![]() |
![]() |
![]() |
ЕВН (бивша Градска куќа) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 14> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Штета што не се изградил проектот на Равникар
![]() ![]() извор |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Уште не научија дека ваквите градби треба да имаат огромна импозантна влезна врата, а не едно онакво вратиче.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сега веројатно треба ЕВН да се преселат тука...? Ќе треба со нешто да го покријат изрезбаниот грб на градот бидејќи сега нема некоја голема поента откако се изврши продажбата...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Тргнати се тарабите...
![]() влезот: ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали ќе се оствари желбата на Шилегов да има канцеларија на плоштад?
Нова фасада и можеби нови станари во зградата на ЕВН. Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата. – Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ, информираа од ЕСМ Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ниту ја негираше, ниту ја потврди информацијата дека градската администрација ќе се всели во зградата на ЕВН која се наоѓа на Градскиот плоштад. Дали со ова ќе се оствари желбата Шилегов, да има канцеларија на плоштад останува да се види, бидејќи и тој самиот рече дека за тоа сè уште не е одлучено. – Градот нема донесено одлука за преселба на администрацијата, кога ќе се донесе ќе се знае – истакна Шилегов. Тој најави дека многу брзо ќе биде решен проблемот со фасадата на зградата на ЕВН која се наоѓа во центарот на Плоштад „Македонија“. – Очекувам брзо да биде распишан јавен оглас, ЕВН и ЕЛЕМ ги имаат надминато правните проблеми. Кога ќе се прекине договорот за барокната фасада која беше дел од проектот „Скопје 2014“ ќе може да се започне постапката – изјави Шилегов. ЕВН сакаше да го продава својот дел од зградата и не беше заинтересирана да ја прави фасадата, додека ЕСМ топката ја префрлаше на ЕВН дека со продажбата ги кочи работите со фасадата. Од ЕВН за весникот „Вечер“ изјавија дека оваа зграда ќе биде предмет на продажба и дека во тоа не се сами, бидејќи дел од зградата ја има и ЕСМ па не би можеле да кажат што понатаму ќе се случи со фасадата. Од АД ЕСМ одговорија дека пред десетина дена добиле официјална понуда од ЕВН за продажба на нивниот дел од зградата. – Управниот одбор ја разгледува понудата и до крајот на месецов ќе ја извести Владата како сопственик на АД ЕСМ. Доколку се откупи зградата, тогаш следен чекор е завршување на фасадата. Според нацртите кои веќе се подготвени, стилот нема да биде барок, туку ќе биде во духот на претходната препознатлива стаклена фасада на ЕСМ – информираа од ЕСМ. Според ЕСМ, правните проблеми се однесуваа на тристраниот договор за фасадата меѓу ЕЛЕМ, ЕВН и Бетон, кога реновирањето пред неколку години беше запрено по барање на ЕВН. https://www.vecer.press/дали-ќе-се-оствари-желбата-на-шилегов-д/ |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Моја проценка (Мислам дека сумата е целосно реална)
Парцела = 2300м2 (400 евра квадрат) = 1м Објект = 5+П х 1270м2 = 7620м2 (1400евра квадрат) = 10,7м Паркинг места = 153 (~6000евра по паркинг место) = 1м Вкупно = 12.7м Според призма.бирн.еу, овој објект е платен 20.5 милиони евра ![]() |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
На една од претходните страни наведено е дека објектот има 1200 квадрти во основа плус 5 ката. Значи 6000 метри квадратни? Не се некако многу 2116 еур по квадрат за изградба?
|
|
![]() |
|
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
EVN одамна ја има напуштено зградата на плоштад. Веќе неколку години се под кирија што во Соравија што во други згради.
Со цена од 12,5 мил. Еур во непосредна близина на другата нивна зграда - ова се чини за нив добра зделка ако е искомбинирана со продажба на старата зграда. Ова е Вин - Вин комбинација за нив затоа што ем ќе се отарасат од зградата на плоштад која којзнае кога ќе се реновираше (+ трошоци од 5 мил. Еур за реновирање) ем нема да плаќаат ќирија (помали трошоци за ЕВН), ем новата зграда ќе ја добијат џабе (оти за исти пари ќе ја шитнат старата што не им е во употреба, ем ќе им овозможат на градските џаболебаџи (администрација) да го сместат газот во центар од каде ќе тераат подобра кафе шема. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Незнам зошто би била небезбедна зградата но како и да е верувам дека градот ќе ја среди и ќе се смести во неа.Но останува прашањето со зградата на ЕЛЕМ сеуште нема технички прием,незнам кога они ќе ја напуштат зградата на плоштад или веќе ја напуштиле немам баш инфо околу тоа??
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За ЕВН се шират гласини дека дефинитивно ја напуштаат зградата на плоштад, наводно поради глупостите со промена на фасадата и сл. се нарушила нејзината безбедност, меѓу другото. Е сега, ова се само гласини.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали ова значи дека ЕВН од плоштад ќе се сели тука а градската администрација ќе се смести во зградата на ЕВН на плоштад за чија фасада се најавува дека наскоро ќе биде довршена??
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЕВН ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА ЗА 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА
Компанијата ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека јавната акција за продажба на Градската куќа се одржала вчера, а единствен понудувач бил ЕВН. „До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов. Шилегов на 26 септември најави дека Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски ќе се продава бидејќи немало место за сите вработени туку само за 350 и ‘местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот’. Каде ќе се сели Град Скопје сега откако Градската куќа е продадена Шилегов не кажува. Вели се разгледуваат неколку опции кои ќе обезбедат многу посоодветни услови за вработените и за странките. Градската куќа покрај Вардар почна да се гради во 2011, а при поставувањето на камен-темелникот ексградоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе биде готова кон средината на 2015. За изградба на објектот Град Скопје склучи договор од 15 милиони евра со „Бетон“, потоа склучи и дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада. Идејно решение е на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. https://sdk.mk/index.php/naslovna/evn-ja-kupi-gradskata-kuka-za-12-7-milioni-evra/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Трампа на зградата на „Макотекс“ за Градска куќа!?
Барокната зграда покрај Вардар во интересот на бизнисмените. Газдата на „Макоил“, Мите Јовановски, нема ништо против да ја трампа неговата зграда „Макотекс“ за Градска куќа, или пак за некоја катна гаража, или пак, Градот да му ја плати. Се сретнал со градоначалникот Шилегов, но ништо конкретно не договориле. Шилегов неодамна најави дека во плановите е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“. Изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра Газдата на бензинските пумпи „Макоил“, Мите Јовановски, кој е и сопственик на објектот “Макотекс“, нема ништо против да ја трампа оваа зграда во центарот на Скопје за барокната Градска куќа која ја изгради Град Скопје и сега градоначалникот Петре Шилегов сака да ја продаде. Тој во изјава за весникот „Вечер“ истакна дека дава дозвола градските власти да ја урнат зградата на „Макотекст“, ама соодветно да платат за неа бидејќи станува збор за објект кој е на ептен атрактивна локација и многу вреди. – Ќе им речам, земете ја и платете ја колку што вреди. Јас имам свој проценител за зградата, тие нека си донесат свој. Нека седнат двајцата проценители и нека се договорат за цената – истакна Јовановски. Тој се согласува и да се направи замена – неговата зграда за барокната зграда Градска куќа, но би прифатил градските власти да искомпензираат и со некоја од катните гаражи во градот или некоја друга варијанта. Јовановски рече дека за зградата „Макотекс“ се разговарало за евентуална компензација и со претходното градско раководство, но преговорите пропаднале. – Сметам дека и овој пат нема да се реализира. Со Шилегов се сретнавме еднаш и немаме ништо конкретно договорено. Кој сака да ја земе, нека плати како што е. Ако повторно ме викнат, ќе одам да разговараме. Од моја страна нека не се очекува дека нешто ќе понудам, бидејќи испаѓа дека пошто-зошто ја давам зградата – рече Јовановски. Градоначалникот Шилегов неодамна најави дека во плановите за централното градско подрачје е проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. На трасата на идниот булевар се наоѓа токму зградата „Макотекс“. Според најавите на Шилегов, изградбата на Градска куќа чини 12,7 милиони евра и тоа е почетната цена по која ќе се продава. Зградата „Макотекс“ се проценува на околу 7 милиони евра. (С.Бл.) https://www.vecer.press/трампа-на-зградата-на-макотекс-за-г/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Најлош градоначаник во историјата... Убедливо.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СОПСТВЕНИКОТ НА МАКОИЛ МИТЕ ЈОВАНОВСКИ САКА ДА ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА
Градската куќа на продажба бизнисмените први кои пројавија интерес. Сопственикот на зградата „ Макотекс “ и на компанијата „Макоил“, Мите Јовановски меѓу првите кои пројавија интерес за барокната зграда. Јовановски за ТВ 24 вели дека до сега не постоела понуда на маса за зградата „ Макотекс “ од страна на градоначалникот Петре Шилегов за евентуална компензација со Градската куќа, но вели не е исклучена секоја варијанта. Иако во јавноста се шпекулира дека зградата „ Макотекс“ ќе треба да се компензира со Градската куќа , сопственикот такво нешто негира но е подготвен да ја отспаи зградата за добра понуда. Дека зградата „ Макотекс“ била предмет на серија безуспешни договори зборува и сопственикот Јовановски. Тој вели и со претходниот градоначалник се разговарало за евентуална компензација но истата идеја пропаднала. Па така сегашниот градоначалник Петре Шилегов пред извесен период се пофали дека ќе ја откупи зградата „ Макотекс “ и дека ќе ја урне за да ја прошири улицата „ Даме Груев“ во булевар, па од тука се отвора дилемата во јавноста дали ваквите најавија на Шилегов навестуваат евентуална компензација со бизнисменот Јовановски. Го прашавме и него, тој потврди дека до сега имале само еден разговор со Шилегов но дека се уште начелно ништо не е договорено. На продажбата на Градската куќа жестоко реагираше опозицијата со обвинување дека Шилегов веќе намирисал бизнис интереси, тој пак негираше било какви бизниси врзани за Градската куќа. Инаку, според информациите на ТВ24 проценетата сума на зградата „ Макотекс“ изнесува нешто над 7 милиони евра додека на Градската куќа почетната цена изнесува 12,7 милиони евра. Барокната зграда останува во интересот на бизнисмените. Дали Јовановски ќе успее да се спогоди со градоначалникот Шилегов останува јавноста да дознае. https://www.24.mk/details/sopstvenikot-na-makoil-mite-jovanovski-saka-da-ja-kupi-gradskata-kukja |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Дали некој има информација што е планирано со просториите што ќе ги ослободи НБРМ во постоечката зграда?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Можеби најдобра варијанта ќе беше на местото на старите бараки да изградат нова зграда за потребите на градската администрација.Патем дали со ова продавање на новоизградената зграда значи дека градот и понатаму останува во бараките или ќе се сместат во некоја постара зграда(таква вест проструи на некој од порталите).
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката
По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација. Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во градскиот совет се спротивставија на ваквата одлука и ја напуштија денешната седница, обвинувајќи дека зад одлуката стојат силни бизнис – интереси. Градоначалникот Петре Шилегов нагласи се направени напори за да се заврши изградбата на Градската куќа, но со направените анализи се утврдило дека само три – петтини од вработените можеле да се сместат во овој објект, односно само 352 вработени. Шилегов посочи дека актуелното раководство досега инвестирало 3,2 милиони евра во довршување на зградата, со што се покажува дека немале намера да не ја завршат неговата изградба. – Би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите – рече Шилегов. За спроведување на продажбата ќе биде формирана комисија, која што ќе биде одговорна и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје. Шилегов го посочи и фактот дека „барокната“ зграда има крајно нефункционална внатрешност заради неговата форма. – Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт – истакна Шилегов. https://meta.mk/baroknata-gradska-kuќa-odi-na-prodazhba-vmro-dpmne-protiv-odlukata/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ај па ваљда стокатница ќе направат доволна да им е...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Веќе и официјално е побарано ова на седница на градот...
------------------------------------------------------------------------- Петре Шилегов го продава кучата! ![]() Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради ексградоначалникот Коце Трајановски на кејот на реката Вардар. Објектот, во кој требаше да се сели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра. Почетната цена на јавното наддавање е сумата за која беше изградена Градската куќа, се вели во одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за која денес ќе одлучуваат членовите на Советот на Град Скопје. „Причините за продажба на недвижен имот – Градска куќа е поради недоволниот капацитет на внатрешните простории во кои е потребно да се смести администрацијата на Град Скопје“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов. А. АНТЕВСКА https://www.vecer.press/петре-шилегов-го-продава-кучата/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |