![]() |
![]() |
![]() |
Фасади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 165> |
Author | |||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() Edited by macedonia - 17-Aug-2016 at 16:00 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Менувањето на фасадата на објектот „Ибни Пајко“ во она што е направено како фасада е кривично дело во нормална земја и злосторство против културното наследство. Тоа што Законот за културно наследство е променет 13 пати од 2011 година па наваму, првенствено во намалување на казните за уништување на културно наследство, не значи дека некоја друга власт нема да им организира Нирнбершки процес на сите оние одговорни во лудилото што ќе му го направат на „Ибни Пајко“.
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Да. А за клима-уредите си во право, до толку да се нема волја да се наредат барем во еден ред, а не вака хаотично. |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Roletnite...loso...no lesno popravlivo. Vakvi raboti treba da se resavat na kuken sovet ako nesto se menuva da bide toa kolektivno a bi trebalo i dozvola od opstinata da se bara za vakvi raboti.
|
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
![]() Од општината реновирано? |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() ---------------------------------- Кај Сити мол, во Карпош, неодамна обновена ![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
||
Ibni Pajko fasada
![]() |
|||
![]() |
|||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||
Пластичарка е под надлежност на град скопје. Да се прошири булеварот има далеку повеќе приоритет од факегипс.
Да се фатиш по тротуари метар по метар, да си имаш план тоа е поентата. Што? 5 мил за чаир? Никогаш, тука не помага ништо веќе затоа ти кажувам дека важно е барем пластичарка што може да се среди нека се среди но и тоа е толку тешко. Не ми доаѓај со ова она тоа е сепак нешто друго. Пари има, со 5 мил ќе си прошируваш 2 булевари, ќе градиш 2 кружен тек, ќе реновираш тротуари. НАЈМАЛКУ. Нема тука што фа им интересира на градот, градот си зема и од чаир пари и треба да си ја направи својста задача. Треба да има приоритет, а грда шмина нема приоритет пред улици без врска дали се вее таму албанското знаме или не, парите пак одат во скопје а не тирана. Размисли Edited by my Macedonia - 16-Aug-2016 at 10:28 |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Чаир, Сарај и компанија имаат ли градоначалници? Кој е крив за дивјачкото и неконтролирано градење во тие средини? Точно крива е државата но ако државата се обиде да стави ред веднаш имаш проблем на етничка основа. Оди во источна Македонија да видиш My Macedonia сиромашни градчиња но колку толку средени, чисти, со каков таков урбанистички план. Чаир не го перат милијарди евра за да се среди затоа што таму од осомостојувањето па до денес една тула се нема ставено а легално да е. И ајде да видиме во општина како Чаир со толкав број на жители колку данок се плаќа, колку пари се слеваат во општинската каса и врз база на тоа што направила општината за овој дел од градот. Освен менување на имиња на училишта, незаконско поставување на туристички информативни табли каде што албанскиот е на прво место (спротивно на законот), организирање на прослави на албанско знаме и слични активности со кои албанските партии го „хранат„ својот електорат конкретни решенија кои се навистина корисни за граѓаните нема. И токму затоа Чаир и Сарај личат како да се во Индија додека другите општини колку толку се средуваат. Ако можеш да забележиш градот и државата со исклучок на општина Центар која што сепак е репрезент на цела држава горе доле во сите општини инвестираат во булевари и тоа е тоа се друго е работа на општинските власти. |
|||
![]() |
|||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||
Значи пластичарка чека веќе 3 години за проширување и тоа на фази, мостови во лоши состојби,скапани тротуари и ѓубре а овај тера со фасади од 5.6 милиони ЕВРА.
Доста веќе премногу fake, видов пред 1 месец, гипс и тоа можеби 3-4цм еден бокс и ти влегува раката внатре толку. Дај среди го барем влезот кон скопје во другата страна на вардар. И туристи кажуваат скопје се дели се повеќе во дела, добриот и лошиот. Со еден милион реконструираше градочалникот на кичево дехари еден булевар, да ти е мерак да си возиш, ставаше нови корпи за ѓубре, секој цм е одлично изработен. Во скопје пак ќе си најдеш нешто, или рротуариве не се баш добри или нечисти што знам јас. Дај активирај се малку за РЕАЛНИ ПРОБЛЕМИ. па го избркале од хасанбег, нормално нема канализација и инфраструктура а сега ќе јадиш г**вна и се сликаш. Edited by my Macedonia - 16-Aug-2016 at 09:53 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Опааа...
БАРОК И ЗА „ПАЛОМА БЈАНКА“ ![]() И објектот на ТЦ „Палома бјанка“ ќе се преслече во стилот на „Скопје 2014“. Градските власти распишаа оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата. Во огласот е напоменато дека се бара основен проект за реконструкција на фасада на постоен објект во централното градско подрачје на градот Скопје на плоштад „ВМРО“. Од Градот процениле дека за проектот ќе треба да платат околу 7.000 евра. Овој објект е еден од долгата низа згради во центарот на градот што ќе добие стилска фасада. Поголем дел веќе се рефасадирани, а на дел се работи. Неодамна Град Скопје донесе одлука столбови и скулптура вметната во фасадата да има и на зградата на „Технометал“, да се стилизира и објектот на Стопанска комора, а во стилот на „Скопје 2014“ да се преслече и модерната стаклена зграда на Шпаркасе банка кај хотел „Бристол“. Планирано е и некогашната зграда на „Метропол“ на плоштадот „Македонија“ да се „вивне“ за неколку ката, а ќе добие и купола. Нова фасада ќе добие и зградата на „Интекс“ на „Даме Груев“ и објектот во продолжение кон плоштадот „ВМРО“ каде што се сместени Агенцијата за државни патишта, Министерството за труд и социјална политика и други институции. За сите нив веќе се изработени основни проекти. Инаку, обновата на фасадите на терен започна пред околу три години. Првиот бран стилизирани фасади ја фати зградата над „Пелистер“, објектите до неа, онаа над „Тренд“... Во план за рефасадирање се и сите згради што гравитираат кон новиот плоштад „ВМРО“, како и неколку објекти преку Камен мост. Градот донесе одлука да рефасадира и објекти на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а нови фасади се планирани и за неколку згради во Кисела Вода, лоцирани на булевар „Борис Трајковски“. Досега за фасадите се потрошени околу три милиони евра од градскиот буџет, а извесно е дека трошоците ќе растат. Официјално, за годинава, во буџетот на Град Скопје за реконструкција на фасади има наменето 5,7 милиони евра. http://www.utrinski.mk/?ItemID=A434E5C3873FE54F8F9DDFEA364C7672 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
perdiak ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Mar-2014 Online Status: Offline Posts: 106 |
![]() ![]() |
||
Куманово - Се обновува осумкатницата на градскиот плоштад
Осумкатната зграда лоцирана на градскиот плоштад започна да се обновува со финансиска помош на Општина Куманово и Хабитат, кои имаат потпишано меморандум за соработка. Градежните активности се веќе во тек, а денес увид во работата направија градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски заедно со Зоран Костов, национален директот на Хабитат Македонија. Хабитат е организација која работи во рамки на проектот енергетски ефикасни фасади, станарите во осмокатница имаат потпишано договор за кредитирање на фасадата и промена на прозорците во износ од 40.000 евра, општината партиципира 20 проценти поддршка на станарите тоа е околу 8000 евра вкупна цена на некој начин денеска отпочнува со работата прозорците се променети и најкасно за 30 денови ќе биде завршена работата – вели градоначалникот Дамјановски. Според него супштината на проектот е заштеда на електрична енергија, а со обновата станарите ќе добијат нови фасади и прозорци. Ние заедно со Хабитат имаме намера да промениме 5 фасади во градот. Ја користам приликата и да најавам дека овие денови почнува тендерска постапка за реконструкција на занаетчискиот дом, го работиме преку североисточниот регион во висина од 300.000 евра промена на фасада и илуминација, внатрешно уредување. Централното градско подрачје ќе добие, друг лик, друга димензија. Ја користам можноста да се заблагодарам на соработката на Хабитат и упорноста на станарите бидејќи во оваа зграда живеат луѓе кои имаат пониски примања, пензии или социјален статус од пониска сфера, на некој начин договорот траеше долго на на некој начин еве сме на светлото на денот и ќе го реализираме – додава Дамјановски. Според него во идниот период ќе се прават напори за реконструкција на уште неколку фасади во централното градско подрачје, а овие денови, како што рече Дамјановски, издадена е дозвола за завршување на петокатницата. Зоран Костов национален директор на Хабитат Македонија Се работи за огромна програма која Хабитат ја имплементира на територијата на Р.М каде општина Куманово е град кој уште во раната фаза се приклучи и покажа висок степен на разбирање за потребите на граѓаните. Спомена градоначалникот потребата на граѓаните се адресира на тој начин што преку интервенција на енергетски ефикасна фасада промена на фасадата и прозорците се доаѓа до заштеда на потрошувачка на енергија и заштедата од потрошената енергија, односно непотрошена енергија практично се користи за враќање на заемот кој Хабитат Македонија го обезбедува за станарите на конкретната зграда – вели Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија. Процесот на организирање и договарање е комплексен со станарите, но истиот ќе овзможи ново руво на градот и бенефит за станарите. Овде се работи за специфичен вид на проект каде што во инвестицијата партиципираат станарите и општината а средствата на станарите се обезбедени преку заем од Хабитат, додека партиципацијата е со многу ниска камата..рокот на отплата е долг и ратата е доволно ниска за да можат тоа да си го дозволат. Втор дел Само да додадам дека Хабитат Македонија инсистира на функционална а не на естетската страна која не соодвејствува на оригиналниот изглед на зградата, како што таа некогаш била изградена онолку колку што јас го следам проектот знам дека фасадата на зградата ќе се врати во нејзината првобитна состојба само обновена со сите функции кои стандартите за енергетска ефикасност ги бараат – додава Косто. Задоволството од ваквиот проект не го кријат ниту станарите. Од 32 станари имаме 31 кои се влезени во проектот, едниот што остана нема услови за да исполни кредит, меѓутоа тој има кај нотар дека ќе си ја плаќа ратата, задоволни сме што фасадата ќе ја санираме за да не биде некоја жртва, бидејќи веќе паѓа, да не зборуваме за енергетската ефикасност, со средствата сме задоволни ќе ги обезбедиме, оваа шанса ако ја пропуштиме, никогаш нема да ја добиеме да ја направиме и таа да заличи на неѓшто, бидејќи на секоја ваша шпица таа е ударна зграда тука барем да биде нешто убаво – рече Иванчо Герасимов, станар во оваа зграда. Претходно преку истиот проект фасада доби исто така зграда лоцирана на градскиот плоштад. ![]() |
|||
![]() |
|||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Уште една „барокна“ фасада ќе се изведува на улица „Македонија“
Нови 37,3 милиони денари ќе се слеат во фирмата „Бауер БГ“ за менување на изгледот на уште една фасада на улица „Македонија“. Станува збор за објектот со број 40 на централната пешачка зона, за која Градот Скопје го потпишал договорот кон крајот на јули. Градежните работи е предвидено да се завршат во рок од 14 месеци. Засега не се објавени податоци за авторот на „барокната“ фасада, ниту пак податоци за фирмата што ја изготвила проектната документација за објектот. Градот Скопје досега не објавил и дали има согласност од авторот на изворното решение за менување на надворешниот лик на овој објект. „Барокната“ фасада на објектот на улица „Македонија“ бр.40 е дел од поширок проект за целосна промена на постојниот лик на централната пешачка улица. Градските власти пред пет месеци распишаа тендер вреден 220 милиони денари за преслекување на шест згради од улица „Македонија“, кои допрва треба да се работат. Изградена во 1911 година, ова омилено катче на скопјани досега беше симбол за разновидност и богатство на згради од различни архитектонски стилови наследени од XX век. http://www.build.mk/?p=51499 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
CenterCityKid ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
||
Покажи ми каде сум ја бранел гипсотеката на Грујо. Под изговор дека Грујо фрлал пари, значи дека е ок да се фрлаат пари за бангладешкиве згради? Тебе ти се свиѓаат поткровјето, климатизерите, заградените тераси? Во која нормална држава си видел такво нешто? И на ќумбиња на дрва во нормален свет не е дозволено да се грее како што се грее во Скопје, па не видов напор да се заменат ќумбињата. Ти гласаше за СДСМ пред да ти стават за награда стиропор на бангладешката зграда или вети дека ќе гласаш верно штом ќе ти ја направат бангладешката фасада? Како иде трампата? |
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Да се кандидираш за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Како си тргнал со објаснувањето, ќе излезе дека барокните фасади се тоа што му недостига на светот, а не енергетски ефикасни фасади. Како само е тоа возможно? Како може во цел свет да се изведуваат вакви фасади, а овде да пронајде поинакво решение дека барокни фасади на предната страна од објектот се корисно решение за граѓаните. Јас ќе поставам литература овде, ама ќе треба ти да ги поткрепиш и твоите ставови тука. Само да не бидат книги од Ниче Македон! |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||
Хахаххах седи сега..
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Мепсо, хаха. Од подалеку не можеше?
![]() |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 165> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |