![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3940414243 329> |
Author | |||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Некој спомна рушење институции? Voila.
|
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
„Скопје 2014“: Првин се раѓа споменикот, а потоа идејата за него!?
Катерина Блажевска Призма Најголем дел од личностите за кои биле подигани спомен-обележја, пост фестум се внесени во Програмата за споменици, откако веќе биле склучени договори за нивна изработка. Досието „Скопје 2014“ заради овие и други незаконски процедури две години е во рацете на Обвинителството, извесен период и под лупа на финансиската полиција, но засега нема сигнали за расплет. Немаше некаков смислен систем за изместување на процедурите при изградбата на споменици. Сѐ беше резултат на една хаотична ситуација во која најчесто еден човек одлучуваше за изгледот на градското јадро. Вака, извори од ВМРО-ДПМНЕ, ги правдаат и објаснуваат утврдените девијации во мега-проектот „Скопје 2014“, според кои, најголем дел од личностите за кои биле подигани спомен-обележја, пост фестум се внесувани во Програмата за споменици, откако веќе биле склучени договори за нивна изработка. „Не можете да донесете темелна Програма или таква која нема да подлежи на дополнувања, ако некој на два дена испорачува нови идеи за споменици, обележја, фонтани... Па уште повеќе ако потоа за дел од нив се премислува. Тоа е пиши - бриши ситуација, формално покриена со авторски потписи на архитекти, кои во 70 отсто случаи немаа никаква врска со ‘нивните’ идејни решенија. Само вцртуваа нечии желби од типот - ‘сакам да изгледа како комбинација од ова и ова’. Па се покажуваа како урнек столбови од објект во Париз, прозорци од зграда во Виена, орнаменти од музеј во Италија - и се прецртуваа“, објаснуваат соговорниците, опишувајќи ја малку познатата страна од раѓањето на „Скопје 2014“. Според нив, „на масата“ ретко флуктуирале авторски идеи, а најмногу фотографии од неокласицистички објекти од повеќе европски престолнини. „За жал, немаше ни архитекти, во смисла на искуство и релевантност. Некои млади деца седнати во кабинет прецртуваа од фотографии, копираа, комбинираа разни елементи, така како што ќе им се кажеше. Нешто како ‘ресавска школа’ во архитектурата. Препиши и терај. Тоа беше сѐ. Каква Програма може да ги испланира ваквите експерименти?“, велат соговорниците. Првин договор - потоа Програма Согласно членот 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, „животот“ на еден споменик почнува кога Советот на општината (или Собранието на РМ) ќе донесе Програма за одбележување на значајни настани и личности со спомен-обележја, која се носи за период од пет години. Во која Програма се тие? Со ревизорскиот извештај на општина Центар утврдено е дека постојат спомен обележја и други објекти за кои не постои соодветна информација дали и на кој начин биле предвидени во програмите. Како такви се посочени 18, меѓу кои Мостот на уметноста 1 и 2, лавовите на мостот „Гоце Делчев“, двете фонтани во Вардар, Ротондата (зградата на ЈП „Водовод“), Колонадата, плоштадите „Карпошово востание“ и „Пресвета Богородица“, Летниковецот... Сумата потрошена за изградба само на овие девет објекти надминува 61 милион евра. Програмата се усвојува со мнозинство гласови од присутните членови, а Советот именува Одбор за подигање спомен-обележје. Согласно со членот 10, Одборот распишува јавен конкурс за изработка на идеен проект, се грижи за спроведување на конкурсната постапка и за изборот на проектот што ќе се реализира. Вака утврдениот законски ред, во практиката на „Скопје 2014“ бил сведен на фарса. Тоа го потврди и извештајот на Комисијата формирана од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за да ја утврди фактичката состојба со градењето на спомениците во рамки на проектот „Скопје 2014“, а финансирани од општинскиот буџет. „Најчесто целата постапка за подигање спомен-обележја била спроведувана пред воопшто да биде донесена Програма или дополнување на Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја. Најголем дел од личностите за кои биле подигани спомен-обележја биле воведувани во Програмата откако се склучени договорите за нивна изработка, односно програмите се носени пост фестум, со цел да се задоволи формата и законската обврска“, констатираа авторите на извештајот, д-р Слаѓана Тасева и Драган Малиновски. Многу договори за подигање споменици и обележја ѝ претходеле на Програмата донесена на 5.02.2009, наместо таа да им претходи ним. Истиот тренд продолжил и во периодот од 5.11.2009 до 28.12.2012 година, кога биле донесени уште девет одлуки за нејзино дополнување. Советници или ослепени Самоилови војници? Во случајот на споменикот на Цар Самоил, по сите овие процедури - последна доаѓа онаа што според законот требало да биде прва / Фото: БИРН Примери има многу, а ревизорската комисија како прилично илустративна ја посочува постапката за споменикот на цар Самоил. Иницијативата од Министерство за култура (бр. 41-3060/1) датира од 4 март 2008 година. Одлуката од Советот на општина Центар (бр. 07-648/4) стигнува десет дена подоцна, на 14 март. Извештајот од Одборот до Советот на општина Центар е доставен на 9 јуни. На 27 јуни следи заклучок на Советот за прифаќање на извештајот. Решението за потреба од Јавна набавка за изработка на скулптура на Цар Самоил во мермер (бр. 08-1542/4) е донесено на 29 септември, иако два месеци претходно на 8 јули авторот доставува пресметка за цената на чинење за изработка на мермерната скулптура и релјефи, во висина од 105 илјади евра и истиот ден го потпишува договорот на таа сума за изработка на идеен проект и изработка на модели скулптури и релјефи. По сите овие процедури - последна доаѓа онаа што според законот требало да биде прва. Цар Самоил на 5 февруари 2009 година влегува во Програмата за обележување значајни настани и истакнати личности објавена во Службен гласник на општина Центар број 4, односно десет месеци откако во Министерството за култура е „родена“ иницијативата за неговиот споменик. Многу вакви обратни редоследи поминале во Советот на општина Центар, небаре им биле подметнати на ослепени Самоилови војници, а не на советници обврзани да ги почитуваат и спроведуваат законските процедури. Јован Тагасовски, советник од редовите на СДСМ и во претходниот мандат, ваквиот епилог го објаснува со фактот дека тие немале увид во работата на Комисијата. „Во почетокот на нашиот мандат, Советот формираше нова Комисија во која не членуваше ниту еден претставник од СДСМ. Не сакавме да бидеме во Комисија која на незаконит начин ги предлагаше имињата на личностите, без никакво појаснување и образложение за нивните заслуги“, објаснува Тагасовски. Со тоа, советниците од СДСМ фактички останале без увид дали и што било предвидено со Програма, а што се покривало пост фестум со нејзино донесување и постојано дополнување. „Предлог-програмата прво поминуваше низ Комисија за изградба на споменици, формирана од страна на Советот на општината. Во таа комисија не членуваа преставници од СДСМ. Тие што членуваа беа добро наградувани за својата работа, за што во почетокот на нашиот мандат ја запознавме јавноста. Како советници ја критикувавме и нејзината работа и висината на земените паушали“, вели Тагасовски. Со оглед на тогашниот распоред на силите, СДСМ со 11 советници, а ВМРО - ДПМНЕ со 12, не било тешко сите одлуки на мнозинството да поминат во Советот. За приоритетноста на Програмата немало ни кој да праша. Под лупа на финансиската полиција Поради ова, но и серија други утврдени незаконитости утврдени преку ревизијата на постојната документација - местење тендери и незаконски јавни набавки, на 30 ноември 2013 година градоначалникот на општина Центар во Обвинителството поднесе кривична пријава. Оттогаш до денес поминаа две години во молк. На прашањето на БИРН, дали Јавното обвинителство постапува и до каде е постапката по кривичната пријава доставена од општината Центар по комисискиот наод за проектот „Скопје 2014“, оттаму стигна кус одговор. „По прибирање на докази и релевантен материјал во предметот за кој прашувате, надлежен јавен обвинител го испрати предметот во Управата за финансиска полиција за да се изврши потребна дополнителна анализа на доказите и материјалите. По расветлување на предметот, ќе следи јавно обвинителска одлука за натамошното постапување“, соопшти Обвинителство. Извори од Обвинителството велат дека ова објаснување „трае подолго време“, но не се сигурни дали тоа е претворено во своевидно алиби или нештата одат бавно поради релативно малиот кадровски тим во финсиска полиција, на кој му треба време за да одговори на барањата. Вања Михајлова, поранешен член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) е зачудена од пасивноста на надлежните и укажува кои сѐ институции досега морале да реагираат и да преземат постапки. „Донесувањето Програми за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја, пост фестум, е спротивно на јасните законски одредби и за тоа треба да се сноси одговорност во правна држава. Поради сериозноста на повредите на законските процедури, обемот на финансиски средства вклучени во проектот „Скопје 2014“ и сомневањата за злоупотреба и корупција, сите надлежни органи, а пред сѐ, Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Државното правобранителство и други, имаа и сѐ уште имаат законска обврска да ги преземат сите мерки од нивната надлежност за утврдување одговорност за ваквите груби прекршувања на регулативата. Зачудуваат молкот и пасивноста на сите овие органи да постапат по наодите од ревизорскиот извештај на општина Центар, но и по оценките од Извештаите на ЕК кои се однесуваат токму на овој контроверзен проект“, вели Михајлова. Но, нејзините колеги од сегашниот состав на ДКСК веројатно не мислат така. Одговорното лице задолжено за односи со јавноста ниту одговара на телефонот посочен за контакт, ниту одговара на прашањата испратени до Комисијата по електронски пат. И поранешниот претседател на ДКСК, Ѓорѓи Сламков, одбива да одговори на прашањето дали во неговиот мандат е отворена постапка за овој случај, со образложение дека „не сака да се меша во работата на сегашното раководство на Комисијата“. На забелешката дека прашањето се однесува исклучиво за учинокот во неговиот мандат, еднострано го прекина телефонскиот разговор. Но, Сламков не е единствениот кој не сака да се меша во работи кои биле или се негова надлежност. Недостапни за објаснување на постапките се и поранешните градоначалници на Центар, кои со Законот за локална самоуправа имаат надлежност да вршат контрола на законитоста на прописите што ги носи Советот на општината (член 50, став 1 точка 2 од Законот), како и за контрола на законитоста на прописите на Советот пред нивното објавување. Во членот 51 е утврдена должноста на градоначалникот во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето на секој пропис на Советот за кој смета дека не е во согласност со Уставот и законите. Во однос на постапки поврзани со зачетоците на „Скопје 2014“ (кои датираат уште од ноември 2006 година), контрола на законитоста не направиле ни градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, ни нејзиниот наследник Владимир Тодоровиќ, во чиј мандат проектот „Скопје 2014“ доживеа кулминација. Извор: http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8%D0%BD-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
ама дали Скопје има некоја градителска традиција или презервирана вековна историја на десната страна од Вардар? не... за разлика од горенаведените градови зошто бараме со сила да има вековна традиција што никогаш ја немало? не ми е јасно... |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
Просто неверојатен погодк во сржта на естетското лудило околу нас! Браво, целиот текст е одличен. А еве едно интересно излагање на Денко Малески, победнички аргумент против застапниците на тезата дека СК '14 е оправдано поради мнозинската поддршка на народот (простете ако веќе било постирано, многу страни се за преглед ЧД): „Републиката“, исто како и „демократијата“, почива врз владеењето на мнозинството, но само до определена точка. Објаснувањата се толку едноставни и толку разумни – толпа спремна да линчува е „демократија“, и не е голема утеха што човекот ќе биде линчуван со мнозинство гласови. „Република“, од друга страна, го спасува човекот и му овозможува фер-судење со сведоци и во негов прилог. Значи, „слободата“ се брани и од „демократијата“ преку ограничување на власта на мнозинството со јасни механизми, кои ја земаат формата на овластувања и процедури. Со тие пропишани овластувања и процедури, „републиката“ ѝ става на власта лисици на рацете за да не може да доминира со нашите животи како што ќе посака и каде што ќе посака. Така разбраниот однос помеѓу демократијата и слободата, објаснува зошто мислењето на Здружението на архитектите за тоа како треба да биде уреден центарот на Скопје, на пример, е поважно од мислењето на секакво мнозинство освоенo на демократски избори. Или, зошто ставот на архитектот Петар Муличковски за своето дело, е поважен од ставот на која било влада на Република Македонија. Извор:http://okno.mk/node/42362 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
БАНАЛНОСТА НА КИЧОТ
Љупчо Поповски Што бара политичкиот кич од нас во ова време – барокните фасади во Скопје станаа рутина. Тие се лажни како што е лажен животот во ова време. Објаснувањето од каде баналноста на кичот ја прекри оваа езерска земја не е толку комплицирано, иако е повеќеслојно. Главната трансверзала води кон национализмот Можете ли да изброите колку столбови беа подигнати во последниве неколку години во Скопје – дорски, коринтски, класични; на стари згради, на нови објекти, на колонади, на претенциозни светилишта. Толку многу на толку мал простор веројатно немало ни на римскиот Форум. Архитектурата се претвори во баналност, архитектите во измеќари, а баналноста во кич. Тоа е видливиот дел на „тестаментот на доктор Мабузе“, кој Скопје го претвори во апотеоза на кичот, како божествена и националистичка уметност. Другиот дел на баналноста на кичот е во новоговорот на политичарите од сите ешалони – тој е потценувачки, измислен, груб, исклучив. Тој новоговор не води сметка за луѓето како граѓани, туку тој е наменет за поданици, од кои голем дел сами се понудиле да бидат закрепостени кметови. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој како своевиден кербер ја чува оваа грандиозна фантазмагорија на баналноста и национализмот, е еден од првенците на политичкиот кич (иако не е во првиот круг на најдоверливите на „доктор Мабузе“). Само еден пример е доволен да ви покаже каква е баналноста на политиката со која се води главниот град, кој пропагандните трубадури го сместија на врвот на архитектонската пирамида на Балканот. Трајановски се обидува да ја најде формулата со која како алхемичар ќе ги изврти своите ветувања за подземната улица на Кејот „13 Ноември“, за сега да вели дека решението за неа е на шеталиштето. Пред некоја година проектот за таква улица беше претставуван како еден од новите градителски потфати, а сега Трајановски, како тоа никогаш да не се случило, дава објаснување какво што немаше уште од времето во 1960-тите кога пред маалските бутки се прераскажуваа филмовите со Џулијано Џема. На почетокот од ноември во Советот на Скопје Трајановски го даде следново објаснување: „Улица мора да се гради затоа што тој дел граѓаните и сега не можат да го користат за шеталиште, оти е окупиран од коњопои од кафулињата. Од сите страни летаат келнери и не знаете дали додека шетате ќе ви истурат некое кафе или пијалак“. Тоа да ти бил клучот за одлуката – „коњопоите на кафулињата“. На што ви изгледа ова? На баналност на кичот или на примитивизам на говорот. Баналноста на политичката измама следува потоа – ако не се изградела улицата за пристап до зградата на „Телеком“, инвеститорот ќе го тужел градот и Скопје ќе платело голема казна. Примерот може да изгледа банален, но во време на големите баналности тој во многу нешта е вистински. Ако градоначалникот на Скопје на седница на Советот на градот брани една замисла осудувајќи ги „коњопоите“ (сленг кој се појави во младоста на Трајановски), какви тогаш може да бидат очекувањата кога треба да се образложуваат концепти и визии. Данило Киш велеше дека „баналноста е неуништлива како пластично шише“. Може да изгледа парадоксално, но токму поради „неуништливоста на пластичното шише“ и поради незаинтересираноста на овдешниот „доктор Мабузе“, некои градови беа спасени овие години. Онаму каде што не се инвестираше во промоција на кичот (како на пример, Битола – неколкуте исклучоци не се толку битни), градските јадра останаа нечепнати. Истрошени и искршени, тие го зачуваа архитектонското наследство и со тоа треба да се гордеат. Со каков новоговор и со каква визија може да се објасни проектот во постмодерниот кампус на скопскиот универзитет да се градат две нови „барокни“ згради за два факултета. Од кои една ќе биде за Факултетот за физичка култура, иако за неговите студенти се потребни поинакви услови, поинакви простори, поинакви широчини. Ова не е аномалија, тоа овде стана правило – во кампусите на модерната архитектура треба да се гради барокот, а не обратно. Но баналноста на политичкиот кич има друг концепт, кој не е случаен. Американецот Клемент Гринберг, писател и сликар, во 1939 година го напиша клучниот есеј на 20 век за раѓањето и функционирањето на кичот. Во текстот насловен „Авангардата и кичот“ тој објаснува: „Кичот ја симулира вистинската култура, ја поздравува и култивира рамнодушноста. Кичот е механички и оперира со формули. Кичот е изведено искуство и лажна сензација. Кичот се менува сообразно на стилот, но останува секогаш ист. Кичот е олицетворение на сето она што е лажно во животот на нашето време. Кичот се преправа дека не бара ништо од своите клиенти, освен нивните пари – дури ни нивното време“. Што бара политичкиот кич од нас во ова време – барокните фасади во Скопје веќе станаа рутина. Тие се лажни како што е лажен животот во ова време. Сега за „барокните“ факултети троши пари од нас, неговите клиенти. За тој лажен проект треба да се потрошат 20 милиони евра. „Алтернативата на Пикасо не е Микеланџело, туку кичот“, напиша Гринберг. Тоа во уметноста може да изгледа како културен феномен – онака како што уметникот Џеф Кунс ја продаваше прочуената порцеланска скулптура каде што Мајкл Џексон седи во златни алишта опколен со златни цвеќиња и го гушка своето милениче, шимпанзото Баблс. Луѓето поминуваа покрај неа не знаејќи дали да се смеат или да се плашат, или едноставно да му се восхитуваат на невиниот омаж на генијалецот. Оваа скулптура на Кунс, која предизвика големи расправии во уметничкиот свет, беше дел од целата серија наречена „Баналности“, на која за уметникот работеше студио од 100 луѓе во Њујорк и која му донесе десетици милиони долари секоја година. Кога поминувате низ скопскиот центар новите фасади може да ви изгледаат како културен феномен кој си поигрува со вашата сентименталност. Тие изгледаат привлечни, па дури може да заличат на архитектура, но немаат никаква уметничка вредност затоа што тие се сентиментални. Хероината на Милан Кундера во „Неподносливата леснотија на постоењето“, Сабина, вели: „Мојот непријател е кичот, а не комунизмот“. Терминот „kitsch“ има германско потекло и првпат е споменат во една германска поема од 1878 година за сатирично да се опишат сликите кои имаат сомнителен квалитет. Тој се роди во тоа време на минхенските уметнички пазари, каде што уметнички скици им се продаваа евтино на американските буржуи кои доаѓаа да купат уметност во Европа. Овде кај нас тоа не е на сомнителните уметнички пазари, туку е политика спонзорирана од државата. Тоа е уметничко подземје. Ако не е така, неколкуте архитекти кои го унаказија Скопје ќе излезеа во јавноста барем еднаш да соопштат која била водилката за нивното градителство. Но тие се таинствено скриени како соблазната од Шентфлоријанската долина. Нивниот страв не е од јавноста, туку од соочувањето со она што го создале кога работеле според фотографии од места на некои други меридијани. Дали тие можат да се соочат со „прекрасната лага“ и да го поделат кичот како дел од слатките емоции на луѓето. Да можеа ќе се појавеа, а не да се кријат во опскурно засолниште со политичка заштита. Објаснувањето од каде баналноста на кичот ја прекри оваа езерска земја не е толку комплицирано, иако е повеќеслојно. Главната трансверзала води кон национализмот. Народот е стожерот околу кој треба да се редат лажни фетиши. Гигантски скулптури за лажна историја и лажна сегашност. Прамајка која го дои и го расне детето кое треба да биде нова идентификација на нацијата. Национализмот, подгреан или измислен, е последното прибежиште на комунизмот. Во јадрото на политичкиот кич се лажните повици до народот дека тој, наводно, ќе бил креатор на програми и визии. Измама до измама, но тоа е она што се продава, како баналните скулптури на Џеф Кунс. Неверојатниот Данило Киш вака го објаснуваше национализмот кој ги обзема народите и без да се свесни: „Национализмот е, пред се', параноја. Колективна и поединечна параноја. Како колективна параноја таа е последица на завист и страв, а над се' последица на губењето на индивидуалната свест... Национализмот е идеологија на баналноста. Национализмот е кич. Тој живее од одрекување и потценување на културните наследства на другата нација“. Во овие години што ги изедоа скакулците ние постојано ги потценуваме другите и се облекуваме во лажни руби. А најважно од се' е што граѓаните свесно се подложија на групна хипноза на самоизмама. На она што Теодор Адорно го нарекува „фалшлива совест“. Будењето секогаш е ненадејно и трауматично, а главното прашање е дали кај овој народ има останато некаква сила за да се соочи со сопствената вистина. Тоа сега изгледа не како многу тежок потфат, туку речиси и невозможен. http://www.utrinski.mk/?ItemID=88D10993636B0E4399F75E89F6AA4983 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
И мене тоа отсекогаш ми било енигма. Edited by King - 03-Dec-2015 at 07:41 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
Веројатно си ја помешал сликата со онаа од Токио ![]() |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Toj sto go saka München ne bil vo Nürnberg
![]() |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
И јас го сакав, ама откога почнаа вакви сиви грди лименки да праат некако шузнам, неевропски ми стана. :P
|
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
инаку, двете улици не се ни од далеку слични, ако збориме па за тоа... еве една посоодветна споредба, ти сам одреди си каде се наоѓа ![]() Edited by zabegan - 02-Dec-2015 at 05:25 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
Што убава дискусија си развивне за една слика од Пловдив, не ја постирав како аргумент, едноставно ми се виде слична на ул Македонија која е дел од ск2014, без претензии дека ова е најдобро решение.
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
како бе Скопје не ископира многу други поважни работи од разни други градови? прво нешто за кое што се фати е стилот, пази стилот, а не изгледот, на објектите низ центарот на градот или можеби копирање е лош термин, затоа што никако не смееме да си дозволиме да копираме, туку само да земаме пример... и кога сме веќе кај Пловдив... зошто еве да не се споредиме со конкурсот за плоштадот во Пловдив и сериозноста на проектите кои учествуваа, па и главното решение кое беше избрано? ...а уствари знам зошто, затоа што тогаш би изгледале затупени и бедни... мене не ми смета тоа дали ќе имаме современа, барокна или не знам каква друга архитектура, мене ми смета и ме боли што не размислуваме современо и што морам да живеам со таков исфрустриран и неприземјен менталитет Edited by zabegan - 01-Dec-2015 at 02:12 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Да бараш поента во тој пост е како да бараш поента во урбанистичкото планирање на Ск2014. |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Па малку ли е тоа за ова време од годината? Башка, Скопје не може да биде Пловдив, и обратно. |
|||
![]() |
|||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
||
Не играм фудбал веке 20 години, сликата ја постирав бидејки ми личи на ул Македонија каква што верувам дека ќе биде. За среќа не можам да ја споредам со улицата во Токио, моќеби ќе најдеш некоја слична во Шангај, или во Астана. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3940414243 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |