build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 86>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 28-Sep-2021 at 23:00
После зошто Македонија е бедна и сиромашна држава, како ќе биде друго кога имаш кључни јавни претпријатија кои работат со тројно поголеми загуби од приходи па на врв на тоа додатно ќе се дава цела недела безплатен превоз.
Ваква услуга без пари нема ни во Скандинавија.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 28-Sep-2021 at 20:59
да бидеме реални, има една единствена причина зошто бесплатен јавен превоз е глупост и не носи ништо ново... проблемот е што ЈСП е дупка без дно и тие трошоци ќе ги покрива градот, па така место преку билети ќе ги плаќаме преку даноци
инаку се избегнува главниот проблем, дека ЈСП е загубарско претпријатие што се користи со трикови и изговори како да се наполнат нечии џебови, притоа воопшто не инвестирајќи во ништо
револтот на граѓаните е токму поради ова, а не поради цената на билетите

Edited by zabegan - 28-Sep-2021 at 21:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 28-Sep-2021 at 16:26
Градот Скопје ќе банкротира со бесплатен јавен превоз

Колку би чинел функционален бесплатен јавен превоз во Скопје, како што предлагаат дел од кандидатите за градоначалник на Скопје.

Од ЈСП велат дека велат според грубата пресметка, јавниот превоз во Скопје ги имал следниве месечни трошоци, ако како репер ја земеме непандемиската 2019 година:

За гориво околу 600 илјади евра, за плати милион евра, 400 илјади евра за приватни превозници, и 300 илјади евра за оддржување. Просечниот приход бил 750 илјади евра од продажба на билети. Значи, за 2019 година вкупните месечни трошоци биле околу 2,3 милиони евра, а вкупните годишни трошоци биле над 27 милиони евра, додека вкупните годишни приходи од продажба на билети биле околу 9 милиони евра.

Експерти кои се упатени во проблематиката со јавниот превоз, укажуваат дека воведувањето на бесплатниот јавен превоз или комплетно ќе го блокира јавниот превоз или ќе го банкротира градот Скопје.

За да се воведе функционален јавен превоз треба најмалку двојно, или тројно да се зголемат бројот на автобуси, вработени, и месечни трошоци. Имено, ако не се зголемат постојните капацитети, автобусите би биле преполни, би се полнеле уште на првите станици и бесплатниот јавен превоз би бил сосема нефункционален.

Ако се пресмета цената на чинење на новите автобуси кои мора да се набават (автобуската флота треба барем двојно да се зголеми), ако на тоа се додадат двојно поголемите месечни трошоци за гориво, плати, и одржување, и ако се намалат приходите од продажба на билети, тогаш ЈСП би работело само со загуба.

Ако се воведе бесплатен јавен превоз, со нови автобуси, со нови автобуски линии, и без билети, за да биде функционален, градот Скопје ќе банкротира уште во првата година. Ако се воведе пак бесплатен јавен превоз без зголемување на капацитетите, јавниот превоз ќе биде нефункционален и комплетно блокиран во поголем дел од денот, а градот Скопје ем ќе нема добар јавен превоз, ем ќе банкротира за еден мандат.

https://nezavisen.mk/gradot-kje-bankrotira-so-besplaten-javen-prevoz/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 24-Aug-2021 at 10:47
Тетовските автобуси имаат слободен ден во недела

Иако поминаа осум месеци откако пет автобуси за јавен превоз пристигнаа во Тетово, тие започнаа да сообраќаат низ Тетово дури минатата седмица, поточно два месеца пред локалните избори.

Иако требаше многу време тетовци да ги дочекаат одамна ветуваните автобуси, тие во неделата не сообраќаа низ градот. Од Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ соопштија дека во недела не работат, пишува Порталб.мк.

Новинарот на Порталб.мк во неделата забележат дека четири градски автобуси се паркирани кај зградата на Противпожарната служба, а еден на автобуската станица, по што контактирал со Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, од каде добил одговор дека градскиот јавен превоз во Тетово не работи во недела. Според нив, сè уште не е одлучено дали автобусите ќе сообраќаат во градот и во недела.

„Не, во моментов не знаеме дали ќе работиме во недела во иднина, но не верувам. Ќе Ве известиме“, рекле од „Тетово Транспорт“ за Порталб.мк.

Директорот на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, Дарко Спировски во интервју за Порталб.мк, минатата седмица изјави дека сега се создадени минимални услови за работа на автобусите за јавен превоз во Тетово. Иако претпријатието е формирано, некои работи и понатаму се недовршени и затоа, според Спировски, потребно е време да се дефинираат и определат многу прашања во врска со претпријатието и работите во него.

Инаку, ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде за својот прв мандат во Програмата за локални избори во 2013 година „Градиме заедно“, и истото го повтори и во дебатата во организација на „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

https://meta.mk/tetovskite-avtobusi-imaat-sloboden-den-vo-nedela/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 16-Aug-2021 at 15:02
ТЕТОВО ДОБИ ГРАДСКИ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ИМА ДВЕ ЛИНИИ

Четири години откако е формирано ЈП „Тетово транспорт“ и осум месеци откако пристигнаа петте автобуси, конечно проработе јавниот градски превоз во Тетово. Медиумските работници од Тетово и претставниците на локалната самоуправа ја имаа честа први да се возат во новите автобуси. Тесните градски улици пренатрупани со паркирани возила ќе бидат голем предизвик за нормално одвивање на градскиот сообраќај, но надлежите се оптимисти и велат дека граѓаните брзо ќе го прифатат јавниот превоз и ќе овозможат негово непречено одвивање.

„Денеска е голем ден за Тетото бидејќи е завршен уште еден голем проект. Заврши уште една долга приказна, уште една успешна мисија. На граѓаните на Тетово им посакувам што повеќе да го користат градскиот јавен превоз, со цел да имаме што е можно помалку метеж на тетовските сообраќајници. Цената на превозот ќе биде 20 денари, но исто така имаме обезбедено бенифиции за учениците, студентите и социјалните случаи, кои ќе можат да се возат по пониски цени“, изјави Беким Meмети, претседавач на Советот на Општина Тетово.

Во јавниот превоз ќе бидат вклучени пет автобуси и 10 возачи, а за почеток, ќе сообраќаат од градската автобуска станица до Универзитетот на Југоисточна Европа, додека втората линија ќе оди од автобуската станица преку градскиот стадион до центарот на градот. Во зависност од потребите, ќе се воведуваат и нови линии, а можно е постоечките да се коригираат.

„Во наредните десетина дена јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен. Во овој период, ние ќе треба да ги запознаеме граѓаните дека е започнат јавниот градски превоз и ќе ги тестираме линиите, а учесниците во сообраќајот да обрнат повеќе внимание на ова и да не го попречуваат движењето на автобусите. Во автобусите ќе се почитуваат сите протоколи за заштита од ковид-19, а пополнетоста ќе биде до 50 проценти од капацитетот“, вели Дарко Спировски, директорот на ЈП „Тетово транспорт“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovo-dobi-gradski-avtobuski-prevoz-za-pochetok-ke-ima-dve-linii/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-Aug-2021 at 08:52
Од понеделник Тетово со градски превоз – 8 години чекање за набавка, 8 месеци за да се пуштат во употреба



По осум години ветувања и осум месеци стационирани на паркот кај Пожарната во Тетово, од понеделник се очекува во овој град да почнат да сообраќаат автобусите на градскиот јавен превоз.

Најпрвин ќе бидат пуштени две линии кои ќе сообраќаат на секои 30 минути на релација Автобуска станица „Монопол“, булеварот „Лирија“ и булеварот „Илинден“ и обратно. Втората линија ќе се протега од градскиот стадион, центарот и булеварот „Илинден“. Ова за ТВ21 го потврди директорот на Претпријатието „Тетово транспорт“, Дарко Спировски.

Автобусите ќе сообраќаат на секои 30 минути.

Еден билет ќе чини 20 денари, а месечната 900 денари, а годишната карта 9.000 денари.

За студентите и административците месечниот билет ќе чини 600, а за возење на годишно ниво -6.000 денари. За општинската администрација цената на месечниот билет ќе изнесува 450, а годишниот 4.500 денари.

Пензионерите над 62 години и лицата со телесна попреченост, за месечен билет ќе плаќаат 350, а за возење на годишно ниво 3.500 денари, додека за лицата со над 80% инвалидитет возењето ќе биде бесплатно.

https://mk.tv21.tv/od-ponedelnik-tetovo-so-gradski-prevoz-8-godini-chekane-za-nabavka-8-mesetsi-za-da-se-pushtat-vo-upotreba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 12-Jul-2021 at 17:05
Отвори го пенџерчето…

НЕ СЕ ВКЛУЧУВААТ КЛИМА-УРЕДИТЕ ВО НЕКОИ АВТОБУСИ
Жешкото време, високите летни температури и неподносливо задушливиот воздух, ги принудија граѓаните да го зголемат користењето на автобускиот превоз, бидејќи пешачењето во овие временски услови воопшто не е препорачливо во периодот од десет до 17 часот.
Факт е дека обврските мора да се завршат, независно какви се временските услови и покрај предупредувањата за штетните последици од високите температури по човечкото здравје.

АВТОБУСИ БЕЗ КЛИМА-УРЕДИ

За жал, на овие пеколни горештини, граѓаните велат дека клима-уредите во многу автобуси не функционираат, односно дека не се вклучени.
Борбата за отворен прозорец е доста тешка, особено доколку во нив се возат луѓе што имаат страв од фамозната „промаја“, од која најмногу се разболуваме само ние на Балканот.
– Не знам од која причина не беше вклучена климата во автобусот, но верувајте внатре не се издржуваше. Беше ужасно задушливо и спарно, а прозорецот беше затворен и не смеевме да го отвориме, затоа што неколку лица не ни дозволија поради тоа што ќе ги дувала промаја. На една девојка дури ѝ се слоши во автобусот. Задушливиот воздух плус и заштитната маска преку устата и носот, навистина придонесуваат за влошување на здравствената состојба на патниците – вели Благица Боцева.
Според корисниците на јавниот градски превоз, состојбата не е ваква во сите автобуси, туку во некои.
– Има и возачи што ја вклучуваат климата, па возењето е пријатно. Но во оние каде што не е, особено во периодите кога има зголемена фреквенција на патници, навистина е тешко да се возите во автобус – вели таа.

ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН

Градските власти велат дека редовно ги контролираат превозниците што вршат организиран јавен превоз во рамките на Скопје.
– Град Скопје редовно врши контрола врз сите лица што вршат организиран јавен превоз во рамките на градот Скопје, во согласност со Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје.
Во однос на температурата, во согласност со прописите, сите автобуси што вршат јавен превоз во Скопје мора да се проветруваат и температурата мора да биде помеѓу 10 и 25 степени. Доколку превозниците не се придржуваат до овие одредби, истите тие можат да бидат санкционирани од страна на овластените инспектори за патен сообраќај на Град Скопје – информираат градските власти.
Оттаму додаваат дека инспекторите се на терен и ќе ги санкционираат сите што не се придржуваат до овие правила.
– Нашите инспектори се на терен и ги контролираат автобусите и оваа состојба, а истите тие ќе ги засилат нивните активности на терен. Ги повикуваме сите граѓани што ќе забележат ваква појава истата таа да ја пријават до инспекторатот на Град Скопје – потенцираат од Градот.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/отвори-го-пенџерчето/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 10-Jul-2021 at 10:39
ПЕТТЕ АВТОБУСИ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ТЕТОВО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ДА ПРОВОЗАТ

Поминаа цели шест месеци откако градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи јавно објави дека Тетово, после години и години чекање, конечно ќе добие јавен градски превоз. На таа свеченост, одржана на крајот на јануари годинава во присуство и на министерот за економија Фатмир Бесими, беа промовирани петте градски автобуси, при што беше речено дека е потребно да се средат само некои административни формалности и градскиот автобуски превоз наскоро ќе започне да функционира.

Тоа средување на административните формалности трае повеќе од шест месеци, а за тоа време петте автобуси седат паркирани на плацот кај противпожарната станица во Тетово.

Директорот на Јавното претпријатие „Градски превоз“ Дарко Спировски, вели дека не може со сигурност да каже кога официјално ќе стартува градскиот превоз , но тоа може да се случи набрзо.

„Сега сѐ уште сме во подготвителна фаза. Извршивме обука на дел од возачите на автобусите и повремено ги пуштаме во сообраќај за да можат возачите подобро да се запознаат со условите за возење низ градот. Тоа се пробни возења, за стекнување искуство на возачите. Исто така, во тек е опремување на канцелариите во спортската сала каде ќе биде сместена дирекцијата на Јавното претпријатие. Кога точно ќе започне да функционира градскиот превоз засега не може со сигурност да се каже бидејќи тоа зависи од многу фактори, а има уште технички работи кои треба да се завршат, но тоа би требало да биде набрзо“, вели Спировски.

Еколошките друшта од Тетово редовно ја критикуваа градоначалничката Арифи зашто ништо не презема за Тетово да добие јавен превоз како и многу други градови во државата, за да се намали загадувањето на воздухот и да се растерети сообраќајот во градот. Затоа, кога се објави дека и Тетово добива јавен превоз, екологистите ја поздравија таа одлука, но сега повторно ја критикуваат Општината бидејќи предолго се чека тој да проработи.

„Автобусите наменети за функционирање на градскиот јавен превоз шест месеци стојат паркирани и шест месеци се амортизираат без да направат ниту еден километар. Потребата на Тетово за јавен градски превоз е голема и жално е што Општината досега не успеа да ги стави во употреба овие автобуси. Се добива впечаток дека тие се земени само за реклама, а всушност треба што е можно поитно да се стават во употреба. Кога ќе биде тоа ние не знаеме, но мислам дека тоа најверојатно ќе биде некаде пред почетокот на локалните избори и навистина нема воопшто нема да бидам изненаден ако тоа се случи токму тогаш“, вели Аријанид Џафери од движењето „Еко герила“.

Јавниот градски превоз во Тетово е предвидено да се одвива по булеварите Илирија и Илинденска, но овие сообраќајници денес се едни од најоптоварените со возила и често има по два па и три редови паркирани возила. За да може градскиот сообраќај да профункционира се предвидува да се забрани паркирањето на овие сообраќајници.

„Во наредниве неколку денови ќе завршиме со поставувањето на велосипедската патека на булеварот Илинденска, па потоа овде и на булеварот Илирија ќе се обележи посебна жолта лента по која ќе се движат автобусите од градскиот сообраќај. Тоа ќе значи дека на овие две сообраќајници веќе не ќе може да има паркирање на возила на коловозот. Ако не го направиме тоа, автобусите не ќе можат да се движат или ќе се движат крајно отежнато, а тоа не е во функција на јавниот превоз. Тие што досега се паркирале на коловозот ќе мора да најдат друго место за паркирање“, вели Арсим Нуредини, раководител на Секторот за комунални дејности при Општина Тетово.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pette-avtobusi-za-javen-prevoz-vo-tetovo-shest-mesetsi-chekaat-da-provozat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 22-Jun-2021 at 11:19
Порталб: Градските автобуси за Тетово шест месеци „спијат“ на паркинг



Додека директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, чека нов сообраќаен режим во Тетово за автобусите да започнат да сообраќаат, бидејќи, според него, во моментов нема услови за тоа, Секторот за сообраќај во Тетово не размислува за такво нешто. Од таму нагласуваат дека режимот е подготвен пред две децении, а, иако признаваат дека ќе има проблем со точноста на пристигнувањето на автобусите навреме, според тогаш одредените сатници, велат дека проблемот не е кај нив, туку во Законот за легализација. Ариф Селами од Алијанса за Албанците, пак, вели дека на Тетово не му недостигале само автобуси, туку и план за нивно функционирање, пишува Порталб.мк.

Иако поминаа речиси шест месеци откако пет автобуси за јавен превоз пристигнаа во Тетово, возилата сè уште не се видени низ градот.

Пред два месеца, во интервју за Порталб.мк, директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ истакна дека сè уште не се обезбедени инфраструктурните услови за автобусите да можат да сообраќаат без дополнителни проблеми во Тетово и додаде дека сегашните услови ќе го оневозможат почитувањето на однапред договорениот распоред.

Според советникот во Совет на општина Тетово од Алијансата за Албанците, Ариф Селами, постојат сомнежи дека некогаш ќе созреат условите за работа на пет автобуси паркирани во Тетово од јануари. Тој вели дека општинските власти доцнат со подготовките за планирање и организирање на јавниот транспорт во градот.

„Тетово останува без јавен превоз и покрај бројните ветувања на локалната самоуправа со години. Сите ние како граѓани сме разочарани од доцнењето и неисполнувањето на ветувањата и со право сме скептични дека ова прашање некогаш ќе се реши. Бидејќи сум дел од Советот, овој скептицизам е уште поголем, а се заснова на информациите што ни се доставени за ова прашање. Иако автобусите се паркирани во зградата на Противпожарната служба од јануари годинава и имаме нов директор на претпријатието, не можеме да се надеваме на функционирање на јавниот превоз без регулирање на сообраќајот, режимот на сообраќај во еден правец во одредени улици, без постојана соработка со СВР Тетово, без отворање булевари и без уредување на градскиот паркинг. Со оглед на временската амортизација, вредноста на автобусите опаѓа уште пред да бидат искористени, а времето на отплата на заемот се приближува секој ден! Значи, јасно е дека во јавниот превоз не недостасуваа автобуси, туку предвидување, планирање и организација“, вели Ариф Селами, советник на Алијансата за Албанците во Општина Тетово.

Што велат од единицата за сообраќај во општина Тетово?
Според надлежните за регулирање на сообраќајот во Општина Тетово, режимот на сообраќај е непроменет две децении и нагласуваат дека во наредните денови ќе има интензивирање на контролите од страна на СВР Тетово и општинските власти.

„Сообраќајниот режим е подготвен пред две децении и ништо не е сменето, бидејќи на булеварот Илинден никогаш не било дозволено паркирање, освен во мал дел во близина на плоштадот, каде што условите на патот дозволуваат, односно каде што функционира зонското паркирање. Сепак, обично со доаѓањето на летната сезона (со доаѓањето на припадниците на нашата дијаспора), единицата за сообраќај заедно со СВР ги интензивираат и координираат чекорите за да се обезбеди поголема ефикасност во сообраќајот“, велат од општинското одделение за сообраќај.

Иако булеварот „Благоја Тоска“ сè уште не е отворен, а работата на терен за такво нешто не е ни почната, одделението за сообраќај во Тетово сепак го споменува како една од артериите што би помогнала во функционирањето на јавниот превоз, заедно со булеварот „Видео Смилевски – Бато“, кога ќе биде целосно отворен за сообраќај.

Булеварот „Видео Смилевски – Бато“ е капитална инвестиција на општината која овозможува растоварување на сообраќајот во три тетовски населби (Дреновец, Порој, Џепчиште, како и за возилата што секојдневно сообраќаат на релација од Теарце до Тетово). Исто така, камионите што сообраќаат кон граничниот премин Јажинце веќе се движат низ новиот булевар „Видео Смилевски – Бато“. Булеварот „Благоја Тоска“ исто така ќе биде нова артерија што ќе го олесни сообраќајот во Тетово, додаваат од Одделението за сообраќај на Општина Тетово.

На прашањето зошто досега не е подготвен планот за функционирање на јавниот превоз во Тетово, од општината истакнаа дека за нив најважно било обезбедувањето на пет автобуси, а делот на условите ги сметаат за „прашање на време“ .

„Важно е дека ветената инвестиција за пет автобуси е веќе направена. Функционирањето на претпријатието е прашање на време. Административното екипирање на раководството и оперативното функционирање мора да се направат на вистинско ниво, со цел кога ќе стартуваат автобусите да нема проблеми од оперативен карактер, што би ја комплицирало работата на претпријатието“, додаваат од Одделението за сообраќај на Општина Тетово.

Од таму не се согласуваат со изјавата на директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, дека во Тетово со сегашните услови е невозможно јавниот превоз да функционира и додаваат дека со помош на СВР и создавање на велосипедски ленти, тоа ќе биде можно.

„Актуелниот директор има должност да управува со јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ во постојните услови. Помош од СВР-Тетово и воспоставување урбани линии, употреба на велосипеди и зголемена будност од сообраќајната полиција ќе овозможат подобро движење на автобусите “, велат од Општина Тетово.

На прашањето дали може да се гарантира правилно функционирање на јавниот превоз во Тетово, Општина Тетово призна дека може да има доцнења од една до друга станица, но вели дека со неодамнешните општински проекти, може да се одвива јавен превоз.

„Јавниот превоз може да се одвива, само што патувањето со автобус може да трае подолго од планираното. За да се избегнат доцнењата во сообраќајот, треба да се работи што е можно повеќе за да се отстранат возилата паркирани на булеварот. Со законот за легализација на дивоградбите, каде што нема критериум секоја зграда или стан да има сопствен паркинг, градот Тетово беше оштетен исто како и другите градови во земјата, и не може да обезбеди паркинзи за жителите, и не може да го следи трендот на двојно зголемување на бројот на возила“, велат од Одделението за сообраќај на Општина Тетово.

Инаку, ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во својот прв мандат во Програмата за локални избори за 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

https://meta.mk/portalb-gradskite-avtobusi-za-tetovo-shest-meseci-spijat-na-parking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 02-Jun-2021 at 07:12
Град Скопје ќе плати 320.000 евра за студија за подобар градски превоз

Градот Скопје потпиша договор со странска компанија да спроведе студија за олеснување на јавниот превоз. Според нив, студијата наречена BRC, ќе направи реорганизација на градските автобуски линии за да се олесни сообраќајниот метеж. Студијата ќе ја спроведе конзорциум од израелска и к британска компанија, а ќе чини нешто над 320 илјади евра.



https://alsat.mk/mk/grad-skopje-ke-plati-320-000-evra-za-studija-za-podobar-gradski-prevoz/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 01-Jun-2021 at 13:30
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПРАВИ НОВИ РУТИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА АВТОБУСИТЕ, СЕГА ВОЗАТ СПОРЕД КОНЦЕПТ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

Град Скопје ќе воведува нови линии на автобусите, со кои ќе се замени сегашната организација на јавниот превоз стара 40 години. Денеска беше потпишан договор со израелско-англиски конзорциум, кој во рок од една година треба да понуди нов концепт на движење на автобусите низ градот. Оваа студија ќе понуди нови автобуски рути, унапреден систем за наплата и унапреден возен ред. Дополнително, студијата ќе ги вклучи и двете рути на брзиот автобуски транспорт (БРТ).

Како што кажа на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов станува збор за исклучително искусни и реномирани компании кои изработувале вакви студии за потребите на јавниот превоз на градови од Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска и други земји членки на ЕУ.

„Имајќи предвид колку градот е променет за овие 40 години и во однос на популацијата и во однос на урбаниот развој, изработката на оваа нова студија е и повеќе од неопходна. Застарениот концепт е причината за континуираниот пад на атрактивноста на јавниот превоз во Скопје, а со тоа и неколкукратно намалениот број на патници кои ги користат услугите на ЈСП и приватните превозници, за сметка на зголемувањето на употребата на автомобили што го прави неодржлив системот на јавен градски превоз. Од оваа студија очекувам да понуди нови решенија за системот на јавниот превоз кои ќе ја зголемат неговата популарност што недвосмислено води до пораст на бројот на патници кои го користат јавниот превоз, правејќи го индивидуалниот автомобилски превоз помалку атрактивен, а градскиот одржлив“, кажа Шилегов.

Студијата е опфатена со проектот за набавка на 33 еколошки автобуси кои беа купени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во рамките на тој проект од ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка преку грант од неповратни средства за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ke-pravi-novi-ruti-za-dvizhene-na-avtobusite-sega-vozat-spored-kontsept-od-pred-40-godini/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-May-2021 at 17:29
Конечно Тетово најде возачи, Арифи: Автобусите за градски превоз многу брзо во употреба



https://mk.tv21.tv/konechno-tetovo-najde-vozachi-arifi-avtobusite-za-gradski-prevoz-mnogu-brzo-vo-upotreba/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 25-Mar-2021 at 22:39
Евентуално ако има филтри за воздух и сади дрвја дур вози, па да биде PM негативен.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 25-Mar-2021 at 21:15
Порастот од 0,02 на 0,137 е 585% (па заокружиле на 700%), ама процентуален пораст и пад не се едно и исто.

Е сега ако пресметувале нешто со број на патници, ова она, можеби има смисла да е повеќе од 85%, но математички е невозможно падот на една вредност да е повеќе од 99.99%. Едноставно не може. Како делење со нула.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 25-Mar-2021 at 19:07
Навистина треба да споделат како дошле до процентот, можеби се работи за ново математичко достигнување
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 25-Mar-2021 at 11:41
Пак 700% бе, ама се упорни. Од 0,137 на 0,02 намалувањето е 85%, како израчунаа 700%?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 25-Mar-2021 at 07:36


https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 22-Mar-2021 at 16:03
Порталб.мк: Тетовци сѐ уште чекаат петте градски автобуси да почнат да сообраќаат низ градот



И покрај тоа што се ветуваат веќе осум години, тетовските пет автобуси што се набавија пред два и пол месеци, ја затекнааа Општина Тетово „неподготвена“, како во однос на документацијата така и во инфраструктурата. Градоначалничката Теута Арифи изјави дека последните подготовки се во тек и дека се надева дека овој проект ќе се финализира наскоро, пишува Порталб.мк.

Петте автобуси што ќе се користат во јавниот превоз во Тетово, во јануари беа примени со церемонија, фотографирање, сечење ленти и слично. Сега е март, а граѓаните сè уште ги немаат видено автобусите.

Според градоначалничката, Теута Арифи, во моментов се вршат последните подготовки и наскоро се очекува финализирање на проектот, односно автобусите да почнат да сообраќаат низ градот.

„Јавното претпријатие за јавен превоз ги спроведува последните подготовки, веќе имаше средби со полицијата, со цел да започнат со работа и се надевам дека наскоро превозот ќе се реализира. Одборот е комплетен, регистрацијата на автобусите е направена, цените се утврдени, станува збор за финалните подготовки“, рече Арифи.

Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, пред неколку недели истакна дека во моментот кога бил назначен на функцијата, проектот за автобуси во Тетово бил недовршен, односно уште не биле поставени дополнувањата на потстаниците, методологијата за набавка на билети, линиите и слично.

„Јас не бев тој што го одреди времето кога овие автобуси ќе започнат да сообраќаат, не станува збор за еден или два дена. Ваквите стратешки проекти не се прават толку брзо, временскиот период може да биде од 1 до 2 месеци, наша цел е да започнеме што е можно побрзо. Има работи што треба да се направат, некои додатоци во потстаниците, како и методологијата за продажба на билети. Како сличен концепт може да го земеме Прилеп, каде имаат методологија за продажба на билети по електронски пат. Идејата е патниците да не чекаат редици за да купат билети во автобусите, туку тоа да се прави со поедноставни методи “, додаде Спировски, спомнувајќи го и начинот на купување билети како во Скопје, преку НФЦ (NFC) технологија.

Спировски додаде дека се соочуваат со многу предизвици, вклучително и: „Цените, поволностите, целните групи, сообраќајот во градот и многу други“.

Покрај недостатоци со документацијата, Општина Тетово ја нема обезбедено ниту потребната инфраструктура за функционирање на јавниот превоз. Порталб.мк пред неколку недели разговараше со експерт за сообраќај, кој истакна дека со сегашните инфраструктурни услови во Тетово функционирањето на јавниот превоз ќе биде многу тешко.

„Условите во однос на урбаната транспортна инфраструктура не се баш поволни, најнапред ќе биде многу важно по кои линии ќе се движат автобусите, а тоа ќе го утврдат надлежните лица. Треба да се види колку места ќе има за паркирање на возила на патните линии и колку простор можат да се создаде за градскиот превоз да се движи без пречки “, изјави Блерим Неими, експерт за сообраќај.

Тој ја истакна важноста на посебна лента што ќе им овозможи на овие автобуси да стигнат до крајната дестинација на време, и без дополнителни проблеми, а во моментов, градот Тетово такво нешто нема.

„Урбаниот превоз би било добро решение за градот Тетово. Конкретно, ако има распоред и посебна лента за автобуси, тоа би било со цел да се забрза времето на возење“, рече Неими.

https://meta.mk/portalb-mk-tetovczi-sѐ-ushte-chekaat-pette-gradski-avtobusi-da-pochnat-da-soobrakjaat-niz-gradot/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 15-Mar-2021 at 22:27


Го имам пишувано ова поодамна:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=460&PN=16
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 15-Mar-2021 at 18:00
Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за зголемување на бројот на патници во јавниот превоз.

Во Љубљана, единствената градска картичка „Урбана“ се користи од граѓаните не само за плаќање на билети во јавниот превоз, туку и за изнајмување на велосипеди преку системот „Бицикељ“, плаќање на паркинг билети на паркинзите со кои управува јавното градско претпријатие и за користење на услугите на Градската библиотека во Љубљана. Со картичката „Урбана“ во иднина е предвидено да се користат и услугите на музеите, како и за плаќање на карти за културните и спортските настани што се одржуваат во словенечкиот главен град.

Во функција на привлекување на што е можно повеќе граѓани да го користат јавниот превоз, во Белград системот за наплата на карти и управување со возилата од јавниот превоз „Бус плус“ има формирано програма за лојалност, со која картичката за превоз може да им послужи на граѓаните да добијат попусти низ продажни центри во српскиот главен град. Патниците од белградскиот јавен превоз со картичката „Бус плус“ имаат попусти во супермаркети, осигурителни компании и други продавници, со што индиректно се стимулираат граѓаните да го користат јавниот превоз.

За разлика од Белград и Љубљана, македонскиот главен град нема ниту еден стимул за граѓаните што би ги замислил да го користат повеќе јавниот превоз во своите патувања низ Скопје. Колку за потсетување, бројот на патници во градско-приградскиот превоз во Скопје постепено опаѓа од 2014 година до денес, за во 2020 година поради ковид-19 пандемијата да доживее огромно намалување на превезените патници од 30 милиони во споредба со 2019 година.

И покрај тоа што беа контактирани со прашања, Градот Скопје и ЈСП-Скопје засега не доставија одговори во однос на натамошниот развој на електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“

Експертите што ги консултираше „Мета.мк“ велат дека на Скопје му е потребна единствена градска картичка, со која граѓаните би можеле да ги плаќаат сите услуги што ги нудат институциите под капата на Град Скопје. Надоградбата на картичката „Скопска“ преку можност за нејзино поврзување за плаќање на други услуги, а не само билети во автобусите на ЈСП-Скопје и приватните превозници, е можна, со хардверска и софтверска надоградба на системот по теркот на „Урбана“ во Љубљана.

Градот Скопје може да воспостави и сосема нов систем со друга картичка, но за да се преземе љубљанскиот модел на функционирање најголема инвестиција би била инсталацијата на голем број автомати низ Скопје, на кои би се вршела трансакцијата на средства на самата картичка.

Воедно, мобилните апликации за плаќање преку телефон треба да се користат и во скопскиот јавен превоз, но употребата на мобилниот уред треба да се надогради со NFC технологија, каде бесконтактното плаќање и валидирање на билетот ќе биде многу побрзо во однос на постојното значително време на трансакција што им е потребно на патниците пред валидаторите во градските автобуси.

Картичката „Скопска“ и електронскиот систем за наплата на билети во иднина треба да им овозможи на граѓаните трансакција на средства на оваа картичка преку интернет, додека реалниот пренос на средства на картичката да се врши преку автомати. На тој начин, ќе се надмине постојниот модел за надополнување на картичката на билетарите на ЈСП и по продажни центри низ Скопје, велат ИТ експертите.

Тие додаваат дека доколку се сака, постојниот електронски систем за наплата на билети во Скопје може да се надогради во период не подолг од една година, по што картичката „Скопска“ би функционирала по теркот на единствената градска картичка „Урбана“ во Љубљана.

https://meta.mk/skopska-da-nosi-povolnosti-i-da-se-plakjaat-drugi-uslugi-vo-gradot-javniot-prevoz-so-toa-kje-privleche-patniczi/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 86>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.379 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.