build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2262
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 07-Feb-2017 at 12:42
Originally posted by zabegan

не ни треба бесплатен превоз, туку квалитетен превоз... една од главните причини поради кои избегнувам користење на јавен превоз во шпиц е неподносливата гужва, а со ова ќе стане полошо

плус, која дрскост е тоа да им пропаднат парите на оние кои што купиле картичка од 250 денари и месечна карта во која си ги калкулирале сите возења


Има уште една дрскост за која вие не ни знаете.

Имено, воведувањето на електронската картичка ЈСП го правдаат дека така било во Словенија, Шведска и не знам уште каде.

Да видиме како стојат работите со Љубљана и нивната картичка Urbana и причините за нејзиното воведување.

Naјглавната причина за воведување на Urbana e плаќањето на услугите на градскиот јавен превоз. Покрај тоа, оваа картичка овозможува бесплаттно прекачување во автобусите во време од 90 минути откако е платено првото возење.

http://www.jhl.si/en/single-city-card-urbana

Значи, во цената на основниот билет е вклучен 90-минутниот трансфер по автобусите низ Љубљана. Во Скопје не е така.

http://www.jhl.si/en/single-city-card-urbana/prices

http://www.lpp.si/sites/default/files/lpp_si/stran/datoteke/cenik_vozovnic_v_mestnem_in_integriranem_potniskem_prometu_2016.pdf

Настрана тоа, што во Љубљана за 90 минути со помош на овие прекачувања можеш многу работи да испозавршиш, додека во Скопје кога е гужва низ Малиот Ринг и кога на секој семафор автобусите стојат по 3-4 пати, прашање е дали автобуси како 2-ка или 22-ка можат да стигнат од почетна до крајна станица во овој интервал од 90 минути (за приградските да не ни зборувам), така што во еден ист автобус ќе треба да се отчукуваш двапати на една релација.

Исто така, картичката Urbana покрај плаќањето во градскиот превоз, овозможува и плаќање за жичарницата на Љубљанскиот Замок, плаќање на влезници во паркинг зони, како и плаќање на услугите во Љубљанската градска библиотека. За во иднина се планира оваа картичка да овозможи и плаќање влезници за музеи, спортски установи и културни настани.

Што од горенаведеново овозможува Скопска? Влез во штаб?

Ако некој неодамна ги има користено услугите на љубљанскиот превоз или ако има некој што живее таму, нека ги каже своите искуста од прва рака, нека подобјасни и нека каже што од ова е имплементирано и како оди неговата примена.





開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.