![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 54> |
Author | |
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() Ova odamna spaga vo rubrikata "Fake News" ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Компаниите „Штрабаг“ за 49 и „Гулемарк“ за 155 милиони евра ќе почнат со изградба на пругата кон Бугарија на 18 октомври
https://telma.com.mk/2022/10/07/kompaniite-shtrabag-za-49-i-gulemark-za-155-milioni-evra-kje-pochnat-so-izgradba-na-prugata-kon-bugarija-na-18-oktomvri/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Македонија доби 6,5 милиони евра КАЗНА од ЕБР за неградење на пругата кон Бугарија
Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, објави Фактор.мк Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8. Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно. „Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци. Овие пари претпријатието вели дека се неисплатени и дека се капитализираат во инвестицијата се додека не се пушти во употреба. Минатата година минала во евалуација на операторите кои изразиле интерес да ја реконструираат и градат оваа фаза. Поради ова, на претпријатието му останале само 290 милиони денари како пари за реални инвестиции, главно благодарение што 210 милиони денари биле обезбедени преку грант. Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата „тежи“ 200 милиони евра., од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“. https://vecer.mk/ekonomija/makedonija-dobi-65-milioni-evra-kazna-od-ebr-za-negradenje-na-prugata-kon-bugarija |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
toma.bacic ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 22-May-2022 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Oprostite na pisanju na hrvatskom, ali makedonski razumijem, ali ne mogu pisati na njemu. Nije li prije raspada Jugoslavije postojala pruga Kumanovo - Beljakovci? Zna li tko kad je ta pruga izgrađena, i kad je prestao promet na njoj? Također, nisu li neki objekti na dionici Beljakovci - Kriva Palanka već izgrađeni? Zna li netko kad? Hvala i pozdrav iz Zagreba toma
|
|
www.zeljeznice.net/forum
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.slobodenpecat.mk/revizija-samo-za-kamati-i-provizii-se-dadeni-58-milioni-evra-a-patishtata-i-prugite-nikade-gi-nema/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка
Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат 200 милиони евра. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција напомена дека пругата долга 31 километар меѓу Куманово и Бељаковце ќе чини 40 милиони евра и ќе се изгради во рок од две години, односно до 2024 година. Железничката линија од Бељаковце до Крива Паланка со должина од 34 километри ќе чини 155 милиони евра. Рокот за нејзината изградба е три години, односно ќе биде завршена до 2025 година. „Место за горделивост и задоволство нема, нè чека тешка и макотрпна работа“, изјави директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец. Тој додаде дека избраните компании за изведба на Коридорот 8 се сериозни и познати, додека јавното претпријатие за железничка инфраструктура во целост го има решено прашањето за експропријација на земјиштето низ коешто ќе минува железничката пруга Куманово-Крива Паланка. Локвенец напомена и дека за двете фази од пругата кон Бугарија се обезбедени во целост финансиските средства за градежните работи, така што отстранети се сите пречки за реализацијата на инфраструктурниот проект. Пругата Куманово-Крива Паланка ќе се гради со обезбедените неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ во висина од 68,5 милиони евра, како и кредит од Европската банка за обнова и развој. Долж целата траса од Куманово до Крива Паланка, ќе се изгради едноколосечна електрифицирана пруга, со пет железнички станици и девет железнички стојалишта. На пругата ќе бидат изградени 12 мостови. Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура напомена дека досега се обезбедени над 50 отсто од целокупната финансиска конструкција и за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, за која веќе е комплетирана и целосната проектна документација. За третата делница од пругата кон Бугарија, веќе се обезбедени 155 милиони евра неповратни средства од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и дополнителни 61 милион евра преку ИПА програмата на ЕУ, така што за последната фаза државата има 216 од неопходните 405 милиони евра за финализирање на најтешката фаза од капиталниот проект. Локвенец напомена дека со австриски „Штрабаг“ е потпишан и договорот за ремонт на пругата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар на железничкиот Коридор 10. Реконструкцијата на оваа железничка траса треба да се заврши во рок од шест месеци, односно да биде функционална во текот на наредната година. За овој проект се обезбедени финансии во висина од 4,8 милиони евра. Владиниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи изјави дека Владата годинава ја формира единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти, која ќе треба да врши координација на сите капитални инвестиции во земјава за да се осигура дека проектите ќе бидат проектирани, изведени и комплетирани навреме од надлежните инвестиции. „Пред граѓаните кажувам дека лично ќе ја следам нивната реализација“, изјави вицепремиерот Битиќи во однос на изградбата на пругата кон Бугарија и зададените рокови за нејзиното завршување. Инаку, меѓународниот тендер за избор на изведувач за првите две фази од пругата меѓу Куманово и Крива Паланка беше распишан кон средината на јануари 2021 година. Јавниот повик за избор на нови изведувачи на пругата следеше откако во 2020 година германската компанија „Вибе“, како претходен изведувач на пругата Куманово-Бељаковце, еднострано го раскина договорот за нејзината изведба, по што Владата на РСМ се одлучи да го поништи огласот за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка и да распишен нов меѓународен тендер. https://meta.mk/avstriski-shtrabag-i-turski-gjulermak-kje-ja-gradat-prugata-kumanovo-kriva-palanka/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
Градењето на пругата кон границата со Бугарија, по мое сеќање, почна 1994-тата, со буџетски средства од 120мил.долари. Познато е што се изгради, каде застана градењето и што остана да се распаѓа од објектите пругата, од тогаш до денес. Новото почнување односно којзнае колку пати отпочнатиот почеток на градење на 3-те делови од пругата чини нови пари, а сумата тешко дека ќе ја добиеш...
Edited by MIKI1 - 14-Jul-2022 at 12:34 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Ме интересира колку пари се потрошени до сега на тие 54% од првата делница, колку за разно разни студии и проекти, и колку за авантурата во 90-тите.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
I jas da povtoram: Ova e veke neseriozno i ne vredi vnimanie.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Избрани компаниите кои ќе ја градат пругата кон Бугарија за 600 милиони евра
Македонси железници - Инфраструктура и меѓународниот кредитор ги избрале компаниите кои железнички ќе го поврзат Коридорот 8 со границата на Бугарија. Од јавното претпријатие велат дека операторите се избрани, но за да бидат објавени за тоа прво треба да се огласи финансиерот, во случајот Европската банка за обнова и развој, откако ќе се потпишат договорите. „Во врска со вашето прашање дали се избрани компаниите за изградба на двете делници на железничката пруга на Коридор 8, потврдуваме дека се веќе избрани компаниите, но е во тек одобрувањето на драфт договорите од ЕБОР, т.е доделувањето на договорите за Изведувач на работите. Откако ќе бидат доделени договорите, ЕБОР веднаш тоа го објавува на својата веб страна“, ни потврдија од МЖ - инфраструктура. Според информациите на „Фактор“, кандидат за главен изведувач на работите е австриската градежна компанија Страбаг која регистрираше нова подружница во земјата со дејност - изградба на железници. Страбаг своевремено ја градеше и пругата од Битола до Кременица. Директорот Хари Локвенец рече дека имињата официјално ќе бидат потврдени кога ќе се потпишат договорите за најмногу две недели. Прифатена е најниската понудена цена, а ќе има посебни договори за секоја од трите фази на изградба. Веќе беше најавено дека градежните работи на пругата кон Бугарија продолжуваат од крајот на јуни и дека најавените рокови се почитуваат. Новите очекувања се дека железничкото поврзување на Скопје и Софија ќе се случи во 2027 година. Двете фази на кои прво ќе се работи се делниците Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка, а третата фаза е до самата граница.Со тоа треба да продолжат запрените активности на правата делница, проектирана во должина од 31 километар, а на која се завршени 54 проценти од работата и да стартуваат на втората, која е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција. Трите фази, според претходните најави од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе чинат 600 милиони евра за овој комплексен проект чија финансиска конструкција генерално е обезбедена од меѓународни кредити и грантови. - За првите две фази сакаме да распишеме еден тендер и притоа да избереме изведувач. Посакуваме тоа да биде силен изведувач којшто ќе може да се зафати и да ги работи овие работи. Се работи за комплексна пруга. Само за втората и третата делница треба да бидат изградени 91 мост и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунелот. Се работи за сериозен проект од околу 600 милиони евра коишто треба да бидат наш приоритет и во наредниот период, пред се, и за развојот на добрососедските односи и за развој на инфраструктурата, наведе Бочварски пред две години. https://faktor.mk/izbrani-kompaniitee-koi-kje-ja-gradat-prugata-kon-bugarija-za-600-milioni-evra |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Локвенец - Со воз од Скопје до Софија во 2027 година
Роковите се почитуваат, а во втората половина на јуни ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, информираше денеска директорот на Железници – Инфаструктура, Хари Локвенец. Според него, реално е да се очекува железничкото поврзување на Скопје и Софија да се случи во 2027 година. „Роковите што ги зададовме сите заедно, ова раководство на Железници – Инфраструктура и македонската Влада, е дека ќе почнеме оваа пролет. Имаме уште месец и половина, дозволете ни да го исполниме нашето ветување и оваа пролет да почне изградбата на првите две делници, од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка“, рече Локвенец. Тој рече дека според очекувањата и проектната документација, до крајот на 2023 година треба да заврши првата фаза, до крајот на 2024 или почетокот на 2025 втората фаза, а крајот на 2026 или почетокот на 2027 година е спомнат термин за завршување на третата фаза. „Овде сакам само да ја надополнам информацијата дека сме целосно комплементарни со роковите и се надополнуваме со нашите колеги од Бугарија од железничката инфраструктура каде нивниот дел од работата за поврзувањето на Софија со Ѓуешево планираат да го завршат до крајот на 2027“, дополни Локвенец. Инаку претходно властите од двете држави најавуваа дека поврзувањето ќе биде во 2025 година. За да стартуваат најавените активности за изградбата на пругата прво треба да се заокружи тендерот на кој веќе се избрани финалните понуди, потоа следува назначувањето на избраните компании и потпишување договор за изведба. Со тоа треба да продолжат запрените активности на правата делница, проектирана во должина од 31 километар, а на која се завршени 54 проценти од работата и да стартуваат на втората, која е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција. Третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија е во должина од 24 километри. За неа се обезбедени 60 милиони евра, што е само дел од потребните финансии, а има најава за грантови од ЕУ и кредитна поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. https://www.slobodnaevropa.mk/a/31841140.html |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од Скопје до Софија ќе може да се патува за три и пол часа со завршување на железницата на Коридор 8
Според Матеј Закоњшек Во Македонија треба да се подобри брзината и достапноста на возови. Железничката линија Белград-Скопје сега е во лоша состојба бидејќи не се одржува и нема инвестиции во последниве 30 години. Железницата во Македонија треба да се реконструира и да се користи почесто од страна на патниците и за превоз на товар. Ова го посочи во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ. Тој истакнува дека се во тек и во план активности за реновирање на клучните делници на паневропските Коридор 8 и Коридор 10, железнички рути што ја прават Македонија важен транспортен центар. – Од една страна, Коридор 10 е вашата врата кон остатокот од ЕУ, а преку Коридор 8 се поврзувате со Црното Море и Јадранското Море. Делови од Коридор 10 веќе се реконструирани со поддршка од ЕУ, но не и делницата која поминува низ вашата земја. Железничката линија до Грција е реконструирана, брзината достигнува 100 километри на час, но нема сообраќај. Инвестициите во инфраструктурата за да се зголеми брзината на возовите е од големо значење, но тоа треба да се одвива заедно со редовно одржување на железничката мрежа за да се зајакне безбедноста на патниците. Затоа набавката на нови товарни и патнички вагони со заем од ЕБОР беше чекор за поздравување за да се намалат трошоците за одржување – вели Закоњшек. Според него, охрабрува фактот што има политичка волја да се забрзаат плановите за да се доврши железницата на Коридор 8, составена од 88 километри од пруги низ северноисточниот дел на државава. – Штом биде завршена, ќе биде можно да се патува до Софија од Скопје со воз за 3,5 часа. Меморандумот за соработка, кој беше потпишан минатата година за изградба на одржлива инфраструктура од страна на Северна Македонија со Албанија и Бугарија е јасен знак за посветеност за завршување на Коридор 8 со поддршка од ЕУ до 2030. Делницата помеѓу Скопје и бугарската граница е идентификувана како еден од клучните проекти на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан на Европската комисија како дел од планот „Поврзување на Истокот со Западот“. Постојат можности за средства, постои политичка волја да има придвижување и се надевам реконструкција ќе започне пак на овие делници откако биле паузирани заради различни причини. Сигурен сум дека Македонците наскоро ќе ги видат придобивките на економски развој и намалени емисии, благодарение на подобрените железнички врски со Бугарија, порачува – Закоњшек. Говорејќи за исполнувањето на реформите од страна на државава и прилагодувањето на домашното со законодавството на ЕУ, како и исполнувањето на стандардите на европската транспортна мрежа Закоњшек укажува дека клучен чекор е усвојување, а потоа и примена на нов закон за железници, подготвен од Министерството за транспорт и врски. – Главната новина е дека јавната железничка инфраструктура може да се користи од приватни железници. Со отворањето на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги и се надеваме дека ќе се овозможат начини граѓаните да патуваат поевтино и на начин кој е поеколошки, а бизнисите ќе можат да фунционираат со поголеми економски поволности и намалени трошоци. Во пракса, ова би значело дека Скопје треба да е поврзано со модерна железница со соседните земји и вашите граѓани ќе можат да појдат на еднодневен шопинг во Солун или на кратка посета на Белград. Соработка меѓу регионалните партнери е важна за да се постигнат овие цели. Задоволен сум што постои политичко разбирање во целиот регион за важноста на железницата, која беше изразена на Самитот на железници во Белград минатата година каде министрите за транспорт ја подржаа Декларацијата за железници – вели Закоњшек. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/od-skopje-do-sofija-kje-mozhe-da-se-patuva-za-tri-i-pol-chasa-so-zavrshuvanje-na-zheleznicata-na-koridor-8/ |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Pak ke povtoram, ova nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie. Ovoj pat sakam da dodadam odnosno prasam, dali nekoj navistina veruva vo ovaa sto go kazuva ministercevo?
https://www.youtube.com/watch?v=GO9ZfeseI5s |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Да не мислеле за 5! (120) години? |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОР 8 СЀ УШТЕ Е САМО ПЛАН Изградени се 35 отсто од пругата Куманово – Бељаковце
Дали железничкиот коридор 8 ќе биде завршен во планираниот рок до 2027 година како што планира владата? На ова прашање тешко може да се даде одговор со оглед дека оваа пруга е во плановите на македонските влади со децении, а се реализирани само 35 отсто од пругата Куманово – Бељаковце. Но, не е само тоа во прашање, туку целосната изградба на коридорот зависи и од подготвеноста на владите на Албанија и Бугарија да го завршат својот дел од железничкиот коридор 8. Трите земји потпиша договор и оптимистички најавија дека возот од Скопје до Софија ќе почне да сообраќа во 2027 година, а од Јадранско до Црно Море во 2030 година. Но, состојбата на терен е малку попесимистичка. Албанија има за реализација 2 километра пруга за поврзување со делот кој ќе ја спои со пругата во земјава, но сè уште нема обезбедено пари за тоа. Во план е заедно со Македонија да се аплицира во европските фондови. Од друга страна Бугарија има да реконструира 2,5 километри пруга и да изгради 50 отсто од тунелот на граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево кој ќе го гради со нашата земја. Планот е работите Бугарија да ги започне кога ние ќе почнеме да го градиме тунелот. Бугарија треба да ја заврши и реконструкцијата на пругата од Ѓуешево до Софија за што според процените ќе ѝ требаат 1,1 милијарда евра кои треба да ги обезбеди од механизмот „Поврзана Европа“. Најголем дел од работите од коридорот 8 треба да заврши Македонија и затоа чувстуваме и најголем притисок за стасување на роковите. Практично треба да изгради 150 километри пруга (Куманово – Деве Баир 86 километри и Кичево – Ќафасан 63 километри) за 5 години. Досега имаме изградено само 35 отсто од железничкото поврзување Куманово – Бељаковце. Според планот за да го заврши целиот проект на поврзување со железница со Албанија и Бугарија, земјава ќе треба да потроши 1,1 милијарди евра. Доколку има измени во текот на градбата можно е износот и да се зголеми. Во овој износ не влегува електрификацијата на пругата од коридорот 8 и евентуалната реконструкција на постоечкиот дел од пругата од Кичево до Скопје кој е стар повеќе од 50 години и поврзувањето на овој со коридорот 10, односно изградбата на пругата од Скопје до Миладинови. Она што засега е познато, е дека се обезбедени пари за изградба на дел од пругата од Куманово до Деве Баир, постојат планови, но нема избрано нов изведувач откако германската фирма „Вибе“ која работеше на пругата го откажа договорот и се повлече. – Тендерската постапка е во тек и до крајот на февруари ќе биде избран изведувач на работите на делот на пругата од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Досега се изградени 35 отсто од пругата од Куманово до Бељаковце. Нов тендер ќе биде распишан во јули и за делот од пругата до Деве Баир – велат од Министерството за транспорт и врски. Најтешкиот дел за реализација на ова железничко поврзување со Бугарија е изградбата на тунелот Деве Баир-Ѓуешево во кој со 50 отсто учествуваат двете земји, но не е полесен и делот од Крива Паланка до Деве Баир во должина од 24 километри каде што се предвидува изградба „мост-тунел-вијадукт-тунел“ и има околу 100 мостови и 40 тунели. Роковите за изградба на остатокот од пругата од Куманово до Бељаковце е две години, а од Бељаковце до Крива Паланка три години, односно изградбата треба да заврши до 2025 година. – Третата фаза од изградбата на овој дел од коридорот 8 треба да заврши во 2027 година. Делот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир и тунелот кон Бугарија треба да заврши за 48 месеци, значи во 2027 година треба да заврши сета работа – велат од транспорт и врски. Вкупното вложување на македонскиот дел од коридорот кон Бугарија е проектиран на 620 – 630 милиони евра. – Првиот дел од Куманово до Бељаковце чини 40 милиони евра. Вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка чини 160 милиони евра, а третата фаза до граничниот премин Деве Баир заедно со делот од тунелот се очекува да чини 420 милиони евра. За првите две фази, односно од Куманово до Крива Паланка се обезбедени парите со кредит од ЕБОР и грант од ИПА фондовите на ЕУ. Во однос на третата делница, изградбата би чинела околу 420 милиони евра, 60 милиони евра како грант веќе се обезбедени преку ИПА 2 компонентата. Во овој момент преговараме за дополнителен грант од над 100 милиони евра, исто така од Европската Унија, преку инструментот за поддршка на Западен Балкан (WBIF). Остатокот е во план да се обезбеди со кредит од меѓународните финансиски институции – појаснуваат од министерството за транспорт и врски. Дали до крајот на работите ќе останат овие проектирани парични вредности од министерството не можат да кажат. – Ова се проектирани вредности за вложувањето, дали така и ќе остане, моментално не можеме да кажеме, се ќе зависи од текот на работите и тоа што носи теренот на кој се гради – појаснуваат оттаму. Неизвесно е и како ќе се гради делот од коридорот 8 кој со пруга треба да се поврзе со Албанија. Од Министерството за транспорт и врски велат дека за овие 63 километри пруга целата документација е подготвена, но се потребни 500 милиони евра. Тие треба да се обезбедат преку кредити. – Во план е заедно со Албанија да побараме поддршка и од ЕУ фондовите, но ќе треба да се земат и заеми – велат од министерството. Во овој дел од коридорот 8 на македонска страна ќе треба да применат и препораките на УНЕСКО бидејќи пругата навлегува во заштитеното подрачје на Охридското Езеро, главно во делот на проектот за пругата кај село Радожда. – Во овој дел ќе се направат измени на проектната документација во согласност со препораките на УНЕСКО – велат од Транспорт. Напоредно со изградбата на пругите од паневропскиот коридор 8 во земјава ќе се реализира и електрификација на пругата од пругата од Скопје до Кичево. Изработена е физибилити студија за електрификација, но нема план кога ќе се почне со реализација, што значи дека нема обезбедено пари за таа намена. Познавачите на состојбите велат дека покрај електрификација на остатокот од пругата кој изнесува 103 километри треба да се реконструира бидејќи е стара повеќе од 50 години. За реконструкција на делот Ѓорче Петров – Кичево и за електрификација на пругите ќе бидат потребни најмалку 400 милиони евра што ќе го зголеми вкупното вложување за коридорот на 1,5 милијарди евра. Дополнителен ограничувачки фактор е и делот Куманово – Маџари во должина од 32 километри кој е заеднички дел на коридорите 8 и 10, за што ќе треба да се обезбедат дополнителен износ на пари. На пругата од коридорот 8 е планирано да се вози со 100 километри на час, бидејќи теренот на кој се гради не дозволува да се развива поголема брзина. Колку е оправдано вложувањето во овој коридор, нема подетални информации, но од Министерството за транспорт велат дека за Европа е значаен бидејќи ќе ги поврзува Јадранското и Црното Море, а ќе се поврзе и со коридорите 4 и 10 и 11. Затоа и ЕУ притиска да се забрза изградбата на пругата од овој коридор. – Потребата од завршување на овој коридор е извесна и Владата преку Министерството за транспорт и врски, максимално е посветена на завршување на оваа пруга. Дополнително, бидејќи се работи за европски коридор, имаме силна поддршка од нашите партнери од Европската Унија и, дополнително, бидејќи се работи за регионален проект заеднички ги координираме работите со Република Бугарија и Република Албанија – посочуваат од министерството. Економистите укажуваат дека е неопходен засилен ангажман за реализација на овој стратегиски проект и посочуваат оти со развојот на железницата ќе се подобрат инфраструктурните услови за зголемување на странските вложувања во нашата држава и ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на земјава и целиот регион. Интензивирање на работата на коридорот 8 бараат и стопанствениците кои во моментов го имаат само коридорот 10 како транспортен избор, кој како единствен проток на стоки многу често се блокира. – Инвестирањето во железничката инфраструктура позитивно би влијаело на социоекономскиот развој на земјата, резултирајќи со одржливи придобивки за населението, бизнисот и економијата, со оглед дека железничкиот транспорт има повеќе предности (релативен поевтин превоз на стока, можност за транспорт на кашести стоки, брзина и слично). Подобрувањето на меѓусебната железничка инфраструктурна поврзаност треба да биде од приоритетно значење за унапредување на меѓусебната соработка на нашата држава со соседните земји, што ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу земјите, а со тоа и експанзија на обемот на билатерална стоковна размена и на количеството на стоката во транзит – велат од бизнис заедниците. Европскиот транспортен коридор 8 опфаќа патни и железнички траси во вкупна должина од над 1.200 километри. Коридорот го следи главниот правец „Via Egnatia“ од Валона, Албанија се одделува крак во насока Охрид – Кичево – Скопје, кој преку Деве Баир стигнува до Пловдив. Коридорот Исток – Запад е зацртан како меѓународен транспортен коридор Јадран – Скопје – Црно Море на паневропската конференција на министрите за транспорт одржана 14 – 16 март 1994 година на Крит https://plusinfo.mk/zheleznichkiot-koridor-8-s-ushte-e-samo-plan-izgradeni-se-35-otsto-od-prugata-kumanovo-be-akovce |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Хахах, баш. Нека се јават ко ќе ја завршат
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() Ova veke nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie! Edited by Denko - 25-Jan-2022 at 21:58 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За пет години готова пругата кон Бугарија
Министерството за транспорт и врски децидно тврди Средбите меѓу владините кабинети на Македонија и Бугарија повторно ја актуализираа и темата за изградбата на пругата по должината на коридорот осум. Изминативе денови владини претставници посочија дека комплетирањето на пругата кон соседна Бугарија треба да заврши до 2027 година, или, поточно, за пет години. Сепак, темата железничко поврзување со соседите по должината на овој коридор е долго зборувана тема во земјава, но нејзината реализација постојано е попречувана од различни фактори. Сепак, Министерството за транспорт и врски посочува дека забрзано се работи на изградба на источниот дел на коридорот 8. – Во финална фаза сме на избор на изведувач за првата и втората фаза, односно делниците од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Изградбата очекуваме да започне најдоцна до април и да трае 36 месеци. Во однос на третата фаза, од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, тендерската документација е подготвена и до средината на оваа година ќе се распише меѓународниот повик. Рокот за изградба на оваа трета делница е 48 месеци, што значи дека до 2027 година би требало да се изгради комплетно целата пруга – велат од Министерството. Имајќи предвид дека многупати беше одложена изградбата, но и дека роковите за финиширање на пругата кон Бугарија постојано се одложуваат, ги запрашавме во Министерството за транспорт дали се предвидени посебни механизми што ќе ја гарантираат изградбата, од каде што ни посочија дека се предвидени конкретни рокови за тендерските постапки. – Оваа пруга е дел од паневропскиот коридор 8, за што веќе предвидовме конкретни рокови во тендерските постапки. Потребата од завршување на овој коридор е извесна и Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски, максимално е посветена на завршување на оваа пруга. Дополнително, бидејќи се работи за европски коридор, имаме силна поддршка од нашите партнери од Европската Унија и, дополнително, бидејќи се работи за регионален проект заеднички ги координираме работите со Република Бугарија. Тоа е и една од главните инфраструктурни точки на кои ќе се разговара на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија – посочуваат од Министерството. Во согласност со плановите, вкупната инвестиција во железничката пруга на источниот дел од коридорот 8 ќе изнесува над 600 милиони евра. Притоа, надлежните посочуваат дека првата и втората фаза од изградбата ќе чинат околу 200 милиони евра, средства што се обезбедени од заем од ЕБОР, како и грант од ИПА-компонентата. – Во однос на третата делница, изградбата би чинела околу 420 милиони евра, 60 милиони евра како грант веќе се обезбедени преку ИПА 2 компонентата. Во овој момент преговараме за дополнителен грант од над 100 милиони евра, исто така од Европската Унија, преку инструментот за поддршка на Западен Балкан (WBIF). Преостанатите средства ќе се обезбедат преку финансиски институции, со кои веќе преговара Министерството за финансии – прецизираат од Министерството за транспорт и посочуваат дека повикот за изградба на овие делници е меѓународен и се работи во соработка со Европската банка за обнова и развој. Оттаму објаснуваат дека во тендерската документација јасно се утврдени критериумите за избор на изведувач, во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија. Економистите укажуваат дека е неопходен засилен ангажман за реализација на овој стратегиски проект и посочуваат оти со развојот на железницата ќе се подобрат инфраструктурните услови за зголемување на странските инвестиции во нашата држава и ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на Македонија и целиот регион. – Инвестирањето во железничката инфраструктура позитивно би влијаело на социоекономскиот развој на земјата, резултирајќи со одржливи придобивки за населението, бизнисот и економијата, со оглед дека железничкиот транспорт има повеќе предности (релативен поевтин превоз на стока, можност за транспорт на кабести стоки, брзина и слично). Подобрувањето на меѓусебната железничка инфраструктурна поврзаност треба да биде од приоритетно значење за унапредување на меѓусебната соработка на нашата држава со соседните земји, што ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу земјите, а со тоа и експанзија на обемот на билатерална стоковна размена и на количеството на стоката во транзит – велат од Стопанската комора на Северна Македонија. Оттаму додаваат дека со сегашната состојба пристапот до железничкиот транспорт на целата територија на државата не е добро утврден, поради тоа што железничката мрежа има конекции со други железнички пруги само преку коридорот 10. – Всушност, железничките пруги во насоката исток – запад имаат последна станица што не е поврзана со железничка мрежа. Исто така, нема железнички врски со соседните железнички инфраструктури на коридорот осум. Во меѓувреме, запрена е и изградбата на пругата Куманово – Бељаковце, првата од трите фази на проектот за железничко поврзување во рамките на коридорот осум со Бугарија. Оттука, сметаме дека е потребно државата да ги препознае придобивките од железничкиот транспорт и железничкото поврзување да го постави како еден од приоритетите заради следење на чекорот со земјите од регионот и модерните транспортни текови – истакнуваат од СКСМ. https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/za-pet-godini-gotova-prugata-kon-bugarija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напролет треба да продолжи изградбата на пругата кон Бугарија
Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, најавуваат од Министерството за транспорт и врски. За двете делници во игра се осум компании. Се очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите. Изградбата на источниот крак на железничкиот Коридор 8 е поделена во три фази, Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. На првата делница во должина од 31 километар се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” еднострано го раскина Договорот за изведба. Втората делница е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција, а за третата, од Крива Паланка до границата со Бугарија, која е во должина од 24 километри, досега се обезбедени 60 милиони евра и се работи на обезбедување на останатите потребни финансии. Се планира првата и втората фаза заедно да се реализираат во рок од 36 месеци. Заложби за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8 изнесоа и министрите за транспорт на Северна Македонија, Благој Бочварски, на Бугарија, Христо Алексиев и на Албанија, Белинда Балуку, кои во Софија потпишаа трилатерален Меморандум за соработка. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8, а очекувањата се тој да биде готов до 2030 година. На западниот дел од Коридорот 8 кај нас е подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија во должина од 70 километри и се разгледуваат можности да се најдат средства. https://fokus.mk/naprolet-treba-da-prodolzhi-izgradbata-na-prugata-kon-bugarija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022
До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на РСМ. Проектот вклучува доградба на 64,8 километри од железничката линија од Куманово до Бељаковце (фаза 1) и од Бељаковце до Крива Паланка (фаза 2) од Коридорот 8. Веќе е завршена постапката за избор на компанија-надзорен инженер за изведба на пругата. Од Владата на РСМ информираат дека со овие активности се создадени услови за отпочнување на градежните работи во првиот квартал од наредната година. „Средствата за целиот овој проект се на располагање и се обезбедени преку кредит од страна на Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ“, се вели во владиното соопштение. Инаку, Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година побараа под итно да се подобри имплементацијата на работите на железничкиот Коридор 8. „Дополнителни и итни напори се неопходни за да се забрза напредокот во сите фази на железничкиот коридор и другите приоритетни секции на мрежата како во делот на железницата, така и во делот на патиштата“, беше наведено во Извештајот на ЕК. Инаку, тендерот за избор на изведувач за првите две фази од пругата меѓу Куманово и Крива Паланка беше распишан кон средината на јануари 2021 година. Јавниот повик за избор на изведувач на пругата Куманово-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка. Доградбата на железничката линија меѓу Куманово и Крива Паланка ќе трае 24 месеци. Воедно, за третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, ќе се одвојат 330 милиони евра, додека проектираните 24 километри пруга е предвидено да се изградат во временски период од 36 месеци. https://meta.mk/do-vchera-se-dostavuvaa-ponudi-za-prugata-kumanovo-kriva-palanka-izgradbata-pochnuva-do-mart-2022/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |