![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Скопје - Бунарџик |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 24> |
Author | ||||
Antonov ![]() Groupie ![]() Joined: 10-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 72 |
![]() ![]() |
|||
Санос ако уште постои...
|
||||
![]() |
||||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|||
Смеат да ги продаваат автобусиве на македонски пазар? Нема некој домашен конкурент за да би било проблем.
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
![]() Нивните автобуси произведени кај нас. фото: миа.мк ![]() |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
Белгиски “Ван хол“ ќе гради нова фабрика во Тирз Скопје 2
Во слободната зона Бунарџик почна изградбата на новите производствени погони за автобуси на белгиската компанија „Ван Хол“. Инвестицијата е во вредност од 17 милиони евра и ќе се реализира во три фази, најпрво ќе се гради магацинот, во април 2017 година е предвидено отворање на четири нови производствени линии, а во третата фаза во август 2017 година ќе биде изградена дополнителна комора за фарбање автобуси. Во новиот капацитет се предвидени 450 директни и околу 100 индиректни вработувања. http://24vesti.mk/belgiski-%E2%80%9Cvan-hol%E2%80%9C-kje-gradi-nova-fabrika-vo-tirz-skopje-2 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
![]() ![]() mia.mk |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
Во ТИРЗ поставен камен темелник на фабриката ХАЈ ТЕК, прва домашна инвестиција
![]() Во Бунарџик денеска е поставен камен темелник на првата домашна инвестиција – фабриката на македонската компанија ХАЈ ТЕК Асембли Центар. Инвестицијата, вредна вкупно 20 милиони евра, ќе отвори преку 300 работни места, а ќе се реализира во две фази. Првата е проектирана на 6 милиони, додека втората на 14 милиони евра. Во првата фаза ќе биде изградена фабрика со површина од 5.400 метри квадратни која ќе стартува со работа наесен и ќе вработи 100 лица. – Новата компанија ќе биде врв на техничко-технолошките достигнувања во Македонија и ќе обезбеди работа за преку 300 луѓе. Со производството на најсофистицирани електронски компоненти, ќе учествуваме во светот на нано технологиите. На тој начин значајно ќе придонесеме во зголемувањето на македонскиот извоз, истакна сопственикот на ХАЈ ТЕК Асембли Центар Саво Станковиќ. ![]() Како што нагласи Станковиќ, по 36 години постоење на компанијата, ова е уште еден предизвик, историски момент не само за неговото семејство, туку и за другите претприемачи, како и за целата земја. – Денеска е посебен, историски ден за Македонија. Ова е првата домашна инвестиција во слободните економски зони и најдобар пример за тоа дека домашните бизнисмени кои имаат добри идеи и проекти, висока технологија и производство наменето за извоз, се добредојдени во ТИРЗ, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој потенцира дека како резултат на визијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и напорите што ги вложи тој, но и целиот владин економски тим, во Македонија има голем број странски и домашни компании кои извезуваат и отвораат работни места, а како резултат на тоа невработеноста е на рекордно ниско ниво. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо информира дека во следните пет години инвестицијата на ХАЈ ТЕК Асембли Центар во Бунарџик ќе се прошири за нови 11 илјади метри квадратни. Производството ќе биде целосно наменето за извоз и главно ќе се пласира во Германија, Швајцарија, Велика Британија и скандинавските земји. Извор Edited by Navigator - 17-Feb-2016 at 15:05 |
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
Италијанската групација „Витило" отвори втор погон во Бунарџик, планира и трет
