![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Скопје - Бунарџик |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 24> |
Author | ||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Покрај претседател на политичка партија и господин, тој е и магистер, не биди толку скромен кога веќе му правиш промоција. И никој не негира дека Македонија продолжува напред, секако дека продолжува напред, се додека постои просторот и се додека поминува времето, секако дека ќе се продолжува напред. Суштинското прашање е: По кој пат се продолжува напред и каде води тој пат ? Убаво спомна во твојот претходен пост, страшно е колку негативно се влијае со вакви површни текстови врз јавното мнение, бидејќи повеќето граѓани ниту за една тема не се информирани потемелно, а такви им се и муабетите, а очигледно и твоите муабети на форумов не се исклучок, особено со твојот пример од профилот на почитуваниот претседател на политичка партија, г-дин м-р Груевски. Edited by Dexter26 - 26-Jan-2016 at 17:03 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Македонија продолжува напред! Нова инвестиција на Van Hool. Реномираната белгиска компанија отвора втора фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар. Во првата веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Условите со кои ги креиравме и добрата бизнис клима даваат резултат. Упорноста и пожртвуваноста на владиниот тим, пред се на Веле Самак кој ги донесе Van Hool во земјава и на Виктор Мизо кој ја договараше втората инвестиција, беа клучни за овој успех. Секако, своја заслуга имаат и потпретседателите на владата. Македонија од земја надвор од мапата на инвеститорите, стана земја која според добрата бизнис клима е 6-та во Европа и 12-та во светот. Практично, за оние кои бараат поконкурентни услови за работа, Македонија е прва во Европа имајќи предвид дека земјите пред нас на ранг листата на светска банка (Англија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска) имаат високи трошоци за правење бизнис. Инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе се вработат повеќе стотици луѓе. Аирлија! Е вака се сака својата држава!
Превземено од профилот на Претседателот ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски. https://www.facebook.com/NGruevski/?fref=ts |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Точно е дека се тоа основни права, но тие основни права се НАУЧНА фантастика во повеќето фирми со домашен капитал. До толку се научна фантастика што огромен број од луѓето не ни знаат дека на пример прекувремена работа треба да се плати, или дека законски е регулиран минималниот број на денови за одмор, научна фантастика беше и К15, луѓето се крстеа колку толку да се осигурани и тоа на некое минимално осигурување. Затоа ако новинарот на Телма барем малку бил ПИСМЕН и политички неутрален, ќе седнел и ќе ги разглобел малку сите детали кои влијаат на квалитетот на работното место. Пак ќе кажам со оглед дека факултетот за политички науки произведува исклучиво политички полтрони и полуписмени исполитизирани кадри мое мислење е дека таков каков што е треба да се затвори. А новинарската работа да им се даде на луѓе од техничките науки кои МИЛИОН (или што би рекла Најчевска професорка на ваков факултет „МИЉОНИ„) пати постручно и потемелно можат да ги информираат граѓаните. Страшно е колку негативно се влијае со вакви површни текстови врз јавното мнение. Повеќето граѓани ниту за една тема не се информирани потемелно, а такви им се и муабетите. Истото го гледаме и овде на форумот. |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Јас од блиски луѓе кои се вработија како инжинери во ТИРЗ знам дека има влјание и што ќе кажеш на интевју т.е. колку сам се цениш. Двајца со иста стартна позиција и квалификации, едниот прашан колку мисли дека ќе заработува, вели 250, другиот 300. Двајцата добија толку колку што побараа, без никакви примедби. Е сеа не знам која е горната гранциа на ова
![]()
Ова е еден од поголемите проблеми во трудовата свест, што основните ПРАВА се сметаат за ПОВОЛНОСТИ. Сите тие права мора да бидат загарантирани и обезбедени за секого а не да се исклучоци на кои се радуваме, но за жал на многу голем број работодавачи им се гледа низ прсти. По моја лична проценка поголемиот број од таквите феудални фирми се надвор од ТИРЗ, што не го менува фактот дека надлежните се добро запознаени со лошите состојби. (за текстилната индустрија е најпотврдено, вработените се на граница да се наречат робови). |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Зошто не проговорат со каков степен на квалификација и каков вид на работна сила има во зоните? Зошто не се каже нешто за регулираниот одмор, за платената прекувремена работа, за превозот, за храната и за сите други поволности надвор од редовната плата. Во Струмица во преработувачка индустрија 1 саат се плаќа 60 денари, без никакво осигурување, платен одмор или слично. Работно место неможе да се мери и оценува само со плата има милион други фактори кои влијаат на квалитетот на работното место. Арно ама нашите неспособни новинари не се способни една нормална анализа да направат, затоа не е ни чудно што цела нација ни е со очајно ниво на информираност.
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Не знам кој ја правел анализата и споредбата, ама поприлично е лесно да се најдат вистинските бројки. Статистика вели дека просечната нето плата во ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (бидејќи сите компании во ТИРЗ-овите влегуваат во оваа група) за периодот Јан-Окт 2015 изнесува 16,417 денари. http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40
Ако просекот е 16,417 денари, а во зоните бил 16,143 без вкалкулирани храна и превоз, не гледам никаков проблем, напротив. |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Просечна плата во зоните 260 евра
Вработените во десетината компании во индустриските зони во земјава земаат просечна месечна плата од 260 евра. Анализата на Советот на странските инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Сепак, според нив, ако се направи споредба исклучиво со секторите кои се застапени во зоните, како автомобилската и компјутерската индустрија, отстапувањето од фирмите надвор од зоните е минимално. - Доколку се земат предвид само индустриите кои присутни во зоните, нето платата надвор од зоните изнесува 17.555 денари со вклучена храна и превоз, додека платите исплатени во зоните изнесуваат 16.143 денари без вкалкулирани и обезбедени храна и превоз, кои се околу 5.000 денари на месечна основа, изјави Влатко Стојановски од советот на странски инвеститори при СКМ Според аналитичарите, ова е уште еден доказ дека во бизнис плановите на странските инвеститори, трошоците за човечки ресурси се сведени на минимум. Александар Колекески од МЦЕО вели дека единствено решение за зголемување на месечните приходи на овие вработени е државата да утврди повисока минимална плата во зоните, со оглед на тоа што фирмите кои работат таму добиваат државна помош. - Ако беше престижно и добро да се работи во ТИР зоните, функционерите на власта ќе се натрпеваруваа своите блиски да ги вработат токму таму, а не во државната администрација каде очигледно има подобри договори за работа, оцени Александар Колекески од МЦЕО Ефектот од странските инвеститори често пати е тема на дебата во јавноста, но тој е тешко да се измери, со оглед на тоа што Владата ја чува во тајност финансиската помош која им ја доделува на компаниите во ТИР зоните. http://www.telma.mk/vesti/prosechna-plata-vo-zonite-260-evra |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Да, многу им се исплаќа, ако сакаш да ти дадам и контакт на лица што завршиле такви смерови, ако не. Им се исплаќа кога ќе отидат во Германија, каде што си ти, додека тука, не им се исплаќа.
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Тие што ги бива и се на соодветно место се од 30 па нагоре илјади. А еден другар кој навистина е капацитет почна со 700 евра плата. Како и да е тие луѓе студирале и работа нешто од кое сите имаме корист. За разлика од хипер продукцијата на правници и разно разни филозофи кои само го цицат буџетот а се професии кои имаат најголема репутација во нашето општество што навистина е поразително. Сум кажал и порано добро е што овие фирми допринесуваат за подобрување на можностите на инжинерите а со тоа добиваме кадар кој не е директно зависен од државна работа а тоа се надевам во иднина ќе допринесе и за деполитизација на општеството.
|
||
![]() |
||
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
|
Богами, ќе лапнат 250 еура плата.. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Не мораат да чекаат времето да дојде за нив, времето дојде денот кога се стекнаа со диплома. Добар дел од нив го фатија ветарот на времето, а истиот тој ветар ги однесе кон Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, САД, Канада, Австралија и други држави. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Конечно иде време кога ќе им се исплати на оние што студирале, студираат или ќе студираат технички факултети, факултети кои произведуваат додадена вредност...
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Германски Кеслер отвора фабрика во Македонија од областа на електромашинската индустрија
Германската компанија Кеслер ќе отвори центар за истражување и развој во Македонија и фабрика во втората фаза од инвестицијата. Ова е инвестицијата која Груевски вчера ја најави, а чие име и планови денес ги објави на социјалните мрежи. Се работи за компанија која се занимава со висока технологија во електромашинската индустрија и која за првпат инвестира надвор од својата земја. Во првата фаза Кеслер ќе вработи десетина машински и електро инженери за што огласот ќе биде распишан следниве денови. На почетокот ќе се лоцира во постоечки објект во Скопје. Во втората фаза, треба да отвори фабрика во која ќе се вработат 50 висококвалификувани лица. Кеслер е меѓу првите странски инвеститори од електромашинската индустрија во Македонија. Има 90 годишна традиција во производство на опрема и алати за машинско моделирање, брусење, електромотори, ЦНЦ машини, сензори и слично. За владата е од особено значење што со неа ќе воведе разноликост во странските инвестиции, односно во типот на знаења и вештини кои се воведуваат во економијата. Компанијата веќе стапила во контакт со високо образовните институции и планира соработка со техничките средни школи. Извор |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Некој поупатен да сподели мислење за ова:
Директорот на ТИРЗ Мизо нема информација дали „Продис“ заминува од Бунарџик Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо не знае што се случува со руската фармацевска компанија „Продис“. На прашањето на 24 Вести дали компанијата си заминува од Бунарџик, директорот Мизо вели : “Немам информација, сите детали и одговори барајте ги од компанијата“ Дали и колкава државна помош добила руската компанија, директорот Мизо не упати да се обратиме до Агенцијата за странски инвестиции. Првиот човек на оваа институција, Висар Фида пак веќе неколку дена не одговара на нашите телефонски повици. И денеска телефонскиот број кој стои на официјалната веб страна на Продис не е во функција. Проблемите во Продис испливаа на површина пред три месеци кога се лиферуваше информацијата дека вработените со месеци не земале плата. Тогаш директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо најави дека ќе ја испита настаната ситуација. Надлежните институции се во молк за можното заминување на Продис, а слична беше и состојбата кога одлука за заминување објави Вистеон електроик– нивното повлекување беше коментирано како деловна одлука на самата компанија. Од друга страна , при отворање на нова странска инвестција речиси секогаш присуствуваат преставаници не само на институциите задолжени за инвестиции,туку и самиот владин врв , промовирајќи го значењето на новото вложување. Додека од една страна се бројат позитивните ефекти од странските инвестции преку нови вработувања, извоз, учество во БДП, од друга страна никој не сака да коментира колку пари од Буџетот досега се дадени на странските иневститори кои досега според информациите од владата обезбедиле над 13 000 работни места. http://www.libertas.mk/%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B7-%D0%BC%D0%B8%D0%B7%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Покрај директните и индиректни работни места и другите бенефити од отварање на нови индустриски погони според мене најголема добивка е тоа што КОНЕЧНО се менува а се надевам дека тие промени ќе продолжат структурата на високо образовните кадри и место оние класични буџетарски и административни студентски насоки се повеќе има студенти кои студираат на продуктивни факултети т.е. факултети кои генерираат додадена вредност во буџетот место да го цицаат истиот. Со самото тоа мислам дека ќе дојде ден кога ќе се растерети и политичката наектрелизираност затоа што се помалку луѓе ќе зависат од партијата туку ќе се вреднува знаењето.
Младите да се сконцентрираат на технички струки, МОН ќе продолжи да ги стипендира Компаниите од слободните економски зони работат со полна пареа, а бројот на странски инвестиции се зголемува. Се зголемуваат и нарачките од странство, а зголеменото производство на домашните и странските компании повлекува и отворање на нови работни места. Но, голем број од тие работни места се од техничките струки. 13 јануари 2016| 13:23 tehnicki-struki-banskoliev- Спротивно на тоа, бројот на млади лица кои се одлучуваат да ги изучуваат техничките струки, останува многу малку променет. Сепак, позитивно е тоа што бројката сепак се поместува. Владата, Министерството за образование и наука, но и бизнис заедницата во Македонија апелираат до младите да се запишуваат на технички струки, бидејќи пазарот на труд има голема потреба од нив со оглед на тоа што овие струки се дефицитарни, а побарувачката за таков кадар е голема. -Ако во изминатиот период сме сведоци на се поинтензивно присуство на странски инвеститори и развој на и зголемување на капацитетите на домашните компании, можеме да констатираме дека потребите на тие компании се повеќе укажуваат на неопходна потреба од стручен кадар во рамки на техничките струки, од техничките факултети или со средно стручно образование, вели Ристовски. Во изминатиот период Владата и Министерството за образование и наука спроведе низа мерки, за да ги провлече младите да се запишуваат и да ги изучуваат техничките науки. Мерките започнаа да ги таргетираат младите во нивното основно и средно образование, со цел да се поттикне свеста и желбата за техничките науки. spiro-ristovski -Министерството за образование и наука во изминатиот период како и периодот што следува спроведува низа на реформи кои што се однесуваат на директно реформираше на принципот и начинот на организација на три годишното и четири годишното стручно образование, изработка на комплетно нови наставни програми и истовремено обезбедување на стручна литература која што на учениците, средношколките и студентите ќе им овозможи поголем фонд на информации со кои што тие би обезбедиле свое поголемо знаење а потоа и своја конкурентност, вели заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Бројот на студенти кои што се запишеле на факултетите со техничко образование е зголеми за 10%, споредбено со изминатите 5 години кога околу 20% од студените се запишувале на технички струки. -Годинава веќе имаме над 30% што за нас е потврда дека апелот од страна на министерството, Владата и секако развојот свеста кај младите се повеќе се зголемува во насока на стручните образование а со тоа веројатноста за нивно работно ангажирање е многу поголема, додава тој. Потребата од технички кадар во иднина нема да се намали, напротив ќе се зголеми, па така мерките за стимулирање на младите да се запишат на технички струки ќе продолжат да се спроведуваат. -Потребата од техничките кадри е некаде над 70 проценти од сите објавени огласи, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Податоците на АВРМ велат дека компаниите имаат најголема потреба од машинобравари, ракувачи со дигалки, водоводџии, готвачи, заварувачи, кранисти. Затоа и платите за овие дефицитарни струки се движат од 500 до 1.500 евра. И во иднина, МОН ќе продолжи да ги стипендираат студентите кои се запишуваат на техничките факултети, студентите запишани на студиски програми по информатика, природно-математичките, техничко-технолошките и биотехничките науки. http://kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-da-se-skontsentriraat-na-tehnichki-struki-mon-ke-prodolzhi-da-gi-stipendira/ |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
„Џерман електро-мехатроник системс“ отвора фабрика во Македонија
![]() Фирмата „Џерман електро-мехатроник системс“ инвестира во Македонија, а со 15 милиони евра планира да изгради погон во Бунарџик и да вработи 200 луѓе. За таа цел, во среда, во Владата беше потпишан договор за изградба на фабрика која ќе се гради шест до осум месеци, а првото производство се очекува кон крајот на 2016 година. Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, рече дека се работи за фабрика за електронски уреди, лед светилки, кои наоѓаат примена во повеќе индустрии, а ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. „Овој проект е значаен за намалување на невработеноста и за зголемување на извозот, а значајно е и дека ќе се користат македонски технологии. На почетокот нивните производи ќе ги извезуваат на Блискиот Исток, а понатаму и низ Европа“, рече Павлески. Ахмед Ал Шаер од „Џерман електро-мехатроник системс“ рече дека нивната намера е да ја направат Македонија лидер во поглед на одржливата енергија. „Го имаме и еден од најдобрите центри за истражување и развој којшто сакаме да го пренесеме и во Македонија и да ја направиме центар во поглед на одржливата енергија“, рече Ал Шаер. Извор |
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Ти благодарам. |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Ова се моите аргументи, би сакал да ги слушнам твоите. Па да видиме кој не мрднал подалеку од штаб. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
за тоа е тука портпаролот култузин да не просветли.портпароле и тебе навигатор ве прашувам вас ви текнува колку години македонските компании укжуваа.бараа од владата да ги добијат истите услови како странците? И зошто на владата и требаше 5=6 години да дозволи исти правила за домашните и странските компании,и на крај не тресете зелени како од штаб подалеку да немате мрднато,се извинувам ама досадни сте цечп време продавате евтини приказни за било која тема. Т.Е ИЗИГРАВАТЕ АдВОКАТИ НА ВЛАСТА
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |