Author |
Topic Search Topic Options
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#61 Posted: 06-Sep-2011 at 15:30 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#62 Posted: 05-Sep-2011 at 23:12 |
http://www.orfeus-eu.org/Earthquakes/recentquakes_googlemaps.html
http://www.emsc-csem.org/Earthquake/index.php?filter=yes ML 3.0 - 2011-09-02 http://www.emsc-csem.org/Earthquake/earthquake.php?id=234265#summary
Magnitude: ML 3.6Region: MACEDONIADate time: 2011-05-14 23:32:31.0 UTCLocation: 42.04 N ; 20.89 EDepth: 13 km Distances: 24 km SE Prizren, 7 km NW Tetovo, 1 km Sipkovica Witness location: Selce (Macedonia) (4 km E from epicenter) [1] I was standing at my living room in front of my laptop. And when I wanted to call a friend of mine on the phone I started to hear a bad noise like some cut trees are falling. Then I really felt that the ground is moving but couldn't notice in which direction. And I was alarmed and a bit frightened. At that moment it was really hard to start to move or to run because you kinda loose any will to move (it is hard) but I managed and ran at the hall way and everything stopped. All this happened for around 3 or 4 seconds. I watched if lights were moving, they didn't. But the key on the door had a hanging thing and it was moving. Then after some minutes I heard another noise but it was weaker. http://www.emsc-csem.org/Earthquake/Testimonies/comments.php?id=221486 It was a swift feeling of being hit by a seismic wave! http://www.emsc-csem.org/Earthquake/Testimonies/comments.php?id=199473 |
Edited by Max - 04-Dec-2011 at 23:19
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#63 Posted: 05-Sep-2011 at 22:03 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#64 Posted: 01-Sep-2011 at 22:07 |
Земјотресите обично се случуваат на местата каде што се вкрстуваат тектонските раседи, а Скопје, за жал, се наоѓа над јазол од раседи.
Скопје e исклучително богат со голем број на раседи со потенцијална можност да предизвикаат земјотреси со поголема магнитуда... Општо земено подрачјето преставува модел на блокови чии динамични движења не се секогаш синхронизирани, што се одразува врз постојните тектонски движења сврзани со сеизмичка активност на одредени блокови. Движењето на ваквите блокови во скопската котлина се класифицирани во три групи и тоа: бочни, лонгитудинални и трансферзални http://www.opstinacentar.gov.mk/systems/file_download.aspx?pg=370&ver=1 |

http://geosphere.gsapubs.org/content/1/1/1.figures-only [1]
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#65 Posted: 29-Aug-2011 at 20:00 |
ИЗИИС малку се консултира при градежните проекти Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) речиси и да нема никаков увид во проектите што се градат во Скопје, но тоа не значи дека тие проекти не се сигурни. Ова денеска во Скопје го изјави директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски, истакнувајќи дека овој институт многу малку е консултиран при изградба на нови градежни објекти во државата. „Прописите секогаш налагаат покрај статичките да има и сеизмички пресметки. Колку тие се применуваат и колку се издржани не можам да кажам, бидејќи Институтот во последно време речиси и да нема никаков увид по однос на проектите кои што се проектираат во Скопје, но тоа не значи дека тие проекти не чинат“, изјави Гаревски.
Тој истакна дека проектите кои се градат би требало да се квалитетни, бидејќи се проектирани од инженери. Запрашан колку се безбедни висококатниците кои се градат на Водно, Гаревски рече дека Институтот нема увид ниту во тие проекти, но кажа дека од она што може да се види со око, тие објекти делуваат сигурно.
„Ако правилно се проектира и ако доволно се испита тлото, може да се каже дека е можно да се гради на таа локација, а друго прашање е дали од аспект на урбанизмот или од аспект на заштита на човекова околина треба да се гради“, рече Гаревски.
Тој информираше дека ИЗИИС бил вклучен во изградбата на дел од објектите од проектот Скопје 2014, изразувајќи уверување дека театарот е еден од најсигурните објекти во државата, кој би го издржал дури и јапонскиот земјотрес. Гаревски информираше дека единствена зграда во Скопје, која што со гаранција може да се каже дека би ги издржала сите земјотреси, е основното училиште „Песталоци“, која што е целосно базно изолирана.
„Во светот сè повеќе за капиталните проекти се оди на интелигентни конструкции каде што се поставуваат одредени видови на дисипатори на енергија помеѓу самите рамки, се поставуваат изолатори на самите темели и со помош на компјутери се води управување на самиот проект, односно се прават контра-сили кои што делуваат на силите кои што се резултат на дејството на земјотресот“, вели Гаревски.
Во ИЗИИС денеска беше потпишан договор за соработка со највисоката државна институција на Кина која што се занимава со превенција на земјотреси и во која се вработени околу 30.000 лица.Договор за соработка помеѓу овие две институции подразбира значителни билатерални проекти и размена на научен кадар.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/12079/iziis_malku_se_konsultira_pri_gradezhnite_proekti.aspx |
Гаревски вели дека Владата побарала мислење од ИЗИИС за стабилноста на столбот на споменикот на Александар Македонски, како и за мостот "Око", за лавовите и театарот, но не и за Музејот на ВМРО, Уставниот суд, Архивот...http://www.vest.com.mk/?ItemID=185FEA39DA98894D92503B7285AF08B5 За сеизмичката стабилност на коњот Букефал и Александар Македонски што треба да бидат поставени на плоштадот во Скопје, гарантирала леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца, каде што се правеше споменикот. Но од Општина Центар не даваат прецизен одговор зошто нарачале од државниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) да ја испита стабилноста само на столбот каде што ќе биде поставена коњаничката скулптура, а не и на целиот споменик. "Во самиот проект (основен и изведбен) имаме позитивна ревизија за сите фази вклучувајќи ја и целосната статика. За самата коњаничка скулптура како целина гаранција за сеизмичка стабилност дава и леарницата 'Фернандо Маринели'", ни одговори Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар.
Согласно Законот за градење, за да се добие одобрение за градење, неопходен е проект за статичка и сеизмика издржливост. Од Министерството за култура велат дека за секој објект во рамките на проектот "Скопје 2014", односно и за музејскиот комплекс, концертната сала за Македонската филхармонија и за портата "Македонија" има посебен проект за статика изработен од овластени инженери и лиценцирани субјекти и истите се ревидирани од надлежни ревидентски овластени субјекти. "За портата 'Македонија' статиката ја направи 'Неимар', а ревизијата 'Евроконсултант', за Филхармонијата 'Македонија проект', а ревизијата ИЗИИС, а за музејот 'Неимар', со ревизија на Градежниот институт", изјавија од Министерството за култура. http://www.vest.com.mk/?ItemID=121FCFD2668B5349B7D1683C092A758C&arc=1 |
Edited by Max - 30-Aug-2011 at 20:22
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#66 Posted: 05-Aug-2011 at 16:27 |
Теренот на Гевгелиската општина му припаѓа на просторот на Вардарската зона која се одликува со повремена сеизмичка активност.
Сеизмичката динамика на овој епицентрален предел се базира на неговиот тектонски склоп. Во основни потези тој склоп е многу едноставен. Меѓу хорстовите од стари маси (кристалести шкрилци од I група) во облик на своевиден тектонски ров, стеснета е Вардарската зона. Главните нејзини хорстови, од исток се блоковите на Родопската маса, а од запад блоковите на Пелагониската маса. Всушност пред формирањето на Вардарската зона, двете маси представувале една целина - Родопски масив.
Со распаѓањето на овој масив, некои делови (блокови) помеѓу раседите се одвојувале, додека некои делови (блокови) помеѓу нив потонувале и биле засипувани со помлади творевини, создавајќи на тој начин тектонски депресии или ровови. Таков ров претставува и Вардарската зона. Рововите се подложни на разновидни притисоци и оттука на нив се применети разни движења кои повремено се манифестираат со сеизмички појави (земјотреси), од различен тип и интензитет.
Најсилните до сега забележани трусни катастрофи на ова подрачје настанале во 1931 година. По оваа трусна катастофа периодот е релативно мирен, со исклучок на 21.12.1990 година, кога се случи силен земјотрес со магнитуда од МЛ=5.6 по Рихтер, со епицентар 25 км јужно од Гевгелија. |
http://www.gevgelija.gov.mk/mk/a/SEA%20_Gevgelija.pdf 
Edited by Max - 20-Aug-2011 at 19:04
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#67 Posted: 30-Jul-2011 at 15:31 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#68 Posted: 30-Jul-2011 at 14:53 |
Помалку тежина - помали маки Практичен пример, според Eurocode 8 (EN 1998: 1997)
7-катна станбена зграда • Армиранобетонска конструкција • Вкупно височина: 19 m • Основа: 18 x 12 m • Референтна вредност на хоризонтално земјино забрзување: 0.4 g
• Тежина на носечката конструкција: 1095 t
• Вкупна тежина на ѕидовите - масивна изведба ( внатрешни: 200 kg/m2, надворешни: 240 kg/m2) : 518 t
• Вкупна тежина на ѕидовите - Кнауф системи (внатрешни: Knauf W112, 49 kg/m², надворешни: Aquapanel, 42 kg/m²) : 109 t
• Вкупна тежина на зградaта: Со цигли: 1614 t Со Кнауф системи: 1204 t
(25 % помалку тежина кога се употребуваат Кнауф системите наместо класичната градба со цигли) Со пресметка на сеизмичките сили според Eurocode 8 може да се одреди дека овие товари се намалени за околу 23% кога се употребуваат Кнауф W112 системи за внатрешни прегради и Кнауф Аквапанел за надворешните ѕидови. Заради тоа е овозможено поекономично димензионирање на армиранобетонската конструкција која во вкупните инвестиции зазема значаен дел. Значи, земјотресната сигурност е подобрена поради подобрата деформација и однесувањето при колапс на структурата на сувата градба за време на земјотреси.
стр.7 - http://knauf.com.mk/pdf/prospekti/KNAUF-Story-br3.pdf |
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#69 Posted: 21-Oct-2010 at 09:41 |
Пред 8-9 години, нешто пролет беше...имаше квалитетен земјотрес (5 степени или така нешто...) и немаше жив човек на факултет, одложија вежби, предавања...заради дојава, нормално
Да потсетам дека се работи за инженерски факултет што треба да владее со овие области....што да кажат на медицина или на книжевност
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#70 Posted: 20-Oct-2010 at 23:45 |
Многу сме мераклии на вакви работи. Мене неколку пати после некој здрав потрес ми се дешавало луѓе да ме известат дека „експертите“ предупредиле дека во рок од 2-3 саати ќе здрмал катастрофален земјотрес  Ви се случувале слични ситуации?
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#71 Posted: 20-Oct-2010 at 08:29 |
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
Се проширија гласишта дека француски сеизмолози предвиделе земјотрес за два дена што ќе го срамни Скопје
Билјана Ангеловска
Тони Гламчевски
Скопјани можат мирно да спијат, градот нема да го погоди катастрофален земјотрес, ниту деновиве ниту, пак, во блиска иднина. Сите најави за евентуален голем потрес се чиста шпекулација, велат експертите.
„Нема никаква научна основа за гласиштата дека на еден прецизен датум се очекува земјотрес на едно точно утврдено место, во случајов во Скопје. Ваквите прогнози не се научно втемелени, бидејќи актуелните познавања на науката не само што не дозволуваат да се даваат прецизни прогнози туку тие прогнози се невозможни“.
Ова стручно-научно мислење од Централното сеизмолошко биро и Научната опсерваторија на Земјата со седиште во Стразбур, една од најпознатите опсерватории во светот што се занимаваат со проучување на Земјината топка и сеизмолошките активности, го побаравме откако до редакцијата на „Утрински весник“ допреа шпекулации дека француски сеизмолози предвиделе оти Скопје, во периодот меѓу 21 и 24 октомври, ќе биде срамнето од катастрофален земјотрес. Дека не станува збор за новинарска, туку за чаршиска „патка“ може да се заклучи и од фактот што по долгото пребарување на Интернет-страниците и на форумите на француски јазик не наидовме на вест или какви било пишувања што зборуваат дека се очекува катастрофален земјотрес во Скопје.
Француските научници што работат на ова прашање категорично ги демантираат овие вести. Во едно сеизмолошко подрачје, како што е регионот, секогаш е можно да се очекуваат сеизмолошки кризи. Па и кога има серија земјотреси, статистичките податоци со кои располага науката не дозволуваат да се прогнозира поголем катастрофален земјотрес, без разлика на кој дел од планетата се појавува. Скопје и Македонија воопшто не се ни споменуваат на овај план. Затоа изгледа неоправдано и опасно да се шират вакви гласишта, кои немаат никаква научна основа, предупредуваат француските научници.
И македонските сеизмолози се категорични дека ниту смее ниту, пак, може да се предвидува појавата на земјотреси. Може да се зборува за очекувани потреси и тоа е според статистичките истражувања што ги третираат трусните подрачја, но никако не може со сигурност да се каже точно кога, каде и со каков интензитет ќе погоди земјотрес во одреден регион.
„Какви било изјави од кој било експерт за времето кога евентуално ќе се случат земјотреси се несериозни. Јас гарантирам дека нема таква изјава од стручњак во која било држава, нема шанса некој да зборува такво нешто, а уште помалку да кажува датум кога би се случил земјотрес“, вели проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
Сеизмичките поместувања на земјата се резултат на долготрајно акумулирање на текстонските напрегања во Земјината кора, кои траат непрекинато. Постојат подрачја во светот каде што нема вакви тектонски напрегања и тие се релативно малку и најчесто кај старите планини и карпи. За жал, Македонија се наоѓа во подрачје на тектонски напрегања и појавата на земјотреси се смета за нормална.
Во денешната конвенционална сеизмологија прогнозата за земјотресите се врзува со конкретни подрачја и се базира врз статистичка обработка на случените земјотреси во подолг временски период. Прогнозата се сведува на одредување на периодот на можна појава на земјотрес со одредена јачина. На територијата на Македонија често се јавуваат серии слаби земјотреси со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала -1998 и тоа барем три до четири пати годишно. Според статистичките истражувања, најсилниот земјотрес што може да се очекува кај нас во период од 500 години е со интензитет од 10 степени по ЕМС-1998 (скалата има распон од 12 степени). Во покуси периоди се очекуваат земјотреси со послаби интензитети. |
Извор
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#72 Posted: 17-Oct-2010 at 21:36 |
Ова е тема за која што на трагичен начин се дознава кој е во право. За раседот за кој зборува професорот и јас сум слушнал од поодамна, а тоа што со картава не се подудараат податоците не мора ништо да значи. Сепак пресуден е квалитетот на конструктувниот систем, решението и изведбата. Ова дека во тафталиџе е најсигурно ми праи кеиф  ...со тоа што, ако се случи некоја тешка катастрофа, мислам дека Скопје многу повеќе би страдало од лошиот урбанизам и непристапноста на одредени делови од градот (денес за камиони за ѓубре), а утре недајбоже за противпожарни и спасувачки екипи...останува впечатокот дека си се праиме наудрени во овој поглед, а тресењето од пред некој ден не потсети Земјава кој е кој...
Мене она за што зборуваше Гаревски, директорот на ИЗИИС, по медиумите деновиве, дека временските услови (т.е обилни дождови) не влијаат никако на сеизмичката активност на тлото ми е малку чудно. Знам дека звучи наивно, ама редовно, од кога памтам за себе, земјотреси имало после некој врнежлив период или во време на топење на снегови...или грешам???
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#73 Posted: 17-Oct-2010 at 17:24 |
 Колку се оправдани овие стравувања? Мене ми звучат пренагласени, но како тотален лаик на тоа поле, не би си земал за право да извлекувам заклучоци, туку би сакал да слушнам и некакво друго стручно мислење. Во секој случај, дистрибуциајта на оштетувања предизвикани од земјотресот не се поклопува баш со искажаното во текстот  Мапа:
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#74 Posted: 17-Oct-2010 at 17:15 |
Се гради во црниот сеизмички појас

Евентуален
земјотрес во Скопје може да предизвика многу големи оштетувања на
објектите во строгиот центар на градот кај Старата железничка станица и
Домот на градежници, како и во населбите Карпош 1 и Порта Влае,
кои се изградени врз раседно земјиште. Во опасност ќе бидат и повисоките
згради во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода, зашто се
направени врз почва непогодна за висококатници, тврди професорот во
пензија на Градежниот факултет, Апостол Поцески.
Професорот, кој
на факултетот предаваше статика и нумерички методи, своите тврдења ги
заснова врз студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963
година“. Таа е направена во годините по катастрофата, кога се испитувал
составот на земјата во главниот град и нејзиното влијание врз градбите.
Тогашните испитувања чинеле сегашни милијарда долари, а ги финансирале
повеќе странски земји и југословенската влада. Се покажало дека целата
скопска котлина лежи на чакал, кој некаде е длабок, а некаде многу
плиток. Токму таквите разлики во длабочината може да бидат кобни при
земјотреси. Студијата на Поцески во која се обработени раседите во
Скопје е направена врз основа на овие податоци, а е објавена во едно од
најугледните стручни списание во Америка, како и во публикации во
земјава.
Процеп длабок 200 метри
Испитувањата на почвата покажале дека најголеми оштетувања во
земјотресот имале објектите изградени врз голем расед, односно процеп
длабок околу 200 метри, кој се протега од населбата Кисела Вода до
реката Лепенец. Раседот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па
преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот
плоштад Слобода кај Домот на градежници. Оттаму преку улицата Ленинова
излегува на „Партизанска“, па кај полициската станица во Карпош 1, преку
Порта Влае, завршува кај реката Лепенец.
- Скопската котлина е
испресечена со многу раседи, но овој е најстрашен бидејќи минува токму
низ центарот на градот. Најголемите оштетувања во земјотресот беа по
линијата на овој расед, кој е широк десетина метри од двете страни. Не
смее да се гради врз него. Најмногу што може е да има улица, а не згради
како што се направени. Дури има и висококатници. Никој претходно, а ни
сега, не води сметка дека гради токму по линијата на раседот. Тоа може
да биде кобно - вели Поцески.
Дека раседот има влијание врз
интензитетот на земјотресот докажува и фактот што по катастрофата на
релативно мала површина на која тогаш се простирало Скопје имало сосема
спротивни оштетувања на градбите. Односно, во одредени делови на градот
штетите биле незначителни, а во други имало целосно урнати згради. Имало
и примери каде што градбите на една страна од улицата биле комплетно
урнати, додека на спротивната немале никакво оштетување. Таквиот
парадокс стручњаците го објасниле со специфичниот ефект на почвата,
односно длабочината на чакалот. Таму каде што почвата била слаба и имала
дебел слој чакал на површината, интензитетот на земјотресот бил
поголем.
Градете во Тафталиџе
Токму поради различната почва, Поцески објаснува на кои места е посигурно да се градат повисоки згради.
-
Низ цело Тафталиџе немаше никакви урнатини бидејќи населбата е
изградена врз плиток чакал и тврда подлога - конгломерат. Затоа
предлагав, ако веќе се градат висококатници во Скопје, да се градат на
потегот од сегашен „Веро“ во Тафталиџе, Капиштец, па речиси до Водно.
Наспроти тоа, повисоки згради не смее да има кај Поликлиниката
„Букурешт“. Таму има висококатница изградена кратко време пред
земјотресот чиј преден столб делумно се урна, најмногу поради составот
на земјиштето. Во критичниот појас влегува и делот од Градски ѕид кај
полициската станица „Беко“, како и околу Универзалната сала бидејќи е
многу блиску до линијата на раседот. Не е препорачливо да се прават
населби со високи згради во Железара и Кисела Вода. Чакалот во Аеродром и
Ново Лисиче и денеска тоне, поради што таму не треба да се градат
згради повисоки од осум ката - објаснува Поцески.
За сигурноста
на населбите во Топаанско Поле, Бутел, Чаир нема многу информации, зашто
овие делови не се испитувале многу по земјотресот. Не се правеле ни
испитувања во Момин Поток и Зајчев Рид, за каде е планирано да се градат
големи населби. Сепак, Поцевски смета дека ни таму не смеат да се
градат висококатници, бидејќи носивоста на почвата е помала.
Професорот
е револтиран бидејќи стручната јавност знае за испитувањата и
резултатите од студијата, но не презема ништо за да го спречи градењето
во критичните зони.
- Детаљно се знае каква е почвата низ Скопје
и не мора да се прават нови испитувања. Затоа во сите нови урбанистички
решенија мора да се земат предвид. Стручната јавност знае за
испитувањата и за студијата, но намерно ги премолчува бидејќи
веројатноста да се случи некоја нова катастрофа во скоро време е мала.
Но, ова што се прави со градбите во Скопје е злосторство кон идните
генерации. Нова катастрофа може да се случи за 100 години, ама луѓето
сега не размислуваат за тоа бидејќи се чини далеку. Какви се овие луѓе
што градат, не мислејќи на идните генерации? - прашува Поцески.

Стокатниците се бесмислица Идеите
за изградба на стокатници кај хотелот „Холидеј ин“ и во населбата
Аеродром е бесмислица, смета Поцески. Според најавите, Владата планира
да изгради три стокатници спроти хотелот во центарот на Скопје, а
предвидена е и една од 125 ката во населбата Аеродром. На истата
локација ќе се градат и три станбени згради од по 33 ката.
-
Бесмислица е во Скопје да се градат стокатници и други високи згради.
Почвата не може да издржи такво нешто. Друг проблем е што поради
составот на земјиштето, станарите на овие згради многу посилно ќе ги
чувствуваат земјотресите, дури и тие оддалечени 1.000 километри од
Скопје - смета Поцески. | http://dnevnik.com.mk/?ItemID=258DB5BE3E0F0B4298E1F59C0AB8200E
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#75 Posted: 04-Sep-2010 at 20:02 |
Без поука од скопскиот земјотрес
Квалитетот на градбите порасна по катастрофата во 1963 година, но од 90-тите години почна да царува „урбаната мафија“, која во трката за профит заборави на безбедноста на објектите
Жителите на посиромашните земји се во поголема опасност од земјотреси и од природни катастрофи отколку луѓето што живеат во побогати држави, сметаат експертите. Неквалитетните градби и материјали, непочитувањето на законските прописи и стандарди, алчноста на инвеститорите, кои во трката за профит не обрнуваат внимание на безбедноста, придонесуваат природните катастрофи да предизвикаат илјадници човечки жртви во посиромашните региони. Но во која категорија од наведените земји може да се смести Македонија? Колку се безбедни и квалитетни градбите во земјава?
Експертите сметаат дека во Македонија состојбата со градбите генерално е подобра од таа во посиромашните региони што беа погодени од катастрофални земјотреси, како, на пример, во Турција, Чиле, Хаити каде што речиси и не остана здрав објект по потресот. Но едногласни се дека во земјава се' уште треба многу работи да се подобрат за да може да се каже дека секаде безбедно се гради.
СТРАВ И КВАЛИТЕТ
Според сеизмолозите и инженерите, најквалитетните градби во Македонија се изградени веднаш по скопскиот земјотрес во 1963 година. Стравот да не се повтори катастрофата и поуките од претходните грешки придонеле квалитетот на градбите да стане приоритет во градежништвото.
Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизомологија (ИЗИИС), Михаил Гаревски, се согласува дека луѓето што живеат во посиромашните региони се позагрозени од природните катастрофи, но смета дека Македонците, сепак, се далеку од тоа.
- Ние сме на некое повисоко ниво, односно стандардот на градба е прилично повисок од таквите делови во светот. Тоа особено се должи на фактот што по скопскиот земјотрес посветеноста на квалитетна градба беше најголема. Луѓето беа многу исплашени, па обрнуваа големо внимание на овој сегмент. Но како што поминува времето, се' помалку се гледа на тоа. Генерално квалитетот на градбите е добар, иако од 90-тите години наваму контролата на градењето не е на највисоко ниво - вели Гаревски.
Тој смета дека регулативата не е многу рестриктивна во однос на сеизмичката контрола на објектите.
- Таа работа им се остава на проектантите и на ревидентите, па се' зависи од тоа колку се стручни и колку се совесни за тоа дали објектот ги исполнува стандардите. Ревизијата на сеизмичката стабилност на зградите не може да ја работи кој било инженер зашто не е едноставна работа - вели Гаревски.
Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во предавање во рамките на Европската конференција за земјотресно инженерство зборуваше токму за квалитетот на градбите по катастрофалниот земјотрес.
Во презентацијата наречена „Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963 година?“ Марковски објаснува дека по природната катастрофа во Скопје имало многу оштетувања на градбите. Земјотресот покренал интензивен развој на сеизмологијата и на земјотресното инженерство кај нас, се вложувало во образованието на домашните експерти, кои биле испраќани на обуки на престижни универзитети во САД и во Јапонија, а биле донесени и нови кодекси и стандарди за градење.
- Но, само 30 години подоцна, со почетокот на транзицијата, почнавме да го забораваме земјотресот од 1963. Агресивната трка за поголем профит откри многу аномалии, кои резултираа со многу лоша изградба и конструкции. Таканаречената урбана мафија го стави процесот на градење под своја контрола преку злоупотреби на просторот, сомнителен дизајн, ревизија и супервизија, како и трговија со неквалитетни градежни материјали. Македонските власти, а особено експертите, мора да направат напор за да ги елиминираат овие девијантни активности што е можно поскоро - наведува тој во својата презентација.
ОДНАПРЕД ПРЕСМЕТАН РИЗИК
Странските експерти не сакаат да ги коментираат состојбите на градбите во земјава бидејќи не ги истражувале и не располагаат со детаљни информации. Сепак, сите се согласуваат дека властите и луѓето во посиромашните земји треба да се концентрираат на квалитетното градење, со што ќе го намалат ризикот од природни непогоди со катастрофални последици.
Професорот на универзитетот „Стенфорд“, Хареш Шах, смета дека повеќето земји обрнуваат малку внимание на градбите во руралните делови.
- Сиромашните многу повеќе страдаат оти живеат во неквалитетно направени објекти, а по катастрофите немаат пари одново да ги изградат домовите. Во меѓувреме, дел од преживеаните умираат од епидемии и од заразни болести. Еден од начините да им се помогне на овие луѓе е нивните влади да одвојуваат одредена сума за помош уште при првите знаци на закана од природна непогода. Значи, најзагрозените да добијат помош иако не се погодени од природна катастрофа, со што ќе може превентивно да дејствуваат. Ризиците треба да се пресметаат однапред и да се влијае врз нив за да не губиме милиони луѓе и да се прават милијарди долари штета - рече Шах. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2C7AD49641BD45B06C59332FC5E2D0
Арно му текна!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#76 Posted: 18-Apr-2010 at 02:46 |
според ова скопје како тло кое претежно е мешавина од глина и песок (алувијално тло) излегува дека воопшто не е идеално за градба, јасно дека за секаква почва има чаре со добро стокмени темели на објектот, но од цитираното ми се наметнува недоумица дали е попрактично од сеизмички аспект да се отсранува глината од градежната парцела или да се оди на продлабочено фундирање т.е. длабоко темелење!? исто со оглед дека глината има екстра хигроскопски својства ме интересира во случајот на јо[1] дали може да се стабилизира тлото само со "правилна" дренажа околу објектот (а јасно воедно со тоа и да се скроти влагата)!?!
Edited by Max - 01-Sep-2011 at 21:56
|
 |
medo
Senior Member
Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#77 Posted: 01-Apr-2010 at 01:27 |
Навистина незнам.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#78 Posted: 30-Mar-2010 at 18:55 |
уф скапо претпоставувам да! плус нема проект за куќата туку мора допрва да се земат параметри, 100 год стара куќа... капак најзијан работа е што не е скопје па дополнителен трошок одими дојдими... одприлика би знаел колку ова би чинело!? претпоставувам солено но чисто за ориентација фрли абер!
|
 |
medo
Senior Member
Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#79 Posted: 30-Mar-2010 at 18:33 |
Воопшто не се грижи, се се средува. Секоја компјутерска симулација е само симулација односно апроксимација на реалната ситуација. При истата се прават одредени претпоставки и упростувања, како на пример она со материјалот, па така најчесто се прави хомогенизација т.е. се претставува камената ѕидарија како изотропен и хомеген материјал. Тоа реално е далеку од вистината, но релативно добро за проценка на состојбата на објектот. Што се однесува до компетентни лица, веројатно има способни и искусни инженери освен во наведените институции, но не би знаел да посочам. Можеби ГИМ?!? Мислам дека за таков објект мерење на динамички карактеристики со амбиент вибрациски тестови би била малку скапичка работа, но сепак последниот збор го имаш ти.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#80 Posted: 30-Mar-2010 at 13:10 |
благодарам медо, всушност сакам да бидам на чисто кога ќе викнам некој да ми испита стара камена куќа да имам претстава како тоа би изгледало и јасно да знам бар колку е саат, ако истиот неможам и да го оправам впрочем затоа и прашував во технички речник за товарите http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=61917#61917
но ме буни друго нешто ајде за објект за кој имаш јасни параметри, и геолошки и конструктивно, се сложувам можеш веднаш да склепаш и анализираш компјутерски модел, но за постоечки објект без проби на материјал и геолошко мапирање на теренот, тешко дека ќе се постави прецизен модел за анализа, особено тешко за стара камена куќа, и особено ако не е изградена од еден тип на камен туку во неколку наврати со различен камен, па и врзивни средства! капак на тоа има и лепенки итн. да е уште посмешно самите ѕидови се носачки а гредите ги врзуваат истите дополнително а истите плус се оптоварени со корисен т.е. променлив товар... исто битен момент дали и како е крената на косина или на раб... дополнителен проблем е што до неа има и друга помасивна куќа речиси залепена до неа ~1m растојание, што дополнително влијае на постојната куќа... цел амбиент и цела ситуација е премногу уникатна за да кренам раце од неа, но сакам темелно да ја осигурам преку прецизни анализи и прецизни интервенции онаму каде треба! патем освен изиис и градежен знаеш некој друг што би можел да ми излезе во пресрет а да не ме изгори 
|
 |