build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7273747576 86>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1461 Posted: 20-Nov-2009 at 16:58

Градот бара автобусите да се чистат на секои шест часа

Заминувањето на возилата на миење нема да го наруши возниот ред

Снежана Калабакова

„Поради актуелната состојба со свинскиот грип, автобусите што учествуваат во јавниот градски превоз ќе мораат да бидат многу почисти, а нивните сопственици задолжително ќе треба да ги дезинфицираат по секоја завршена смена од шест часа“. Ова е дел од содржината на писмата со упатства што Градот ги испратил до ЈСП „Скопје“, приватните превозници од „Слобода превоз“ и до „Макекспрес“. Во упатството не се наведени конкретни дезинфекциски средства, но јасно е назначено дека хигиената во автобусите ќе мора добро да се одржува, а зачестено ќе ја контролираат градските комунални, но и сообраќајни инспектори.

Од трите превознички претпријатија - учесници во јавниот градски превоз, тврдат дека заминувањето на возилата на миење на секои шест часа нема да предизвика нарушување на возниот ред, бидејќи за секоја смена ќе имаат подготвени чисти и технички исправни автобуси. Во ЈСП се жалат дека единствен проблем засега им претставува недостигот од хигиеничари. Но, бидејќи до Нова година не е возможно да се вработуваат нови луѓе, најверојатно ќе се бараат решенија внатре во претпријатието. Директорот Мишко Николов размислува за одржување на хигиената да ангажира внатрешни лица, затоа што и без свинскиот грип, постојано добивале забелешки од граѓаните за хигиената во автобусите.

„Ќе оцениме онаму каде што има вишок вработени е можно да ги испратиме на задача - чистење на автобусите. Ако претходно ги чистевме возилата еднаш во денот, сега со упатството од Градот ќе мораме да го правиме тоа по секоја смена. Мораме да одговориме на задачата од Градот“, објасни Николов.

Во „Макс-експрес“ нагласија дека со патните налози возачите ќе ги добијат и упатствата за одржување на хигиената во автобусите. Дневно ова претпријатие по скопските улици има по 95 автобуси, распределени во три смени, а заедно со „Слобода-превоз“ на линиите низ градот вртат 280 возила.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека и досега сопствениците еднаш во денот ги чистеле своите автобуси, кои учествуваат само во една смена. Од „Мак-експрес“, пак, велат дека оние што немаат каде да ги чистат автобусите, се претплатени во некој од сервисите за миење, за што месечно издвојувале по 2.000 денари.

„Првата смена почнува во 5 и завршува во 11 часот, по што дел од возилата се повлекуваат и се вклучуваат оние што ќе работат во втора смена од 11 до 17 часот. На ист начин влегуваат возилата од третата смена од 17 до 23 часот. Вклучувањето на автобусите е на растојание од седум минути. Секој возач сега ќе треба да се вклучи во смена со претходно исчистен автобус“, потенцира Војо Велевски, еден од основачите на „Мак-експрес“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B03E7EE54006894F82D7D3CB38406706
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1462 Posted: 18-Nov-2009 at 19:55
Има по некоја трага на ново инфо, иначе 90% е:





ЈСП со половни автобуси ќе го освежува возниот парк

 

Ќе се бара дипломатска помош за да се аплицира во странски фондови заради реализирање проекти

Снежана Калабакова


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе иницира билатерални средби со дипломатските претставници во земјава од кои ќе бара помош како да аплицира во одредени фондови за да дојде до пари за реализација на проекти. Истовремено, ќе бара можност и за евентуална набавка на користени автобуси од некој европски град, кои привремено би ја ублажиле очајната состојба со стариот возен парк, барем додека не дојдат новите автобуси.

Претпријатието се надева дека со помош на дипломатите ќе најде средства и за да ги продолжи започнатите проекти за поставување електронски табли на автобуските постојки и за пренамена на дизел-моторите на автобусите со мотори на плин. Досегашните 225 илјади евра што ги доби од СП-7 фондовите на Европската комисија не се доволни за целосна реализација на двата проекта.

Мишко Николов, новиот директор на ЈСП, вели дека веќе остварил првична средба со Секретаријатот за европски прашања од каде што чека да го упатат каде да се обрати. Смета дека со билатерални средби со дипломатските претставници многу полесно ќе се дојде до некои решенија.

„Можеби би било добро некоја амбасада и да ни подари некој автобус или да ни помогне да набавиме расходовани автобуси од некој европски град. Во Холандија, на пример, градските автобуси ги возат пет години, а потоа ги расходуваат. Набавката на десетина такви автобуси значително ќе ја подобри состојбата со возниот парк на претпријатието, стар во просек 20-ина години, бидејќи дневно ни се расипуваат од 10 до 20 автобуси“, нагласи Николов.

Тој објасни дека наредниот месец ќе профункционираат десет електронски табли на автобуските постојки на линиите број „2“ и „5“. На нив патниците ќе можат да прочитаат за колку време ќе пристигне автобусот што го чекаат. Моментно се завршуваат административни процедури со ЕВН за поставувањето на електронските приклучоци за таблите. Од ЈСП тврдат дека доколку се изнајдат средства, а постои алтернатива и Градот да субвенционира со уште еден дел, проектот со електронските табли ќе се прошири и на други линии.

Истовремено би можел да се прошири и проектот за преадаптација на моторите, кој сега е лимитиран на дванаесет автобуси. Првиот автобус со мотор на плин ќе биде пуштен во сообраќај за две седмици.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73963BC6AFA8E3439B26380FCF6D2466




Edited by Cloverstack - 18-Nov-2009 at 21:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1463 Posted: 14-Nov-2009 at 16:29
Се додека размислуваат како да ги натераат граќните да користат автобус ништо нема да направат. Повеќе би употребил збор како да ги привлечат. А никаде нема ни збор, а ни прашање за тоа што ЈСП е финансиска црна дупка и нема да го сменам ова мислење додека не видам еден годишен извештај.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1464 Posted: 14-Nov-2009 at 15:47

Eeek2

Ќе позајмуваме стари странски автобуси за да ја истуркаме зимата





 

Сега имаме стар возен парк, секој ден ни се расипуваат по дваесетина автобуси, а пет-шест возни редови не се почитуваат

 
 
%20  
Мишко Николов минатата недела стана еден од првите тројца директори на градските служби што ги назначи градоначалникот Коце Трајановски. На челната позиција во Јавното сообраќајно претпријатие доаѓа од Министерството за финансии, каде што работел како економист. Вели дека го затекнал ЈСП во незавидна положба, поради што ќе мора да позајмува стари автобуси од странство, барем за оваа зима.

- Во наредниов период приоритет ќе ни биде да набавиме 10 до 15 користени автобуси преку амбасадите во земјава за да можеме да ја истуркаме зимава. Следен предизвик ни е подобра соработка со приватните превозници и отстранување на дивите таксисти, кои му се најголема конкуренција на претпријатието.



- Како планирате да го подобрите јавниот превоз, со оглед на лошата финансиска состојба на претпријатието?

- Ќе ги укинеме трошоците што не се приоритетни. Не можеме без помош од градот и затоа треба да дефинираме една рамка на субвенции што ќе се користат за инвестиции. Првпат претпријатието доби градска помош лани, 140 милиони денари, што се искористија за враќање долгови, а годинава добивме 80 милиони, кои најмногу се трошат за резервни делови, гориво и за плати.



- Дали ќе го смените начинот на работењето за да се задоволат потребите на граѓаните?

- Сакам да го сменам имиџот на ЈСП. Постојано да бидеме транспарентни за нашата финансиска состојба. Планираме да направиме и ден на идеи во претпријатието кога самите граѓани ќе даваат свои предлози.



- Но како може еден скопјанец што има автомобил да се натера да се вози во автобус?

- Само ако се обноват возилата и ако се подобри нивната редовност. Сега имаме стар возен парк, секој ден ни се расипуваат по дваесетина автобуси, а пет-шест возни редови не се почитуваат.

- Колку влијае цената врз бројот на патниците? Дали со поевтини билети ќе се зголеми користењето на јавниот превоз?

- Цената ја определува Советот на градот. Нас не ни одговара таа да е помала од 25 и од 30 денари. Реалната цена за еден превезен патник, со сите вклучени трошоци, е 70 денари. Ако билетите станат поевтини, некако ќе мора да ни се надоместува разликата.



- Владината одлука за купување двокатни автобуси ја разбранува јавноста. Мислите ли дека тие се вистински избор?

- Наскоро ќе се отвори тендерот за 202 двокатни и за 100 едноподни автобуси. Нископодните ќе дојдат први и ќе бидат одлична инјекција за нас. Со нив многу ќе ја подобриме редовноста. Двокатните, пак, нема да може да поминат само низ два надвозници. Не сум се возел во такво возило, но мислам дека тие ќе придонесат за подобар изглед на градот.



- Ќе се потпише ли договорот со „Ксмет кард“ и со „Кент кард“ за воведување електронска наплата?

- Според моите сознанија, тој ќе се поништи. Не знам колку е правно издржано да се потпише бидејќи тендерот се отворил пред 10 месеци. Но електронската наплата е нешто што треба да го воведеме за да ги намалиме трошоците и возачите веќе да не бидат и продавачи. Уште подобро би било ако електронските картички може да се користат кај сите превозници.



- Како може да се подобри јавниот ред и безбедноста во автобусите, пред сé, каде што има инциденти меѓу средношколците?

- Вандализмот во нашиот јавен превоз е во нормални размери, не е поголем од другите градови. Благодарни сме за одличната соработка со полициската единица „Алфи“, кои реагираат на секој наш повик.



- Државата сé уште му должи на ЈСП за превозот на раселените во 2001 година. Како ќе се наплати тој долг и дали сега редовно се плаќа превозот на учениците?

- Министерството за образование доцни два месеца со исплатата на околу два милиони денари. Градот редовно плаќа. За превозот на раселените, пак, има судски спор со Министерството за одбрана. Главен проблем е што претпријатието нема документација дека некој го нарачал нивниот превоз, ниту дека тој бил извршен. Но не можеме да обвиниме некого за тоа, сепак, тоа бил период во кој настаните се одвивале пребрзо.



- Очекувате ли нови блокади од УЈП за неплатени даноци?

- Основниот долг ни е 240 милиони денари, плус 120 милиони за камати. Не можеме одеднаш да го платиме. Градоначалникот Трајановски има иницијатива на три претпријатија да им се простат долговите. Ова е кризна година и не знаеме како ќе постапи Владата.




Бараме 75 милиони денари за незаконски продадените акции

- Ја следите ли истрагата за продадените акции на ЈСП против поранешниот министер Никола Поповски?

- Во 2007 година ЈСП поднело пријава до обвинителството дека незаконски се продале акции во наша сопственост. Кривичната пријава е против Никола Поповски, Фатмир Бесими и против еден непознат брокер. Се надеваме дека ќе има судска постапка. Во тој период акциите вредеа 60 милиони денари, но ќе бараме да ни се вратат 75 милиони, односно да се пресметаат и дивидендите.
 
   
Автор: Радмила Заревска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111491027247&id=14&setIzdanie=21837
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1465 Posted: 12-Nov-2009 at 20:40
Најголем дел од веста е веќе чуено, но ајде:

Уште 12 автобуси ќе работат на природен гас

Со проектот „Ренесанса“ е предвидено да се постават и информативни табли со дисплеи на 10 автобуски постојки во градот, а 30 автобуси веќе се опремени со ЏПС-уреди

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во 30 автобуси вгради опрема за автоматско следење на возилата, односно ЏПС-уреди, а 12 од нив наскоро ќе бидат преадаптирани да возат и на природен гас, покрај дизелот.

- Овие активности, како и поставувањето информативни табли на 10 автобуски постојки, се дел од проектот „Ренесанса“ во рамките на „Сивитас“-програмата „Од град за град“, за почист и подобар транспорт во градовите. Преку овој проект Европската комисија има цел да ги поддржи амбициите за интегрирање на одржлив урбан транспортен систем - вели Катерина Димушевска, стручен соработник за развојни проекти во ЈСП.

Новиот генерален директор на ЈСП, Мишо Николов, рече дека потребната опрема за преадаптирање на 12 автобуси е пристигната и дека деновиве ќе се почне со преадаптацијата на моторот на првиот тест-автобус.

- Во еден автобус како тест ќе се вгради опремата. Тој потоа ќе се однесе на атест во Машинскиот факултет, за да се види дали ги исполнува условите. Откако ќе се изврши атестот и ќе се провери дали со преадаптацијата е намалено загадувањето на воздухот, што претходно било предизвикувано поради староста на возилото. Ако е се' во ред, ќе продолжиме да ја вградуваме опремата во останатите 11 автобуси - вели Димушевска.

ЈСП со стариот возен парк е еден од најголемите загадувачи на воздухот и на почвата во градот.

- Преку преадаптацијата на 12 возила на природен гас метан значително ќе се придонесе во намалувањето на емисиите на штетни гасови, а возилата ќе ги задоволат европските стандарди - потенцираат од ЈСП.

Пред четири години беа преадаптирани 30 автобуси што возат комбинирано - и на нафта и на природен гас.

До крајот на месецов ќе почнат да се поставуваат и информативните табли со дисплеи, кои ќе служат за информирање на граѓаните за реалното време на пристигнување на автобусите, откако ќе биде воведен системот за автоматска локација на возилата.

- Во тек е набавката на информативните табли, за што претходно уредно е распишан тендер - вели директорот Николов.

Информативните табли ќе се постават на автобуските постојки од обете страни на Бит-пазар, на улицата Димитрие Чуповски, кај пазарчето Буњаковец, „Лептокарија“, поликлиниката Букурешт, спроти маркетот „Тинекс“ во Ѓорче Петров, кај Народна банка и кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.

Според Николов, ЈСП веќе поднело барање за добивање енергетска согласност до ЕВН.

За реализирање на овие активности ЈСП ќе добие 225.000 евра.

- Преку „Сивитас“-програмата се отвораат извонредни можности за интегрирање и соработка со партнерите од Европа, па оттаму е и големото значење на овој проект за ЈСП - велат во претпријатието.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3889835FED5DF247B7D833968C534CBE
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1466 Posted: 11-Nov-2009 at 21:44
НИШТО ОД НАЈАВИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Нема електронско плаќање во автобусите

Договорот за инсталирање електронска наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“, кој требаше да биде склучен меѓу Град Скопје и најдобриот понудувач, фирмата „Ксмет карт“, најверојатно, нема да биде потпишан. Според надлежните, причина за тоа се низата забелешки што ги имале двете страни за инсталацијата на „смарт-тикетингот“, електронската локација на возилата, како и времето за поставување на апаратите. Првичните најави беа дека оваа наплата ќе стартува од март годинава, по што имаше неколку одложување, за сега надлежните да се двоумат за потпишувањето на договорот. Електронски читачи требаше да се постават во 250 автобуси.
- Најверојатно, тендерот за електронска наплата во нашите автобуси нема да биде потпишан, но ние како претпријатие сме подготвени и натаму да продолжиме со досегашната наплата. Имаме набавено хартиени картички до следното лето, со што реално сме во позиција да продолжиме со досегашниот начин на наплата и работење - вели Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126359
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1467 Posted: 28-Oct-2009 at 15:38
ЈСП „СКОПЈЕ“
Табли на станиците

Патниците што секојдневно ги користат автобусите со броевите 2 и 5, кои се сметаат за најекспонирани линии на ЈСП „Скопје“, наскоро ќе имаат можност да добиваат детални информации за времето на пристигнување и тргнување на овие автобуси. Од јавното претпријатие најавуваат дека на десетина автобуски постојки ќе бидат поставени електронски табли со информации за тргнувањето и пристигнувањето на автобусите. Од ЈСП велат дека патниците ќе бидат информирани кога и на која станица ќе пристигне автобусот што го чекаат, со што, конечно, треба да се избегне непотребното и долго чекање. Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“, вели дека тој лично ги обезбедил парите за да може овој проект, кој на почетокот ќе биде достапен само за автобусите со броевите 2 и 5, да заживее. Според него, потребните средства се донација од организацијата „Ренесанса“ од Италија. - Линиите на автобусите со броевите 2 и 5 ги избравме за да го почнеме овој проект затоа што со нив секојдневно се превезуваат голем број патници и се најфреквентни. 

Е.М.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1851&ArticleID=125159




Можен е нов тендер за електронска наплата во ЈСП





 

Градоначалникот Коце Трајановски напролет ќе распише нова јавна набавка за најповолен понудувач за поставување на системот за електронска наплата во возилата на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, ако Бирото за јавни набавки и антикорупциската комисија најдат неправилности во изборот на тендерот

 

 
%20  
Тој истакна дека сé уште се разгледува договорот што треба да се потпише со групата составена од фирмите „Ксмет кард“ од Скопје и „Кент кард“ од Истанбул и дека наскоро ќе се изјаснат за целиот процес.

- Се испитуваат сите законски норми, бидејќи се сметаше дека тендерот има конфликт на интереси. Испративме претставници во Измир, Турција, кои ја испитале целата постапка и не нашле неправилности. Го чекаме мислењето на надлежните институции. Ако тие ни одобрат, ние веднаш би потпишале - додаде Трајановски.

Поставувањето читачи за електронски картички во автобусите на ЈСП веќе неколку пати беше одложувано, па претпријатието мораше да издава нови хартиени билети.
 
   
Автор: Р.З.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289100481&id=14&prilog=0&setIzdanie=21822
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1468 Posted: 21-Oct-2009 at 03:48
ПРЕВОЗНИЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ВНИМАВААТ НА ДОЗВОЛЕНИОТ БРОЈ ПАТНИЦИ
Скопјани во автобусите како сардини

Автобуските превозници во трка за профит ретко кога одбиваат да качуваат патници дури и во моментот кога ќе забележат дека автобусот е преполнет и дека патниците во него едвај дишат стиснати еден до друг. Притоа не размислуваат дека со претовареноста се доведува во опасност безбедноста на луѓето во возилото, особено ако се има предвид колку се стари и во каква лоша состојба се автобусите со кои скопјани секојдневно се возат. Преполнетите автобуси се редовна појава во утринските часови, особено кога учениците одат на училиште, но и во часовите кога граѓаните се враќаат од работа. Сепак, ова досега не било причина за полицијата да изрече казна за некој од возачите заради пречекорување на дозволената бројка на патници во возилото.

Наспроти тоа, за истиот прекршок казната не ги одминува граѓаните кои во своите автомобили би возеле повеќе патници од дозволеното. Од ЈСП „Скопје“, но и од приватните автобуски превозници, потврдуваат дека досега немаат добиено ваква казна зашто тврдат дека во нивните автобуси се внимава да нема турканици. Според нив, само во исклучителни ситуации се случува во некој од нивните автобуси да се качат поголем број граѓани отколку што е дозволено. - Досега ниту еден наш возач нема заработено казна затоа што превезувал поголем број патници од она што е дозволено затоа што кај нас единечните автобуси се регистрирани да превезуваат вкупно 85 патници, а дозволената бројка во зглобните автобуси изнесува околу 180 патници - вели Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“. Тој тврди дека се внимава да не се помине дозволената граница. - Кај нас многу ретко се случува да се качат повеќе патници од дозволеното затоа што нашите автобуси сообраќаат во просек од шест до десет минути. Така поради тоа што линиите се чести, патниците не чекаат само еден автобус и не се создава поголема метеж од таа што е дозволена при регистрација на возилото - вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Јовановски и Бошковиќ велат дека како решение да не се создаваат турканици во автобусите, многу често нивните возачи се одлучуваат да не застануваат на следните автобуски постојки и покрај тоа што на нив чекаат патници.

Спротивно од тврдењата на директорите на ЈСП „Скопје“ и на „Слобода превоз“, од СВР Скопје тврдат дека сообраќајната полиција изрекува околу пет казни месечно за автобуси кои превезуваат поголем број патници од дозволеното. - Сообраќајната полиција на самото место го утврдува направениот прекршок, а казната која се изрекува, изнесува 45 евра или 25 казнени поени за физичкото лице, од 520 до 1.350 евра за правното лице и 330 евра за одговорното лице - објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=124512&EditionID=1844

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1469 Posted: 15-Sep-2009 at 16:36
Без коментар...

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1470 Posted: 17-Aug-2009 at 12:31
Апсолутно си во право! Се повеќе сум за целосно преструктуирање на градскиот превоз во Скопје. Иначе 150 патници се еден просечен авион. 3 пати дневно е дури срамота да се најавува, а камо ли да се гордеат што би вовеле линија. Јас линија со 3 пати дневно не нарекувам линија, а шател сервис.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1471 Posted: 17-Aug-2009 at 05:11
Башка не го опфатиле Александар Палас, а е покрај сам градски "автопат"!

ЈСП е финансиска црна дупка. Според некои мои пресметки кои ги дискутирамве заедно  пред некој ден со еден другар, добивме дека ЈСП 20-40% од средствата би биле доволни се тековни расходи по сите основи! ЈСП може сам да набавува автобуси, да сервисира, гориво, бенифицирани патници, поголеми плати и све да покрие сам! Ова што се дешава сега е тоталнно неодговорно. да тврдам постоење на криминал не можам пошто не сум ревизор и не ни имам извештаи детални. Но длабоко се сомневам дека тамо има "пукнато некоја финансиска цефка", па кој стигне полни со "шишиња" (новчаници)!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1472 Posted: 17-Aug-2009 at 01:28

Но, смета дека тешко може да се реализира бидејќи, според Законот за сообраќај, Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер на кој би се јавиле превознички претпријатија што имаат далеку посовремени автобуси, па ЈСП би излегло од игра.

„Градот, односно градоначалникот, и Министерството за транспорт и врски можат да го процесуираат сето ова со директен договор. Во тој случај, не ќе биде потребно распишување тендер, а ЈСП како претпријатие на Градот може да ја воведе новата линија до аеродромот“, објасни Бошковиќ
 
 
Bash  Барем е искрен човекот, јсп има крнтии затоа батали тендер и дајте ни да шуриме странци. И што ќе се постигне ако иде само три пати дневно (150 патници, 300 ако се рачуна и од аеродром). Wallbash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1473 Posted: 17-Aug-2009 at 01:25

Замислата е три пати дневно автобус да тргнува од Транспортниот центар, да собира патници пред хотелите „Холидеј ин“ и „Континентал“ и да продолжи до аеродромот.

Nuts



Edited by Cloverstack - 17-Aug-2009 at 01:25
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1474 Posted: 17-Aug-2009 at 01:16

Идеја за враќање на автобуската линија до аеродромот „Александар Велики“

Автобусот би тргнувал од Транспортен центар и би собирал патници пред „Холидеј ин“ и „Континентал“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ има идеја повторно да ја врати автобуската линија до аеродромот „Александар Велики“. Замислата е три пати дневно автобус да тргнува од Транспортниот центар, да собира патници пред хотелите „Холидеј ин“ и „Континентал“ и да продолжи до аеродромот. На тој начин, сметаат од ЈСП, ќе се обезбеди редовна автобуска линија, која ќе ги чини патниците многу поевтино во споредба со сумата што сега им ја плаќаат на неприкосновените таксисти, кои имаат монопол на оваа релација.

Директорот на ЈСП, Александар Бошковиќ, вели дека идејата се родила во неврзан разговор со Зоран Илиевски, прв човек на аеродромот. Но, смета дека тешко може да се реализира бидејќи, според Законот за сообраќај, Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер на кој би се јавиле превознички претпријатија што имаат далеку посовремени автобуси, па ЈСП би излегло од игра.

„Градот, односно градоначалникот, и Министерството за транспорт и врски можат да го процесуираат сето ова со директен договор. Во тој случај, не ќе биде потребно распишување тендер, а ЈСП како претпријатие на Градот може да ја воведе новата линија до аеродромот“, објасни Бошковиќ.

Тој вели дека за ова се' уште не разговарале со градоначалникот на Скопје. Појаснува дека идејата не е нова, бидејќи ваква линија постоеше пред неколку години, но беше укината. Сега има измени во трасата, со цел да се избегне мешањето на патниците до аеродромот со земјоделците кои претходно го користеа автобусот да се одвезат до селата во тој дел од градот. (Сн.К.)

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1475 Posted: 13-Aug-2009 at 23:54
 

И автобусите на „Мак експрес“ стартуваат со електронска наплата

Електронските картички ќе се продаваат кај возачите при влез во автобусите

Снежана Калабакова

Приватните превозници од „Мак експрес“ од понеделник ќе стартуваат со продажба на електронски картички. За дистрибуирање се подготвени 5.000 картички, кои ќе ги продаваат возачите во автобусите. Пластифицираната празна картичка чини 100 денари, а патникот ќе може да ја надополнува за износот што ќе го посака, односно за 100, 200, 300 или максимум за 500 денари.

Така, наместо 25 денари во готови пари, сега со новите електронски картички едно возење на градските линии ќе чини 21 денар или, наместо 30 денари, на приградските линии од картичката на граѓаните ќе им се одземаат по 25 денари. Овој износ валидаторот ќе го одзема само еднаш, а доколку патникот сака да плати за двајца или повеќемина, тогаш тоа ќе го побара од возачот кој на валидаторот ќе регистрира ваква опција. Оние што ќе плаќаат во готово, од валидаторот во возилото ќе добиваат фискална сметка на која ќе стојат отпечатени името на возачот, бројот на линијата, датумот и часот кога патникот се возел, потоа податок до каде сообраќа таа линија, како и цената што ја платил патникот и името на претпријатието.

Од „Мак експрес“ велат дека во нивните автобуси веќе се монтирани 50 валидатори на хрватската фирма „Пента“, а по завршувањето на годишните одмори, ќе се домонтираат и преостанатите од потпишаните 64 договори. Појаснуваат дека уредите се модерни и можат лесно да се приспособат на системот за автоматска локација на возилата, за што Градот се подготвува. Со вакви валидатори „Пента“ веќе ги опремила возилата од јавниот градски превоз во Пула, Осиек и дел од Загреб, а склучила договор и со српската фирма „Ласта“.

„Исконтактиравме со неколку фирми кои ќе сакаат да добијат и месечни електронски картички. Ќе воспоставиме и комуникација со директорите на училиштата за дистрибуција на ученички билети. Билетите ќе чинат 900 денари и ќе имаат 60 возења. Она што е ново во врска со нив е дека ќе важат од 1 септември, па се' додека ученикот не ги потроши сите возења, независно дали ќе го направи тоа во истиот или наредниот месец“, вели Милорад Димитриевски, еден од основачите на „Мак експрес“.

Неговиот партнер Војо Велевски објасни дека доколку се покаже поголем интерес за нивните картички, тие се подготвени да отворат и продажен пункт. Но, се согласуваат дека сериозен проблем ќе биде конекцијата со приватниците од „Слобода превоз“, затоа што двете претпријатија треба да се договорат чии картички ќе бидат во оптек и кој ќе ги преземе трошоците за изедначувањето на електронските системи.

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1476 Posted: 13-Aug-2009 at 04:45
Каква поента се обидува да наметне текстов? Дека единствените два избори се крнтии и кинески двоспратни, дека нема некој подобар избор да се направи со 50+ милиони евра народни пари???
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1477 Posted: 13-Aug-2009 at 00:26
сакаме модерни и квалитетни автобуси, без разлика дали се кинески, што ја префрлаат топката на народот како тој да одлучува?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1478 Posted: 12-Aug-2009 at 23:54
Не ги сакавме кинеските, а се жалиме на крнтиите


Возилата во јавниот градски превоз се руинирани, со полузатворени врати и прозорци, без клима-уреди или парно греење, со покриви кои што пропуштаат, со скршени седишта, без држачи. Скопјани ги чекаат новите автобуси


Старите и дотраени автобуси на јавниот превоз се повеќе стојат во лер отколку во брзина. Руинирани, со полузатворени врати и прозорци, без клима-уреди или парно греење, со покриви кои што пропуштаат, со скршени седишта, без држачи. Со години не е купено ново возило, а старите се стари дури и за ремонт. Просечната старост им е 25 години.
- Сите се жалиме на старите крнтии на ЈСП, а ич не ни се допадна идејата да се купат 302 нови двоспратни автобуси. После имавме забелешка на тоа што биле кинески, па некако со олеснување ја примивме веста дека тендерот пропаднал. Сега е лесно. Уште си се возиме во скапаните смрдливи автобуси со кои никогаш не си сигурен дали ќе те однесат на правото место или ќе се расипат на сред пат - реагираат граѓаните. Тие тврдат дека условите во автобусите многу зависат и од возачите. Некои се пристојни, ама некои се катастрофа. "Ај што чекаш со саати, кога ќе влезеш внатре неуредно, смрди, а имам забелешка и на однесувањето на патниците и на возачите, велат тие.

Вакви реакции, вели директорот на ЈСП Скопје, Александар Бошковиќ има, но тврди дека во последниве месеци поплаките се се помали поради тоа што била зајакната внатрешната контрола и казнената политика.
- Како менаџерски тим инсистираме да се запази хигиената во автобусите, да се чистат и внатре и однадвор, да се санираат дефектите, да не се случи да се пушти во сообраќај расипан автобус, да се санираат штетите и мислам дека имаме направено чекор напред. Но, повеќето возила се стари и ние тука ништо не можеме освен да се надеваме дека Владата ќе го распише тендерот за набавка на 302 автобуси и дека првата пратка ќе ја дочекаме веќе во првата половина на идната година - вели Бошковиќ. Тој најави дека од 15 септември 10 автобуски постојки ќе бидат опремени со електронски информативни табли на кои ќе може да се гледа за колку време ќе пристигнат автобусите. Ова е пилот-проект со кој во прво време ќе бидат опфатени линиите 2 и 5, кои сообраќаат од Сарај до Автокоманда, односно од Ново Лисиче до Дексион во Ѓорче Петров. Поставувањето на таблите е дел од проектот "Ренесанса" што го реализира Град Скопје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E0695301DDA3514DBEB0DCB2C979A514
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #1479 Posted: 10-Aug-2009 at 09:37

ovie ne se normalni so cenive. pa karta za 3ta zona (konjare,vince i sl vukojebini) e 55mkd

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1480 Posted: 10-Aug-2009 at 04:28
За задолжителна карта со секој авионски билет не доаѓа в предвид. По која здрава логика и зкој закон ќе им наложиме на патниците да купат задолжително карта. Зашто?! Зашто у ЈСП има некој легач и си бара златна кокошка од кај да собира кајмак! Тоа воопшто не доаќа во предвид. А и нека не се надеваат дека било која авио компанија
"ќе им излезе во пресрет" со вакви непристојни понуди.

Единствено може да се прифати да речеме цена од 2,5, а ЈСП ако толку му е грижа за авионските патници ондак нека воведе бенифициран билет за авиопатниците од 1,5-2 евра со покажан важечки авиобилет, апоштои нели линијава е надвор е шемата на градски линии и тука не важи месечна градска карта нека направат даа важи и месечната карта за градски линии со доплата на разлика односно 2 евра + покажана важечка месечна картѕа за градски или приградски линии. И трета опција, повторно бенифицирана цена од 2 евра за покажана легитимација на вработен во аеродромските служби. За посетители кои пречекуваат/испраѓаат или па по друга работа (што е грото од масата патници) нека си важи 2,5 евра. Макар што ја ипак зборам за цеата на ЈСП од 2,5 евра, но сепак би ги спуштил за пола евро, односно редовна 2 евра и бенифицирана 1,5.

Но мдоколку во скора иднина ЈСП не го реши прашањево ќе мора да се иде со дозволи за неколку приватни превозници (барем три минимум) за линија транспортен центар-аеродром, со притоа да се пропише законска заштитна максималн цена како гарант дека ќе нема некаков договор, а во нормални услови цената ќе си се одреди од пазарно-економските логики и не верувам дека ќе надмаши некаква сума од 2 евра.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7273747576 86>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.680 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.