се реконструира и тој дел од ресен до депонијата буково но за жал без обилконаци околу Ресен |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Со оглед на тоа бидејќи реконструкцијата е од 33 до 38 километри сигурно ќе биде опфатен и тој дел кај клисурата и треба некаде да заврши кај селото ракле пред плетвар, а сега од каде се почнати и кој дел моментално се греби не знам ништо детално , само ме известрија дека се работи на А1 веќе неколку дена , некој ако поминал деновите сигурно има видено точно кој дел се греби .... Edited by WolfLeader - 02-Oct-2015 at 22:13 |
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
каде е поточно тоа.....надвор од клисурата некаде кај фариш?
|
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Конечно се почна реконструкција на патниот правец А1 Градско – Прилеп од 26.09.2015 се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км.
![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Секогаш полесниот дел го чепкале отколку потешкиот.Охрид - Кичево место делот кон Стража.Така и Ресен - Битола место Ресен - Охрид.
А за евентуална трета лента или експресен пат - ново сликање.Или две. ![]() |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Оваа делница ја имам возено безброј пати и можам да кажам дека во некои делови асфалтот е во бепрекорна состоба = нула дупки (посветло сиви делови на коловоз), а во некои делови катастрофално лоша состојба крпен по сто пати на несоодветен начин. Што значи кога е правен (рани 80-ти) е различно правен во одредени делови, а колку што знам ова е прва негова реконструкција. Како и да е ова е многу прометен пат и требаше раконструкција. Притоа имам неколку прашања:
Зошто не е предвидено проширување во деловите кај што се две ленти (доколку е исправете ме) што претставува околу една третина од вкупната должина, како и зошто не се размислува за дополнителна четврта лента? Доколку се прави да биде како што треба, цела должина да е експресен пат. Потсетете ме, колку пари беа земени кредит за реконструкција на овој пат (и неколку други помали) пред една година? Тогаш беа најавени многу повеќе пари од колку сега. Претпоставувам тука има некакви измени. Оваа делница што се реконструира е барем двојно подобра од делницата Ресен-Охрид, која е подеднакво важна и прометна. За разлика од овде таму уште се вози по најстариот пат каде максимална брзина е 40-50км/ч, што според мене после патот кај Росоман (Прилеп-Велес) е најлошиот пат во РМ, а никаде не е спомената негова резградба или барем реконструкција. Има ли во оваа држава приоритети? Како што ми кажувале постари луѓе во 80-ти бил направен проект за изградба на пат од Охрид до Велес (преку Битола, Прилеп и Ресен), кој е мошне важен за спојување на југот со северот и истокот со западот на Македонија, а не само за Пелагонискиот регион (да не мисли некој дека сум пристрасен ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |