Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#141 Posted: 05-May-2010 at 19:17 |
И
Корејци заинтересирани за ветерници
Претставници на јужнокорејските компании „Касеп“ и „Самсунг“ вчера го
потврдија својот интерес за производство на електрична енергија од
ветерници во Македонија. Тие деновиве престојуваат во Штип, во чија
околина шпански „Инвал“ планира да гради фарма на ветерници со моќност
од 200 мегавати.
Поради законската регулатива кај нас, според
која еден инвеститор може да гради ветерници до 50 мегавати, се планира
фармата кај Штип да биде поделена на 4 дела, а прво ќе се градат два
дела, чија вредност е проценета на околу 150 милиони евра.
Претставниците
на „Инвал“ нагласија дека се надеваат оти до крајот на годинава ќе ги
завршат законските процедури и ќе почнат со монтажата, која трае од 16
до 18 месеци. „Касеп“ е водечка компанија за производство на електрична
енергија во таа земја, а „Самсунг“ ако се постигнел договор, треба да ги
испорача турбините и другата опрема за ветерниците. Претставниците на
„Инвал“ и на корејските компании најавија дека неделава ќе го посетат и
солунското пристаниште, преку кое се планирало да биде донесена
опремата. (Љ.Ш.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6B2235E7CBA48746AF278075C6A9DE2A
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#142 Posted: 03-May-2010 at 19:35 |
tuka e malku poubavo objasneto od tekstot pogore vo koj ima nekoi pogresni informacii Напредува проектот за изградба на фарми со ветерници во
Штип
Штип 3 мај - Изградбата на фарми со ветерници во Штип, Радовиш и Конче,
беа тема на денешната средба на штипскиот градоначалник Зоран Алексов со
претставници на шпанската фирма „Инавал“ и корејските „Косеп“ и
„Самсунг“.
Според Алексов, целта на средбата е проектот за ветерници да продолжи и
да се лобира кај државните институции за побрзо добивање на сите
документи за изградба на фармите со ветерници.
- Штип во оваа област беше помеѓу лидерите, а шпанската фирма „Инвал“
има најдалеку отидено во поглед на мерењето на ветерот и на обезбедување
на целата документација, рече Алексов и додаде дека оти верува дека во
Штип ќе бидат изградени првите ветерници.
Џорџе Молинер од шпанската фирма „Инавал“ истакна дека сите дражавни
институции во земјава се многу кооперативни во обезбедувањето на
потребната документација за изградба на ветерниците.
Тој потенцираше дека веќе го прават проектот за четири фарми на
ветерници, кои ќе произведуваат електрична енергија од по 50 мегавати, а
инвестицијата ќе биде околу 150 милиони евра.
Бу Мун Чу, од корејската фирма „Косеп“ истакна дека неговата фирма како
најголем произведувач на електрична енергија на ветер во неговата земја е
заинтересирана да биде партнер со шпанската фирма „Инавал“.
- Заинтересирани сме да се вклучиме во проект и од она што досега го
видовме сме задоволни и продолжуваме да ги разгледуваме сите аспекти
околу инвестирањето во проектот, рече Мун Чу.
Претставниците на фирмата „Инавал“ образложија дека согласно законската
регулатива три години треба да ја мерат силината и константноста на
ветерот, а со мерењето се влезени веќе во третатат година.
По завршувањето на оваа законска обврска „Инавал“ ќе може да ги гради
ветерниците, кои што се надеваат дека нивната изградба ќе почне во 2011,
а во 2012 година ќе може и да се произведува електрична енергија од
ветерот.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2014
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#143 Posted: 03-May-2010 at 18:21 |
Јужнокорејците
за три месеци стартуваат со изградба на ветерници кај Штип
За три
месеци, запишал во роковникот Бу Мун Чуи првиот човек за инвестиции од
јужно корејската КОСЕП компанија за производство на струја слично на
македонскиот ЕЛЕМ, за старт на градба на првата македонска фарма на
ветерници во близина на Штип.
- Заинтересирани сме од вашиот
ветер да произведуваме струја. Сметаме дека тоа е профитабилна работа.
Во зависност од траењето на процедурите за добивање на дозвола за
градба, со поставување на ветерниците би почнале за три месеци, со
нашиот партнер Самсунг, изјави Бу Мун.
Инвестицијата тежи 140
милиони евра. Првите зелени мегавати од ветер се очекуваат да протечат
кон крајот на 2012-тата.
Првиот квартал од 2011-та е планирана за
старт на проектот, откако ќе ги добиеме сите потребни дозволи за
отпочнување на инвестицијата. Ова е првата половина од планираните
четири фарми, поделени во четири сектори. Првите два се во штипскиот
реон и први стартуваат со градба односно монтажа на ветерниците,
објасни, менаџерот во ИНВАЛ- Македонија, Џорди Милер.
Ова се
оптимистичките прогнози на шпанските претприемачи ИНВАЛ, компанија која
по тригодишна работа во земјава, ги донесе Кореанците и концернот
Самсунг, задолжен за градба на турбините.
Годишното производство
за почеток е позиционирано на 100 мегавати, од можните 200, со градба на
остатокот од планираните Це и Де секција. Македонско- шпанско-
кореанскиот проект е најблиску до реализација во однос на останатите, за
производство на струја од ветер во Македонија.
03.05.2010, 13:41
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60106
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#144 Posted: 22-Apr-2010 at 06:56 |
Ветерот ги
однесе ветерниците

Иван Бојаџиски
ШТИП - Ветерот над Штип секојдневно дува ама од одамна најавуваните
ветерници во овој крај нема ништо. Еуфоријата за инсталирање полиња на
ветерници е стивната речиси цела година. Нема ни трага ни глас од
заинтересираните инвеститори од Израел, Белгија, Русија, Австрија,
Холандија, Германија, Англија. Само шпанската компанија „Инвал“, која во
нашава држава формира фирма под името „Инвал Македонија“, се' уште
искажува некакви намери да инвестира во ветерници и тоа во
штипско-радовишкото подрачје.
„Освен шпанската фирма ‘Инвал‘,
последнава година, никој од друга земја не пројавил интерес за
инсталирање ветерници. Шпанската компанија има отидено најдалеку во оваа
насока. Имено, постави инструменти и изврши мерење на силината и
константноста на ветерот на подрачјето на општините Штип - Радовиш –
Конче“, изјави штипскиот градоначалник Зоран Алексов.
Според
Алексов, „Инвал“ бил подготвен на спомнатото подрачје, кое било
детектирано како мошне поволно за производство на електрична енергија,
да инсталира 66 ветерници. Од нив 48 би биле на подрачјето на општината
Штип. Секоја од ветерниците ќе била со јачина од три мегавати, што значи
дека од ова подрачје македонскиот енергетски биланс ќе биде зајакнат за
вкупно 198 мегавати. Се разбира, под услов да се реализира
инвестицијата.
Нешто чудно се случува со приказните за ветерот и
ветерниците во нашава држава.
Откако во 2008 година оваа
проблематика стана топ-тема во јавноста, а кај нас, главно, во источниот
дел на државата се изредија голем број заинтересирани странски компании
за инвестирање во овој бизнис, последнава година исчезнаа. Едноставно
ги нема, макар и оддалеку, да ги кажат конечните намери.
Есента
2008 година австриската „Нова енергија“ во Радовиш бараше погодна
локација за инсталирање на 15 ветерници. Локација им беше дадена ама тие
повеќе не се појавија во оваа општина. Најинтересен, односно
најскокотлив беше настанот на англиско-израелската компанија, која
истата година дојде во Свети Николе, најавувајќи инвестиција од една
милијарда евра во производството на електрична енергија преку користење
на енергијата на ветерот и на сонцето. Израелецот Дејвид Браун, прв
човек на компанијата, тогаш изјави дека источниот дел на Македонија е
најпогодното место во Европа за производство на таканаречена „зелена“
енергија.
„Светот е пред вистинска енергетска револуција. Се
свртува кон таканаречената ‘зелена‘ енергија, каква што е енергијата на
сонцето, ветерот, геотермалните води, биогасот. Подготвени сме ургентно
да инвестираме во инсталирање на поле од 90 ветерници од по три
мегавати, а потоа да го прошириме тој бизнис. Наша генерална цел е
југоисточниот дел на Македонија да го покриеме со сончеви колектори за
производство на струја. Во тоа сме подготвени да инвестираме една
милијарда евра“, порача тогаш Дејвид Браун.
Од таа година, која
се сметаше за многу надежна во поглед на заинтересираноста на странски
инвеститори да вложат големи пари во ветерници, досега не се направи
ништо. На оваа тема се обидовме да поразговараме со одговорните во
„Инвал Македонија“, но тие ја спуштија телефонската слушалка и останаа
недостапни за разговор.
Се чини дека над Штип и на другите места
во источниот дел на државата ветерот ќе продолжи да си дува како и
досега, но во исто време постои и реален страв дека некој друг ветер ги
„издува“ можните инвеститори од Македонија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E798D2D9915AC14E9D973A2335B1CEC1
Edited by Cloverstack - 22-Apr-2010 at 06:58
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#145 Posted: 31-Mar-2010 at 22:10 |
ЕЛЕМ НАЈАВУВА
НОВИ ИНВЕСТИЦИИ
Македонија за 4
години ќе ги добие првите ветерници
Македонија за четири години ќе го добие првото количество
електрична енергија произведена од ветер, како обновлив извор на
енергија. Во реонот на Богданци и Валандово ќе се гради првиот
енергетски објект - Парк на ветерни електрани, каде што ќе се користи
ветерната енергија за добивање на струја. Паркот се очекува да биде
готов најдоцна до 2016 година, а ветерната електрана ќе има годишно
производство од 100 гигават часови и инсталирана моќност од 45 мегавати.
Инвестицијата е вредна околу 140 милиони евра, а досега Електрани на
Македонија (ЕЛЕМ) за изработка на физибилити-студијата вложиле еден
милион евра. Според генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, со
реализацијата на овој проект ќе се овозможи дополнително производство на
електрична енергија, покрај постоечките капацитети од хидроцентралите и
термоцентралите. - Овие 100 гигават часови се 2 проценти од вкупното
производство на електрична енергија, што не е така занемарливо - смета
Чинговски. Тој објаснува дека РМ има обврска кон Европската Унија за
исполнување на целите за 20-процентно производство на струја од
обновливи извори на енергија во енергетскиот биланс на земјава.
Проектот ќе биде реализиран во подрачјето на Богданци и Валандово,
при што планирано е групирање на ветровите турбини во две групи: А и Б
за Богданци и А и Б за Миравци. Чингоски објасни дека изминативе три
години континуирано биле вршени мерењата на повеќе локации низ државава и
тоа во реонот на Богословец - Свети Николе, во реонот на Штип, Кожуф и
Богданци. Истражувањата покажале дека најповолен е реонот на Богданци и
токму затоа ЕЛЕМ во него ќе се инвестира околу 75 милиони евра.
Раководителот на секторот за координација на ЕУ фондовите и останата
странска помош, Орхидеја Каљошевска, потенцира дека искористувањето на
обновливите извори на енергија е европски тренд, а РМ има огромен
потенцијал за да го реализира тоа. - Како секретаријат за европски
прашања и како Влада работиме на нови можности, а еден од нив е
инструментот за претпристапна поддршка ИПА, со којашто ЕУ го помага
нашето пристапување во членството - нагласи Каљошевска. Таа појасни дека
тоа е дел од програмата за регионален развој во делот за животната
средина со посебен акцент на искористување на обновливите извори на
енергија и енергетска ефикасност од каде што е можно повлекување на
инвестиции од европските и глобалните кредитни институции. Според неа
Европската инвестициска банка (ЕИБ) веќе вложува во енергетиката. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=16C940CF525C6B408C47555A5E785A74
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#146 Posted: 31-Mar-2010 at 15:22 |
|
 |
Богданци најпогоден за ветерни електрани |
|
|
среда, 31 март 2010 |
|
 |
|
|
|
Територијата на општина Богданци е најпогодна за изградба
на парк на ветерни електрани со инсталиран капацитет од приближно 50
мегавати и планирано годишно производство на електрична енергија над 100
гигават/часови |
|
Ова го покажа физибилити студијата за изградба на Ветерен парк
изработена во рамки на КАРДС програмата на Европската комисија.
Направените анализи во изминатиот период на четирите локации кај
Свети Николе, Штип, Кожув и Богданци покажале дека територијата на
Богданци има најголем потенцијал за изградба на ваков парк и оти таа е
најинтересна за натамошно истражување.
Според генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД
ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, суштински придобивки од реализацијата на овој
проект се можноста од дополнителни над 100 гигават/часови електрична
енергија добиена од обновливи извори, намалувањето на штетни гасови пред
се на јаглеродниот диоксид од 95 до 100 илјади тони на годишно ниво,
новите вработувања и развојот на нови технологии.
- Очекуваме конечната верзија на лиценците наскоро да ја добиеме од
Регулаторната комисија за енергетика и од Министерството за економија со
цел што поскоро да пристапиме кон реализација на овој проект, рече
Чинговски на денешната презентација на физибилити студијата.
Проектот Парк на ветерни електрани - Богданци треба да се реализира
до 2016 година. Со изградбата на објектот ќе се зголеми уделот во
производството на електрична енергија од обновливи извори од АД ЕЛЕМ со
што се исполнуваат и обврските на Македонија кон Европската унија за 20
отсто производство од обновливи извори во енергетскиот биланс.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=45295
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#147 Posted: 25-Mar-2010 at 23:45 |
Дискусијата за мала ветерница засемејна куќа и соларни панели за иста намена е префрлена во нишката Градење куќа во Македонија - услови и комбинации: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=61728#61728
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#148 Posted: 09-Mar-2010 at 00:43 |
Вардарецот ќе произведува струја
На делот на течението на реката Вардар, меѓу тунелот кај Демир
Капија и селото Удово, ќе се постават 27 ветерници за производство на
електрична енергија. Според локалната самоуправа на Валандово, која е
носител на проектот, ветерниците треба да бидат со капацитет од 1 и 2
мегавати, а според извршените мерења, локацијата за поставување е
поволна зашто има силно струење на ветрот Вардарец.
Според
градоначалникот на Валандово, Николче Чурлинов, изградбата на ветерници
за производство на струја претставува импулс за развој на општината и
за отворање нови работни места.
- Овој проект навистина ќе биде
добар за општина Валандово и ќе претставува импулс за понатамошниот
развој. Од ветерниците очекувам прилив на нови средства по основа на
концесии, како и вработување на повеќе луѓе, изјави градоначалникот
Чурлинов.
Според пресметките, ветерница со јачина од 1 мегават
чини околу еден милиони евра, па дваесет и седумте треба да повлечат
инвестиција од околу 30 милиони евра.
Наскоро се очекува да
биде објавен јавен повик од страна на Владата, а заинтересирани
инвеститори има од Австрија, Италија и Англија.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=54AAC82EAF6B364393C6660C7DE02BEA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#149 Posted: 08-Mar-2010 at 02:37 |
Добро ама тоа е само за турбината, ваљда може после перките, столбот да се искористат наново, темелот е веќе изграден, инсталација, не треба нови студии и административни постапки, него само ќе се заменат турбините.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#150 Posted: 07-Mar-2010 at 23:53 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#151 Posted: 07-Mar-2010 at 23:12 |
не сум сигурен точно каде ќе ги насадат ветернициве, но не е лошо инвеститорите однапред да бидат предупредени за проектот вардарска долина, не дека не е изводливо да имаат потопени ветерници, туку ова мора уште сега да се прецизира за покасно не плаќаме пенали!
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#152 Posted: 07-Mar-2010 at 21:52 |
daa da ke se instaliraat.poslednive dve najavi imase bezbroj najavi za veternici i veterni parkovi ama nisto od toa ne se realizira isto ke bide i so ovie.ako prodolzime vaka rek bitola nema da go izgasime tuku kje ni treba uste edna centrala kako bitola
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#153 Posted: 07-Mar-2010 at 20:13 |
Да да, сигурно, јас мислам дека за 2-3 години ќе може да ја изгасиме РЕК Битола, и онака ќе се инсталираат 5000 гигавати електрична енергија од ветерот  Пуштете тендер па после зборете!
Во Македонија ќе се градат ветерници
07.03.2010 15:31
Од
Демир Капија до Гевгелија, по течението на реката Вардар, ветерот
повеќе нема да дува напразно туку ќе создава електрична енергија преку
ветерници. Ќе бидат изградени 27 со јачина од еден до два
мегавати.Едногодишните испитувања покажале позитивни резултати.
Заинтересирани се инвеститори од Англија, Италија и Австрија, а
вкупната инвестиција ќе чини околу 30 милиони евра. „Најбитна
работа е што испитувањата се завршени, бидејќи никој нема да поставува
ветерници доколку претходно не ги направи воздушните струења, односно
дали е присутен ветерот. Позитивни се показателите што ги имаме,
државата најверојатно тука ќе распишува тендер“, рече Николче Чурлинов
градоначалник на Валандово. Идејата за изградба на ветерници не е
нова за Македонија, но досега многу малку е реализирано, иако
експертите одамна посочуваа дека земјава има многу места што можат да
се искористат за изградба на ветерници. Неколку европски земји, дури
една третина од електричната енергија ја обезбедуваат токму од ветерот. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120725
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#154 Posted: 21-Feb-2010 at 18:44 |
За ова со субвенциите, не знам дали сте прочитале владата на Бугарија реши да воведе ред во таа сфера таму бидејќи имаше ненормално многу понуди за изградба на ветерници од секакви -од мафијаши до робијаши-  па имаше по 1000 правни лица на листа за чекање за изградба на ветерници. Читав некаде но не ми текнува каде. Ама ич не ме чуди дека некој ќе си пикне пари в џеб и од ова.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#155 Posted: 21-Feb-2010 at 15:49 |
Originally posted by nenad
Тоа е пред се биоенергијата, и треба да се фокусираме на неа. не знам ако има таква нишка на форумот, па повеке таму би каал за тоа |
Засега нема, но ако имаш што да кажеш на таа тема, воопшто не се мисли и отвори таква нишка 
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#156 Posted: 21-Feb-2010 at 15:33 |
Малку доцна се вклучувам во дискусијава, ги прочитав постоечките постови и само уште еднаш утврдив дека на новинарите воопшто не треба да им се верува, барем на повекето. Темата енергија од ветер е доста експлоатирана и во стручната и во пошироката јавност и носи доста контраверзи. Ветерниците покрај несомнено позитивниот еколошки аргумент, носат и доста ограничувења. За нив се потребни постојани ветришта со одредена јачина, аповажно од јачината е константноста на ветрот, како на годишно така и на дневно ниво. Покрај на слаб ветар, тие не работат ни при појак ветер од нивото на кои се проектирани, тогаш тие користат енергија за да се закочат перките. Освен тоа диструбитивнат амрежа која ке ја собира струјата е дислоцирана во просторот, затоа не е економично ветерниците поединечно да се расфрлаат по теренот туку да се групираат во т.н. фарми. Јас никогаш не сум бил во Овче Поле и не знам какви ветришта дуват таму, но за Галичица сигурно знам дека нема шанси таму да се гради фарма. Освен тоа, струјата добиена од ветерници е скапа, таа секаде се субвенционира. Во Данска ветерниците учествуваат со 35%-40% од целата струја но тие решија да ивестираат со цел да ја развијат технологијата и денес повеке пари заработуваат од извоз на таа технологија. Не треба да се каже не на ветерниците во Македонија, но треба внимателно да се избалансира. Треба добро да се преговара со компаниите кои се нудат да градат како фарми на ветар, така и на сонце. претпоставувам дека бараат нивната цена да биде дебело субвенционирана од државата, со тоа тие ке си го заштитат бизнисот, но прашање е дали нас ке ни одговара. Иначе една ветерница со денешната технлогија има капацитет од 2 Мегавати за тие наменети на копно, и 4 мегавати во морето, можеби анс би ни одговарале помалите турбини со капацитет од 50К вати за малечки објекти каде би вршеле супституција на ел. енергија од другите извори, а поврзани во мрежа би можеле и да продаваат дел од вишоците. Во секој случај ке мора одреден процент од произведената струја да биде од обновливи извори, со тоа нема да го решиме дефицитот на струја, но ке се компензира нешто. Но по мое длабоко убедување, ветерот и сонцето (иако имаме толку сончеви денови) не се компаративни предности на македонија. Тоа е пред се биоенергијата, и треба да се фокусираме на неа. не знам ако има таква нишка на форумот, па повеке таму би каал за тоа
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#157 Posted: 17-Oct-2009 at 00:36 |
Првите 66 ветерници ќе се инсталираат напролет
Ветерниците ќе бидат над рудникот „Бучим“ со моќ од 200 мегавати
Иван Бојаџиски
Штип - На тромеѓето Штип
– Радовиш - Конче на локација над рудникот за бакар „Бучим“ напролет ќе
започне инсталирањето на 66 ветерници со вкупна енергетска моќ од 200
мегавати. Инвеститор на овој пионерски потфат во нашава држава ќе биде
шпанската фирма „Инвал“, која во претходните две години ги испитуваше
условите и можностите за производство на струја преку искористување на
енергијата на ветерот во овој дел од Македонија.
Овој шпански
инвестициски фонд заедно со скопска „Виста“ кај нас регистрира фирма
под име „Инвал Македонија“. Неодамна по иницијатива на штипскиот
градоначалник Зоран Алексов, највисоките претставници на шпанскиот
инвестициски фонд беа во Штип каде што учествуваа во јавна дебата во
однос на стратегиите за ставање на обновливите и еколошки чисти
енергии, како што се ветерот и сонцето, во функција на производство на
електрична енергија.
„’Инвал‘ отиде најдалеку во оваа материја и
по сите разговори со нејзините челни луѓе, сосема сме сигурни дека од
идната пролет ќе започне инсталирањето на вкупно 66 ветерници секоја со
јачина од по три мегавати. Нивните истражувања укажале дека регионот
над рудникот ’Бучим‘ е најдобар во однос на константноста и јачината на
ветерот поради што 44 од ветерниците ќе бидат поставени на терен кој
припаѓа на општината Штип, а другите на подрачје на општините Радовиш и
Конче. Од луѓето на ’Инвал‘ бевме информирани дека од Министерството за
екологија имале позитивни оценки за локацијата, позитивен бил и
одгласот на јавноста од населбите во чија близина ќе никне првото поле
од ветерници, па сега чекале на одобрението кое го дава Министерството
за економија“, вели градоначалникот Зоран Алексов.
За разлика од
Штип, во Свети Николе, регион за кој се направени процени дека има
голем потенцијал во ветерот за производство на струја, годинава нема
никакви новини. Градоначалникот Роберт Георгиев ни изјави дека никоја
отпорано спомнуваните светски компании не пројавила интерес на оваа
тема.
А, токму во Свети Николе, во јули минатата година,
Дејвид Браун, претседател на израелско-англиската компанија ЕИЏ, со
седиште во Лондон, најави огромен проект од ваков вид. Тогаш Дејвид
Браун и тогашниот градоначалник Слободан Даневски потпишаа договор за
инсталирање 90 ветерници со моќност од 200 мегавати. Со овој договор
ЕИЏ се обврза во оваа и идната година во инсталирање на ветерниците да
вложи 360 милиони евра.
„Овој век ќе го одбележи борбата за
енергија. По Кјото и климатските промени што ни се случуваат, светот
препознава една нова состојба, нова идеја и нова надеж за разрешување
на енергетската криза, а тоа е наше свртување кон алтернативните,
обновливи и од еколошки аспект сосема безбедни енергетски ресурси.
Нашата компанија во Полска веќе има инсталирано полиња на ветерници кои
дават 600 мегавати електрична енергија, а очекуваме да бидеме водечки
во оваа област и во Македонија, Романија и Бугарија“, рече тогаш Дејвид
Браун. Најинтересна, сепак, беше неговата изјава дека на потегот од
Овче Поле до Гевгелија. ЕИЏ имале идеја и намера да инвестираат дури
една милијарда евра за изградба на капацитети за искористување на
сонцето во производството на електрична енергија. Тој прецизира дека
повеќе информации за проектот на деценијата ќе дале кога за тоа ќе
дојдело вистинското време.
„Ние сме во очекување на ЕИЏ да не'
посети и да видиме до каде се тие со најавуваните проекти“, ни изјави
светиниколскиот градоначалник Роберт Георгиев.
Изминатите
години во Штип, Свети Николе, Радовиш и во Конче доаѓаа претставници на
компании од Шпанија, Германија, Англија, Русија, Франција. Некои од
нив, како „Инвал“, ангажираа познати јавни личности за промоција на
својот интерес. Оваа фирма во Штип го донесе на разговори и ракометниот
тренер Веселин Вујовиќ.
„Треба да се знае дека општините во оваа
сфера немаат никакви ингеренции зашто земјиштето на кое ќе се лоцираат
ветерниците е државно и за него одлучува Владата. Секако дека и
општините ќе имаат некои бенефити од целиот тој процес, но колкав ќе
биде тој засега не се знае. Значи, целата оваа работа е во рацете на
државата, пред се', на Министерството за економија“, појаснува
штипскиот градоначалник Алексов.
Ветерниците не се опасни за
животната средина. Според експерти од оваа област, во нивна близина
луѓето слободно можат да си ги извршуваат сите земјоделски и други
работи. Само птиците имаат проблеми од шумот што го прават ветерниците
поради што ги напуштаат подрачјата каде што се инсталирани. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9A40F007F4AA4D4BAB7834DB8F16E175
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#158 Posted: 06-Aug-2009 at 13:45 |
We know just as you do! Just projects, statements and as you said
There isn't something in a construction phase nor a finished one!
|
 |
BerndWasser
Newbiе
Joined: 06-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#159 Posted: 06-Aug-2009 at 13:38 |
Dear Forum, I'm sorry if I have to post this in English. My Macedonian is quite poor. As I read in the thread there are several wind energy projects which I did not know of till now. Since some of the posts are a little older I'd like to know if there are any proceedings in contructing the turbines. Is any project in the phase of construction of even finished yet? When I was there in summer 2008 I've also heard of announcements to invest several millions in Sveti Nikole, Ovche Pole, Stip or Gevgelija, but nothing precise. I hope to hear some updates.
pozdrav Bernd
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#160 Posted: 15-Jul-2009 at 04:22 |
Ранковце ќе се развива со фарма на ветерници

Фарма на
ветерници, која ќе биде изградена на планинскиот масив во Ранковце од
страна на шпанската компанија „Инвал“, е капитална инвестиција и
ќе има огромно значење за економскиот развој на оваа рурална општина,
сметаат во Општината. Инвестицијата ќе чини околу 180 милиони евра, а
проектот ќе почне да се реализира идната година и треба да биде целосно
завршен во рок од една година.
- На потегот од планината
Герман, па се' до Бињино кон Крива Паланка каде што ќе биде изградена
фармата на ветерници, инвеститорот од почетокот на годинава постави
мерни станици кои даваат извонредни резултати, а позитивно мислење е
добиено и од Министерството за животна средина. Ова е огромен проект за
една мала општина каква што е Ранковце и тоа ќе биде столбот на кој ќе
се темели локалната економија и развојот на општината, но и на целиот
регион - вели градоначалникот Орце Тодоровски.
Тој истакнува
дека од големо значење е и тоа што ветерниците ќе бидат поставени на
истиот локалитет на кој локалната самоуправа планира изградба на
туристичка населба, што ќе има повеќекратни економски ефекти за
заживување на ова планинско подрачје.
- Општината веќе
спроведува постапка за урбанизација на делот од селото Пклиште до
Герман, каде што е предвидена изградба на викенд-зона. Заедно со
ветерниците и со туристичките капацитети, очекуваме голем интерес од
туристите, а воедно и задржување на локалното население на овие
простори кое може да најде сопствен интерес во селскиот туризам и во
другите локални бизниси. Во изградбата на ветерниците ќе бидат вклучени
локални фирми, што ќе поттикне нови вработувања - вели Тодоровски.
Со
шпанскиот инвеститор било договорено тие да ја финансираат и изградбата
на патната инфраструктура во должина од 15 километри. Поради потребите
на механизацијата за поставување на ветерниците, патот ќе биде со
широчина од 12 метри, а тоа ќе биде уште една голема придобивка за
општината. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=26C2FA57841E25498274B869539A2D6C |
|
 |