![]() |
![]() |
![]() |
Православна сакрална архитектура |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Author | ||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
еве по некој туристички патоказ, ех да имаше вакви кога и јас бев еским бар поубаво ќе си ја научев традицијата, ако не и Верата, додека скитав по Македонија, но еве сега и кој век сме ем интерактивни та пак скромни сме со туристички а не па духовни патокази ПАТЕКИ КОН МАНАСТИРИТЕ НА БАБА ПЛАНИНА - http://www.pelagonijaregion.mk/portal/index1.php?page=info&cat1=10&cat2=37 каталогот е 156MB, а е описна брошура за Црквите на Пелистер, додека маршутите може да ги проследите и симнете од issuu каде ги има и нивните англиски верзии [1][2][3][4][5] ВРЕМЕТО НА БАЗИЛИКИТЕ ВО ОХРИД - http://www.see-heritage-download.org/Ohrid_Makedonska.pdf [1] Edited by Max - 04-Jun-2012 at 17:42 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
додека да се откријат сите и бар дел да се возобноват и стават во функција, дотогаш најверојатно Крупиште ќе биде мултикултурно место! како велат ако не можат да се грижат и градат нашите, ќе гледаат да помогнат туѓите, не дека ова е спорно, туку не ми е јасно како чоек волку лесно се симнува од своја на туѓа чатија, токму ко да учиш еским опинци да носи, оро да игра и ајвар да прави, не дека неможе но кое фајде од одродување!? иако ова денес и кај нас има многу ескими та потешко импаѓа сопствената одошто туѓата ука
патем арно што Џими од К-15 сака сесрдно да помага по народот, но со вакви донаторски одродувања, и понатака донаторите имаат за цел раслојување на Македонците и МПЦ како што тоа било случај и порано, впрочем и јас на ова гледам вака бидејќи Благовестењето и Мисионерството евангелистите треба да го шират онаму каде луѓето не чуле за Христа, но во една од колевките на Христијанството ваквото мисионерсто е лицемерно уште повеќе што се наметнува благоречено наемнички! но ако е за утеха подобро неутврдените Православни Христијани да претрчуваат по блиски улици, него да заскитаат по тоа нуејџ паганизмите, та ако и кога им згусне лесно и брзо да го најдат патот дома... |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Академик Блаже Ристовски неодамна спомна дека планира да ги прелиста турските архиви, но за тоа му е потребен преведувач од арапски турски јазик на современ денешен турски јазик или на било кој друг современ денешен јазик, па ако некој од вас познава таков преведувач, контактирајте го академик Ристовски, не знам каде и како да го контактирате, веројатно во МАНУ би можеле да ви дадат информации за тоа каде и како да го контактирате. |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
факт е дека сме слаби со историографи кои знаат и можат да истражуваат, но тоа по турските архиви кои ни се целосно на располагање слаби сме со истражување не па за ватиканските, добро треба некој да ги владее и арапскиот односно латинскиот, а и некој треба да фрли пари за тоа итн. така да и да има мажи не секогаш имаат простор за да се растрчаат... edit: со прелистување ништо не се прави, исто ко да отидеш да ловиш риба на пола саат, може и ќе фатиш нешто ако знаеш што и каде да бараш но пред се' ако си вичен! затоа е потребно истражувачот лично да го познава јазикот а и да се пресели таму со оглед дека архивите ретко даваат материјали да се изнесуваат надвор, иако подобро и кампањски него никако, иако она што е за општа корист само си наоѓа бел ден директно или индиректно... ме чуди како од академијата немаат абер кого да консултираат во земјава, иако бар некој од поетите би требало, но сите не' висат на закачалка ниту пак јазикот го знаат професионално, за тоа треба некој да праќа стипендирани лингвисти во Tурција кои би специјализирале османски јазик! и до сега се имаат истражувано архивите но се додека не се дигитализираат тешко од нив да се извлече максимум! ![]() Edited by Max - 24-May-2012 at 22:43 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
нема мажи кои би копале по ватиканските архиви и да напишат семинарски,магистерски и докторски трудови.најлесно е да се напише некој труд од видот на една докторска дисертација `паганските верувања и обичаи во тетоските села....` и завршена работа.
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
претпоставувам многу што може да се научи доколку целосно се обзнанат ватиканските архиви, но тоа е дискутабилно со оглед дека тие податоци можат да отворат стари рани, раскринкувајки многу денешни етаблирани фалсификати кои во историографијата се сметааат за конечни вистини... Јустинијана Прима а потоа и Охридската Патријаршија одсекогаш биле посредник помеѓу Рим и Цариград, всушност откако Ватикан го формира Солунскиот Викаријат (со Викарен Епископ кој е претставник на Папата) во 5-ти век сакајќи да има јурисдикција над овие простори, предизвикува револт и оштра реакција кај Цариградската Патријаршија, заради што Јустинијан како би ги помирил двете столици во 6-от век иницира формирање на Архиепископијата Јустинијана Прима, која ќе биде независна и за време нејзиното постоење ќе има тројца Архиепископи... во иднина ваквиот статус ќе го превземе Охридската Архиепископија која ќе стане и Охридска Патријаршија, а нејзините поглавари ќе се именуваат како поглавари на Прва Јустинијана фактографски документирано во погоре наведената книга на др.Петар Поповски http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce593.pdf/31_34_Petar_feljton.pdf засега повеќе археолошки отколку духовно што е битно, но ватиканските архиви во иднина можат да дадат прецизен одговор и за локацијата на Јустинијана Прима, за која србските археолози велат дека е во Царичин Град локалитет близу Лесковац, додека македонските археолози ја лоцираат кај родното место на Свети Јустинијан село Таор југо-источно од Скопје, и едните и другите транспонирајки ги скудните писанија за Јустинијана Прима на палестинецот Прокопиј Кесариски Edited by Max - 24-May-2012 at 16:51 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Со закаснување го пишувам овој пост,со напомена дека во 1619 година ватикан правел разлика помеѓу СРБИ,МАКЕДОНСЦИ И БУГАРИ
Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века! Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Според еден од документите, во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан ![]() Ватикански документи за Македонија од 17 век Во трезорите на Ватикан се чуваат значаен број документи за Македонија и за Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Арцхивио делла Сацра Цонгрегазионе де Пропаганда Фиде), кој е формиран за да ги собира и чува документите од тајното дипломатско функционирање на Светата столица, се чуваат документи што го покриваат периодот од 1622 година до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи, уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот архив. Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Мемориа Рерум), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Инголи туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде што, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925 година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан? СЕДНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА ПАПАТА Според документите од функционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на Римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата, според актот за нејзиното основање ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Цонгрегазионе Генерали) биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти (Цонгрегазионе патриколари). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Цонгресси). Прашањата, кои барале интервенција на папата, му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма. До 1665 година генералните или месечните седници се одржувале во присуство на папата, меѓутоа таа практика е прекината во 1666 година. Оттогаш, секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање на прашањата што ја надминувале надлежноста на префектот и на целата конгрегација. Од овие извештаи, и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата. СТИПЕНДИИ ВО 1619 ГОДИНА! Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој би основан 1580 година. Токму своето образование на овој колеџ го почнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци„Срби, Бугари и Македонци,кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан правеле разлика меѓу Македонците, Србите и Бугарите, па затоа за нив била одобрена посебна квота во колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан. Освен овој, во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ што е мошне значаен за нас. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова, и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата. ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР! Исклучително интересни се двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои жали за зулумите што ги прават Турците, особено Албанците, во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар“. На заднината на истото писмо во Конгрегацијата било запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година. Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на ‘Бугарија, Србија, Македонија и Босна‘“. Тоа се случува во средината на 17 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје, на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека охридскиот патријарх ќе договори со султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици, а ниту еден муслиман. Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата. Во секој случај, овие и многу други документи што се чуваат во Ватикан сигурно ќе фрлат ново светло на затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците. ![]() ![]() http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32512204537&id=9&prilog=0&setIzdanie=22540 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
интересно да на линкот погоре во вториот дел од текстот има и англиски превод на статијата, општо корисно за секого, еве мал дел од почетокот
едит: За Многу Години Спасовден и Свети Кирил и Методиј [1] Edited by Max - 08-Sep-2015 at 08:50 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
Македониј имам приметено се интересираш и имаш познавање за Православните Храмови и тоа од антика па навака, можеш ли да најдеш некои стари црковни карти за Епископските центри во Македонија, или евентуално да составиме ние некоја!? добро би било да имаме појасна претстава кои се центри, кои векови под која јурисдикција биле, ова ми е познато и истото може да се најде по книги како што е двотомната Македонска Средновековна Црковна Дипломатија од др.Петар Поповски или писанија на други историчари [1][2][3] налик тематска карта на која ваквите информации би биле одбележани, почнувајќи од самите почетоци до денес http://preminportal.com.mk/content/view/269/111/ ваквата карта потоа би можело да се дополнува и интерактивно со информации како кои се Цркви биле за време на кој Епископ итн. Edited by Max - 08-Sep-2015 at 08:49 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
доколку и навистина финансиите се проблем наместо Цркви можеби решение е градење на мали Молитвеници т.е. Параклиси (на запад познати како Капели) по примерот во Русија [1] Но потребни се и поголеми Храмови пример веќе таков обид имаше во времето на градоначалникот Кирил Тодоровски во општина Аеродром кој по неговата смена се компезира со украсни макети бар со тие пари да се изградеше еден Параклис вака ни свеќа нема човек каде да стави, а ми се чини ни за икона и кандило нема простор во макетиве!?
и иако и за вакви појави ко макети има простор, но попрво во училишни дворови, амбуланти или ко што има кај Бисер пред трговски центри, сепак ова е само симболично одбележување на Православната Вера но не и практично, со оглед дека пред фонтани или трговски луѓето помалку веројатно е дека ќе се поМолат или ќе се преКрстат, ваква симболика можело да се постигне и со поголеми реплики пример на Теракотните Икони [2] или Христијански Симболи и Светци истакнати на Црковни Бајраци [3], ем покреативно, ем подостоинствено, ем повпечатливо односно поуверлива симболика! нека извинат за критиката сите добронамерни дарители на проектов со фонтаните кај Острово, сепак и ова е добро, не е толку без абер идејава, бар наутро или навечер попат кон работа или на враќање дома аеродромци ќе имаат можност да се потсетат дека можат да му заблагодарат на Бога за денот што ги обденил или го минале во мир, бар спомнувајќи Го Божјото Име во попатна молитва... Edited by Max - 14-Apr-2023 at 19:34 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
малку ме затекна со писаниево и прости ако ти се затекнеш од моево морализирање да не излезе дека некого нешто му спорам или оспорувам туку намерата ми е да се дообјаснам... мислам дека зборував за тоа колку Храмот е неопходен за Црквата како Заедница на Христијани, патем воопшто не сум против да се возобновуваат Светилници, сепак приоритет да се даде на оние кои имаат потреба од молитвен простор отколку на оние кои имаат потреба од археологија, историја или туризам, да не излезе дека некако сакам да ги маргинализирам потребите на останатите, туку укажувам на потребата од Литургиски Живот за кој јасно потребни се Храмови, особено во големите населби по градовите потребно е луѓето да имаат што повеќе можност да земаат учество во Светите Тајни и заедно да го прослават Господа како и посилно би го сетиле Неговото присуство и Неговата Благодат која се излева на нас постојано и покрај тоа што не сме свесни за тоа, освен ако не ни се отворат духовните очи што е случај со еден од генерација до генарација ко што вели старец Клеопа, ќе повторам денес особено е битно т.е. неопходно по големите населби да се подигаат Црковни Храмови како би имале повод да се трудиме да се Осветуваме и Спасуваме значи пред се’ потребата од Жива Вера а не само експонати за радување и фалење, иако и преку второво се стигнува до првото, иако подобро да се фалиме со она што е црковно т.е. духовно наспроти световното т.е. материјалното, бидејќи така ја одржуваме во живот бар мислата за тоа колку и како нашите предци биле верни и воцрковени како и нам тоа би ни било за пример! да имаа волку Света Земја односно Светилишта на запад па тоа само од почит кон местата ќе се обновуваа и одржуваа Храмовите, сепак во моментов за нашата скромна економска состојба иако многу не можеме, доста правиме, иако секогаш има простор за повеќе, оп ако нема телевизија и кафиќи, па и интернет на кои иако можеби креативно сепак денгубиме доколку повеќе од саат заседнуваме, иако и тоа не е некое оправдување бар дома за ручек молитва да кажеме, ако и само ако сакаме Христијани да бидеме пред се заради сeбе а потоа за/пред другите
Edited by Max - 18-Sep-2015 at 12:16 |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека состојбата е слична во целата дражава, но на другите локации не им се дава толкаво внимание, во источна Македонија, има пример Крупиште регионални центар со над 40 цркви, откриени се само три, се претпоставува дека тоа бил градот Равен, потоа Лесново со 3 метохи, Мородвис регионалелен центар со повеќе верски објекти. На Виничко кале одкриени се две поголеми базилики, една во Горица, една постојната во центарот и во Јакимово на која што сега стои новата црква, тоа се 5 цркви во круг од слаби 3 километри....Така да како шо реков низ цела земја состојбата е иста, Струмичко, Штипско (само по тврдината има 6 цркви), Скопско.....
|
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
со оглед дека на доста места го имам сретнато податокот за каноњот на реката Треска кај Матка како Скопска Света Гора или како Мала Света Гора, ми се јавува една недоумица дали тоа е така иако по кањонот има 16 Цркви и Манастири, а кога на ова би се додале Црквите и Манастирите по селата околу и на Водно сигурно станува збор за над 30тина
но двојбата ми е заради топонимот од карши Скопска Црна Гора која го носи ваквиот епитет заради Црнорисците - оние кои носеле црна риза(мантија) т.е. Монасите, а на планината имало 30 Цркви и Манастири [1]
но ако Скопје со 50 Цркви го носел епитетот Мала Света Гора т.е. Скопска Света Гора, што да се каже за Битола и Охрид, првиот заради големиот број Цркви и Манастири именуван од Турците како Монастир а вториот главен словенски расадник на теолози, свештеници и учители... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=15282#15282 ако подобро се размисли сите гори во Македонија можат да се сметаат за Свети бидејќи Манастирите се подигале по горите и планините а ги имало во голем број, така покрај Пелистер, Галичица и Јакупица, и останатите поголеми планини како Бистра, Бигла, Беласица и Кожуф исто се Светли места, не ми е познато како висорамнини колку мариовската и кожанската висорамнина биле богати со Духовни Светилници, но најверојатно во средниот век тоа и било случај... јасно и Источна Македонија е полна Светилишча пример Осоговието и Пирин, а и топонимот Свети Николе доволно кажува сам за себе, всушност уште од антиката секој поголем град во Македонија бил Епископски Центар а голем број од тие Епископи учествувале во утврдувањето на Православието на Вселенските Собори држејќи го едрото а многу пати исправајќи го и кормилото... Edited by Max - 02-Jun-2012 at 21:08 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
ќе биде идеално доколку сите Светињи на и околу Водно се поврзат скалесто ко маршута се до врвот, а зошто утре не би се возобновиле и сите Манастири на реката Треска - Скопската Света Гора, но за тоа би требало да се спушти браната на матка1 како би се направила исконска поклоничка маршута
силна симболика има во оваа иницијатива по која сега е препознатливо Скопје [1][2][3], а за гласните но малубројни негодувања најверојатно посреди е скриен срам од сопствената Tрадиција ако не и Вера!? Крстот на Водно не е само Христијанско обележје туку во случајов е и патоказ до Врвот кој духовно уште посилно ќе зрачи кога ќе има Литургии во Црквата која е предвидена горе, најверојатно на почеток за поголеми празници и јубилеи а подоцна доколку има услови и за неделни Богослужби! овој подвиг и денес би бил исто толку голем како и подвигот на Свети Ѓорѓија исповедајќи го Христијанството сред гонењата на диоклецијан, а денес тоа би бил конзумеризмот(материјализмот) како појава, та силата на молитвата ќе прави Крстот на врвот Крстовар освен симболично да биде уште поделотворно духовно копје над Скопје против аждаите на омразата, славољубието, среброљубието, сластољубието и неверието! заради тоа дополнително не' треба пример горе да се отвори ресторан од типот на кафеана туку ресторан налик градска кујна каде ќе се служи пакувана храна од традиционални македонски јадења, како би се избегнало утре место за џумбус! на овој проект симболично се надоврзува и идејата да се спои Богословијата со Крстот преку жичарница но незнам колку ова ќе биде изводливо, едно бидејќи ќе се наруши мирот на теолозите од постојаната навала патници, а друго и заради населените места врз кои би врвела жичницата!? Edited by Max - 06-May-2012 at 17:11 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
се сеќавам за крстот на Водно главна забелешка на противниците на градба беше дека `се немало пари,требало да се гради кога ќе има`,а најголем број од православните градби се градени кога народот бил најсиромашен-12,13 до 16 век(црквата во моето село Врбјани-Охридско е од 13 век со пишани документи,и кровот е сеуште од клесан камен-лиска)
|
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
ме чуди како порано при немаштија луѓето подигале толку многу Храмови та и до три во едно село, а денес и при изобилство и при секаква машинерија ем со лиен бетон(а не со клесан и реден камен) не наоѓаме ни средства ни волја за подигање нови или обновување постојни Храмови, ова е почудно уште повеќе бидејќи во поголемите градови каде во една населба по број на семејства пример има од 10 до 30 села не се наоѓа ни еден Богослужбен Храм или истиот е премал како би им бил од литургиска корист на верниците т.е. канонски потребно е по еден Храм на 8000 жители каде јасно дека сите не би ги собрало но молитвено истиот на сите би им бил од корист, сега нема ни параклис на секои 8000 не па Храм освен ако не се вбројуваат тука и макетите по малџиските паркчиња ![]() денес може бидејќи немаме ни доволно чест према Светиите но ни кон традицијата затоа и најверојатно немаме ни слога ни меѓусебна почит како би здружиле сили и воопшто би почнале изградба или обнова на Храм, ова особено важи за поновите генерации каде станува навика ктиторството да преминува во едноличен чин наместо заеднички преку кој подигањето на Храмот нема да се разбере како волја на поединец него како волја на Христијанската заедница како Црква... оправдан исклучок можеби се Македонците од дијаспората, заради потребата за неодродување односно утврдување на корените, но таму пак се соочуваат со други проблеми како директиви од локалните урбанисти та мора да се прават модернистички компромиси, но не е разбирливо кога истото дури и дома се зема за мерка ко што имаше предлог проект за Црква во Ново Лисиче чудни времиња, ова конзумеристичкиов начин на живот е попогубен по продуховувањето на народот него што бил пример тоа феудализмот, небаре денес живееме под диктатура, та и во османлиско под туѓа власт имало повеќе Христијанска волја него сега кога сме слободни
Edited by Max - 16-Oct-2014 at 11:32 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
скалестата разиграност на кровните калкани и ниши кои водат кон куполата симболично секогаш потсетуваат на потребата на секој Христијанин духовно да расте преку добродетелите[1][2][3][4][5][6][7][8] некој на тој скалест пат се подвизува доброволно свесен за потребата или наградата заради Христа а некој тоа го прави и несвесно живеејќи Богоугодно и Православно а да не е ни воцрковен, односно иако Крстен сепак помалку учествува во Црквата како Христијанска Заедница, во која нејзините членови добротворат и молитвено и мисионерски и хуманитарно... ![]() ![]() http://staronagoricane.blogspot.com/2009/09/sv-ori-staro-nagoricane-sv-djordji.html [1] дури и да не сме стигнале до или пак сме заборавиле на спасоносните скалила, како не би паднале во очајание, најмалку што можеме да сториме е да не судиме! за да утре и нам да не ни биде судено [1][2][3] имајќи разбирање за раската во окото на ближниот доколку и не можеме да му помегнеме истата да ја очисти, но и сами да се исправаме за исправени да подадеме рака... Edited by Max - 13-Sep-2015 at 08:29 |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
Христос Воскресе! ваквото празнично сведоштво во Црквата Свети Димитрија (ако е за арно) за воцрковените Христијани е радосна но многу нормална појава, како што се
дејството на Крстот [1][2][3]
,
Чудотворните Икони [1][2][3] кои можат да бидат и Мироточиви, или Светите Мошти т.е. Светите Реликвии кои се чуваат во Кивоти Edited by Max - 17-Apr-2012 at 22:11 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ЧУДО ВО ЦРКВАТА СВ. ДИМИТРИЈА ВО СКОПЈЕ
Несекојдневна појава или Божје чудо се случува со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се сега сликани. ![]() Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, кој пред камерата на Канал 5 го опиша чудото. Само уште во една црква во Русија, вели отец Зоран била евидентирана ваква појава. Во православната вера, вели тој, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното. За настанот бил информиран и поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија господин господин Стефан. Засега се воздржа од коментар, но не го криеше изненадувањето од појавата. Видеото од Канал 5 можете да го погледнете на следниов линк Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат Мирјана Трпческа, Канал 5 http://www.fakulteti.mk/news/12-04-08/chudo_vo_crkvata_sv_dimitrija_vo_skopje.aspx |
||
![]() |
||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |