build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проширување на бул. Даме Груев

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 20-Nov-2014 at 02:22
Originally posted by zabegan

барам научно објаснување како тоа префрлање на истата сообраќајница со истиот промет на локација оддалечена некои 100 метри, го решава загадувањето?

 
Многу едноставно - Рекорд ќе премине од директно загадување кон индиректно загадување, а Градски ѕид ќе премине од индиректно загадување кон директно загадување.
 
Тоа се вика рокада - досегашното директно загадување се решава со индиректно загадување, а досегашното индиректно загадување се решава со директно загадување. Bash
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 20-Nov-2014 at 01:44
Една работа не ми е јасна, а тоа е како ќе се зголеми протокот кога генералниот капацитет од една улица со по две ленти во правец и една еднонасочна со две ленти се намалува само на една улица со по две ленти во правец.

Edited by mirakuliks - 20-Nov-2014 at 01:44
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 19-Nov-2014 at 19:26
барам научно објаснување како тоа префрлање на истата сообраќајница со истиот промет на локација оддалечена некои 100 метри, го решава загадувањето?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 19-Nov-2014 at 13:27
Проширувањето на Даме Груев го чека извештајот од ИЗИС

Секоја поголема измена на градската патна инфраструктура, особено кога се прави во центарот на градот, мора да биде резултат на сериозно обмислен и испланиран сообраќаен проект, велат експертите.


Со трансформацијата на Даме Груев во булевар голема површина од околниот паркинг ќе се претвори во сообраќајни ленти

Сообраќајно ќе се растоварува центарот на градот

Улицата Даме Груев да стане двонасочна, со четири ленти, и со тоа да ја замени улогата на улицата Димитрие Чуповски. Оваа идеја, чие остварување според планерите ќе значи олеснет сообраќаен проток и која предвидува популарната сообраќајница Рекорд да стане пешачка зона, веќе подолго време созрева во административните бараки во градскиот парк. Стручната јавност нагласува дека секое комплетно ново решение бара претходно точно предвиден и отворен процес за подготвување квалитетно сообраќајно решение за сите засегнати страни.

Помалку загадување

Од локалната самоуправа информираат дека во фаза на решавање е инфраструктурната пречка, зградата на крстосницата со улицата Македонија. Штом ќе се отстрани пречката, во наредниот период се најавуваат и првите чекори.

- Градот го иницираше проширувањето на улицата Даме Груев во булеварско решение, со идеја да се подобри проточноста на сообраќајот на овој дел. Со тоа би се намалиле емисијата на гасови во воздухот и метежите, а ќе се подобри безбедноста на пешаците и моторизираните учесници во сообраќајот. Конкретно, најголемата бенефиција ќе биде за граѓаните што живеат и работат во тој дел, затоа што поради намалените метежи ќе се намали задржувањето на возилата и непотребната емисија на гасови во воздухот - велат од одделението за односи со јавност на градот.

Оттаму додаваат дека ја чекаат студијата што треба да ја изработи Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС), а која треба да го реши проблемот со уривањето на дел од зградата што се наоѓа покрај самата улица. Таа студија треба да биде насока според која ќе почнат првите чекори за изведување на проектот.

Предвидената трансформација на Даме Груев во булевар ќе значи дека голема површина од околниот паркинг-простор ќе треба да го отстапи местото за новите сообраќајни ленти. Во моментот се привршува изградбата на катната гаража „Тодор Александров“, која ќе значи компензација за евентуално „жртвуваниот“ простор што сега се користи за паркирање.

Добар план - успешен проект

Стручната јавност предупредува дека секоја поголема измена на градската патна инфраструктура, особено кога се работи за центарот на градот, мора да биде резултат на сериозно обмислен и испланиран сообраќаен проект.

- И јас лично би предложил да се направи проект за едно вакво решение, бидејќи потенцијално може да има многу придобивки. Тоа би значело растоварување на центарот, проширување на пешачката и зелената зона, особено ако се задржи Димитрија Чуповски како улица, по која исклучиво можат да се движат возила на јавниот градски превоз. Има начини како да се направи тоа за да не се деградира пешачката зона. Тоа ќе овозможи пристапност за граѓаните до центарот со јавен градски превоз, што би било во функција да се охрабрат луѓето помалку да ги користат своите автомобили за движење во градот - вели професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола, кој бил раководител на голем број меѓународни и домашни проекти од областа на јавниот превоз и заштитата на животната средина од загадувања од сообраќајот.

Според професорот, само квалитетен проект може да даде квалитетно сообраќајно решение, што ќе биде балансирачки компромис меѓу интересите на сите засегнати страни.     

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1118141516129&id=14&prilog=0&setIzdanie=23326
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 11-Nov-2014 at 14:08
Цел Центар - пешачка зона: Еве кои згради и тротоари ќе се сечат

Улицата Даме Груев во строгиот центар ќе биде проширена за две коловозни ленти во обете насоки, на потегот од трговскиот центар „Палома бјанка“ до зградата на Собранието. Има 95% напредок во преговорите меѓу градската власт и Мите Јовановски, сопственикот на зградата, која му пречи на проширувањето и чиј дел мора да се урне.

Ќе се сече еден кат.



Зградата, која ќе се урива во еден нејзин дел и ќе биде предмет на обесштетување од градскиот буџет, е седиште на поранешен Макотекс. Се наоѓа на раскрсницата на Даме Груев со пешачката улица Македонија и нејзиниот пасаж му пречи на идното проширување.

- Точно е дека имаме напредок во преговорите, можам да кажам дека 95 отсто од работите се договорени. Останува да најдеме заеднички јазик и за преостанатите. Во секој случај, се уште се е начелно, немаме потпишано ништо конкретно- изјави Мите Јовановски, сопственик на зградата и на компанијата Макоил.

Според градската власт најверојатно ќе одат на уривање на еден кат, конкретно на првиот кат, а остатокот на објектот ќе се држи на потпора под која ќе минуваат автомобилите, пишува Дневник.Таа варијанта е една од трите предложени решенија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), како безбедна варијанта со која нема да се наруши статиката на зградата.Фирмата Гео инг МK изработува нацрт-решенија за решавање на проблемот со оваа зграда.

Сопственикот ќе добие соодветно обесштетување- изјавија од Градот...





http://media.mk/article/49177/cel-centar-pesacka-zona-eve-koi-zgradi-i-trotoari-ke-se-secat
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Nov-2014 at 14:28
СЕ ПОИЗВЕСНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА УРИВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА „МАКОТЕКС“



Се поизвесно е дека улицата Даме Груев во строгиот центар ќе биде проширена за две коловозни ленти во обете насоки, на потегот од трговскиот центар „Палома бјанка“ до зградата на Собранието. Постигнат е значителен напредок во преговорите меѓу градската власт и Мите Јовановски, сопственикот на зградата, која му пречи на проширувањето и чиј дел мора да се урне за да се реализира овој голем сообраќаен проект.

Подолг временски период работата за проектот беше статус кво и немаше сигнали дека ќе се постигне некаков договор меѓу двете страни. Сето тоа ја стави под прашалник реконструкцијата на оваа улица и целата замисла потесното централно подрачје да се претвори во голема пешачка зона.

Ќе се сече еден кат

Зградата, која ќе се урива во еден нејзин дел и ќе биде предмет на обесштетување од градскиот буџет, е седиште на поранешен „Макотекс“. Се наоѓа на раскрсницата на „Даме Груев“ со пешачката улица Македонија и нејзиниот пасаж му пречи на идното проширување.

- Точно е дека имаме напредок во преговорите, можам да кажам дека 95 отсто од работите се договорени. Останува да најдеме заеднички јазик и за преостанатите. Во секој случај, с` уште с` е начелно, немаме потпишано ништо конкретно, но верувам дека и тоа набрзо ќе се случи и ќе го официјализираме договореното - изјави Мите Јовановски, сопственик на зградата и на компанијата „Макоил“.

Фирмата „Гео инг МK“ изработува нацрт-решенија за решавање на проблемот со оваа зграда. Според градската власт најверојатно ќе одат на уривање на еден кат, конкретно на првиот кат, а остатокот на објектот ќе се држи на потпора под која ќе минуваат автомобилите. Таа варијанта е една од трите предложени решенија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), како безбедна варијанта со која нема да се наруши статиката на зградата.

- Сопственикот ќе добие соодветно обесштетување. Интензивно работиме на заокружување на договорот. Работиме на проектната документација за зградата и за новиот булевар - изјавија наши извори од Градот, кои се инволвирани во реализацијата на овој проект.

Проширувањето на сметка на паркиралиштата

Проширувањето на „Даме Груев“ е важно за градската власт, бидејќи до трговскиот центар „Плаза“ се гради катната гаража „Тодор Александров“, а улицата ќе служи за примање на сите возила што ќе гравитираат кон неа. За Градот е уште поважно тоа што е замислена како улица со четири коловозни ленти, која ќе прими дел од сообраќајот од улицата Димитрија Чуповски, попозната како „Рекорд“. Поточно, на „Чуповски“ ќе се забрани автомобилскиот сообраќај и ќе стане делумно пешачка зона, односно по неа ќе се движат само трамвајот и евентуално автобуси од јавниот превоз. Но, за тоа градската власт допрва ќе одлучува и ќе нарачува проект.

Според замислата на Град Скопје, „Даме Груев“ ќе биде булевар со четири ленти, по кој сообраќајот ќе се одвива во две насоки. Моментно улицата е еднонасочна. Новите две ленти ќе се градат на сметка на паркиралиштата пред кулите и зградите на Градски ѕид. Проблемот со возилата на станарите ќе се реши со паркирање во катната гаража „Тодор Александров“, која има две нивоа под земја и седум над земја, со капацитет за 605 автомобили.

Булеварското решение за оваа улица е идеја што е одамна предвидена и со Генералниот урбанистички план на Скопје, но кочница за реализација секогаш беше пасажот од зградата на поранешен „Макотекс“. Замислената пешачка зона на „Рекорд“, пак, е со цел конечно решавање на сообраќајниот хаос, кој со години го оптоварува центарот на градот, го загадува реонот и создава бучава, а автомобилите и автобусите секојдневно предизвикуваат застој. Со реализацијата на овој проект, „Мал ринг“, од Стара чаршија до Музејот на Скопје и од Портата до „Палома бјанка“ ќе биде пешачка зона.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=61802539CD5E4244B15BF2E50AC19061
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.