![]() |
![]() |
![]() |
Железнички станици |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 41> |
Author | |
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Ништо навредливо немало во тоа ословување. Побарајте извадоци од радио и телевизија од пред 60-70 години, нарекувањето "Шиптари" било нормално и произлегувало од тоа што самите луѓе се така нарекувале, со една буква плус де. Исто како што некаде фигурираат како Арнаути, Арбанаси итн. Но дојдоа модерни времиња, јбг.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Шиптари а потоа братство единство😂 абе невидени безобразни луѓе.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Спомен плочата е тргната од пред неколку години кога имаше претходна реконструкција.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Спомен-плочата очигледно нема да се врати гледајќи ја содржината и сигурно се смета за неподобна повеќе.
Edited by ehrlich - 02-Nov-2020 at 19:00 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ТЕТОВО ОБНОВЕНА ЗА ПРВПАТ ОТКАКО БЕШЕ ИЗГРАДЕНА ПРЕД СЕДУМ ДЕЦЕНИИ ![]() По речиси седум децении откако е изградена, железничката станица во Тетово доби ново руво. Таа е целосно надворешно и внатрешно реконструирана, а обновени се и пероните на станицата. „Откако е изградена, на железничката станица само еднаш е интервенирано и тоа за поправка на покривот. Сега со реновирањето е решен долгогодишниот проблем со атмосферската канализација, целиот паркинг простор околу станицата е асфалтиран, направен е пристап за лица со посебни потреби, променет е покривот, обновени се чекалната и билетарницата и поставена е енергетски ефикасна фасада. Обновени се и станичните колосеци, а променети се и дотраените железнички прагови“, изјави Фестим Халили, директорот на ЈП за железничка инфраструктура при Железници на Република Северна Македонија. ![]() Сега треба да се работи на зголемувањето на бројот на возови кои поминуваат низ станицата. Според сегашниот возен ред, возовите на релација Скопје-Кичево сообраќаат само двапати на ден, еднаш наутро и еднаш навечер. Железничката станица во Тетово е пуштена во употреба на 25 мај 1952 година. На нејзината предна фасада стоеше спомен-плоча која објаснуваше дека станицата е изградена со доброволна работа на 52.000 жители од тетовскиот крај и со помош на припадниците на тогашна ЈНА. За изградбата биле дадени 996.832 работни часови, во вредност од тогашни 139.570.480 динари. Со денешната реконструкција, спомен-плочата ја снема од фасадата и не се знае каде е. Халили вели дека не знаел за ова и дека ќе испита кој ја тргнал плочата и каде завршила. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zheleznichkata-stanitsa-vo-tetovo-obnovena-za-prvpat-otkako-beshe-izgradena-pred-sedum-detsenii/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Реконструкција на тетовската железничка станица (од фб)
![]() ![]() ![]() рендери ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Железничките станици во Тетово, Гевгелија и Скопје се реконструираат, патници на станиците нема
Трите железнички станици во Тетово, Гевгелија и Скопје годинава е предвидено да се санираат со финансиски средства обезбедени од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во Тетово во тек е темелна реконструкција на станичната зграда, со која ќе се обноват чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на железничката станица, а предвидена е и санација на фасадата, прозорците и вратите, со што надворешноста на објектот ќе добие нов лик. Од јавното претпријатие во моментов работат и на хидроизолацијата во рамките на главната железничка станица во Скопје, така што конечно треба да се реши проблемот со протекувањето на вода и влагата што се појавуваат во просториите во рамките на Транспортниот центар-Скопје. За изведувач на реконструкцијата на тетовската железничка станица е избрана фирмата „АННРА-ЦЕНТРУМ“ од Мала Речица, додека во Скопје работите ги изведува „Дрво-пром“ од село Мородвис. За изведба на двата реконструктивни зафати се издвоени финансиски средства од околу 430.000 евра. Дополнителни финансии се планирани и за доградба на објектот на железничката станица Гевгелија, која е влезена во годинешната програма за работа на Јавното претпријатие, но за овој градежен зафат неодамна пропадна распишаниот тендер за избор на изведувач. Градежните работи на гевгелиската железничка станица ќе отпочнат штом се избере изведувач. Во меѓувреме, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура склучи договор за чистење на главната железничка станица во Скопје, како и на железничките станици во Велес, Тетово и Скопје-Товарна. Со склучениот договор со фирмата „Стед-комерц“ од околу 11.500 евра треба да се стави крај на нечистите тоалети, чекални, билетари и останати простории на овие железнички станици, за кои патниците голем број пати реагираа во минатото. И додека од ова јавно претпријатие работат на создавање на минимум услови за нормално патување на граѓаните со воз, на железничките станици во земјава има сè помалку патници. Од железничките станици во Тетово лани отпатувале само 3.000 патници, додека гевгелиската станица во 2019 година имала 21.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Скопје со воз во текот на 12-те месеци лани патувале само 245.000 патници. Причина за ова е малиот број на возови што сообраќаат во земјава, па така на релацијата Скопје-Кичево-Скопје годинава сообраќа само еден пар возови дневно, додека меѓу Скопје и Гевгелија има два пара патнички возови во едно деноноќие. https://meta.mk/zheleznichkite-staniczi-vo-tetovo-gevgelija-i-skopje-se-rekonstruiraat-patniczi-na-staniczite-nema/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Оваа станица кобајаги беше реновирана 2014-та. Уствари беше тогаш само окречена и од фасадата се тргна еден политички неподобна табла со еден збор што денес помалку се користи, а порано бил колоквијален израз за една етничка заедница. Неможам да најдам вест за истата работа од архива.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со 120.000 евра се реконструира ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ТЕТОВО
![]() Железничката станица во Тетово со реконструкцијата која е во тек, треба да добие комплетно нов изглед и инфраструктура. Јавното претријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ согласно Договорот за јавна набавка на работи објавен на Бирото за јавни набавки на фирма со седиште во Мала Речица за реконструкцијата треба да плати 7.306.558 денари (околу 120 илјади евра) и 1.315.180 денари за данок на додадена вредност (над 21 илјади евра). Предвидени се градежни работи (како и рушење и демонтажна), електричарски работи, термотехнички работи и водоинсталатерски работи. Договорот е потпишан на 20 мај и според обврските, економскиот оператор има 90 дена за извршување на градежните работи и реконструкцијата. Железничката станица во Тетово е изградена 1952 година заедно со тогашното поставување на нова железничка пруга од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. – Поврзувањето на Тетово со Скопје и Гостивар преку денешната пруга почнало во 1951 и е завршено наредната година, со тоа што е изграден објектот на железничката станица. Новата пруга е замена на старата теснолинејка (градена уште од 1916) со нова стандарна поширока железничка пруга, наведува Дарко Гавроски, на својот портал за историјата на Тетово. Од Тетово со воз засега има две линии, една кон Скопје и една кон Кичево. https://vecer.mk |
|
![]() |
|
gorazd ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 551 |
![]() ![]() |
Промоција на реконструираните железнички станици во Велес и Чашкаhttp://www.mtc.gov.mk/promocija-na-rekonstruiranite-zeleznichki-stanici-vo-veles-i-chashka |
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
i vo Bitola ne e pustena vo upotreba, a e gotova
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Реконструираните железнички станици и по речиси три години од завршениот зафат не се пуштени во употреба. Говорам за железничката станица во Демир Капија. Наместо во реконструирана чекална, патниците чекаат воз на перон, во тревникот до станицата, на под пред зградата, на скалите од железничкиот магацин.
КОЛКАВА Е НЕСПОСОБНОСТА ШТОМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ УПОТРЕБНА ДОЗВОЛА ЗА СТАНИЦИТЕ? |
|
![]() |
|
gorazd ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 551 |
![]() ![]() |
Студентски проект за ревитализација на железничката станица во Скопјеhttp://www.design.mk/talenti/nikolovski-revitalizacija-na-zeleznicka-so-murali/ |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Иако железничките станици се реновирани пред повеќе од една година, во сиот овој изминат период, ова го говорам особено за железничката во Велес, не се направи напор објектите да се стават во функција. Сите патници седат надвор за да ги чекаат возовите. Со сила да сакаш да ги отргнеш патниците од воз, ова немаше да го правиш!
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Лоши слики од битолската.
Страната што гледа кон перонот е готова околу самата зграда веќе подолго време, ама сепак карти се продаваа (до Октомври барем, можда се уште е така) во една шупа во распаѓање, залепена за железничката. Тоа што е завршено изгледа многу убаво. Страната што гледа кон улицата, кон градот, е убаво средена до таму до кај што морало, но на 70 см од зградата „тревник“ од раскопана земја, кабли, ѓубре... стварно не знам што треба да се превземи, дали Хан лично со камшик да дојди па да го допази реновирањето до детал... Џабе бомбона зградата ако во гној лежи. Кон перонот: ![]() Кон улицата: ![]() (не знам како да ги ротирам) Патем, не се ли стандардите за боите на таблите на железниците меѓународни? До кај што се имам возено низ Европа, имињата на станиците се бели букви на сина позадина, а кај нас гледам сите табли се со црни букви на бела позадина. Edited by hcitrS - 09-Dec-2017 at 22:16 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Велес
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
бреј песимист, верувам дека кога би имало јавни анкети и дебати, ко што порано бараше сдсм од вмро, дека како точка ќе биде опраена многу брзо со подвозници, Градот може и треба да си дозволи слични решенија, наједноставно би било меѓуградска да ја префрлат кај Пошта а неа да ја дислоцираат некаде кај МТВ, во кој случај кај постојната меѓуградска би ставиле некој градски туристички автобуси и минибуси да би се искористила некако, исто добар хотспот за рент-а-бајк сервис итн. но во тој случај нека припазат бар околу униформноста на дизајнот, па и тоа црната алуминиумска дограма на Пошта да ја офорбаат сребрено во тон со алу-бонд панелите на постојната меѓуградска ... незнам само кога му истекува концесијата на Руле како инвеститор, мислам на 20 години му беше дадена ... за почеток нека здрмаат јако околу хигиената, ако не градот бар општините, иако ова е обврска на градот ко пешачки коридори на булевар во секој случај општина Аеродром има екстра празен простор уште одма да се покаже за ова паркот зад Црквата, и така речиси се попатно од паркови по булеварските страни е стокмено, но да видиме, којзнае може ко реформски наштимани ќе срочат и некоја нова футуристичка фонтана, во кој случај би било корисно да е едноставна а во контекст стилот на Црквата, ех ќе беше идеално ко таква партерно да беше дел и од дворот на самата Црква ... Edited by Zelenikovo - 23-Oct-2017 at 21:43 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() жалосната реалност е што сето ова, освен идејата за денивелација, се лесно изводливи и многу евтини проекти... кои доколку некогаш згрешат да се одлучат да ги реализираат, ќе бидат презентирани како проект на столетието |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
точно, но најпретставителните објекти, пример ко Нова Железничка Станица треба да бидат беспрекорни, во овој случај и отповеќе, бидејќи прв впечаток од Македонија за многумина е оваа точка ... неколку работи пример кои бодат одма очи 1. Хигиената - Кровот надворешно - Плочниците наоколу посебно кај градските автобуски и кај Пошта - Вецето во автобуската - недостаток Корпи за селектиран отпад 2. Клупи - нема доволно нит на преоните на железничка а не пак околу железничка, конечно би требало да има и на приодите до меѓуградска и кај градските постојки, иако тука проблем би биле велосипедските патеки кои тука заради ова но и заради проточност би вило корисно да се во средина на булеварот, можеби како тесно грло се до НБРМ ... исто би било логично и жардињерите зад Црквата да се покријат со дрвени клупи односно талпи исцело а каде ко за беља нема нит една корпа за отпадоци исто п лус тука во овој "парк" можат во овој контекст општински да се искористат гаражните вентилациони канали (дел од нив сега алу покриви) за општински рекламни паноа со оглед неопходноста од материјалистичко-сексистичка цензура заради новата Црква ... дури паметно би било такви паноа да се од информативен карактер за туристи околу знаменитостите на градот, но освен пешачкиот коридор од кај семофароите до таму друг нема со оглед дека средишните се затворени со оградата на Црквата а на која кога веќе ја има не би било лошо ко таква бар пејсажно да се достокми ... ќе беше идеално да останеше оригиналниот проект на а.с. Лелелеле каде оградата наместо бетонска беше предвидена само симболично како ниска жива ограда колку да се отцртаат границите на маркичката која сега ете е баш импровизација во однос естетскиот момент на околината и цела визура сеопфатно во тој дел 3. Паркинг и такси постојки - тука и на двата паркинга би било логично да е дозволено само скутери и точаци, додека таксистите би требало да ги дислоцираат внатре кај пероните односно спроти нив каде сега има паркинг за возила на вработените, комотно да отворат еден посебен влез и излез само за такси возила, за само таму да може патник да се симне и качи од/во такси на меѓуградска како би се избегнал цел оној метеж од постојните турниме да кинисам паркинзи, додека оној ко пред ехро кај Пошта да бидат за приватни возила кои имаат букирано онлајн карта а сега се користат од вработените во ПТТ кои пзк логично би требало да го ползуваат паркингот подоле ... 4. Боја - самата железничка односно шалуваниот труп мора и треба да е обоен по секоја логиката, бар во овој век можеме локалниот брутализам ако не другде тука да го освежиме достојно, само тоа би требало да е со самочистечки нано бои како не би требало постојано да се тимари наново и наново 5. Сообраќај - бул. Никола Карев и ул. Борис Кидрич би требало да ги денивелираат за да нема застој на сообраќајот од/до/околу меѓуградска и железничка станица, со кои подвозници би се растеретил голем дел од сообраќајниот ќорсокак тука нормално доколку биднат идеално три клучки или бар кружни токови кај Тутунски, НБРМ и Саем ... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Демир Капија
![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 41> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |