Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1221 Posted: 15-Apr-2010 at 00:16 |
Кинеските даблдекери ќе возат по улиците од октомври в година

Возењето во 202 двокатни автобуса ќе не' чини 35 милиони евра без пресметан ДДВ
Деспина Трајковска
Од идната година
по скопските улици ќе почнат да возат првите 66 од вкупно 202 двокатни
автобуса слични на оние од 1950-тите години. Владината набавка за
поднова на јавниот превоз вчера ја официјализираа министерот за
транспорт и врски, Миле Јанакиески, и Гуанминг Занг, генерален директор
на кинеската компанија „Јутонг“ за пазарите во Европа и во Северна
Америка.
Кинезите беа избрани како најповолни понудувачи на
тендерот за даблдекерите, кој успеа дури во петтиот обид. За двокатните
автобуси Владата ќе треба да плати 35 милиони евра без пресметан ДДВ,
пари што ќе се издвојат од три фискални години. Автобусите ќе се
исплаќаат по секоја испорака, а предвидено е до крајот на наредната
година да стасаат првите 66 возила и во наредните две години по 68. Два
од 202-та двокатни автобуса се со отворен покрив, наменети за
туристички разглед и еден од нив ќе му се подари на Охрид за развој на
туризмот.
„Овој проект ќе значи конечна обнова на застарениот
јавен превоз на Скопје, имајќи предвид дека неодамна се потпиша и
договорот за 84 едноподни автобуси од Украина, а во тек е и тендер за
набавка на 16 минибуси“, рече министерот Јанакиески по потпишувањето на
договорот со Кинезите, информирајќи дека од компанијата дале ветување
оти е можно првите автобуси да ги испорачаат и пред крајниот рок,
односно до октомври наредната година.
„Мило ни е што
македонските граѓани ќе се возат во нашите автобуси. Ние сме компанија
со реноме, една од светски најпознатите и имаме капацитет да одговориме
на вашите барања. Автобусите за Скопје се вонсериска линија, вакви
досега не се произведени, иако имаме изработено 100 вида автобуси,
двокатни и обични“, истакна Гуанминг Занг.
Тој потврди дека
ретродизајнот, кој покрај цената беше еден од главните услови за
добивање на тендерот, автоматски ја поскапел набавката, но воопшто не
сакаше да каже за колкава сума, па дури ни приближно. Занг демантираше
дека локален партнер на компанијата во проектот е бизнисменот Орце
Камчев. Се пофали дека „Јутонг“ лани произвела над 30.000 автобуси, а
дневниот капацитет на производство, во зависност од типот на автобусот,
изнесува околу 150 возила.
Автобусите што ќе се возат по
скопските улици ќе користат мотор еуро 4, ќе имаат дигитален такограф,
автоматска рампа, по 60 седишта за седење и 20 за стоење и ќе бидат
целосно климатизирани.
Со официјализирањето на набавката се
стави крај на речиси двегодишниот избор на најповолен понудувач за
даблдекерите. Успеа петтиот тендер откако претходните беа поништувани
поради нецелосни понуди, а првично и поради зголемувањето на бројот на
бараните возила. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=537643CF99EC8F47886DC87A9DE1FD48
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#1222 Posted: 14-Apr-2010 at 15:14 |
Двокатните автобуси догодина ќе возат низ скопските улици
Автор: Александар Поповски
14 април 2010, 14:50
Извор: Макфакс
Скопје
Првите двокатни автобуси се очекува до октомври наредната година да започнат да возат низ скопските улици, додека комплетната испорака на сите 202 автобуси треба да биде комплетирана во 2013 година.
Ова денеска во Скопје го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој потпиша договор за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси, со компанијата ДОО Џенгџоу Јутонг Групацијата од Кина.
Притоа Јанакиевски посочи дека кинеската компанија треба да произведе специјално дизајнирани автобуси за потребите на град Скопје, кои ќе бидат во ретро стил на автобусите кои возеле во градот во 50-те и 60-те години од изминатиот век.
„Станува збор за современи автобуси кои ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија за издувни гасови ЕУРО 4, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски колички и целосно се климатизирани“, рече Јанакиевски.
Тој информираше дека според договорот до крајот на 2011 година ќе се испорачаат 66 автобуси, 68 треба да пристигнат во 2012 година, а преостанатите автобуси би се испорачале во 2013 година.
Ваквата поделба, според Јанакиевски, била направена со цел испораката да биде во три фискални години за да нема оптоварување на буџетот на Македонија.
Согласно договорот Македонија ќе треба да издвои 35 милиони евра за 200 затворени двокатни автобуси и 310 илјади евра за два отворени двокатни автобуси.
Генералниот директор на компанијата Јутонг за Европа, Хуангмин Жанг информираше дека компанијата дневно произведува 150 автобуси, со што е еден од најголемите испорачатели во светот.
„Нашите автобуси во просек поминуваат 24,5 милијарди км годишно. Навистина ни е драго што и македонските граѓани ќе се возат со нашите автобуси“, рече Хуангмин Жанг. |
http://makfax.com.mk/_tools/article/104508/view
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1223 Posted: 14-Apr-2010 at 13:22 |
Потпишан
договорот за набавка на двокатни автобуси
Кинеската
компанија „Јутонг“ и Министерството за транспорт и врски потпишаа
договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Првите 66 автобуси се
очекуваат во октомври следната година, а останатите ќе доаѓаат етапно во
период од две години.
За набавка на двокатните автобуси државата ќе одвои 335 милиони
евра, а за двата панорамски 310 илјади евра.
Кинезите треба да ја дизајнираат линијата на автобусите по пример на
градските автобуси од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Останува да се набават уште 16 мини автобуси. Ова е продолжување на
инвестицијата во ЈСП со цел да се обнови стариот возен парк.
14.04.2010, 13:46
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=59395
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#1224 Posted: 14-Apr-2010 at 00:34 |
О да. Ове е дефинитивно СО ГЛАВАТА ВО ЅИД!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1225 Posted: 14-Apr-2010 at 00:28 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#1226 Posted: 13-Apr-2010 at 18:34 |
Утре ќе биде потпишан договор за набавка на 202
двокатни автобуси -
13.4.2010
Почитувани,
Ве информираме дека утре
во 12.30 часот во Министерството
за транспорт и врски, ќе биде потпишан договор за набавка на 202
новопроизведени двокатни автобуси, од кои 200 од затворен тип и 2 од
отворен тип за градски сообраќај со компанијата Zhengzhou Yutong Group
co ltd (ДОО Џенгџоу Јутонг Групација) – Кина која беше избрана за
најповолен понудувач на спроведената постапка за јавна набавка.
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2455
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1227 Posted: 27-Mar-2010 at 00:20 |
ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА БУГАРСКАТА КОМПАНИЈА КИНГ ЛОНГ
Новите автобуси за градски сообраќај ќе наликуваат на даблдекерите кои се движеле низ скопските улици во педесеттите години од дваесеттиот век
Двокатните автобуси за Скопје ќе се изработуват во кинеската компанија Јутонг. Вака одлучи Министерството за транспорт и врски откако Државната комисија за јавни набавки ја одби жалбата на бугарската Кинг Лонг која сметаше дека уште во старт биле фаворити бидејќи понудиле најевтини возила со многу подобри технички карактеристики. Доколку Бугарите не одлучат да се жалат на повисоки инстанци, во следниот период се очекува и официјално да биде потпишан купопродажниот договор.
Кинеската Џенгџоу Јутонг групација, беше избрана за најповолен понудувач по огласот за набавка на 202 двокатни автобуси кој ресорното министерство го распиша по петти пат. При изборот на Јутонг, од Министерството соопштија дека понудата на вториот понудувач Кинг Лонг од Бугарија е невалидна, во делот на дизајнот, со што според комисијата не освоила доволен број бодови за да може понудата да се смета за прифатлива. Всушност одбиената понуда беше за околу 5,5 милиони евра поевтина од избраната, но сепак пресудно било барањето новите автобуси да наликуваат на автобусите за градски сообраќај кои се движеле во Скопје во педесеттите години од дваесеттиот век. Автобусите треба да стасаат до 2013 та година. 200-те двокатни автобуси Јутонг ќе ги изработува за цена од речиси 32 милиони евра а двата панорамски за 282 илјади евра.
Обновата на возниот парк на ЈСП Скопје ќе почне уште во јуни годинава, кога треба да пристигне првата пратка од вкупно 84 едноподни автобуси што Министерството за транспорт и врски ќе ги набави од украинската фабрика "ЛАЗ".
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1228 Posted: 17-Mar-2010 at 05:13 |
И тоа ме тера да прашам дали некој знае чиј е овој автобус што си го фатил на сликата бидејќи две години веќе седи таму, и абер нема да го тргне некој. Очигледно не е во возна состојба.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1229 Posted: 17-Mar-2010 at 03:49 |
Originally posted by FoSsiL
вака сега, ги гледав семафориве во Аеродром, па и на партизанска и во голем дел од Скопје, а и ова новите профили, носачи или што и да се кај железничка и некако не ми иде дека тука ќе се протнат овие автобуси, можеби грешам, или пак на неколку сантиметри ќе проаѓаат или ќе се гребат, ај некој нека ме расветли
|
За старите и јас имам сомнеж, треба да измериме. За новите како оние кај транспортен центар веќе измерив  Со мене имав метро па залепив една мастика на точно 1,5m висина и сликав. Постапката поради повеќе фактори не е баш прецизна до милиметар, ама орјентационо врши работа. 3x1,5m=4,5m + просторот што останува горе + висината на тротоарот и „основата“ = цирка 5 метри. Нормално, таблите и семафорите кои ќе се поставуваат ќе „висат“ и надолу, но доколку тоа не е премногу, не би требало да има проблем за двокатни автобуси (лондонските двокатни биле високи 4,38m па претпоставувам дека и ние доколку добиеме ќе бидат во таа околина). Значи не верувам дека новиве конструкции за сигнализација би биле проблем, но 99% од главоболките со двокатните автобуси секако ќе си останат  Се надевам ќе пропадне и тековниот тендер и наредниот ако распишат... се додека не се свестат. Лошо е да пропаѓаат тендери, лошо е да продолжиме да тераме со ваков возен парк, но најлошо би било да заглавиме со троцифрена бројка на двокатни автобуси.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1230 Posted: 13-Mar-2010 at 15:03 |
мене не ми е јасно што подразбираат под тој фамозен „ретро дизајн“  дали под „ретро“ подразбираат автобусите да бидат целите за'рѓани и да личат како секој момент да ќе се распаднат? или пак овие „услови“ покажуваат дека некој постојано си игра со тендери, со некоја за нас непозната цел?
|
 |
Korsis
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
|
Quote Reply
#1231 Posted: 13-Mar-2010 at 14:08 |
Кинг Лонг:
Јутонг:
Изгледа дека овоj аргумент на македонското Министерство за транспорт и врски не е точен:
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#1232 Posted: 12-Mar-2010 at 20:26 |
еве интересен коментар за распашковски! иако искрено делува и дури и да е вистина сепак чоекот не ми се верува до толку да е паднат од марс, но скотско и се е можно! после коментаров изгубив волја за домашен бренд ајде може евентуално ако го добие тендерот да собере вична тајфа мајстори!
„Санос“ може да прави двокатни автобуси Фабриката „Санос“ има капацитет да изработува двокатни градски автобуси, но тешко може да добие банкарска гаранција, рече вчера Славе Распашковски, директорот на компанијата. Таа е пријавена на тендерот што го распиша Министерството за транспорт и врски за набавка на 302 двокатни возила за јавниот превоз.
- Автобусите ќе ги направиме според сите европски стандарди, но тешко можеме да обезбедиме банкарска гаранција за толкав број. Банките тешко се решаваат да ја дадат. Сметам дека двокатните автобуси се добар маркетиншки трик, кој ќе успее да ја врати навиката на граѓаните да го користат јавниот превоз - додаде Распашковски.
Според него, ако „Санос“ го добие тендерот, корист ќе имаат и граѓаните и Владата, затоа што ќе ангажира домашна фирма, а и компанијата, која во тој случај ќе вработи повеќе работници. |
што и да рекол тој преварантот распашковски кој лично многу добро го познавам санос веке неможе ни чези да изработува а камоли автобуси па камоли двокатни!!! последната серија на автобуси што ја извади каросерија беше пред 2 години и тоа 15 наменети за белградскиот јавен превоз Автобусите беа патетични и ниско квалитетни бев ангажиран во транспортот на автобусите!! од скопје до Белград можам само едно да кажам толку застанувања поради дефекти немаат ни старите саноси 2113 или дубравите шоферите викаа и пцуеја на патиштана а Распашковски како и секој добар мајстор од типот држи буре воду док мајстори не оду , не презема ништо!!! па наместо да патуваме до белград 8 часа ние патувавме 4 дена и до ден денес газдите што ги купија автобусите не видоа аир од нив, прво зошто неможе каросерија да изработува автобуси затоа што немаат капацитет на работна сила и кога велам работна сила мислам на квалификувана и квалитетна сите мајстори бравари и механичари му избегаа бидејки на им даваше плати, остана само со најнеспособните и тие што немаат кај да одат, второ последните автобуси кој ги произведе беа на стари школки заостанати уште од 1980 година и сега нема веќе е сега би требало нови да се напреват а со тие мајстори незнам колку би биле безбедни тие автобуси. трето овде многу лесно распашковски ке добие А-тест за новите автобуси бидејки има врски на машински впрочем вујкому е голем човек на машински, 4 имаше еден приватен автобус 45ка одете да видите во каква состојба е после само една година тоа срање недај боже да заврне а за стабилност и квалитет на преден и заден трап да не збориме http://forums.vmacedonia.com/f73/sanos-moje-da-pravi-dvokatni-avtobusi-17771/#post298723 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#1233 Posted: 11-Mar-2010 at 15:17 |
не не, која е таа логика, иако има и такви нешта по свет мое мислење беше дека се форсира домашен бренд, но реално домашниве почнуваат од нула така речи, освен евентуалното искуство што го имаат, треба да обезбедат и трака но и гаранција, заради што и потфрлија претходно! а ова кинг лонг конкретно си напраиле само "стилизирана" копија на првиот прототип од санос и ништо повеќе, но со цена се далеку поконкуретни од претходните понудувачи, само какви се не бројки се свртеа на почеток за цената а сега на крај ја спуштивме до гола коска! според ситуацијата освен ако навистина и помине жалбата на кинг лонг за што има простор донекаде, бидејќи според соопштението од мтв наводно тие не доставиле ретро дизајн, а според приложената документација на кинглонг на нивниот сајт погоре очиглед е дека тоа не е случај, сепак не би можел од старт да пресечам дали и навистина има некој двоен аршин па затоа ваква комбинација која би се искористила како сопка или се е чисто само што мене нешто друго ми се сонило  сепак би се изненадил позитивно доколку пропадне и овој обид, а на следниот тендер да излезе санос со својот модел и јасно банкарска ганција но и конкуретна цена! дефинитивно треба владата да го потпомогне да застане на нозе, а после бар опремата што ќе му остане е доволна за ефтино сервисирање на автобусите овде, а посекако ќе има можност и да извади по некој модел на пазар!
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#1234 Posted: 11-Mar-2010 at 15:00 |
Мислиш дека овие од Јутонг ќе ги купуваат автобусите од Санос, дека се работи за смислена комбинација?
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#1235 Posted: 11-Mar-2010 at 14:36 |
речиси истиот од еден од прототипите на санос, само постилизиран, бар графички, да го стокмат како санос со 3д презентација дефинитивно ќе биде ист! има разлики во застаклувањето и воопшто во цел концепт, но сепак исто пакување! досега реално од сите понуди оваа е најприземна апропо условите!
Почитувани, Министерството за транспорт и врски најостро реагира на денешната прес-конференција на компанијата „King Long Bulgaria“, чија понуда по огласот за набавка на 202 двокатни автобуси беше отфрлена од страна на Комисијата за спроведување на јавната набавка.
Ја информираме јавноста дека Министерството за транспорт и врски спроведе јавен оглас за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси, со цел да се врати духот на старото Скопје, но со возило кое ќе ги исполни техничките и функционални карактеристики на современите и модерни превозни средства. Согласно тендерската документација, економскиот оператор треба да понуди дизајн (изглед) на возило кое во најголем дел ќе го задржи изгледот и ќе наликува на автобусите за градски сообраќај кои се движеле по градските улици во педесеттите и шеесетите години од дваесеттиот век.
Оттука, целта на оваа набавка е да се набават автобуси кои ќе бидат препознатливи исклучиво за Скопје и нема да се возат на друга локација, што значи дека тие автобуси не се во сериско производство на потенцијалниот понудувач.
Комисијата за спроведување на јавната набавка изборот на најповолен понудувач го направи врз база на два критериуми:
1. Цена која носи 70 бодови,
2.Технички и функционални карактеристики со дизајн која носи 30 бодови.
Врз основа на првиот критериум, најповолна цена имаше компанијата King Long која освои вкупно 70 бодови, додека компанијата Yutong врз основа на овој критериум освои 65 бодови.
Најповолна цена во својата понуда имаше компанијата King Long, но сакаме да нагласиме дека понудената цена не беше единствениот критериум за избор на најповолен понудувач.
Имено, врз основа на вториот критериум, според кој се оценуваше ретро дизајнот и техничките и функционалните карактеристики на понудените автобуси, беше утврдено дека за прифатлива ќе се смета понудата која ќе има најмалку 21 бод според овој критериум. Нагласуваме дека овие критериуми им беа однапред познати на сите заинтересирани понудувачи и истите им беа дадени на увид.
Во овој дел, компанијата King Long освои вкупно 15.5 бодови, што значи дека не ги освои ниту минималните бодови кои беа потребни за да понудата се смета за прифатлива и оттука истата Комисијата ја оцени за неприфатлива и истата не беше предмет на понатамошна евалуација. Нагласуваме дека секој член на Комисијата за спорведување на постапката по јавната набавка одлучуваше независно и во согласност исклучиво со условите од тендерската документација и Законот за јавни набавки.
Комисијата оцени дека компанијата King Long не понудила специјална производствена линија со ретро дизајн на автобуси наменети за јавен превоз во Скопје, туку понудените автобуси се со модерен дизајн и дел од нивната редовна сериска понуда и истите можат да се видат на нивната интернет-страница како дел од редовната понуда: http://www.king-long-bg.com/view.php?id=40&lang=en.
Компанијата Yutong по овој критериум освои 26,2 бодови, со што нивната понуда се смета за прифатлива. Во прилог (атачмент) Ви доставуваме копија од дизајнот кој е понуден од страна на најповолниот понудувач од каде е евидентно дека е дизајнирана специјална линија на автобусите кои наликуваат на автобусите кои биле користени во старо Скопје.
Сметаме дека одржувањето на вакви прес-конференции во период кога е во тек постапката за жалби до Државната комисија за жалби по јавни набавки е само обид да се влијае на крајната одлука на оваа Комисија и оттука апелираме до учесниците во јавната постапка да се воздржат од вакви слични јавни настапи се до целосно завршување на истата.
Со почит,
Министерство за транспорт и врски http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2368 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#1236 Posted: 11-Mar-2010 at 02:27 |
Originally posted by micko_v
Вакви сапуници само кај нас можат да се случуваат...ако се земе предвид дека времето е пари, плус сите трошоци за овие тендери, не знам навистина која им е математикава...сепак се пари кои што треба рационално да се потрошат, а не да се во служба на нечии лични каприци. |
нема никаков зијан доколку целиот муабет се тера ко спин во меѓувреме, а всушност е истемпиран муабет за домашен бренд! еве од поназад неколку постови кои го заговараат тоа... - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=20028#20028 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=22377#22377 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=24452#24452 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=477&PID=52263#52263 ~ незнам со цена колку санос би можеле да бидат конкуретни, но доколку помине тендеров комбинацијата јутонг мене ми е таман, иако имам доста резерва за постојниот дизајн!
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#1237 Posted: 11-Mar-2010 at 01:16 |
Вакви сапуници само кај нас можат да се случуваат...ако се земе предвид дека времето е пари, плус сите трошоци за овие тендери, не знам навистина која им е математикава...сепак се пари кои што треба рационално да се потрошат, а не да се во служба на нечии лични каприци.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#1238 Posted: 11-Mar-2010 at 00:43 |
Мене по фоткиве и на јутонг и на кинг лонг ми се
Уште да можеше некој да направи анимација да видиме како би изгледале "новиве" автобуси, по скопските улици, а може и СК 2014 да се искористи, што да не, тоа не ни бега. 
Edited by SkyBoy - 11-Mar-2010 at 03:07
|
 |
Slavi
Newbiе
Joined: 10-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1239 Posted: 10-Mar-2010 at 23:27 |
Верните слики од жалбата са тука : http://www.kinglong.mk
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1240 Posted: 09-Mar-2010 at 00:42 |
Жалба од „Кинг лонг“ за набавката на автобуси
Бугарската
фирма „Кинг лонг“ најдоцна до утре ќе ја достави жалбата против
одлуката на Комисијата за јавни набавки во Министерството за транспорт
и врски, со која за најповолна понуда за двокатни автобуси ја
прогласи онаа на кинеската фирма „Џенгџоу јутонг“, иако Бугарите имаа
пониска цена. Генералниот менаџер на „Кинг лонг“, Венета Мирчева, вели
дека се изненадени од одлуката на Комисијата и дека најверојатно ќе
бараат и дополнителна експертиза.
- Комисијата за јавни набавки
практично не' дисквалификува и на прво место го стави дизајнот на
возилата, наспроти цената, иако таа носи 70 бода. Ние понудивме пониска
цена од кинеската фирма „Џенгџоу јутонг“, а тоа воопшто не ни е
бодувано. Имаме само 5,5 бода за дизајнот, односно за функционалните и
уште 5 за техничките карактеристики. Немаат право да не'
дисквалификуваат на ваков начин, сепак, цената има предност пред се'
друго. Тоа е срамота - разочарано вели Мирчева, која при отворањето на
понудите беше речиси сигурна дека тие ќе го добијат тендерот.
Таа
тврди дека нивниот автобус има повеќе седишта, подобра и поквалитетна
автоматска рампа и мотор-евро 5 со 320 коњски сили, кој е појак од оној
што е понуден од кинеската фирма, а згора на тоа понудена е и пониска
цена.
Правните застапници на „Џенгџоу јутонг“ не сакаа многу да коментираат околу најавата за жалба од нивниот конкурент од Бугарија.
-
Кога ќе заврши постапката, тогаш одговорните во кинеската фабрика јавно
ќе излезат со свој став - вели Живанчо Пановски, еден од правните
застапници на „Јутонг“.
Од Комисијата за јавни набавки при
Министерството за транспорт велат дека жалбата не се доставува до нив,
туку до Државната комисија за жалби по јавни набавки при Собранието.
Тие појаснуваат дека бугарската фирма не ги исполнила уловите за
ретро-дизајн на двокатните автобуси, односно не добила најмалку 21 бод
од вкупно 30 за техничко-функционалните карактеристики на возилото за
да влезе во игра. Комисијата негира дека бугарската фирма не била
бодувана за поповолната цената, туку дека ги добила сите 70 бода.
-
Нивната понуда во делот на ретро-дизајнот беше неприфатлива. Тоа не
беше ретро-дизајн, туку стануваше збор за сериско производство на
обични двокатни автобуси. Тие извеле мали измени на маската на
возилата, но тоа не е доволно за ретро-изгледот. Ако стануваше збор за
сериско производство на двокатни автобуси, тогаш ќе се јавеа повеќе
фирми што произведуваат обични двокатни автобуси. И во самата набавка
беше наведено дека предмет на набавката се 202 автобуса со изглед на
оние од педесетите години, а дека целта е да се врати духот на старо
Скопје - нагласуваат од Комисијата за јавни набавки.
Бугарската
фирма „Кинг лонг“ за набавка на 200 двокатни автобуси понуди цена од
27.590.000 евра, односно 137.950 евра за автобус. „Џенгџоу јутонг“ од
Кина за автобусите побара 31.922.400, односно околу 159.000 евра за
едно двокатно возило.
Ова е петти конкурс за набавка на двокатни автобуси. Набавката се одолжува од крајот на 2007 година.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5704B5D64A1F7D45AE7B9C83DD2067D3 |
|
 |