Станува збор за инвестиција која ќе генерира 100 нови вработувања а како што рече генералниот директор на „Витек Македонија", Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 лица. ![]() Во ТИРЗ Скопје 1 денеска и официјално е отворен вториот производствен погон на италијанската индустриска групација „Витило". Станува збор за инвестиција вредна 10 милиони евра која ќе генерира 100 нови вработувања. Како што рече генералниот директор на „Витек Македонија", Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција наредната година со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 лица. Тоа е шестпати повеќе од првичната инвестиција и покажува дека компанијата „Витило" ги препозна поволните можности што ги нуди Македонија. - Овие бројки ја потврдуваат нашата одлука за инвестирање во Македонија, државата во која верувавме и во која стекнавме пријатели кои ни овозможија да се чувствуваме како дома, истакна Витило. Според него, одлуката за уште една инвестиција во земјава италијанската групација ја донела и благодарение на досегашното позитивно искуство тука, но пред се на долгорочноста на целите на македонската Влада. Вицепремиерот за европски прашања Владимир Пешевски потенцира дека новата инвестиција на Витило е уште една потврда за одличната соработка на Владата со странските вложувачи. Инвестицискиот циклус во Македонија, рече Пешевски, евидентно зема се поголем замав. Во изминатите 60 дена неделно се отвораат две до три инвестиции. - Нови, втори фабрики минатата недела најавија и компаниите Џонсон Контролс и Ван Хол во кои ќе се вработат околу 2000 лица. Ако се земат предвид и инвестициите најавени само во изминатите два месеца на „Акомпласт" во Прилеп, „Икстрејд" и „Џерман електро-мехатроник систем", домашните „Технопласт" и „Хајтек", „Капкон",..., бројот на нови работни места ќе се искачи на 5000, а вкупните инвестиции ќе надминат 160 милиони евра, посочи Пешевски. ![]() Според италијанскиот амбасадор Ернесто Белели, реализацијата на втората фаза од инвестицијата на Витило е доказ за довербата на италијанските инвеститори во Македонија. Белели потсети дека во ТИРЗ Скопје има три италијански компании. Групацијата Витило е присутна во Македонија од 2011 година. Произведува хидраулични спојки за висок поритисок и гумени црева за голем број индустрии. Производството до Македонија е наменето за Европа, земјите на Заливот и Америка. „Витило" моментно е оперативна на површина од 12 илјади метри квадратни од кои 5.000 се наменети за логистика. Во првата фаза Витило во Македонија инвестираше 5 милиони евра и креираше 50 работни места. На отворањето на новиот погон присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Цел текст |
||||
![]() |
||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|||
Се согласувам. Но и овие лебарки од Куманово да дадат детален увид како успеаја да направат стотина згради во сокачиња без паркинг простор, и како сиве овие години не успеаја да изградат ниту едно паркиралиште, ниту да купат неколку канти поликолор да ги обележат улиците, да ги заменат семафорите кои не работат и да ги исфарбат 'рѓосаните огради на мостовите, а и да стават огради на оние мостови на кои и ги нема, да стават улично светло! Елементарни работи не се способни да направат, а се дрзнуваат да критикуваат други. ![]() |
||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|||
A dali se obvrzani da gi potroshat tie pari vo MK? |
||||
![]() |
||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||
Јас само го очекувам откривањето на втората најголема тајна во државава (класифицирана информација е во моментов) по онаа за финансиската вредност на „Скопје 2014“. А таа е: владата да даде детален увид за тоа колку пари од државниот буџет се слеале на сметките на оние странски компании кои изградија свои капацитети во индустриските зони. Ама сакам да знам, компанија по компанија, сума по сума. Откога ќе се изнесат овие информации во јавност, тогаш ќе продолжам да дискутирам на оваа тема.
|
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|||
Зависи од тоа колку добро макетиншки изгледа таа инвестиција. Име, број на вработени, што произведува. И во преговори си ја уценуваш владата за се што сакаш. Што испреговараш од субвенции тоа.
Некои имаат добиено субвенции и за градење на погонот. Пример, пишеш дека кошта 20 милиони евра инвестицијата, 50% дава државата, а реалната цена е 10, нешто вратиш назад на власта, така што го добиваш погонот речиси за џабе и работници за 75е еур плата затоа што другата половина ја плаќа државата. Уште ако избоскуваш поволности при набавка на енергенси... Е сега, ќе мора да ставиш нивен човек во кадрова да провери работниците дали имаат соодветни документи и готово. |
||||
Од чаламот си патиме!
|
||||
![]() |
||||
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
|||
Доколкото разбрах Боян имаше впредвид не че фирмите изобщо не плащат струя ,а че тези разходи се поемат от държавата или са опростени или намалени за определен период от време.
По-назад четох материал за Ван Хол и доколкото ми стана ясно ,ако не са били субвенциите и парите на македонската държава фирмата е щяла да фалира и това е било главната причина да изберат Македония. Значи ли това че държавата плаща на фирми за да дойдат да инвестират и в какво конкретно се изразяват тези субвенции- намаляване или цялостно освобождаване от данъци ,поемане на производствени разхода ,заплата и прочие? Тъй като не е в ЕУ Македония може да прилага такива методи за насърчаване на инвеститори ,както и да прилага протекционистична политика за домашни компании.Европейското законодателство исисква да се спазва пазарния принцип и изключва пряка субвенция ,подпомагане и протекция. |
||||
![]() |
||||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|||
Значи, не постојат никакви разлики во однос на странските и домашните компании. Се створи една претстава и синтакса за странските инвеститори со оглед на тоа што до пред месец дена, само меѓународни компании беа корисници на зоните. Тоа што нема да го прочиташ од Бојан е дека пред еден месец 2 македонски компании потпишаа договори за државна помош за инвестиција што ќе ја реализираат во ТИРЗ Скопје. Условите, секако се, (1) комплетното производство од овие зони да биде наменето за извоз (за да не се створи нелојална конкуренција во однос на компаниите надвор од зоните) или (2) да не постои домашна компанија што произведува исти или слични производи или пак (3) доколку цената на производите што се пласираат на домашен пазар, а излегуваат од зона е значително повисока од производите на домашните компании кои истотака пласираат на домашен пазар. За ова последното имавме само еден пример. Руската Продис продаваше чаеви и лекови на домашен пазар, но нивната цена беше доста повисока од цената на конкурентите, така што државната помош што ја добил Продис не создала нелојална конкуренција. Освен ова, постојат уште неколку услови. Да бидат предвидени минимум 150 вработени за да се добие помош при изградбата на фабриката, доказ дека ќе се користат современи производни линии, итн. Како и да е, овие услови и овие поволности важат за сите компании, без оглед дали се домашни или странски. |
||||
![]() |
||||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|||
Законот за ТИРЗ е отворен за преговори во смисла на условите и бенефициите и сега кога на власта, ама реално, им се спуштени гаќите, може да добиеш све за Џ за да може да се сликаат со инвеститорите. Значи во законот никаде нема класификација на фирми и нивоа на субвенции, се преговара со владата. Договорите се тајна за да не штетат при преговорите со некоја наредна фирма, барем затоа би требало да биде.
Секоја информација која ќе ја добиеш за тоа која фирма колку добила субвенции е од ТВ препукувања и шпекулации. Јас искрено верувам, значи тоа е мој некој заклучок, дека одредени експлоататорски конц логори кои се нарекуваат странски инвеститори не ни плаќаат струја. Економија на држава не се развива во слободни економски зони. Војни се водат за ресурси (и човечки), пазари, даноци, проценти и профити. Така да освен искуството кое ќе го добијат работниците, Македонската економоја нема никаква економска придобивка од фабриките. Што значи раст на индустриско производство ако не се плаќа данок и ако сопственикот на капиталот нема општествена одговорност. Насекаде низ светот гледаме инвестиции во општествени, спортски, здравствени, образовни цели баш од сопствениците на крупен капитал, кај нас од странскиве експлоататори тоа нема да го видиш. Работниците во овие фабрики треба да се сметаат како државни, адмнистративни робови во функција на странски капитал. Додека даваат кредити ќе се бутка, што велат, дур трае нек лае. А законски нема разлика меѓу домашни и странски фирми, во таа смисла законот не е дискриминаторски и не постои таква ставка во законот. ЕДИТ: Ма да според мене би морало да постои ставка каде домашните фирми ќе добиваат повеќе субвенции. Edited by Bojan10 - 27-Jan-2016 at 07:28 |
||||
Од чаламот си патиме!
|
||||
![]() |
||||
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
|||
Имам едно питане ,тъй като не съм запознат много добре с бизнес климата в Македония.
Всяка една фирма ли получава субвенции и подпомагане от държавата или само тези ,които се определят като значими? И има ли разлика в третирането на чужди и домашни фирми? |
||||
![]() |
||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||
НОВИ 400 ВРАБОТУВАЊА: Потпишан договорот за втората инвестиција на Ван Хол во Македонија Белгиската компанија Ван Хол ќе реализира инвестиција од 15 милиони евра во производствениот капацитет во Македонија во следните 4 години, во која ќе бидат вработени околу 400 нови работници. 26 јануари 2016| 16:12 van hol vtora investicija15 Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра во постојниот свој производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години и најави отворање на дополнителни 400 работни места. Изградбата на објектот ќе почне следниот месец. van hol vtora investicija Договорот за реализација на втората инвестициска фаза го потпишаа денеска дирeкторот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и Филип Ван Хол, сопственик на белгиската компанија, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. van hol vtora investicija1 Во првата фаза во текот на годинава според најавите ќе се изгради нов магацин и ќе се прошири производниот оддел за фарбање. Во втората фаза, во 2017/2018 година постоечките четири производни линии ќе бидат удвоени. Како резултат на тоа, производствениот капацитет се најавува да биде зголемен на 900 возила годишно наместо сегашните 500. За таа цел во наредниот период, како што најави сопственикот Ван Хол, ќе бидат ангажирани уште 400 работници, а до 2019 година вкупниот број на вработени во „Ван Хол“ во Македонија да достигне 1.250. Со проширувањето, како што информира Ван Хол, капацитетите на фабриката ќе достигнат 72 илјади метри квадратни. van hol vtora investicija2 – Планираме продолжување со инвестициските активности и сакаме да почнеме да произведуваме автобуси покрај за САД и ЕУ, и за Израел за што се во тек разговори за постигнување договор, рече Ван Хол. Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години и првично најавените 13 милиони евра кои подоцна во првиот производствен капацитет изнесуваат 20 милиони евра, во наредните четири години, како што истакна Пешевски, ќе достигнат над 40 милиони евра. Продолжувањето со нови инвестиции на белгиската компанија, според Пешевски, е потврда за добрите политики на Владата и поволната бизнис клима. van hol vtora investicija3 Пешевски ја потенцира и соработката на Ван Хол со домашните компании посочувајќи го примерот со штипска „Актива“ која што како нивен добавувач отвори нова фабрика и ангажираше 300 вработени. van hol vtora investicija8 Според вицепремиерот Пешевски, и покрај политичката криза работата на економскиот тим на Владата резултира со нови инвестиции. – Во изминатите шесеетина дена беа објавени десетина нови инвестиции во износ од околу 120 милиони евра и 3.500 вработувања. Можеме да бидеме задоволни што и во овој период покрај сите предизвици со коишто се соочуваме се постигнуваат одлични резултати, рече Пешевски. van hol vtora investicija9 Како што посочи директорот на ТИРЗ, со најавеното зголемување на капацитетите, Ван Хол ќе има најголем индустриски капацитет во државава со над 72 илјади метри квадратни. – Особено е важно што покрај автобуси за американскиот пазар ќе почнат да се произведуваат и за европскиот пазар и ќе бидат изградени четири дополнителни линии, инвестиција што ќе се реализира во следните четири години. Минатата година од оваа фабрика беа извезени 420 автобуси со вредност од 95 милиони евра, што значи дека во наредните две три години извозот ќе биде повеќе од удвоен односно ќе изнесува повеќе од 300 милиони евра, нагласи Мизо. van hol vtora investicija4 Покрај најавените 400 нови вработувања, посочи Мизо, ќе има и нови 150 директни вработувања, а важни се и трансферот на технологии и знаења. van hol vtora investicija5 Белгиската компанија „Ван Хол“ е основана во 1947 година, а седиштето е лоцирано во Конинтсојкт. Најголемиот дел од производството го пласира на пазарите во Европа и во САД. http://kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-dogovorot-za-nova-investitsija-na-van-hol-vo-makedonija/ |
||||
![]() |
||||
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
|||
![]() ![]() |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |