![]() |
![]() |
![]() |
Скопје после земјотресот |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 30> |
Author | ||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
убав е проектов, но мислам дека е малку натрупано за парк и паркот е во ред така како што е сега, одноасно зеленило, патеки и езерца, за мене доволни содржини
но дефинитивно немаше да биде на одмет амфитеатарот и уште некои содржини кои можев да ги приметам тука |
||
![]() |
||
micko_v ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jun-2009 Location: Firenze, Italia Online Status: Offline Posts: 123 |
![]() ![]() |
|
Еве еден проект за изгледот на градскиот парк(новиот дел). ![]() http://www.fotografija.com.mk/images/89231295602747797443.jpg п.с. веројатно се работи за проект од 60-тите Edited by micko_v - 02-Nov-2009 at 15:33 |
||
![]() |
||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|
Само една лопата за Драгче... Зградата на Симпо е прилично постара од “спотов“, ова е негде рани ’90ти снимано...мислам дека настрешниците на последните нивоа те лажат дека нешто се гради, а сигурно не е ни некој објект во позадина затоа што тие згради се па уште постари... |
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
лаже снимката симпо е скалеста и од тој агол личи како да е некоја карабина, а според таблиците и околината (се приметуваат и тендите на мечос) ова е некаде '93/'95 ве поздравија избришаните графити на градежен, сигурно за спотот ги покриле! каков турбо-фолкер снимил урбан спот а, но со макакус(џокси) не си ја може, песната се вика девица а спотот е снимен исто на партизанска но со спачак ~'82 но го нема на нет имаше порано еден куп урбани спотови, само што ретко се наоѓа нешто качено на нет, од постари работи не можам да се сетам на друг освен овој на макакус и оној на токму-така(цацко) на пероните на железничка... од поновите некако по впечатливи од скопски урбан-арт видеа ми беа мозаик со тројца витези и џинот, влатко стефановски со кандилце, ванофас со ветдрим и можеби тамара со дали знам, она со растрчаното чупе |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ау да во право си за таблиците
За Симпо не знам кога била градена, ама сигурно пред 92 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Грешка си таблиците на колата се од нов тип. А за новите таблици не сум сигурен, ама се некае од `92. Главното прашање ми беше всушност кога е градена зградата на Симпо?!
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ова би рекол дека е негде околу 87-88, ама од снимката не сум убеден дека објектот уште се градел.
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Кое време е градна зградата на Симпо?!
Дали ова во позадина на од 1:58 до 2:08 е Симпо во изградба?! |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
отприлика и двајцата сте во право, објектите кај нас можеа да бидат изведени поделикатно, но меѓу обвјектите во светот и кај нас нема голема разлика, кај нас поголем проблем е што објектите се неодржувани
а тоа со комунизмот се сеуште празни муабети, кога веќе тераме таков муабет, мене покомунистички ми се станбените блокови во центаро од четириесетите - пеесетите Edited by zabegan - 17-Oct-2009 at 14:06 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
не бе панкс не споредливо е со нашиве бисери
![]() |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Па тоа едноставно не е точно, затоа и секогаш реагирам. Не еднашка се приложени примери на вакви "недовршени" објекти од западни земји по форумов. Не е проблем пак ќе се приложат. Всушност и на самиот линк кој го приложи од вики има примери/докази за ова што го говорам. Како што реков, секој има право да не му се допаѓаат овие објекти, но да не развиваме погрешни перцепции, конотации и асоцијации за нив. Edited by pbanks - 16-Oct-2009 at 18:19 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
немора да значи дека само во центар тераат бротчиња, може е кварт на познати личности или пак некој историски момент... ~ а за брутализмот мислам убаво потенцирам брутализам до фаза на шалување <=> комунизам, што како појава во европа нема да го најдеш, таму фино се или шаловани со бел цемент ваквите зданија или се фасадирани... значи сивило и подобро речи титоизам - кој од брутализмот кај нас направиле грди зданија, мислам дека споредбата си е на место, ако веќе се бара жиг поадекватна би била етикета како АРПАЏИК БРУТАЛИЗАМ |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Напротив, ова е токму во центарот на градот. Колку што гледаш дури и туристичко бротче проаѓа по каналот.
По милионити пат, како може брутализам да потсеќа на комунизам кога едно со друго немаат никаква врска. Не само што е неточно туку е и неспојливо човек да спои опшествено уредување со архитектонски израз. Постојаното форсирање на истата асоцијација е неточно, дезинформирачко и спрема мене неодговорно со оглед на тоа дека и понеупатени луѓе ги читаат овие текстови и на овој или оној начин развиваат своја перцепција на работите. Значи дури на потсвесен и субјективен начин да постои таа асоцијација комунизам<==>брутализам ако човек знае подобро, треба да ја отфрли. Инаку за вкусови не се дискутира и повеќе од очигледно е дека на голем дел од луѓето овој архитектонски стил не им се допаѓа. Но сепак не ми е јасно како може единствениот сегмент од македонската модерна архитектура кој има некаква вредност и кој бил во чекор со светските трендови во времето кога се градел постојано да биде под таков удар не ми е јасно. Токму на оваа македонска градителска ера треба да сме исклучително горди и да ја ставаме на пиедестал. А интервенции од типот премачкување со бела боја се во најмала рака карикатурални. Се што треба да се направи е да се отстранат сите грди инсталации, доградби, клима уреда, искасапени прозорци итн. Би било добро спрема мене и да се сменат комплетно прозорците на поголемиот дел објекти од ваков тип кои се дотраени. Ако зборуваме за освежување на фасадата сосема доволно е да се искористи боја каква што е користена на бетонските делови од ГТЦ која го задржува изгледот на суров бетон но сепак дава нов сјај. |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
ваков формализам од типот на структурален функционализам или функционален структурализам е нормална појава за секое колективно живеење во минатиот век, тука нема ништо спорно, дури и денес не гледам нешто страшно човек да милува ваков минимализам, напротив истиот е во мода но нешто по хајтек. овој кварт посебно добро изгледа како што и сам напомена заради каналот но и беспрекорната чистина и на каналот и на зградите, со се уредниот паркинг за глисери, едноставно, смирено, нема хаос и гужви... а дека е сред град не ми се верува, нешто полево, центарот им е хм! поентата е дека имаат ненормално многу внимание посветено на педантноста и зеленилото, боли глава од степенот на социјализација! кај нас проблем е брутализмот, кој на најгрд начин заглавува до фаза на шалување, а цементот обавезно е црн никако бел, тоа сивило потсеќа на комунизам, додека другиве згради обоениве и не толку, освен ако не се фасадно руинирани. верувам дека НБМ, пошта, железничка и се останато заборавено, доколку се фасадираат или ако ништо друго обојат или измалтарат ќе имаме сосем друг впечаток (само да не затераат некој експеримент) додека овие градски ѕид и се останато доволно е само да се освежат и фасадно и артикулирано рекламно и се ќе си биде на место |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Еве неколку згради во стилот на нашите популарно наречени "комуњарски згради" во сред Копенхаген. ОК каналот покрај нив многу допринесува за вкупниот впечаток но... Еве како совршено пристојно може да делуваат овие згради доколку се соодветно се одржуваат и ги немаат сите оние чирови во форма на разноразни доградби. ![]() Edited by pbanks - 16-Oct-2009 at 14:46 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
добро секогаш се почнува од најосновното најхоризонталното, а потоа се крева погледот и нагоре, џабе убави згради ако фалат капаци од шахти, и обратно бадијала улиците и зеленилото да ги светнеме и ревитализираме, а фасадите да ги оставиме или изедени или ушљакани. сето ова треба да е една сплотена целина, токму како што беше порано, а не импровизација до импровизација. можеби во ред е човек да се правда доколку е килав но кај нас станува збор за колективна и институционална и општествена мрзливост која всушност е просто недомакинлук и ништо повеќе! тоа е тој општествен проблем, на хартија сите закони од европа да ги препишеме, ако ние не изнајдеме одржливи механизми кои тие закони ќе ги спроведуваат бадијала, еве забрането е сечење дрва на тротоар, народ брате цепи на големо, и тоа сред центар, но што се луѓето криви што нема кој и вооптшо да ги предупреди кои обврски му следуваат како жител на одредена општина, ова немора да полага дозвола за живеење но бар да биде запознаен со правилата и нормите, а како да се запознае кога ни на интернет не се работите едноставно достапни ниту пак некому му се дели некаков прирачник, ова бар по куќните совети можат да го направат ако ништо друго. се надевам дека самата децентрализација со време ќе донесе одржлив начин на информирање за и спроведуње на законите на својата територија, во спротивно и во европа да влеземе ние пак транзициски ќе живееме! |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Фактички сам го демантираш својот прв парафраф. Ова е клучниот проблем. Јас Скопје од моето детство го памтам како чист и пријатен град и ретко кој дел ми изгледал сив и депресивен. Точно блоковите кои ги посочуваш (повторно во првиот параграф) можеби не припаѓаат на ул. 11 Октомври, на Кеј 13 Ноември и сл. (не можеби туку сигурно), но многу блоковски населби како Пролет, Мичурин, Карпош, Топанско поле итн беа исклучително пријатни со многу уредно зеленило и со прилилно ред. Ги немаше оние чирови од доградби (разни подкровја, заградени балкони итн). Всушност и во многу западноевропски градови сум видел вакви населби кои постојат и ден денеска но изгледаат совршено. Значи се сложувам фали одржување, фалат деталите... и фали средување на состојбата на духот како што посочува Архитечтоне. Дали постои регулатива дека треба дома човек да чисти? Не, но секако ретко кој живее во свињарник бидејќи е спротивно на здравиот разум. Истата таа свест треба да постои за заедничките површини. |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
јас токму тоа го велам од една крајност во друга! мислам дека ниските предемјотресни згради не е проблем доколку се со живи бои, проблем е што нема ред, нема вклопливост во околина, естетски критериуми ко за во гето, немање префинетост во формите и комбинирање на материјалите... проблем е што не сме стандардизирани воопшто а и онаму каде постојат норми истите се заобиколуваат или импровизираат до максимум, понекогаш мислам дека поеластично толкување на законите од тука дека не се наоѓа и нормално е донекаде да постои низок критеиум со оглед дека сме сардисани од таа транзиција на сите нивоа и на секој можен начин, проблем е што тоа ни стнува норма. не смееме да се правдаме со ова или она, факт е дека скопје и кој било друг град почнува од малите работите да заличува на град, од чистотата преку лантерните до зеленилото, нам овие работи максимално ни се измолкнаа, институциите закржлавеа, и тоа не се должи на беспарицата туку на неодговорноста, нишај врата земај плата... всушност доколку имаш јаки институции и ред ќе има, доколку институциите се млитави и народот ќе биде опуштен, кога ликовите во академијата, по факултетите, во културата, прават зицери што останало со просечна администрација!? но никој не е крив што сме биле најбаксуз општество, и во комунизмот запоставени и во транзицијата максимално отепани (парите од приватизацијата надвор изнесени) и денес во постојан расчекор... и не би рекол тогаш дека беше сиво колку што беше тмурно, имаше неосветлени улици и тоа во центар, излезени како од некој сф филм, имаше радиоактивно зеленило, народ кој не почитува правила, младина која негледа иднина, уметници кои си лечат јавно комплекси, закржлавена атмосфера на секој чекор, среќа менталитетот ни е ведар па немаше многу самоубиства, она знаеме и во нјалоша атмосфера да бидеме позитивно опуштени и од ништо надеж да се извади! она што се смени за сега е културното заживување на градот (позитивни кампањи и отворени манифестации), проследено со еден куп шарени реклами, јасно по децентрализацијата малку од малку општините почнаа да дишат, па и нешто од нешто локално почна да се менува... но сега мора да се исфорсира естетскиот момент ако ништо друго, ако сакаме на почетоков од крајов на транзицијата да земеме залет кој и навистина ќе не однесе во еу. колку што е битно да се запне околу фасадирањето што сега со новиот закон конечно и се уреди, толку е потребно и на самите навики кај народот да се поработи, неможе народ без дозвола да припушта да допушта и распушта во недоглед, институциите мора ред да воведат, но тој ред со двајца без тројца инспектори никогаш нема да стигнат да го воведат а камо ли пак да го одржат, секој мора во и пред својот двор да внимава да нема хаос, туку стандардизирано урбано живеење... во овој контекст позитивно е што го наштимаа законот за казната да може да се намири и преку општествена работа, со што веќе судиите не би требало да имаат проблем околу развлекување на споровите онаму каде ќе се јават, а општинарите ич да не му ја мислат кога ќе казнуваат... |
||
![]() |
||
ArchiTechTone ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 280 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека друго сивило е во прашање. Сите тие сиви градби се градени во време кога “поубаво се живеело“ додека поновиве градби (особено најновите) се турбо шарени. Ете низ центар ги офарбаа старите зградите (околу зелен пазар и црвен крст) ама не знам колку квалитативно се сменија работите.
Транзицискот сивило не е боја тоа е општествен проблем, и само се залажуваме ако мислиме дека шарените згради ќе ни го направат животот поубав. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Макс интересни ти се анализиве. Јас сум некои 8-9 години помал од вас, амам доволно се сеќавам на некое нејасно транзициско сивило, барем го имам фатено доволно. Се сеќавам кога градов немаше една бекатон коцка, ама имавме тротоари искршени до бесвест, кога ќе видевме ново парче урбана опрема се вртевме околу да не не снима некој за на скриена камера. А во голем дел од сивилово е заслужен и нечистиот воздух. Јас живеам во кисела вода и до мене блиску е водно, па колку е бистро водно ми е некоја мерка за колку е чист водухот во Скопје. Се случува два-три пати во годиниата водно да биде бистро како да си отишол некаде на планина или некое швајцарско село, а не во сред град. Е сега ваков ден кога ќе се погоди сивилото и не е толку јасно.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |