build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Социјални згради и населби

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
oWl View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oWl Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 01-Jun-2011 at 15:11
Овие згради се наоѓаат во Брусничката населба: 41° 1'42.90"N  21°18'20.95"E

1.


2.


3.


4.


5.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 13-Apr-2011 at 08:59

Кавадаречката убавица се` уште невселена

Социјалката или Убавицата, како што граѓаните ја викаат зградата со социјални станови во Кавадарци, готова е повеќе од една година, но нејзините станари сe` уште не можат да се вселат поради незавршени правни процедури

Прашината е единствениот станар во зградата со социјални станови во Кавадарци, која е готова повеќе од една година. Многу кавадарчани секојдневно вртат околу новоизградениот објект на местото од стариот терминал во градот, со погледи свртени кон прозорците од триесетте стана. Секој од нив потајно се надева дека ќе биде еден од среќниците на кои оваа зграда ќе им го смени животот на подобро.

- Добитник сум на еден од овие станови, но ништо не е сигурно додека не влезам во него. Се надевам дека наскоро ќе заврши неизвесноста и Министерството за транспорт и врски ќе ни ги даде клучевите од становите нам, на социјално најзагрозените. Не знам што уште се чека. Со ова губи и државата, но најмногу губиме ние, сиромашните - ни рече еден од нив.

Околу зградата крај реката Луда Мара не кружат само оние што се речиси сигурни дека се нејзини жители. Овде може да сретнете и револтирани граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од распределбата на становите од Социјалката, како што популарно ја викаат.

- За да влезе човек во изборот, мора да има комплетна документација. Оние со некомплетни документи не ни влегоа во барабанот. Најпрвин добив стан, за подоцна да ме исфрлат од игра демек сум немал комплетни документи. Компјутерот ме избра, човекот ме исфрли. Се сомневаме дека едни луѓе ќе ги добијат становите, а други ќе живеат во нив. Но, секако дека будно ќе следиме дали е тоа така - вели револтираниот жител на Кавадарци.

Убавицата веќе почнале да ја нагрдуваат со графити. Бидејќи зградата с` уште не е вселена, не е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, објаснуваат од Центарот за социјални работи. Комисијата за доделување на становите е мешовита, тројца члена биле од Министерството за транспорт и врски, двајца од Министерството за труд и социјала.

- Ние, како Центар, бевме само во улога на сервис на граѓаните. Посредници кои им помагаа на заинтересираните околу комплетирањето на документите. Право за добивање стан имаа деца без родителска грижа, корисници на социјална помош и постојана парична помош, корисници на посебна нега од трето лице, самохрани родители. Доделувањето на становите беше по електронски пат по утврден метод - објаснува директорката Вања Маневска.

Признава дека и таа се соочила со незадоволство од страна на поединци кои аплицирале за стан. Но, вели дека немале право оти сите што добиле стан биле нивни корисници со години и заслужувале решавање на станбеното прашање.

- Не е точно дека може еден човек да конкурира за стан, а други да живеат во него. Еве баш сега имаме пријава за едно семејство кое добило стан, а во меѓувреме заминало во странство. Веднаш реагирав до комисијата. Кога ќе биде постапката конечна, сите што добиле на конкурсот ќе потпишат договор во писмена форма. Претставникот на тоа семејство нема да може да склучи таков договор. Тој стан ќе остане слободен за подоцна повторно да биде објавен на оглас - објасни Маневска.

Таа вели дека ги слушнала реакциите во јавноста дека наводно луѓе блиски до власта добиле станови.

- Најодговорно, најсовесно и најчесно тврдам дека сето тоа се шпекулации-децидна е директорката Маневска.

Директорката откри дека во прелиминарната листа во јуни се случило семејство да добие стан за кое подоцна се воспоставило дека со лажна документација се стекнало со социјална помош и право на стан. По проверките тоа семејство не само што останало без стан и социјално, туку морало и да ги врати незаконски стекнатите пари.

Зошто с` уште не е извршено вселувањето во социјалната зграда во Кавадарци прашавме и во Министерството за транспорт и врски.

- Ве информираме дека по конечноста на решенијата, по поднесените жалби од страна на Комисијата за решавање во втор степен при Владата на Република Македонија лицата на кои им е распределен стан ќе можат да склучат договори со ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор - одговорија од Министерството.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=028C76FC07CBDC47B11F0A815DB5B792
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Mar-2011 at 12:48

Во Прилеп ќе се градат социјални станови


Осумдесет социјални стана за млади брачни двојки што имаат повеќе деца ќе се градат во Прилеп

 

 
%20  
Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески, кој вчера го посети семејството Перканоски, кое има четири деца. Оваа мера, рече градоначалникот, е во рамките на програмата на Владата за стимулирање на наталитетот во општината.

- Наталитетот во општината опаѓа, а сé повеќе имаме стари лица. За да го стимулираме наталитетот ќе градиме социјални станови во кои ќе живеат млади брачни двојки што имаат повеќе деца. Документацијата е подготвена, само се чека да се завршат одредени формалности и да почне изградбата - вели Ристески.
Според најавите, социјалните станови ќе се градат во населбата Точила.

Од семејството Перканоски, на кое не му е решено станбеното прашање, го поздравија потегот на општината.

- Убаво е кога има повеќе деца, весело е во семејството. Само треба да се има покрив над главата - вели Билјана Перканоска.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33011813439&id=9&prilog=0&setIzdanie=22244
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 03-Mar-2011 at 21:25
Првите 24 стана на „Хабитат“ ќе бидат готови во мај годинава
http://www.lisica.mk/sliki_statii/7ac9bd37eeae834d5c9e8c9420aff6201.jpg
Во населбата Тунел 2 во Велес при крај е работата на изграбта на  првите 24 станови, за семејства со ниски лични примања, што ги гради Aмериканската невладина и непрофитабилна организација „Хабитат Македонија".

Покрај изградбата досега вградена  е водоводната, електричната и канализационата инсталација. Поставен е паркет, врати, прозорци. Се уредуваат санитарните јазли, се малтарисуваат просториите и се вршат подготовки  за фасадно уредување на просторот меѓу зградите и  асфалтирање  на улицата  до населбата. 

Од  Хабитат велат дека  поради временските прилики 24-те станови, не биле завршени навреме. Наместо кон крајот на минатата, клучевите идните сопственици, се очекува да  ги добијат  во првата половина на мај годинава.

„Работите сега се одвиваат според планот. Проблеми со финансии нема. Првите 24 стана ќе бидат готови и веднаш по нивното предавање, ќе почна изградбата на  другите седум згради со 32 стана. Моментално на градилиштето,  покрај работниците од ГП „Ива Инжинеринг" и идните сопственици на становите,  во завршните работи учествуваат  и 26 ученици од Интернационалното училиште од Дизелдорф", вели Лилјана Алчева, програмски директор во „Хабитат Македонија".

Во изградбата на четирите станбени згради  досега работеа осумнаесет тимови, со  над 250 волонтери од САД, Канада, Норвешка, Шведска и други Европски земји. Тие  оствариле вкупно 11.195 работни часови. Покрај нив, во изградбата, со вложени 5.195 часови, учествуваа и идните сопственици на солидарните станови.

Од Хабитат велат дека  од почетокот на јуни се очекува да  почне изградбата на вторите седум згради со 32 стана. Имињата на сопствениците на социјалните станови, што треба да бидат готови до крајот на оваа или почетокот на идната година, се познати. Преку конкурс беа избрани, кои  заедно со  над 200 волонтери од повеќе земји, ќе учествуваат во изградбата на становите. Американската непрофитабилна организација „Хабитат" во Велес, во населбата „Тунел 2", до крајот на 2012 година ,треба да изгради единаесет згради со 90 солидарни станови.

Според Алчева основната цел на „Хабитат", е елиминирање  на супстандарното домување во Република Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејства со ниски примања. Становите во Велес, кои идните сопственици, по поволни услови, ќе ги отплаќаат во наредните 20 години, се први солидарни станови што ги гради оваа Американска организација  кај нас.

Инаку, за изградбата на единаесетте станбени згради, со деведесет станови, „Хабитат" ,   ја обезбеди комплетната финансиска конструкција во висина од 2,7 милиони долари. Таа ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни.

Земјиштето, на кое се градат становите, „ Хабитат" го доби,  преку јавен тендер, на долгогодишно користење од Министерството за транспорт и врски.

Во Американската невладина организација велат дека оваа инвестиција од 2,7 милиони долари, по вредност е мала, меѓутоа е многу  голема бидејќи е од невладина организација и поради тоа што покрив на главата обезбедува на 90-семејства со ниски лични примања.
http://www.lisica.m
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 24-Feb-2011 at 19:32

Се гради социјална зграда во Берово

Во насока на овозможување на социјалните семејства за обезбедување на свои семејни домови, Владата на Република Македонија преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ,

започна со изградба на колективни станбени згради во повеќе градови во Македонија кои ќе се продаваат по многу ниски цени, со што оние семејства кои имаат ниски месечни примања ќе можат да си овозможат купување на свое живеалиште.

http://berovo.gov.mk/images/stories/zgrada/18022011328.jpghttp://berovo.gov.mk/images/stories/zgrada/18022011329.jpg
http://berovo.gov.mk/images/stories/zgrada/1298452893495.jpg

Во тој контекст во Берово започна изградба на колективна станбена зграда која се наоѓа на ул.„Моша Пијаде бб, на парцела која зафаќа површина од 1030 м2, која се предвидува да биде изградена за околу 15 месеци или некаде до мај 2012 година.

Зградата урбанистички е проектирана како објект со различна катност т.е две ламели со приземје и 3 ката и една ламела со приземје и 4 ката, како и подрумски простор во кој ќе бидат сместени подрумските боксови за сите станари.

Покрај тоа во приземјето на зградата се предвидени и просторија за домар, како и простор со трокадеро со чистачка.

Во зградата се предвидени околу 50 станови, еднособни и двособни со површина од 35 до 48 м2 за стан.

Изведувач на објектот е Друштвото за проектирање, градежно занаетчиски работи, трговија и услуги ДЕЛТА ИНВЕСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

http://berovo.gov.mk


Edited by Makedonij - 24-Feb-2011 at 19:33
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 07-Feb-2011 at 07:30
Во Кавадарци ќе се градат куќи за социјалните семејства

Кавадарци, 6 јануари 2011 (МИА) - Во Кавадарци ќе се градат социјални куќички кои треба трајно да го решат проблемот со социјалните семејства во градот, информира денеска на прес-конференција градоначалникот Александар Панов.

Според него, во дивата ромска населба која се наоѓа веднаш под Шумарското училиште во Кавадарци од ден на ден се зголемува бројот на дивоградбите.

- Ова е една од моите обврски, зашто тоа не е само обична дива населба туку населба во која најчесто се дојденци во Кавадарци, а не староседелци. Го почитувам правото на сите граѓани да имаат слобода на движење и да живеат таму каде што сакаат, но на урбанизиран простор, кој е во нивна сопственост, рече Панов.

Тој смета дека решение за овој проблем е дислоцирање на населбата и упати апел граѓаните да престанат со дивото градење на објекти овде.

- Се надевам дека со помош од државата проектот ќе го реализираме во наредниот период. Една од најадекватните локации за таква населба е токму просторот каде сега има неколку ромски семејства кои изградиле објекти на диво, додаде Панов.

Кавадаречкиот градоначалник потенцира дека на ваквите куќички ќе имаат право социјалните случаи од градот, но и сегашните жители на ромската населба кои ќе ги исполнуваат условите за живеење во нив. бн/сс/16:04

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=80929453&lId=1&pmId=501
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Feb-2011 at 13:10

Ќе се урбанизира Тенеки Мале

Во едно од најпознатите маала во Кавадарци, наместо шупите од тенекија и куќарки од картони, се планира населба со нови куќички за социјално загрозени семејства

Тенеки Мале, едно од најпознатите маала во Кавадарци населено со Роми, ќе се урбанизира. Оваа информацијата ни ја потврди и градоначалникот Александар Панов, кој вели дека на тоа место, според урбанистичкиот план, се предвидени други содржини.

- Таму треба да никнат индивидуални и колективни станбени објекти, како и детска градинка. Местото е одлично за педесетина куќички за луѓе од социјална категорија. Некои од оние што сега живеат таму во вонстандардни градби со неврзани тули , без столбови, во дрвени или картонски шупи, би можеле да бидат станари во идните куќички, под услов да се жители на Кавадарци - ни рече Панов.

За изградбата ќе се користат пари од општината, но градоначалникот верува дека ќе помогнат и Владата и невладиниот сектор. Додека се урбанизира населбата, нејзините жители привремено би се сместиле во подобри услови во монтажни објекти, кои општината би ги изградила на друга локација. Во оптек биле неколку локации што се разгледуваат.

Ја посетивме оваа ромска населба за да видиме какви се реакциите на нејзините жители. Снегот што беше наврнал не успеал да ги покрие проблемите со кои се соочуваат овие луѓе.

- Се надеваме дека преместувањето за нас ќе значи ново раѓање. Улици без кал, куќи наместо шупи од најлон, тенекија и картони. Сакаме топли домови, вода за пиење и канализација. Сакаме децата да ни бидат здрави, сити, облечени. Да учат и да изучат. Да не мора да живееме на свеќа - велат жителите на Тенеки Мале.

Во населбата има триесетина куќарки. Ги залепиле една за друга, како да сакале да ги заштитат од ветрот што лесно може да ги однесе. Околу 300 луѓе живеат овде, секој со својата животна приказна. Семејствата се главно многудетни. Во една од шупите низ прозорецот ѕиркаа осум љубопитни детски лица. Некои од нив се срамеа од нашиот фотоапарат, па се криеја. Чудно правило како да владее во маалото. Мажите имаат право да разговараат со дојденците ако сакаат, жените главно се кријат, плашејќи се што ќе речат домаќините ако зборувале со непознати.

За цело време додека бевме гости таму, маалото ечеше од музика. Тамошните жители ни кажаа дека сакаат да се веселат и тогаш кога срцето им плаче.

- Средата овде е петок. Овде времето застанало. Со нашата преселба очекуваме времето повторно да почне да тече - ни рече 51-годишниот Илми Алиев, кој веќе три децении е жител на Тенеки Мале.

Доколку му се подобрат условите за живот, се надева дека ќе му се врати и сопругата, која неодамна го напуштила поради бедотијата, оставајќи го сам да се грижи за трите деца. Не е единствен од кого жена кренала раце од „пеколот“, како што велат.

Исреф Вејселов има 38 години, а ни се причини дека е многу постар. Мачниот живот го остарел предвреме.

- Младоста и силата ќе ни се вратат ако се најде работа за нас. Н` има толку многу овде, а никој нема постојана работа. Сакаме да веруваме дека среќата најпосле ќе дојде во Тенеки Мале - се надева Вејселов.

И 12-годишниот Фикри Алиев не знае што значи зборот дислокација, како и најголемиот број жители таму. Но, некој му кажал дека, ако се преселат, можно е да дојдат подобри денови. Не губи надеж.

- Сакам да учам наместо да просам. Сакам да се лизгам на снегот и да се мавам со снежни топки наместо да просам. И јас сакам убава облека - вели тој.

Сонот на сите во Тенеки Мале е да се будат во некоја од куќичките што планира да ги гради општината.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=599E731B53BA0943AC78251CCBDCD3F4
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 20-Oct-2010 at 13:45
Gi izbrisav starite sliki, eve gi novite(po kvalitetni)od socialnata zgrada vo kicevo!






Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 13-Aug-2010 at 18:49

Започнаа геомеханичките испитувања на почвата за К1-колективната станбена зграда за социјално ранливи групи


Во согласност со програмата на Владата на РМ за изградба на станови за млади брачни парови, социјално необезбедени и други категории на граѓани за 2010 година, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, на 19 Јули 2010 година ги започна подготвителните активности за изградба на една колективна станбена зграда во Пробиштип.
Од страна на ГЕИНГ од Скопје беа изведени 3 дупнатини со длабочина од 10 метри во почвата со цел да се извршат геомеханичките истражувања за носивоста на почвата и другите карактеристики кои се од голема важност за фундирањето на зградата и за изработка на потребната техничка документација. Станува збор за станбениот блок К1 во Урбанистичката единка 27, на ул.“Христијан Тодоровски Карпош“. Според досегашните активности, општина Пробиштип прибави информации за положбата на сите подземни и надземни инсталации како и податоци од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Штип. Работите поврзани со изградбата на оваа зграда се одвиваат под раководство на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ПЕ Штип.Според Деталниот урбанистички план за УЕ 27, на дел од КП.бр.1005/1 предвиден е панел од 2 згради со височина од нивото на заштитниот тротоар до венецот од П+4+Пк. паркирањето на возилата за зградата е решено делумно во рамките на парцелата а делумно на јавното паркиралиште. Пристапот е од ул.“Х.Т. Карпош“, од паркиралиштето за јавна употреба. Изградбата на зградата треба да започне во 2011 година.

http://www.probistip.gov.mk



Edited by Makedonij - 13-Aug-2010 at 18:49
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 22-Jul-2010 at 22:16
Па има неколку начини. Едниот е да нема воопшто одкупување, туку на користење се додека во важност е статусот на социјален случај. Станарското право да се губи одреден период (година) после губење на статусот, односно вработување, стекнување пензија или друг извор на средства. Период е разбирливо поради период на ситуирање. Или па одкупувањето да иде на долги децениски периоди при тоа што додека не е комплетна сопственоста неможе да се има купо-продажни дејствија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 22-Jul-2010 at 20:09


Eeek2

Особено сум изненаден од ова:
Во Министерството вчера изјавија дека критериумите за распределба на ста­но­ви се донесени со одлука на Влада, и не е забрането лицата кои добиле станови по­на­та­му да ги препродаваат.

Која е побогу поентата на социјалните станови? Да се помогне за да се реши станбеното прашање на оние кои не можат да си го решат сами под пазарни услови, или на некои да им се овозможат профитабилни зделки со недвижности?!? Па уште се повикуваат на уставот, правото на сопственост било загарантирано  Bash
Смешно! Кога ќе си купат стан по пазарни услови, тогаш ќе им биде загарантирано, а кога го добиваат со субвенции, мора да има услови!!! Мора да се регулира оние кои ќе добијат социјален стан да не можат да го продаваат ниту изнајмуваат еден солидно долг период.





Edited by Cloverstack - 22-Jul-2010 at 20:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 22-Jul-2010 at 20:01

СКАН­ДА­ЛОЗ­НО ПРОФИТЕРСТВО - УШТЕ НЕПЛАТЕНИ, ПОСКАПО СЕ ПРЕП­РО­ДА­ВА­АТ ДРЖАВНО СУБВЕНЦИОНИРАНИТЕ СТАНОВИ ЗА МЛА­ДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ

28.000 евра ќар од социјален стан

Дел од брачните двојки кои ги добија становите по повластена цена од др­жа­ва­та за 750 евра по квадратен метар, сега ги продаваат за 1.200 евра

Ста­но­ви­те за млади брачни парови и за самохрани родители почнаа да се преп­ро­да­ва­ат. Не помина ниту еден месец откако Владата ги распредели ста­но­ви­те во скопската населба Ново Лисиче, а на пазарот на недвижности тие се­га се нудат за многу повисоки цени.
Дел од брачните двојки кои ги добија становите по повластена цена од др­жа­ва­та за 750 евра по квадратен метар, сега ги продаваат за 1.200 евра.
Ше­ма­та е веќе добро разработена. Со препродажбата на еден стан, во за­вис­ност од квадратурата, се заработуваат околу 28.000 евра.
На огласот, на кој се јави "Вест", ни беше кажано дека станот е 72 квад­рат­ни метра и чини 88.000 евра.
"Јас во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор мо­рам да платам 60.000 евра до 15 август зашто, во спротивно, ќе го изгубам. Вие, ако сте заинтересирани, ќе мора да направиме договор на нотар и од­нап­ред да ми го платите станот. За два-три дена јас ќе ги добијам документите и ќе го префрлам на ваше име", ни рече лицето по телефон.
Ми­нис­терс­тво­то за транспорт и врски во јуни годинава подели 41 стан во Скоп­је. Интересот беше огромен, зашто за еден стан аплицираа по шест брач­ни парови или вкупно 244 апликанти.
При распределбата на становите предност имаа оние брачни парови кои имаа по­ве­ќе пари. 44 бода се добиваше ако кандидатот е подготвен да го плати ста­нот во готово, а останатите 56 бода се добиваа од бројот на децата и годините во брак. Во просек, становите чинеа околу 45.000 евра.
При аплицирањето Министерството за транспорт и врски не бараше бан­кар­ска гаранција за парите кои кандидатите тврдат дека ги имаат.
Во Министерството вчера изјавија дека критериумите за распределба на ста­но­ви се донесени со одлука на Влада, и не е забрането лицата кои добиле станови по­на­та­му да ги препродаваат.
"Сог­лас­но Уставот на Република Македонија, сопственоста е загарантирана. А лицата што веќе склучиле договор, нема да можат да аплицираат по вторпат за купување стан", објаснуваат од Министерството.
Ко­га беше најавена изградбата на зградите со станови за млади брачни двој­ки, и министерот Јанакиески и премиерот Груевски во неколку наврати из­ја­ву­ваа дека целта на Владата е да им помогне да го решат станбеното пра­ша­ње на младите брачни двојки кои не можат да дојдат до стан по пазарна цена, но и да влијаат врз намалување на цените на становите.
Вла­да­та веќе распиша уште еден конкурс за продажба на нови 56 станови во ис­та­та населба, а до крајот на 2012 година во Скопје, Охрид и во Велес ќе би­дат изградени уште три згради со 139 станови, наменети за продажба за млади брач­ни двојки и самохрани родители.
Др­жа­ва­та подолго време не градеше станови за млади брачни двојки. Првите вак­ви субвенционирани од државата станови се изградија во времето на Вла­да­та на Љубчо Георгиевски.

Р.Фотиновска

http://vest.com.mk/?ItemID=6BDE5FADE5B0D848808C1BB21F65E4D9
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 19-Jul-2010 at 18:35

Во Пробиштип ќе се градат две згради со вкупно 96 социјални стана


Премиерот со скоро цела Влада на средба со граѓаните во Пробиштип

Во своето обраќање премиерот Груевски на пробиштипјани им најави изградба на две згради со вкупно 96 социјални станови, од кои едната ќе почне со градба во октомври 2010 година, а другата во 2011 година и во соработка со општина Пробиштип изградба на општински патишта. На трибината заедно со Премиерот и министрите во Владата на РМ беа и градоначалникот Тони Тоневски и Ранко Давитков, претседателот на Совет на општина Пробиштип.

http://www.probistip.gov.mk


Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:36
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 19-Jul-2010 at 09:47


Немај гајле ММ, ќе има и друг пат Cheers
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 19-Jul-2010 at 09:20
lugje, nema sliki od socialnata zgrada vo kicevo(barem od mene ne) posto mobilniot telefon mi go ukradoa.WallbashWallbashama sakam samo da kazam deka e nekvalitetno raboteno, i fasadata brso kje i padne!
inaku imav mnogu sliki od kale, krusino, verski objekti kako crkvite megju ohrid i kicevo, 1 golema dzamija, ohridskiot aerodrom, stanbeni zgradi sto bea vo gradba(vo 8 ti kat ), kafulinja, panorami i mnogu drugiWallbashWallbashUnhappy
imav recisi 120 fotki samo za forumov (eden od tie kje bese dokumentarot za krusino)
ako ve razocarav togas sorry Wink
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-Jun-2010 at 15:58
ЌЕ СЕ УРИВААТ БАРАКИТЕ
Бутел ќе добие нова зграда На локацијата каде што се наоѓа седиштето на Општина Бутел, ќе се градат социјални станови, па вработените во општината ќе мораат до ноември да ги напуштат просториите, рече градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, на вчерашната седница на Советот на Општината. Општинската зграда ќе се гради со средства од буџетот на Општината, за која е планирано да се издвојат дваесет милиони денари, а 800.000 денари ќе чини изработката на проектот. Исто така, со финансиска поддршка и во соработка со Министерството за култура ќе се одвојат седум милиони денари за изградба на споменик на писателот Никола Јонков Вапцаров, кој ќе се наоѓа во паркот „Живко Брајковски“. На сметка на ова ќе се скратат парите за дел од претходно предвидените проекти, главно од комуналната сфера. Така, место два милиона денари за изградба на фекална канализација во селото Љубанци, со измените на општинскиот буџет се предвидуваат 500.000 денари. Намален е износот и за истата намена во село Радишани. Од предвидените еден милион денари за изградба на водоводна мрежа во село Љуботен, со намалувањето на буџетот се предвидени 500.000 денари. Проектот, во кој е предвидена рехабилитација и реконструкција на локалната мрежа, ќе се реализира на три локални патни правци, од кои се завршени патните правци од село Бутел до населено место Љуботенски Пат, а ќе се реализираат патни правци село Визбегово -Шуто Оризари, и Кучевишка Бара - Чучер Сандево - Сандево.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2053&ArticleID=143351
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 24-Jun-2010 at 19:24
Од утре ќе се распределуваат социјалните станови
Напишано од Марина Узунов   
Четврток, 24 Јуни 2010 09:22
295За социјални станови конкурираат само оние кои имаат пари обвинува Ивица Младенов од невладината Хоризонт Македонија. Тој вели дека владата не е рамноправна кон социјалните случаи кога распишува конкурс за распределба на социјални станови.
Од ресорното министерство ги отфрлаат обвинувањата.„ Обвинувањата се за 2004, а тогаш министер не беше Миле Јанакиевски“ изјави портпаролот Драган Симоновски.
Распределбата на становите и годинава ќе биде јавно и по електронски пат.

http://www.kanal77.com.mk


Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:34
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 05-Jun-2010 at 09:04
Пуштена во употреба зградата со социјални станови PDF Печати Е-пошта
Петок, 16 Април 2010 16:23

pustanje_socijalnata_zgradaВо Кавадарци денеска е пуштена во употреба првата зграда за лица приматели на социјална помош со што вкупно 30 семејства од овој град го решија своето станбено прашање. Станбениот објект е со површина од 1.230 метри квадратни и брои вкупно 30 станови, а вредноста на објектот изнесува 54 милиони денари односно околу 900 илјади евра средства обезбедени од буџетот на државата, рече премиерот Никола Груевски денеска на пуштањето во употреба на овој станбен објект.zgrada_socijalni_stanovi1

Изградба на оваа зграда  е дел од големиот проект на Владата за изградба на 2.500 социјални станови, за млади брачни парови, за лица излезени од домовите за деца без родители, како и станови за комерцијална продажба под поволни услови.

“Со тоа Владата продолжува со политиките и проектите за решавање на станбеното прашање на своите граѓани особено на оние категории кои имаат потешкотии во однос на решавањето на ова прашање. Доказ за тоа се досега изградените згради со социјални станови во Скопје, Македонска Каменица и Кочани како и станбените објекти во Охрид, Крива Паланка, Кичево и Битола кои се очекува следните месеци да бидат пуштени во употреба, рече Груевски.

Тој подвлече дека во Кавадарци веќе е пуштен еден станбен објект со станови за комерцијална продажба со поповолни услови и најави дека во иднина во рамките на овој комплекс е планирано да почне со изградба на уште една зграда со станови за комерцијална употреба.   АНГЕЛ ДАНОВ

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 28-May-2010 at 18:05
Zdravo dechki dali e vozmozno da se najde proektot za zgradite vo novo lisice koi se nameneti za maldi bracni parovi?


Pozdrav


Edited by davce99 - 28-May-2010 at 18:06
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 26-May-2010 at 16:21
Во Струмица ќе се гради уште една зграда со социјални станови http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerijaPS13.jpgСтрумица –  Во Струмица годинава ќе почне изградбата на уште една станбена зграда наменета за млади брачни парови, самохрани мајки и граѓани кои добиваат социјална помош од државата.

Реализацијата на овој проект на Министерството за транспорт и врски ќе почне веднаш по добивањето одобрение за градба од Секторот за урбанизам при општина Струмица.


Од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор велат дека идните станари ќе можат да конкурираат откако зградата ќе биде вселива, а изборот ќе биде направен по електронски пат за да се избегнат човечкиот фактор и сомнежот за нерегуларно доделување на становите.
Со оваа втора по ред станбена зграда за социјални случаи во Струмица, државата ќе им помогне на уште 40 загрозени семејства најбезболно да го решат станбеното прашање.(МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2127&Itemid=125
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.