![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5253545556 69> |
Author | |
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
Исл. И ја така мислам но сепак од се она што во нашата приватизација се случуваше произлезе едно правило: Ако нешто дава веднаш профит веднаш летаат разни купувачи на акции. Ако нешто спие тогаш спиат и акционерите. Е сега покласичната економија железницата е ТЕЖОК КАПИТАЛ, тежкиот капитал ако проработи дава тежок профит но ако условно пропадне у кал дава тешка загуба. Значи државата треба МЖ да ја извлече на позитивна нула и акотоа го сторила(незнам) тогаш ако е само будала да не задржи за себе 51% а 49% може да ги продате (слично како телеком) но изгледа дека МЖ е дојдена на позитивна нула и опасните акционери купувачи овде мирисаат прифит но по се изгледа постои уште една причка а тоа е немој погрешно да ме сватите се вкупната политика во регионот која на некој начин е кочница да се пушти овој профит. По мене владите во соседните земји и нашата се меркаат и се уште се преиспитуваат колку аир ќе имат од сето ова кога заедно ќе настапат.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Со оглед на тоа што државата купуваше товарни вагони за МЖ-Т непосредно паралелно во процесот на носење на либерализичкато законодавство, отворено кажува дека нема намера да го продаде на компании од надвор. Занчи инјекција каква таква беше вбрзигана. На фершпед му се усукаа едно време, а ја еве дури од денешна дистанца можам да се посомневам дека дел од тоа беа и утоварно-истоварните станици за товарен сообраќај, едната колку што знам е приватизирана под фершпед е. Така да не верувам дека во скоро време ќе се продаде, па и да се продаде очекувам да биде тоа домашен капитал, или некој евентуално воневропски што во случај кога се работи за транспортни компании има големо значење.
|
|
![]() |
|
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
Мислам дека од 2005 или 2006 год. донесен е закон за железници во него треба да е уредено кој е оснивач на МЖ,кој управува со нив. Законот има и подетален карактер како МЖ може да се уреди како акционерско друштво каде државата би била доминантен сопственик 51% а останатите 49% можа да се дадат на продажба ако тоа не е направено. Незнаем дали има заинтересирани за овие 49%. Инаку железницата носи профит од големеи размери но само ако биде поврзана во трансверзала север-југ и исток запад со соседните земји. Тоа е наефтин превоз на стоки од сите други превози. Заклучокот се наметнува сам дека железницата е во ПРОЦЕС НА ПРИВАТИЗАЦИЈА но по се изгледа дека политичките прилики ов регионов ги кочат овие приватизации кај нас и во соседните земји. Така на Мах му препорачувам ако веќе мисли да биде некој акционер нека почне да купува акции на берза од МЖсега кога се ефтини а по мене ќе му се исплатат после одкако целиот регион ќе биде една економска целина како што сега е ЕУ. И ништо чудно се си тече по природен пат и ако по некој како целата наша приватизација сонуваат на ефтини ншта да дојдат до поголем капитал.
Edited by Dragan - 11-Mar-2010 at 18:42 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
добро а приватизирање на мж-транспорт ќе видиме ли скоро!?! тоа и сега е АД но дали државата би допуштила некој трет да го превземе управувачкиот пакет!?! лично таму би вложил без пардон! ќе биде смеење ако навистина влета јака конкуренција и почне да рине професионален кадар од мж-транспорт! но воедно тоа и ќе биде мотив за поголеми плати и во мж! исто ми се наметнува и дополнителна дилема дали МЖ ќе има ексклузивно право врз етикетата национален железнички транспорт т.е. дали предзнакот МЖ ќе имаат право да го заштитат или пак оној кој ќе влета со поквалитетна понуда на пазарот ќе може да ја превземе палката, слично како во авиосообраќајот и знаменосецот... |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
![]() 2010-03-11 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па многу по повеќе би бил задоволен ако се појават дваесетина вакви компании како делта реил одколку една како мж-т. Не е веќе единствен параметар да се пренесе стоката од точка а до точка б. Сега веќе и други параметри ќе влезат во игра брзина, безбедност, цена и слично. Ако може мж-т тука да парира рамноправно, ќе се држи долго. Може и да се насочи и во рентање возен парк на други компании. Но притоа државата треба да си пази какво раководство ќе позтавува на мж-т за да нема конфлик на интереси и да нема луѓе блиски до приватни компании од исти сектор. Со здравство не би споредувал затоа што се работи за сосема друг домен, таму и конфликтот на интереси колку и да го има е во ссоема различна форма него што е тука. За различна услуга станува збор.
|
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
поентата е стимулирање конкуренција, но и јас сметам дека е тоа на погрешен начин! ефтионите патнички карти кај нас се за и на сметка на товарниот сообраќај! дефинитивно требаше да ги обврзат компаниите да нудат паралелно и товарен и патнички транспорт! во најмала рака да имаат некакво учество во патничкиот транспорт! ајде може како приватници плаќајќи некоја лиценца утре истата таа лиценца да се слева за субвенционирање на патничкиот жел транспорт, еве да претпоставиме ќе има пет компании кои ќе тераат товарен транспорт, и под претпоставка дека годишно за лиценца истите би плаќале по 100ил.евра кои би оделе за субвенции на пат.тр. тоа би било идеално! а патем и државата ќе си тргне од грб постојана потреба некого да го одржува во живот... битно ја либерализиравме а како се' ќе тера тоа допва ќе видиме!
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Мене уште од самиот почеток не ми се допаѓа овој модел.
Прво, компанијата која ќе врши товарен сообраќај прв пат ја слушам во однос на превоз на било каква стока по било која форма на сообраќај. Второ, не ми е јасно во што ќе ги вложат тие 500.000 долари? Тоа е премала сума на пари. Мене ми е пологично прв да беше Шенкер или Фершпед заинтересиран, тие и досега беа поврзани со превоз на товар во земјава. Трето, воопшто не ми се допаѓа моделот на изнајмување на возен парк, поради тоа што Македонски железници и онака не можат да го покријат сопствениот патнички и товарен сообраќај. Вака направено, ќе излезе како со државните болници, не можам сега да те прегледам дојди покасно кај мене во приватна клиника. Едноставно, ќе трпи сообраќајот на државната компанија на сметка на приватници што е лудост! |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
ни до година нема да влезат во патничкиот сообраќај, кој си става трн во здрава нога!?! а ова со понудава им е фора нема што "ќе понудиме нешто пониски цени за транспорт", ми мириса на запршка од макстил!? или евентуално на израелците од кочани!?!
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГО ИЗГУБИЈА МОНОПОЛОТ
Еден од тројцата косопственици на компанијата, Иван Илиевски, вели дека се уште не се оперативни, бидејќи имаат доставено барање до Министерството за транспорт и врски за добивање дозвола за работа и дозвола за безбедност
Илиевски смета дека подобро е да не открива многу повеќе од деловните тајни, бидејќи се плаши дека некој би можел, како што вели, да му ја украде идејата и да го сопне во лет". Тој најавува дека на почетокот ќе работат само за потребите за клиентите, па потоа да закупат и траси со редовни линии. Инвестицијата е околу 500.000 евра. Во меѓувреме се формира и Агенција за регулирање на железничкиот сообраќај. Таа во иднина ќе ги контролира сите транспортни компании кои со приватни возови ќе возат по македонските пруги. (С.Бл.) Edited by SkyBoy - 10-Mar-2010 at 23:35 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
претерав, не секој инвестира заради економски порив, но која и да му е намерата сепак без пресоблечена инфраструктура во најмала рака тешко и дека ќе се нафати за екстра транспортна инвестиција! замисли по постојниве пруги да тераат IC-а па тоа ќе се распаднат на првата кривина!
|
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
тешко е да предвидиш дали целосната либерализација е поволна, да за голем пазар, но за мал може да претставува проблем! зависи колку институциите ќе бидат кадарни да го спроведуваат законот! во секој случај експедитивноста и воопшто услугата се крева на повисоко ниво кај приватниците, но тоа е обично случај надвор и по големите земји кај нас е исклучок кој доколку се јави веднаш просечните гледаат да го дисквалификуваат како би си го осигурале сопствениот опстанок! добро во случајов со овој вид на транспорт тоа мислам нема да биде случај, но ете кога бидна во авијацијата зошто не и во железницата!? мое мислиење е дека треба д се проба да се остави простор да видиме како ќе функционира а сетне да или да се штима муабетот или да се врати по старо а државата целосно да наметне иницијатива од секој аспект! бидејќи реално ова е скапа транспортна опција особено ако сакаш брзи и модерни пруги и возови, па затоа во свет и претежно е во државни раце а воедно и се субвенционира на големо! искрено не го посакував овој модел, но реално до гуша сме заглавени на сите нивоа, па така мора да се либерализира пазарот доколку не сакаме да ја заглавиме во заеми и долгови, како што е случај со оние држави кои се решаваат за мопол врз пазарот! од друга страна за да дојде пак приватник и тука да се распостели особено во патничкиот транспорт мислам треба да има основа но и сигурен (читај голем) пазар, што кај нас не е загарантирано никако! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Техничките прегледи се под здружение на возачи. Има АМСМ нешто удел со свои станици, ама не ми е познато до крај не сум разгледал како сето тоа функционира детално и нема да навлагам во дебата потемелна. Малку ќе го затераме во други домени со муабетов. Во секој случај за било кој домен да се работи, поддржувам либерализација и разситнување, па влез на приватен капитал наместо старите безмалку цели "министерства" едни и единствени во својот домен, кадешто капиталот останува мртов и нема реален проток на економија, него повеќе е импровизација, каде што капиталот е во државни раце, а не тече меѓу народот и стопанството. Ако капиталот е флуидот, крвта на општеството, тогаш не ни треба таков слабокрвен анемичен систем.
Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 18:01 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
не не, амсм го спомнувам во контекст на станиците за технички преглед на возила кои се под нивна капа т.е. како јавно претпријатие, сега е во процедура да се либерализира пазарот и во тој домен па можат да отворат и приватњаци технички сервиси, ова го најави Ставревски во бурекџилницата како опција која се разгледува, па од тој аспект ја споредувам со колска каде владата исто е сопственик, незнам или има управувачки пакет во ад-то незнам како е распределена сопственоста... |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
АМСМ е сервис за помош на пат и за мониторинг состојба на патишта. АМСМ нема никаква регулација освен да проценува ризик и да дава забрани и ограничувања што впрочем и се советодавни, а ги спорведува полицијата. Не ми изгледа тој домен дека е нереформиран. Чим веќе владата се нафати да распишува тендери за приватни патишта.
Еве добар пример да дадеме со автошколите каде што само пикирани автошколи имаат дозвола за основање комисија за полагање. Наместо да бидат одвоени комисиите како посебни фирми без право на обука, и автошколите без право да издаваат потврди за положен возачки испит, кај нас директно се повредува либерализацијата и пазарот кадешто некои автошколи се ставаат во нерамноправна позиција. |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
па муабетот е истиот со амсм и нивните станици за технички преглед, еве сега е во најава дека може ќе пуштат либерализација во овој дел, но по дефаулт мораш да обезбедиш услови за такво нешто за тука да добиеш дозвола, што не ми се верува некој тука во нова колска да вложува, туку или ќе сервисираат во колкса кај нас или ќе бркаат по комшилук, во зависност од цената, договорите итн. инаку те уверувам колска посекако исто како и амсмс уште долго ќе имаат грб кај државата! сепак се работи за претпријатија каде и таа има некако удел, па и логично е да ги помага вака или онака, јасно не до толку очигледно на штета на конкуренцијата, но сепак ако се под државна капа посекако ќе имаат некакви бенефиции!?! зависи и каков е уделот и колкав е, исто битно е како се е поставено и законски и пазарно, ова допрва ќе се модификува во зависност од тоа кој модел како ќе се покаже на пазарот и како ќе успееме да го интегрираме, не е само на хартија да сме јаки треба да имаме капацитет и да ги спроведеме законите! што во случај да не можеме да го истуркаме лично немам ништо против повторно во некоја мера да се ограничи либерализацијата, впрочем тоа е случај со многу иницијатива во стопанството... напред, назад, горе, доле, важно некаде некако се движиме! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
А треба МЖ-Т и МЖ-И логично да се преименуваат во МДЖ-Т и МДЖ-И. (Македонски Државни Железници), затоа што сега всушност Македонски Железници ќе се однесува на целиот железнички пазар, а не само на една компанија.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
![]() А ова споредбава за мтв, затоа и ја пишав пошто мтв беше заглавена и премногу блиска со срд. Една фирма е премногу блиска до регулаторното тело, и затоа сакав како пример да го наведам, не дека така го перцепирам, напротив. |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
малку и ја ќе се вмешам со оглед дека и ја почнав, па ред е и да посочам од каде моите недоумици! значи со основачкиот влог го подразбирам како бонитет на компанијата која влегува на пзарот, а со цел осигурување од разноразни шпекуланти, осигурување од банкрот врз основа на кој влог потоа државата би си ги наплатила своите побарувања итн. истото е и со авио компаниите, неможе кому се му се сонило со никаков капитал да влета на пазар под изговор дека ќе изнајми авион итн. друга работа која се наметнува дали и колку ќе има агенција која ќе издава атестирани лиценци, како што е случај со сите видови на транспорт каде има овластено државно тело кое врши ревизија на сите процедури вклучително и сервисите, пример кај нас во авио сообраќајот што е АЦВ (Агенцијата за цивилно воздухопловство) која заради неадекватен сервис на матовиот боинг во белград им го приземји авионот и лани а потоа заради немамирени обврски кон државата мат е со скршени крила та се очекува стечај месецов друго споредбата за некаков монопол на пазарот не е соодветна што ја направи лсл, споредбата во случајов ти е демек ако концесионер на пат(пруга) има своја транспортна компанија(композиција) дека тој не смее да излезе и да вози по својот пат(својата пруга), мислам доволно е воочливо дека споредби со медиумскиот простор не се потребни а особено што мтв ги перцепираш како совет за радиодифузија, не СРД е исто што и АЦВ во воздухопловството, или утре друго државно регулаторно тело т.е. агенција задолжена за спроведување на одредбите во железничкиот сообраќај... претпоставувам за ова кај железницата ќе биде одговорна http://www.arpz.mk/ но допрва ќе треба да се види што, кој, каде и како ќе може како приватник по нашите пруги! а за приватниците велите кој им е ќарот, па само во товарниот транспорт колку ќе имаат можност да бркаат евтини понуди, сетне и патничкиот ветува, но мора прво да се среди инфраструктурата, во тој случај верувам дека ќе се распали квалитетно по пругите т.е. современи композиции, а со што и ќе омасови употребата на железницата, само К8 да ја среди поскоро власта па ќе рипне нагло патничкиот транспорт во железницата! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па затоа постојат кредити. Ако се сериозна компанија ќе земат кредит за нова опрема, обуки. Ќе си ја реформираат и работната сила, вишак вработени, млади инженери и слично. Ако сакаат како инјекција може да биде и влез на странски капитал во одреден процент. Тоа што Кончар заловиле нешто во матно е сосема друга работа. Барем тоа е најнепосакуваниот начин да се дојде до капитал во нормални држави, за разлика од нас кај што е еден од поценетите начини за доаѓање до капитал како последица на лошо искуство. Затоа што ова е еден од позастапените начини кај нас, затоа и многу луѓе сметаат дека тој е единствениот начин, па одтаму тезата дека времето е пројдено и сега неможе ништо да се направи. Тоа што еден будала ќе расипе, сто паметни сто години неможат да го опраат, затоа и такво мислење владее. На народов му е нанесено сраотно лошо искуство и сега има проблем да го свати новото време, а воедно од што се плаши потсвесно го почитува ваквиот начин на доаќање до капитал. Модуси во денешно време има милион. А тоа што Македонија е мала не е воопшто битно ако фирмата е сериозна и има намера да цели кон регионален пазар. Всушност и тоа е ЕУ, регионализација наспроти држави, односно државни пазари. Е сега ако менаџерите на компанијава ги лаже паметот да мислат заглавени во стариот систем и сакаат да си се учипат на државата како доенче, тогаш ништо не прават, а ако се сериозни и имаат намера да водат сериозна компанија ќе размислат добро. Затоа никогаш не е доцна за нова компанија. А конкретно Колска нема да остане така баталена, пазарот ќе го направи своето. Ако не се реформираат ќе пропаднат и на крај објектот и опремата ќе ги купи некој друг што има намера да води ваква сервисна компанија, така да празен нема да остане, прашање е само колку време ќе паузира со работа.
Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 16:15 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5253545556 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |