build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 20-Dec-2021 at 13:44
БАС РАПИД ТРАНЗИТ СИСТЕМОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ МУ ДОНЕСЕ ПРОГРЕС И ГЛАВОБОЛКИ Скапа играчка или модерен проект?

Една година и 13 месеци би бил раскопан главниот град на Македонија за по оската на неколку улици да можат да врват 24-метарски автобуси-хармоники одделени од автомобилите и со тоа да се намали сообраќајниот хаос. Вака предвидува проектот за Бас Рапид Транзит системот кој го стопираше новата градоначалничка Данела Арсовска и ги подели скопјани, а во меѓувреме стигнаа вестите за можен референдум: дали сте за 70-милионското метро на Шилегов или за едноставна набавка на 250 еко-автобуси, секој од нив по 300.000 евра?

Додека се кршат копјата околу одлуките на Град Скопје, првите критики од експертите стигнале уште лани. Сообраќајните инженери од битолската компанија „24 ИНГ“ во сопствен документ изнесоа бројни замерки за самата организација на трасите, за големото стеснување на веќе тесните улици, за скапата електроника на новите семафори која тешко ќе се одржува и за 21 нова станица кои наместо по тротоарите сега ќе бидат насред улица и за да дојдете до нив ќе морате да поминете низ три ленти.

БРТ предвидува Малиот ринг во центарот да стане пешачка зона почнувајќи од Триумфалната капија, но не е предвидено пренасочување на автомобилите. Дополнителни проблеми се и мостот кај Обединети Нации за чие проширување требаат уште средства и вкрстувањето на трасите на БРТ со меѓуградските автобуси, а уште се води дебатата за главната водоводна цевка широка 1,6 метри која може потенцијално да биде оштетена.

– Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект – рече градоначалникот Петре Шилегов пред неколку месеци на Канал 5 во емисијата „Жешко политичко лето“.

Партизанска“ ќе има по две наместо три ленти, ќе се закрчи и „Илинденска“
Тоа што е сигурно е дека, БРТ системот значително ќе ги стесни лентите за автомобили. Не само што се предвидени две автобуски ленти за две хармоники, туку лево и десно од нив ќе има дрворед и пешачки патеки. Да се потсетиме, единствената улица во Скопје која има по три ленти е булеварот „Партизански одреди“, а сега ќе има по две.

„Од булеварот „Партизански одреди“ се одзема по една сообраќајна лента за секоја насока. … Неопходно е продолжување на булеварот „Илинден“ со нов мост на Вардар и негово поврзување со западниот дел од сообраќајната мрежа“, сметаат од „24 ИНГ“ и се додава:

„Поставувањето на трасата на БАС на главниот коридор исток-запад повеќе ќе ги истакне недостатоците на постојната сообраќајна мрежа бидејќи се одзема по една сообраќајна лента во секоја насока“

Од 18 км/час сега на 25 км/час за две години
Патувањето од скопската населба Ново Лисиче до Ѓорче Петров со БРТ би се скратило од сегашните 70 на 35 минути. Тоа значи дека до центарот на градот би стигнувале за 15-тина минути. Ќе биде ли ова доволно да ги натера луѓето кои го имаат комфорот да патуваат со автомобил да влезат во хармониката?

Истражување спроведено од фондацијата Метаморфозис покажува дека од 150 милиони граѓани годишно во 1989 година, во 2018 само една петтина, односно 44,7 милиони скопјани користеле автобус. Тоа значи дека бројката е во опаѓање. За споредба, БРТ би превезувал 65 илјади луѓе дневно.

Што се однесува до брзината, ова истражување вели дека во 2019 година била 18,39 км/час, додека просечната брзина на БРТ, според најавите, би била околу 25 км/час.

Ако протести го закрчат градот, нема споредна рута
БРТ не предвидува што би се случило во случај на протести, манифестации, вонредни состојби или други закрчувања на сообраќајот. Нема споредни рути, забележале битолските инженери, а еве што тие предлагаат:

„Овој проект бара старт на два други независни проекти за оптимизација на мрежата за отстранување на ризиците … Докомплетирање на сообраќајната мрежа низ центарот на градот, булеварот „Македонија“, меѓу булеварот „Свети Климент Охридски“ и Тутунски комбинат (Лимак) … Во Аеродром, пред почетокот на функционирањето на БАС, неопходно ќе биде продолжување на булеварот „АСНОМ“, конекција со булеварот „Гоце Делчев“ пред почетокот на функционирање на БАС“, се вели во соопштението.

Што кога ќе снема струја за новите семафори?
БРТ ќе биде управуван дигитално од систем на синхронизирани семафори кои ќе им даваат предност на хармониките пред возилата. Но, што кога ќе снема струја, или при сообраќајка? Битолските инженери гледаат проблем и во одржувањето на автобусите, а за електронските системи можеби ќе треба да има и дополнителни вработувања. На удар се дисплеј-екраните, вендор-машините за издавање билети и влезните капии во попатните станици, клучни делови од системот.

За да стигнете до станица треба да преминете три ленти?
Штом постојките се изградени насред улиците, за што во моментов инаку не постојат можности во Законот за јавни патишта, Град Скопје има замерки околу тоа колку ќе бие безбедно да поминуваме низ три ленти, две од улица и една од метрото за да стигнеме до станицата. Ако земеме предвид дека за разлика од сегашните постојки, новите ќе бидат проретчени и ќе стојат на секои 500 метри, пешачењето ќе биде зачестено.

Ќе треба да го преместиме целото зеленило од жардињерите
Град Скопје под новото водство на Данела Арсовска реагираше и на уништувањето на сегашното зеленило кое треба допрва да се заменува со нови два дрвореди околу трасата на БРТ. Би биле уништени или преместени жардињерите на булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“.

Со своја реакција излезе и здружението Зелен Хуман Град:

„Улицата Цветан Димов во Чаир ќе стане булевар со шест коловозни ленти. Колку здрави дрвја има на потегот кои ќе бидат исечени за потенцијалното пробивање на БРТ трасата? Колкугодишни се тие дрвја?“, напишаа уште летово на Фејсбук од ЗХГ.

Мостот Обединети Нации ќе треба дупло да се прошири
Најтешко можеби ќе биде кај мостот на Обединети Нации, којшто има само две ленти, кои сега ќе бидат резервирани за БРТ системот, па ќе треба да се додадат барем уште две ленти. Toa значи нов мост, нови потпори и веројатно посебен проект за таа точка.

„Мостот „Обединети нации“ е основната врска запад – исток. Овој мост не може да обезбеди доволен попречен профил кој би ги задоволил сообраќајните потреби и резервирана траса за БАС. Треба да се гради нов мост што е сериозна задача и од финансиска и од гледна точка на попречување на нормалниот живот во текот на изградбата“, пишува во студијата на „24 ИНГ“.

Како БРТ ќе се спои со меѓуградскиот сообраќај?
Нема да ѝ биде лесно ни на Железничката станица во Скопје. Таа ќе треба да биде спојна точка на БРТ со трасите на меѓуградските автобуси и идниот брз железнички транспорт, кој е во најава. Но, голем дел од автобусите доаѓаат од источниот влез на градот и преку булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба:

„За целосна реализација на предностите на БАС недостасува сообраќајна врска на депото/терминусот во Ново Лисиче со источниот влез во градот Скопје, односно булеварот „Александар Македонски“. Ова е сериозна пречка за примена на концептот „парк енд рајд“. … Поврзувањето со меѓуградски патен и железнички сообраќај е доведено во прашање заради градежни проблеми поврзани со постоење на подземни тунели и прашања за носивост на коловозот …“, се додава во нивното соопштение.

https://plusinfo.mk/bas-rapid-tranzit-sistemot-na-skop-e-e-mu-donese-progres-i-glavobolki-skapa-igrachka-ili-moderen-proekt/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 17-Dec-2021 at 20:38
Од сето ова, а многу работи има, и мене најмногу внимание ми е за Обединети нации, кој и што да се прави, навистина ќе го наруши коридорот запад-исток. Во моментов има само по 3 ленти со двата моста (ОН и Хром), а што и да прави само би значело намалување на бројот на ленти. Да се имаше вијадуктот од Илинденска многу би помогнало, бидејќи освен двата моста друга опција за да го поминеш Вардар е преку Ромското Маало кај Канал 5, а таму е улица со две ленти, што исто е премалку за пренасочување на сообраќајот.

Друго што ми привлече внимание е моментот на вонредни ситуации, кои навистина во градот се премногу, минимум 20-тина пати во годината има нешто, а да не зборуваме за моментите дека нашите политичари мора да патуваат со полициски придружби и сите семафори да се гасат.

Преминувањето на улиците (трите ленти до и од станиците) можеби е бениген проблем, но со оглед на сообраќајната култура кај возачите, но и кај пешаците, е исто сериозен проблем според мене.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 17-Dec-2021 at 13:50
И во студијата на сообраќајните инженери од Битола има многу резерви за проектот БРТ за Скопје

Во рецензијата на проектот за брз автобуски систем (автобуско метро) во Скопје за трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче (запад-исток) на фирмата 24 ИНГ од Битола назначени се бројни слабости на сообраќајните решенија за кои се неопходни дополнителни сообраќајни проекти и изградба на нов мост на реката Вардар кои ќе имаат нови финансиски импликации, а не се предвидени во прифатениот проект од 70 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој.

Вчера градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска реши да ја прекине тендерската постапка за изградба на проектот БРТ, брз автобуски систем.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, соопштија вчера во Град Скопје.

Во документот на компанијата 24 ИНГ од Битола изработен во декември 2020 година има бројни замерки на замислениот проект. Сообраќајните инженери од оваа компанија на одговорните на Град Скопје пред една година им ја презентирале оваа студија во која има навистина бројни недоследности за оправданоста на еден ваков проект.

Од нашиот увид во оваа студија, за реализација на автобуското метро неопходна ќе биде изградба на нов мост на реката Вардар на местото на постоечкиот мост „Обединети нации“ што ги спојува населбите Карпош 4 и Влае. „Мостот ‘Обединети нации’ е основната врска запад – исток. Овој мост не може да обезбеди доволен попречен профил кој би ги задоволил сообраќајните потреби и резервирана траса за БАС. Треба да се гради нов мост што е сериозна задача и од финансиска и од гледна точка на попречување на нормалниот живот во текот на изградбата“, пишува во студијата.

Бројни се проблемите што би произлегле од спроведувањето на овој проект: дополнителни возачки вештини на шоферите заради променети околности на функционирање, проблеми со пристапот, застанувањето на БАС станиците, со експлоатацијата на 16 и 24 метарските возила, нема бекап систем за напојување на сигнализираните крстосници, на се предвидени ситуации во случај на вонредни околности (сообраќајки, протести, временски неприлики, потребно е зајакнување на ресурсите на превозниците – инженери, квалификувани мајстори, менаџери за квалитетно одржување на БАС возниот парк..., пишува во студијата.

Поставено е и прашањето на заштитата на скапата софистицирана опрема што треба да биде инсталирана по станиците - влезни излезни капии, вендор машини за издавање/надополнување билети, информативни дисплеи, осветлување, клупи... „чие оштетување би довело до сериозни проблеми во самото функционирање на системот и до значајни дополнителни трошоци“. Поставено е и прашањето за одржување на возилата како проблем – резервни делови, навремени тендери...

Што ако се затвори дел од трасата заради вонредни околности?

Во случај на протести или други манифестации пред Собранието не се обезбедени можностите за алтернативна рута, а и тие се многу лимитирани, забележале сообраќајните инженери од Битола.

„Овој проект бара старт на два други независни проекти за оптимизација на мрежата за отстранување на ризиците... Докомплетирање на сообраќајната мрежа низ центарот на градот, булеварот ‘Македонија’, меѓу булеварот ‘Свети Климент Охридски’ и Тутунски комбинат (Лимак)... Во Аеродром, пред почетокот на функционирањето на БАС, неопходно ќе биде продолжување на булеварот ‘АСНОМ’, конекција со булеварот ‘Гоце Делчев’ пред почетокот на функционирање на БАС.

…За целосна реализација на предностите на БАС недостасува сообраќајна врска на депото/терминусот во Ново Лисиче со источниот влез во градот Скопје, односно булеварот ‘Александар Македонски’. Ова е сериозна пречка за примена на концептот ‘парк анд рајд’. …Поврзувањето со меѓуградски патен и железнички сообраќај е доведен во прашање заради градежни проблеми пoврзани со постоење на подземни тунели и прашања за носивост на коловозот…

Постојната состојба со сообраќајната мрежа во Скопје не дозволува обезбедување на заштитени две БАС сообраќајни ленти по насока што би овозможило обиколување во случај на дефект и препрека на БАС лентите.

...Поставувањето на трасата на БАС на главниот коридор исток-запад повеќе ќе ги истакне недостатоците на постојната сообраќајна мрежа бидејќи се одзема по една сообраќајна лента во секоја насока.

Од булеварот ‘Партизански одреди’ се одзема по една сообраќајна лента за секоја насока. …Неопходно е продолжување на булеварот ‘Илинден’ со нов мост на Вардар и негово поврзување со западниот дел од сообраќајната мрежа“.

Освен ова, регистрирани се и бројни пречки во Законот за јавни патишта, како на пример забрана за поставување и градење на какви било објекти освен сигнализација и сообраќајна опрема на разделните острови и разделното зеленило на улиците, патиштата и крстосниците... Ова подразбира и неопходни законски измени и дополнувања“, пишува во студијата.

Освен сите овие забелешки, од Град Скопје главните забелешки се однесуваат на уништувањето на средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандаски“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“. Патниците треба да поминуваат три ленти за да стигнат до автобускта постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона. Главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром , Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот „Партизански одреди“ така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици, а средишната зелена површина претставува заштитна зона на вододната цевка, велат од новата администрација на Град Скопје.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/i-vo-studijata-na-soobrakjajnite-inzheneri-od-bitola-ima-mnogu-rezervi-za-proektot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 15-Dec-2021 at 13:13
Град Скопје: Тендерот за изградба на првата БРТ-линија е стопиран, нема понуди од компании

Вчера заврши првата фаза од тендерската постапка за изградба на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тендерската постапка што е објавена на веб-страницата на ЕБОР предвидуваше заинтересирани компании за учество на тендерот до Градот Скопје да ги достават своите претквалификациски понуди.

Од Градот Скопје за Мета.мк информираат дека тендерската постапка е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди од заинтересирани компании.

Самиот тендер требаше да се спроведе во две фази, при што во оваа првична фаза најпрво беше планирано да се изберат компаниите и конзорциумите кои ги задоволуваат критериумите на тендерот кои би се пласирале во втората квалификациска фаза, од која што на крајот требаше да се избере најповолниот понудувач.

Инаку, тендерот за изградба на првата БРТ-линија беше распишан кон крајот на октомври годинава. Планирано беше на трасата со должина од 12,81 километри да се движат еколошки автобуси долги 18 метри, да има 21 автобуска постојка долж целата траса, како и 2 терминала во Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Со имплементацијата, се очекуваше времето на патување со јавниот превоз од сегашните 70 минути да се преполови на 35 минути за граѓаните кои го користат јавниот превоз.

Тендерот следеше откако во април годинава беше потпишан договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за земање кредит од 70 милиони евра за изведба на двете БРТ линии во Скопје. Проектот за БРТ беше разгледан од ЕБОР, а задолжувањето на земјава помина на гласање и во Собранието на РСМ.

Од новото градско раководство за Мета.мк велат дека БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Од Град Скопје појаснуваат дека во моментов се водат преговори со ЕБОР и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното. Градоначалничката Данела Арсовска останува на ставот за воведување на референдумот како пракса за изјаснување на скопјани за поголемите прашања за градот.

„Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи“, се вели во одговорот од Град Скопје.

Експертите, веднаш по најавата за прекин на реализацијата на БРТ проектот, ја советуваа новата скопска градоначалничка да не брза со донесувањето на стратешки одлуки за скопскиот јавен превоз, додавајќи дека БРТ проектот во Скопје бил прифатен со големо воодушевување од преставниците на ЕБОР, кои се многу строги во поглед на проектите кои ги финансираат.

„Скопје не може да ги намали проблемите со метеж во сообраќајот, зголемено загадување, недостаток на паркинг простор, ако не се понуди високо квалитетен јавен градски превоз кој би бил доволно привлечен, за дел од денешните корисници на автомобили да откријат дека попогодно за нив е ако користат јавен градски превоз“, изјави професорот по јавен градски превоз на Техничкиот факултет во Битола Никола Крстаноски.

Во однос на набавката на 250 нови еколошки автобуси и изворите на финансирање кои би ја покриле финансиската конструкција на новата градска администрација, од Град Скопје пак велат дека веќе се во комуникација со странски експерти кои имаат искуство во доменот на обезбедување на грантови за еко проекти.
Инаку, Скопје зад себе во изминативе три и пол децении има еден неуспешен референдум за изградба на трамвај во Скопје кон крајот на 80-тите години од минатиот век, цела серија на физибилити студии и проектни документации за изградба на класичен трамвај и БРТ, распишани и неуспешни тендерски постапки за нив, замисла за изградба на градско-приградска железница, како и идеен проект од изведба на подземна трамвајска траса од Карпош 4 до Ново Лисиче од хрватската компанија ЗЕТ-Загреб.
И покрај целокупната документација, алтернативен јавен превоз во градот нема, иако бројот на жители во главниот град неуморно расте од година во година, а лани бројот на официјално регистрирани возила во Скопје надмина 150.000. За споредба, во 2012 година биле регистрирани 122.400 возила во главниот град. Градските власти немаат прецизни бројки и за тоа колкав број на граѓани и возила дневно од другите градови влегуваат во Скопје, а коишто дополнително го усложнуваат сообраќајниот метеж.
Наспроти ова, Мета.мк веќе пишуваше дека според податоците на ЈСП-Скопје, просечната брзина на движење на автобусите од градско-приградските линии низ годините во континуитет опаѓа. Просекот на движење на автобусите од јавниот превоз во 2013 година бил 19,65 километри на час, а во 2019 година тој опаднал на 18,39 километри на час.
И бројот на патници што го користат скопскиот јавен превоз опаѓа во континуитет низ годините. Според податоците на ЈСП-Скопје, во 2014 година биле превезени 52,9 милиони патници, по што обемот на користење на јавниот превоз се намалува од година во година, за да во 2019 година достигне 44,2 милиони патници. Со ширењето на ковид-19 пандемијата, овој број на превезени патници лани се намали на 21,4 милиони патници.
Инаку, долгонајавуваната можност за воведување на алтернативен јавен превоз во Скопје денес се наоѓа во слична ситуација како во периодот на одржување на локалните избори во 2009 година. Тогашниот градоначалник во заминување Трифун Костовски беше принуден да го поништи тендерот за изградба на првата трамвајска линија од Ново Лисиче до центарот на Скопје, откако тогашниот состав на Антикорупциската комисија побара да се сопре реализацијата на тендерот за трамвајот.
Новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски не се согласуваше со моделот за изградба на трамвајот во Скопје на дотогашниот градоначалник Трифун Костовски. Наместо изведба на трамвајската линија, со поддршка на владата, тогашното градско раководство ја започна набавката на нови украински автобуси од „ЛАЗ“ и двокатни автобуси од „Јутонг“. Возниот парк на ЈСП-Скопје целосно се модернизираше, па така пред набавката на автобусите ЈСП во 2009 година имаше 48.633.000 патници, за по нивната набавка бројот на патници да се зголеми до 52 милиони патници. Но потоа, оваа бројка на превезени патници се намалуваше, за да се сведе на 44,2 милиони во 2019 година пред почетокот на ковид-19 пандемијата.

https://meta.mk/grad-skopje-tenderot-za-izgradba-na-prvata-brt-linija-e-stopiran-nema-ponudi-od-kompanii/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 12-Dec-2021 at 14:56
А бе каков народ да одлучел, во поглед на став за автомобислки сообраќај и неговата штетност, од нашиот народ нема поаутистичен. Да најави некој дека цел Градски парк од Илинденска до Вардар ќе го асфалтира за паркинг, ама скоро никој нема да се побудни. Колата се сака повеќе од фамилијата и здравјето. Десна рака ќе се дај за паркинг и плус асфалт. Да можат 7 коли по глава на жител ќе се набават, цела колекција од Голф 1 до 7.


Инаку, едноставно бедна е оваа „турни ме да кинисам„ неконзистентност. Пред 2 недели јачеше дека граѓаните не гласале за БРТ туку за бесплатни автобуси (значи изборите веќе ги смета за реферндум БРТ/не-БРТ). И раскинува све и сешто. И сега наеднаш му текна референдум. Бедно партиско безобразие, ништо друго. Ова е веќе стандардно објаснување кога некоја од големите партии наеднаш се засекирва многу за „волјата на нардот“ и референдуми. Дрпмне очигледно сака да си направи изборна анкета на примерок од 200 000 за државни пари, па после да одлучуваат дали да притискаат за избори в година или пак да чекаат редовни. Не знам само како толку разумни луѓе се уште успеваат да наседнат на вакви лигаво-партиски финти. После 30 и кусур години играње на истата дрн-дупка.


Едноставно помина времето за „ќе анализираме“, „ќе се консултираме“, „ќе одлучувмае“, „ќе видиме“... На скопскиот сообраќај му се потребни итни решенија, не утре, туку ВЧЕРА! Нема појќе простор за мудрување, мора да се превземе нешто веднаш, што и да е (БРТ секако не е најиделаен проект, ама е најспрмена за изведба идеја, а и финанскиски и временски највозможен).

Edited by hcitrS - 12-Dec-2021 at 15:02
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Dec-2021 at 20:29
Кај нас и 100км метро мрежа за 100 милиони евра не проаѓа на референдум. Ќе се најде партија или еко-групација која се тоа ќе го изврти негативно и Скопјани гордо ќе кажат не.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 11-Dec-2021 at 17:42
Едвај чекам да видам како тоа од "референдум за БРТ" ќе почне да се прави замена на тези, па наеднаш граѓаните индиректно ќе треба да се произнесуваат за СДСМ/ВМРО и ЗА/ПРОТИВ договорот со Бугарија!    Па да гледаме како тоа у Сарај ќе се наполнат кутиите за БРТ, а БРТ нема да допре тамо ни за 50 години! Така малку годишна доза фиромска егзотика, чисто да не биде досадно.

Edited by user8642 - 11-Dec-2021 at 17:43
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 11-Dec-2021 at 15:21
Имаше таков референдум и во Нешвил, Тенеси каде граѓаните се изјаснуваа за ЛРТ и БРТ систем и за истиот гласаа против 64%.

https://wpln.org/post/curious-nashville-answers-your-transit-referendum-questions/

https://transitcenter.org/publication/derailed/
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 10-Dec-2021 at 22:33
Реално добар предлог е референдумот, нека се има пракса за вакви работи да има граѓанско изјаснување.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Dec-2021 at 20:48
нов мост на местото кај постоечкиот „Обединети нации“ во Влае, што пак би биле дополнителни трошоци од шест милиони евра.



Колку чини оној во Аеродром?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Dec-2021 at 08:51
Најпаметно, нека се соопшти реалната цена, детален план за проектот заедно да се презентира и алтернативата со авобуси, па нека бира народот што сака.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 10-Dec-2021 at 07:54
Арсовска најави можен референдум за БРТ системот

БРТ системот или популарно наречен „автобуското метро“ беше еден од клучните проекти кои ги најавуваше и започна да ги спроведува претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ најави можно распишување на референдум за тоа дали скопјани поддржуваат воведување на „Бас рапит транзит“ (БРТ) системот во јавниот превоз на главниот град или не.

Таа рече дека останува на нејзиниот став дека БРТ системот не е добро решение за Скопје, а наведе и неколку критични точки поради кои смета дека ризиците се поголеми од евентуалниот бенефит. Првата, како што рече, е што доколку се воведе овој систем на градски превоз ќе биде потребен нов мост на местото кај постоечкиот „Обединети нации“ во Влае, што пак би биле дополнителни трошоци од шест милиони евра. Друга критична точка, според неа е што тврди дека ќе се отстрани целото зеленило по средината на „Партизанска“, а како трета ја посочи главната водоводна инсталација која поминува под средишното зеленило на овој булевар.

БРТ системот или популарно наречен „автобуското метро“ беше еден од клучните проекти кои ги најавуваше и започна да ги спроведува претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

За разлика од него, пак, Арсовска во кампањата за локалните избори најавуваше дека проблемите во градскиот сообраќај ќе ги решава со повеќе еко-автобуси и воведување нови линии. Едно од нејзините предизборни ветувања беше купување на 250 нови еко-автобуси.

За „автобуското метро“ во Собранието беше донесен и закон за задолжување од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која позитивно го оцени и одобри овој проект. Во Буџетот за 2022 година предвидени се и пари за БРТ поради што неодамна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ја повика Арсовска да ја преиспита најавата за откажување на проектот.

„Не станува збор за набавка на нови автобуси туку за изградба на цела инфраструктура односно на цел нов систем на транспортна мрежа која нуди брз и ефикасен транспорт на градот. Најголем удел во вкупниот број возила што сообраќаат низ градот се патнички возила и тоа е некаде преку 80 проценти. Затоа, сметаме дека овој нов концепт на транспорт ќе има влијание врз намалување на употребата на возила, како и врз намалување на загадувањето во Скопје. Повикуваме Градот Скопје да ја преиспита одлуката, бидејќи секое отстапување од ваков систем на транспорт нема да донесе поефикасен транспорт во градот“,

повика министерот на прес-конференција минатиот месец.
Во однос на планот на Арсовска за набавка на нови автобуси, тој рече дека лесно е да се набават, но кога тие ќе се стават во функција, ќе направат и дополнителен притисок.

„Сметаме дека Скопје го има надживеано целиот овој процес на традиционален транспорт и е потребен алтернативен транспорт за кој веќе се обезбедени средства и за кој е распишана постапка за проектирање и градба“,

рече Бочварски.

https://360stepeni.mk/arsovska-najavi-mozhen-referendum-za-brt-sistemot/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 21-Nov-2021 at 21:42
проблемот не е во откажувањето на самиот проект, туку во откажувањето по стоти пат од одредена идеја и почнување од нула... за сето ова време на саботирање на проектите од претходните власти од секоја гарнитура, Скопје ќе добиеше 10 различни врсти на јавен превоз и сите ќе ги оставеа колите на отпад
исто како што ГУП-овите и стратегиите служат за тоалетна хартија, така и ова... срамота
барем кога се откажува од проектот, да се понуди со алтернатива на него или кои кои ќе бидат целите за реазвој на јавниот транспорт во Скопје, што уште нема направено
во најмала рака можат да се најдат замерки и проектот да се ревидира и измени во подобри верзии

вака само ќе имаме одново потрошени годиништа на проекти и визии, а на терен ќе останеме со загубарско претпријатие ко ЈСП што возилата си ги скапува во рок од година дена и нема мрднато со мал прст нешто проактивно да направи до сега, макар и ствари за кои треба 0 инвестиција
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 21-Nov-2021 at 17:58
АРСОВСКА ДА НЕ БРЗА СО УКИНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ НА ШИЛЕГОВ - Бочварски вели дека во буџетот има 4 милиони евра за бас рапид транспорт

Од буџетот за следната година се предвидени 246 милиони денари за брзиот автобуски превоз, проект кој беше промовиран од поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истакна на денешната прес-конфереција, министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

Сепак актуелната градоначалничка, Данела Арсовска, пак, кажа дека за јавниот превоз во Скопје има друго решение, за што министерот упати апел за преиспитување на одлуките.

„Во буџетот за следната година предвидовме 246 милиони денари за воведување на брз автобуски превоз во Скопје. Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек, и оттука сакам да упатам апел до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување од овој проект. Повикуваме, Градот Скопје да ја преиспитаат одлуката бидејќи секое отстапување од ваков систем на транспорт, нема да донесе поефикасен превоз во главниот град“, рече Бочварски.
Министерот потенцираше дека од другата страна, мислејќи на градоначалничката Арсовска, не биле презентирани аргументи зошто би се стопирал ваквиот проект, а одлуката да биде поткрепена брз база на студии, анализи и експертски знаења.

„Ова како што знаете, е проект на Градот Скопје, но е финансиран од страна на владата. Затоа очекувам во следниот период да се донесат мудри одлуки, затоа што Скопје по многу децении тежнее по ваков транспорт, а кој конечно ќе се реализира“, вели Бочварски.

https://faktor.mk/arsovska-da-ne-brza-so-ukinuvanje-na-proektot-na-shilegov---bochvarski-veli-deka-vo-budzetot-ima-4-milioni-evra-za-bas-rapid-transport
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 19-Nov-2021 at 18:09
Ќе го изгуби ли државата заемот од 70 милиони евра ако не се воведе БРТ превоз?

На неодамнешниот брифинг со новинарите Арсовска најави дека во наредните денови ќе има состаноци со експертите од ЕБОР за да се запознае со условите и што било досега договорено и направено, но нагласи дека нема да го реализира проектот.

Државата најверојатно ќе го изгуби заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој доколку градоначалничката Данела Арсовска остане на својата одлука дека нема да не го имплементира брзиот автобуски превоз во Скопје. Од ЕБРД посочија дека овој заем е одобрен откако е направена детална проценка на проектот, а дека средствата се наменети токму за овој проект. Со други зборови, не можат да се пренаменат.

На неодамнешниот брифинг со новинарите Арсовска најави дека во наредните денови ќе има состаноци со експертите од ЕБОР за да се запознае со условите и што било досега договорено и направено, но нагласи дека нема да го реализира проектот.

Јас БРТ не ветив, туку брз, навремен и бесплатен јавен превоз и нови 250 автобуси. БРТ беше проект на мојот претходник, кој не беше избран на овие избори, што значи дека граѓаните не го одбраа тој проект – рече новата градоначалничка на Скопје.

Сепак, најавената средба сѐ уште не се одржала, ниту има прецизни информации кога тоа би се случило.

Во наредниот период следат средби со ЕБОР, а во тек е анализа на документацијата за БРТ проектот во Град Скопје, по што ќе излеземе со конкретни одговори за јавноста – кусо одговараат од Град Скопје на прашањето од „Слободен печат дали Арсовска веќе договорила состанок со ЕБОР во врска со договорот за заем за реализација на овој проект.

Оттаму не одговараат ниту дали градоначалничката сѐ уште останува на ставот дека нема да го спроведе веќе договорениот проект, ниту дали таа се консултирала со експерти околу оваа своја одлука.

Државното собрание на почетокот на април годинава го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, со кој државата се задолжува кај ЕБОР со 70 милиони евра. Во Законот е прецизирано дека заемот се доделува во две транши, првата е во износ од 47.600.000 евра, а втората од 22.400.000 евра. Рокот за отплата на првата, а потоа и на втората транша е 15 години со вклучен грејс период од четири години. Заемот ќе се отплаќа од државниот Буџет.

Во Законот за задолжување се вели и дека државата ќе и плаќа на Европската банка за обнова и развој „провизија за неповлечени средства во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво. За износот на неповлечени средства од заемот за првата транша провизијата ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем , а провизијата за неповлечени средства за втората транша ќе започне да се пресметува по седум дена од денот на достапноста за користење на втората транша“.

Веднаш потоа Град Скопје, Министерството за финансии и ЕБОР го потпишаа договорот за БРТ, а во кон крајот на октомври на веб сајтот на банката беше објавен меѓународниот тендер. Тендерот опфаќа проектирање и изградба на коридорот на линијата 1 од БРТ, како и изградба на депо во Ново Лисиче и надградба на депото во Ѓорче Петров.

Тендерот ќе се спроведува во две фази. Првата претквалификациска фаза ќе трае до 14 декември, а фирмите кои ќе ги исполнат условите од тендерската документација ќе се квалификуваат во втората фаза, по која ќе се избере изведувачот на проектот.

Проектот за изградба на систем за брз автобуски превоз се подготвуваше две години и во него беа вклучени реномираните експерти од универзитетите во Скопје и Битола, Белград, Лондон и Брисел.

Министерство за финансии: Нема официјално известување од Град Скопје за откажување на договорот со ЕБOР
Од Град Скопје не е пристигнато официјално известување за раскинување на договорот со Европската банка за обнова и развој за проектот за БРТ превоз во Скопје, па од Министерството за финансии сметаат дека сега не е време да излезат со став дали во тој случај би се враќале парите од заемот или би можеле да се пренаменат. Нема одговор ниту дали во тој случај би се платила отштета и колку.

-До Министерството за финансии и до Владата на РС Македонија нема стигнато официјално известување дека Град Скопје се откажува од претходно договорениот проект со ЕБОР за кој Министерството за финансии во име на Владата на РС Македонија има потпишано Договор за заем со ЕБОР на 21.04.2021 година, а врз основа на претходно донесен Закон за задолжување за овој проект од страна на Собранието на РСМ, објавен во Сл.весник бр.77 од 06.04.2021 – велат од Министерството за финансии.

Оттаму додаваат дека доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за него и воедно ќе се извести и ЕБОР за предметното барање.

https://www.slobodenpecat.mk/kje-go-izgubi-li-drzhavata-zaemot-od-70-milioni-evra-ako-ne-se-vovede-brt-prevoz/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 18-Nov-2021 at 18:27
Сите главни адути на БРТ-то може да ги има и само со автобуси: возен ред на 5 минути, координирани семафори, двозголбни троделни автобуси за зголемен капацитет, плински погон, нови автобуски станици, расчистени трети ленти дури и неоградени, тротоари со ограда, нов оптимизиран возен ред. Све може да се направи со тие пари. Па дури после кога ќе видиме дека proof-of-concept функционира, многу лесно две-три градски линии ќе ги замениме со БРТ.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 18-Nov-2021 at 18:10
Скопје во перспектива: Класични автобуси или автобуско метро?



https://kanal5.com.mk/skopje-vo-perspektiva-klasichni-avtobusi-ili-avtobusko-metro/a503855
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 18-Nov-2021 at 17:46
Јас имам кажано на форумов неколку пати дека со постојниот возен парк може да се направи целосна реорганизација на ЈСП што треба да се направи без разлика дали и кога и во каква форма ќе се прави друг систем на јавен превоз.

Идејата е едноставна, да нема Транспортен центар, туку да има градски автобуси кои ќе завршуваат на бројни мини-транспортни центри на краевите од градот. Поволности од ова би било дека:

1. Помалку сообраќаен метеж по булевари од бројните автобуси
2. Повеќе автобуси со пократко време за тие „градски“ автобуси (пр. петка на секои пет минути)
3. Повеќе автобуси до приградските места, бидејќи тие автобуси нема да треба да патуваат до центарот на градот и со тоа нивната рута е помала и за пократко време ќе може да кружат

На пример, 2 и 5 може и двете да завршуваат во Ѓорче Петров на постојната локација на последна петка, а подоцна сите други како 11, 12, 32, 56, 56а, 60, да продолжуваат кон селата од Сарај.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 17-Nov-2021 at 22:50
Ќе останат од ЕБОР без бонусчиња, многу им е гајле дека Скопје ќе било поинакво . Може и е добро да пропадне, Данела мандатов да се занимава со ЈСП што тешко се оправа, па за 4 години и некоја понапредна ситуација (еконимија, преговори, ковид), следен градоначалник и Влада да влезат јако со тоа што треба - ЛРТ.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 17-Nov-2021 at 21:45
70-те милиони евра се кредит, кој ќе треба да се враќа. Нема ништо изгубено, туку само превенирано да не отиде уште еден кредит на глупости потрошен, јер од БРТ поголема глупост не постои!    Деновиве активно се промовира тезата дека имаме некаква "од готово вересија" ситуација, демек Данела фрлила парите во воздух, а воопшто не е така!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.