![]() |
![]() |
![]() |
Македонско (етно) село во Нерези |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 17> |
Author | |||
Antonov ![]() Groupie ![]() Joined: 10-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 72 |
![]() ![]() |
||
20 денови во селото секојдневно претстојуваа членови од потесниот круг на семејството Тодоровиќ
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
да беше селово сериозен проект со сериозен менаџмент, стратегија и цел, ќе ги простев средствата потрошени на него... ама ако треба да биде подарок за некој кој ќе го претвори во своја лична биртија и направено чисто онака, колку да го има и затоа што сме го виделе на друго место, е тоа веќе не е ок...
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
Добро бе луѓе сериозни сте? Не сте ли во состојба неколку факти да си ги напишете на ливче и да ги размислите? 6 милиони државни пари, за изградба на вештачко село, кое потоа му го издавам на мојот втор најдобар другар за смешни 3000 евра месечно? Од извори вработени овде, знам дека на менито има тартуфи, каде 5 гр. печурка кошта 2500 ден.
Ја збогатува туристчиката пнуда на градот. СЕРИОЗНИ СТЕ??!? Можно ли е еден минимум присебен разум да подлеген на оваа хипокризија? Та шизото Грујо, та куртонто Заев, не е битно, се работи за безобразен криминал, грабеж, какање на лице. Да не зборувам за можната намена на овие пари за веќе постоечки села, еден Железнец на пример. Врвев покрај селото пред месец дена, се фрапирав колкав број на куќи сеуште стојат како што биле исконски изградени, дури и дрвените елементи и плетери на чардаците се на свое место. Само луѓе му фалата на местото за да може да биде село... Нејсе.. дури има усти жедни, ќе најдат и мастило за да ги напојат... |
|||
![]() |
|||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||
Селото како идеја е добро,ама само во земји каде поголемиот дел од работите се средени па од вишокот на пари се прават вакви атракции кои ја збогатуваат туристичката понуда и ја прикажуваат културата и историјата.
Кај нас во најмала рака е лудост ова што се прави, тука движечката сила е перењето на пари, давање тендери на свои лици, неколкукратно преплатување на материјалите за градба и сл. Овие што ги бранат ваквите проекти голем дел ги жалам поради тоа што навистина ги тераат од штаб, дел не живеат овде па можеби не се упатени во многу работи, а дел изгледа навистина се со понизок IQ па веруваат во тоа дека сорос, циа, фби, америка и кој ли уште не тргнале да ја уништуваат Македонија и сега Хорхе ќе не спаси. Значи сите вие што поддржувате проекти како селово, панорамско тркало, триумфални порти...сетете се дека кај нас сеуште се собираат пари на телевизија за лекување на деца, во болница си носиш чаршав,кебе и лекарства, 90% од патиштата ни се во катастрофална состојба, смртноста на новородени ние на ниво на афрички земји и сл. |
|||
build.mk, гради форумска историја
|
|||
![]() |
|||
Antonov ![]() Groupie ![]() Joined: 10-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 72 |
![]() ![]() |
||
И претходно пишав и сега пак ќе пишам дека поима немаш од тематики поврзани со економијата. Ова е трескање глупости или едноставно кажано колку само нешто да се пише и да се оправда овој криминал. |
|||
![]() |
|||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
||
Два или Три неуспешни јавни повици за концесионер имаше, и пропаѓаше - зошто некој од нас овде што паметуваме не се јави? *Да му беше поклонето на тинек да се сложев со тебе дека за него било изградено ама вака некако математиката друга испаѓа. |
|||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
На овој начин испаѓа дека владата му изгради етно село на сопственикот на Тинекс, зашто не верувам дека тој некогаш ќе вложеше пари за изградба на нешто слично.
Факт е дека етно селото ќе ја збогати туристичката понуда на Скопје, но мислам дека цената што се плати е превисока и дека инвестицијата никогаш нема да се врати. |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Абе за ова комплексче на искомплексираниот Груевски се вложени минимум 6,7 милиони евра. Велам МИНИМУМ, бидејќи и точаците за изнајмување треба да му ги купи владата на концесионерот, а тоа доаѓа допрва. Е сега, кога државата ќе си ги врати овие пари. НИКОГАШ. Џоле погоре даде краток пресек на тоа колку пари ќе се соберат. Јас само ќе додадам дека приходите што ќе ги остават сите тие туристи што ќе дојдат да го видат ОВА во тек на неколку години нема да бидат доволни да се исплати овој проект.
|
|||
![]() |
|||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
||
Второ, изгледа по милионити пат треба да се објаснува дека јавните проекти и инвестиции немаат само економска компонента. Кога вложува државата важат различни критериуми при економската и финансиската анализа. Така, не може и не треба да се земаат во предвид само економската исплатливост и повратот на инвестицијата, туку и социјалната компонента. Ова село има историска, едукативна, културна и многу други придобивки, што не секогаш се монетизираат. Трето, да размислиме малку на другата страна, од аспект на концесионер. Дали постојат компании што можат да превземат ризик за концесија на долг рок на комплетно нов објект, надвор од градско подрачје, со износ на ќирија повеќе од 3,500 евра? Освен тоа, колку што знам, имаше јавно наддавање. Подобар показател за тоа дали нешто е ефтино или скапо од самиот пазар, не постои. |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Колку вработени ќе има и колку тие вработени ќе зимаат плати и колку други давачки ќе бидат платени за нив? Колку продукти ќе се трошат во селото, од кој ќе се купуваат и колку данок на додадена вредност ќе се плати на државата? Колку комуналии ќе плаќа комплексот и колку од нив ќе се слеат во државната каса? Додека го граделе објектот колку вработени земале пари и прехранувале фамилии а од тие пари огромен дел повторно завршил во државната каса? Колку доставувачи на материјал и други услуги исто така обезбедиле плати? Колку ќе се збогати туристичката понуда на Скопје и држава и колку ќе влијае на туристичкиот имиџ? И ова се само дел од факторите кои треба да се земат во предвид кога веќе се впуштаме во пресметки. И на крајот од денот овој објект нема да исчезне туку ќе остане и по 20 години да егзистира.
|
|||
![]() |
|||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Ајде малку весела математика:
Во селото се вложени над 5 милиони евра. Дадено е под концесија на 20 години, по цена од 3.500 евра месечно. 12 х 3.500 = 42.000 евра 20 х 42.000 = 840.000 евра Економска логика што чини минус 4.160.000 евра народни пари. |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Дали нешто е добро или не од архитектонски аспект на работите треба да се процени на одреден настан, како што е БИМАС во земјава. Е сега знам, тие се киднапирани од СОРОС, па нема да му дадат награда на архитектонсково дело.
Епа тогаш, ај да видиме колку е добро делово во странство. Некоја статија во архитектонско списание е објавена за делово? Некаква архитектонска награда во странство е добиена за делово? Не. А зошто бе? Ах да, странците се наши непријатели, тие нас не не сакаат, тие не мразат и го плаќаат Сорос да ни направи војна. Значи, не е нашата неспособност, на оние што го дизајнирале објектот, не е проблем што тоа доаѓа од умот на премиерот, онака седејќи си на маса еден ден му текнало со Миле за проектот, туку проблемот е на сите останати. Obedineta Makedonija, Линексот е земен. Подобар е стомакот, туку чистењето на гомнарникот како оди, гледам уште лајна по ѕидовите... |
|||
![]() |
|||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
||
Во суштина BOJAN не би имал никаков проблем со ваков проект ама да бил сон на Бранко Црвенковски.
Сега следи одговор: тоа што се прави треба да е сон на целиот народ, да се направи анкета, па референдум, па експертска анализа и тоа претстедател на комисијата во која ќе се расправа да е Грчев, па физибилити студија, па расправа во општината за ДУП, па дали Рада станала на лева или десна нога и ако све се поклопи ќе се направи нешто. Сите сте исти бе, е..те се. Преку таквото сте ми, немате образ да го напаѓате автократното владеење на Груевски кога и ден денес дркате дека оној бил поголем фраер знаел како се пуши цигара, како се пие виски, личел на лидер, и ДЕН ДЕНЕС ги слушам тие муабети. Ќе им асфалтира 10м улица во Куманово, -аааа нам многу ни значи ЦИЦ, и скандираат - ујче, ујче, ујче, ујче... кај живеете бе? Некои од најквалитетните објекти во Европа и светот се настанати како резултат на соработка меѓу автократот и најдобрите архитекти во државата. Или можеби тие требале да ги бојкотираат царевите, кралевите, диктаторите и да пуштат некој нивен чаушевски да имплементира елементарна архитектонска неписменост? Тема на форумов се објекти, згради, комплекси. Неквалитетот на истите може да се забележи и кога имаме најдобронамерен ама полуписмен приватен инвеститор кој со свои пари си прави куќа или зграда во соработка со неписмен архитет, или бараби како Чифлиганец и слични со архитектот кој не се буни како кога власта ќе му наложи што да гради, туку со приватен инвеститор соработува во уништување на градот и после држи морални говори и протестира. Имаме автократ на власт кој во соработка со дилетанти архитекти го упропастува градот затоа што на оние поквалитетните не им се допаѓала идејата некој да им наложува стилови и не им се допаѓал начинот на владеење, а никој од нив не одбил непристојна понуда од приватен инвеститор за уништување на градов, да оставиме на страна забеганите маркици на пешачка површина. Еве маркицата на Филхрамонија е претходно замислена, во времето кога постоеле процедури, објектот не е барок, и, И? Па тој објект е можеби најголемото разочарување од времебо на "архитектов" како го нарекуваш Ж. Ти имаш објекти кои се правени со процедура, со план, во стил кој бил актуелен, модерен (брутализам), ама ПРЦ. Добиени се толку грди објекти, кои се РУГЛО на градот. Идеш да завршиш работа и викаш дај да бегам од овде, ќе полудам. НБРМ, Телеком, Гоце, и сл. толку лошо влијаат на околината и животниот простор што научни студии ќе се прават во иднина за вакви прашања. Во владениево на Ж има многу добри замисли, многу малку добри реализации. Сега заради маркетинг треба се да се уништи. Тоа ли е пат по кој треба да одиме? Селово е дополна плус во туристичката понуда на градот, и никој не треба да се срами да ги однесе луѓето таму. Како што во демократска Франција никој не се срами да земе пара од туризам во монархистичките дворци, примери има колку сакаш. За да престане лудилово треба тие како тебе треба да престанат за глумат Мајки Терези, да шират омраза во народ на морално ниво. Edited by Bojan10 - 23-Jun-2016 at 14:13 |
|||
Од чаламот си патиме!
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Ако он е платеник ТИ што си Бокица. Платеник на квадрат. Етно села има секаде во светот и тие во нив најчесто се концентрира културолошко архитектонското наследство на еден регион или држава. Тие се своевиден музеј во кој за релативно кратко време посетителот може да добие претстава архитектурата, занаетите, културата и слично. Тој што сака да го шета Гари, Јанче, Галичник ќе го шета и со и без етнолошко село. Овој проект е огромна придобивка за Македонија од секој аспект а со него се збогатува туристичката понуда во гавниот град. Кој патем речено до пред 5 години можеше туристички да го поминеш за 2 саати додека денес и треба неколку денови. На крај дали селото е успешно или не ќе каже времето и посетите. А со оглед на тоа дека во последните 10 години бројот на странски туристи во Македонија е зголемен за повеќе од 100 % мислам дека секоја понатамошна дискусија е излишна. Но жално е за заслепени луѓе како тебе кои не можат да се радуваат на напредокот, на новите работи кои ни се случуваат туку заслепени во својот изолиран мизерен круг само верглаат едно те исто. Ослободи го малце умот и почни да размислуваш рационално пред да почнеш да лепиш етикети. И за крај само уште нешто за селото. Она што ептен ногу ми се допаѓа е неговата локација покрај манастирот со тоа сигурен сум ќе се зголеми и посетата на истиот, одлично е што се изгради и убав паркинг а се надевам дека ќе се досреди и патот од средно водно до комплексот. Се на се еден одличен проект за кој сега за сега неможам да најдам критика. Се надевам дека наскоро ќе го посетам за да ја оцениме менаџерската работа на тимот што го води овој комплекс. |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Во Побожје? Сериозно? |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Фала ви дечки за лудилово, јас и понатаму првенствено би го однел до Гари во земјава или до Побожје околу Скопје некој странец или близок пријател.
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
фото: миа.мк
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 17> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |