![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 86> |
Author | ||||
aleksovski ![]() Newbiе ![]() Joined: 29-May-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||
Жолтите минибуси се распоредени во општините низ Македонија за превоз на ученици. А црвените ни јас ги немам видено
![]() |
||||
![]() |
||||
SJCF ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 10-Nov-2009 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||
![]() Има вести неколку страници поназад. Мини-автобусите пристигнаа уште во јануари и ги пратија на хомологација. Ама досега не сум видел некој од нив по улициве а најголем дел од времето го поминувам во Скопје. |
||||
![]() |
||||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
|||
Луѓе дали некој има инфо што се случува со МИНИ-АВТОБУСИТЕ ??
|
||||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||||
![]() |
||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|||
За периодот 2008 - 2010 ЈСП добил субвенции во износ од околу 4,7 милиони евра. За истиот период и покрај субвенциите остварил загуба од околу 2,4 милиони евра. Тоа кумулативно изнесува над 7 милиони евра реална загуба. Ова е само за покривање трошоци за тековно работење. Кога ќе се додадат и долговите кон доверители, во билансната сметка за 2010, евидентирани се околу 3,8 милиони евра вкупно непокриени загуби. http://www.jsp.com.mk/Upload/dokumenti/IZVESTAJ%20JSP%20SKOPJE%202010.pdf На тоа треба да се надодаде и загубата од околу 800.000 евра за 2011. За жал, иако изготвен, Финансискиот извештај на ЈСП за 2011 сѐ уште не е објавен на нивната веб страна. |
||||
![]() |
||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||
Долгот на ЈСП - Скопје е пресметуван врз основа на неговата загуба плус субвенциите што ги добива или пак се работи за минус којшто е создаван низ годините?
|
||||
![]() |
||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|||
ЈСП НИKАKО ДА ВОВЕДЕ ЕЛЕKТРОНСKА НАПЛАТА
Старите апарати голтаат и кинат билети ![]() Возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е обновен, но во автобусите останаа старите и амортизирани поништувачи на билети. Овој стар систем на наплата, наместо електронски, веќе не функционира како порано. Апаратите често се расипуваат и им задаваат маки на скопјани. Патниците сведочат дека во нив постојано се заглавуваат билети, а често и непрописно кине билети за едно или повеќе возења. Во напорите на корисниците да ја извлечат картата од апаратот, се создаваат застој и турканици не само во внатрешноста туку и на улица, бидејќи автобусот подолго се задржува на станицата. Често може да се слушнат и викотници и расправии меѓу возачите и патниците. Расипаните поништувачи граѓаните ги чини нерви и дополнителни трошоци. Никој не им ги враќа парите - Kога се качив во автобусот со број „57“ во населбата Бутел, на еден граѓанин му се заглави билетот и не можеше да го извади од апаратот. Мораше да купи нов, кој потоа му беше поништен од возачот. Така му рече возачот, за да не го фати контролор и да биде принуден да плати дополнителна казна. Истото се случи и на наредната станица, бидејќи тие што се качија не знаеја дека апаратот е расипан - раскажува скопјанката Зорица Здравевска, која вели дека вакви ситуации има речиси секој ден. Ана Неделковска, која мора да менува неколку автобуси до своето работно место, раскажува дека апаратот целосно ~ уништил картичка за десет возења. - Билетот чини 250 денари. Отпрвин ми се заглави. Kонтролорот, кој беше во близина, ми помогна да ја извадам, но кога успеа да ја извлече таа се искина на половина, со што стана неупотреблива - вели Неделковска. На ден - 20 дефекти Kорисниците се револтирани од ваквото искуство во автобусите на ЈСП. Оние што често користат јавен превоз велат дека никој не им ги намирува таквите двојни трошоци. Возачите само креваат раменици, објаснувајќи им дека тие не се виновни. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, признава дека имаат проблем со поништувачите. Обелодени дека дневно им се расипуваат по 20 апарати. - Kупивме 50 поништувачи кои се користени неколку години, но сепак се понови од постојните. Гоставивме во сите видови автобуси. Во двокатните, во украинските и во постарите. Тие се од италијанско производство, но ни ги продаде македонска фирма за два милиона денари. Останаа уште 270 стари, кои често се расипуваат - изјави директорот. Поради тоа што голем број од поставените поништувачи им прават проблеми на граѓаните, тој рече дека она што им останува е редовно да ги поправаат дефектните. - Имаме мобилни екипи кои се обидуваат на лице место да го отстранат дефектот. Оние што не можат да се поправат во самиот автобус, се носат во нашиот сервис - објасни тој. Само лани за поправка на поништувачи раководството потрошило 60.000 денари, што според Николов и не е голема сума. Она што со години раководството на ЈСП го најавува како новина, уште од 2008, а никако да се воведе, е системот на електронска наплата со ваучери. Дури пред неколку месеци на тендер беше избрана фирма со која ЈСП допрва треба да потпише договор за приватно-јавно партнерство, но, според директорот, сѐ уште не е изминат рокот за жалби за останатите што конкурирале на повикот. Според замислата, фирмата треба да инсталира нов систем во 450 автобуси, како и да постави 40 апарати за издавање билети на автобуските постојки. Што се однесува до приватните превозници, тие воведоа електронски картички и читачи уште во 2008 година. Но и покрај тоа, системот не профункционира комплетно во сите автобуси, со што не успеа да се реализира онака како што беше најавен. Анела Петрова http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B59EF80E9F1AD74BA94BC36717D43C8C ------------------------------------------------------------------ Доколку се чита меѓу редови на болдираниот текст, станува јасно зошто се одолговлекува воведувањето на електронската наплата. Еден половен италијански поништувач чини 650 евра(!), а Мишко го купува од македонска фирма!? Словачката „ЕМ тест“ пред повеќе од 7 месеци на тендер беше избрана како најповолен понудувач за воведување на системот на електронска наплата. Според тоа, рокот за жалбени постапки е одамна изминат (обично овие постапки не траат подолго од 2 месеца дури и кога стигнуваат до Управниот суд). Значи Мишко и компанија свесно одолговлекуваат за да можат да купат уште некој половен поништувач од некоја наша квази-фирма по нереална цена. Во меѓувреме ЈСП тоне во долгови кои се приближуваат кон цифрата од 8 милиони евра. Класичен пример за корупција. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
![]()
|
||||
![]() |
||||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
|||
Јавното сообраќајно претпријатие доби нова сервисна хала. Автоматски систем за долевање масло и нов систем за проверка на сопирачки се дел од новата опрема во сервисниот центар на ЈСП. Според градоначалникот Трајановски набавката на новите автобуси со себе носи и модернизирање на халата за сервисирање. - Оваа хала којашто ја пуштаме во употреба е реновирана во современ сервисен центар со капацитет истовремено да опслужува најмалку 5 единечни или 3 зглобни автобуси, а за да може да се сервисираат и двокатните автобуси е зголемена висината. Во наредните месеци треба да се реновира и втората хала којашто ќе биде опремена со современа перална, а за реализација на овој проект Градот од Буџетот одвои 15 милиони денари- изјави градоначалникот Трајановски. Директорот на ЈСП, вели дека новата сервисна хала ќе ја зголеми ефикасноста, а воедно ќе го намали временскиот период за поправка на автобусите. За реновирање на халата и пералната која треба да почне да се гради во текот на следните месеци градот издвои 15 милиони денари. Антонио Крстевски http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sovremen-servisen-centar-na-jsp-vo-gjorche-petrov |
||||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||||
![]() |
||||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
|||
тие автобуси првенствено беа наменети за наши потреби за возење на локани линии во околина на кочани, мегутоа во мегувреме излезе тендер за набавка на половни автобуси кои овие ги исполнуваа условите и се понудија и бидејки беа со поволна цена нашата понуда се профати и заминаа за жал за кичево. имам детални слики од сите 4 автобуси кои ке ги прикачам на форумот
|
||||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
да,проверив,од Кочани биле купени за по 24 000 евра по автобус,а со германците им пробаднал бизнисот од замене непознати причини(не ми е згодно да ги препрашувам зошто)
|
||||
![]() |
||||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
|||
ne ne .. ovie avtobusi se kupani od avto atom pa se prodadeni vo kicevo stie 4 vo petokot ili cetvrtokot gi odnesoa
|
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
ќе прашам точно, но мислам дека представници на ФОРД при РЕК Осломеј беа во Германија,па мислам дека се дирекно набавени.еден мој другар требаше да оди таму,но нешто му испадна па беа други на пазарење.како и да е ќе прашам и точно ќе се знае
|
||||
![]() |
||||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|||
Значи, официјално овие се автобусите купени од Авто Атом - Кочани и се препродадени во Кичево. |
||||
![]() |
||||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|||
![]() Моделот е Setra 315 NF, марката е во автобускиот свет како Мерцедес во автомобилскиот.Нормално, германска ![]() Со 4 исти вакви модели и со иста колор шема се поднови и Авто Атом - Кочани, Санос_а би знаел нешто плус информации.Прво помислив дека ги зеле од Кочани, ама сигурно се други 4 возила. Инаку, Симекс возат Кичево - Охрид со нешто слично на ова. Вториот модел е Sanos S-415, произведувани од 1983 - 1992.Со оглед на шарата (фабричка од Санос), двокрилните врати и состојбата би требало да е најкасно од 1988/9, после почнаа еднокрилни врати.По некоја случајност се имам возено во Кичево со ова или со тој до него - уште постар модел Санос S-314, прекинат со п-во во 1984...Очигледно воопшто не се одржувани пали вози ![]() |
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
`ФОРД`(фабрика за резервни делови-мислам така нешто беше) во склоп на РЕК Осломеј Кичево кое е дел на ЕЛЕМ,задолжено покрај другото за превоз на вработените на електраната за превоз на патниците,се `поднови` со половни 4 нископодни автобуси купени од Германија по цена 24 000 евра по автобус.автобусите делуваат многу очувани,во состојба каква што нема шанса да бидат ако биле користени во РМ,поради нашиот менатлитет на унишување на заедничката имовина.на секој од држачите каде би се држеле со рака патниците има прекинувачи,кои ако некој го притисне прекинувачот автобусот застанува ако после 50 метри возачот не го застане автобусот.е сега можам да замислам што ќе се дешава во автобусот знаеејќи што се се случувало во старите автобуси(зафрканции од најголем степен рамни на скриена камера)
![]() ![]() ![]() а вака изгледа еден од автобусите што досега се употребуваше ![]() |
||||
![]() |
||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|||
Веста е постара од 6 месеци.
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=110949#110949 Останува нејасно дали е потпишан договорот. |
||||
![]() |
||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||
Јас бев во hibernation mode, или ова е сосем нова вест? |
||||
![]() |
||||
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
|||
ден исполнет со добри вести од ЈСП. се надевам дека ќе се оствари се што е тука спомнато
![]() Автобусите ќе ги мијат во германска пералница Пералницата се очекува да биде готова за три месеци, а ќе има капацитет да измие 30 автобуси за еден час Рачното миење на автобусите на ЈСП наскоро ќе стане минато. Цревото и четките ќе се заменат со современа германска пералница која ќе гарантира за чистотата на новиот возен парк на јавниот превоз. Во интерес на подобрување на условите за работа, од ЈСП деновиве привршуваат со активностите за изградба на модерна пералница во базата што се наоѓа во Ѓорче Петров. Во фабриката во Германија од каде што ќе се набавува пералницата ги испратиле потребните димензии и нацрти за објектот чија изградба ќе ја финансира Јавното претпријатие со помош на градските власти. Се очекува пералницата да биде готова за три месеци. Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека новиот начин на миење на возилата ќе биде од голема корист за вработените во базата во Ѓорче Петров, бидејќи во голема мера ќе го заштеди времето потребно за миење, а истовремено ефектите ќе бидат далеку поголеми од сегашните што ги нуди рачното одржување на автобусите. „Пералницата ќе биде полн погодок, зашто новите и модерни возила бараат и соодветно одржување. Таа ќе биде германско производство, а ќе се изработува по нарачка. Ќе има капацитет да измие 30 возила за еден час. Неделава треба да го потпишеме договорот и да дадеме аванс. Очекуваме пералницата да биде готова за два-три месеци“, вели Николов. Со изградбата на пералницата за потребите на автобусите што ги должи базата во Ѓорче Петров, ЈСП практично ќе заврши со модернизација на базата која се користи и за таканаречената дневна нега. Таму веќе е завршена санација на халата, во неа е вграден модерен систем за проверка на сопирачките, а се користи и систем за електронско досипување масло во возилата. Во оваа хала се третираат околу 200 автобуси од кои 130 секојдневно се пуштаат во сообраќај. За обнова на халата ЈСП потроши речиси 115.000 евра. Парите се од субвенции што ги доби од Град Скопје. Иако не се изгради наполно нова хала, туку само се реконструираше постојната, сепак, надлежните велат дека таа ги има сите нишани потребни за тековно одржување на подновениот возен парк. Инаку, од ЈСП планираат да ја подноват и другата база, онаа што се наоѓа во Автокоманда. Сепак, велат, таа ќе стаса на дневен ред в година. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6C02F09C40687945BC67B86B1DB52B19 Вест број 2: ПРЕТПРИЈАТИЕТО-ЗАГУБАР ГО СИТНАТ KОНЦЕСИИ Половина ЈСП под приватна капа По приватизацијата на продажбата на билети и на 275 стојалиштата с` повеќе фирми заинтересирани и за преземање други дејности, како на пример службата на контролорите Домашна фирма е заинтересирана за приватизација на Службата за контрола на патници во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, сметајќи дека менаџментот не ја води оваа служба добро и таа му носи загуби. Со давањето во приватни раце, велат претставници од „Лоза прес“ кои воделе разговори со ЈСП, ќе се зголеми не само ефикасноста во казнувањето на несовесните граѓани туку и ќе му тргнат голем товар на претпријатието од грб. Раководството на ЈСП, како што потврдуваат оттаму, идејата ја оценило како добра, но с` уште е на два ума околу конечната одлука. Наспроти овој сектор, неколку други, профитабилни во перспектива, се веќе дадени, како на пример продажбата на билети, стојалиштата, а за гаражите и сервисирањето се размислува. Раководството ќе добива само мал дел од профитот. Менаџментот негира дека работи со загуби - Оваа служба не работи по светски теркови. Имаме во план ЈСП да го ослободиме од годишна загуба од 300.000 евра. Службата во летниот период речиси и да не работи. Имавме средби, но допрва ќе бидеме информирани дали претпријатието има намера да се ослободи од оваа служба - појаснуваат од „Лоза прес“, една од заинтересираните фирми. Нивната идеја е да преземат оптимален број вработени контролори, но не и администрацијата, која е дел од овој сектор. Со секој контролор би одел и полицаец кој би бил платен од фирмата според тарифата за изнајмување во МВР. Сметаат дека на тој начин нивната работа ќе биде поефикасна во казните за несовесните граѓани што не плаќаат билети. - Во сегашните услови, од казнениот билет кој чини 200 денари, 150 денари одат за контролорот. а 50 за ЈСП, сума со која е невозможно да работи профитабилно. Полицаецот би ги легитимирал граѓаните и би казнувал - сметаат од „Лоза прес“. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, потврди дека се разговарало, но не се сложи дека службата му носи загуби на ЈСП. Не ја исклучи можноста за приватизација, но рече дека тоа нема да се случи набрзо. - Не знам колку е паметно во моментов да се дава оваа служба. Приходите на претпријатието зависат од неа. Kолку приватникот би се согласил приходите да одат кај нас е друга работа. Не е точен впечатокот дека е голем бројот на луѓе што не плаќаат. На пример, средношколците имаат обезбедено билети од државата преку Министерството за образование и наука, а возрасните граѓани се срамат да не плаќаат. Немаме проблем со наплата на билети - тврди Николов. Во оваа служба, како што рече, работат 60 контролори. Се согласи дека во лето таа не е целосно функционална, односно половина од нив се на одмор, бидејќи тогаш има и помал број патници. Билетите приватизирани, за гаражите се размислува Договорот за приватизација на продажбата на карти се очекува да се потпише набрзо, а за вакво нешто интензивно се размислува и околу гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров, рече Николов. Тоа ќе значи дека приватна фирма ќе ги сервисира автобусите на претпријатието, но ќе може и други. Под концесија на 15 години им беа дадени и 275 автобуски стојалишта на грчка компанија „Ремеди адвертајзинг“. До крајов на годинава таа има обврска да ги уреди и да ги опреми со урбана опрема и информативни електронски табли. - Словачката фирма „Ем-тест“, која го доби тендерот за воспоставување систем на електронска наплата и на системот на автоматска локација на автобусите, ќе ја преземе продажбата на билети. Има обврска да постави 40 автомати за купување билети на постојките, кои ќе работат на принципот „внеси паричка-земи билет“. Тоа би профункционирало заедно со електронскиот систем на наплата, кој на почетокот од 2013 година ќе биде инсталиран во 450 автобуси - објасни директорот на ЈСП. Четири милиони евра долг На почетокот од оваа година долгот на ЈСП кон фирмите од кои набавува делови и нафта беше околу 4 милиони евра, информираше на седница на Советот самиот директор на претпријатието, Мишо Николов, одговарајќи на советничко прашање од опозицијата. Од овие долгови само на „Макпетрол“ за гориво и за нафтени деривати отпаѓаа околу 740.000 евра. Се работи за трошоци што стасале во форма на фактури, а не се намирени. Николов тогаш не појасни колку е силата на ЈСП од своја каса да намири дел од оваа сума, а за колку од неа ќе бара субвенции од Градот. Kако што е познато, долговите на ЈСП веќе четврта година ги покрива градската власт од своја каса. Лани дупките во претпријатието беа закрпени со 2,5 милиона евра http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=104504FB1C0AA74CBC5CFECFBA8D69DF |
||||
![]() |
||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|||
Има и бетер автобуси од тие кои возат за Hauptbahnhof (што е всушност друг израз за централна станица или главна станица), имаме автобуси кои се Schulbus, односно кои се училишни автобуси.
А за учениците кои се возат во нив, судејќи по нивната возраст, останувам без зборови за нив. Можам да кажам само: Блазеси ни и на нас и на државата со такви основци и средношколци. Edited by Dexter26 - 21-Mar-2012 at 16:07 |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |